![]() |
![]() |
![]() |
Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2425262728 90> |
Author | |||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||
Држи и тоа, но полека мислам дека ќе се менува менталитетот. Во следните 2 години ќе пристигнат и останатите автобуси, во меѓувреме треба автобускиот превоз да се направи ТИП-ТОП, за од 2013 да почне да се работи на други решенија (трамвај, лрт итн.)
|
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
![]() Точно krale, детето не може веднаш да се запишува во средно, но од една страна возејќи и стекнувајќи искуство во возење на двокатен градски автобус, а од друга страна продавајќи билети истовремено, возачот повеќе е во градинка, односно забавиште, наместо во основно училиште, за да подоцна се запише во средно училиште. Се согласувам, најкрупниот проблем се реши, поситните остануваат за решавање, но ЈСП Скопје воопшто не го решија сами најкрупниот проблем, владата на Република Македонија им го реши најкрупниот проблем, а ЈСП Скопје можеа во меѓувреме сами да си ги решат поситните проблеми, всушност, тоа можеа да го направат уште многу поодамна со старите канти, а не да чекаат нови автобуси за да дури подоцна да почнат да ги решаваат поситните проблеми. Поситните проблеми, токму бидејќи се поситни, побрзо и полесно се решаваат, а ЈСП Скопје можеа да ги решат своите поситни проблеми многу порано, многу побрзо и многу полесно, наместо да чекаат нови автобуси да им стигнат за да се најдат вака во небрано. Edited by Dexter26 - 12-Sep-2011 at 23:14 |
|||
![]() |
|||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||
Dexter а можно ли е детето одма да се запише во средно?
Значи мора работите да се воведуваат постепено. Шоферите одвај знаат да ги возат двокатните, па уште да се направи се пропратно е невозможно во толку краток период. Очекувам набрзо да се среди и тоа со станиците, и тоа со електронската наплата (па шоферот нема да замара) а можеби и други новитети од типот ГПС итн. Значи добро е што најкрупниот проблем се реши - сега остануваат поситните. |
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
Дали ЈСП Скопје дознале за муабетиве кои ги правиме по форумов, или од чиста случајност, денес кога се возев во двокатна 50-ка, немаше лице задолжено за продажба на билети и за осигурување на горниот кат во автобусот.
Па затоа, најкомотно, возачот го кркаше стапот, ем мора да вози, ем мора да гледа позади додека зема пари од патникот и му го дава билетот или билетите, и многу често и кусурот. ![]() ![]() ![]() Ова на последнава слика е некаков автомат кој изгледа води евиденција за тоа кој возач го возел возилото во кој временски период, бидејќи на дигиталниот дисплеј на автоматот пишуваше нешто како "...without driving card", најверојатно пишуваше "No driving without driving card", но кој знае, можеби планираат да го користат за издавање фискални сметки за билетите кои ги продаваат во возилото, а и да не можат да го искористат автоматот за тоа, кој знае, можеби ќе им текне да вградат таков автомат дополнително во секое возило, срам невиден. И понатаму на внатрешните електронски дисплеи, наместо која е наредната станица на која возилото ќе застане, пишува "Среќен роденден татковино!". По кој знае кој пат, ЈСП Скопје на дело ни покажува и докажува дека знае да го менува влакното, но истовремено да си го задржи кристално истиот карактер несменет. Имаше уште барем една двокатна 50-ка бидејќи ја видов како поминува од спротива додека се возев со оваа двокатна 50-ка. Исто така видов и двокатна 57-ца, 63-ка, 65-ка, 2-ка, 3-ка и не сум 100% сигурен, но мислам дека видов и двокатна 23Б. Edited by Dexter26 - 12-Sep-2011 at 16:25 |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Влатко,
многу интересни податоци изнесе во јавност. Се надевам дека поподробно ќе не запознаеш со ваквите информации, особено во поглед на вработувањето на нови лица и зголемeната потрошувачка на гориво. Би те замолил само за сериозност, т.е. се надевам дека објавуваш вистинити информации. Веќе беше дискутирано дека автобусите на ЛАЗ официјално трошат 24 литри на 100 километри, но без застанувања. Форумашите од Украина објавија дека реалната потрошувачка на овие автобуси изнесува 36 до 38 литри на 100 километри, што е лоша цифра но сепак не е над 50 литри. За двокатните автобуси немаме никакви информации сеуште во однос на потрошувачката. Edited by BOJAN - 12-Sep-2011 at 13:59 |
|||
![]() |
|||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||
Влатко,
посебно мислам дека е интересен податокот за потрошувачката. Ако 30 години стар автобус троши дупло помалце гориво од нов двокатен, тоа мора да било чудо на техниката во тоа време. Податоциве ти се од тежок ракав истресени, дури и логика си запоставил. Другите податоци ти се исто безврска, само ќе одговорам на тоа како тоа зглобните прават гужва. Дадов веќе еден пример, ќе дадам уште еден. На автобуската станица кајшто застанува зглобен, а зад/пред него уште 1-2 други автобуси, постои сериозно закрчување на претходната раскрцница. Ова се јавува кај Мавровка, Рекорд, понекогаш дури и кај Буњаковец. Должината на зглобниот прави закрчување на раскрсница, тешко менува ленти и тешко се движи низ густиот сообраќај. Затоа помалите двокатни многу побрзо и ефикасно ќе се движат низ Скопскиот метеж. |
|||
![]() |
|||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
||
Влатко истражи прво пред нешто да постираш, вака направи само саботажа на твојот пост и му ја намали важност. Прво баш Берлин е град каде што има многу двокатни автобуси, пролистај нанзад мислам дека имам постирано податоци колку од возниот парк им се двокатни. Второ веќе понапред детално е дискутирано и заклучено дека каква и да била споредба со европските метрополи не е возможна бидејќи нивните системи за јавен транспорт содржат многу други средства освен автобуси, чии линии се во основа носечки а автобуски линии се потчинети и или во услуга на другите средства или се во употреба да покријат неповрзани реаони.
|
|||
![]() |
|||
vlatko.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
![]() ![]() |
||
Да не си застапник за Youtong во Македонија? ![]() Најмногу ме интересира со што ќе ја поткрепиш тезата дека зглобните правеле гужва? Естетиката е работа на вкус - ретро дизајнот мене лично воопшто не ме привлекува. Втора работа каква продобивка за обичниот граѓанин е тоа што е подобрен квалитетот, ако 2 дена по ред на автобуската станица неможе да се качи во преполниот двокатен автобус и е приморан да чека и по 30-40 мин да пристигне следниот?! Ајде сега околу економската исплатливост: Потрошувачка на гориво: Стари автобуси 30-35л/100км ЛАЗ до 50л/100км Јутонг над 50л/100км (извор за информацијава е вработен во ЈСП кој е добро запознаен со состојбите, на лагата и се кратки нозете , па во скоро време се надевам дека ова ќе го пренесат медиумите) Вработени: Јавното претпријатие кое и онака редовно продуцира загуби ќе мора да вработува нови минимум 150 вработени (за 67-те двокатни) задолжени за продажба на билети. Цена: Лаз 125 илјади евра Јутонг 177 илјади евра (Ние не сме во западна европа или скандинавија - па 52 000 евра во македонија се сума за респект - или во превод би имале наместо 200 двокатни - 283 единечни автобуси, ако овде се додададат и останатите 80 ЛАЗ авотбуси стиугнуваме до бројката 363 автобуси со што речиси целосно би се заменил возниот парк) И конечно ЗОШТО во Австрија , Германија, Франција ... или речиси сите европски држави со исклучок на Британија се возат еднокатни нископодни авотбуси? Дали европејците со неколкукратно подлабок џеб од нас се можеби глупави и несакаат поквалитетен превоз - или можеби увиделе кој тип на автобуси е пофункционален и подобар избор. Виена ![]() Берлин ![]() Париз ![]() Edited by vlatko.mk - 12-Sep-2011 at 12:38 |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Абе друже, за вработување на уште едно лице во двокатните автобуси едвај чекаа да се направи такво нешто, јас не сум се возел со двокатен до сега и не знаев за ова, но ова делува запрепастувачки ако е вистина. Долговите на ЈСП треба да се намалуваат, а не да растат. |
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
Помисливме дека кај новите двокатни градски автобуси во ретро стил, бидејќи возачот е во целост изолиран од патниците, ќе се стави крај на праксата на купување на билет во возило, но наместо тоа, работите тргнаа кон полошо - вработување на уште едно лице за секој автобус, чија што единствена одговорност е да продава билети и да внимава на горниот кат на автобусот да нема повеќе патници од дозволениот број, а истовремено никој од патниците на горниот кат да не стои.
Ова само ги зголемува трошоците за ЈСП Скопје, лицето кое ги осигурува горниот кат и ги продава билетите во автобусот треба да земе плата, истовремено тоа лице не може целото патување да го помине на нозе стоејќи, мора да седи, што го намалува капацитетот на патници во автобусот, и за крај, има две скалила кон горниот кат, а лицето кое ги продава билетите и го осигурува горниот кат ќе мора како на деца постојано да им објаснува на патниците зошто не смеат на горниот кат на автобусот додека капацитетот на горниот кат е исполнет. Ниту едно од скалилата нема електронска рампа која би се заклучувала автоматски откако капацитетот на горниот кат на автобусот би бил исполнет до последно седиште, или возачот би можел да ја заклучи електронски, на крајот на краиштата, внатрешноста на целиот автобус е опремена со камери и возачот постојано има визуелен пристап кон внатрешноста на целиот автобус. Но ништо од ова не функционира согласно со денешните европски и светски стандарди. За поништување на билетите предвиден е само еден автомат, барем по тоа што го видов кога двокатните градски автобуси беа пуштени во употреба на 6 септември 2011, иако без никакви проблеми може да бидат поставени по два автомати, односно по еден автомат на секој влез, во случајот со двокатните градски автобуси од кинески Јутонг, кај кои има по два влеза, изводливо е да се постават два автомати за поништување на билетите, а во случајот со единечните нископодни градски автобуси од украински ЛАЗ, кај кои има по три влеза, изводливо е да се постават три автомати за поништување на билетите. Не знам какви се плановите на ЈСП Скопје за во иднина околу продажбата и поништувањето на билетите, помнам дека неодамна конечно одбраа некоја словачка фирма ЕМ Тест која треба да ги опреми со автомати за продажба на електронски билети, како и со автомати за поништување на електронски билети, но не знам ни дали потпишале договор со ЕМ Тест, ни кога треба да почнат да ги опремуваат возилата и станиците со новите автомати. Можеби ЕМ Тест планираат да постават по еден автомат за поништување на билети на секој влез во автобусите, но според тоа што го видов на 6 септември 2011 кога двокатните градски автобуси беа пуштени во употреба, повеќе од очигледно е дека ЈСП Скопје не планираат да ги прифатат, имплементираат и применат современите европски и светски стандарди за продажба и поништување на билети. Edited by Dexter26 - 11-Sep-2011 at 17:17 |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Крале, за воведувањето на жолта линија за јавниот превоз апсолутно се сложувам, иако до сега се пробуваше таа опција и е доста неуспешна во Скопје. Треба сериозно да се разработи овој проект, на форумов веќе го имаме дискутирано.
Дон Стефан, добре дојде на форумов. Се сложувам со тебе дека купување билет во автобус е многу го успорува превозот во Скопје, а најмногу страдаат возачите на автобусите кои треба да бидат и продавачи на билети. Електронската наплата цврсто ја поддржувам. |
|||
![]() |
|||
donStefan ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 02-May-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
Полната функционалност на автобусите ќе сe види по воведување на електронска наплата.
Ќе се зголеми проточноста на патници, ќе се намали задржувањето на автобусите на станици, со тоа и потрошувачката на гориво, помалку метеж и најважно - задоволството ќе се максимизира. Несфатлива ми е досегашната пракса, купување билет во автобус!?! (патници кои влегуваат во бус без ситно, а стојат 10мин на станица на која има и трафика). Да се разбудат во ЈСП и што побргу да се воведе електронската наплата. |
|||
![]() |
|||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||
Загубите се друга работа. А околу зглобните автобуси, мислам дека тие се најлошо решение, и треба да се користат ИСКЛУЧИВО на многу фреквентните линии. Буквално пола од гужвата ја прават тие. Инаку јасно е дека двокатните сами по себе нема да го решат сообраќајниот проблем во Скопје. Втор чекор треба да биде ФИЗИЧКО ОДВОЈУВАЊЕ на жолтата лента. Тоа ќе биде дополнение кое ќе го забрза, па дури и ќе го направи атрактивен јавниот превоз. Така, ако еден даблкдекер сообраќа во текот на денот 20 пати на релацијата прва-последна, со физичко одвојување ќе може да сообраќа 30 пати. Со тоа, за 50% го зголемуваш капацитетот на сообраќање. Второ, што не смее да се заборави е дека КВАЛИТЕТОТ на превозот е ДРАСТИЧНО зголемен наспроти зглобните автобуси. Во нив, 80% од патниците стојат, а 20% седат. Во двокатните тоа е обратно, а имаат сличен капацитет како едно-спратните. Тоа е голема придобивка. Трето, естетиката на единечен и двоспратен, ама со ништо не е споредлива. Едноставно двокатните се ИКОНА на градот - фантастично решение во секој поглед. Изненаден сум колку генијално испадна, иако бев скептик. |
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
Сето тоа е точно krale, двојните градски автобуси предизвикуваат сообраќаен метеж, двокатните градски автобуси ќе помогнат во растеретувањето на метежот, но едноставно нивниот капацитет не е задоволителен како што е капацитетот на двојните градски автобуси. Или Скопјево треба да почнеме да го празниме и да воспоставиме фиксна цифра на жители, како на пример 350000 за колку што го проектирал Кензо Танге, или ајде со сила 600000 жители, од кои 500000 да бидат жители на Скопје, а останатите 100000 да бидат студенти, средношколци, привремени работници, сите 100000 да потекнуваат надвор од Скопје и да не живеат во Скопје откако ќе си ги завршат своите обврски во градот, во такви околности, ќе ни бидат доволни двокатните градски автобуси. Но во вакви околности, со над 800000 жители и плус над 200000 кои секојдневно поминуваат низ градот, не само од цела Македонија, туку и од странство, двокатните градски автобуси нема да ги задоволат потребите на Скопје, повеќе од потребни ни се и двојните стари канти, особено сега, кога поради нередовни плаќања кон украински ЛАЗ, актуелната влада на Република Македонија ги откажа единствените 4 нови двојни нископодни градски автобуси кои ги имаше нарачано. Дури и обиколницата која неодамна беше пуштена во употреба, ја користат исклучиво тие кои доаѓаат од странство, а домашниве ја игнорираат и возат низ градот без потреба и придонесуваат за зголемување на метежот, иако многу полесна и побрза алтернатива им е да поминат низ обиколницата. Edited by Dexter26 - 11-Sep-2011 at 13:10 |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Јас сметам дека сепак е подобро во сообраќајот да има 1 еден зглобен автобус отколку два автобуси кои прават дупла гужва во патниот сообраќај. Дека се модерни и дека не загадуваат тоа е точно, но колкави ќе бидат трошоците во однос на број на ангажирани возачи, гориво и др. тоа допрва ќе бидиме. Јас сум скептик дека загубите на ЈСП - Скопје и понатаму ќе растат на годишно ниво. |
|||
![]() |
|||
Macedonicus ![]() Senior Member ![]() ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
![]() ![]() |
||
не знаете да се радувате за ништо
![]() |
|||
![]() |
|||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||
Двокатни на 5, наместо дупли на 10. Еве земи пример кај Мавровка автобуската, често се закрчува кога ќе се паркира дупли, па уште 1-2 автобуси пред/зад него, до толку што веќе не може да се врти во десно од Бит Пазар накај Мост. Со двокатниот сообраќајот зад автобуската ќе си тече нормално. А вакви тесни грла кои се закрчуваат со дуплите има БЕЗБРОЈ во Скопје. Да не зборувам дека кога дупли се престројува од една во трета лента, тоа е барем едно дополнително чекање на семафор за 10-20 коли. Со тоа, се зголемува загадувањето, се намалува проточноста, а да не зборам за нивото на тензија во градот. |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
А да ја погледнеме и другата страна на медаљот, подобро е да сообраќаат на 5-10 минути зглобни автобуси или двокатни на секои 2-5 минути во сообраќајниот шпиц. Што повеќе ќе прави гужва според вас? |
|||
![]() |
|||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
||
Ова однапред се знаеше односно претпоставуваше, имено дури своевремено и и водителите од Top Gear бараа конечно да ги вратата двокатните во лондон и да се ослободат од зглобните, точно ради колку зглобните го заглавуваат сообраќајот. Е сега дали оваа карактеристика е побитна од капацитетот на превезени патници по час во еден сообраќајен систем каде што нема друга алтернатива на јавен транспорт освен автобуси е друга приказна. Естетика секогаш може да се инкорпорира и во многу поефикасни решенија. Edited by mirakuliks - 11-Sep-2011 at 11:04 |
|||
![]() |
|||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||
Нема да се навредам. Ја разбирам современата опседнатост со ефикасност, но тоа е убиствено за душата на човештвото. Не се работи за наивност - него напротив, за длабоко обмислување на суетноста на современото животарење кое ни се нуди како рај на земјата. Дизајнот на двокатните е просто речено ПРЕКРАСЕН. Само во неколку дена што вртат низ градот - изнудија толку насмевки, погледи... неочекувана радост. Ќеф и мерак. Што се однесува до нивната функционалност, прилично добро си ја вршат и таа работа. Прават многу помало закрчување во сообраќајот од дуплите, имаат солиден капацитет и нудат удобен превоз. Се ова ги прави фантастичен избор - иако и јас лично бев скептик. |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2425262728 90> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |