![]() |
![]() |
![]() |
Верски објекти (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2728293031 63> |
Author | |
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Имаме доста цркви од Виница но мислам дека оваа ја немаме.
Црква „Св. Јоаким Осоговски“ - Јакимово |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Во Загреб ќе се гради првата црква на МПЦ на Балканот
![]() До крајот на годината во Загреб, Хрватска, ќе почне да се гради првата македонска црква на Балканот, која ќе биде центар за собирање на нашите сонародници во оваа земја, пишува Дневник. Таа нема да биде само духовен храм, туку ќе има и други придружни објекти што ќе се користат за активностите на нашите иселеници. За градбата на целиот комплекс потребни се околу еден милион евра, пари што ќе се обезбедуваат преку донации на македонските иселеници, на МПЦ, како и со помошта од хрватските државни и општински власти. Европската епархија на МПЦ досега инвестира околу 300.000 евра за купување на земјиштето во поширокото централно градско подрачје, обезбедување проект и за добивање градежна дозвола... http://republika.mk/?p=262337 Edited by jyvation - 09-Jun-2014 at 15:46 |
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
PrSv.Bogorodica Kičevo
![]() Edited by Makedonij - 09-Jun-2014 at 10:59 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Вевчани...
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Конечно го средија местово. Ова заслужува посебна тема како туристички комплекс, особено ако се прават и некои зафати кај плажата. ![]() |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Осветување на нов храм на светите Констатин и Елена Рамноапостолни во Кратовско
На 3 јуни 2014 година, денот кога Црквата го слави споменот на светите Константин и Елена Рамноапостолни, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, изврши осветување на новиот храм посветен на светите цареви во селото Вак’в – Кратовско. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. http://koe.mk/sveti-konstantin-i-elena-2014/ На линкот има фотографии убаво црквиче и уште поубава околина колку што се гледа од фотографиите. |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Ѓоко читав некаде дека ќе се посадат и многу дрва. Па да видиме на што мислеле.
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
овде фалат дрва што растат повисоко.само туите не се доволни.во лето ќе биди пекол кај куќичките
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Предворјето на Свети Наум, Охридско
![]() ohridpress.com Edited by Џоле - 03-Jun-2014 at 16:36 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Конзервација на црквата „Св. Никола“ во сeло Манастир
Објавено: 13:07, 03/06/2014 Прегледано: 27 пати. sv-nikola-manastir Со поддршка од Министерството за култура продолжува конзервацијата и санацијата на црквата „Св.Никола“ во село Манастир, Мариово, која е еден од најзначајните споменици на културата од византискиот период. - Заради адекватна заштита и презентација на овој значаен споменик на културата од 11 до 13 век, стручните екипи на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп во изминатиот период изработија опсежна студија за конзерваторско-реставраторските зафати на фрескоживописот и за архитектурата на објектот. Во рамките на заштитата интензивно се работи на конзервација на фрескоживописот, како и на конструктивна консолидација на темелите при што ќе се извршат и археолошки истражувања на црквата „Св. Никола“, соопшти денеска Министерството за култура. Црквата „Св. Никола“ во селото Манастир е подигната во 1095 година, а денешниот изглед го добила во 1266 година. Според архитектурата, претставува трикорабна базилика и е еден од најзначајните споменици на културата од византискиот период кој содржи извонредни фрески, какви што се „Св. Богородица со ангелите“ и „Св. Никола“. Ваквиот тип сликарство, како што истакнуваат од Министерството за култура, кој е многу редок, е застапен само во црквата во Курбиново и во „Света Софија“ во Охрид. Според археолозите, историјата на манастирот се дели на две етапи. Во првата е конституиран монашкиот живот, а во втората од крајот на 14 и почеток на 15 век, манастирот прераснал во развиен цивилизациски, економски, културен и духовен центар на Мариово. http://a1on.mk/wordpress/archives/339794 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Се истражуваат пештерната црква и монашката населба во Зрзе
Почнаа истражувања на локалитетот „Св. Преображение“-Зрзе за да се добијат продлабочени познавања за значењето, хронологијата и програмските решенија на фрескодекорацијата на пештерната црква и на параклисот во монашката населба. Истражувањата се вршат со поддршка од Министерството за култура и на Институтот за старословенска култура од Прилеп. Предвидени се документирање и хемиска анализа на малтерот и на сликарските бои врз фрагментите од фрескодекорацијата, по што ќе биде направена компаративна анализа со сликарството од манастирската црква „Св. Преображение“ и мирската црква „Св. Никола“. На овој начин ќе се создадат услови да се определи хронологијата на сликарството, да се утврди неговото потекло, по што ќе се направат графичка и дигитална реконструкција на дел од програмата на живописот на пештерната црква и на параклисот. - Со ваквите истражувања ќе се понудат продлабочени познавања за животот, карактерот и за другите аспекти на монашката населба и на културниот комплекс „Св. Преображение“-Зрзе, а преку хемиските анализи и конкретните идејни решенија ќе се овозможат конзервација, реставрација и презентација на овие фрагменти како следен чекор за нивна заштита - велат од Министерството за култура. Вовлечен во планинските пазуви во северниот агол на висорамнината Пелагонија се наоѓа прастариот силен планински извор над селото Зрзе. Уште од раноантичките дамнини ова место било оградено со силен одбранбен ѕид. Првите истражувања открија силен културен хоризонт од хеленистичко време, монети, теракотна статуетка. Вториот културен хоризонт веќе ѝ припаѓа на доцната антика. Врз хеленистичкиот ѕид бил подигнат уште посилен малтерен одбранбен ѕид. Во непосредна близина, околу 100 метри северно на малото плато, била подигната ранохристијанска базилика. Во средниот век ова место станува величествен црковен центар и значаен свет за монасите-пустиножители. - Токму поради сите овие комплексни вредности, археолошкиот комплекс Зрзе е третиран во рамките на владините капитални проекти, со идеја да се истражи и афирмира како една од врвните културни туристички и археолошки атракции во Македонија - велат од Управата за заштита на културното наследство http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=63141128214&id=16&setIzdanie=23190 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Поставен мермерниот иконостас во црквата „Св.Константин и Елена“
Во пресрет на утрешниот верски празник во истоимената ново изградена црква „Св.Константин и Елена “ се постави новиот иконостас со димензии 6 на 3 метри изработен од бел мермер кој е донација од верниците. Овој верски храм кој се наоѓа во У.З. Аличаир минатата година на храмовиот празник беше осветен, а оваа година во чест на утрешниот празник ќе се одржи боженствена литургија. Градоначалникот Ристески честитајќи им го именденот на славениците истакна дека наскоро се очекува во Општина Прилеп да започне изградбата на уште неколку помали црковни храмови во населбите Сточен Пазар, Жабино маало, Тризла и Марино маало. Воедно во месноста „Песјобрце“ во близина на Градската Капелата ќе се гради и црквата „Св. Тројца“ која ќе служи само за погребни обреди. ![]() ![]() ![]() ![]() http://www.prilep.gov.mk/news/mk/postaven-mermerniot-ikonostas-vo-crkvata-svkonstantin-i-elena/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Манастирот во Зрзе... Се градат конаци
![]() ![]() ![]() ![]() фотографиите се преземени од фејсбук страницата на Управа за заштита на културното наследство Edited by Џоле - 02-Jun-2014 at 07:06 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() мислам дека Декстер збори за практична големина на црквите, а не духовна или докажувачка... црквите треба да служат за собирни настани на народот и религиозни празнувања, а да запалиш свеќа и да се помолиш, можеш било каде и пак ќе ја има истата духовна тежина, а како капела може да послужи било каков објект... затоа е попрактично секоја доминантно христијанска населба да има свој централен храм соодветен на големината на населението и урбанистичките норми, изградена соодветно на потребите и барањата на тоа население (затоа што сепак се гради за нив) строго сум против тоа безвезно да се расфрлаат параклиси насекаде од тој аспект што се однесува до стилот, канониката се состои во формата и позицијата на објектот и цртањето на икони и фрески, нивна позиција, олтар и т.н... за се друго, нема правило причината поради која повеќе ги почитуваш и ги чувствуваш старите цркви и манастири е поради нивната историја и уметност... каменот и циглата немаат никаква улога во тоа а и навистина е нелогично да се зборува за традиционален стил, затоа што во Македонија постојат многу стилови низ историјата... дури и византискиот стил кој кај нас најмногу се почитува, има свои најразни варијации и тоа е видливо и на око... ако бараме традиција во македонија, таа се содржи во фреските, иконите и резбите, кои немаат допирни точки со надворешниот лик па зошто не би оставиле и ние белег во историјата со современи стилови, онака како што оставиле сите пред нас? експлоатацијата на византискиот стил (кој е крајно пластичен во новоизградените цркви) повеќе ми личи на плагијатура и кич, отколку на одржување на традиција |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Што се однесува до цркви со модерна архитектура тоа не го подржувам во целост. Затоа што македонската православна црква не е од вчера туку има корени, канони и строги правила како треба да се гради и кои форми треба да ги следат црквите. Не би сакал да се обезличи архитектурата по која се познати нашите цркви. Може да се додадат некој креативни фасадни или материајали но обликот на црквата мора да биде по веќе утврдените правила. Не би сакал да гледам православни цркви во Македонија кои личат на оние новокомпонираните цркви на разноразни новоформирани секти.
Минатата недела бев на венчавање во евангелистичка црква во Германија. Се осеќав како да сум во сала за концерт а не во некој религиозен објкт, тоа чуство не би сакал да го имам и во нашите цркви. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2728293031 63> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |