Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#561 Posted: 19-May-2009 at 23:45 |
Семафорите на „Партизанска“ ќе добијат одбројувачи

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот му подари 40 нови тајмери на Градот Скопје
Сања Наумовска
Јавното претпријатие „Улици и патишта“ почна со поставување нови
одбројувачи на семафорите на неколку раскрсници на булеварот
„Партизански одреди“. Во рамките на донацијата од Републичкиот совет за
безбедност во сообраќајот, кој на Градот му подари 40 нови светлосни
сигнали, досега се поставени 18 одбројувачи. Моментно се поставуваат
уште осум, а до крајот на акцијата уште три фреквентни раскрсници на
неколку локации во градот ќе добијат нови одбројувачи на семафорите.
„Улици
и патишта“ моментно со одбројувачи ги подновуваат раскрсниците на
„Партизански одреди“ со улицата „Московска“ и со булеварот „8
Септември“. Исто така, мерачи се поставуваат и на раскрсницата меѓу
„Партизанска“ и „Ѓорче Петров“ и меѓу „Партизански одреди“ и улицата
„Рузвелтова“.
„Одбројувачите што се поставуваат на семафорите
се од италијанско производство и со својот квалитет ќе им овозможат на
возачите непречено да го координираат движењето на раскрсниците. Со тоа
ќе се подобри и безбедноста на пешаците и проточноста на сообраќајот“,
информираат од Градот.
Бенефитот од поставувањето на
одбројувачите е голем затоа што, и според самите учесници во
сообраќајот, се намалува метежот на раскрсниците, побрзо се одвива
сообраќајот, се зголемува безбедноста на пешаците и возилата. Исто
така, се отвора можност за заштеда на гориво со исклучување на
моторите, а особено е важно намалувањето на штетната емисија на
гасовите што е најкарактеристична за големите раскрсници, особено во
централното градско подрачје, сметаат градските власти.
Оттаму
соопштуваат дека со донацијата од Републичкиот совет за безбедност во
сообраќајот со одбројувачи се обезбедени половината од раскрсниците во
градот. За оваа година во буџетот нема предвидено средства за набавка и
инсталирање нови одбројувачи, за што веројатно ќе се размислува идната
година. Според планот на градските власти, на раскрсниците со
одбројувачи ќе се работи на воспоставување ефикасен зелен бран. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B43E6D6D9C52BF4EBC7706A9988AC568
Edited by pbanks - 19-May-2009 at 23:45
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#562 Posted: 19-May-2009 at 17:16 |
Нема фолија за патоказите
ЈП "Македонија
пат" уште лани најави дека до крајот на декември 2008 година ќе ја
обнови патната сигнализација со 900 нови знаци, но и по помината
половина година, новите патокази и сообраќајни знаци никаде ги нема
Уништените
патокази и сообраќајни знаци низ цела Македонија не се заменети со
нови, иако ЈП "Македонија пат" лани најави дека до крајот на декември
2008 година ќе ја обнови оштетената патната сигнализација со 900 нови
знаци. Во "Македонија пат" не сакаат да зборуваат за проблемот.
Генералниот директор на ЈП "Македонија пат" Бранислав Матиќ веќе два
месеца одбива да даде каква било информација за обновата на
сообраќајната сигнализација. Според неговата секретарка, директорот
или е на итен состанок и не смее да го вознемирува, или не е во
канцеларијата. И по повеќе од една година, замената на
сигнализацијата не може да се направи оти Јавното претпријатие на
тендер не може да одбере фирма од која ќе купи лим и специјална
фолија, која е потребна за обложување на знаците. Роберто
Тошевски, помошник-директор на Агенцијата за државни патишта која е
надлежна за финансирање на зафатот, вели дека пред неколку недели
Јавното претпријатие имало проблеми со набавката на фолијата за
знаците. "Дали го решија проблемот, не знам. Но имам информација дека
во моментот има само производство на знаци и тие сe уште не се
поставуваат на патиштата. Првите резултати од обновата на патната
сигнализација мислам дека ќе ги видиме за околу еден месец", вели
Тошевски. Додека Јавното претпријатие само најавува дека ќе ја
обнови сигнализацијата, и странските и домашните возачи се
губат по патиштата низ државава. Не знаат кој правец да го
фатат, оти постојат клучки на кои воопшто нема означување.
На некои места од знаците се останати само металните
држачи, а некаде стојат само парчиња од табли на кои има по
две-три букви или делумна километража. На пример, на
издвојувањето за Штип на автопатот Скопје - Велес нема
никаков знак. Не е означено јасно кој правец да се фати за
Велес на автопатот Градско - Велес. Во многу лоша состојба е
и сигнализацијата на патниот правец од Ресен до Скопје, и
обратно. На некои места на оваа делница од патоказите за
Скопје е останато само "је", а некаде и воопшто го нема
знакот. На патиштата во Кичевско, пак, нема знак кој не е прекриен со
остатоци од предизборни плакати или не е исчкртан со авто спреј.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=61BC6683EA27F641A732A501B49D5928 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#563 Posted: 18-May-2009 at 22:30 |
Зголемена безбедноста во сообраќајот
Екипите
на ЈП Улици и патиштаа, во согласност со програмата на Град Скопје,
почнаа да поставуваат нови семафорски одбројувачи на уште неколку
крстосници во градот.
Во тек се активностите за поставување
одбројувачи на булеварот Партизански одреди на повеќе локации.
Одбројувачи се поставени на крстосницата со улицата Московска и со
булеварот 8 Септември. Вчера се поставуваа одбројувачи на крстосницата
меѓу булеварите Партизански одреди и Ѓорче Петров и меѓу Партизански
одреди и улицата Рузвелтова. Одбројувачите кои се поставуваат на
семафорите се од италијанско производство и со својот квалитет на
возачите ќе им овозможат непречено да го координираат движењето на
крстосниците, со што ќе се подобри безбедноста на пешаците и
проточноста на сообраќајот. Одбројувачите кои се поставуваат на
булеварот Партизански одреди се плод на добрата соработка меѓу Градот
Скопје и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, која
резултира со донација од 40 нови одбројувачи. Од оваа донација, 18
одбројувачи се веќе поставени, осум се поставуваат, а до крајот на
акцијата уште три крстосници ќе добијат нови одбројувачи на семафорите.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=6FB4998DA5BB4749AC9047D930153775 |
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#564 Posted: 18-May-2009 at 05:30 |
за најдобар квалитет постои обоен асфалт, и сите овци на број и волкот сит! www.bikeplan.com/colorq.htm само се подзачистуваат лентите одвреме навреме, дури јас би одел на варијанта со фосфоресцентна пигментација на гранулатот, па трајно би се заштедило и на осветлување, а воедно би се зголемила и самата безбедност www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=333&PID=14152#14152а не е лошо да свртиме и на стереоскопија www.kajgana.com/statija_4630.html
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#565 Posted: 18-May-2009 at 01:54 |
А дали триењето и побледувањето на бојата има врска со квалитетот на асфалтот? Или само на бојата? Ај што е некоја најефтина боја, со ваков асфалт што се прави огледало за 2 години, како да се залепи бојата, колку и да е квалитетна?
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#566 Posted: 18-May-2009 at 00:37 |
Улиците без хоризонтална сигнализација

„Улици и патишта“ работи според агенда на Градот и добива дневни налози за работа
Снежана Калабакова
Градските
сообраќајници, со ретки исклучоци во централното подрачје, се без
хоризонтална сигнализација. Скопјани се жалат дека на улиците нема
обележани пешачки премини ниту, пак, испрекинати линии по коловозите. А
доколку ги има, тие се сосема избледени и едвај се забележуваат.
Немањето хоризонтални знаци го отежнува одвивањето на сообраќајот.
Граѓаните, „ослободени“ од обврската да ја поминат улицата на обележано
место, бидејќи очигледно не постои такво, наместо на пешачки,
претрчуваат пред возилата каде што ќе стигнат. Тоа, пак, е проблем за
возачите кои, исто така, се недисциплинирани и престигнуваат каде што
сакаат и кога сакаат, оти на коловозите не гледаат ниту полна ниту
испрекината линија. Во сиот тој хаос често се случуваат сообраќајки кои
не ретко имаат и сериозни последици. Граѓаните ги обвинуваат градските
власти за тоа, бидејќи очигледно не водат доволно грижа за
сообраќајниците.
Од Одделението за информирање во Градот
тврдат дека ЈП „Улици и патишта“ почнало со реализација на градската
програма за обележување на магистралните улици. Објаснуваат дека
активностите се реализираат концентрично, почнувајќи од „Мал ринг“ и од
„Голем ринг“. Во наредните неколку дена ќе се обележуваат булеварите во
општина Аеродром, а по нив ќе почне обележувањето на потегот од езерото
Треска до Матка. Деновиве се бележеше хоризонталната сигнализација на
Бит-пазар, а ќе продолжи во насока кон булеварите во општините Чаир и
Бутел.
Од Чаир, пак, се пожалија дека во нивната општина сите
градски улици се необележани и како да немаат хоризонтална
сигнализација, бидејќи целосно е избледена.
„Неодамна наш
инспектор изготви барање до Градот во кое ги наведе сите необележани
градски улици, почнувајќи од ’Цветан Димов‘, ’Христијан Тодоровски
Карпош‘, ’Џон Кенеди‘, ’Ќемал Сејфула‘, ’Втора македонска бригада‘ и
така натаму. Недостигот од хоризонтални сообраќајни знаци создава
дополнителен сообраќаен хаос на чаирските улици, покрај
недисциплинираните возачи и пешаци“, вели Авни Калаба, портпарол во
Општина Чаир.
Иван Ставрев, заменик-директор во „Улици и
патишта“, тврди дека нема пречка да се реализира обележувањето на
улиците. Има пари, има доволно боја, а се поволни и временските услови.
„Работиме според агенда на Градот и дневно ги добиваме налозите
за извршување на работните задачи. Две екипи работеа на последната
постојка на линијата број ’5‘ во населбата Аеродром и на ’Детелинката‘
на Бит-пазар“, објасни Ставрев.
Но, и покрај ваквите најави на
одговорните во ЈП „Улици и патишта“, останува нејасно зошто е потребно
меѓу првите улици да се бележи токму онаа од езерото Треска кон Матка!
Без одговор е и прашањето дали има зацртана динамика на колкав период
се обновува хоризонталната сигнализација на сообраќајниците, како и тоа
колку чини и каква боја се користи за обележување на пешачките премини.
Никој не кажува ни дали тоа што бојата многу брзо избледува и се брише
се должи на слабиот квалитет или, пак, на нешто друго. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=75D6D6D72F7EE2478B8D05ED9F313F56
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#567 Posted: 05-May-2009 at 07:37 |
кај нас има црвен бран
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#568 Posted: 05-May-2009 at 01:43 |
 Се избрзав малку, изгледа и надевањето станува луксуз... Пребарував малце и еве што ископав! Споредете: 20.10.2008http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1529&ArticleID=100624
Секторот за сообраќај на град Скопје
деновиве ќе распише тендер за набавка на нови 30 контролори, со кои
треба да го почне проектот за формирање центар за контрола и за
управување на сообраќајот. Станува збор за замена на уредите, стари
преку 25 години, со кои се вклучуваат и исклучуваат семафорите. Ќе се
набави и постави оптички кабел за мрежно поврзување на крстосниците | 05.05.2009http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5FD0A76E1D365C448B9690CC318EC9DD
Градот веќе работи на трајно решавање
на овој проблем, за што е распишана постапка за набавка на 30 нови
контролори за семафорите. Исто така, во фаза на подготовка е и
тендерската документација за распишување тендер за набавка на оптички
кабел |
Колку време траат тие набавки господа? Не знам до кога ќе се вртиме во круг со рециклирање на стари ветувања, ама доколку вака ревносно рециклиравме отпадоци на пример, за екологија ќе имавме чиста десетка.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#569 Posted: 05-May-2009 at 01:20 |
Зелениот бран не функционира? Шо збориш? Баш воопшто не се приметува  После долгогодишни сказни, конечно приметиле дека вака не иде... Мене не ми е јасно како воопшто мислеле да го изведат без поврзување на семафорите. Да се надеваме дека ова со контролорите и со оптичкиот кабел нема да биде нешто за што ќе требаат години, туку дека ќе се реализира брзо и дека исто така брзо ќе се надоврземе со центар за управување и контрола на сообраќајот, кој исто така долго се најавува, а кој сигурно ќе донесе огромни поволности и заштеди.
Зелениот бран на раскрсниците не функционира

По секое исклучување, семафорите го губат континуитетот со тие на другите раскрсници, поврзани во зелениот бран
Сања Наумовска
Зелениот бран на семафорите
во Скопје ретко каде функционира, коментираат возачите. Најчесто тоа се
случува во центарот на градот, каде семафорите на најфреквентните
раскрсници речиси секојдневно се исклучуваат. Без разлика дали
причината се шпиц-гужвите или, пак, поминувањето на автомобилите со
придружба кога сообраќајот го регулира сообраќајната полиција, по секое
исклучување семафорите го губат континуитетот со оние на другите
раскрсници поврзани во зелениот бран.
Од страна на Градот
Скопје ваквата состојба се оправдува со фактот дека на некои делници
контролорите на семафорите не се поврзани. Поради тоа, ако
сообраќајната полиција ги исклучи семафорите, при повторното вклучување
тие не работат во истата фаза како и претходно. Екипите на Јавното
претпријатие „Улици и патишта“ овој проблем го решаваат секојдневно, на
лице место го усогласуваат времето на сите семафори во зелениот бран.
„За
да се избегне ваквата состојба, Градот веќе работи на трајно решавање
на овој проблем, за што е распишана постапка за набавка на 30 нови
контролори за семафорите. Исто така, во фаза на подготовка е и
тендерската документација за распишување тендер за набавка на оптички
кабел, со кој семафорите со контролори ќе се поврзат меѓусебно и ќе
работат координирано, без разлика дали и кога ќе бидат исклучувани“,
велат надлежните во Градот.
Новите контролори се наменети за
раскрсниците на кои веќе е воспоставен зелениот бран. Во центарот на
четири раскрсници на булеварот „Свети Климент Охридски“, потоа на девет
раскрсници на булеварите „Јане Сандански“ и „Кузман Јосифовски-Питу“,
на „Партизански одреди“ во зелен бран се поврзани единаесет раскрсници,
а на улицата „11 Октомври“ четири раскрсници.
Во иднина,
информираат градските власти, планирано е зелен бран да има и на Јужен
булевар, на улицата „Првомајска“, на булеварот „Србија“, како и од
Скопски саем до Соборниот храм. Со тоа, велат во Градот, ќе се
координира работата на семафорите и дополнително ќе се придонесе за
растоварување на сообраќајот и ќе се зголеми протокот на
сообраќајниците. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5FD0A76E1D365C448B9690CC318EC9DD
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#570 Posted: 22-Apr-2009 at 16:37 |
Скопје и се е можно
|
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#571 Posted: 22-Apr-2009 at 15:13 |
Скопски Рулет!
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#572 Posted: 13-Apr-2009 at 13:16 |
Јужен Јужен Јужен доста со примитивни и краткотрајни привремени решенија
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#573 Posted: 13-Apr-2009 at 01:51 |
Долгорочно се знае што е решение - јужен булевар
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#574 Posted: 12-Apr-2009 at 22:23 |
ЗА ДА СЕ ОЛЕСНИ СООБРАЌАЈОТ Семафор кај „Веро“ во Тафталиџе
Семафори се поставуваат на уличката за влез кон паркингот на „Веро“ и кон Противпожарната единица во Тафталиџе. Од Јавното претпријатие „Улици и патишта“, кое ги изведува работите, велат дека новиот семафор ќе биде синхронизиран со семафорот на крстосницата меѓу Адолф Циборовски и 8 Септември, и дека за двата ќе важи зелениот бран бидејќи се наоѓаат на блиско растојание. Според нив, уличката се семафоризира за да се олесни сообраќајот и да се избегне застојот на возила затоа што досега многу се чекало автомобилите кои излегуваат од уличката да се вклучат на главната улица. Градежните работи се при крај и деновиве семафорите треба да бидат пуштени во употреба. Граѓаните реагираат дека со семафорот ќе се направи уште поголем метеж на оваа сообраќајница затоа што семафорот се наоѓа на стотина метри од оној на блиската крстосница. Време - 08.04.2009 |
разбрав дека веќе се поставени, ова малку ми е смешно на 100м семафор, но ајде заради противпожарната, но и заради метежот од влезовите за веро и макпетрол, тука може и да се прогледа низ прсти, иако долгорочно ова воопшто не е решение!
Edited by beTon - 12-Apr-2009 at 22:24
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#575 Posted: 10-Apr-2009 at 10:18 |
Не не, тие се знаци за известување, овие се за опасност. Го има знаков и во известителна форма, и во ваква за опасност (исто како знакот за пешачки премин), меѓутоа знакот за известување е за пешаците, а овој за возачите. (на пример имаш знак со велосипед и во триаголник и во син круг, тој во триаголникот ги предупредува возачите на премин на велосипедисти, додека пак синиот ги известува велосипедистите дека има велосипедска патека-по таа аналогија и овие).
Како и да е, добра идеја на охријџани.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#576 Posted: 10-Apr-2009 at 09:40 |
ми се допаѓа креативноста, ама мислам дека ова води повеќе кон незабележување одколку забележување на знаците, бидејќи ако не грешам знаците за пешаци и деца кои поминуваат беа сини со бело, па тка се навикнати сите да ги гледаат
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#577 Posted: 09-Apr-2009 at 23:00 |
ОРИГИНАЛНО И ПРИВЛЕЧНО УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДОТ
< ="text/">
Уредувањето
на градот и пролетното освежување на коловозите, ивичњаците на
крстосниците и кружните токови, тротоарите, поставувањето хоризонтална
и вертикална сообраќајна сигнализација, кастрењето(„кроењето“) на
дрвата и дрворедите на јавните површини- продолжува со несмалена
динамика.

Од надлежните служби во локалната самоуправа, најавуваат, а тоа го
потврдуваат и од страна на фирмите - изведувачи или јавните
претпријатија, дека интензитетот на овие комунални активности во
наредниов период ќе биде и зголемен. Охрид и населбите мора да бидат
што попривлечни и уредени за претстојните пролетни празнувања или
неколкудневни, па макар и само викенд посети од страна на гостите и
турстите. Но, се разбира, мора да живееме во уредена средина, најнапред
заради нас самите-граѓаните на општината. Крај сите овие
преземања од страна на локалната самоуправа како должност кон граѓаните
за поквалитетно и урбано живеење, за одбележување
е инвентивноста односно оригиналноста на некои елементи од спомнатите
активности. Во таа насока посебно за посочување, можеби и како
„охридска оригиналност “, е привлечното решение за таблите за
предупредување на возачите во непосредна близина на училиштата.

Столбчиња
во форма на училишни моливи непосредно зад таблите со натпис „ВНИМАВАЈ
минува вашето дете !!!“, не само што придонесуваат за впечатлива
оргиналност, туку се надеваме дека ќе предизвикаат поголема одговорност
кај возачите а со тоа и безбедност на децата. Останува
уште поголема надежта дека овие моливи односно предупредувачки табли,
нема да бидат мета на неодговорно, недолично и хулиганско однесување на
поединци, бидејки заради нивниот хир или бес ќе се трошат попусто
парите на сите нас.
Извор: www.ohrid.gov.m | |
| http://www.ohrid.gov.mk/index.asp?PodatociID=961
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#578 Posted: 24-Mar-2009 at 16:10 |
Originally posted by Брус
Кога ќе ги постават знаците ќе падне смеа. Едвај чекам сеир да фатам. Според сегашниот просек а тоа е повеќе грешки отколку што има букви на знакот, Македонија пат навестува многу весела година. За да се избегне брука нека вработат 2-3 писмени луѓе толку ли е тешко да ги најдат.
|
Добредојде Брус Не знам дали имаш информации за новите знаци или само претпоставуваш дека ќе бидат повторно утнати судејќи од претходно искуство, но единствените луѓе што ќе трпат штета сме ние граѓаните и ако некој треба да се осеќа како да му пукаат сеир тоа сме ние. Не може со наши пари да се плаќаат неписмените луѓе што не можат еден збор да напишат без притоа да направат некоја катастрофална правописна грешка. Тоа се само пари фрлени во ветер - наши пари...
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Брус
Newbiе
Joined: 24-Mar-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#579 Posted: 24-Mar-2009 at 15:58 |
Кога ќе ги постават знаците ќе падне смеа. Едвај чекам сеир да фатам. Според сегашниот просек а тоа е повеќе грешки отколку што има букви на знакот, Македонија пат навестува многу весела година. За да се избегне брука нека вработат 2-3 писмени луѓе толку ли е тешко да ги најдат.
|
„Човечката глупост е бесконечна, за вселената не сум сигурен“
А.Ајнштај
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#580 Posted: 24-Mar-2009 at 13:09 |
змејко еј  чуден народ, навистина чуден народ  ај крадењето за у топилница го сфаќам, ама вандализмот не!!!
|
 |