![]() |
![]() |
![]() |
Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 22> |
Author | ||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Денес се возев во двокатна „петка“, па сликнав неколку фотки од вториот кат...
![]() ![]() ![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Трајановски: Булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов ќе е готов до мај
![]() Реконструкција и проширување на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во зависност од временските услови, да бидат готови до крајот на месец мај. - Би сакал да им се извинам на граѓаните кои ја користат оваа сообраќајница за потешкотиите изминатиов период, поради доцнењето на реализацијата на овој проект поради проблеми со подземните инсталации. Сакам да апелирам до граѓаните, додека траат финалните градежни работи на оваа делница внимателно да се вклучуваат во сообраќајот и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот, кажа градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. Третата делница од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов е долга 1.600 метри, се веќе формирани 4 коловозни ленти, по две во секоја насока. Според проектот, од двете страни на проширениот коловоз се изградени тротоари со ширина од по 3,5 метри, со вкупна површина од 9.550 метри, коишто се покриени со павер-елементи. http://plusinfo.mk/vest/23511/trajanovski-bulevarot-mitropolit-teodosij-gologanov-kje-e-gotov-do-maj- Edited by Staro Skopje - 25-Apr-2015 at 19:02 |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
1.
![]() 2. ![]() 3. ![]() skopje.gov.mk |
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
Алелуја почнаа..
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Кај е рокот на изградба прекршен па уште е и на барање на Градот, од буџетски причини секако! Срамно, прав пат, чист терен.
За 15 месеци Џеваир изградија 3 кули од по 40 ката! За 15 месеци е речиси целосно пробиена нова траса на автопатот Петровец-Свети Николе! Тука нема пардон. Само за потсетување: Се работи за проширување од 1 лента и замена на асфалт на постоечки 3 (по една во правец и по метро за велосипеди и застанување) во должина од 1.200 метри. Edited by alexsend - 22-Apr-2015 at 16:52 |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Најпрвин, не е готова за 15 месеци, а да не зборам дека требаше да се заврши за три месеци. И да, улицата треба да ја асфалтираат и да им се извинат на сите скопјани кои си ги искршија колите и кои поминуваат небезбедно на улица која ја прошируваат одвај еден и пол метар во широчина на потег од 700 метри. |
||
![]() |
||
totobobo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Apr-2013 Online Status: Offline Posts: 247 |
![]() ![]() |
|
Значи ако улицата не е готова за 9 месеци, нетреба да се сече лента и слично бидејки е тоа срамно. ![]() |
||
Interceptor design
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
СКОПЈАНИ ГИ ИСКРШИЈА КОЛИТЕ, „ГОЛОГАНОВ“ 15 МЕСЕЦИ БЕЗ АСФАЛТ
Доцни проширувањето на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од некогашната фабрика „Алумина“ до студентскиот дом „Гоце Делчев“. Цели 15 месеци откако почнаа градежните работи, во јануари минатата година, улицата се' уште е раскопана. Ниту возилата можат да се движат нормално, ниту, пак, се безбедни малкуте градежни работници, кои одвреме-навреме нешто работат. Стариот асфалт е изгребан, коловозот е полн со дупки, шахтите се дваесетина сантиметри над нивото на коловозот, нема ниту пешачки премин, ниту обележана лента. Возачите се принудени да возат слалом меѓу бројните препреки со кои се заградени шахтите. Граѓаните се жалат дека возењето по улицата е вистински хорор. И така е повеќе од една година. „Во близина има три училишта до кои се стигнува најчесто преку оваа сообраќајница, па наутро, кога има повеќе сообраќај, човек мора да има многу нерви и уште поголемо внимание за да не се случи несреќа“, се жалат скопјани. Иако беше најавено дека реконструкцијата ќе потрае само шест месеци, сепак, работите се одолжија за уште двапати по толку. Граѓаните се револтирани бидејќи ги уништуваат возилата, а на терен се гледа дека со денови не се работи ништо. Но, градските власти се правдаат дека непредвидени зафати околу преместувањето на подземните инсталации и приклучоци се причина за одолговлекувањето на реконструкцијата. „Што и да е причината за доцнењето, досега требаше да ја решат. Најавија дека ќе ја завршат минатото лето. Не може толку важна и прометна сообраќајница да се гради толку долго“, коментираат граѓани. Минатиот месец надлежните во Град Скопје најавуваа дека улицата ќе биде асфалтирана до крајот на април, а сега рокот го поместуваат за мај. „Град Скопје во моментов ги реализира активностите од третата фаза за проширување на булеварот ’Митрополит Теодосиј Гологанов’. Останува да се асфалтира финалниот слој на коловозот и да се уредат пешачките патеки. Доколку бидат исполнети сите атмосферски и технички услови, се очекува сообраќајницата да биде финализирана во текот на месец мај“, велат во Градот. Од таму појаснуваат дека до пролонгирање на реализацијата на проектот дошло поради непредвидени работи со инфраструктурата во првата фаза, а градежните работи ги одложија и големиот број врнежи есента. Со завршување на третата фаза од проширувањето, „Гологанов“ станува булевар со четири коловозни ленти во должина од 4,2 километри. Булеварот започнува со кружниот тек кај Католичката црква, се' до раскрсницата со улицата „Московска“ во Тафталиџе. „Покрај булеварот се уредени пешачко-велосипедски патеки, сите раскрсници со нова семафорска опрема, како и уличното осветлување со нови канделабри и енергетски ефикасно осветлување. Покрај надземната, уредена е и подземната инфраструктура со нова атмосферска и фекална канализација“, информираат од Градот. Истовремено се работи и на уредување на паркот покрај булеварот. Паркот ќе има ново зеленило, листопадни и зимзелени садници, хидрантска мрежа за одржување на парковските површини. Во првиот дел е изграден и дел за рекреирање на домашните миленичиња. Парковските површини се опремуваат и со нова урбана опрема, клупи, канти за отпадоци, како и со реквизити за децата. http://www.utrinski.mk/?ItemID=D0C62521B5BACC43B2A8408C3EF6E386 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Јас не знам, АМА навистина не знам како ќе држат говор и ќе се фалат дека спровеле уште еден проект и како ќе сечат лента (се разбира, тука Миле, Коце и Грујо во пакет) на улица која ја прават година дена и се уште нема абер.
|
||
![]() |
||
Teglarot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 15-Nov-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 569 |
![]() ![]() |
|
Градските власти велат дека моментално се реализираат активностите од третата фаза за проширување на булеварот, а паралелно се одвиваат работите за завршување на проектот и останува само да се асфалтира финалниот слој на коловозот и да се уредат пешачките патеки...
А ние слепи сме, не гледаме дека ништо не се прави !? Кои кретени. ![]() |
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
Дури и автопатиштата се градат побрзо од булеварот
Се уште не е јасна причината за ова одолжување и зошто градежните машини мируваат паркирани по должината на улицата. ![]() СКОПЈАНИ БАРААТ ПОЧИТУВАЊЕ НА РОКОВИТЕ ЗА ГРАДБА НА ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ Реализирањето на проектот за реконструкција на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов започна уште минатата година, а според првичниот план, веќе требаше да биде целосно готов. За жал, сообраќајот таму сѐ уште не се одвива баш најдобро, бидејќи улицата на многу места е ископана, на коловозот можат да се забележат многу вдлабнатини и грпки, па затоа и возилата не можат нормално да се движат. Како што стојат работите, целата работа заглави уште во третата фаза, во која беше планирана реконструкција од крстосницата со булеварот 8 Септември до улицата Московска, во должина од 1.600 метри. Ова проширување резултираше со четири коловозни ленти, по две за секоја насока, а од двете страни на коловозот се поставуваат тротоари со ширина од 3,5 метри. Сѐ уште не е јасна причината за ова одолжување и зошто градежните машини мируваат паркирани по должината на улицата. ОДОЛЖУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ ЗАФАТИ Во септември 2012 година првпат беше објавена информацијата дека ќе се врши реконструкција на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, а тоа проширување ќе се искористи за изградба на атмосферска канализација и реконструкција на постојната фекална канализација. Во февруари минатата година објавивме дека почнува реконструкција на булеварот и дека целосното завршување на градежните зафати ќе трае до август истата година. Тогаш беше најавено дека таа тесна сообраќајница конечно ќе добие четири коловозни ленти, а коловозот ќе биде асфалтиран со завршен слој асфалт на вкупна површина од 19.500 квадратни метри. Во јануари оваа година повторно решивме да ја отвориме истата тема и да се обидеме да ја пронајдеме причината за застојот во работата, но единственото оправдување што го добивме беа лошите временски услови, кои не им дозволуваа на работниците континуирано да си ја вршат својата работа. Од компанијата „Трансмет“, која инаку е изведувач на градежните зафати, тогаш ни рекоа дека ситуацијата не е алармантна и дека за многу кратко време повторно ќе проработи градежната машинерија. Сепак, оттогаш поминаа уште три месеци, а состојбата на булеварот воопшто не е променета. Граѓаните велат дека ги искршиле автомобилите, бидејќи не секогаш имаат можност рефлексно да ги избегнуваат оштетените делови на коловозот. - Секој ден минувам по оваа улица со своето возило и можам да кажам дека секојпат се чувствувам како да се наоѓам среде минско поле - вели Никола Младеновски од Карпош. РЕКОНСТРУКЦИЈАТА ЌЕ ТРАЕ ДО АПРИЛ Градските власти велат дека моментално се реализираат активностите од третата фаза за проширување на булеварот, а паралелно се одвиваат работите за завршување на проектот и останува само да се асфалтира финалниот слој на коловозот и да се уредат пешачките патеки. - Со тоа и третиот дел од оваа сообраќајница пролетва ќе стане модерен булевар. Доколку бидат исполнети сите атмосферски и технички услови, се очекува сообраќајницата да биде финализирана во втората половина од април - објаснуваат од градот. Тие додаваат дека со претходните две фази од булеварското решение со четири коловозни ленти е уредена сообраќајницата во должина од 4,2 километри, а булеварот започнува со супермодерната кружна крстосница кај Католичката црква и води сѐ до улицата Московска. - По должината на булеварот се уредени пешачко-велосипедски патеки, на сите крстосници е поставена нова семафорска опрема, како и улично осветлување со нови канделабри и енергетски ефикасно осветлување. Покрај надземната, уредена е и подземната инфраструктура со нова атмосферска и фекална канализација - велат од градот. Од компанијата „Трансмет“ објаснуваат дека временските услови биле главната причина за застојот во работата, но дека проектот за многу кратко време ќе биде завршен. - Реконструкцијата на булеварот веќе требаше да биде целосно завршена, но сепак се појавија некои непредвидени работи, кои влијаеја врз континуираното вршење на градежните зафати. Стигнати сме до самиот крај, а нашата следна фаза е ставањето на последниот слој асфалт - вели Сеад Кочан, директор во „Трансмет“. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=323151552176&id=14&setIzdanie=23427 |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов е еден голем срам за Град Скопје. Ај за возачите на автомобили, можеби и некако ќе разберам, ама сета кал по недовршените пешачки патеки околу сообраќајницата е катастрофа. Потегов си беше пристојно место на кое не ти требаат чизми за да цапаш во кал додека одиш до продавница.
|
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
НАМЕСТО БУЛЕВАР, ТРЕТИОТ ДЕЛ ОД ГОЛОГАНОВ РЕШЕТО
Доцнењето е поради проблеми со подземната инфраструктура, вели градоначалникот на Скопје Коце Трајановски Третиот дел на улицата Теодосиј Гологанов никако да стане булевар. Град Скопје почна со проширување на сообраќајницата, на потегот од крстосницата кај фабриката "Алумина" до студентскиот дом "Гоце Делчев" во декември 2013 година. На стартот на градежните работи, градоначалникот Коце Трајановски најави дека граѓаните ќе возат по булеварот за шест месеци. Но од најавите, ништо. Со изградбата на сообраќајницата се доцни осум месеци, а според тоа што ништо не се работи на терен, таа нема да биде готова најрано до пролет. Граѓаните што секојдневно го минуваат овој потег се револтирани оти возат по дупки и изрешетан асфалт. ![]() "Цела година улицата е раскапана, и на секој метар има огромни дупки. Колите ги искршивме додека на Град Скопје му текне да ја асфалтира улицата", се жалат граѓаните. Градоначалникот Коце Трајановски вели дека работите доцнат оти на терен наишле на многу подземни инсталации и приклучоци, кои требало да се преместуваат. "Знам дека граѓаните имаат поплаки за овој потег, но наидовме на проблеми со подземната инфраструктура. Чекаме да се стопли времето, и веднаш почнуваме со работа. Треба да се постави уште финалниот слој асфалт и да се уредат пешачките патеки. Пролетва и третиот дел ќе биде модерен булевар", вели Трајановски. Проширувањето на третиот дел на булеварот Теодосиј Гологанов чини 1,3 милиони евра, а градежните работи ги изведува фирмата "Трансмет". http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=EFD1CEBFAB28534099FBBFAE8D3A38B4 |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Целата околина околу булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов изгледа грдо. Расфрлани остатоци од градежен материјал, градежна механизација и возила на изведувачот на работите, кал до колена од сите страни. Жално е да остане вака уште три месеци недовршениот булевар.
|
||
![]() |
||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|
околу 80тина метри мислам дека застанал по пешачкиот. |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Класично сценарио на богаташки син кој му го одзема животот на некој чиј татко неможи да го плати и погребот.
за жал новопечените богаташи ќе ни приредуваат вакви сцени све повеќе и нормално никој нема да има храброст да ги осуди |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Тоа е практично раскрсницата Гологанов со улицата 9 Мај. Ако автомобилот успеал да сопре дури кај автобуската тогаш се работи за растојание од некој си 150 метри.
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
А и самиот увид траеше многу долго време, скоро шест часа после тоа, се уште стоеше џипот на истото место. Претпоставив дека е нешто сериозно, жалосно за детето.
|
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Точно на средина меѓу кружниот и раскрсницата со Рузвелтова. Има нови семафори, обележано, осветлено... Секој ден поминувам таму, бев и дента 30 мин после несреќата... Џипот беше застанат скоро до автобуската (правец кон кружниот)
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 22> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |