![]() |
![]() |
![]() |
Експропријација |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234> |
Author | ||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|||||
грчев не поседува телевизија, но доколку не ја тераше лично тој на уставен работава, А1 по цел ден да лајат за џабе ќе биде! инаку овој потег го поздравувам, но како што реков ме буни од каде баш грчев да ја тера оваа работа... што велиш паушален заклучок дека бил со комунистички афинитети и реализации, мислам дека грешиш во најмала рака не дека твоето не држи туку дека не се обидуваш ни да прашаш зошто имам вакво мислење, пример еве слична недоумица на pbanks за грчев и моето разбирање за неговиот лик и дело во урбаниот и архитектонски ни живот во СК (вториот дел од пораката)... а за овој цел друг муабет околу решенијата за функционирање на системот забораваш дека главен постулат е уставот и не е возможно истиот да се припитоми на таков начин за заради една приватна сопственост да страда друга приватна сопственост колку и тоа нешто да кочело некоја супермаркет инвестиција во општина центар или во бунар за вода на некоја планина...! значи концизноста на нишката нема да се наруши доколку се разјасни по кој модел функционираме во моментов и по кој модел експропријацијата би се терала доколку ти си премиер на влада |
||||||
![]() |
||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||
Ова беше офтопик до сега правен семо некоја сува паралела. Сега идеме на темата назад.
Бетон за крај ќе се осврнам кон твоето размислување во глобала. Слободно можам да ти препорачам малце да погледнеш малку макроскопски и да увудиш дека државата не треба да го преценува индивудуалецо, него да го цени онолку колку што треба. Неможе да се трудиме да ги исполниме желбите на секој поединец. Општеството мора да има механизми да го канализира просторот на живеење, односно да определува каде се живее, каде се деловни центри, каде паркови, каде итн. Ако некогаш се живеело на еден простор не значи дека тоа е вечно, него ќе дојде време кога тоа простор ќе треба да се пренаменува. И така концентрично се шират градовите. Можеби би размислувањето ти е малку порадикално поради тоа што во целиов случај предмет е токму Веро. Инаку околу оптествените системи нема да дебатирам повеќе во интерес на концизноста на нишките. Edited by lslcrew - 28-Nov-2008 at 20:32 |
||||||
![]() |
||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|||||
оп чекај малку велија не го пушти муабетов туку грчев, што е нај трагично грчев е досега нај истакнат урбанист со ккомунистички афинитети и реализации, но ова сега или го прави за да се откупи за и тие навики или е поткупен за да направи проблем онаму каде го нема! не смее во ваков начин на уставно уредување да се носат вакви одлуки кои се на штета на приватната сопственост, неможе недореченостите во еден закон да се користат за решавање тековни проблени, и сето тоа преку грбот на уставот т.е. во спротивност со уставот! дека ќе падне на уставен законот тоа е сигурно и тоа ќе падне како што веќе реков само заради овој несмасен пример, па ќе мора владата или да подготви попрефинет закон или некако да му излезе во великодушен пресрет на човекот, сето ова трчање горе доле по системските лавиринти ќе ги чини повеќе отколку да се обештети човекот, за несмасниот превид што го имала владата кога го продавала веро. *што е до југоносталгијата немам против и доколку си така наелектризиран, но како што рече го презираш тој период, што не мора да значи дека социјализмот како систем е лошо уредување (добро овој кај нас имаше не мал број фалинки). најдобро уредување е шведското каде системот е помеѓу демократија и социјализам, т.е. приватната сопственост повторно е императив но секогаш во сооднос со социјалниот момент на функционирање на општеството! овие околности кај нас се крајно комунистички а глумиме ЛД фантазии и халуцинации! |
||||||
![]() |
||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||
![]() А тој текст што го посочуваш се однесува на измените на законот во однос на тоа дали смее да се врши екпропријација кога е потребно спојување на неколку маркици или пак делење една маркица на повеќе посебни маркици. Пошто во уставот е пропишано дека експропријација се врши само во случај на државен интерес. Е сега се јавуваат разни Велии што му сметаат туѓите бизниси и ги користат медиумите да создадат погрешна слика пласирајќи го реторичкото прашање "Веро ли е државен интерес......?!". Државен интерес е обезбедување на чиста парцела без имотно-правни проблеми, комплетно во сопственост на еден субјект (во овој случај државата) како би можела да биде продадена на едно лице со цел изградба на објект. *Да не ме сватиш погрешно дека сум некој југоносталгичар, напротив го презирам тоа време |
||||||
![]() |
||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|||||
па и јас сум за социјализам ама живееме во либерална демократија, па не само што тука некој може да кочи развој на супермаркети, туку истиот комотно може да бара и отштета за изгубено време по судови... вака сега како што му е отуѓено земјиштето е малку повеќе комистички пристап, кој единствено како што реков само по судски пат а врз основ на облигациони права евентуално би можело да му се отуѓи на човекот имотот кој сега е дел од маркицата на веро... изгледа ќе паѓа на суд ова измените на законот баш заради овој случај, инаку што се однесува до јавен интерес од типот на инфраструктура мислам дека законов е екстра стокмен, ова со веро се протна само колку државата да куртули евентуално линчување по судови како што беше случајот со окта... Уставниот се фати за Законот за експропријација - А1 - 09.10.2008 и толку, ќе видиме и се отепаа од гледање уставните судии, може почнале вештачење за слушнатите ставови од грчев и галев |
||||||
![]() |
||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||
Веро гради без проблем. Ама ја оправдувам државата да ти кажам право. Па неможе бе у сред центар некој мангуп да си игра држава. Држвата 100 пати повеќе данок ќе собере од веро некој од тој тамо типот. Нека го обештетат парично, точно колку што му вреди и пријатно. Ако не сега ај сите да си играме држава и да ги заглавиме и судовите и сите други институции. Мора да се даде на државата малку повеќе слобода у законот.
|
||||||
![]() |
||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|||||
лсл јавен интерес не е приватна инвестиција, туку државна-народна, а веро и е далеку од државна инвестиција, мислам дека тука се работи за поседување дел од парцела без кој неможе да се дооформи локација - маркичка, па најверојатно им бил одземен имотот на луќето по пат на облигација каде доколку не успееш да се договориш со оној што го има поголемиот дел од парцелата те даваат на суд а судот сетне сече дали мораш да го отстапиш просторот или не, мислам дека ова ограничување е поврзано со процентот од сопственоста. можеби грешам но само ова е реално оправдување во случај на отуѓување на приватно земјиште.но најверојатно станува збор за грешка на државата при продажбата па сега сакаат да поминат полесно и да куртулат од евентуална тужба од веро кој сигурно ќе ги даде на меѓународен па оштетата ќе биде боли глави а и стапала.
|
||||||
![]() |
||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||
Еве јас едно прашање до тие што го спомнуваат случајот веро или другите слични случај. Да ги прашам дали е јавен инетерес реализација на одреден ДУП. Ако во некој дуп фигурира парцела која со поголема површина и опфаќа неколку приватни имаоти, на кој начин може да се дојде до решение. Секако дека решение е екпропријација на тие имоти. Неможе пак да се враќаме на она штуро решение со бескрајно убедување на сопствениците.
Гледам спомнуваат заштита на правото на приватна сопственост. Сепак да нагласиме дека експропријацијата опфаќа и парично обештетување, и воопшто не е исто како пред 60 години. |
||||||
![]() |
||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||
БЕз разлика кои се плановите за градежни совети и едукација, оваа тема некако не ми одговара тука. Повеќе лежи за во урбани прашања. |
||||||
![]() |
||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||
Размислувајќи на оваа тема деновиве ми дојде една идеја, да се основа фонд за експропријација. Значи тој фонд може да работи локално на општинско ниво, на регионално и на државно ниво. Може да се полни од редовен процент од општински буџети. Овој фонд би имал за цел многу порано од изградбата на некој објект или пат да ја заврши експропријационата постапка. Често се случува доцнење на проектите поради ова, затоа може оваа постапка да се одвива многу порано одколку изградбата, па така кога ќе влезе нешто у план за изградба автоматски да стартува на чисто земјиште. Да речеме да се утврди одреден процент приходите во урбанизмот (градежни дозволи, други услуги, па дури и минимален дел од данок) кои ќе се влеваат во овој фонд и редовно да се врши екпропријација според листа на приоритети. Може да се утврди секоја општина со колкав процент ќе учествува во регоналните фондови, а со колкав во државниот. Башка постои можност дел од државниот да биде пренасочен во регионалните, а дел од регионалните во општинските фондови, со цел да биде некој проект побрзо готов. Односно фондов ќе биде на некој начин голема помош за општините во наоѓање пари за експропријација. Нормално за убрзување на постапката, секако општините ќе можат и да си убацат дополнителни средства за конкретен проект, односно да си извршат редовна постапка како и досега.
Финансиски импликации: Ова може да придонесе многу за инфраструктурниот развој, а башка и не е мртва пара, пошто автоматски цело време пара ќе влага и излага од фондот така што нема да се трупа огромен капитал на државни сметки. Сите овие пари кои ќе пројдат низ фондот понатака имаат големи шанси да бидат инвестирани во семејни бизниси. Башка ионака општините и државата грдна пара даваат за екпропријација и тоа све иде ад-хок кога треба да се гради нешто, вака подобро тие пари да се канализираат и многу порано да се заврши работата. Можеби предлогов е преамбициозен со неспроведена финансиска децентрализација, но ете само онака ми дојде како идеја. Edited by lslcrew - 03-Oct-2008 at 16:25 |
||||||
![]() |
||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|||||
Устав на Македонија член 30
овој вториот момент со ограничување на сопственоста и заедно со прописот за општо одземање е користен при процесот на национализација во минатото кој воедно е поништен со законот за денационализацијата...
се уште го нема новиот закон на нет, па доколку некој го има од "Службен весник на РМ" бр. 106 од 27.08.2008 нека постира апдејт на усвоената верзија, мислам дека немаше екстра амандмани усвоени т.е. немаше ни предложени колку што се сеќавам!
|
||||||
![]() |
||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|||||
интересен момент забележав во репортажа за експроприација на имоти за бул. Словенија
а што ако имаат капини или декор-грмушки? |
||||||
![]() |
||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|||||
во контекст на Град Скопје еве ја службата одговорна за спроведување постапки за експропријација на недвижности заради реализација на работи од јавен интерес
и плус една мала офтопик реплика на пбанкс каде сакам да посочам дека сите тие фирми немаат врска со слобода на пазар, доколку не оставиш простор за ограничување на истите може и глава да не кренеш подоцна од самарење и да ни се случуваат ситуации како во пост-советска Русија! не дека некој инвеститор ќе избега или ќе се уплаши од ваков закон, но наше е да обезбедиме превентивни механизми во случај на саботажи или дилентатизам... Edited by Cloverstack - 02-Sep-2008 at 22:42 |
||||||
![]() |
||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|||||
Ако е навистина такво нешто (и мене ми делува така) тоа е страшно. Па ЕВН не се СДСМовска фирма туку Австриска. За какви странски инвеститори збориме со вакви потези? |
||||||
![]() |
||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||
Абе за сељаците како крајна фаза ја одобрувам национализацијата. Но овие измени се однесуваат на енергетиката, а ова изгледа владава сака да му контрира на ЕВН, зашто нели они се инвестиција од прошлата влада. Него да не навлагам многу овие измени се јасни за што се.
|
||||||
![]() |
||||||
vardar ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Mar-2008 Online Status: Offline Posts: 1106 |
![]() ![]() |
|||||
Добро бе државата неможе на еден прост сељак да му одземе нива а овие си прават филмчиња за енергетските капацитети
![]() ![]() За сељаците кои сакаат да станат милионери со 100 квадрати нива веќе имам кажано, оштета по пазарна цена и точка (се разбира доколку се работи за проект од јавен интерес)
|
||||||
![]() |
||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||
Незнам дали се работи за намерна или случајна грешка, но зборот одземени во прелог закон е јасно пишан екпропреирани, а не како што стои во новинарското соопштение. Не би сакал да помислам дека некој сака да ги помати работи и да не претстави во лошо светло пред светот, а најмалку па тоа да биде домашна телевизија. сите знаеме што значи одземени, а што значи екпропреирани. За првото не се зема ништо, а за второво се зема пари. И ова не е прв пат да се мешаат овие термини. Дали е тоа некоја забуна од прошлиот систем и луѓето сеуште доживуваат дека некој им ги одзема имотите, или што друго е, незнам?! |
||||||
![]() |
||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||
Измени во Законот на експропријација?
Државата во иднина ќе може да стане владетел врз значајни енергетски капацитети. Со новиот предлог закон за експропријација може присилно да му се одземе имотот на секој кој се занимава со пренос на струја. Владиниот портпарол Боцевски тврди дека ваков предлог закон досега не бил на владина седница. Во предлог законот до кој дојде А1, а е испратен и во Брисел, во Директоратот за енергетика и транспорт, децидно стои: „Зградите, инсталациите и линиите за трансмисија на електрична енергија или природен гас кои произведуваат активности од јавен интерес можат да бидат одземени“. Со ваквата одлука Владата би можела да го тргне ЕВН од пазарот и таа да ја преземе компанијата. Исто така ќе може да биде единствен сопственик на гасоводната компанија „Гама“ и да го тргне „Макпетрол“ од игра. Тука е и Топлификација, која во моментов гради гасна централа, но и сите други кои во иднина ќе се занимаваат со пренос на струја и природен гас, коментираат експерти за А1. Според информации на А1, можно е измените на законот за експропријација да се најдат на дневен ред во Собранието по итна постапка, уште идната недела. Владиното образложение за ваквата одлука е дека со ваквиот закон ќе се овозможи непрекинат и континуиран пренос на гас и струја и затоа било потребно Закон за експропријација да биде во координација со новиот Закон за енергетика. www.a1.com.mk Се надевам дека нема ова да предјде во национализација. Патем треба да се преиспита и начинот на екпропријација за земјиште кој имаме дискутирано порано. п.с. Префрлете ја темава во урбани прашања. Незнам што уопште тука сум ја отворил. |
||||||
![]() |
||||||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
|||||
Мислам дека треба да има ценовник и правилник како што кажа пбанкс, и дека земјиштето-објектот треба да се откупи во одреден рок (месец-два најмногу) по известувањето на сопственикот. Треба да му се исплати надокнадата која што е предвидена а сопственикот доколку не е задоволен од проценката на имотот по судски пат или преку некоја комисија да си ја бара оштетата. Впрочем така е и сега само што изградбата неможе да започне додека не се решат имотно-правните односи. |
||||||
![]() |
||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||
Во уставот има едно Демек човеково право дека имотот на секој граѓанин му е загарантиран, меѓутао има и една друга работа што се вика јавен интерес.
|
||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |