![]() |
![]() |
![]() |
Паркирање и паркинзи (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 47> |
Author | |
cistac ![]() Newbiе ![]() Joined: 23-May-2019 Location: bitola Online Status: Offline Posts: 1 |
![]() ![]() |
Вработените во Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Регулаторна комисија за енергетика, дирекцијата на М-НАВ во палатата „Лазар Поп Трајков“, СЕ СОПСТВЕНИЦИ НА ДРЖАВАТА , а паркингот за нив е ситна работа.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ФОТО: Вработените во палата „Лазар Поп Трајков“ просторот меѓу зградите го претвориле во паркинг: Жителите залудно пријавуваат и се жалат
![]() ![]() Вработените од неколкуте институции сместени во палатата „Лазар Поп Трајков“, лоцирана спроти поранешниот хотел „Бристол“ во центарот на градот, со своите автомобили го претворија просторот помеѓу барокната зграда и и блокот од Градски ѕид, позади “Краш“ во приватно паркиралиште. Жителите на зградата на улица Даме Груев број 3 се револтирани од однесувањето на новите „станари“ во палатата, но уште повеќе од негрижата на надлежните каде повеќепати пријавувале, но проблемот до денес не е решен. Тој вели дека ваквата навика на вработените во деловната зграда создава нервози кај жителите кои порано често влегувале во вербални конфликти со луѓето што паркираат, но тоа било безуспешно, па сега само ги подигнуваат бришачите на автомобилите и повремено оставаат по некој лист хартија со опомена, исто така, залудно. Жителите сметаат дека за проблемот има многу едноставно решение доколку некој сака да го спроведе, а тоа е да се стават столпчиња на тротоарот спроти хотел „Бристол“. Ова, според нашиот соговорник, им е кажано и на неколкумина советници со кои успеале да стапат во контакт и во Град Скопје и во Општина Центар, но ниту на тој начин не е сменета ситуацијата. Во палатата „Лазар Поп Трајков“ се сместени неколку државни и други институции, таму се Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Регулаторна комисија за енергетика, дирекцијата на М-НАВ и други. Зошто надлежните не казнуваат и не бараат решение за непослушноста на вработените во овие институции и зошто се толерира нивното непрописно паркирање останува енигма. Исто како што е нејасно зошто се дозволува на станарите од зградите недозволено да им се одзема слободниот шпешачки простор пред нивните домови. Ова не е единствен случај во градот каде се „замижува“ кога е во прашање недозволеното паркирање на вработени во државни институции. И покрај тоа што паркирањето во општина Центар е најскапо и најтешко се наоѓа слободно место, а „пајаците“ на ПОЦ и на „Градски паркинг“ секоја недела се фалат со стотици кренати возила поради недозволено паркирање, тоа не важи за паркирањето покрај улицата Филип Втори Македонски, веднаш до Министерството за надворешни работи. Таму, на потегот од раскрницата кај плоштадот Скендербег до зградата на МНР, долж улицата од двете страни секојдневно се паркирани десетици автомобили. Институциите кои се тука лоцирани имаат свои подземни паркинзи, па доколку станува збор за службени возила или за возила на вработени во овие институции, тогаш полицијата треба да постапува и да казнува, како што ги казнува погрешно паркираните граѓани на други локации низ градот. Неодамна „Слободен печат“ пишуваше и за состојбата на плочникот на уличката што минува под Порта Македонија кон градскиот плоштад, каде плочките поставени пред три години се искршени поради тоа што постојано минуваат возила и комбиња за достава и просторот е превторен во паркинг. И тука никој не реагира. За да може градов нормално да функционира, општините, Град Скопје и полицијата мора да си ги исполнуваат обврските, секоја во својот домен. Да се казнува, но и да се бараат решенија како да се оневозможи влегувањето со автомобили на простор кој не е наменет за паркирање. Притоа и да се реагира на пријавите и жалбите на граѓаните, затоа што нели сите постојано тврдат, од локално до државно ниво, дека работат само и единствено во интерес на граѓаните. https://www.slobodenpecat.mk/vrabotenite-vo-palata-lazar-pop-trajkov-prostorot-megju-zgradite-go-pretvorile-vo-parking-zhitelite-zaludno-prijavuvaat-i-se-zhalat/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Нов паркинг на простор од околу 1500 метри квадратни со капацитет од 60 паркинг места е пуштен во употреба во населбата Стар Аеродром. Проектот е целосно финансиран со средства од буџетот на Општина Аеродром и е дел од градежната офанзива која започна во 2022, а продолжи во 2023 година. Со ова локалната самоуправа решава еден важен проблем за жителите кој живеат во овој дел од општината.
Во тек се подготовките за изградба на над 160 нови паркинг места, кои ќе се изведат на уште две локации во општина Аеродром, првиот во близина на „Мајчин дом“, а вториот во населбата Мичурин. Истовремено, во населбата Лисиче активно се работи на целосна реконструкција на нови улици. ![]() ![]() https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Поевтини паркингот во Битола
Директорот на ЈП „Паркинзи Битола“, Горан Степановски денеска потврди дека поевтинува паркингот во Битола. Оваа одлука на ЈП „Паркинзи Битола“ доаѓа откако Советот на Општина Битола по предлог на ЈП „Паркинзи“ донесе одлука со која се изменува ценовникот за паркинг услуги со кој голем дел од услугите во јавното паркирање на отворените паркиралишта поевтинуваат. Промените се однесуваат на нови карти од 3 часа и намалување на дневните карти во зоните А и Б. Зона А од 55 денари за 3 часа, се намалува на 40 денари. Зона Б од 40 денари за 3 часа, се намалува на 30 денари, Дневна карта за А и Б зона Зона А од 250 денари се намалува на 150 денари. Зона Б од 200 денари се намалува на 130 денари. Оваа одлука влегува на сила од денот на добивањето на согласност од Совет на Општина Битола, а ќе се применува од 01.02.2023 по процесот на имплементација на промените, велат од ЈП Паркинзи. https://novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/poevtini-parkingot-vo-bitola/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
од твитер
Во Стар Аеродром,на сите тротоари поставија столбчиња но проблемот со паркирање не е решен поготово за кафичите кои во круг од 50м ги има десетина и сите паркираа на тротоар. А реално не постои никакво решение,паркинг,гаража или слично најблиску им се оние празни паркинзи кај Транспортен/Пошта кои се под зонско или па ќе ги оставаат по улица што ќе создаде уште поголем проблем. ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Жителите со рампа затвораат дел од улица во Тафталиџе за да си обезбедат паркинг места, Општина Карпош тврди не дала таква дозвола
![]() Жителите од неколку згради лоцирани позади паркингот на „Веро“ во населбата Тафталиџе 1 со рампа на улицата ќе си обезбедат слободни места за паркирање. На делот од улицата Атинска, кој поминува веднаш до детското игралиште и која се протега помеѓу две паркиралишта, од кои едното е во сопственост на станарите на зградите, веќе е исечен тротоарот од двете страни за да се постави рампата. Од двете страни на влезот во уличката се поставени и информативни табли на кои се предупредуваат граѓаните да не паркираат оти во спротивно „пајак“ ќе им ги крене возилата затоа што станува збор за паркинг наменет за резиденти од зградите на улиците Њуделхиска А6/1 и Б6/1-2, како и од зграда на улица Атинска 1/3, но и за возила со картички, односно за автомобили на граѓани што работат во фирмите што се наоѓаат на овој простор. ![]() Граѓани кои живеат во околината прашуваат како е можно со рампа да се затвори улица, којашто е јавен простор за да се паркираат станари од неколку згради. Тие потсетуваат дека проблем со паркирање нема само тука, тоа е проблем во повеќето населби во општината, но велат, како би изгледало кога сите жители би поставиле рампи на улиците каде што имаат таква потреба. Кој и како дозволил да се затвори уличка и просторот да се пренамени во паркинг за резиденти, одговор побаравме во Општина Карпош. Оттаму велат дека станарите имаат дозвола за поставување рампа, но само на паркингот, не и на улицата. Земјиштето на посочениот паркинг е во сопственост на зградите. Станарите кои живеат во тие згради поднесоа барање од Општина Карпош, а општината им даде согласност за поставување рампа, а трошоците за поставување на истата се на нивни трошок. Затворањето на улицата е недозволиво, за тоа немаат добиено согласност и тоа мора да се корегира. Точно е дека овие станари имаат проблем што други граѓани им се паркираат на нивниот паркинг и нормално е да бараат да бидат заштитени, но сето тоа не смее да биде на штета на другите граѓани – објаснуваат од Карпош за „Слободен печат“. Оттаму додаваат дека жителите на овие згради немаат каде да ги паркираат возилата затоа што им се паркираат други граѓани, па дури и камиони кои испорачуваат стоки во маркетот, но тврдат дека веднаш ќе реагираат доколку се затвори уличката. Сепак, нема одговор зошто сега не преземаат нешто кога веќе знаат дека се сече тротоарот, со што се уништува јавно добро. Еден од поголемите проблеми со коишто се соочуваат карпошани е недостигот на слободни места за паркирање, особено во населбите Карпош 1 и 2, во Порта Влае, во Лептокарија и кај Млечен. Во предизборната кампања актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски најавуваше дека проблемот ќе го решава со изградба на катни гаражи во најзасегнатите населби, а во Карпош 1, населбата која е претворена во паркиралиште за сите оние кои работат или одат на гости во Центар, највени беа дури три монтажни гаражи. Досега од тоа нема ништо. Уште во мандатот на претходниот градоначалник Стефан Богоев, по многубројните поплаки од жителите на Карпош 1 и 2 се ветуваше зонско паркирање во овие населби, а ваквата идеја беше поддржана и од Јакимовски кој дури најави дека зонско ќе се воведе во Карпош на целиот потег помеѓу Рузвелтова и булевар Осми Септември. И од тоа досега нема ништо. Жителите на Карпош 1 и 2 и понатаму по половина час вртат низ населбите во потрага по паркинг место, а чести се обидите со празни канти да се чуваат места за паркирање, што доведува до расправии помеѓу соседите. Граѓаните што поскоро очекуваат некакво решение и исполнување на ветувањето, за да не се случи по примерот на жителите од зградите кај Атинска да почнат да ги затвораат улиците со рампи. https://www.slobodenpecat.mk/zhitelite-so-rampa-zatvoraat-del-od-ulica-vo-taftalidzhe-za-da-si-obezbedat-parking-mesta-opshtina-karposh-tvrdi-ne-dala-takva-dozvola/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Мислам дека кога тотално ќе се блокираат булеварите и улиците во Аеродром, МОЖЕБИ тогаш општината ќе смисли решение за проблемов со паркирање.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Откако за кратко време Аеродром се наполни со нови кафичи особено Стар Аеродром и Мичурин ова е редовна појава на бул.К.Ј.Питу
Од твитер ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПОВТОРНО СЕЧА НА ДРВЈА ЗА ПАРКИНГ ВО ТЕТОВО
![]() Повторно во Тетово се сечат дрвјата во градот, овојпат вчера беа исечени во комплексот познат како Стара пожарна. Оваа најнова сеча на дрвјата ја осудуваат и граѓаните и еколошките друштва. „До кога аматери и кусогледи луѓе ќе ги кројат општинските политики? Кога ќе го исечете и последното дрво во градот и кога ќе ги бетонирате последните тревници, како тога ќе обезбедувате нови паркинг места? Дури тогаш ќе сфатите дека упропастувањето на тие малку зелени површини во градот за да се обезбеди некое паркинг место повеќе, не е и не може да биде решение за сообраќајниот метеж во градот“, реагираат од иницијативата „Тетово сака парк“. Од Секторот за комунални дејности на Општина Тетово велат дека на овој простор било предвидено да се направат 100 паркинг места и дека тоа било по барање на граѓаните кои живеат во улицата Димо Гавроски-Кара позади Стара Пожарна, кои барале поправка на целата улица, поплочување со бетонски плочки, поставување улични светла и уредување на паркингот. „Секторот за комунални дејности и заштита на животна средина и природа, според планот за реализација на јавните паркиралишта за 2022 година, на тоа место планирал реализирање на 100 затворени паркинзи. Според ДУП за блок 37, изготвен е основен сообраќаен проект за паркинг простор и за воведување на зонско паркирање. Целата работа е во координација со граѓаните што живеат на истата улица и се одвива без никакви проблеми“, соопшти Секторот за јавни дејности на Општина Тетово. Пред неколку месеци, при реконструкција на улицата Мирче Ацев во центарот на градот беа исечени дваесетина големи дрвја кои беа на улицата што предизвика голем револт кај тетовци. На нивно место набрзо беа посадени нови садници, но на нив ќе им требаат години за да го вратат стариот изглед на улицата која важеше за една од најзелените во градот https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/povtorno-secha-na-drvja-za-parking-vo-tetovo/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СТАНАРИТЕ СО ПРОТЕСТ В ЧЕТВРТОК ЌЕ ГИ БРАНАТ ГАРАЖИТЕ КАЈ ЈАТ ШТО САКА ДА ГИ УРНЕ ОПШТИНА БИТОЛА Уривањето на помошните објекти – гаражите позади зградите на некогашен ЈАТ во Битола е планирано за четврток, според известувањето што од Општинскиот инспекторат го добија станарите на околните згради. Тие најавија дека ќе организираат протести и нема да дозволат рушење, а од Општината велат дека се завршени потребните законски процедури за почеток на отстранувањето на времените објекти. Станарите се сомневаат дека на местото, во строгиот центар на градот, ќе никне катна гаража на четири ката, а издувните гасови ќе им одат директно во нивните балкони. „Тоа се гаражи што се користат само за лични потреби на станарите во последните 50 години. Ги добија како обесштетување за куќите и гаражите што им беа рушени во 1970 година. Тоа се гаражи за кои дел станари две децении плаќаат засебна ставка. Штетата ќе ја осетиме 80 станови (320 станари) кога нашиот мирен простор за живот ќе стане катна гаража, јавен паркинг простор или можеби ветен станбен простор од 4-5 ката“, се вели во соопштението на станарите од зградите на улиците Димитар Илиевски- Мурато и Јосиф Христовски. Тие потсестуваат дека и за времето на претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Талески имаше таква идеја таму да се изгради катна гаража, но станартите се спротивставија и не се реализира. „Бараме да го видиме идејнотото решение, градежениот проект или сообраќајното решение на она што е планирано да се гради на просторот зад зградите. А тоа, никој од надлежните институции до денес не им го дава за можност или како законско право“, се вели во соопштението. Од Општина Битола велат дека ги носат своите програми за работа во согласност со потребите на жителите, а спровеле и сондажа на јавното мислење. По направеното испитување на јавното мислење, во однос на дивите гаражи во градот на прашањето дали ви пречат дивите гаражи, 85 % од анкетираните се изјасниле со „да“, а 15 % со „не“. Граѓаните беа запрашани и дали просторот од дивите гаражи треба да биде уреден за паркирање, 75 % се изјасниле со „да“, а 25 % со „не“. „По сондирањето на јавното мислење, во мај оваа година, беше донесена Одлука на Совет за рушење на постоечки објекти, со која просторот зад зградата околу 1.500 метри ќе биде преуреден. Општинскиот инспекторат ги презеде потребните мерки и ги извести станарите за постапките кои ќе следуваат, со што се завршени потребните законски процедури за почеток на отстранувањето на гаражите зад зградата кај поранешен ЈАТ“, соопштија од Општината. Додаваат дека на оваа локација ќе понудат соодветно прифатливо решение за станарите, кои ќе можат да ги паркираат своите возила, но на уреден урбан простор, каков што доликува на централното градско подрачје. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/stanarite-so-protest-v-chetvrtok-ke-gi-branat-garazhite-kaj-jat-shto-saka-da-gi-urne-opshtina-bitola/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Генијалци!
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
„Градски паркинг“ лани издал над 15.000 нови бесплатни дозволи за паркирање, а отворил само 38 паркинг места [инфографик]
![]() https://meta.mk/gradski-parking-lani-izdal-nad-15-000-novi-besplatni-dozvoli-za-parkiranje-a-otvoril-samo-38-parking-mesta-infografik/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Паркинзи од една страна, урбана опрема од друга – а пешаците каде?
![]() БОРБА ЗА ПАРКИНГ-МЕСТО ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР, СКОПЈЕ Општина Центар е една од локалните единици на самоуправа каде што има најголем проблем со паркинг-простор. Поради атрактивноста на општината, многубројните локали, фирми, продавници и други атрактивни локации, во оваа скопска општина се бара паркинг плус. Ситуацијата е најсериозна на локациите каде што се сместени голем број угостителски објекти, чии посетители ги паркираат своите возила во непосредната близина на локалите во кои седат. Дополнително, угостителите за време на летниот период поставуваат летни тераси, кои ги оградуваат за да не им пречат минувачите, па пешаците веќе немаат каде да се движат. Ниту можат да се движат на улица, поради возилата, ниту пак на тротоарите, кои се делумно заградени за употребен простор од страна на угостителите. Ваквиот проблем, на штета на пешаците, станува алармантен, па токму затоа општинските власти одлучија да се зафатат со решавање. ПРОСТОР ЗА ВОЗИЛА, ЗА ЛЕТНИ ТЕРАСИ, А ЗА ПЕШАЦИ НИКАДЕ?! Никој не ни можеше да замисли колку проблеми ќе произлезат од отворањето на Боемска улица 2 пред неколку години. Во Редакцијата граѓаните постојано алармираат дека немаат каде да пешачат на оваа улица, бидејќи таа е преполна со маси, столчиња и автомобили. – Со количка и мало дете немам каде да се движам. Преблокирана е улицата, што од возила што од летни тераси. Некои од угостителите дури и си ги заградиле терасите, за ние, пешаците, да не им пречиме и да не се движиме помеѓу гостите. Да, знам дека сите сакаат со возило да одат што поблиску до локалот, а угостителите сакаат да имаат што е можно повеќе маси, но мора да се мисли и на нас пешаците – вели Мила Јордановска, мајка на бебе, која неодамна шетала на оваа атрактивна улица во Центар. Дека како граѓани немаме никаква сообраќајна култура говори и фактот што долго време на булеварот Партизански одреди се правеше огромна редица од паркирани возила со вклучени четири трепкачи, само за посетителите на едно кафуле да го испијат своето кафе. Тоа беше проблем што траеше долго време, сѐ додека надлежните не одлучија неговото решавање да биде во соработка со полицијата, која строго ги санкционираше сите непрописно паркирани на булеварот. – Никаде во светот возачите не се однесуваат како што се однесуваат тука. Да можат, со автомобилите ќе влезат буквално во дворот на локалите. Блокираат цели булевари и улици, пешачки и велосипедски патеки, само да не пропешачат некој километар. Никој не смее да трпи на сметка на возачите, кои го имаат речиси половина Скопје во паркиралишта – вели Благоја Манески, велосипедист, кој редовно со својот велосипед оди на работа во скопски Центар. БОЕМСКА 2 ЌЕ СЕ ЗАТВОРИ ЗА СООБРАЌАЈ Општинските власти велат дека поради безбедносни причини на улицата Боемска 2, по иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски, се одржале неколку работни состаноци со сообраќајната полиција за наоѓање решение за моменталната состојба. – По иницијатива на градоначалникот, со поддршка на претставници од сите советнички групи од Советот, поднесено е барање за затворање на улицата Боемска 2 за автомобилски сообраќај. Во моментов се разгледува барањето од сопствениците на локали за измени на постојниот правилник, по кој моментално постапува и Општина Центар, и донесување нов, ревидиран правилник за поставување урбана опрема. Барањето на угостителите е поддржано од дваесетина советници во Советот и е во процедура. Сопствениците и управителите на локалите започнаа да поднесуваат барања за поставување урбана опрема по постојниот правилник до Општината и доколку ја поседуваат целата потребна документација и е испочитувана постапката, Општината ќе им издаде одобренија за користење јавна површина – информираат општинските власти. ЖИТЕЛИТЕ КОНЕЧНО СО ПАРКИНЗИ ПРЕД ЗГРАДА Проблемот со паркирање во оваа скопска општина е толку сериозен, што јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар одлучи да воведе резидентно паркирање на улицата Орце Николов во Дебар Маало, за да им овозможи на жителите на оваа улица непречено да паркираат пред паркинзите лоцирани пред нивните домови. – Во согласност со одлуката за усвојување на правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење за Општина Центар-Скопје на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје, паркиралиштата на ул. Орце Николов (на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до ул. Рузвелтова) ќе бидат резидентни паркиралишта наменети за станарите и жителите што живеат во опфатот на станбените единици со непарни броеви од бр. 69 до бр. 147 и со парни броеви од бр. 84 до бр. 146. Сите жители што живеат на оваа улица и поседуваат сопствено патничко моторно возило треба да извадат повластена паркинг-карта преку мобилната апликација на ПОЦ, веб-платформата www.poc.mk или во катната гаража „Судска палата“. Жителите што веќе поседуваат повластена паркинг-карта за Зона Ц треба да направат промена на зоната за да можат непречено да ги користат резидентните паркиралишта – информира ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар. По донесувањето на оваа одлука, жителите на оваа улица велат дека конечно ќе можат да најдат паркиралиште што нема со километри да биде оддалечено од нивните домови. Тие велат дека проблемот им бил доста сериозен, бидејќи на оваа улица, исто како и на Боемска, има голем број атрактивни угостителски објекти, чии посетители ги паркирале своите возила, па тие, како жители на оваа улица, морале да паркираат на околните улици. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/parkinzi-od-edna-strana-urbana-oprema-od-druga-a-peshacite-kade/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Овие вакви шупи мора подитно да ги снема од јавни површини. Све се дивоградби некави, на држвано земјиште, руинирани, грди. Ако нешто го карактеризира источно Европскиот урбан "пејсаж", тоа е се овие грдотии.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА БИТОЛА ЌЕ ИМА ПАРКИНГ НАМЕСТО ЛИМЕНИТЕ ГАРАЖИ КОИ УЗУРПИРААТ ЗЕМЈИШТЕ
![]() Во строгото централно јадро на Битола, на просторот зад зградите на ЈАТ и Пионерскиот дом, ќе има паркинг, одлучи општинскиот Совет. Од советничкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ беше кажано дека тоа ќе значи партерно уредување на местото и паркинг, а ќе се отстранат лимените гаражи со кои е узурпирано земјиштето. „Се почна со рушење на објектот на стариот суд за прекршоци, со цел да се ослободи тој простор и на другот дел има буквално узурпирано земјиште од луѓе кои што си направиле гаражи. Тие ќе ги нема. Сфаќате, како да ви кажам, ќе ги нема. Не може некој во центарот на градот да со прави таму гаражи, да ги изнајмува или било што да прави. Законот ќе почне да важи од ЈАТ“, предупреди од советничката говорница Бојан Бојкоски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Од опозиционАта СДСМ рекоа дека за да се оствари планот исечени се долгогодишни дрвја, а потсетија и дека на истото место пред десет години ексградоначалникот Владимир Талески планираше да прави катни гражи, но се спротивствија жителите од околните згради. „Во 2012 година започнавте еден таков процес. Тогаш влезот во катната гража ќе беше низ влезовите на зградите кои се сопственост на станарите. Тоа не го изведовте, сега повторно со истото размислување. Сега влезот ќе биде од другата страна, од кај Пионерски дом. Заборавивте дека таму е амбиенталната улица Рузвелтова, со коцка“, рече советникот Борче Корлевски. Претседателката на Советот, Габриела Илиевска од Поинаку, рече дека ова ќе значи средување на тој дел од градот. „Таму по ДУП е катна гаража. Сакаме Битола да ја средиме или не сакаме? Зборуваме за партерно уредување зад ЈАТ, ќе има паркинг места и ќе заличи местото. Во 80 проценти од тие гражи не се паркира. Се чуваат како визби, магацини и дел од нив се издаваат. Колку и да звучи популистички некогаш, на Битола ѝ требаат револуционерни одлуки. Револуционерните одлуки подразбираат некогаш и носење на тешки одлуки за некои граѓни, но не се спротивни на законот“, рече Илиевска. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-strogiot-tsentar-na-bitola-ke-ima-parking-namesto-limenite-garazhi-koi-uzurpiraat-zemjishte/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Ајде ајде, нека не перат раце од бизнис заедницата. Ѓубриња општински! Па кој цртал гуп/дуп? Кој продавал државно земјиште? Кој наплатил комуналии? И на крај по стариот соц-комуниситчки терк, "богаташите лоши" се криви, народни приказни секад мора "чорбаџијата" да е кривиот. Ајде носете се у пичку матер!
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
НА ДИВО ИСЕЧЕН ДРВОРЕД ЗАРАДИ ПАРКИНГ ВО ВИНИЦА, ОПШТИНАТА ДОПРВА ЌЕ ИСПИТУВА КОЈ СЕЧЕЛ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ
![]() Улицата Партизанска во Виница при крајот на април остана без дрворедот што се простираше по тротоарот покрај поранешната текстилна фабрика „Трико“ која пред четири години пропадна. Сега на Партизанска, на местото каде со години беше дрворедот од неколку видови дрвја, има празен простор кој се поплочува. Општинските власти не знаат кој ги исекол дрвјата и допрва ќе испитуваат. Работниците кои изведуваа работи рекоа дека градат паркинг и дека тоа место е на компанија која се подготвува да произведува чоколада. Работниците немаа сознанија кој го исекол дрворедот. Тие, не можеа ништо да кажат ниту за спомен-бистата на народниот херој Кирил Михајловски-Груица (1918-1991) која пред изградбата на бетонскиот зид имаше пристојна местоположба, но сега со подигнувањето на бетонските столбови е како во зандана и доаѓа зад оградата опкружена со бетонски столбови. Раководителот на Секторот за урбанизам и заштита на животната средина во Виница, Киро Довичински, вели дека Општината не издала никаква дозвола за сечење на дрворедот, ниту пак некој побарал. Градоначалникот на Виница, Миле Петков рече дека овој простор е на Општината, односно е државно земјиште, а за просторот зад оградениот зид има постапка за привитизирање. За сечењето на дрворедот бил издаден налог комуналниот инспектор и останатите од инспекторатот за животна средина да го испитаат случјот и да преземат мерки според законот. „Тоа што овој простор од улицата ќе се адаптира и во паркинг за потребите на новата фабрика не значи дека улицата ќе остане без троатоар, туку ќе ги има и двете функции и место за паркирање и простор за тротоар неопходен за минување“, вели Петков. За спомен-бистата на народниот херој Кирил Михајловски-Груица, виничкиот градоначалник рече дека воопшто не е проблем за неа и тие веќе почнале да размислуваат за дислокација во истиот тој реон од градот. Жителите од улицата Партизанска спроти фабриката и новиот паркинг со негодување зборуваат за исечениот дрворед. „Не знаеме како се случи сите дрвца од спротива да бидат исечени. Не знаеме што се прави, но чувме дека новиот објект ќе произвидува чоколади. Среќни сме што од страната каде се наоѓаат нашите куќи по тротоарот стои дрворедот кој многу ни значи за нашата животна средина“, велат жители кои живеат на улицата Партизанска во Виница. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/na-divo-isechen-drvored-zaradi-parking-vo-vinitsa-opshtinata-doprva-ke-ispituva-koj-sechel-na-drzhavno-zemjishte/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СКОПСКИОТ ПАРК ИБНИ ПАЈКО ПРЕТВОРЕН ВО ПАРКИНГ, СЕКОЈ ДЕН СЛОБОДНО СЕ ПАРКИРААТ ПО 30-ТИНА КОЛИ
![]() Паркот Ибни Пајко зад зградата на Филхармонија во строгиот центар на Скопје е претворен во паркинг. Над 30-тина возила секојдневно се паркираат на пешачките и велосипедските патеки, но и во зеленилото. Ваквата слика на паркот, кој беше направен пред три години, а пред тоа беше див паркинг, е од утро до вечер. Наутро се паркираат вработените во институциите наоколу, попладне родителите кои ги носат децата во музичкото училиште “Илија Николовски Луј”, а навечер гостите од кафулињата во Чаршијата. Колите слободно се паркираат оти никој не ги казнува ниту пајакот ги крева непрописно паркираните возила. Директорот на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски пред една недела се пожали дека пајакот не може да крева погрешно паркирани коли, бидејќи од Министерството за внатрешни работи не им даваат полицајци. За да може пајак службата да подигне неправилно паркирани возила мора да оди во придружба со полиција, која всушност ја пишува казната, а пајакот го отстранува возилото. Христовски рече дека министерот Оливер Спасовски му прави опструкции и затоа не можат да ги решат поплаките од граѓаните и проблемите со паркирани коли низ градот. Град Скопје на 10 јуни 2019 го отвори новиот парк Ибни Пајко. Паркот е со површина од околу 11.000 квадратни метри, со 7. 500 метри квадратни трева со прскалки и системи за наводнување кои работат на принципот „капка по капка“. При уредувањето на овој запуштен простор се зачувани затекнатите 12 дрвја кои постоеја на оваа локација, а засадени се нови 85 дрвја. Покрај подигнатото зеленило, во паркот се изградени и пешачки патеки, сервисна улица збогатена со улична уметност, а на ѕидот на Средното музичко училиште нацртан е мурал. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopskiot-park-ibni-pajko-pretvoren-vo-parking-sekoj-den-slobodno-se-parkiraat-po-30-tina-koli/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Надлежните не знаат кој стопанисува и наплаќа за паркирање без фискална на паркинзите на Бит-пазар!
![]() Пазарната инспекција ќе провери кој стопанисува и наплаќа на паркинзите околу Поликлиниката „Бит-пазар“, на кои со години илјадници возила се паркираат, а фискални не се издаваат! Од Општина Чаир, на чие подрачје се наоѓаат паркинзите (со поставени рампи и куќарки и се наплатува, како на кој, 50 денари час за паркирање или 50 денари за цел ден), не знаат кој стопанисува со нив, но велат дека се на државно земјиште. На возачите кои ќе дојдат да се паркираат на некој од трите паркинзи, луѓето што работат таму веднаш им наоѓаат место, но наместо да им издадат фискална сметка за тоа, им пишуваат 50 денари на парагон-блокче или, пак, само им ги земаат парите. Се работи за голема сума пари која се врти секојдневно, со оглед дека овие паркинзи се секогаш пребукирани со возила. Каде одат парите?! Пазарната инспекција ќе ги провери паркинзите околу поликлиниката „Бит-пазар“ на кои со години се паркираат возила, а не се издаваат фискални сметки. Од Општина Чаир, на чие подрачје се наоѓаат паркинзите, а на кои се поставени рампи и куќарки и се наплатува 50 денари за час паркирање или 50 денари за цел ден (како на кој), не знаат кој стопанисува со нив, но додаваат дека тие се на државно земјиште. – Водејќи се од програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Чаир за 2022 година, согласно со Генералниот урбанистички план на Град Скопје и Деталниот урбанистички план на Општина Чаир, во наведените парцели е предвидена изградба на катна гаража и зграда за користење на јавни институции. Согласно со правните норми и законските надлежности и ингеренции, на територијата на Град Скопје за стопанисување со јавните паркинзи и катните гаражи е надлежно јавното претпријатие „Градски паркинг“ – одговорија од Општина Чаир за весникот ВЕЧЕР, на нашето прашање кој стопанисува со паркинзите зад и околу Поликлиниката „Бит-пазар“ и каде одат парите со оглед дека не се издаваат фискални сметки. Побаравме одговор од повеќе надлежни институции, но тие ја префрлаа топката од еден на друг, а конкретен одговор нема. На возачите кои ќе дојдат да се паркираат на некој од трите паркинзи, луѓето што работат таму веднаш им наоѓаат место, но место да им издадат фискална сметка за тоа, им пишуваат 50 денари на парагон-блокче или, пак, само им ги земаат парите. Од Управата за јавни приходи велат дека се ненадлежни во конкретниот случај, но додаваат дека без разлика дали станува збор за јавни претпријатија за стопанисување со паркинзи или за приватни паркинзи кои вршат дејност на наплата, останува обврската за воведување фискален систем на опрема и издавање фискални сметки. При тоа, упатуваат на Државниот пазарен инспекторат. – Управата за јавни приходи, како даночен орган, има надлежност кај регистрирани даночни обврзници кои вршат промет или даваат услуги со плаќање во готово да утврди дали издаваат фискални сметки. За нерегистрирано вршење дејност, надлежна институција, според Законот за забрана на вршење на нерегистрирана дејност, е Државниот пазарен инспекторат согласно со кој, при затекување на нерегистриран даночен обврзник, изрекува глоба и го задолжува да се регистрира во рок согласно со Законот – е одговорот од УЈП. А од Државниот пазарен инспекторат, на којшто упатија од УЈП, изјавија дека ќе извршат контрола. – Нашите инспектори ќе излезат на терен и ќе утврдиме за што се работи. Ќе се координириме и со останатите инспекторати за да се утврди кој точно стопанисува. Инаку, дозвола за користење на паркинзи издава Министерството за транспорт и врски. Наедно, и Инспекцискиот совет, исто така, може да организира координирана акција за да се открие за што, всушност, станува збор – ни изјави директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска-Димоска. Од Министерството за транспорт и врски, пак, велат дека немаат врска со паркинзите и упатија одговорот да го бараме кај Град Скопје или кај Општина Чаир. И така во круг, како што, веројатно, се вртат и парите што се собираат од овие паркиралишта. За ненадлежни се огласија и од јавното претпријатие „Градски паркинг“, од каде што велат дека тие немаат врска со стопанисувањето со овие паркинзи. https://www.vecer.press/надлежните-не-знаат-кој-стопанисува-и/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Кај Блок Кафе во Аеродром,откако им ставија столбчиња на тротоарот се префрлија да паркираат тука
![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 47> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |