![]() |
![]() |
![]() |
Хотел Плаза - Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Пак излегоа со реакција од Општина Центар и пак ќе го стопираат градењето.Незнам што е поентата објектот од месец на месец си добива по една плоча а во меѓувреме е стопиран.
Да не беше денешното бетонирање на плоча можеби немаше ни да реагираат,а изминативе две недели интензивно се армираше. Срамота среде град неможат да се справат со едно градилиште... |
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Од Твитер: ![]() ![]() ![]() Од рушењето на ТЦЦ Плаза: ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Тука пак почнале...се надевам ќе се сетат да истакнат табла и да не прекинуваат веќе
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Општина Центар допрва ќе бара фирма за уривање дивоградба што требаше да се урне во февруари
![]() Се сеќавате на одговорот на Општина Чаир за дивоградбата кај ТЦ Мавровка? И таму се распишува тендер за фирма за уривање не само на оваа дивоградба, туку и за други дивоградби на територијата на општината. Ова изгледа им е некаков модел во одговорите на општините за наводното уривање на дивоградбите. Општина Центар на 26 февруари издаде решение за уривање на дивоградбата со габарит 61х34,5 метри. Рокот за уривање беше три дена. Цели 6 месеци потоа, Општина Центар ни одговори дека допрва ќе бара фирма за уривање. Што се чека? Се чека предлог-планот за Мал Ринг, за да може некако оваа дивоградба да стане легална. Меѓутоа, ако сè оди според законот, во предлог-планот Мал Ринг оваа градба и не треба да постои затоа што би требало веќе да е урната. Затоа што, според решението на истиот тој оддел на урбанизам во Општина Центар, рокот за уривање во февруари бил три дена и инвеститорот морал да постапи без никакви одлагања. Инвеститор на градбата на улицата Даме Груев 35а, поранешно БЕКО, или локацијата каде што беше хотелот ТЦЦ Плаза, е Борис Стојменов, поранешен министер за финансии и сопственик на „Економско биро“. Тој за време на последната интервенција на инспекторите во придружба на полицијата на 25 јули годинава изјави дека општинарите му барале мито од 1 милион евра. Тој ден овластен градежен инспектор на Општина Центар констатирал дека инвеститорот не го почитува решението за уривање. На 28 април овластениот градежен инспектор носи заклучок со кое решението е извршно. На 8 мај со записник од извршен инспекциски надзор, градежна инспекција на Центар го затвора градилиштето, кое е оградено, поставена е лента за спречување на натамошна изградба и на јавно место е истакнато дека е затворено од градежна инспекција, а инвеститорот има рок од 30 дена да ја усогласи натамошната изградба или да ја отстрани градбата. „Да ја усогласи натамошната изградба“? Значи веќе нема рок за уривање, туку се остава простор за некакво усогласување. И сега почнува лавиринтот на уште едно озаконување дивоградба. Уривањето на стариот објект БЕКО беше образложено со проблеми во статиката на објектот. Откако се реши статиката, се урна стариот објект, се доби на габаритот на новиот објект, многу поголем од веќе урнатиот објект. И во висина - приземје плус 7 ката. Во планот за Мал Ринг, кој допрва треба да се усвојува, пишува дека „во границите на планскиот опфат за кој се работи предметнава планска документација има изведено бесправна градба, односно градби без соодветна техничка документација. Согласно член 14 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 51/05, 137/07, 24/08, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11) во тие површини не се утврдуваат услови за идна градба. Површината каде има изведено бесправна градба изнесува 381м2“. Скопската општина Центар уште во февруари годинава на инвеститорот на објектот кај БEKO му издаде решение за отстранување на дивоградбата, со рок од три дена сам да ја отстрани. Тоа, се разбира, не е сторено, а денеска Општината на прашање на МКД.мк одговори дека „во наредниот период ќе распише јавна набавка за избор на соодветна фирма за уривање, која ќе постапува не само во однос на таа дивоградба, туку и по други решенија за отстранување на други дивоградби“. Што се чекаше цели 6 месеци, за време на кои инвеститорот, со прекини, си продолжи со градењето? https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/opshtina-centar-doprva-kje-bara-firma-za-urivanje-divogradba-shto-trebashe-da-se#1 Edited by stef4o - 26-Aug-2020 at 15:52 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Борис Стојменов ја обвини Општина Центар дека му бара мито за ТЗЗ „Плаза“, Богдановиќ бара извинување
Инцидент во строгиот центар на Скопје се случи денес откако на градилиштето кај ТЗЗ „Плаза“ (поранешно „Беко“), интервенираа полиција и градежен инспектор на Општина Центар кои спречија градежни работници да продолжат со градба на објектот за кој општината тврди дека нема соодветна документација. На градилиштето беше присутен и сопственикот на локацијата екс министерот за финансии Борис Стојменов, кој ја обвини Општина Центар дека му барала мито од еден милион евра за да продолжи со работа на локацијата на која е предвидено да се гради деловен објект. „Четири години со платени комуналии, платено сѐ, не може да градиме затоа што бараат милион евра мито. Не им давам мито“, изјави тој за ТВ21. „Ние имаме одобрение од 2016 година, ни правеа проблеми имаме судска пресуда каде е докажано дека е во ред да се гради од Управен суд. И сега тука упаѓаат надвор од закон надвор од сѐ. Ова само го има во Македонија. Полиција да се меша во градење, тоа е нонсенс“, додаде Стојменов. Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во реакцијата вели дека доколку некој му побарал мито на Стојменов и има докази за тоа, случајот треба да го пријави во јавното обвинителство. Истовремено, како што додава, бара од Стојменов јавно извинување за изнесените тенденциозни тврдења, а во спротивно ќе поднесе соодветни пријави. Богдановиќ преку Фејсбук истакна дека денешната акција на надлежните институции била поради тоа што инвеститорот не го почитувал решението за отстранување на градба кое било донесено уште на 26 февруари годинава. „Инвеститорот не поседува одобрение за градење на градбата. Во определените три дена инвеститорот не ја остранил градбата и затоа, на 28.04.2020 година овластениот градежен инспектор носи заклучок со кое решението е извршно. Инвеститорот со заклучокот требал сам да ја отстрани градбата во спротивно, тоа ќе се стори по административен пат на сметка на инвеститорот“, вели Богдановиќ. Тој додава дека на 08.05.2020 година со записник од извршен инспекциски надзор, градежна инспекција на Општина Центар го затвора градилиштето кое е оградено, поставена е лента за спречување на натамошна изградба и на јавно место е истакнато дека е затворено од градежна инспекција, а инвеститорот има рок од 30 дена да ја усогласи натамошната изградба или да ја отстрани градбата. Овој заклучок е поради фактот дека инвеститорот и покрај претходно донесените заклучок и решенија продолжил со градба на објектот. И покрај сѐ, инвеститорот самоволно ја отстранил лентата за заградување на објектот и служебниот знак со кој е затворено градилиштето и продолжил со градба, наведува Богдановиќ. Инвеститорот и покрај тоа што е донесено решение и заклучок за уривање, и затворање на градилиштето по член 136 од Законот за градење, на насилен начин го отстранил знакот за затворање на градилиштето. Поради тоа во присуство на полиција денеска од градилиштето се отстранети затекнатите работници и согласно закон, против инвеститорот ќе се поведе постапка пред надлежните органи, вели Богдановиќ на Фејсбук. Инвеститор е Друштво за економски консалтинг – „Економско биро“ ДОО Скопје, кој на местото на некогашнагта стоковна куќа „Беко“ гради деловен простор – објект од втора категорија со димензии 61 на 34,5 метри. (Н.В.) https://nezavisen.mk/boris-stojmenov-ja-obvini-opshtina-centar-deka-mu-bara-mito-za-tzz-plaza-bogdanovikj-bara-izvinuvanje/ |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
оДстрани бе
![]() Остана ли некој писмен во државава |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Лажна загриженост кобајаги за дивоградбите. Заради немоќта институциите да се справат во дивоградбата во Маквровка сега ќе се обидат да си исперат рацете преку овој објект. Губите гласови, џабе ви е обидов, дури е контрапродуктивен!
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ИНЦИДЕНТ НА ГРАДИЛИШТЕТО НА „БЕКО“, ИНВЕСТИТОРОТ СТОЈМЕНОВ СЕ КАРАШЕ СО ИНСПЕКТОРИТЕ ОТИ ГРАДИ БЕЗ ДОЗВОЛА
![]() Инспектори заедно со полиција утрово интервенираа на градилиштето на ТЦЦ „Плаза“ поранешно „Беко“ во центарот на Скопје, за да ја стопираат градбата на објектот. Веќе неколку недели, работници за време на викендите изведуваат градежни работи за хотелот иако инвеститорот Борис Стојменов нема дозвола за градба од Општина Центар, бидејќи на сила е мораториумот. Откако полицијата ги запре градежните работи, на градилиштето дојде Стојменов кој се караше со инспекторите, велејќи им дека немаат право да ги стопираат работите и обвинувајќи дека Општината му барала мито од еден милион евра и затоа не му се дава да гради. Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека ваквите обвинувања на Стојменов се целосно навистинити. „Веќе неколку пати му е издадено решение за стопирање на градежните работи, но и покрај тоа се гради. Повикувам Обвинителството да излезе на терен и да поведе постапка. Додека не се донесе новиот план Мал ринг не смее да се гради”, вели Богдановиќ. Граѓани кои пријавуваат во медиумите и во инспекцијата, како и околните жители, велат дека инвеститорот не ја почитува забраната за градба и во градилиштето се изведуваат градежни работи за викенд кога нема инспекција. Објектот на ТЦЦ „Плаза“ сопственикот го урна пред две години, бидејќи од претходното раководство на Општина Центар на чело со градоначалникот Андреј Жерновски добил дозвола за доградба и надградба на објектот. Но при почетокот на градежните работи му било кажало дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата, па затоа го урна објектот, со намера да го гради одново. За да гради нов објект од темел, треба да добие нова дозвола за градба. Но, бидејќи Општина Центар го воведе мораториумот за градба инвеститорот не смееше да гради и немаше добиено градежна дозвола. И покрај тоа, во мај лани почна со градежни работи, беше поставена дури и втора плоча, а беа поставени и арматури за носечките столбови. По пишувањата на САКАМДАКАЖАМ.МК, Општина Центар во јуни 2019 му достави решение за стопирање на градбата. Градоначалникот Богдановиќ вели дека градежна дозвола ќе добие откако ќе се донесе новиот план за Мал ринг, но инвеститорот не попушта и си гради велејќи дека има дозвола од Жерновски дадена пред мораториумот. За планот Мал ринг во тек е јавната анкета, а во средата имаше јавна презентација. Колкава ќе биде висината на објектот од Општината велат дека ќе се знае кога ќе се заврши изработката на новиот детален урбанистички план, но постојано уверуваат дека нема да добие поголема висина од претходната. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/intsident-na-gradilishteto-na-beko-investitorot-stojmenov-se-karashe-so-inspektorite-oti-gradi-bez-dozvola/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Денеска овластен градежен инспектор на Општина Центар, заедно со раководителот на Сектор за инспекциски работи во присуство на овластени лица од ПС Центар, согласно член 136 од Законот за градење, излегоа на терен и констатираа дека инвеститорот ДРУШТВО ЗА ЕКОНОМСКИ КОНСАЛТИНГ – ЕКОНОМСКО БИРО ДОО Скопје не го почитува Решението од 26.02.2020 година за отстранување на градбата – Деловен простор – објект од втора категорија со димензии 61,00 м x 34,50 м, кој се гради од армиранобетонска конструкција на улица Даме Груев бр.35А и службениот знак за затворање на градилиштето.
Инвеститорот не поседува одобрение за градење на градбата. Во определените три дена инвеститорот не ја остранил градбата и затоа, на 28.04.2020 година овластениот градежен инспектор носи заклучок со кое решението е извршно. Инвеститорот со заклучокот требал сам да ја отстрани градбата во спротивно, тоа ќе се стори по административен пат на сметка на инвеститорот. На 08.05.2020 година со записник од извршен инспекциски надзор, градежна инспекција на Општина Центар го затвора градилиштето кое е оградено, поставена е лента за спречување на натамошна изградба и на јавно место е истакнато дека е затворено од градежна инспекција, а инвеститорот има рок од 30 дена да ја усогласи натамошната изградба или да ја отстрани градбата. Овој заклучок е поради фактот дека инвеститорот и покрај претходно донесените заклучок и решенија продолжил со градба на објектот. И покрај се инвеститорот, самоволно, ја отстранил лентата за заградување на објектот и служебниот знак со кој е затворено градилиштето и продолжил со градба. Инвеститорот и покрај тоа што е донесено решение и заклучок за уривање, и затворање на градилиштето по член 136 од Законот за градење, на насилен начин го отстранил знакот за затворање на градилиштето. Поради тоа во присуство на полиција денеска од градилиштето се отстранети затекнатите работници и согласно Закон, против инвеститорот ќе се поведе постапка пред надлежните органи. ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Полиција во центарот на Скопје ги избрка градежните работници, екс министер за финансии се скара со полицајците, тврди дека има документи и дека му бараат мито од 1 милион евра
https://tv21.tv/mk/izbrkani-gradezhni-rabotnitsi-od-tsentar-sopstvenikot-tvrdi-deka-hotelot-ne-e-divogradba-i-obvini-za-barane-mito-od-1-milion-evra/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Значи секаде каде заврши мораториумот наместо кратење се добива плус катност и маркици типичен пример е Ново Маало а еве и тука хотелов требаше да биде прво П+6 сега е П+7 а збореа дека немало да дозволат многу да се оди во висина. Така да џабе е целиот процес кога нема некое подобрување во поглед на планирање на просторот.
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
П+7 H=28
![]() |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ако не грешам и хотелов спаѓа под Мал Ринг,неможам да видам колкава катност му дозволија,ќе има ли потреба од менување на проектот или ќе се продолжи по старо.?
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Од колумната „Застрашувачка неодговорност“ на Теодосиевски. Конкретно се осврнува на ковидиотската будалаштина во Струхан, но важи и за сите сегменти на ффиромското општество, а може да се повзе и со веста погоре:
Edited by Staro Skopje - 10-May-2020 at 18:15 |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Тука сметам дека мораториумот кој веќе долго време владее над делови од општината го навлече бесот на инвеститорите не само за овој објект туку општо за голем број други локации. Многу од проектите веќе 2-3 години чекаат за реализација.Според мене мораториумот не даде некој голем ефект само направи една шминка на маркиците и дел ги скрати за по 1 кат некои дури и ги зголеми во висина. Инаку секако дека не треба и не смее да се гради без дозвола ама не би било лошо тоа да важи за цела држава а не само среде центар на град.
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
За жал со државава управуваат ќецароши (во материјална смисла) и бандити, од најгорен до најдолен ешалон. Истите произлегуваат од народот, а се поткрепени од администрацијата кои се исти како нив. Заедно со новопечените богаташи, како социјална категорија која не е дефинирана само по парите во апсолутна смисла, и криминалците се како масивно сидро врзано за Македонија. Кога и да се појави добар проект или политичар или се направи нешто добро во државава, тие настапуваат на сцена намалувајќи ги бенефитите - добар и актуелен пример се трудот на здравствените работници и добрите антипандемиски мерки наспроти нивното спроведување, почнувајќи од поп Оџаливер, па сѐ до граѓаните (за кои, сепак мора да се каже, воглавно се одговорни).
Најдобар политичар во државава ќе биде оној кој темелно ќе ја реформира јавната администрација; со силен, чесен и професионален јавен сектор, ослободен од партиски книшки, и да се појави некој ужасен политичар или инвеститор државата нема да пати. Втор најдобар политичар во државава ќе биде оној кој ќе го прераспредели богатството и ќе се справи со криминалната транзиција, а тоа ќе биде кога ќе тргне супер-брзиот воз по пругата кон Бугарија. И покрај капитализмот и нееднаквоста, не е исто ако 80% од богатството е кај 10% од луѓето, кои се збогатиле со инвентивност, развој и добро испланирани бизниси и потоа парите ги вложуваат во уште поголем напредок, личнен и општествен, и ако тие 10% се криминалци, олигарси и транзициски профитери кои ги бива само за мучки и крадење. Очигледни се ефектите и врз урбанизмот и архитектурата. |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Страшно е ова непочитување на институции, решенија, закони и немање страв од никого што се случува во нашава држава. Истите проблеми со дивоградби во Скопје, во Охрид, во Струга, ете на друга тема читаме во Тетово. Горе-долу сите градови го имаат истиот проблем само за некои читаме повеќе, за некои помалку.
Ред се чини никогаш нема да успееме да постигнеме, но како би го пронашле балансот помеѓу ред и хаос за 15 години отсега? Понекогаш мислам дека е среќна околност тоа што некако успеваме да опстанеме како држава. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА ЦЕНТАР ПО ВТОР ПАТ ГО ЗАТВОРИ ГРАДИЛИШТЕТО НА „БЕКО“, ИНВЕСТИТОРОТ ПАК ПОЧНА ДА ГРАДИ БЕЗ ГРАДЕЖНА ДОЗВОЛА
![]() Општина Центар по втор пат донесе решение за затворање на градилиштето на зградата на поранешно „Беко“. Исто решение за престанок со градба и враќање во првобитна состојба беше издадено од Општината и лани во јуни бидејќи инвеститорот без градежна дозвола градеше и на објектот беше поставена плоча. Цела недела на градилиштето се носеа градежни материјали за продолжување на градбата. Работниците ни рекоа дека продолжуваат да градат и до крајот на годинава објектот ќе биде готов. Од Општина Центар велат дека инвеститорот не смее да гради бидејќи на сила е мораториумот односно додека не се донесе новиот план за овој дел, не може да му се издаде градежна дозвола. „Колкава висина ќе добие инвеститорот на објектот ќе се знае откако ќе биде изработен новиот Детален урбанистички план за овој дел. Не смеат да градат бидејќи од минатото раководство добиле дозвола само за надградба. Но, тие го урнале цел објект и сега градат од почеток. За тоа е потребно да се даде нова градежна дозвола врз основа на приложениот проект за градба“, велат од Општина Центар. Стоковната куќа „Беко“ е изградена 1972 година. Во 1998 ја преземаа Тајванците, а потоа беше продадена на локален бизнисмен. Авторката на проектот на старата стоковна куќа „Беко“ 90-годишната архитектка Мимоза Несторова-Томиќ, една од најреномираните автори и урбанисти во Македонија, лани во април за САКАМДАКАЖАМ.МК рече дека воопшто не се издржани објаснувањата на инвеститорот дека имале проблеми со статиката, па затоа морале да го урнат објектот. „Ја урнаа со изговор дека имало проблем со конструкција, тотално не се во право, оти 4 месеци не можеа да ја срушат. Можеше само пренамена да се направи.“, рече Несторова-Томиќ. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tsentar-po-vtor-pat-go-zatvori-gradilishteto-na-beko-investitorot-pak-pochna-da-gradat-bez-gradezhna-dozvola/ Edited by stef4o - 09-May-2020 at 10:52 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Падната ограда, необезбедено градилиште (ФОТО)
![]() Во центарот на Скопје, градилиштето на плацот на поранешно БЕКО остана без дел од оградата. И така е веќе неколку дена. Нема реакција на инвеститорот, молчи инспекцијата, а и градежната компанија нема проблем и вака да ја изведува нарачката. Пешаците, немајќи каде од сите градби и огради во околината минуваат токму тука. А не е безбедно ни за возилата. Ама... https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/padnata-ograda-neobezbedeno-gradilishte-foto ------------------------------------------- ФОТОВЕСТ: Силниот ветер го отвори градилиштето кај „Беко“ ![]() Силниот ветер кој минатата недела дуваше со над 70 километри на час и направи штети на објекти низ градот, ги турна на земја поголемиот дел од таблите со кои е оградено градилиштето кај поранешна ТЦЦ „Плаца“ или познато како „Беко“. Како што се гледа од фотографиите што ги направи фоторепортерот на весникот „Вечер“, Ѕвонко Плавевски, отвореното градилиште претставува опасност за случајните минувачи да настрадаат поради пад од височина од пет метри. На градилиштето не се одвиваат градежни активности. Деталниот урбанистички план е на ревизија, поради што е прогласен мораториум за градба. Според измените на ДУП „Мал ринг“ направени во времето на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, овде требаше да никне станбено-деловен објект со приземје, мезанин и пет ката. Работите на градилиштето беа запрени на 20 јуни, минатата година. Градежната инспекција го затвори градилиштето, бидејќи објектот, кој е деловен простор, беше без одобрение за градба. https://www.vecer.press/фотовест-силниот-ветер-го-отвори-град/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Градилиштето зјае отворено и е потенцијална опасност за минувачите
![]() ![]() Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ одговори дека се запознаени со состојбата и дека градежната инспекција ќе ги преземе потребните мерки за да се огради градилиштето Дел од тарабите со кое е оградено градилиштето кај поранешна ТЦЦ „Плаза“ или познaто како „Беко“ се урнати, најверојатно од невремето што го зафати главниот град во вторникот вечерта. Како што се гледа од фотографиите што ги направи фоторепортерот на весникот „Вечер“, Ѕвонко Плавевски, отвореното градилиште претставува опасност за случајните минувачи да настрадаат поради пад од височина од пет метри. Од Општината Центар вчера ни одговорија дека се запознаени со тоа. – Пријавено е до градежната инспекција и таа ќе ги преземе потребните мерки и градилиштето повторно ќе биде оградено – изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ. Според измените на ДУП „Мал ринг“ направени во времето на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, овде требаше да никне станбено-деловен објект со приземје, мезанин и пет ката. Работите на градилиштето беа запрени на 20 јуни, минатата година. Градежната инспекција го затвори градилиштето, бидејќи објектот, кој е деловен простор, беше без одобрение за градба. Тогаш градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ објасни дека инвеститорот добил дозвола од претходното раководство за доградба и надградба. На инвеститорот прво му било издадено одобрение за уривање, бидејќи во текот на надградбата му било речено дека темелите на објектот нема тоа да го издржат. Откако завршило уривањето, инвеститорот бил задолжен да направи безбедносна јама. Откако се направи и таа, се утврди дека се изведуваат активности спротивно на она што му е дозволено, бидејќи тој почна да прави носечки столбови, еден вид надградба. – Заради тоа и беше донесено решение да се стопираат активностите, но тие продолжуваа и понатаму. Бевме присилени да го затворивме градилиштето, а поднесовме и пријава до полицијата и таа излезе на лице место – изјави тогаш Богдановиќ. На градилиштето не се одвиваат градежни активности. Деталниот урбанистички план е на ревизија, поради што е прогласен мораториум за градба. Колкава висина ќе добие инвеститорот на објектот ќе се знае откако ќе биде изработен новиот Детален урбанистички план за овој дел. (А.П.) https://www.vecer.press/градилиштето-зјае-отворено-и-е-потенц/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |