Author |
Topic Search Topic Options
|
maja79
Newbiе
Joined: 18-Feb-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#41 Posted: 21-Mar-2009 at 22:36 |
Така значи....Катна гаража на проект, паркирање на 7 ката, а за извесно време пренамена во деловен простор а паркирањето...можеби едно подземно ниво и тоа комбинирано со други содржини?! Којзнае...Се надевам дека ќе биде сепак КАТНА гаража.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#42 Posted: 20-Mar-2009 at 12:29 |
Ќе се паркира на седум ката
 Инвеститорот
Неим Хусеини тврди дека 65 отсто од објектот ќе биде паркиралиште,
а одговорните од Општина Центар никаде ги нема да објаснат каков проект
одобриле
Инвеститорот
на катната гаража Неим Хусеини, која завчера почна да се гради кај
Универзална сала, тврди дека неговиот проект никој не го разбрал и оти
простор за паркирање ќе има на секој кат, а не само во подрумските
простории. Иако во скицата на проектот, кој од завчера е изложен на
местото на градбата, автомобили се илустрирани само во подрумските
простории, сопственикот на фирмата "Импексел-2" тврди дека простор за
паркирање ќе има на секој кат. Најмногу простор за паркирање ќе има во
подрумот, и тоа 68 паркинг-места на две нивоа, а најмалку на
потпокривот каде што ќе собира само 5 автомобили. "Ние го
почитуваме Деталниот урбанистички план за овој простор, кој предвидува
65 отсто од просторот да е катна гаража, а 35 отсто деловен објект.
Така и ќе биде. Целиот подрумски простор ќе биде паркинг, а 65 отсто
од секој кат ќе биде паркинг и ќе има вкупно 136 паркинг-места. Значи,
ќе има катна гаража, а не, како што се зборува, дека тоа ќе биде
деловен простор", вели Неим Хусеими, сопственик на фирмата
"Импексел-2". Земјиштето на кое треба да никне новата катна
гаража е продадено пред 4 години, но не на фирмата "Импексел-2", која
сега гради, туку на "Стеми инженеринг". Тие не биле во можност да
почнат да градат, па затоа пред неколку месеци $ го продале на фирмата
"Импексел-2". Министерството за транспорт и врски не гледа ништо
спорно во тоа што фирмата која на тендер го добила земјиштето за
изградба на катна гаража, по четири години го продала на друга фирма.
Од таму кажаа дека кај нив сe уште стои дека земјиштето е на "Стеми
инженеринг". Така рече и сегашниот газда на земјиштето Неим Хусеини,
нагласувајќи дека наскоро сите документи ќе бидат префрлени на негово
име. Од службата за односи со јавност во Општина Центар ни завчера
ни вчера никој не беше достапен да објасни дали изолжениот проект на
градилиштето е во согласност со урбанистичките планови и каков
проект тие одобриле да се гради до Универзална сала. Недостапна беше и
Соња Шумкова, раководител на секторот за урбанизам во Општина Центар,
а градоначалничката, пак, Виолета Аларова веќе со месеци не сака да
зборува на тема урбанизам.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=130063319CFAB74F8540933F8271622B |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#43 Posted: 20-Mar-2009 at 00:07 |
Теренот за катна гаража зад Универзална подготвуван четири години

Катната гаража ќе се гради на површина од 1.800 квадрати
На дел од земјиштето зад Универзална сала дури завчера почна да се
гради катна гаража, иако парцелата е продадена пред четири години. Но,
и покрај тоа, во изминатиов период не се презедоа никакви градежни
зафати, ниту пак јавноста беше запознаена која е причината што и по
толку години просторот не се урбанизира, иако за него има урбанистички
план.
„Според наши сознанија, по продажбата биле констатирани
делумно нерасчистени имотноправни односи, кои инвеститорот постепено ги
решавал. Ја добил потребната дозвола од Општина Центар и еве сега
почнува да гради. Инаку, инвеститорот не бил обврзан со рокови кога да
почне и да ја заврши изградбата, бидејќи во купопродажбениот договор за
земјиштето немало такви временски ограничувањата, што не е случај со
договорите што ги склучува оваа Влада“, рекоа вчера од Министерството
за транспорт и врски, но немаа информација за колку пари било отуѓено
државното земјиште. Единствено посочија дека тоа било продадено во 2005
година на извесна фирма „Стеми инженеринг“, која во меѓувреме направила
договор за заедничка градба со тетовската фирма „Импексел-2“, која сега
се јавува како инвеститор на објектот.
На завчерашното
поставување на камен-темелникот, инвеститорот најави дека објектот ќе
биде изграден во наредниве 16 месеци. Според Урбанистичкиот план, на
локацијата е предвидена изградба на катна гаража комбинирана со деловен
простор. Проектот предвидува објект со две подземни нивоа, три ката и
потпокрив со капацитет од 136 паркинг- места. Катната гаража ќе се
гради на површина од 1.800 квадратни метри, од кои 35 отсто ќе бидат
наменети за деловен простор. Од „Импексел-2“ рекоа дека инвестицијата е
вредна три милиони евра.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=C9209B60AE9EE7499CD18BBB4F12B346 |
Edited by lslcrew - 20-Mar-2009 at 00:07
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#44 Posted: 19-Mar-2009 at 17:19 |
Прееска баш поминував таму но не видов дека е истакнат проектантот.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#45 Posted: 19-Mar-2009 at 15:59 |
Маја, Фирмава што го гради, односно изведувачот мислам дека е истиот што го гради и објектот ДЦ Аркадија. А може и комплетно да е исти инвеститор само различно име на фирма пошто господинот што фрла лопата го имам видено на градилиштето на Аркадија, а и кај овој објект се спомнува фирма од тетото шпто ме наведува дека и овој објект е на истиот инвеститор. Е сега околу проектот, Аркадија ја има проектирано некои SMB ПРОЈЕКТ ИНЖЕНЕРИНГ. Рендерите и овде и кај Аркадија се потполно исти, а и во градов само овде и на аркадија има такви прости рендери. Па сега мојата хипотеза е дека проектант на овој објект е SMB Пројект инженеринг, па сега ти провери дали сум во право. Се надевам не сум те навел на погрешна фирма, иако е само моја хипотеза.
|
 |
maja79
Newbiе
Joined: 18-Feb-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#46 Posted: 19-Mar-2009 at 15:22 |
Дали некој има информации по чиј проект ќе се гради катната гаража, мислам на проектантот?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#47 Posted: 19-Mar-2009 at 01:03 |
Деловен објект и катна гаража зад Универзална сала

На паркингот зад Универзална сала од вчера почна да се гради
комбиниран деловен објект со катна гаража. Според проектот, објектот ќе
има две подземни и три надземни нивоа плус поткровје. Инвестицијата е
вредна околу три милиони евра и е на тетовската фирма „Импексел-2“.
Предвидено е објектот да се изгради во наредните 15 месеци. Се простира
на површина од 1.800 метри квадратни од кои 35 отсто ќе бидат наменети
за деловен простор.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=7AC2F5CAE71D834A8348B7E575BDDE46 |
Зад Универзална сала ќе се гради катна гаража
На
паркингот зад Универзална сала ќе се гради модерен објект на четири
ката, со намена за катна гаража со деловен простор. Инвестицијата тешка
околу три милиони евра е на тетовската градежна фирма Импексел-2.
Вчера, на официјалниот почеток на изградбата директорот Неим Хусеини
најави дека изградбата на новата зграда е планирано да заврши за
15-тина месеци. - Ќе се гради објект на приземје и четири ката, а
два подземни ката ќе бидат наменети за катна гаража во која ќе се
обезбеди простор за паркирање на околу 130 возила - рече Хусеини.
Инвестицијата е сопственост на фирмата.
http://vecer.com.mk/?ItemID=FA5060ED49E50C468AD56193E7F75EE6 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#48 Posted: 18-Mar-2009 at 17:27 |



За катнава гаража се сеќавам имаше само некој проеблеми околу урбанистичкиот план, немаше нешто посебно внимание. Инаку едниот од господата што фрла лопата го имам видено на градилиштето на Аркадија кога ги сликав првите слики од објектот. Барем 90% сум сигурен дека е тој. Колку што гледам и рендерите им се исти. Значи да сублимирам, мислам дека овој објект го гради истата фирма како и Аркадија.
Edited by lslcrew - 18-Mar-2009 at 17:28
|
 |