![]() |
![]() |
![]() |
Скопје - отворен или затворен град |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234> |
Author | |||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||
Па не го сместив јас, реков дека во тој правец го толкувфам патот до Штип, ппатно до Свети Николе. Ова практично и ќе го создаде првиот јазел посериозне на автопати во оној траголник околу Аеродромот и прво место во Македонија каде посериозно се чувствува она што на пример е цело околу големите градови, на пример околу Солун, некои сервисни и деловни центри, лесна и средна индустрија, а со јазелот Велес јасно читливо е каде е развојот на државата лоциран. Треба да се одговори и предвидат овие текови, а не да се толкуваат како нус појави. Нормално не викам дека никаде на друго место нема да има развој, но овој дел оваа област е веќе вопсоставена и го држи првото место.
|
|||
![]() |
|||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
Мене оваа теорија никогаш не ми била јасна и прилично сум убеден дека се работи за уште една чаршиска теорија. Како проектираш град за 200 или 300 илјади луѓе? Дали Токио некој го испроектирал за 35 милиони луѓе колку што е денеска? Град е динамична работа и динамиките околу неговиот развој со премногу комплексни за некој да му одреди точна бројка туку така. Не гледам каде отиде кон Штип сега, Скопје си има природна зона на гравитирање со Тетово, Куманово и Велес. Инфраструктурата е во голема мерка веќе тука, се што треба е користење на таа инфраструктура како што треба. |
|||
![]() |
|||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
||
Добра идеја, тоа што рече за оддалеченоста на Велес нема толку голема врска, колку што има врска малиот број на населени места меѓу Скопје и Велес, и малиот број на жители во тие малку места. Единствен приближен пример на „метрополитенска зона“ во Македонија би рекол е Тетово-Гостивар, и сите селца покрај стариот пат. Но таму економскиот бенефит не бил причината, бидејќи економски бенефит од таа англомерација воопшто нема, и покрај тоа што селата имаат по барем 3000 жители, пак се зафрлени и закржлавени. Можеби во иднина.
А што се однесува до темава, најголем фактор за бројот на жители на Скопје се животните услови во остатокот на државата, колку и да е парадоксално. Edited by гитардемон - 14-Dec-2010 at 20:09 |
|||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|||
![]() |
|||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||
Теоријата на затворен град доаѓа од кругови кои се одговорни да одгоорат на потребите на своите граѓани во сообраќајници, во железница и својата немоќ ја пополнуваат со вакви теории. не се тие виновни што не одговориле на потребите, не се бара грешката кај себе, туку граѓаните се криви што се доселиле. Тоа не проаѓа, ниту па теоријата дека Скопје е проектирано на триста илјади. немам ли денеска урбанисти што ќе го препроектираат градот според потребите. И конечно веќе со Велес незнам сега како има возови и колку е статистиката на патници Скопје-Велес, но мора да се стимулира создавање некоја метрополитен зона, иако сме далеку од тоа со Велес, со изградбата на автопатот према Штип ја гледам како идеја во тој правец.
|
|||
![]() |
|||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
Покажи ми каде постои тоа правило каде дефинира соодност на град:држава? Колкава е Атина спрема Грција. Уште подобро, бидејќи се работи за поголема земја, колку е (Атина+Солун+Патра) спрема Грција. Погледни ги балтичките главни градови. Особено Талин и Рига и спореди ги со Естонија и Латвија. Едноставно, не ја гледам населеноста на Скопје како клучен проблем, туку континуираната неодговорност на властите и неследењето на трендовите и потребите. И понатаму сакаме да глумиме мало градче составено од маала, но едноставно не сме тоа, голем град сме и треба да се однесуваме како таков. Затоа властите треба да престанат целиот градски развој да го туркаат низ призма на некакво идеализирано идилично Скопје од нивната младост, туку да се зафатат со реализација на крупни проекти кои ќе го доведат градот на место и ќе овозможат предуслови за развој. Доволно е да ги прочитаат постовите на Андреј ЛЈ и имаат полни раце работа за следните 20 години. |
|||
![]() |
|||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
Да си жив и здрав, тоа е магичната тајна на Љубљана, ништо повеќе |
|||
![]() |
|||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||
Ама, пбанкс. Македонија е 2 милиони. Скопје е ненормално да биде над милион. И да биде нормално, сепак прво треба да се обезбедат услови, па потоа да се зголеми. Вака ништо не правиме. Кога се шетам низ град... Не е тоа што треба да биде. Некако ми создава чуство на незадоволство. Не зборувам за луксузи. Зборувам за неопходни работи кои му се потребни на еден град. Па и немора да е град. Се работи за многу мали работи, кои дали ние навикнати не ги забележуваме, но во секој случај не е тоа што треба реално да биде.
|
|||
Македонија - Земја на чудата!
|
|||
![]() |
|||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
||
Прво да се извинам за фонтот во мојот претходен пост, постојано менувам компјутери па ми се поткрадна грешка при менувањето на истиот, а и пишував на пауза па не обратив внимание. Многу интересна е оваа тема, најдов време и да ги ѕирнам останатите постови, а вниманието ми го одвлече говорот на проф. Силјановска Професорката на Правниот факултет, Гордана Силјановска, рече дека им се лутиме на Грците што така не' нарекуваат, но факт е дека Скопје е Македонија, а Македонија е Скопје. Отвореноста подразбира градот да биде отворен за разни комуникации со други градови, регионот или со светот. Но, се случил парадокс. Откако кон метрополата биле припоени и други општини, со цел да се урбанизираат, се случило спротивното - Скопје се рурализирало. Какви глупости! Не личи на еден професор да тропа вакви работи од ракав! Барем може да се прочита нешто пред да дојде на трибина. Дали таа има намера да гради политика кариера, бидејки говорот на тоа ми упатува. Се сложувам со тоа дека не е проблемот што Скопје има толку жители. Многу градови во светот се борат да донесат луге. Проблемот е што тој не е подготвен да прими толку луге. Наместо да се крева галама дека градот е загушен, треба да се бара начин да им се овозможи на тие луге пристоен живот и работа. Како што реков тоа е еволуција на градовите, само проблем е што нас тоа предоцна ни се случи. Помина времето кога во социјализмот се градеа фабрики во внатрешноста. денес никој приватен инвеститор, (будејки државата се тргна од пазарот и не гради фабрики) нема да отвори погон некаде каде нема сообракајници, обучена работна сила, близина на пазарот итн. Тоа може да се случи само ако таксите и даноците во помал град значително се помали од големиот град. Исто така, мислам дека Љубљана не може да се споредува со СК, не мислам дека таа станала забранет град со декрет, туку паметните политичари и урбанисти во Словенија изградила инфраструктура која ја поврзува со околните помали места, таму ги намалила таксите, а ги зголемила во Љубљана, а тоа овозможило да не е проблем на пр од Птуј да се доага на работа во главниот град. Тоа е рецептот. Овде на форумот најдувам попаметни мисли и решенија од многу професори во Мак. |
|||
![]() |
|||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
|||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
Јас сум еден од оние кои се против тоа идеализирање на помало Скопје, напротив сум за (по)големо Скопје. Сум за рамноправен развој но најпрво треба да се размисли што ние очекуваме од него и колку нашите желби се реални.
На пример, доколку човек живее во Америка се знае дека доколку сака сериозно да се занимава со информатички технологии, врвна цел треба да му биде да си го најде местото во силиконската долина. Доколку чека силиконската долина да дојде кај него, во малото гратче во преријата во Канзас тоа нема да се случи и може цел живот да кука како Сан Франциско неприродно нараснал додека не се стимулирала канзашката провинција. Значи, мора да се идентификува кои развојни гранки се реални, природни и одржливи за македонските градови и подрачја. Во Струмица, тоа е очигледно земјоделието, во Охрид тоа е туризмот и така натаму. Тие гранки треба сериозно да се подржат и да се усмери и миграција Скопје => остаток на Македонија за секој кој сака да има иднина во дотичните гранки, но никако не смеат да се прават вратоломии за по секоја цена да се расели Скопје и насели Мариово на пример. Дополнителен, вештачки стимул може да се даде со релокација на дел до јавната администрација во некој град, но генерално не сум склон кон таа опција бидејќи мислам дека јавната администрација, особено за мала земја како Македонија треба да е ефикасна, концентрирана и ефтина. Друга работа е што Македонија сеуште се гледа себеси низ призмата на демографијата со која располагаме а не како држава која треба, може и мора да привлекува имиграција особено ако сме решени еден ден да бидеме дел од еден отворен систем како ЕУ. Скоро во Словенија беше избран првиот црн градоначелник (мислам дека беше на Копар) а во Полска само што беше избран првиот црн парламентарец. Нив ги давам само како примери, но Македонија треба да научи да привлекува луѓе да се доселуваат тука и да го стимулираат развојот и во малите градови но и во Скопје. Дали се работи за британски пензионери кои бараат ефитина и топла дестинација за да ја минат староста, луѓе од третиот свет кои бараат подобра шанса и за кои можеби и Македонија е прилика или нешто друго... Се треба да се биде на маса. Скопје пак треба од петни жили да се се труди да нарасне како економски центар, да ја консолидира позицијата на голем и битен град и да се се труди тоа да го надгради. Од таа причина ја отворив и темата за глобални градови, да ги дискутираме начините и можностите за такво нешто. Немојте да имате илузија дека големината нема значење. Љубљана можеби е статистички мал град, но реално нејзината метро регија привлекува огромна дневна миграција која ги храни сите тие силни компании лоцирани таму и го овозможува нејзиниот статус на битен глобален град и многу битен регионален град. За тоа треба да се има цели, стратегија и посветена работа. Во тој контекст секогаш ми паѓа Велес прв на памет. Велес е град што никако неможе да се оправи од распадот на СФРЈ и падот на градот како индустриски центар. До сега 100 пати требаше да се направи план да се надгради железницата до таму, да има достапен транспорт буквално на 15 минути во текот на целиот ден што ќе овозможи дневна миграција во двата правци, ќе стимулира вработување на Велешани во Скопје но и преселба на Скопјани во Велес (каде со скопскте примања сепак ќе ни биде доста поисплатливо да купиме стан, плац и да ги покриваме тековните трошоци). Edited by pbanks - 14-Dec-2010 at 17:30 |
|||
![]() |
|||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||
Се согласувам до точка со Ненад. До нас зависи како ќе ни бидат оргнизирани работите. Јас искрено сум разочаран од ова што го имаме денес.
|
|||
Македонија - Земја на чудата!
|
|||
![]() |
|||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
||
Тоа сто се слуцува не само со скопје туку и со другие градови е историски процес. Такви тенденции на миграција на населениот кон најголемиот град го имаат доѕивеано сите големи градови во Европа, мегу нив Лондон, Париѕ... Кај тие општества тој процес се одвивал пред 1 или 2 века. Тоа се вика економска густина на едно подрачје, пред некој ден зборував за тоа. Кај другите градови популацијата растела од 35 до 40% од целото население во дрзавата. Значи Скопје ке достигне ако веке нема достигнато 800000 или 900000 па потоа полека да опага.
Никаква административна пречка не мозе да го спречи овој процес. За зал нема врацанје, 250000 е идеал, но кој ке ги истера лугето, решение е инвестиции во инфрастгруктура и поврзување со приградските населби кои би примиле дел од мигрантите |
|||
![]() |
|||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
||
Јас мислам дека и бројката од 860 000 е сериозно преувеличување. Прво толкав е Загреб, а кога си во него разбираш дека станува збор за сериозно поголем град од Скопје. Второ со волку неразвиена патна и никаква шинска инфраструктура мислам дека на градот ќе му се случеше колапс од невидени размери и тоа секојдневно, по пола ден. Трето ако навистина е толкава бројката (секој 2,5 жител на Македонија да живее во Скопје), тоа значи дека е веќе крајно време да се превземаат мерки и тоа сериозни! Со тоа мислам на конечната поделба на Македонија на области, при што следните градови би биле областни центри: Тетово, Охрид, Битола, Куманово и Штип, исклучиво кон кои би гравитирале соседните градови и население и не кон Скопје. Сметам дека за држава од 2 милиона, апсолутниот максимум за долг, одржлив и релативно ефтин развој е градот да не превишува 500 000 жители. Односно 25% од населението да живее во истиот, не 35-45% како што е во моментов. Ако мене ме прашате Скопје би требало да биде колку Љубљана, но тоа е невозможно, така што би било пожелно процентот на жители на главниот град да падне под 25% од вкупното население на државата. И тоа не со рестриктивни туку со стимулативни мерки на развивање на горенаведените обласни градови (за почеток), а подоцна и на целите региони.
|
|||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|||
![]() |
|||
The Man ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 135 |
![]() ![]() |
||
Очигледно е дека е глупост. А добро, никој не го забележа ова? ![]() "metropolitian" |
|||
![]() |
|||
Supervisor ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Jan-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 1220 |
![]() ![]() |
||
Па јас мислам дека бројката од 860.000 е реална во агломерација ама ништо повеќе од тоа над 1 милион е претерано, земете ја за пример Софија ќе ви биде јасно.
|
|||
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
|||
![]() |
|||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
||
Добро толку не ви е очигледно дека некој на заебанција го напишал ова? Каков е тој пораст од -99,9% ? Затоа нема извор, некој си пишел фантазии. |
|||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|||
![]() |
|||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||
Па мислам дека во ској попис се засметува дневна, неделна, месечна, годишна, сезонска миграција. Некои пописи дури и го пребројуваат странското население што моментлано се затекло, како и своите граѓани во странство со цел да добие објективна вредност. Е сега една нормална статистичка операција кај нас предизвикува такви жестоки манипулации и реакции, па паралелни пописи, па политички мешаници, па закон посебен се носи, безмалку станува прашање на тест дали државата ќе ја биде или не. Само во Македонија и некои јужноамерички и азиски држави попис и избори се прашања на дестабилизација.
Затоа и неочекувам некоја којзнае колку точна бројка, па да можаме стварно да имаме веродостојни информации, не само заради политиката, туку за да можеме утре правилно да планираме покриеноста на една мрежа мобилна на пример, да планираме средства за патна мрежа, како со помалку пари да опфатиме повеќе население и милион други параметри. Ако имавме последен попис после конфликт, каде што тогашниот директор си поднесе оставка, германските надгледувачи изразија сомнеж и тоа така пројде, сега очекувам колку толку да се извади некои приближни матни вредности, но далеку од прецизни со некоја мала статистичка грешка. А ова со локалпатриотизмот и бројноста веќе ми се гади од овој демоде начин за покажување локал можност ли што треба да биде појма немам. Глупости. Скопје може да има некој бројка од некои седумсто илјади постојано население и некаде измеѓу сто и двеста илјади население по разни типови на миграција. Тука ги засметувам и оние што се со постојано живеење тука, со работа, најчесто млади брачни парови останати после факултет, вработени и веќе трајно преселени со тесна врска со родното место. За милион може до следниот попис да почекаме, иако тогаш повеќе би сакал да видам некоја рамномерсна населеност и развиени села и помали градови, не во смисла на земјоделство, туку во смисла на некоја индустрија. Edited by lslcrew - 14-Dec-2010 at 11:20 |
|||
![]() |
|||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
||
Се согласувам, но тоа ќе зависи од механизмот на пописот. Дали ќе се земе во предвид и локацјата каде кој е затечен или исклучиво по лична карта. Значи дали ќе има можност на пример иако некој е од Штип (по лична карта) затекнат е живее под кирија и работи во Скопје (5 дена во неделата). Не сум сигурен но мислам дека минатиот попис тоа не беше случај. Сепакм покрај десетиците прашања кои се и помалку битни убаво би било да се води и за тоа евиденција (како дневен прираст, незванични резиденти или сл.) како битен економски и демографски параметар. Во секој случај се сомневам дека бројката на такви е повеќе од 150.000 граѓани. Edited by UrbanFreak - 14-Dec-2010 at 02:25 |
|||
![]() |
|||
toasumjas ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-Jun-2010 Location: Skopje/ljubljan Online Status: Offline Posts: 434 |
![]() ![]() |
||
Го делам мислењето тој скок е поради нереалната бројка од пописот 2002 за која сите сме сигурни и која би требало да биде како оваа од 2006 ако не и поголема.
|
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
Се слагам. Се сомневам во нејзината валидност, но би рекол дека не е предалеку од вистинската. Она што боде очи е скокот од 2002 до 2006 и 2010. Едноставно е јасно дека бројките за 2006 и 2010 се упад во претходната статистика и дека се накалемени на листата. А метрополитен бројката навистина е без никаква основа. Edited by Cloverstack - 14-Dec-2010 at 02:01 |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |