![]() |
![]() |
![]() |
Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2829303132 90> |
Author | |||
leonid23 ![]() Senior Member ![]() ![]() БАНИРАН Joined: 30-Nov-2009 Location: Strumitza Online Status: Offline Posts: 579 |
![]() ![]() |
||
НА ЦАРИНСКИ ТЕРМИНАЛ
Пристигнаа 11 двокатни автобуси ![]() Завчера вечерта околу 19 часот во државава пристигнале 11 двокатни автобуси од Кина. Тие во моментот се наоѓаат на царинскиот терминал „Макошпед“. - Во тек е процедурата за плаќање на царината и останатите царински формалности. Владата, односно Министерството за транспорт и врски ќе изврши прием на автобусите, а потоа ќе следи постапка на префрлање на сопственоста на автобусите на Градот, по што на седница на Советот Градот ќе ги предаде во сопственост на ЈСП - вели Стојановски. Деновиве треба да пристигнат вкупно 68 автобуси, од кои еден отворен за панорамско разгледување. Тие се наоѓаат на пристаништето во Солун, и ќе доаѓаат по 11 на секои два дена. Веќе се подготвуваат сообраќајниците за двокатните автобуси, односно се кастрат дрвјата кои би им пречеле при движењето. Стојановски истакна дека ќе се подигаат на висина од 4,5 метри и рекламните паноа кои се пониско поставени, а пред да бидат пуштени во сообраќај ќе се направи уште една проверка. Сите 68 автобуси официјално ќе бидат пуштени во сообраќај на 8 септември, на градските линии: 2, 2а, 3, 4, 5, 9, 15, 41, 65в, 16, 17, 19, 57, 21, 24 и 35. До 2013 година треба да пристигнат уште 130 вакви автобуси од кои два се отворени и наменети за панорамско разгледување. Автобусите се произведени во кинеската фабрика „Јутонг“. Засега низ скопските улици сообраќа само еден двокатен автобус, а ќе има вкупно 202 и уште 80 нови нископодни автобуси од Украина. Двокатниот автобус вторпат во дефект Моментално единствениот двокатен автобус вчера рано изутрината се расипа на автобуската станица кај „Три Бисери“ во Аеродром. Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираа дека станува збор за мал дефект. - Пукнало цревото за воздух. На лице место ќе го видат екипи на овластениот сервисер за двокатните автобуси „Авто Македонија“ - вели Ацо Стојановски, технички директор во ЈСП. Досега на двокатниот автобус, кој е во сообраќај три месеци, имало три интервенции. Првиот пат кај Нерези, пред мостот Влае, исто така пукнало цревото за воздух. Втората интервенција била во Ново Лисиче, но тогаш, според директорот, се работело за проверка на нивото на масло. Освен кај двокатниот автобус, дефекти се случија и кај украинските автобуси. Пред четири дена на Бит-пазар еден од нив му пукна црево на вентилатор. - Од топлината потоа се запали маслото. Ваквите дефекти се незначителни и мали и не треба да загрижуваат. Засега имаме 48 нови украински автобуси. Три-четири дефекти за овие шест месеци колку што сообраќаат не е ништо. Јас лично многу сум задоволен од тоа какви се новите возила. За првпат се чувствува благодатот од новиот возен парк. Нема да се случи да откаже автобус уште од гаражата. Секогаш пристигнуваат точно на време. За корисниците на услугите е битно да им се обезбеди редовен и сигурен превоз, односно да знаат дека ќе дојде автобусот, и тоа во пропишаното време, а тоа сега го имаат - тврди Стојановски. Еден автобус прокиснува Граѓанин што се возел со украинските автобуси, конкретно во автобус на линијата број 5 се пожали дека при последните дождови тој прокиснувал. - Кога заврна, од покривор на автобусот почна да тече вода. Го слушнав коментарот на човек од ЈСП кој беше во автобусот, дека сите украински автобуси прокиснувале - ни изјави скопјанецот Р.С. Од ЈСП велат дека досега имале интервенција на еден автобус, но дека е можно тоа да се случило и кај останатите автобуси. - Најверојатно попуштил лепакот на делот кај што се составува лимот од покривот поради постојаните вибрации на автобусот. Претходно имаше еден таков случај и тоа лесно го саниравме. Не знам за други такви случаи - вели Ацо Стојановски, технички директор во ЈСП. Тој вели дека во украинската компанија ЛАЗ, автобусите претходно ги проверувале во воден базен за да утврдат дали се отпорни на вода. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1A47630475504C4EBFE0BF08E7493014 Edited by leonid23 - 12-Aug-2011 at 05:04 |
|||
![]() |
|||
theMac3donian ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 30-Mar-2010 Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
||
Па еве Скопје нека им нуди на кинезите Скопје Опен Бас Вединг Тур.
![]() Ќе ни стигнат некои овде. ЛоЛ |
|||
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
|
|||
![]() |
|||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
||
Некако во последно време „забораваат“ да ги споменат четирите зглобни од ЛАЗ, што укажува на тоа дека можеби и гласините дека нема да бидат доставени 4те зглобни можно да се точни.......но сепака ја знаеме репутацијата на македонските новнари кога станува збор за пренесување на точна и прецизна информација.
|
|||
![]() |
|||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
||
11 кинески автобуси стигнаа во Скопје
Скопје со новите автобуси веќе го доби изгледот на метропола со модерен возен сообраќај низ градот. Пристигнаа уште 11 двокатни автобуси. Во наредните денови бројката се повеќе ќе се зголемува. Производителот Јутонг од Кина во континуитет секојдневно ќе ги испорачува во 6 фази 67-те автобуса, кои се очекува да пристигнат до 25 август. Еден од нив е со отворен покрив за туристичко разгледување. Свечено ќе бидат пуштени во употреба на 8-ми септември. Според договорената зделка, целосната испорака на 202 автобуса треба да заврши до 2013 година. Целосно ќе се обнови возниот парк на ЈСП, со 15 отворени двокатни автобуси, 80 нископодни и 16 минибуси. Автобусите патуваа со брод од пристаништето во Хонг Конг до Грција, од каде што 11 возачи ги испорачаа во Скопје. Возачите што ќе сообраќаат со овие автобуси од понеделник ќе почнат да посетуваат обука со теоретски и практичен дел, по препорака на производителите, ќе добијат сертификат за завршен курс, а потоа ќе бидат тестирани. Иако Јутонг е најголемиот производител на автобуси во Азија и меѓу првите пет во светот, за прв пат направи двокатни автобуси со ретро дизајн. Бонус ![]() ![]() http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/22466/11_kineski_avtobusi_stignaa_vo_skopje.aspx |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
Edited by zabegan - 07-Aug-2011 at 02:36 |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
требаше да се земат неколку двокатни како сеќавање на некои стари времиња,но акцентот да се стави на нископодни единачни или зглобни,ако неможиме барем тролејбуси да обезбедиме.вака се премногу овие двокатниве.Би сакал иднината да ме демантира,но кога на сите ќе им помине меракот за возење на кат,никој нема да се качува горе
|
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
сега превозот со автобусиве ќе да е подобар, чим кинези се венчале пред нив, тогаш феноменални се автобусиве
![]() ![]() ах бре будалаштини... |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
![]() СКОПСКИТЕ АВТОБУСИ АТРАКЦИЈА ВО ЖЕНГЖОУ Кинески свадби во двокатните Инспирирани од нашите парови, кои веќе го користат двокатниот автобус за свадбени фотосесии, и младенците во Кина посакале да се венчаат во новите скопски автобуси. Церемонијата се случила во дворот на фабриката "Јутонг" Скопските двокатните автобуси станаа атракција за венчавки и во Кина. Инспирирани од нашите парови, кои од неодамна автобусот на два ката го користат за свадбени фотосесии, и Кинезите одлучиле да прават свадби во скопските автобуси. Но не во двокатниот кој веќе вози низ Скопје туку во автобусите кои сè уште се во фабриката "Јутонг", во кинескиот град Женгжоу. Се започна со свадбата на Верче и Никола Димитревски од Скопје, кои први ја заменија свадбената лимузина со автобус. Откако пред два месеци во Матично го кожаа судбоносното "да" овој пар одлучи своите роднини и пријатели да ги изненади со свадбена прошетка со двокатниот автобус. "Се возевме само една станица, но беше многу интересно", ни изјави тогаш Никола. Младенците се провозија само еден круг пред да продложат со семејната прослава, но нивната приказна се слушна дури до Кина. Идејата веднаш ја ископираа кинеските младоженци. Пред роднини и пријатели, како и пред голем број гледачи што се собрале да ја гледаат атрактивната групна свадба, дваесет и осум парови неодамна го кажале судбоносното "да" во еден од скопските двокатни автобуси. По дадената заклетва, младоженците се качиле во автобусот, декориран со цвеќиња во разни бои, и се возеле во кругот на фабриката производител. "Црвената боја е специјална боја која асоцира на среќа и задоволство. Кинезите ја обожаваат бојата, го сакаат бракот, раѓањето деца и свечености, па скопските двокатни автобуси им беа знак дека групната венчавка треба да ја направат во нив", изјавија од фабриката "Јутонг", организатор на венчавката. Радоста за црвените автобусите била толку голема што овие парови одлучиле сами да го осмислат дизајнот на дворот во кој биле паркирани два од нашите двокатни. Меѓу нив поставиле бина, на која требале да застанат во моментот на венчавката, а пред неа бил постелан црвен тепих. На денот на венчавката, во 7,45 часот наутро, тие се собрале пред фабриката и ја започнале церемонијата, која на крај завршила со возење во двокатниот автобус. И нивните застапници во Скопје се среќни за големата популарност на скопските двокатни автобуси со ретро дизајн. "Кога видов колку воодушевено скопјани го прифатија новиот двокатен автобус, морав за тоа да го информирам и нивниот производител. Им испратив фотографии од свадбените фотосесии на младите парови во него и тие беа изненадени од креативноста и искористеноста на автобусот. Ветија дека ќе ни ја ископираат идејата и уште веднаш организирале групна венчавка во нив. Додека да ни ги испратат автобусите, најавија дека ќе организираат уште свадби, оти интересот кај нивните млади бил огромен", вели Живанчо Пановски, застапник на "Јутонг" во Скопје, нагласувајќи дека посебно им се допаѓа ретро дизајнот кој го имаат само автобусите кои се прават за Македонија. Од пред пет месеци, по градските улици вози првиот двокатен автобус. Тој ги шокира скопјани со необичниот ретро изглед, па освен што има редици кој прв да се качи во него, тој од скоро важи и за најатрактивна локација за откачени фотосесии. Двокатниот автобус се најде и во списокот на најубави места за свадбена фотографија во Македонија, која ја објави "Вест" пред еден месец. Заедно со кањонот Матка, пештерата Шаркова Дупка во Маврово, мегалитската опсерваторија Кокино, Канео, Трпејца и Куќата на Робевци во Охрид, битолскиот Широк сокак и двокатниот автобус "15" во Скопје високо котира на листата на мекодонски автентични локации за свадби и фотосесии. Сите 202 автобуса треба да бидат во Скопје до крајот на 2013 година. 68 двокатни патуваат кон Скопје Двокатните автобуси од Кина тргнаа кон Скопје пред три недели. 68 автобуси, од кои еден со отворен покрив за туристичко разгледување, веќе патуваат со бродот "Гранде Сиера Леоне ФН 119" и според пресметките на производителот треба да пристигнат во Атина до средината на август. Согласно договорот за испорака на двокатните автобуси, производителот ангажира транспортна компанија од Грција, која во три фази ќе ги транспортира автобусите до границата со Република Македонија. http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=7E9BEE9FEA9AB441B8529954FF916F91 |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
ШОФЕРИТЕ НА ЈСП НА КУРС ЗА ВОЗЕЊЕ
Учат да кочат со двокатните Акцентот на подготовките пред да пристигне првата тура кинески возила е ставен повеќе на теорија, односно возачите учат како да го управуваат воланот, како да стискаат копчиња, гас, кочница Шоферите на градските автобуси деновиве учат како да ги возат новите двокатни автобуси. Акцентот на подготовките пред да пристигне првата тура кинески возила е ставен повеќе на теорија, односно запознавање со деловите на автобусот. Во таа насока возачите се подготвуваат како да го управуваат воланот, како да стискаат копчиња, гас, кочница. Откако ќе го поминат теоретскиот дел, ЈСП "Скопје" планира шоферите да поминат и практични вежби со двокатните автобуси. "Двокатните автобуси се автоматизирани и нивното возење многу се разликува од возењето на досегашниве автобуси. Возачите мора да научат беспрекорно да ги управуваат пред тие да бидат пуштени на улиците. Овој курс е многу важен за безбедноста како на возачите така и на патниците", велат од ЈСП "Скопје". Двокатни автобуси од Кина тргнаа кон Скопје пред две недели. 68 автобуси, од кои еден со отворен покрив за туристичко разгледување веќе патуваат со бродот "Гранде Сиера Леоне ФН 119" и според пресметките на производителот треба да пристигнат во Атина до средина на август. Согласно договорот за испорака на двокатните, производителот ангажира транспортна компанија од Грција, која во три фази ќе ги транспортира автобусите до границата со Република Македонија. http://www.vest.com.mk/?ItemID=6AAFCBAA9D39B043AEAD46EC14D038D6 |
|||
![]() |
|||
vlatko.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
![]() ![]() |
||
Како изгледа кога се возите во двокатен а пред вас стои дотраен Санос - глетка која ќе биде почеста откако ќе стигнат 60-тината двокатни кои патуваат навака ...
![]() |
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
нема проблем,администраторот на темава слободно нека ја премести темава
|
|||
![]() |
|||
Dave Gahan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
![]() ![]() |
||
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
Двокатните автобуси „пловат“ кон Скопје
24.07.2011 - 14:48 | Бизнис Двокатните автобуси „пловат“ кон Скопје. Од пристаништето во Хонг Конг 68 – те новопроизведени автобуси тргнаа за Македонија. Ова се снимките од товарањето на автоbусите на бродот Гранде Сиера леоне. Патешествието ќе трае еден месец. Двокатните автобуси ќе бидат испорачани на едно од грчките пристаништа кон сrедината на август, а потоа во неколку тури ќе бидат транспортирани во Македонија. Испораката треба да заврши до 25 август. Очекувањата се дека по скопските улици ќе почнат да сообраќаат од септември. Ова е само дел од набавката. До 2013 година во земјава треба да приситгнат уште 130 – тина вакви авотбуси, од кои 15 се отворени, наменети за панорамски разгледувања. Скопските автобуси нема да се возат никаде на друго место, дизајнирани се само за Скопје во ретро стил, како автобусите што се возеле пред педесетина години. Ги исполнуваат сите потребни стандарди, еколошки се, имаат автоматски управувана рампа за инвалидски и детски колички, целосно се климатизирани. Автобусите се прозведени во фабриката Јутонг во Кина, најголемиот производител на автобуси во Азија. Од големата набавка на автобуси за ЈСП, досега во земјава пристигна еден двокатен автобус, а ќе ги има вкупно 202, и уште 80 нови нископодни автобуси. Освен тоа ќе има и 16 минибуси, со што целосно ќе се обнови возниот парк на јвното претпријатие. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/dvokatnite-avtobusi-%E2%80%9Eplovat%E2%80%9C-kon-skopje |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
|||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
||
Претпоставувам дека kultuzin целеше на следниотв дел од написот
|
|||
![]() |
|||
sanos_a ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 149 |
![]() ![]() |
||
тогаш пак истите тројца возачи ке го задолжат тие 67 автобуси ![]() ![]() |
|||
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum |
|||
![]() |
|||
Бомба ![]() Newbiе ![]() Joined: 12-Jun-2011 Location: DE Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
||
Двокатниот автобус на принуден одмор
Автобусот повеќе е во гаража отколку на улица, бидејќи двајца возачи заминале на одмор Деспина Трајковска Двокатниот автобус деновиве принудно повеќе е паркиран во гаража отколку што ги вози скопјани. Невообичаено, причина за тоа не е ниту дефект ниту, пак, редуциран возен ред, туку двајца од тројцата возачи што го должат токму овој автобус заминале на одмор. Така, даблдекерот, кој сообраќа исклучиво на „15А“, на услуга на патниците е само во една смена, а потоа истата траса продолжува да ја вози друго „обично“ возило. Надлежните велат дека по ваква летна шема автобусот ќе вози најдоцна до идната недела. Принудниот одмор на даблдекерот патниците го регистрираа кон крајот на минатата недела. Една скопјанка во петокот два пати се возела на релација резервирана за „15 А“ и во двата наврата вели дека се возела со „обичен“ единечен стар автобус. „Точно е дека двокатниот автобус периодов поретко е на улица. Не го реализира целиот возен ред, бидејќи тимот возачи што е обучен за ова возило и практично го должи не е во целост, поточно двајца од тројцата возачи се на одмор. Така, принудени сме да го пуштаме автобусот да вози само во една смена, бидејќи недозволиво е возачот сам да ја истера цела дневна шема, односно да вози речиси 19 часа без прекин. Сепак, сметам дека во случајов нема никаков пропуст што би бил на штета на патниците, оти линијата се одржува но комбинирано со друго ‘обично‘ возило“, објаснува Мишо Николов, директор на ЈСП. Тој посочи дека даблдекерот во сообраќај се вклучува наутро од 6,15 часот и денот го завршува еден час претпладне. Потоа на „15А“ се пушта друго возило. Целата дневна шема „дабледекерот“, најавува Николов, се очекува да почне да ја реализира најдоцна до понеделник, кога на работа се очекува да бидат сите тројца возачи ангажирани на ова возило. Од ЈСП велат дека ситуацијата воопшто не е невообичаена, односно не гледаат причина зошто одредени возачи не би биле задолжени само за двокатниот или било кој друг автобус. „Ние, всушност, неодамна одлучивме новите автобуси да не ги вози кој ќе стаса, односно на некој начин ги задолжуваме возачите со возилото, бидејќи сметаме дека така подомаќински ќе се однесуваат кон него. На пример, еден автобус им е даден на располагање на тројца возачи и токму тие во секое време ќе бидат одговорни за возилото во секој поглед. Таа одлука веќе се потврдува дека е оправдана и корисна за нас“, вели Николов. За него, случајот со двокатниот автобус, кој е редуциран токму поради тоа што возачите не се искоординирале за користење на годишниот одмор, е изолиран случај. Уверува дека такво нешто во иднина нема да се случи ниту со двокатниот автобус ниту, пак, со некој од новите автобуси. # http://www.time.mk/read/6791099e26/386922759a/index.html Уште еден ВИЦ на ЈСП. Се прашувам само што ќе се случи кога на есен ќе пристигне првата пратка од 67 автобуси? |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Договор за нови 15 кабрио автобуси веројатно од понеделникнедела, 03 јули 2011, 20:41- „...Комисијата за спроведување на јавната набавка изврши евалуација на понудата доставена од страна на компанијата „Јутонг“ при што беше констатирано дека истата е прифатлива и ги исполнува критериумите предвидени со тендерската документација“ Понудите за тендерот за двокатните кабрио автобуси се отворија на 26 Мај, 10 дена пред изборите. Единствено беше заинтересирана фирмата од која претходно, токму преку Транспорт, Владата купи 202 автобуси двокатни автобуси со ретро дизајн. Иако целата набавка се одвиваше за време на предизборната кампања од министерството објаснуваат дека добиле позитивно мислење од антикорупциска дека се е законски бидејќи проектот бил дел од годишната програма. Според условите во договорот, скопјани ќе се возат под чадор во автобус најрано идното лето. Дел од 15-те нови возила се наменети и за Охрид. http://www.time.mk/read/NONE/1f753d8a8d/index.html |
|||
![]() |
|||
Александар ![]() Senior Member ![]() Joined: 13-Dec-2010 Location: Beograd Online Status: Offline Posts: 205 |
![]() ![]() |
||
Ја их зовем франкенштајни, па унаказише аутобусе. У реду је урадити ремонт, али оставити дизајн какав јесте! Да су их само средили и оставили овакве (слика), по мени би било пуно боље него што направише ово
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2829303132 90> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |