Author |
Topic Search Topic Options
|
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#621 Posted: 29-Nov-2008 at 23:35 |
Комбето на А1 останува на кејот
 | Доцна синоќа било отстрането од пајак службата |
| |
Службеното
возило на А1 Телевизија кое беше поставено на кејот 13. ноември во знак
на протест поради узурпацијата на шеталиштето, доцна синоќа било
отстрането од пајак службата, заради непрописно паркирање. Казната
изнесува 200 евра затоа што бил попречен влез на градилиште. Но, на
местото каде што е паркирано комбето не стои никаква ознака за
градилиште, а градежните работи се одвиваат на стотина метри од
поставените паравани. Денеска возилото повторно е вратено на
истото место, но немаше камиони, ниту пак дојде полиција со пајак
повторно да го отстрани. Од МВР демантираат дека дале дозвола за
улицата. Полицијата немала ингеренции, ниту смеела да издава дозволи по
законот за градба. Од МВР било побарано само мислење, односно
согласност за безбедно одвивање на сообраќајот на пешачката зона. Оваа
согласност за локалната власт не е обврзувачка, а градот може да ја
даде дури и без мислење на полицијата, стои во демантот на МВР. Доколку
полицијата дала согласност пешачката зона да стане улица по која ќе
поминува тешка градежна механизација, А1 бара од МВР согласност
службеното возило на телевизијата да остане неправилно паркирано на
кејот и да не биде отстрането од пајак службата. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=100890
|
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#622 Posted: 28-Nov-2008 at 11:32 |
АРХИТЕКТИТЕ ТВРДАТ
И без тараби имарешение за кејот
Архитектите
се гневни што никој не ги прашал како да се огради најатрактивниот дел
од скопскиот кеј и тврдат дека има многу решенија објектот на „Дивелоп
груп“ да се гради, а да не се наруши движењето и погледот на граѓаните.
- Имаме решенија за кои може да се рече дека се несреќни и дека за едно
градилиште се жртвува премногу градски интерес, премногу градски
вредности на предолго време, на начин кој граѓаните практично не го
одобруваат - вели архитектот Мирослав Грчев. „Дивелоп груп“, пак, тврди
дека ќе изгради подземна сообраќајница. - Треба прво да се изгради
објектот до карабина затоа што ќе поминуваат кранови, миксер, а потоа
ќе ја градиме подземната сообраќајница. Мора да донесеме кран кој не
може да се носи под земја. Потоа дел по дел ќе се повлекува и само по
таа сообраќајница ќе се носи материјал - вели Александар Ивановски,
управител на „Дивелоп груп“. Не е јасно, сметаат познавачите во
градежниот бизнис, зошто веднаш не се изгради таа сообраќајница, за
потоа да се гради објектот. Дозвола да се огради кејот даде скопскиот
градоначалник Трифун Костовски, но вината за изградбата ја префрли на
градоначалничката на општина Центар, Виолета Аларова. Согласност за
безбедност дало и Министерството за внатрешни работи иако сега велат
дека нивното мислење не било обврзувачко за Градот.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1562&ArticleID=103021 |
Со голед на тоа што информација доаѓа од прилично тенденциозен весник не ја сметам за многу релевантна. Не слушнав досега некој од тие архитективе кои ја злоупотребуваат (продаваат) својата стручност, да даде конкретен предлог. Само се збори колку да се збори и да се дига џева (галама), а никој не се обидува конкретно решение да даде. Добивам впечаток дека дел од архитектонската фела на овој ничин дури и ги навредува другите колеги со тоа што се понижуваат да изкачаат со "купени" ставови за потребите на некои бизнис кругови во државата, односно во намерата еден бизнисмен да дискфалификува друг.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#623 Posted: 26-Nov-2008 at 19:52 |
ako imat mesto da pominuvas togas dobro e jas mislev nesto drugo ...... mi se dopaga ...
ama pak 2 godini kaj restoranite nema nikoj da dojdit poradi ogradata
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#624 Posted: 26-Nov-2008 at 11:32 |
Ако не се оградел кејот, плоштадот ќе станел автопат |
|
Ако
не го оградевме кејот на Вардар, ќе мораше да го узурпираме плоштадот,
кој е место на кое се одржуваат различни манифестации, велат од фирмата
„Дивелоп“, инвеститорот на зградата на местото на поранешната Народна
банка.
- Со решението градежната механизација да се движи по кејот го
избравме најбезболниот начин. Погрубите работи ќе завршат во зимскиот
период за да не се загадува кејот. Ќе ја изградиме и подземната
сообраќајница за возилата. Граѓаните ќе мора да се стрпат две години -
објасни Александар Ивановски, застапникот на „Дивелоп“.
Тој додаде дека лимените плочи со кои е заграден кејот се нужни
според законите, а поставениот мост имал носивост од 120 тона. За да не
се загрозат кафулињата, асфалтирањата ќе се вршат во раните утрински
часови.
- Фирмата „Девелоп“ е сопственик на локацијата и инвеститор на
објектот што ќе се изгради на кејот. Ние ги поседуваме сите потребни
документи што се издадени од општината Центар и од градот, а градежните
работи се изведуваат според Законот за градење. Земјиштето беше купено
на 4 мај минатата година од фирмата „ГФГ“, откога почнаа активностите
за обезбедување на потребната документација, според деталниот
урбанистички план од 1997 година. На 21 февруари беше добиено решението
за локациски услови, платени беа 1,15 милион евра за комуналии и на 4
април беше добиено одобрението за градба - објасни Ивановски.
Тој додаде дека кога ќе се изгради карабината на објектот, тогаш ќе се реализира и пристапната подземна сообраќајница.
Скопјани најавија дека денеска ќе протестираат против узурпацијата
на кејот, поради што се оневозможени да го користат и да поминуваат по
кејот, а за протестите е најавена и поддршка од Социјалдемократскиот
сојуз на Македонија.
Градоначалникот Трифун Костовски истакна дека, ако треба, ќе им се
придружи на граѓаните во протестите и го изрази својот негативен став
за упадот во деталниот план, како и за несогласувањата со ваквите
решенија што ги доставил до општината Центар и до Министерството за
транспорт и врски.
- Доколку секторот за сообраќај не издадеше сообраќајно решение,
градот ќе мораше од буџетот да му плати отштета на инвеститорот -
додаде тој.
Според него, градежната дозвола што била издадена од општината
Центар го принудила секторот за сообраќај на градот да издаде
привремено решение .
Гранитот на Пенов сепак нема да се фрли
Скапите босански гранитни плочи со кои поранешниот градоначалник
Ристо Пенов го поплочи плоштадот „Македонија“ сепак нема да завршат во
отпад. Дел од поплочениот плоштад е заграден поради новото градилиште,
но инвеститорот вели дека внимателно ги отстраниле плочите и дека со
нив ќе го поплочат околниот простор откако ќе се направи објектот.
Дополнително ќе се одлучело што ќе се прави со преостанатите плочи. |
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=244&ArticleID=11967 |
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#625 Posted: 25-Nov-2008 at 18:44 |
трифка слушнал за што се говори па и он да се умеша малце  зашто сите запнале прво за естетските причини, првенствено нешто е закрчувањето на една од најбитните пешачки зони во градов, многу луѓе се изјаснија како оградата не им се допаѓала како изгледа
Edited by zabegan - 25-Nov-2008 at 18:48
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#626 Posted: 25-Nov-2008 at 17:06 |
Костовски: Градбата на кејот ќе продолжи кога ќе се создадат услови
25 November, 2008 05:21:00
Големина на фонт:
Градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски е против градењето на објектот во центарот на Скопје, се додека не се изгради подземниот пат долж кејот што ќе овозможи превозот на градежниот материјал. Костовски вели дека не е надлежен во ова насока, а вината ја префрла кај општината Центар која ја издала дозволата за градба без да ги обезбеди потребните услови. „Овој објект иако постои маркичка мора да биде изграден откога ќе се воспостават услови за негова градба. Дозволата за градба е издадена од општина Центар во која градот Скопје нема увид како е решено прашањето со подземниот пат. Дали првенствено треба да се гради подземниот пат или објектот а после тоа ќе се гради подземниот пат. Улогата на градот тука завршува и моите ингеренции“ изјави Костовски. Меѓутоа од компанијата “Дивелоп Груп“ која е сопственик на земјиштето велат дека градската управа не дала друга алтернатива како да го транспортираат градежниот материјал и машините што ќе се употребуваат во градба. „Некој мора да даде согласност , а тоа е градот Скопје. По сите законски прописи на Република Македонија, а ние сепак сме некоја правна држава , не можете вие објект да го оставите без приод и не можете тој приод да не го обезбедите. На што би личело тоа“Александар Ивановски, менаџер на претпријатието “Дивелоп Груп“ Покрај реката Вардар во центарот на Скопје според раководството на “Дивелоп Груп“ ќе се гради деловен објект кој треба да биде завршен за две години. До тогаш, според сите изгледи граѓаните нема да можат да уживаат во погледот на реката Вардар.
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#627 Posted: 25-Nov-2008 at 00:57 |
НЕ СТИВНУВААТ ОБВИНУВАЊАТА ЗА ОБЈЕКТОТ НА СКОПСКИОТ ПЛОШТАД
Граѓани протестираат за оградата, инвеститорот за улицата
Не гледам ништо спорно во оградувањето на просторот, бидејќи тоа е направено од безбедносни причини и според одредбите од Законот за градбата, тврди инвеститорот
 Инвеститорот прашува како од Детаљниот урбанистички план исчезнала сервисната улица Кеј 13 Ноември
Граѓани се закануваат со протести ако не бидат отстранети металните огради од кејот 13 Ноември во Скопје, но општината Центар и градските власти тврдат дека се беспредметни бидејќи документацијата за изградба на објектот Народна банка е легална. Инвеститорот прашува како од Детаљниот урбанистички план исчезнала сервисната улица Кеј 13 Ноември. Општина Центар во јунските измени на ДУП за Мал ринг ја избришала и улицата Кеј 13 Ноември, а во планот ја внесла само подземната сообраќајница, која инвеститорот на објектот треба допрва да ја гради. Таа улица постоеше се' до обновувањето на кејот пред нецели шест години, кога во мандатот на градоначалникот Ристо Пенов беше обновено шеталиштето. Во ДУП-от таа беше означена како сервисна, се' до донесувањето на последната измена на планот за Мал ринг.
Александар Ивановски, директор на фирмата инвеститор „Дивело-груп“, вели дека деновиве јавно ќе излезе со соопштение за шпекулациите во јавноста околу изградбата на објектот Народна банка. Тој потврди оти според одобрението за градба инвеститорот има обврска да направи тунел долг 400 метри, широк 7 и длабок 4,5 метри од почетокот кај хотелот „Холидеј ин“ до нивниот објект. Потоа истата подземна сообраќајница треба да продолжи под плоштадот Македонија, каде што ќе се гради подземен паркинг предвиден со генералниот Урбанистички план.
- Ги имаме сите потребни документи кои се предвидени според законот за градење. Ние сме сериозна италијанско-холандска фирма и пред да се случи купувањето на земјиштето тим адвокати убаво ја разгледаа целата работа, инаку не би се впуштиле во оваа авантура. Нашата фирма го купи имотот во 2007 година. Подземната улица треба да биде готова во 2010 година. Поради тоа што немаше друг начин како да дојдеме до парцелата за градење, бевме принудени да потпишеме дека ќе ја градиме подземната улица - објаснува Ивановски. Тој се повикува на Законот за градба, според кој инвеститорот има обврска да го огради просторот со што ќе гарантира безбедност на граѓаните.
- Ние моравме некако да носиме градежен материјал, машини, кранови, багери и слично. Но, и да го изградевме тунелот, сето тоа ќе беше невозможно да се направи под земја. Според стариот ДУП, на кејот има надземна улица што го носи името Кеј 13 ноември, но сега ја нема. Не гледам, ништо спорно во оградувањето на просторот. Тоа е направено од безбедносни причини и според неколку членови од Законот за градба - тврди Ивановски.
Градските власти велат дека според Деталниот урбанистички план, градбата е надлежност на општина Центар, која при донесувањето на последниот ДУП за Мал ринг во јуни годинава за околу 22 метра го изменила и проширила габаритот на објектот Народна банка.
Марија Тасев Фото Маја Златевска
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AC7C56A05DC60C41ABA87DF5D9B3BF6B
|
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#628 Posted: 24-Nov-2008 at 06:11 |
Ни срам ни перде (и едните и другите)
СДСМ ќе протестира пред Општина Центар
Тарабите што се поставени на кејот го попречува и погледот од угостителските објекти

Граѓаните што се спротивставија на узурпирањето на кејот 13 Ноември и на попречувањето на движењето на плоштадот Македонија и бараа од градските власти веднаш да ги запрат градежните работи и да ја дислоцираат лимената ограда, ќе добијат поддршка од симпатизерите на СДСМ. Од оваа политичка партија известуваат дека в среда, на 26 ноември, ќе се одржат протести пред Општина Центар.
- Во 2007 година ДУП за Центар беше усвоен од ВМРО-ДПМНЕ со кој го зголемија габаритот на објектите од 22 на 29 метри висина. Затоа, ако до вторник не ги отстранат тарабите и мостот в среда ќе има протест пред Општина Центар. Тарабите што се поставени на кејот го попречува и погледот од угостителските објекти за што сопствениците имаат платено големи суми пари. Бараме од Општина Центар, Градот и од Владата да ги отстранат тарабите и импровизираниот мост на плоштадот и да им овозможат на граѓаните слободно да се движат. Сите овие институции во одреден дел имаат ингеренции во поставувањето на тарабите и на маркичката на која се гради деловниот објекет. Не може поединци блиски на власта, на сметка на граѓаните да создаваат личен профит, вели Дамјан Манчевски од СДСМ.
|
Originally posted by beTon
Никој не ја прифаќа одговорноста за градбата на кејот на Вардар
Власта и опозицијата повторно со меѓусебни обвинувања за узурпацијата на кејот 13-ти ноември, која незаконски ја дозволи градоначалникот на Скопје Трифун Костовски.
Ако не се тргнат лимените паравани, СДСМ ќе ги поддржeле граѓаните во протестите против општина Центар и градот Скопје.
„Одговорноста за последиците лежи кај градоначалничката на Центар, Виолета Аларова, градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој дал согласност за овој детален урбанистички план“, изјави Дамјан Манчевски од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ повторно потсетија дека во време на СДСМ е продадено земјиштето на кое се гради, по багателна цена и со непосредна спогодба.
СДСМ била на чело на општина Центар кога прв пат била вметната и маркичката за објектот. Но, во случајов земјиштето не е спорно, туку незаконската одлука на Костовски за узурпација на кејот.
Министерот Јанакиески се огради од одговорност. Тој не издал никаква дозвола за незаконското уништување на шеталиштето.
„Министерството за транспорт и врски нема издадено никаква дозвола за поставување на било какви огради и тараби на кејот на реката Вардар“, рече Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.
Костовски кршејќи ги законите дозволи на инвеститорот да го уништи кејот. Наместо да чека да се изгради подземна сообраќајница по која со камиони би се носел градежниот материјал, тој го претвори кејот во градилиште затворено со лимени паравани се до крајот на 2010-та.
Се уште Костовски не одговорил дали го уништи кејот поради личен профит. Граѓаните веќе реагираат дека параваните веднаш мора да се тргнат.
A1 - Сунчица Николоска - 12.11.2008 |
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#629 Posted: 23-Nov-2008 at 23:27 |
 Тунелот ќе биде сообраќајна врска за згрдата и за катната гаража, а не пешачка. А за пешаците секако ќе има простор да поминат покрај зградата, без да мора да одат од долу покрај Вардар. Сега прашање е колку тој простор покрај згрдата ќе биде доволен за да не се ствара тесно грло, а особено естетски... Тоа мене ми боде очи уште одамна пред да се почне со изградба. Еве, мислам дека ќе се снајдеш на ова да препознаеш што е што.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#630 Posted: 23-Nov-2008 at 22:16 |
znaci samo vaka mozes da odis od holiday inn do plostadot ....
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#631 Posted: 23-Nov-2008 at 21:25 |
Нема така да изгледа. Нема што да излага над земја. Ќе си биде подземја поврзан со зградата. Све ќе си биде доле под земја а ќе излаг доле кај Холидеј Ин.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#632 Posted: 23-Nov-2008 at 16:28 |

vaka moze da izgleda podzemniot tunel
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#633 Posted: 22-Nov-2008 at 12:55 |
Originally posted by lslcrew
... Зашто мораше да се иде со старомодно лимено решение?! |
Затоа што нашите татковци мислат на нас и нашата заштита „се за граѓанинот“
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#634 Posted: 22-Nov-2008 at 11:44 |
Еве да илустрирам на што мислев. Значи со зелено е обележан лимот што би требало да се придвижува кон лево за да се отвори пролазот. Или па може како втора опција да не биде лизгачки него да бидат обични врати кои ќе се придвижуваат према внатре, па кога ќе се отвора пролазот истовремено да се затвора градилиштето како би се заштитиле граѓаните, а воедно и градилиштето од кражби и слично. Лимовите по кејот може да се заменат барем со мрежи кои се поставуваат по градилишта. Зашто мораше да се иде со старомодно лимено решение?!
Edited by lslcrew - 22-Nov-2008 at 11:46
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#635 Posted: 22-Nov-2008 at 11:33 |
Зашто досега никој не се сетил паралелно до скалите да отвори пролаз. Односно двата лима да бидат како врата да може да се отвараат. Па така преку ден ќе се користат скалите, а кога ќе заврши работното време на објектот, тогаш да може да се отворат двете врати и нормално да си тече пешачкиот сообраќај. Колку што можам да заклучам, има простор и од лево и од десно од скалите да се направат врати. Може да се употребат оние лизгачки врати како што е, ако сте го приметиле влезот на градилиштето за резидор (позади рамстор).
Ако ништо друго барем значително ќе се намали оваа напната ситуација која вештачки се создава од одредени медиуми.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#636 Posted: 21-Nov-2008 at 23:00 |
Originally posted by Dave Gahan
...не бев во Скопје одреден период, па малку сум out во врска со темава, а гледам дека погоре во topic-от нешто се зборува за некаков протест....ме чуди што не само на форумов, туку воопшто во Скопје овој процес е дочекан со таква апатија, како Господ Бог да рекол зградава ќе стои овде и ќе се гради како на Орце ќе му се присака, а ние треба да ќутиме (исто како и со мајка тереза, кермес и еден куп слични грдосии од градов)...и јас знам дека е се легално во случајов и ако сакаме правда да тераме преку судови и слични институции (антикорупциски), нема на што многу да се надеваме затоа што, реално, најголемите криминалци во оваа држава не се од подземјето, туку се фаци кои што се во тесна врска со власта и се заштитени (типичен пример е случајов, повеќе пати се покажа дека никој ништо не сака да му направи, а погодете зошто)...и да не оди постов во тема политика (гледам дека се овде се избегнува и го поддржувам тоа) - протестите се легален начин на искажување на незадоволство и во вакви случаи мора да се применуваат...посебна предност е интернет и неговиот непречен и нецензуриран проток на информации, а судејќи по тоа дека овој случај е предмет на обемни расправи и по други форуми, блогови и сл. незадоволството од ова однесување е големо и сигурно може да се состави поголема критична маса, што може да има некакво влијание...
|
Се сложувам 100% со тебе но јас жалам што таа критична маса на која и јас се надевам не дигна глас и за многу пострашни нешта како на пример спомен куќата на Мајка Тереза. Освен една интернет петиција и благ публицитет по медиумите за истата петиција ништо не се случи. А верувам дека денот кога судот ќе каже дека последната верзија на Мал Ринг си е супер и црквата може да се гради не е многу далеку и дека и тогаш за жал критичната маса ќе остане критична само уз кафе во Бастион...
|
 |
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#637 Posted: 21-Nov-2008 at 22:42 |
...не бев во Скопје одреден период, па малку сум out во врска со темава, а гледам дека погоре во topic-от нешто се зборува за некаков протест....ме чуди што не само на форумов, туку воопшто во Скопје овој процес е дочекан со таква апатија, како Господ Бог да рекол зградава ќе стои овде и ќе се гради како на Орце ќе му се присака, а ние треба да ќутиме (исто како и со мајка тереза, кермес и еден куп слични грдосии од градов)...и јас знам дека е се легално во случајов и ако сакаме правда да тераме преку судови и слични институции (антикорупциски), нема на што многу да се надеваме затоа што, реално, најголемите криминалци во оваа држава не се од подземјето, туку се фаци кои што се во тесна врска со власта и се заштитени (типичен пример е случајов, повеќе пати се покажа дека никој ништо не сака да му направи, а погодете зошто)...и да не оди постов во тема политика (гледам дека се овде се избегнува и го поддржувам тоа) - протестите се легален начин на искажување на незадоволство и во вакви случаи мора да се применуваат...посебна предност е интернет и неговиот непречен и нецензуриран проток на информации, а судејќи по тоа дека овој случај е предмет на обемни расправи и по други форуми, блогови и сл. незадоволството од ова однесување е големо и сигурно може да се состави поголема критична маса, што може да има некакво влијание...
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#638 Posted: 21-Nov-2008 at 21:35 |
Originally posted by Б.Ѓ.Т
pa i da protestiraat ke dojde policija i niv ke gi uapsi i tarabite pak ke ostanat,taka da moze samo a1 da prai anketi i nisto poveke i da sobira nekoj peticii sto pak nema da im uspeat. |
ne se soglasuvam so tebe .....
tie koga ce protestirat gradacalnikot ce razbira deka graganite ne se srekni so toa sto se slucuva 
|
 |
bonko
Newbiе
Joined: 20-Nov-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#639 Posted: 21-Nov-2008 at 21:14 |
јас мислам и може да се извадат тарабите ако носењето на материјалите и набавките се одвиваат по течението на Вардар со траект..хииххи.....во секој случај сега ќе се затворат и терасите на кејот и ќе биде и намалена фреквенцијата...па и ќе спадне буката...што не рекоа за спомен куќата на мајка тереза нешто плочникот е уништен а и пристапот е низ зелена површина... додека за плочникот на кејот се крена бука го уништиле плочникот...и оваа вест е веќе претерано презентирана на а1
|
 |
Б.Ѓ.Т
Senior Member
Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
|
Quote Reply
#640 Posted: 21-Nov-2008 at 21:05 |
pa i da protestiraat ke dojde policija i niv ke gi uapsi i tarabite pak ke ostanat,taka da moze samo a1 da prai anketi i nisto poveke i da sobira nekoj peticii sto pak nema da im uspeat.
|
 |