![]() |
![]() |
![]() |
Патна мрежа (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3031323334 84> |
Author | |
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Започнаа градежните активности за осветлување на клучки на државните патишта
![]() Со цел да се подигне нивото на услуги на корисниците на патиштата, но пред се во насока на зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот и оваа година ЈП за државни патишта го продолжува проектот за осветлување на клучките на државните патишта. Осветлувањето на 12 клучки и раскрсници на регионални патни правци со поддршка од Светска Банка е започнато и се очекува овие активности да завршат до средината на септември оваа година. Се работи за клучките Оризари, Истибања, Удово,Асамати,Љубојно, Македонски Брод, Пелинце,Виница, Лаквица,Росоман и клучка Карпош- Куманово. Вкупната должина на осветлен пат на овие 12 клучки изнесува 10.200 метри, а ќе бидат поставени вкупно 255 еднокраки и двокраки канделабри. Инвестицијата е во вредност од 36 милиони денари. ![]() На клучката Карпош- Куманово на регионалниот пат Куманово – Свети Николе како и на клучката Пелинце на делницата Куманово-Пелинце градежните активности се во поодмината фаза и се работи на поставување на канделабрите, додека на клучката Пелинце е завршено со бетонирање на фундаментите за канделабрите, по што ќе се отпочне со нивно поставување. Паралелно се започнати градежните работи и на клучките Асамати, Љубојно и Суводол-Македонски Брод, а се планираат активности за отпочнување и на клучките Оризари, Истибања и на влезот во Виница. http://www.porta3.mk/zapochnaa-gradezhnite-aktivnosti-za-osvetluvanje-na-kluchki-na-drzhavnite-patishta/ |
|
![]() |
|
alexr ![]() Newbiе ![]() Joined: 11-Nov-2014 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Дали има некој информација за реконструкцијата на патот Битола-Ресен до превојот Буково? Дали само ќе се реновира овој правец или пак ќе има некакво проширување? Дали ќе се гради нов пат кој би го заобиколил Ресен, наместо како до сега да треба да се врви низ Ресен? Информацијата која излезе по медиумите беше доста штура, без никакво подетално појаснување. А се прашувам зошто само до Буково, а не до крај до Охрид. Баш тој дел од Буково до Охрид е најкритичниот, тесен пат со две ленти и многу кривини.
Edited by alexr - 02-Jul-2015 at 12:08 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Започна изградбата на локалниот пат Крклино-Горно Оризари
![]() Изградбата на локалниот пат Крклино-Горно Оризари, започна со третиот мост кој ќе биде изграден во должина од 10 метри и реконструкција на други два мостови, како и патна инфраструктура во должина од 1,5 километри. Овој проект е финансиран од Владата на Р. М, преку програмата на Светска банка во вредност од 21 милион денари. Програмата од Светска банка содржи проекти во вредност од 1.250 илјади евра. Дел од овие проекти се веќе завршени, како што се локалниот пат с. Поешево, с.Д.Оризари – с.Трн, с.Граешница и с.Црнобуки, а има уште доста локални патишта кои ќе се прават. http://www.porta3.mk/zapochna-izgradbata-na-lokalniot-pat-krklino-gorno-orizari/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ПАТОТ НЕГОТИНО-КРИВОЛАК
Ќе се реконструира патот од Неготино кон неготинското село Криволак, во должина од 3 километри и со ширина од 5,5 метри. Од Општина Неготино информираа дека е почната постапката за спроведување на законските процедури кои претходат на градежните работи на терен за реконструкција и асфалтирање на овој патен правец. За оваа цел се обезбедени 22 милиони денари. „Министерството за транспорт и врски во соработка со Општина Неготино го објави јавниот тендер за реконструкција на локалниот пат до населеното место Криволак и тоа од спојот со патот Р–107 до центарот на ова населено место. Заинтересираните можат да ги доставуваат понудите најдоцна до 22 овој месец, кога и ќе биде јавното отворање“, информираа од Општина Неготино. http://www.utrinski.mk/?ItemID=F50CBADE849CA8498800B3BBEBD84877 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Овој начин на крпење на дупки треба да го промовираме како туристичка атракција. Верувам дека би било интересно за европејците во живо да видат како нивните прадедовци крпеле дупки пред првата светска војна.
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Се крпат дупките на регионалниот пат М-6
Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонијапат“ во соработка со општина Василево и ЈПКД „Турија“ , Василево, врши крпење на дупките на регионалниот пат М-6 – Вељуса, во делот на територијата на општина Василево. ![]() Конкретно санирани се дупките меѓу населените места Ангелци и Градошорци, кои после обилните пролетни врнежи и зголемената фреквенција на овој регионален пат го отежнуваат нормалното одвивање на сообраќајот. За целосно санирање на оваа делница чиј должина изнесува околу 3 км, ќе бидат потрошени околу осум тони асфалт. ![]() Пополнувањето на дупките ќе придонесе за подобрување на состојбата во овој дел од регионалниот пат кој освен жителите на Ангелци, Градошорци и останатите соседни населени места го користат и голем број превозници за побрз пристап до соседната Струмица. ![]() ![]() strumicadenes.mk |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Мисајловски: Регионалниот пат Тораница-Саса ќе се гради на почетокот на 2016
Одговарајќи на пратеничко прашање, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, зборуваше за проектот за изградба на регионалниот пат Тораница-Саса, Крива Паланка-Каменица. Мисајловски подвлече дека проектот за изградба на регионалниот пат е во должина од 19,8 километри и е во фаза на проектирање и подвлече дека на почетокот на 2016 година ќе започне да се реализира. -Очекуваме дека до крај на јули ќе биде готов проектот. Моментално и од Светска банка се во мисија и за Тораница-Саса и за Ранковце-Крива Паланка. Очекуваме дека во септември-октомври на борд на директори ќе се разгледа и потпишување на кредит за овие две делници и согласно процедурите што ги има Светска банка се надеваме дека ќе започнеме во првата половина на 2016 со градба на оваа делница, подвлече Мисјаловски. Министерот истакна дека ова е многу важна делница која намалува многу километри, како и дека тој лично и ги посетил во Тораница и Саса и се сретнал со градоначалникот кој го поздравува овој проект. http://lider.mk/2015/05/27/misajlovski-regionalniot-pat-toranica-sasa-ke-zapocne-da-se-gradi-na-pocetokot-na/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Со заштеди од претходните тендери ќе се подобруваат патиштата
Ќе се подобрува состојбата на локалните, регионалните и на магистралните патни правци со заштедените средства од земениот кредит за санација и изградба на патишта од пред неколку години. Европската банка за обнова и развој објави известување за престојните јавни набавки од страна на Јавното претпријатие за државни патишта, со кои ќе се финансираат пет проекти што ќе ја унапредат безбедноста на патиштата во земјава. За овие намени е обезбеден буџет од 3,6 милиони евра. Со европски пари ќе се рехабилитира регионалниот пат Клепач – Новаци во пелагонискиот регион, ќе се набават и постават нови сообраќајни знаци и опрема за четири национални патишта, ќе се осветлат раскрсниците на шест регионални патишта, ќе се инсталира унапреден систем за контрола на осветлувањето на македонските патишта, но ќе се вложи и во изработка на студија за дигитална архива. За сите овие проекти е предвидено да се распишат тендери од страна на Јавното претпријатие за државни патишта во втората половина од 2015 година. Европската банка за обнова и развој во изминатите години е редовен потпомагач во изградбата и реконструкцијата на македонските автопати, магистрални, регионални и во локални патишта. Оваа европска финансиска институција досега има инвестирано во 97 проекти спроведени на територијата на земјава. http://www.build.mk/?p=44370 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
elnino ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Mar-2010 Location: kavadarci Online Status: Offline Posts: 129 |
![]() ![]() |
тоа сто нема одводнување е крив изведувачот, но да не го заборавиме и просечниот македонец кој си истура вода по улиците, пере све и сешто по дворовите, одводите се дирек по улици, па дури и не е со темата има случаи во атмосферска канализација диво се приклучува домашната фекална канализација. Ние сме стока, затоа државата се понаша како овчар
|
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
Da e samo toa selo...!
|
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Со оглед дека не можам да најдам адекватна нишка за сликиве, нека седат овде. Патен пrавец од с. Марвинци до Валандово. Претпоставувам дека нема да бидете изненадени што сеуште во 21 век има села во Македонија кои немаат нормален асфалтиран пат.
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12. 13. 14. 15. |
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Jas go vozev toj pat zimoska i tolku lošo pominav što se vraćav preku Prilep. Katastrofa e patot
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Ovoj pat go vozevme pred godina i pol i mozam da kazam deka se raduvam na ovoj cekor. Imase mesta so pogolemi ostetvanja iako mora da se kaze deka sostojbata ne bese do tolku ocajna no so ogled na toa deka ovoj pravec ima potencijal da bide dosta koristen za turisticki turi mislam deka zasluzuva edna posoliden kvalitet.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ПАТОТ ОД КРУШЕВО ЗА ДЕМИР ХИСАР НА ПОПРАВКА
Парите за реконструкцијата се обезбедени од Министерството за транспорт и врски и за годинава ќе бидат потрошени 7 милиони денари, или 114.000 евра Моника Талеска Крушево - Проблемите на возачите и патниците на релација Крушево – Демир Хисар и обратно конечно ќе завршат, зашто веќе започнаа градежните активности за санирање на оваа сообраќајница. Парите се обезбедени од Министерството за транспорт и врски и за годинава ќе бидат потрошени 7 милиони денари, или 114.000 евра. „Проектот кој ќе се реализира во две фази предвидува гребење на постојниот асфалт на најоштетените делови од коловозот и поставување нов слој. Со реализација на проектот ќе се подобри патната инфраструктура како основен предуслов за развој на туризмот, а ќе се олесни и комуникацијата на нашиот град со другите туристички места како Битола, Охрид и Струга“, изјави градоначалникот на Крушево, Ѓорѓи Дамчески, соопштувајќи и други бројни проекти кои ќе го подобрат животот на Општината. Така, околу 2.000 жители кои гравитираат на потегот од селото Норово кон селото Бучин наскоро ќе добијат непречено водоснабдување. Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се обезбедени 14 од вкупно потребните 18 милиони денари за изградба на цевковод којшто ќе води од Регионалниот водовод „Студенчица“ преку пумпната станица до селото Норово кон Бучин. Преостанатите четири милиони денари ќе ги обезбеди локалната самоуправа. „Цевководот се гради во должина од 9,5 километри. Овие жители во моментов се снабдуваат со вода за пиење од пумпната станица во село Бучин, за што се трошат значителни финансиски средства. Снабдувањето со вода по природен пат ќе овозможи финансиски заштеди на ЈП ’Комуна‘ од Крушево од 3.000 до 4.000 евра месечно, колку што сега се трошат за електрична енергија на оваа пумпна станица“, потенцира Дамчески. Локалните власти очекуваат дека овие и другите инфраструктурни проекти ќе имаат свој придонес и за економски и туристички развој на Крушево. Според податоците, во последнава зимска сезона во градот престојувале за 20 отсто повеќе туристи во однос на истиот период минатата година. Оценките се дека последната е најуспешна сезона, а зголемен број туристи се очекуваат и во текот на летниот период. Инаку, вчера во Крушево престојуваше делегација од околу 20 аташеа на странските амбасади во Македонија, кои посетија многу културно-историски споменици во градот. http://www.utrinski.mk/?ItemID=576F044002B43C4DA6467D6BF4E0C1C6 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
СЕ РЕКОНСТРУИРА ПАТОТ ОД АВТОКАМПОТ „ЕЛЕШЕЦ“ ДО ОХРИДСКОТО СЕЛО ЕЛШАНИ
Како дел од најавените активности за реализација на проектот поддржан од Светска банка и Владата, денеска започна асфалтирањето на локалниот пат од селото Елшани до Автокампот „Елешец“ делница долга 2.258 метри. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески појасни дека патот ќе се асфалтира во просечна ширина од 4 метри, а предвидена е и реконструкција на банкините. - Ќе биде ставен висококвалитетен асфалт со дебелина од седум сантиметри. Со реконструирањето на овој пат значајно ќе се подобри квалитетот на животот на жителите во Елшани и сите кои гравитираат кон овој дел од општината, рече Бакрачески изразувајќи уверување дека подобрената инфраструктурна поврзаност ќе придонесе и кон развој на туризмот на местата на тој дел од Охридската ривиера. Локалното население благодарно што се обезбедени средства за обновa на патот кон селото што брои 700 жители, а од кои голем дел живеат од туризам. Патот беше со големи оштетувања, со асфалтирањето и проширувањето многу ќе е подобро за сите. Елшани е доста посетено и од страна на странските туристи, рече претседателот на месната заедница, Игор Шопоски. Вкупната вредност на проектот е 7 милиони и 610.000 денари. Изведувач е акционерското друштво „ Илинден“ од Струга. Градежните активности се очекува да завршат за триесеттина дена. http://www.utrinski.mk/?ItemID=04D99A378BBF5C4695198B975642475A |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Ќе се обновува дел од патот помеѓу Kавадарци и Неготино
![]() Градоначалникот на Kавадарци, Александар Панов, информира дека деновиве ќе почне реконструкција на дел од патот од Kавадарци за Неготино. - Се работи за дел од владиниот проект за целосна реконструкција на патот од Kавадарци до Неготино. За почеток целосно ќе се реконструира патот од кавадаречката општа болница до населбата Глишиќ во Kавадарци. Всушност, овој дел од делницата што ги поврзува двата града е и најоштетен и има големи дупки што го отежнуваат сообраќајот - рече Панов. http://www.dnevnik.mk/?ItemID=AC663F5528ED8F44AA91E4E8867A4858 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Српско-македонска граница-Миладиновци
Скопска обиколница Скопје-Тетово Тетово-Гостивар Возење низ Национален парк Маврово |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Има еден приклучок поред село Отовица излегуваш директно пред наплатната.Јас го користам тој преку лето кога има километарски гужви пред наплатната.
Во суштина постои клучката, само би требало да се среди и да се нанесе нов слој асфалт. Edited by jyvation - 17-Mar-2015 at 17:12 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ЌЕ СЕ ГРАДИ ПРИСТАПЕН ПАТ ОД АВТОПАТОТ ДО ЕЗЕРОТО „МЛАДОСТ“
Велес - Во првата половина на годинава, автопатот Велес - Скопје треба да биде поврзан со езерото „Младост“. Од Јавното претпријатие за патишта најавуваат дека се почнати активностите за решавање на проблемот, за кој со години имаше реакции и од туристите и од туристичките работници. „Во тек е изработка на техничко решение за трајна измена на режимот на сообраќај за приклучок од автопатот Велес - Скопје со локалниот пат до езерото „Младост“. Во завршна фаза е изработката на проектната документација и подготовката за отпочнување на градежните работи. Очекуваме градежните активности да завршат во првата половина на оваа година“, изјавија од ЈП за државни патишта. Така ќе биде премостен недостатокот на врска од автопатот кон езерото, кое беше на дофат на илјадниците туристи, но не беше достапно. Тие не можеа да го посетат зашто немаше приклучок директно од автопатот, па можеа само да го видат и да продолжат кон граница. Што се однесува на проблемот со асфалтирањето на приклучокот од автопатот Скопје – Велес, кај наплатната рампа „Сопот“, од ЈП велат дека тоа ќе траба да го изврши локалната самоуправа Велес. Решавањето на проблемот доаѓа откако со години имаше реакции од различни страни дека е потребно да се изгради приклучок, кој беше неопходен и за жителите на околните села да можат побргу и полесно да стигнат до дома. Последната реакција беше при крајот на минатата година, кога жителите од месните заедници Сујаклари, Мамутчево, Новачани, Отовица, како и од Регионалната „Про кредит академија“, хотелот „Романтик“, мотелот „На Велешко“, бродот „Панини“, сопствениците на насадите со лозја и „Шапо сопот“ писмено се обратија до Министерството за транспорт и до ЈП за државни патишта. Неколку месеци подоцна, стигна и позитивната реакција. „Добро е што конечно ќе биде решено ова прашање. Се надевам дека ќе се заврши во најавениот рок, за да можат многубројните туристи од Европа, но и од Србија да имаат можност да се одмараат попатно кон дома“, вели еден велешки стопанственик. Минатиот месец на електронска аукција беа продадени четири од вкупно шест парцели наменети за изградба на мотели. Локалната власт на Велес минатата година го изгради водоводниот систем со кој конечно се решава прашањето со вода за пиење на околината на езерото „Младост“. Во тек е изградбата на канализациската мрежа. Езерото „Младост“, иако е вештачка акумулација, има голема посетеност во летните месеци, не само од велешани, туку и од жителите на Скопје и блиските градови од источна Македонија, па претставува голем туристички потенцијал за Велес. Таму е и сателитската населба, со 30-ина плацови, каде што веќе се завршени неколку домови за велешани, кои избегаа од градската врева. http://www.utrinski.mk/?ItemID=9D267A7D7B0413409091A4C60B86327F |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3031323334 84> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |