![]() |
![]() |
![]() |
Скопје 2014 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 327328329 |
Author | |
Capernaum ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 04-Feb-2010 Location: Equador Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Презентиран проектот „Скопје 2014“ Скопје, 4 февруари (МИА) - Споменици на историски личности од мермер и бронза, фонтани, скулптури и нови згради на институции, се предвидуваат според проектот „Скопје 2014“ за централното градско подрачје, што денеска беше визуелно претставен, во организација на општина Центар. Спомениците на Методија Андонов Ченто, Цар Самоил и Јустинијан Први се изработуваат од мермер, а сите останати меѓу кои и на Гоце Делчев, Даме Груев, на Гемиџиите, Св. Кирил и Методија, Св. Климент и Наум, лавовите на мостот „Гоце Делчев“,... ќе бидат во во бронза. Според деталниот урбанистички план, спроти кафе барот Тренд и на локацијата до поранешниот Офицерски дом е планирана изградба на хотели. Предвидена е изградба и на православен црковен храм „Св. Константин и Елена“. Локацијата и припаѓа на МПЦ која одлучува кога ќе се реализира нејзината изградбата на црквата. На плоштадот „Македонија“ ќе има фонтана со споменик на Александар Македонски на Букефал, која ќе почне да се гради откако ќе се дислоцира подземната инсталација, каблите и цевките. Општина Центар за тоа предвидува најмалку два месеца, а целата работата се очекува да заврши во период од околу една година. Предвидено е фонтаната да биде пуштена во употреба без споменикот на Александар Македонски, ќе има шест програми на движење на водата, а навчер и светлосни ефекти во ритамот на различни музички нумери. Фонтана ќе има и на плоштадот „Карпошово востание“, од спротивната страна на Камениот мост. Фонтаните, пак, кои треба да се поставуваат во Вардар ќе ги изведува компанијата „Ла Моне Моредо“ од Италија, а градежните работи да почнат годинава кога ќе има низок водостој на реката. Водениот столб на фонтаните се очекува да достигне до 30 метри. Од другата страна на Вардар ќе бидат објектот на стариот театар во Скоје и Музејот на македонската борба, како и зградата во која ќе бидат сместени Уставнот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј. Во нивна близина е предвидена изградба и на објекти за МНР, Агенцијата за електронски комуникации, за Јавното обвинителство и Финансиската полиција. Објектот на новата концертна сала на Македонската филхармонија треба да биде целосно завршен до крајот на 2012. Пешачкиот мост „Око“ кој води кон зградата на Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј се предвидува да има 28 склуптури високи по два метра, изработени од бронза. Се очекува изградбата на мостот да продолжи во март или април 2010. Мостот на уметноста или пешачки мост кој оди кон зградата на Јавното овбинителство и Финансиската полиција е во фаза на конкурс. И на овој мост се предвидени 28 склуптури од бронза, високи два метра симетрично поставени на двете огради. Тука се очекува да се најдат скулптури на Тоше Проески, Браќата Миладиновци, Кочо Рацин, Григор Прличев, Ацо Шопов и други. Ќе бидат заменети и оградите на мостовите Гоце Делчев, Нов мост и Мостот на револуцијата. Надградбата на зградата на Парламентот со уште еден кат и поставување куполи се очекува да почне во средината на 2010 година. Со новиот кат се предвидува секој пратеник да добие просторија каде ќе може да врши прием на граѓани. На плоштадот „Пела“ ќе има порта „Македонија“ или „Македонска борба“ или „Порта на македонска независност“, проект на Министерството за култура. На местото на поранешната Народна банка на Македонија се предвидува деловен објект. На еден дел, пак, од поранешната стоковна куќа ТИПО или Сити центарот се ппланира монтирање на големи монитори според визуелизацијата. Ќе се обновуваат и фасадите на зградите во строгиот центар на Скопје за да одговараат на новиот лик на центаралното градско подрачје. Градот наскоро ќе објави конкурс за идејно решение на овој проект, а изградбата се очекува да почне во 2011. На визулизација на проектот, покрај градоначлникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ присуствуваа, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначлникот на Град Скопје Коце Трајановски.мд/са/14:54 |
|
If you're fond of sand dunes and salty air...
|
|
![]() |
|
Dave Gahan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
![]() ![]() |
http://www.youtube.com/watch?v=YBYtmAOt7RI
Не знам кај да го стаам ова...не знам ни embed да напраам...едитирајте ако треба...мислам дека соодветен thread e за видеово... |
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 327328329 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |