Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#641 Posted: 11-Feb-2010 at 06:47 |
Се бара идејно решение за катна гаража кај „Телеком“
Фасада во барокен стил, класицизам, неокласицизам, романтизам или
неоромантизам, три ката деловен простор и место за паркирање за
најмалку 315 возила. Ова се дел од главните услови што се бараат во
јавниот повик за идејно решение за изградба на катната гаража на
местото на постојното зеленило помеѓу МЕПСО и „Македонска пошта“, од
страната на Вардар, проект на Јавното претпријатие за стопанисување со
станбен и деловен простор.
Заинтересираните автори во
предлозите за изгледот на објектот треба да вметнат и нови технологии
во паркирањето што се користат во Европа и во светот. Врз основа на
понудените решенија, од ЈПССДП дополнително ќе утврдат дали паркирањето
ќе се врши преку електронска рампа или со лифтови, што би овозможило
поголем капацитет на паркинг-места.
Објектот ќе се гради на
површина од речиси 10.000 квадратни метри и ќе има девет ката.
Потребата од рустичната фасада од ЈПССДП ја правдаат како обврска
наметната со урбанистичкиот план кој налага сите објекти во реонот да
имаат стилски фасади.
Останатите три катни гаражи што ќе ги
гради станбеното претпријатие ќе имаат стаклени фасади. Едната од нив
ќе се наоѓа на аголот до музејот на холокаустот, другата на постојниот
мал паркинг меѓу МЕПСО и „Телеком“, а катна гаража ќе има и кај
Работнички дом.
Сите ќе бидат инвестиција на претпријатието од
каде што очекуваат изградбата на објектите да стартува наредната
година, со оглед на потребните процедури за избор на идејни решенија,
изработка на проекти, избор на изведувач... Рокот за изведба,
најверојатно, ќе биде една и пол година.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=DA0A93B1F12C304198F0BF2F9CB3EEFA |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#642 Posted: 08-Feb-2010 at 03:53 |
Монтажни паркинзи на нивоа, спас за Општина Аеродром

Општината и „Градски паркинг“ договориле четири локации од кои годинава ќе се реализираат две
Монтажно паркирање на две или повеќе нивоа ќе го решава проблемот со
паркирањето во Аеродром. Општинските власти и јавното претпријатие
„Градски паркинг“ договориле четири локации за кои ќе се изработуваат
проекти за монтажни паркиралишта, од кои годинава веројатно ќе се
реализираат две. Целта е, велат надлежните, во Аеродром да се обезбедат
повеќе паркинг-места, а тоа да не биде на сметка на зелените површини.
„Ова е скап модел на паркирање, но брзо се реализира“, велат во јавното
претпријатие „Градски паркинг“.
Монтажни паркиралишта ќе има под
Транспортниот центар, во близина на дискотеката „Колосеум“. Слободниот
простор под Транспортниот, меѓу поштата и кејот на Вардар наскоро ќе
биде уреден како паркиралиште, а на дел од него ќе се направи уште едно
ниво. Дополнителни паркинг-места на ниво ќе има и во Ново Лисиче, кај
трите кули, каде што има најголем проблем да се најде слободно место.
Монтажно паркиралиште е планирано на веќе постојниот паркинг покрај
касарната „Гоце Делчев“, каде што ќе се добијат дополнителни 300 до 400
места, а моментално се размислува и за соодветна локација во близина на
маркетот „Веро“.
„Овие паркиралишта функционираат како катни
гаражи, со рампи за качување и симнување, само што се прават од
монтажни елементи и се приспособливи и побрзо се изведуваат. Планираме
на основната монтажна конструкција да додадеме некоја украсна ограда
или, пак, да заградиме делови со плексиглас заради естетика, со оглед
на тоа дека станува збор за станбени средини“ , вели директорот на
„Градски паркинг“, Панче Стојановски.
Во инвестицијата ќе
учествуваат Општина Аеродром, која ќе обезбеди 70 проценти од
средствата, Град Скопје и јавното претпријатие. Стојановски вели дека
по дефинирањето на локациите, „Градски паркинг“ во рок од еден месец ќе
изработи проекти, врз чија основа Аеродром ќе може да распише тендер.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=1135A3E32B80414486F5DF13D74E61F3 |
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#643 Posted: 04-Feb-2010 at 04:21 |
 А- ете ја мојата теорија за заговор од пред неколку дена. Овие лопови немаат намера да решат никаков проблем туку само да се изналапаат со пари! Видоа дека приватнициве упсеаа да пробутуваат деловни објекти под превезот на катни гаражи (што меѓу неписмените новинари и простиот народец што се ослонува на чул-не дочул се мега-популарни) и сега и тие сакаат да ќарат. Никој од овие објекти нема да го реши паркинг проблемот на околината, напротив ќе создаде уште поголем хаос, како и секој објект претходно (Рамстор, Зебра, новиот кај Универзална, новиот кај поликлиниката Млин Балкан...). Им тргна новава форма на лоповлук и криминал кон градот и граѓаниве. АБЕ ОВА ГО НЕМА НИГДЕ! ТРЕБА НАВИСТИНА ДА СЕ ПОКРЕНЕ НЕКАКВА АКЦИЈА!
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#644 Posted: 04-Feb-2010 at 03:36 |
Изгледот на фасадите на објектите што се градат покрај кејот
на Вардар налагал и катната гаража што ќе се гради на постојното
зеленило меѓу МЕПСО и „Македонска пошта“ од страната на Вардар да биде
во рустичен стил. |
Идиоти! Одете веќе еднаш на психијатриска проверка...
ДУП дозволува изградба на објект на четири ката, но од
претпријатието размислуваат да побараат дозвола за два дополнителни
ката што би се искористиле за деловен простор. |
Шо убо. Ама нели приказната беше дека приватниците така пренаменувале (мада не чувме кој им дозволувал), па сега државава превзема во свои раце за да нема такви пренамени? А бидејќи приземјето е веќе планирано за деловни простории значи работава испаѓа 3 спрата деловни и 3 спрата паркирање односно пола-пола. Може некој да ми објасни која е суштинската разлика со ТЦ Зебра на пример?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#645 Posted: 04-Feb-2010 at 03:18 |
И катната гаража кај МЕПСО во барокен стил

Јавното станбено претпријатие ќе гради уште три застаклени катни гаражи, со еден кат деловен простор
Деспина Трајковска
Една со барокна и
три со стаклени фасади ќе бидат катните гаражи во центарот што ќе ги
гради Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен
простор. Изгледот на фасадите на објектите што се градат покрај кејот
на Вардар налагал и катната гаража што ќе се гради на постојното
зеленило меѓу МЕПСО и „Македонска пошта“ од страната на Вардар да биде
во рустичен стил. Другите три катни гаражи на ЈПССДП ќе бидат
застаклени. Засега е сигурно дека сите објекти ќе имаат по еден кат
наменет за деловен простор, а допрва ќе се утврдува дали паркирањето во
нив ќе се врши по принципот со лифтови или, пак, објектите ќе бидат
класични, односно со рампи.
Владимир Бахчовановски, директор
на ЈПССДП вели дека најверојатно денеска ќе бидат објавени јавните
повици за избор на идејно решение за четирите објекти. Врз основа на
понудените решенија и потоа направените пресметки за изработка на
проектите, ќе се утврди начинот на паркирање во гаражите.
„Постојниот
Детален урбанистички план утврдува колку минимум места за паркирање
треба да се обезбедат, но по разгледувањето на неколку опции,
заклучивме дека капацитетот може да се зголеми доколку се искористи
принципот на паркирање со лифтови. Конечните одлуки ќе ги донесеме по
изборот на идејните решенија“, вели Бахчовановски, кој тврди дека
станбеното претпријатие е финансиски доволно моќно да ги изгради
објектите.
Според првичните процени, пресметувајќи го периодот
за избор на идејните решенија, изработката на проектите и други
неопходни процедури, изградбата на катните гаражи би стартувала
наредната година со рок на изведба од 18 месеци.
Согласно со
договорот меѓу Владата, Градот Скопје и ЈПССДП, станбеното претпријатие
ќе гради катна гаража на постојниот мал паркинг кај „Телеком“, потоа на
просторот меѓу МЕПСО и управната зграда на „Македонска пошта“ од
страната на Вардар, потоа до Музејот на холокаустот и една катна гаража
пред „Работнички дом“. Таа, всушност, ќе биде и најголемата, иако не и
највисока. ДУП дозволува изградба на објект на четири ката, но од
претпријатието размислуваат да побараат дозвола за два дополнителни
ката што би се искористиле за деловен простор.
Катните гаражи
кај „Телеком“ и МЕПСО ќе имаат по девет ката и ќе бидат високи 29
метри. Доколку паркирањето се врши преку рампа, катната гаража кај
„Телеком“ би овозможила паркирање на 267 возила, а по принципот
паркирање со лифт дури 406 места. Другата катна гаража, пак, сигурно ќе
обезбедува 315 места за паркирање, додека онаа кај Музејот на
холокаустот, според ДУП, налага капацитет од минимум 200 места за
паркирање, со можност да се зголеми на 320 доколку паркирањето се врши
со лифт.
Според Бахчовановски, направените анализи покажале
дека овој принцип на паркирање во определени ситуации е подобар,
бидејќи е функционален за објекти на мала површина, каков што е
случајот со катните гаражи кај „Телеком“ и МЕПСО. Истовремено се
обезбедува и поголем капацитет за паркирање, а се намалува и
количеството издувни гасови од возилата во околината.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=599318D76AB56D43A839BC40357D1543 |
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#646 Posted: 03-Feb-2010 at 01:06 |
не ми е јасно што па сега се фатија за катните гаражи кога во градов нема простор, а кај па го нема па уште ги пикаат на најнепогодни места за таков објект, многу подобри за Скопје се подземните гаражи и има простор за нив и не ми е јасно што мислат со ова, ќе прошируваат сервисни улички или? „Тие велат дека собраќајните
инжинери кои го подготвуваат детеалниот план особно ќе обрнат внимание
на пристапните сервисни улички кои ќе водат до гаражите.“
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#647 Posted: 03-Feb-2010 at 00:32 |
"Октет" составен од катни гаражи решение за паркингот
Од Општина
Центар информираат дека планот за изведба што ќе започне годинава, ќе
се спроведува во 3 фази. Во претстојниот период се изработува технички
елаборат за да се види капацитетот на улиците кои ќе водат до катните
гаражи, а со цел да се надмине проблемот со метежот и да се изврши
мерење на бројот на тамошните потребни паркинг-места
Владата,
Градот Скопје, Општината Центар и Јавното претпријатие за стопанисување
со станбен и деловен простор се решени да стават ред со
паркинг-просторот во централното градско подрачје. Со заедничкиот прокт
кој неодамна го обелоденија овие субјекти за изградба на осум катни
гаражи во Скопје, планираат обезбедување на околу 3000 слободни
паркинг-места. Локациите на кои ќе се градат гаражите во најголем дел
ќе бидат на државно земјиште, а инвестицијата ќе се движи од 25 до 30
милиони евра, информираше неодамна вицепремиерот за економски прашања,
Владимир Пешевски, по состанокот во Владата со градоначалниците на
Скопје и Општина Центар. Наспроти обвинувањата кои се огласија
деновиве дека со изградбата на новите 8 катни гаражи ќе се стесни
проточното сообраќајно грло во Малиот ринг поради малите постоечки
улички, градските власти се убедени дека до тоа нема да дојде. Според
нив, постоечката сообраќајна мрежа која набргу ќе се проширува, а во
неа спаѓаат и дел од постоечките булевари соодатно ќе одговорат на
потребите на интензитетот на сообраќајот. Тие велат дека собраќајните
инжинери кои го подготвуваат детеалниот план особно ќе обрнат внимание
на пристапните сервисни улички кои ќе водат до гаражите.
Четири од нив ќе гради државата преку станбеното претпријатие, и тоа
двете кај телекомуникацискиот центар, кај скопскиот театар и до
Работничкиот универзитет. Градот и Општината ќе прават по две гаражи.
Градските ќе бидат најголеми, ќе се наоѓаат кај Беко и кај Старата
железничка станица и заедно ќе можат да примат до 1.900 возила.
Инвестицијата за двете катни гаражи ќе чини по 7-8 милиони евра, кои
градот Скопје ќе ги обезбеди преку кредити, во соработка со Градски
паркинг, кој ќе стопанува со катните гаражи. Општината ги доби
локациите кај Државниот архив до МТВ и до поранешната зграда на Нова
Македонија. Од Општина Центар информираат дека планот за изведба што
ќе отпочне годинава, ќе се спроведува во 3 фази. Во претстојниот период
со изработка на технички елаборат за да се види капацитетот на улиците
кои ќе водат до катните гаражи, се со цел да се надмине проблемот со
метежот и изврши мерење на бројот на тамошните потребни паркинг-места.
http://vecer.com.mk/?ItemID=6762EB7F90A5C5489AF929A7EAEDBEFB |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#648 Posted: 02-Feb-2010 at 23:57 |
Катни гаражи од центарот не се слагам дека дополнително ќе дозагужат. Првенствено ќе ги опфатат возилата што се испопаркирани во околните улички, но после тоа ќе мора овие улички да се оддржуваат со две ленти слободен просток за од/до катните гаражи. Едно возило да застане на таа уличка повторно ќе има тахикардија. Пристапот би бил проблем доколку би оставиле ситуацијата со паркирање по улички да е вакво како сега. Двајца редари и пајак возило и малку воља би биле доволно за оддржување на редот.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#649 Posted: 02-Feb-2010 at 19:22 |
Еве малце поелаборирано особено од аспект на пропустната моќ на планираните пристапи до новите катни гаражи. Има поенти кои ми се чинат без врска (круна е онаа веќе редовна „теорија“ за тоа како можеме да куртулиме од издувни гасови доколку сообраќајот и паркирањето биде под земја), но мислам повеќето се валидни поенти:
Без нови улици, катните гаражи ќе го колабираат сообраќајот

Малиот ринг станува големо тесно грло, нема решение за пристапот до паркинзите
Сања Наумовска
Проширување и
приспособување на постојната сообраќајна мрежа или, пак, реализација на
планираните улици предвидени во Генералниот урбанистички план на Скопје
е единственото решение за нормално функционирање на осумте нови катни
гаражи предвидени да се градат во центарот на градот. Отворањето нови
3.000 места за паркирање го решава стационарниот сообраќај, но,
дефинитивно, предизвикува зголемена фреквенција на возила во
централното подрачје, коментираат сообраќајните инженери.
Надминувањето
на проблемот треба да се бара во паралелното решавање и на паркирањето
и на уличната мрежа, на која во овие услови и' се заканува колапс.
Неопходна е изградба на Јужен булевар, булеварот „Крушевска Република“
и подземната сообраќајница под плоштадот „Македонија“, кои директно ќе
го „хранат“ Малиот ринг со сообраќај.
Според архитектот Јован
Тагасовски, самиот Генерален план на Скопје предупредува дека доколку
до 2020 година не се изградат планираните сообраќајници, особено
големите булевари, главниот град ќе се задуши во сопствениот сообраќај.
„Малиот ринг станува големо тесно грло. Изградбата на
административни објекти на кејот на Вардар ќе привлече огромен број
луѓе и возила во центарот на градот. Постојната сообраќајна мрежа,
дефинитивно, нема да го издржи тоа“, вели Тагасовски.
Неколку од
предвидените осум катни гаражи моментно се со нерегулиран или
несоодветен пристап. Ова особено важи за гаражите кај „Телеком“ и
МЕПСО, кон кои би се пристапувало по тесни улички со мала пропусна моќ.
Стручњаците имаат забелешка и на катната гаража предвидена во близина
на зградата на некогашната „Нова Македонија“, која има добра улична
мрежа во околината, но лежи на трасата на Јужен булевар. Катната гаража
кај „Беко“, пак, ќе има пристап само од еднонасочна улица. Најсоодветно
се планирани гаражите кај Работнички дом и кај Меморијалниот центар на
холокаустот. Останува, велат сообраќајните експерти, да се доработува
сообраќајната мрежа за поголема пристапност на гаражата кај
„Аутомакедонија“ и зад Државниот архив.
„Пред неколку години ДУП
’Мал ринг‘ предвидуваше три катни гаражи во центарот, кај ’Телеком‘,
кај Работнички дом и кај ’Беко‘, а останатите места за паркирање се
обезбедуваа во подземниот паркинг под плоштадот. Тоа, според мене, и
денес е најдоброто решение. Со него се избегнува задушување на
сообраќајот на улиците низ центарот, а наедно со подземното паркирање
се намалуваат и издувните гасови, па се задоволува и еколошкиот
критериум“, вели инженерот Пламен Гавровски.
Тој советува,
покрај паркирањето и главните сообраќајни артерии, паралелно да се
размислува и за квалитетен алтернативен јавен превоз. „Осумдесет нови
автобуси нема ништо да подобрат во град со ваква големина. Потребен е
трамвај, особено што со нови административни згради се навлекуваат се'
повеќе луѓе во центарот“, коментира Гавровски.
За планерот
Стефан Калајџиски од проектантското биро „Зебра“, на центарот му
требаат сите осум предвидени катни гаражи, бидејќи се чувствува голем
притисок од возила во текот на денот. Сепак, тој се согласува дека за
да функционираат гаражите, мора да се обезбеди соодветен пристап до
нив.
„Улиците во центарот моментно ја немаат доволната
пропусна моќ за да го задоволат очекуваниот прилив на возила кон новите
паркиралишта. Мора итно да се работи на планирање и проектирање нови
улици“, вели Калајџиски. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4DF187CE43AC3849B25725644A227C1E
Edited by Cloverstack - 02-Feb-2010 at 19:26
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#650 Posted: 01-Feb-2010 at 02:45 |
Маркицата е многу помала од оваа што ја нацрта, отвори го дупот за мал ринг види во табела колку е, а ако се сомневаш во табелата прецртај ја сам и во ГЕ-про измери површина.
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#651 Posted: 01-Feb-2010 at 02:31 |
Ајде вака да го погледнеме проблемот, точно кај Беко.  На Гугл Рт вика дека една страна на објектот е 70 метри (и тука ја земаме песимистичката варијанта, затоа што просторот е 90 метри). Ако претпоставиме дека гаражава ќе има форма на 1/4 од цел круг, можеме да пресметаме дека површината на објектот би била (ЕР на квадрат по ПИ)/4. Следува дека (5000 по 3.14)/4=3900 метри квадратни. Ако објектот има 7 ката, има и приземје и минимум две нивоа под земја, што прави најмаклу 10 ката површина од по 3900 метри квадратни, што прави скоро 40000 метри квадратни корисна површина. Таа ако ја поделиме со 24 те метри што ти ги спомена, би добиле 1666,666 места. Дали е тоа еднакво на 800те места што ги споменува градот, или ДУПЛО ТОЛКУ?! Која е потребата за нов деловен простор таму? Тука стои и недоградената зграда на ЈугоБанка, што самата има мизерен паркинг простор за својата големина, а како што се најавува целата ќе биде зафатена од неколку министерства. Овој објект со 1600 места не би ги зодоволил ни потребирте на граѓаните од постоечките локали и ЈугоБанка, камо ли ако ми напкаат додатен деловен простор. Сигурно иста е приказната и лагата со другите објекти.
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#652 Posted: 01-Feb-2010 at 02:30 |
Нормално останува сомнежот кон катната гаража пред Холидеј Ин. Стварно незнам како планираат дса го изведат тоа, вероватно не планираат некој гостин во хотелот да има ауспух пред нос кога ќе излезе на тераса. Исто така би сакал да го актуелизирам прашањето што го покренав пред некој ден во нишката за мал ринг како за едната од гражаите би добиле скоро дупло поголема површина. http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=132&PID=55592#55592
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#653 Posted: 01-Feb-2010 at 02:26 |
Па не го спуштаме нивото сега на дискусијава, незнам дали јас негодувам?! Те прашав убаво дали може да пресметаш некои бројки, не го поставив прашањето предходно воопштоп од некоја друга позиција туку незнам зашто ти призвуче дека сакам во нешто да те побивам.
А дали ќе градиме кадешто на македонецот ќе му ќефне?! Па види ако има слободно место ќе градиме. Незнам јас по која тоа рачуница и по кое правило би барале од пола милион жители да се придржуваат кон нефункционални концепти на некои предходници. Сите нешто се залагаат за либерално општество, а читам тука северно-корејски ставови. Сега ај ако не, да не градиме катни гаражи. Ставрно не сакам да звучи дека очекувам од некого беспоговорно да каже дека проектот нема маана, всушност нити постои совршен проект, но далеку ќе се подобри паркирањето во градот. Некои пориви едноставно неможам да ги разберам.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#654 Posted: 01-Feb-2010 at 02:11 |
Според правилник паркинг место е со димензии 5х3, 15м2. Од бројките што се дадени излага ~24м2 ако се изземе еден кат пропорционална квадартура, односно првиот кат за деловен простор. 24м2 е сосема реална бројка сметајќи ги комуникациите. Така да не гледам кражба некоја освен ако деловниот кат, првиот, го рачунаме како кражба.
Околу комуникацијата не гледам проблем ако се работи за рамномерно часовно дистрибуиран сообраќај, што и нема да биде случај макар се работело у за булеварски пристап до гаражите со оглед дека главната гужва ќе биде сабајле еден час и попладне еден час. Меѓувремено ќе има нормален сообраќај. Всушност и не гледам толкав проблем со комуникациите.
Некако сум скептичен кон ова паркирање со лифт. Може да се расипе, треба време кола по кола да иде, треба дополнително човек што ќе го работи тоа. Сепак, а ко тоа значи дополнителни неколку стотини паркинг места може и да е добро компромисно просторно решение.
Кога ќе сублимирам, го поддржувам проектот, единствена сега за сега замерка што имам е неунифицираноста во едно јавно претпријатие што ќе стопанисува со целиот државен паркинг простор во Скопје. Ова и не е толкав, за мене проблем, пошто е и имагинарен адмиинистративен и многу многу полесно се решава одколку градење 8 згради.
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#655 Posted: 01-Feb-2010 at 02:08 |
Еве ги моите негодувања:
1) Навистина не сум експерт, за да пресметам како оди тој сооднос меѓу вкупната квадратура на објектот и паркинг местата! НО, СИТЕ ДО ЕДЕН овие објекти според мене ќе се изградат како Тинексот во Капиштец. Односно, ќе нидат комбинирани комерцијални објекти со паркинг гаражи. Самиот факт дека објектите ќе креираат побарувачка по нови паркинг места (затоа што делумно ќе бидат комерцијални), автоматски кажува дека тие не се наменети да ја олеснат состојбата во околината. Не лажеа дека и Рамстор и Тинекс ќе решеле некаков проблем на околината но сите знаеме колку неславно заврши ова.
2) Проблем е како што наведе Пбенкс што уличната мрежа едноставно ќе се преоптовари и ќе клекне, како МХЈасмин.
3) Со каква цел и образложение ние не формираме ЕДНО ГРАДСКО претпријатие за паркинг? Да се задоволи секое ниво на властта? ЈПССДП како дел од владата, потоа за градот и за општината. Ама каде го видоа ова? Нели се тегнеа во Загреб, Нирнберг, Шпании мајчината им, ова таму го има ли, нели скенираа се мафтаа таму?
4) Која е потребата да се паркира на Плоштад? Демек таму каде што на македонецот ќе му кефне, мора да се креира место да ја остави колата ли? Ајде ти ЛСЛ, пошто само негодуваш, да ми кажеш еден пример на град кој ги решава своите паркинг проблеми (ова не е само паркинг проблем, туку проблем како да се реши во градот проблемот со мобилноста на луѓето и како што знаеме тој не се решава со паркинг место на секоја локација за секоја кола!), на овој начин.
НЕЗНАМ ДО КОГА ЌЕ ИМАМЕ ВАКВИ КРЕТЕНИ НА ВЛАСТ И ДО КОГА ЌЕ СИ СЕДИМЕ СО СКРСТЕНИ РАЦЕ ВО ВРСКА СО ТОА?!?
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#656 Posted: 01-Feb-2010 at 01:55 |
Јас ова го навестував низ муабетиве уште пред некое време.
Дека се забега со зацртување на катни гаражи во центарот и во еден толку типичен за нас кампањски пристап ќе изгубиме прескапо земјиште во сред центар на град.
Некој можеби ќе каже дека и катните гаражи се профитабилни но воопшто не е тоа поентата.
Поентата е што нешто друго, далеку попрофитабилно и посоодветно може да се направи со ист тој простор.
Особено ми бодат очи двете катни гаражи кај плоштадот. Таму треба да се оди во земја и проблемот со паркирањето да се реши во рамките на новопроектираните објекти.
Слично треба да биде и од другата страна на реката каде повторно се работи за новопроектирани објекти и паркирањето требаше да се предвиди во нив.
Сепак имам разбирање за една катна гаража во тој дел, со оглед на тоа дека ја имаме и стоковна куќа мост, почетокот на чаршијата, комерцијална банка итн.
Од другата страна, мислам дека катната гаража Беко е апсолутно издржана а исто така катни гаражи се потребни и во делот накај јужен булевар со оглед на тоа дека се градат и планираат повеќе нови објекти, а веќе Рамстор сам по себе прави неверојатна гужва (се надевам дека трговскиот кој се гради на железничка ќе си го има далеку подобро решено проблемот).
За крај останува уште едно прашање. Кои од околните сообраќајници се предвидени да трпат толкав влив/одлив на коли. Сите гледаме каков проблем прави Рамстор од едноставна причина што едниот влез (од кај музеј на град скопје) каде влезната рампа собира 3-4 возила ни од блиску не може да ги прими сите возила кои чекаат за влез, затоа се формираат ненормални колони кои блокираат цела лента на МХ Јасмин а истата приказна е и кај влезот на Јужен Булевар каде колите чекаат во ред на сред булевар. Да не зборувам каков хаос создаваат и колите кои излегуваат од паркингот на Рамстор на МХ Јасмин.
Значи. Дали некој проценил/анализирал колку Гоце Делчев, Даме Груев, МХ Јасмин, Железничка итн се способни да го примат товарот кој ќе им го наметнат сите овие силни гаражи?
Edited by pbanks - 01-Feb-2010 at 02:03
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#657 Posted: 01-Feb-2010 at 01:49 |
Може сомнежите да ги преточиш во бројки?! Не сум пресметувал уште.
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#658 Posted: 01-Feb-2010 at 01:23 |
Во центарот на Скопје дури осум катни гаражи

Срцето на главниот град се претвора во место за паркирање
Билјана Ангеловска
Осум катни гаражи со
вкупна инвестиција од 25 до 30 милиони евра ќе се изградат на
територијата на општина Центар во текот на наредната година и со нив ќе
се обезбедат околу 3.000 паркинг-места. Ова го предвидува изменетиот
Детален урбанистички план за „Мал ринг“, што го усвои Советот на
Oпштината во петокот.
Измените беа донесени по повеќечасовна
дискусија на која опозицијата од петни жили се трудеше да укаже на
незаконската постапка по која се менува урбанистичкиот план, неговата
неусогласеност со Генералниот план на Скопје и дополнителните проблеми
што ќе настанат со неговата практична имплементација. Сепак, откако
беше јасно дека изнесените аргументи не се доволно силни за
мнозинството да ги земе предвид, советниците од СДСМ ја напуштија
салата, па одлуката за усвојување на измените беше едногласно усвоена
со 12 гласа.
За неа гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и од НСДП
и ЛДП, Иванчо Вучевски и Љубомир Тасев, кои како и при сите досегашни
одлуки на Советот на Центар, како конструктивна опозиција редовно
гласаат идентично со колегите од мнозинството.
Лидерот на ЛДП,
Јован Манасиевски, се согласува дека во Општина Центар има непослушен
сопартиец, за чие дејствување партијата нема начин како да го
дисциплинира. „Ние имаме еден советник што не ги почитува ставовите на
партијата и тој советник ЛДП не го смета за свој. Ние немаме
инструменти да натераме некој советник да се повлече од советничката
листа, меѓутоа, факт е дека тој е избран од редовите на ЛДП, но, за
жал, не ги застапува ставовите на партијата“, рече вчера Манасиевски.
Според
новиот ДУП „Мал ринг“, во строгиот центар на Скопје ќе се градат осум
катни гаражи и два објекта наменети за државната администрација, што ќе
никнат на левиот брег на Вардар, за јавно обвинителство, финансова
полиција и за МНР. Со самото тоа, според советниците на СДСМ во Центар,
ќе се создаде дополнителен сообраќаен метеж, бидејќи сите овие објекти
ќе привлечат околу 100.000 луѓе повеќе во центарот, што само ќе ја
блокира сообраќајната мрежа што воопшто не се доградува соодветно на
додавањето нови објекти.
Сите осум новопредвидени катни гаражи
ќе бидат на државно земјиште. Во текот на годинава ќе се изработуваат
проектите, а наредната ќе стартува нивната изградба. Четири катни
гаражи ќе гради и со нив ќе стопанисува Јавното претпријатие за
стопанисување со станбен и деловен простор, а по две ќе добијат Градот
Скопје и Општината Центар. Градот ќе гради катни гаражи на локациите
кај „Беко“ и кај старата железничка станица, поточно кај
„Автомакедонија“.
Објектот кај „Беко“ ќе биде на површина од
26.000 квадратни метри, ќе има седум ката и ќе располага со околу
800-900 паркинг-места, а првиот кат ќе биде наменет за деловен простор.
Гаражата кај „Автомакедонија“, пак, ќе има 30.000 квадрати корисна
површина и места за 1.000 возила. И двата објекта ќе чинат по околу 8
милиони евра, со нив ќе стопанисува градското претпријатие за
паркирање, а средствата ќе ги обезбеди Градот Скопје преку кредити.
Двете
катни гаражи што ќе ги гради Општина Центар ќе бидат една зад Државниот
архив и друга на „Митрополит Теодосиј Гологанов“ веднаш до „Нова
Македонија“. И двата објекта ќе имаат по 400 места за паркирање.
Јавното
станбено претпријатие, пак, ќе ги добие двете локации на самиот
плоштад, лево и десно кај МЕПСО и ЕЛЕМ, локацијата кај музејот на
холокаустот и онаа кај Работнички дом. Ќе стопанисува со вкупно 1.300
паркинг-места, а како што рече директорот Владимир Бахчовановски,
доколку се одлучи да се воведе паркирање со лифтови, тогаш би можело да
се обезбедат и дополнителни 500 места. Објектите на плоштадот ќе бидат
високи по 29 метри и ќе бидат на приземје и девет ката, гаражата кај
музејот на холокаустот ќе има три ката и 200 места, а таа кај
Работнички дом ќе располага со 500 места за паркирање, со 15 метри
височина. (Б.А.)
http://utrinski.com.mk/?ItemID=E28F63E9C70F7F4C9B1A6325337B29DE
------------------------------------------------------------------------------- Зарем вреди да се коментира??? Толкави простори за градење, толку високи објекти со по 8-9 ката и смешни бројки за планираните паркинг места... Па до кога вака буквално ЌЕ НИ ГИ КРАДАТ ЈАВНИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ПОВРШИНИ???
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#659 Posted: 31-Jan-2010 at 16:32 |
Проект: Ќе се градат осум катни гаражи во Скопје

Осум
катни гаражи ќе се градат во централното градско подрачје на Скопје.
Ова е заеднички проект на Владата, Град Скопје и општина
Центар,економски битен и за Скопје и за државата бидејќи покрај
економските аспекти решава и дел од проблемите на граѓаните на Скопје,
изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски,
по завршувањето на средбата.
Тој додаде дека со истиот ќе се создадат дополнителни околу 3 000
паркинг места во центарот на градот. Очекуваната инвестиција ќе се
движи од 23 до 30 милиони евра.
Се предвидува до крајот на годината да бидат завршени сите
подготвителни работи и во 2011 година треба да почне изградбата на
објектите.
“Од вкупно осумте катни гаражи, четири ќе ги гради Јавното
претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, две ќе ги
гради општината Центар и две ќе ги гради Градот Скопје. Во најголем дел
од случаите се работи за земјиште кое е во сопственост на Република
Македонија, и Владата го доделува или ќе го додели на овие институции ,
со цел да се изведе успешно овој проект.“, рече Пешевски.
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски посочи дека градот ќе
гради две гаражи кај Беко и спорти “Авто Македонија“, кај Стара
железничка станица. Двете ќе имаат околу 2.700 паркинг места.
ПУИГ ќе гради на четири локации, две ќе бидат на левата и десната
страна на АД Мепсо и ЕЛЕМ, третата е кај старата Меѓуградска автобуска
станица и четвртата кај Работнички дом.
Инаку, на денешната работна средба покрај вицепремиерот Пешевски,
градоначалниците на Скопје и Центар, Коце Трајановски и Владимир
Тодоровиќ, директорот на ПУИГ, Владимир Бахчовановски, присуствуваше и
премиерот Никола Груевски. http://netpress.com.mk/vest.asp?id=67458&kategorija=1
Edited by lslcrew - 31-Jan-2010 at 16:34
|
 |
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#660 Posted: 28-Jan-2010 at 09:37 |
Originally posted by Andrej_LJ
Може ли во овој град, во кој живее 1/4 од целата популација во Македонија да се изгради нешто без помошта на Владата? Тука не станува збор за метро! Ова е катна гаража, која приватниците ја градат на секој чекор, а институција што би требало да биде богата колку 1/4 од републиката неможе тоа да си го дозволи?
|
Па, за Зебра во Капиштец, јадевме трици дека нема осмина од најавуваните паркинг места и тоа во избори може некој да го искористи за добивање политички поени, а вака државата ќе си го легализира криминалот и нема да се збори за стопанственикот дека е лопов, туку ќе се заташка нешто во рамките на министерството за транспорт и врски и никому ништо после...важно Скопје ќе се дави со места за паркирање и во иднина, само да продолжат со вакви глупости...јас лично, не очекувам ништо да се промени на темава, исто се фаќа дали некој ќе лапне локација или ќе се насади во изграден објект, дури второво е многу поелегантно решение...
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
 |