![]() |
![]() |
![]() |
Јавен автобуски превоз (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3132333435 86> |
Author | |
sanos_a ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 149 |
![]() ![]() |
кај нас рокот за увоз на автобуси со еуро 2 стандард требаше да заврши до крајот на 2013 година мегутоа на барање на одредени превозници рокот го продолжија до крајот на мај 2014 година
|
|
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum |
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
Имаше написи дека Србија ќе ЗАБРАНИ увоз на половни возила со ЕУРО 3 стандард, a нашиве СЕ ФАЛАТ дека ќе увезат возила со ЕУРО 2 стандард
![]() Edited by phenomenon - 16-Dec-2013 at 20:17 |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Па како за споредба, ЕУРО 5 стандардите се општо прифатени во ЕУ од септември 2009, а ЕУРО 6 стандардите е планирано да почнат да се имплементираат од септември 2014. ЕУРО 2 стандардите се стари речиси 20 години, нивната имплементација е започната уште во далечната 1996 година, што значи дека актуелната влада на Република Македонија во втората деценија на 21-от век планира да имплементира еколошки стандарди од последната деценија на 20-от век, односно планира да ги држи жителите на Скопје едно 20 години во минатото од еколошки гледна точка. Имаше донација од автобуси од Виена кои беа со мотори кои работат на течен нафтен гас, кај нас популарно познат како плин, но ништо не бидна од таквата донација, наводно бидејќи директорот на таа некоја институција при ПМФ која требала да изврши атестирање на плинските уреди или хомологација или не знам што, кој патем од национална гледна точка бил припадник на најголемото национално малцинство во Македонија, им кажал на градските советници од Виена кои биле дојдени во посета на Скопје дека едноставно не знае што треба тој да направи, односно не знае која е неговата улога во целата донација. Единствено што треба сериозно да се земе во предвид е стравот од евентуален увоз на уште повеќе отворени гасни комори на тркала кои само дополнително ќе ги трујат скопјани и останатите граѓани на Република Македонија. Edited by Dexter26 - 16-Dec-2013 at 19:35 |
|
![]() |
|
Djole88 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
![]() ![]() |
има нешто сериозно од болдираното или е само нафрлано нешто од новинариве ?
" Нови дваесет илјади садници на територијата на Скопје, увоз на возила по ЕУРО 2 стандарди, проект за енергетска ефикасност на 42 училишта во 12 општини. А во наредниот период од Владата најавија дека ќе набават и нови 300 автобуси, кои испуштаат значително помалку издувни гасови" извадок од: http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=68035#.Uq83FdJDuE4 |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
Eве нешто интересно од Исланд:
http://www.straeto.is/ http://s.is/journeyplanner/enterJourneyPlan.do?hss=G4ZvV89311962 http://www.straeto.is/english/live-bus-map/ Edited by phenomenon - 31-Jan-2015 at 21:54 |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Скратена трасата на автобусот „4А“
Автобусот на ЈСП „Скопје“ со број „4А“ од вчера наместо до населба Хром, ќе сообраќа до Тафталиџе. Оваа линија откај Студентскиот дом „Гоце Делчев“ свртува десно по улицата „Московска“, потоа десно по булеварот „Партизански одреди“ и повторно десно по улицата „Лондонска“. Пред маркетот „Тедико“ ќе биде последната постојка (терминал). Од ЈСП потенцираат дека за сите измени патниците можат да се информираат на нивната веб-страница www.jsp.com.mk, во рубриката возни редови. http://www.utrinski.mk/?ItemID=F1DF1D54350EF24D97106F66EB197785 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
Ovie izgleda ne bile vo Skopje!?
![]() |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Скопје добитник на меѓународната награда „Градски трофеј 2013“
Наградата, која секоја втора година ја доделува Меѓународната унија за патен транспорт (ИРУ) се доделува за јавен транспорт и групен туризам Град Скопје ја доби престижната награда „Градски трофеј 2013“ за јавен превоз и за групен туризам. Признанието денеска во Кортрејк, Белигија го прими градоначалникот Коце Трајановски. Наградата, која секоја втора година ја доделува Меѓународната унија за патен транспорт (ИРУ) им оддава признание на локалните власти кои имплементираат проактивни политики за одржлив транспорт, мобилност и ефикасен јавен превоз. Во конкуренција со Малме, Ковентри, Ливерпул и Виена, Скопје ја доби наградата за севкупната политика за одржливи мерки за мобилност на граѓаните и посетителите, современа сообраќајна инфраструктура и промовирање како атрактивна туристичка дестинација. „Интернационалното жири за ’Градски трофеј‘ ги препозна напорите на Град Скопје за организирање квалитетен јавен превоз и за комплетна замена на возниот парк на ЈСП ’Скопје‘. Градот во последниве неколку години интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура и на јавниот превоз, на збогатување на туристичката понуда, на промоција на организирани туристички посети со водичи, како и на приближување на сите туристички дестинации во Скопје и во неговата околина до посетителите“, рече Трајановски. Ив Манерт, потпретседател на ИРУ и член на жирито потенцираше дека интернационалната жири комисија била импресионирана од сеопфатноста на досието доставено од Скопје и смета дека иако се' уште има простор за подобрување, Скопје е пример на којшто треба да се угледаат европските метрополи. Меѓу досегашните добитници на оваа престижна награда се градовите Дрезден (Германија), Честер (Велика Британија), Стокхолм (Шведска) и Саутпорт (Велика Британија). (С.Р.) http://www.utrinski.mk/?ItemID=247C13054A94A8478F9CA1EF07E749EF |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
ГТЦ доле има ама мислам дека треба да се премести кај рекорд.Е сега и кај Зелен пазар има и ептен се блиску ама сепак овие 2 мора да останат. Има кај главната пошта кај Т-мобајл.После во Карпош 2 кај Педагошки и се до Ѓорче нема ниедна.Една мислам дека треба да има кај Сити Мол. Е сега на Илинденска треба да има една кај Борис Трајковски и една спроти Матичното кај влезот на паркот. На Митрополит Теодосиј Гологанов една спроти ТЦ Беверли Хилс е сосема доволна. Другите места вака од нивната продажна мрежа се сосема доволни.Има 2 или 3 во Аеродром.По една во Бутел,Мачари,Лисиче,Кисела Вода,Пржино и по 2 во Чаир и Автокоманда. |
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
Освен кај Транспортниот Центар, кај Бит-Пазар и Автокоманда не ми текнува друго место во Центар кајшто сум видел да ссе продаваат билети на ЈСП. Според мeне, треба да се овозможи да се продаваат барем кај: Рекорд, Зелен Пазар, Југодрво, Џамбо Веро, ТЦ Бисер, Клинички Центар, Порта Влае, Сити Мол, Лептокарија, Соборен Храм, Драмски Театар, ТЦ Капиштец, СЦ Борис Трајковски.
|
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
во цел град, повеќе од 10 билетари нема, што е за срамота, споредено со тоа колкав е бројот на постојќи барем во најурбаните рамки на градот
инаку, не сакам да личи како да ги плукам безвезе двокатните автобуси, ама времето на наплаќање (не на стоење, за жал, шоферот и во сред возење наплаќа) е подолго, затоа што до шоферот се стигнува низ тесно ходниче каде што едвај може да се разминат двајца (а мора да се разминат) за разлика од обичните автобуси, каде што патниците плаќаат во ред еден по еден додека не влезат сите |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
xuzj ![]() Newbiе ![]() Joined: 12-Jun-2013 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Здраво до сите. Ве читам долго време, па така малце се најдов во “муабетот“ за системот за наплата, која што е причина за стоење на
автобусите на стојалиште повеќе отколку што треба (кај нас). Јас направив едно мало истражување. Целта ми беше за времето на стоење на стојалишта на двокатни и стандардни автобуси. После изброените автобуси и целата анализа на податоци, добив големи резултати за просечното време на стоење. Нема голема разлика помеѓу двокатните и стандардните автобуси, ама предолго време на стоење. Една од причините (од тие што јас самата ги видов при броењето), најглавната е системот на наплата. Треба да се намали бројот на патници кои што купуваат билети од кај возачот. Или па за
овој систем на наплата што го имаме веќе во Македонија, да има повеќе
продажни места на билети, посебно на пофреквентните стојалишта, каде што
за време на врвен час бројот на патници што чекаат е голем.
А веќе долго време читам за обновување на системот на наплата, па се надеваме, би требало да оди кон подобро. |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Да, тие се, но наместо во ѓубре, фрлени се на улица. Edited by Dexter26 - 17-Sep-2013 at 00:24 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
ова се парчињата од картичките што се куцнуваат?
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Иако на овие фотографии местото им е во темата Јавна чистота, сепак намерно ги објавувам во оваа тема како пример за односот на возачите во ЈСП Скопје, или контролорите во ЈСП Скопје, или не знам кој друг кој е надлежен за чистење на уредите за поништување на билетите.
Додека ЈСП Скопје, градот Скопје и самата држава Република Македонија воведуваат драконски казни за сите кои ќе се осмелат да плукнат на јавно место или да фрлат било што на јавно место, додека во автобусите на ЈСП Скопје за било каков вид на вандализам следуваат драконски казни, возачите и/или контролорите и/или не знам кои други вработени во ЈСП Скопје, си тераат по свое, дали законите и драконските казни не важат за нив или нешто друго е во прашање, не знам. Ова е фотографирано утринава, понеделник, 16 септември 2013, во 7:50 часот во Црниче. На последната фотографија се забележува веќе непостоечката автобуска постојка, која ја отстранија уште во јули 2013 ако добро помнам, во спротивно би бил август 2013, но како и да е, одлично помнам дека автобуската постојка ја нема многу поодамна пред крајот на август 2013, ги оставија само клупите и ги оставија поставените анкери, односно држачите за идната автобуска постојка која еве, на почетокот на втората половина на септември 2013, сеуште не е изградена. ![]() ![]() ![]() Edited by Dexter26 - 16-Sep-2013 at 21:13 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ЕЛЕКТРОНСКАТА НАПЛАТА ВО ЈСП ОДЛОЖЕНА ЗА НАЕСЕН
Иако со најповолна понуда на електронската лицитација, сe` уште е неизвесно дали турската фирма „ Kенткард“ ќе потпише за инсталирање систем за електронска наплата во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Од менаџментот во претпријатието дознаваме дека чешката фирма „Микроелектроника“, која била второрангирана, во меѓувреме, поднела жалба која е уважена од второстепената комисија. - Откако ја уважи жалбата, комисијата ја врати постапката на повторно разгледување. И тоа на сите четири фирми што учествуваа на електронското јавно наддавање. Била направена грешка во евалуацијата. Така што нашата комисија сега треба повторно една по една да ги разгледа понудите - изјави директорот на ЈСП, Мишо Николов. Тоа, според него, не значи поништување на тендерот, но во секој случај ќе ја одолжи постапката уште еден месец. На електронското јавно наддавање кое се одржа на почетокот на јули, освен турската „Kенткард“ и „Микроелектроника“ од Чешка, учествуваа и „Т-мобиле“, кој беше треторангиран и норвешкиот конзорциум „Бро-ог тунел-селскапет“. Од ЈСП не обелоденија кој, колку понудил пред да се направи конечниот избор. Ова е четврти конкурс со кој претпријатието се обидува да ја модернизира наплатата во своите автобуси, односно обид да ги замени хартиените билети со електронски картички. Претходните три обиди во последните пет години беа неуспешни од технички причини, а имаше и жалби поради кои постапките беа прекинувани. Всушност, за воведување електронска наплата или таканаречени „умни билети“ во ЈСП се зборува со години, уште од времето на екс градоначалникот на Скопје, Трифун Kостовски. Со ваквата наплата патниците ќе располагаат со пластифицирана картичка, која самите ќе можат да ја дополнуваат по принципот на припејд. При влегувањето во автобус, специјален читач ќе им одзема од сумата. Новиот систем ќе ги испрати во историја хартиените билети. Само по себе, тоа ќе ги намали турканиците, поточно застојот кој настанува додека луѓето купуваат билети од возачот или ги отчукуваат картичките. Според досегашните најави, за имплементирање на системот ќе се вложат три милиони евра, а парите, како што е планирано, ќе ги обезбеди градската власт. Инвестицијата ќе се плаќа во три фискални години - 2013, 2014 и 2015 година. http://dnevnik.mk/?ItemID=DAD820764088DB4FAB448D25703F9EAA |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
nylon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Oct-2010 Online Status: Offline Posts: 168 |
![]() ![]() |
Значи 20 пати помислив дека поглапав потег нема да има директорот на ЈСП и упорно ме разубедува во тоа. Најново, музеј на автобуси, бесплатен влез. Дали заборави директорот дека задачата на ЈСП е да ги превезува граѓаните на Скопје... Каква корист има ЈСП од ова? Ако веќе има идеја да прави музеј, најмогу што може да направи е да ги подари екпонатите на Министерство за култура или Град Скопје или некоја слична институција која покрај другото има задача да привлекува туристи, да се грижи за културното наследство итн.
Еве, да речеме дека тоа е добро за репутацијата на институцијата, сака да ја покаже својата историја... Да, во Лондон, Париз, Берлин, па и во Загреб или Софија би го подржил тоа. Но, ЈСП да се луксизура во ситуација кога немаат една нормална автобуска станица (свесно го кажувам знаејќи и за новите станици кои исто сметатам дека не се по никакви стандарди), немаат еден нормален автобус (двокатни глупости, немање на системи кои покажуваат следна станица, системи за наплаќање на билети...), немаат една функционална жолта лента, не ни пробале да размислуваат за мобилни апликации, а да не збориме барем за размислување и градење на концепти за современ шински превоз. Искрено им се чудам и им „завидувам“ како гледат на работите. Значи уште неможам да разберам колку треба да си интелегентен и да имаш широко размислување ако по посетата на Париз (посетата на Коце), не те импресионира и не го забележиш метро системот, обиколницата, екпресните автобуски линии, урбаната жеезница, туку забалежуваш дека коцката му фали на Скопје која во Париз била во изобилство. Се надевам само дека не идел со коњ до Париз... Пробувам некако да сфатам како би можеле да се уклопат двокатните автобуси во некој модерен концепт кој се надевам дека скоро ќе ја снајде нашава метропола. Но, искрено мислам дека продажба по секоја цена или старо железо ќе биде најдобрата опција. Не зборувам од инат или, незнам, некоја естетика, туку мислам дека од чисто економски аспект тоа е најисплатливата опција. |
|
![]() |
|
Danndy ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 410 |
![]() ![]() |
Знаеш што ми беше чудно?! Димензиите и килажата. Посебно килажата. Ако веќе мојот, твојот, нечиј куфер се причина за казна, зошто и оние со морбиден обезитас не ги казнат? Мислам многу пати ми се има случено да неможам да поминам заради стомакот на некој во автобус, а никогаш заради нечиј куфер. Апсурд. Edited by Danndy - 27-Aug-2013 at 03:19 |
|
Traveling.
|
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3132333435 86> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |