![]() |
![]() |
![]() |
Пешачки зони и помали плоштади (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3132333435 58> |
Author | |
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() па фала боу ова воопшто не треба да биде поставено ни како прашање само, дали новиот план на велосипедски патеки ќе го опфаќа и кејот? или како патека во центарот ќе стават уште една асфалтна шлаканица како таа под „Карпошово востание“ |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ќе се санираат кејовите на Вардар после оштетувањата поради галиите и мостовите
Град Скопје ќе ја санира штетата на кејовите на Вардар во центарот на градот, кои се речиси уништени по бројните интервенции за изградба на галии, фонтани и мостови. Администрацијата на градоначалникот Коце Трајановски почнува со основен проект, според кој ќе се изврши реконструкција и одржување на партерното уредување на малото и големото корито. При тоа ќе биде опфатен делот од градската плажа на Камени мост до Мостот Слобода, кај новата зграда на Министерството за надворешни работи. Кога проектот е во фаза на основен проект, не може да се предвиди колку ќе чини зафатот за враќање на кејот во старата состојба. Но очигледно е дека ќе се отвори многу работа, затоа што последниве години во речното корито се најдоа повеќе гломазни објекти кои го сменија личниот опис на реката. Два моста беа поставени еден до друг, со низа скулптури од двете страни. Само Мостот на цивилизациите и Мостот на уметноста се доволни за да се смени структурата на малото и големото корито. Освен тоа беа всадени нови фонтани и споменици во малото корито, а во моментов во речното корито има три галии, кои во голема мера го сменија текот на реката и кои го оптеретија водостојот. Оној сплав спроти МНР е во напредна фаза на изградба, додека пред извесно време почна и изградбата на оној спроти Археолошки музеј. Дополнително оптоварување на реката предизвикува и најновата насипана платформа за за изградба на Панорамското тркало. Подготовките за подигнувањето на нов мост, на кој ќе се најде Тркалото создадоа маса земја која зафаќа повеќе од половина од речното корито на Вардар. http://plusinfo.mk/vest/4436/kje-se-saniraat-kejovite-na-vardar-posle-oshtetuvanjata-poradi-galiite-i-mostovite |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
jas ne primetiv deka imase nekakov zastoj pred i po aferata. ulicava si tece celo vreme i zafaka novi i novi delovi. ne znam kolku e povrzano so reakcija od aferata ili pa bio planirano vaka
|
|
![]() |
|
WhyNot ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Jan-2014 Online Status: Offline Posts: 114 |
![]() ![]() |
Ова го почнаа после аферата за Боемската улица.. истиот природен гранит, истите коцки.. и Жерновски самиот објасни дека проектот е надвор од таа квадратура што првично му ја беа пресметале 300е квадрат |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Се преуредува коцката во близина на Боемска улица во Центар (кај споменикот познат како „Јас и ти“). Веројатно брзо ќе се среди овој дел за да биде една (пешачка) целина со улицата.
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ ЌЕ ДОБИЕ ПЛОШТАД ВО ШТИП
Градоначалникот Илчо Захариев јавно ја промовира информацијата за тоа дека плоштадот ќе се гради во населбата Ново село каде што е роден Александров Штип - Тодор Александров наскоро ќе добие плоштад во Штип, поточно во урбаната населба Ново село каде што и е роден. Ова вест ја соопшти градоначалникот Илчо Захариев на свечената седница на Советот на општина Штип одржана по повод 8 ноември, Денот на ослободувањето на градот. Малиот плоштад ќе биде на местото на некогашниот стар јавор каде денес се гради и мала црква. Ова место од секогаш било простор на кој се собирале жителите на оваа населба на маалски муабети или дебати на разни теми. За тоа дека Тодор Александров ќе добие улица, плоштад или дека по него ќе се именува некоја јавна институција, во Штип се шпекулира подолго од една година. Но, ова е првпат градоначалникот лично, и тоа на најголемиот празник на градот, јавно да ја промовира информацијата за тоа дека токму малиот плоштад во Ново село ќе го носи името на Тодор Александров. Инаку, празничниот говор Захариев најмногу го посвети на сите добри работи шти ги направила локалната власт во изминатите 18 месеци, најавувајќи притоа многу нови проекти од значење за Градот и општината во целост. Во своето излагање Захариев посебно се осврна на урбаната заедница Ново село потенцирајќи дека локалната власт работела на средување на улиците и на заштитата на старата македонска архитектура, бидејќи населбата со своето историско значење тоа го заслужувала. "Го разубавуваме и Ново село од кое настанал и градот Штип, и во кое од неодамна е сместен и новиот ректорат на Универзитетот "Гоце Делчев". Во оваа населба ги средуваме улиците, работиме и на заштита на старата македонска архитектура, а наскоро тука ќе биде уреден и новиот плоштад кој ќе го носи името на Тодор Александров", рече Захариев. Инаку, во Ново село засилено се работи на обновата на куќата на Андонци која Министерството за култура ја откупи за да биде музеј на знаменити штипјани. Изборот на личностите кои ќе ја имаат честа да се најдат во овој музеј ќе го направат историчарите Виолета Ачковска, Никола Жежов и Зоран Тодоровски, а со оглед на периодот од кој ќе бидат опфатени знаменитите штипјани (1890 - 1935 година) најверојатно ќе биде опфатено времето на ВМРО. (И.Б.) http://www.utrinski.mk/?ItemID=3DBC96F5736BD94DA0B7249DBFCBA1F3 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Нов парк во центарот на Велес
Во пресрет на Денот на Општината во Велес денес беше промовиран нов проект наменет за граѓаните - парк кој функционално и естетски ќе ги задоволи потребите на велешани ![]() Новиот парк се наоѓа во дворното место на некогашниот офицерски дом, на левата страна од централната сообраќајна артерија, најфреквентната улица „Благој Ѓорев“. Овој дел на градот кој дефинитивно по изградбата на црквата Св. Кирил и Методиј и театарот е центарот на Велес е центарот на сите случувања, но и место што и географски се наоѓа во средината на градот... http://www.kurir.mk/republika/opstini/177862-FOTO-Nov-park-vo-centarot-na-Veles Edited by jyvation - 08-Nov-2014 at 18:03 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Штипскa Ласкавица доби мини плоштад и нова селска чешма
Извор : (ФОТО: 1мк.) Пред утрешната прослава по повод 8-ми ноември, Денот на ослободувањето на Штип, селото Лесковица во петокот доби нов мини-плоштад и обновена селска чешма. Освен тоа, комплетно е уреден хортикултурно сиот простор околу плоштадот. Проектот е дел од заложбите на градоначалникот на Штип, Илчо Захариев и локалната самоуправа за инфраструктурно подобрување на условите за живот во руралните и селските средини. Инвестицијата чинеше 200.000 денари а средствата ги обезбеди општината, „Ветив дека до крајот на мојот мандат нема да има село коешто ќе биде без локален пат. Лексовица е само еден дел од она што го правевеме изминатите година ипол, но и она што ќе го правиме во иднина. Пред извесно време ги асфалтиравме двете главни улици во селото, водоснабдувањето премина во рацете на Јавното претпријатие ’Исар’, а сега направивме и мал плоштад. Тоа е наш мал придонес за заживување на селата, за враќање на пензионерите на нивните огништа и секако надеж дека нивните деца и внуци еден ден ќе се вратат овде. Лесковица има богата историја и заслужува да се вложиме за да обезбедиме подобри услови за живот на луѓето тука. ваквата полицика на општината ќе продолжи, поддржана и од Владата на Македонија која инвестира во развојо на рурланите средини“, изјави Захариев. Пуштањето на мини-плоштадот беше проследено со културно-уметничка програма а вредните домаќинки бројните гости ги пречекаа со домашни производи. Лесковица се наоѓа на патот кон Неготино, на околу дваесетина километри од Штип. Сличен мини-плоштад Захариев направи и во село Драгоево, а обнови и десетина селски чешми. Беа асфлатирани, исто така, и пристапни патишта до неколку села, како што се Горачино, Сарчиево, до брана Мантово, крак 1 и 2 до село Љуботен, делници од патот до село Пиперово а во план е асфалтирање и на патишта до селата Пухче, Калапетровци, Танатарци и др./крај/мф/др http://makfax.com.mk/makedonija/regioni/stipska-laskavica-dobi-mini-plostad-i-nova-selska-cesma |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Општина Кривогаштани
http://patokazmagazin.com.mk/vesti/top-5/item/1008 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Градскиот кеј ќе добие нов изглед
Вести | Охрид | 28.10.2014 14:09Посети : 938 Општина Охрид објави конкурс за избор на идејно архитектонско решение за партерно и хортикултурно уредување на кејот „Македонија“, од градското пристаниште до каналот Студенчишта.Како што потенцираат од локалната самоуправа, со новиот изглед на овој дел од градот ќе се придонесе за подобра туристичка промоција на градот. - Кејот сега е оплеменет со зеленило и вегетација и нуди убави места за одмор, прошетки, релаксација, рекреација и други содржини, но му недостасуваат квалитетни содржини , уредување и понуда која во текот на целата година ќе ги привлекува домашните и странски посетители. Изготвувачите се очекува да изработат квалитетно Идејно архитектонско решение, што ќе овозможи максимална функционалност, афтентичност и естетика, се наведува во конкурсот. Во него се потенцира дека при реализација на новото решение треба да се користат современи материјали и просторот да биде исполнет со места за одмор, урбана опрема(корпи и фонтани), и дека треба посебно да се потенцира видикот на Охридското езеро и осветлувањето на кејот. Идејните решенија треба се достават најдоцна до 09.12.2014 година по пошта или лично со поднесување во архивата на општина Охрид. Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски, правни и физички лица кои поседуваат соодветно овластување согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење. Оценувањето на трудовите ќе го врши тричлена жири комисија. http://www.ohridnews.com/vesti/76442 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Скопјани добија побезбедни пешачки патеки
Патеката до самиот врв е целосно прегледна и обележана што дури и странец што првпат доаѓа на Водно ќе може многу лесно да се снајде и без проблем да стигне до крстот. ![]() Планинарите ја уредуваа инфраструктурата на Водно Планината што отсекогаш будела силни чувства кај скопјани, нудејќи им природно катче за прочистување на мозочните ќелии од работните обврски, кои честопати знаат да бидат стресни, сега им нуди дополнителна причина за освојување на нејзиниот врв. Пешачките патеки се реконструирани и сега се побезбеден начин да се стигне до крстот на врвот. Планинарите што учествуваа во обновата на патеките велат дека љубовта кон Водно секогаш ќе ги држи будни и нема да дозволат уништување и запоставување на ова драгоцено парче зеленило за градот. Да се запре ерозијата на земјата Од самиот почеток на планината, па сѐ до Средно Водно, поставени се потпорни греди напреку земјените патеки, чија функција е да го заштитат земјиштето од свлекување и раскопување, а исто така се изградени скали на стрмните места, кои досега им одземаа многу енергија на планинарите. Федерацијата за планинарски спортови во Македонија, во соработка со инструктори за маркацисти од Планинарскиот сојуз на Словенија, организираше обука за стручно надградување маркацисти, односно луѓе што ги обележуваат и ги санираат планинските патеки. Во работните акции учествуваа и по неколку члена и од македонските планинарски друштва. - Постојат повеќе патеки за да се освои врвот на Водно, а минатата недела беа маркирани и санирани пензионерската патека, која е порамна и наменета за постари лица, и стрмната патека, по која одат професионалните планинари со поголема кондиција за да ги издржат стрмнините - велат од планинарското друштво „Китка“ од Скопје. Тие додаваат дека патеката до самиот врв е целосно прегледна и обележана што дури и странец што првпат доаѓа на планината ќе може многу лесно да се снајде и без проблем да стигне до крстот. Ограничување на моторниот сообраќај Сепак, на Водно сѐ уште постојат големи недостатоци, кои создаваат незадоволство кај посетителите, коментираат љубителите на планинарскиот спорт и велосипедизмот. - Со оглед на популарноста на Водно како најблиско место за бегство од сообраќајниот метеж, патеките сега се добро одржувани и маркирани. Најголем проблем се ѓубрето што се остава од посетителите и недостигот на еколошка свест, а не може да се одбегне и метежот од автомобили, кои секој викенд ја загадуваат планината. Сметам дека градот би требало да ограничи моторниот сообраќај, освен за градскиот автобус што сообраќа до Средно Водно, бидејќи патеката е кратка и секој може да ја качи без да употребува автомобили - вели Елена Георгиевска, активна планинарка. Исто така, за големи недостатоци зборуваат и љубителите на планинскиот велосипедизам, бидејќи нема обележано велосипедски патеки, па велосипедистите воопшто не се чувствуваат безбедно додека го искачуваат врвот по иста патека со автомобилите. - Речиси секој викенд со пријателите го искачувам врвот на Водно со велосипед, но голем проблем е тоа што прегледноста е мала, улицата е тесна, а автомобилите поминуваат на половина метар од нас. Токму поради овој проблем во последно време сѐ почесто се случува да се рекреираме на Скопска Црна Гора или на ридот зад Волково, каде што не треба воопшто да се грижиме дали ќе бидеме удрени од некој автомобил - вели Благојче Петрушевски, зависник од планински велосипедизам. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101714171534&id=14&prilog=0&setIzdanie=23301 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
не ми е јасно зошто го затврорија целиот плоштад за изградба на фонтанава, која зафаќа 10% од градилиштето... за плочникот мислам дека не им требаат ни тараби, затоа што нема некоја тешка машинерија и материјали, од кои треба да бидат заштитени минувачите, а дури и да им требаа, можеа да го изведат дел по дел, со тоа што постепено би се затварале делови од плоштадот и би се пренасочувале пешаците
вакви проекти, како промената на фасади кои попречуваат движења на високо прометни места, се одвиваат брзо и во фази |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Новата фонтана на плоштад Македонија, Скопје:
![]() ![]() ![]() ![]() http://www.mkd.mk/galerii/pochna-izgradbata-na-novata-fontana-na-ploshtadot-makedonija-0#11 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Почна уредувањето на еко патека кај Гевгелија
![]() На Вардарски рид кај Гевгелија денеска почна уредувањето на еко патеката, која е дел од проектот за промоција на одржлив туризам и заштита на животната средина, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка со Бугарија. Еко патеката ќе биде долга 615 метри и ќе се протега од јужната страна на ридот преку нагорна линија кон исток каде што ќе се дели на два правци од кои едниот ќе води кон местото на поранешниот споменик, а другиот кон археолошките ископини. - Со реализацијата на овој проект се создаваат можности за туристичко отворање на овој значаен локалитет. Тука се пронајдени вредни градби кои потекнуваат од старомакедонскиот град Гортинија, а урбанизирањето на локалитетот ќе овожможи значајното културно наследство да го доближиме до туристите, кои истовремено ќе се запознаваат и со природните реткости на ова поднебје, преку информативните табли, што ќе бидат поставени долж патеката со целокупната урбана опрема, изјави градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов. За реализација на проектот се одобрени околу 174.000 евра од кои дел ќе бидат искористени за изработка на каталог за локалната флора и фауна, брошури за заштита на животната средина и еко туризмот и за отворање прекуграничен веб сајт. http://lider.mk/2014/10/17/pocna-ureduvanjeto-na-eko-pateka-kaj-gevgelija/ |
|
![]() |
|
Petar Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Sep-2014 Online Status: Offline Posts: 271 |
![]() ![]() |
Кејот е ваков со години. Од место за излегување и прошетка, стана дива квази улица која изгледа вакак како што изгледа. Рампата најчесто е расипана, така да кој сака може да вози со кола по кејот. Брука за градот. Плочите и на новите мостови се исто така веќе искршени.
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Време е, целиот кеј да добие еден сосем нив лик, а не денеска велосипедска патека, утре некоје цвеќе. Се надевам дека сервисната улица ќе се бриши од кејот и штом че завершат со градилиштето да почнат се од ново. Секој ќе има мерак, гарантирам!
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ФОТО ВЕСТ: Внимание! Кејот на Вардар – градилиште или шеталиште?
Именката „кеј“ во дигиталниот Речник на македонски јазик е објаснета како „соѕидан брег на регулирана река со шеталиште“. Во реалноста, Кејот на реката Вардар денеска претставува најпрво паркиралиште, потоа сообраќајница, место за фрлање ѓубре и окупиран простор од бројните кафулиња и ресторани. Суштинската функција на просторот – шеталиште за граѓаните не важи за овој дел од централното градско подрачје. Една прошетка по Кејот „13 Ноември“ е доволна за да се забележат дупките и уништените плочки на шеталиштето, расфрленото ѓубре, украдените канти за отпадоци, уништените клупи, распосланите маси и столчиња на сите страни, и се разбира, задолжителните тараби за оградување на градилиштето што го нема. Најголем проблем за минувачите претставуваат непрописно паркираните возила долж целиот кеј, како и надземната улица која го поврзува паркингот на зградата на Телеком со мостот „Слобода“. Од секојдневното движење на автомобилите, целосно е уништена поплочената површина, која не успеа да издржи ниту една деценија од претходната темелна реконструкција на целокупниот простор. Од најавената изградба на надземната улица долж кејот засега нема ништо, додека за санационен зафат на шеталиштето ќе треба да се чека на завршување на градежните работи на објектите од проектот „Скопје 2014“. Градот Скопје и Општината Центар си ја префрлаат одговорноста едни на други за актуелната состојба во која се наоѓа Кејот „13 Ноември“. Од Општина Центар за „Билд“ велат дека целиот овој потег од централното градско подрачје е во надлежност на Градот Скопје, од каде што треба да се бараат информации за состојбата во која се наоѓа просторот. Градската власт пак напоменува дека Кејот на Вардар ќе се реконструира од двете страни по завршувањето на градежните активности кои се одвиваат во моментов. И покрај ваквата најава, од Градот Скопје се оградуваат за уредувањето на некои делови од шеталиштето. „Што се однесува до времената сообраќајница и урбаната опрема, која е поставена на пешачкиот дел, тоа не е во надлежност на Град Скопје“, истакнуваат од Секторот за поддршка на градоначалникот. И додека вината за девастираниот простор се префрла од една на друга институција, останува на граѓаните да внимаваат како се движат долж Кејот на реката Вардар. Текст: Бојан Блажевски Фото: Бојан Блажевски http://www.build.mk/?p=39592 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Пешачка патека со излез зад „Исарот“ во Штип
![]() Град како Штип, до сега не можеше да се пофали со пешачка патека. Единствена локација за таква работа беше месноста Суитлак, но таму во суштина и нема патека за таа намена, туку пат кој поминува низ населбата и голема паркова површина и шума. На почетокот на оваа година, локалната самоуправа започна со амбициозен проект. Пробивање на пешачка патека зад градскиот Исар, кој верувале или не, и за средовечни штипјани до сега бил тајна. ![]() Локацијата беше запуштена, обрасната во голема вегетација, а таму своевремено во стари запуштени бараки беа сместени неколку ромски семејства. Надоаѓањето на реката Брегалница во февруари лани, со зголеменото ниво на вода ги поплави објектите. Луѓето беа присилени да се отселат. Откако беше најдена привремена локација за нивен престој, општината презеде акција. Тешка механизација беше донесена и започна уривањето на дотраените објекти и пробивањето на патеката. Полесниот дел беше од камениот мост или Емир Ќучук Султановиот мост до свиокот на реката спроти Исарот. Потешкиот дел беше зад големиот карпест рид, кој бараше повеќе време и внимание. За три месеци патеката беше пробиена, по што следеше поставување на бехатон плочки во должина од околу два километри. Потоа беше електрифицирана патеката со електрични столбови и на крајот поставување на клупи и рекреативни елементи. Зад самата тврдина, утврдена е проширена локација за одмор, веднаш каде што се наоѓа влезот или тунелот до површината на врвот на Исарот. Оваа локација е направена како атракција за посетителите, од кои голем дел беа слушнале, но не ја виделе до сега. ![]() Иако работата изгледа лесна, сепак не беше така. И работата не е завршена. Планот е да се уредат уште шест километри од патеката. Во долниот дел, сегашната патека ќе се спои со онаа што се прави кон Ново Село до бањата Кежовица, а во горниот дел до месноста Караорман. Овој потег е предвидено да се користи и за спортски активности, за кајак на мирни води, со што целиот овој дел ќе заживее. ![]() Ова лето немаше време, но постојат планови и за изградба на спортски терени, како и поставување на угостителски содржини во вид на шанкови и друго, со што во вечерните часови ќе има и повеќе од рекреација. Патеката е вистински хит за штипјани. Изминатите два месеци, летниот период, таа беше најспосетуваното место во градот. И млади и стари се тука. Посебно навечер. Сега патеката е предвидено и да се прошири со делница за велосипеди, бидејќи се покажа дека има потреба од такво нешто за велосипедистите. Севкупно кажано, и вакви минорни зафати можат да бидат вистински погодок. http://www.porta3.mk/peshachka-pateka-so-izlez-zad-isarot-vo-shtip/ |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
и јас сум го спомнал ова.имаме топици за секакви паланки,а немаме за главниот плоштад во земјава
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Мислам дека треба да имаме една тема за плоштад Македонија. Реконструкцијата која му се случува е доволно обемна за да заслужи и овој плоштад своја нишка.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3132333435 58> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |