Author |
Topic Search Topic Options
|
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#661 Posted: 25-Jan-2010 at 11:42 |
Може ли во овој град, во кој живее 1/4 од целата популација во Македонија да се изгради нешто без помошта на Владата? Тука не станува збор за метро! Ова е катна гаража, која приватниците ја градат на секој чекор, а институција што би требало да биде богата колку 1/4 од републиката неможе тоа да си го дозволи? Па што тогаш имаме градоначалници, штом за се треба амин и помош од Владата? Навистина делот од даноците кој се одделува за буџетите на општините е смешен и Трифун имаше целосно право за медиумската акција која ја спроведе, како и за предлогот Скопје да се обедини во една градска општина со повеќе реона.
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#662 Posted: 25-Jan-2010 at 00:29 |
Владата ќе гради нови катни гаражи
„Има начелна согласност од Владата и од Министерството за транспорт
и врски околу можноста Градот Скопје да финансира изградба на катни
гаражи“. Ова викендов го изјави градоначалникот на Скопје Коце
Трајановски, откако за идејата претходно разговарале со премиерот
Никола Груевски. Планот е катните гаражи да почнат да се градат во 2011
година. Проектот ќе се реализира во соработка со Јавното претпријатие
за стопанисување со станбен и деловен простор.
Неделава
претставници од Градот и од Министерството за транспорт и врски ќе ги
разгледаат условите и процедурите за реализација на проектот. (Сн.К.) |
http://utrinski.com.mk/?ItemID=35445CEC15BDD943B82DA1ED628F9D2C
Edited by Cloverstack - 25-Jan-2010 at 16:26
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#663 Posted: 24-Jan-2010 at 01:52 |
Мислам дека е одличен проект, за евтини пари да се дуплира капацитетот на паркинзите низ градов. Се разбира, во Капиштец се надевам поентата е колите да се тргнат од улицата и тротоарот, а ако остане како што е на рендеров, ќе биде тотален промашај: горе празно, тротоарите полни.
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#664 Posted: 23-Jan-2010 at 16:59 |
мене ова ми е непрактично и грдо решение
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#665 Posted: 23-Jan-2010 at 16:48 |
 подетално:
Монтажно паркирање за 500 возила во Центар

Монтажната катна гаража, за која Општина Центар распиша идејно
решение, ќе се наоѓа на местото на постојниот паркинг во Капиштец, кој
се протега по целата должина на улицата „Народен фронт“ од последна
автобуска станица на „23“ до кафеаната „Интермецо“. Како што
објаснуваат од Општината, тоа ќе биде монтажна конструкција на две
нивоа со капацитет за паркирање на 500 возила. Предвидено е објектот да
се изгради и да стане функционален најдоцна до 2012 година. Со него ќе
стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, кое ќе го наплаќа
паркирањето, а за жителите од околината ќе има повластени цени.
„Целиот
проект ќе се реализира во три фази. Во претстојниот период ќе се
изработи технички елаборат каде што ќе се види капацитетот до улицата
‘Народен Фронт‘, се' со цел да се надмине проблемот со паркираните
возила на и онака прометната улица. Градбата ќе се изведува во три
фази. Објектот ќе располага со околу 500 места за паркирање еднакво
распоредени на двете нивоа“, објасни Јовица Ацковски, портпарол во
Општина Центар. (Дс.Т.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=31A0045F44363841BD007FD1988D8955
Edited by Cloverstack - 23-Jan-2010 at 16:50
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#666 Posted: 22-Jan-2010 at 14:59 |
ЦЕНТАР РАСПИША ОГЛАС
Се бара изведувач на монтажен паркинг
Општина
Центар бара најповолен понудувач за изградба на монтажното паркиралиште
во Капиштец, на улицата Народен фронт. Вчера општината распишала оглас
со кој бара фирма што ќе ја испорача монтажната конструкција за
паркирање автомобили, ќе изработи главен, изведбен проект со ревизија и
ќе го постави објектот. Главен критериум за избор ќе биде најповолната
економска понуда. Понудите може да се доставуваат до 16 февруари, кога
ќе се одржи и јавното отворање.
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1921&ArticleID=131787 |
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#667 Posted: 19-Jan-2010 at 19:41 |
Градски катни гаражи, но со деловен простор

Од Кабинетот на Трајановски вчера не прецизираа за плановите за изградба на катни гаражи
Деспина Трајковска
Градоначалникот Коце Трајановски дефинитивно се демантираше сам себе кога станува збор за изградбата на катни гаражи во Скопје. Не се потврдија неговите наводно збунувачки реакции по пишувањето на „Утрински весник“ дека Градот од државата без надоместок ќе добие локации за изградба на катни гаражи, со кои би стопанисувал ЈП „Градски паркинг“. Очигледно градската управа веќе е сопственик на парцелите и на нив ќе гради наменски објекти, но, сепак, со деловен простор. Со тоа Трајановски ќе ги побие тврдењата од предизборието дека ќе изгради вистински катни гаражи, бидејќи досега изградените од страна на приватни субјекти повеќе личат на комерцијални центри.
Имено, од завчера Градот Скопје бара идејни решенија за изградба на две катни гаражи, едната на улица „Даме Груев“ спроти полициската станица „Беко“ и другата на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во близина на постојниот Цветен пазар. И за двата објекта се бара авторите на идејните решенија да понудат терк за застаклени објекти и да се овозможува природна вентилација. Простор наменет за катна гаража во која, освен место за паркирање, ќе има и деловен простор е парцелата спроти „Беко“, на површина од 3.313 квадратни метри. Се предвидува објектот да има приземје, седум нивоа над земја, две подземни нивоа и притоа приземјето и првиот кат да бидат наменети за деловен простор. На останатите нивоа, како што е наведено во објавата за идејното решение, да се распореди паркинг-простор со наплата за минимум 833 лесни возила.
Другата катна гаража за која Градот бара идејно решение, таа во близина на Цветниот пазар, ќе се гради на површина од 2.485 квадратни метри и ќе може да достигне висина до 21 метар. Таа, барем според објавата за идејно решение, ќе биде исклучително наменски објект за паркирање.
Од Кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски вчера единствено потврдија дека распишале јавен повик за идејни решенија.
„Кој ќе стопанисува со објектите, кој ќе ги гради се' уште не е дефинирано. Инаку Градот официјално се' уште не е сопственик на парцелите“, одговорија од Кабинетот на Трајановски.
Преземените чекори на градската управа очигледно се доказ на сменетата владина политика за отуѓување на наменските парцели, иако пред две седмици, кога „Утрински весник“ всушност пишуваше за такви сознанија, од Министерството за транспорт и врски тврдеа дека отуѓувањето ќе се врши во согласност со законот, односно тие ќе се продаваат. Оттаму вчера не добивме никаков коментар, а од Владата најавија дека денеска ќе информираат дали бесплатно му ги отстапиле парцелите на Градот.
Неодамна, пак, тврдењата на ресорното Министерство беа демантирани. Владимир Бахчовановски, директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, потврди дека со заклучок на Владата веќе ја почнале постапката за добивање парцела во близина на плоштадот „Македонија“, меѓу зградата на МЕПСО и „Т-хоум“, на која ЈП ќе гради катна гаража. Инаку, токму и ЈПССДП, освен Градот, преку ЈП „Градски паркинг“ е заинтересиран да инвестира во изградба на катни гаражи, со кои подоцна ќе стопанисува.
„Точно е дека државата ќе ни ја отстапи посочената парцела, која наскоро со измени на планот ќе биде дефинирана за катна гаража. Инаку, за останатите локации не би сакал ништо да коментирам“, изјави неодамна Бахчовановски.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9504227E4A84914AA83DE367F6BE436A
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#668 Posted: 18-Jan-2010 at 12:09 |
Градски катни гаражи, но со деловен простор

Од Кабинетот на Трајановски вчера не прецизираа за плановите за изградба на катни гаражи
Деспина Трајковска
Градоначалникот Коце Трајановски дефинитивно се демантираше сам себе
кога станува збор за изградбата на катни гаражи во Скопје. Не се
потврдија неговите наводно збунувачки реакции по пишувањето на
„Утрински весник“ дека Градот од државата без надоместок ќе добие
локации за изградба на катни гаражи, со кои би стопанисувал ЈП „Градски
паркинг“. Очигледно градската управа веќе е сопственик на парцелите и
на нив ќе гради наменски објекти, но, сепак, со деловен простор. Со тоа
Трајановски ќе ги побие тврдењата од предизборието дека ќе изгради
вистински катни гаражи, бидејќи досега изградените од страна на
приватни субјекти повеќе личат на комерцијални центри.
Имено,
од завчера Градот Скопје бара идејни решенија за изградба на две катни
гаражи, едната на улица „Даме Груев“ спроти полициската станица „Беко“
и другата на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во близина на постојниот
Цветен пазар. И за двата објекта се бара авторите на идејните решенија
да понудат терк за застаклени објекти и да се овозможува природна
вентилација. Простор наменет за катна гаража во која, освен место за
паркирање, ќе има и деловен простор е парцелата спроти „Беко“, на
површина од 3.313 квадратни метри. Се предвидува објектот да има
приземје, седум нивоа над земја, две подземни нивоа и притоа приземјето
и првиот кат да бидат наменети за деловен простор. На останатите нивоа,
како што е наведено во објавата за идејното решение, да се распореди
паркинг-простор со наплата за минимум 833 лесни возила.
Другата
катна гаража за која Градот бара идејно решение, таа во близина на
Цветниот пазар, ќе се гради на површина од 2.485 квадратни метри и ќе
може да достигне висина до 21 метар. Таа, барем според објавата за
идејно решение, ќе биде исклучително наменски објект за паркирање.
Од Кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски вчера единствено потврдија дека распишале јавен повик за идејни решенија.
„Кој
ќе стопанисува со објектите, кој ќе ги гради се' уште не е дефинирано.
Инаку Градот официјално се' уште не е сопственик на парцелите“,
одговорија од Кабинетот на Трајановски.
Преземените чекори на
градската управа очигледно се доказ на сменетата владина политика за
отуѓување на наменските парцели, иако пред две седмици, кога „Утрински
весник“ всушност пишуваше за такви сознанија, од Министерството за
транспорт и врски тврдеа дека отуѓувањето ќе се врши во согласност со
законот, односно тие ќе се продаваат. Оттаму вчера не добивме никаков
коментар, а од Владата најавија дека денеска ќе информираат дали
бесплатно му ги отстапиле парцелите на Градот.
Неодамна, пак,
тврдењата на ресорното Министерство беа демантирани. Владимир
Бахчовановски, директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со
станбен и деловен простор, потврди дека со заклучок на Владата веќе ја
почнале постапката за добивање парцела во близина на плоштадот
„Македонија“, меѓу зградата на МЕПСО и „Т-хоум“, на која ЈП ќе гради
катна гаража. Инаку, токму и ЈПССДП, освен Градот, преку ЈП „Градски
паркинг“ е заинтересиран да инвестира во изградба на катни гаражи, со
кои подоцна ќе стопанисува.
„Точно е дека државата ќе ни ја
отстапи посочената парцела, која наскоро со измени на планот ќе биде
дефинирана за катна гаража. Инаку, за останатите локации не би сакал
ништо да коментирам“, изјави неодамна Бахчовановски.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=9504227E4A84914AA83DE367F6BE436A |
ПРОДОЛЖУВААТ ОБИДИТЕ ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ПРОСТОР ЗА ПАРКИРАЊЕ
Градот ќе гради стаклени гаражи
Роза Петкова
Две
катни гаражи ќе се градат на улиците Даме Груев и Мито
Хаџивасилев-Јасмин за кои Град Скопје викендов распиша конкурс за
идејни решенија. Овој потег од градските власти следува откако,
неофицијално, Министерството за транспорт и врски најави дека локациите
за неколку катни гаражи, предвидени со урбанистички планови во строгиот
центар, ќе им ги отстапи на „Градски паркинг“ и на јавното претпријатие
за стопанисување со станбен и деловен простор. Двете гаражи за кои
Градот распишува конкурс, најверојатно, ќе му бидат дадени за
стопанисување на градското претпријатие за паркиралишта. Во огласот
стои дека катната гаража на Даме Груев, поточно на паркиралиштето пред
„Лотарија на Македонија“, ќе биде на површина од 3.313 квадратни метри,
со приземје, седум нивоа над земја и две под земја. За разлика од
најавите на надлежните дека катните гаражи што ќе ги гради Градот,
односно државата ќе бидат исклучително наменети за паркирање, во
конкурсот е наведено дека приземјето и првиот кат на објектот ќе имаат
деловна намена. Останатите нивоа треба да овозможат простор за минимум
833 лесни возила, чиешто паркирање ќе се наплаќа. Катната гаража на
Мито Хаџивасилев-Јасмин, според пропозициите, ќе зафаќа површина од
2.485 квадратни метри, а објектот ќе има максимална висина до 21 метар.
Во расположливиот габарит треба да се сместат максимален број возила во
согласност со стандардите и нормативите за паркирање, стои во огласот.
За двете гаражи се бара застаклена фасада што ќе овозможи природна
вентилација. Со трудовите треба да се достави и идејно сообраќајно
решение. Право на учество имаат сите правни и физички лица државјани на
Република Македонија. За учество на конкурсот заинтересираните мора да
поседуваат овластување „Б“ за проектирање, а за доделување договор за
јавна набавка, треба да имаат лиценца „Б“ за проектирање за изработка
на идеен и основен проект. Градот ќе додели по 250.000 денари за првата
награда, за втората 120.000, а за третата 100.000 денари. Краен рок за
приложување на трудовите е 15 март. Жири-комисијата која ќе ги
разгледува пристигнатите решенија ќе ги објави резултатите во рок од
десет дена од денот на завршување на конкурсот, и потоа ќе направи
изложба на конкурсните трудови. Освен овие, во јавноста се споменуваат
уште неколку локации за катни гаражи кои нема да се даваат на приватни
инвеститори, туку ќе ги градат локалната и централната власт, и тоа
меѓу зградите на МЕПСО и „Македонски телеком“, кај работничкиот дом
„Кочо Рацин“, кај Судска палата, кај Музејот на холокаустот, на Јужен
булевар, во Маџир маало, под Кале. Досега катни гаражи се најавуваа
повеќе пати, но се изградија само во комбинација со комерцијални и
деловни простории. Таква е катната гаража „Зебра“ во Капиштец, која има
супермаркет, продавници, хотел и канцеларии. Во моментот катни гаражи
се градат и зад Универзалната сала, пред поликлиниката „Идадија“ и во
Аеродром, до „Мекдоналдс“. http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1918&ArticleID=131452 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#669 Posted: 14-Jan-2010 at 06:16 |
Нова катна гаража и монтажни паркиралишта во Аеродром

Со монтажните паркиралишта ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“
Поставување на две монтажни паркиралишта, изградба на нова катна
гаража и оспособување на подземните гаражи за паркирање, се проекти што
ќе се реализираат на подрачјето на Општина Аеродром во текот на
годинава, најавија вчера градоначалниците Ивица Коневски и Коце
Трајановски. Целта е да се ублажи недостигот од паркинг-места во
Општината. За таа намена, од тековниот општински буџет се обезбедени
700.000 евра, а финансиска поддршка ќе даде и Град Скопје.
Засега
е сигурно дека со монтажните паркиралишта ќе стопанисува ЈП „Градски
паркинг“. Едното од нив најверојатно ќе се наоѓа во близина на
дискотеката „Колосеум“ кај Железничка станица, а за паркирање ќе се
плаќа симболично.
За ублажување на проблемот со паркирање,
општинарите вчера стартуваа и со расчистување и осветлување на
подземните гаражи во Аеродром, на вкупно пет локации со вкупен паркинг
простор од околу 3.000 места.
„Се надевам дека овој наш потег
ќе ги натера сопствениците на гаражите конечно да почнат да ги користат
просторите за основната намена, а не за магацини и слични работи. Во
тој случај дополнително ќе се отворат нови паркинг-места“, истакна
Коневски и укажа дека во ниту еден случај зголемувањето на
паркинг-местата во Аеродром нема да се случи на сметка на постојното
зеленило. Имено, новата катна гаража, планирана да се гради дијагонално
од новата пошта во Ново Лисиче и монтажните паркиралишта ќе се наоѓаат
на празни неискористени локации.
Градоначалникот Трајановски,
пак, информираше дека Градот освен што ќе помогне за обезбедување
повеќе паркинг-места во Аеродром, презема активности и за ублажување на
проблемите со паркирање и во централното градско подрачје. Во таа
насока, во тек се преговори државата на ЈП „Градски паркинг“ бесплатно
да му отстапи локации за изградба на катни гаражи.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=A22CE8574610CA4290057961949BD743 |
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#670 Posted: 08-Jan-2010 at 23:39 |
Ќе нема веќе приватни катни гаражи
Министерството за транспорт и врски деновиве ја повлече продажбата на парцелата наменета за изградба на катна гаража кај Судска палата, со површина од 4.300 квадратни метри. Од Министерството не кажуваат кои се причините за ваквата одлука. Но, претпријатието „Градски паркинг“ открива дека имале неформални разговори сите седум катни гаражи што треба да се градат во Скопје да ги изгради државата преку Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) и „Градски паркинг“.
Директорот на „Градски паркинг“, Панче Стојановски, изјави дека се воделе неформални разговори за локациите предвидени за катни гаражи да им се дадат на двете јавни претпријатија, за на тој начин да се прекине тенденцијата на парцелите предвидени за паркирање да никнуваат комерцијално-деловни објекти.
- Ја поздравувам оваа идеја и сметам дека кога ќе се спојат сите системи на паркирање, и отворените и затворените, ќе се создадат услови за решавање на овој проблем. Воедно, на тој начин ќе се воспостави поголема контрола на цените во катните гаражи. Тие тогаш би биле пониски за разлика од цените на зонското паркирање. Во суштина, со седум државни катни гаражи проблемот со паркирањето во Скопје ќе биде решен - вели Стојановски.
Тој информираше дека „Градски паркинг“ имал желба да конкурира на тендерите на Министерството за транспорт и врски, но немал доволно пари за самостојно да инвестира во изградба на катна гаража.
Директорот на ЈПССДП, Владимир Бахчовановски, потврди дека бил донесен заклучок на Владата, но само за изградба на катна гаража на просторот меѓу објектите на МЕПСО и телекомот. Тој истакна дека засега нема официјални податоци за другите паркинзи.
Бахчовановски не сакаше да коментира дали и другите локации за катни гаражи ќе им бидат доделени на двете јавни претпријатија, но рече дека се заинтересирани и понатаму, покрај основната дејност, да стопанисуваат и со катни гаражи.
- Тоа е доходовна работа. Имаме искуство затоа што стопанисуваме со најголемиот паркинг во Скопје, спроти хотелот „Холидеј ин“ и би сакале и во иднина да ја задржиме оваа дејност. Сметам дека е најдобро државни претпријатија како нашето и како „Градски паркинг“ да ги градат катните гаражи, бидејќи практиката со приватните фирми се покажа несоодветна. Ние ќе градиме објекти што ќе бидат исклучиво со намена катни гаражи. Во Скопје веќе нема каде да се паркира. Се градат згради, а не се води сметка за паркинг - вели Бахчовановски.
Од Министерството за транспорт потврдија дека „Градски паркинг“ и ЈПССДП имаат интерес да градат гаражи.
- За Министерството е најважно да се изградат катните гаражи, со цел да се реши паркирањето - велат оттаму.
Надлежните појаснуваат дека земјиштето наменето за гаражи ќе се оттуѓува, односно ќе се дава под закуп во согласност со Законот за градежното земјиште и Уредбата за начинот и постапката за оттуѓување на државното земјиште.
Парцели за катни гаражи, освен кај Судска палата, се предвидени и кај Работнички дом, кај „Технометал Вардар“, кај Музејот на холокаустот, на Јужен булевар, во Маџир Маало и под Кале.
Во Скопје засега функционира само катната гаража „Зебра“, која е комбинирана со трговско-деловни простории. Катната гаража во објектот на Тутунска банка до „Рамстор“ не се користи. Сега се градат две катни гаражи, зад Универзалната сала и пред поликлиниката „Идадија“. Сите се приватни.
Анела Петрова
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=954743C0EBC27A4D9A8E255FCB59555D
Дневник 08,01,2010
Неможев да најдам посебна нишка за катни гаражи ако има извинете
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#671 Posted: 06-Jan-2010 at 02:48 |
Не ми пречи пристапов, ама на линија сум со овај_стариов. Смешно е и патетично што државата наводно не можела да најде друг начин да се справи со пренаменувањето на катни гаражи во деловни објекти.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#672 Posted: 06-Jan-2010 at 02:16 |
Па мора од некаде да се почне. Крајно време е локациите за катна гаражи да бидат катни гаражи. А ова е за почеток еден добар потег. Кога приватниот сектор не успеа да се одважи ида не пренаменува локации редно време е да се стави малку ред, колку толку. И добро е што има воља, за разлика до сега што нималку ја немало. Може би по дефиницја се смета дека државата не е добар стопанственик но сепак мора општествено да се решава проблемот. Доколку ги добиеме овие неколку катни гаражи, веќе сосема друг ќе биде стандардот и полесно некој би се осудил да пренамени локација за катна гаража. Иако немора да значи но сепак друг ќе биде ефектот кога Скопје веќе ќе знае што е катна гаража, наспроти што е зебра или што е импексел, што е нлб, или слични случаеви. Сепак потегов ќе го оценам како добар.
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#673 Posted: 06-Jan-2010 at 02:01 |
Смешно е како државата не најде начин да го сакционира и стави ред во пренаменувањето на катните гаражи во деловни објекти.
Горнава варијанта можеби не е лоша,но со загубите што ги покажуваат овие претпријатија секоја година,не знам колку брзо ќе се реализираат градбиве.
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#674 Posted: 06-Jan-2010 at 00:29 |
Државата ќе даде локации за катни гаражи

Владата за без пари ќе отстапи седум локации на „Градски паркинг“ и на Јавното станбено претпријатие
Деспина Трајковска
Државата ќе се откаже
од продажба на сопствените парцели наменети за изградба на катни гаражи
во Скопје и без надомест ќе им ги отстапи на Градот, односно на ЈП
„Градски паркинг“ и на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен
и деловен простор. Владината намера со овој чекор е во Скопје, конечно,
да се изгради вистинска катна гаража, откако се изградија неколку
објекти од приватни лица кои повеќе личат на деловни центри отколку
наменски објекти за паркирање што треба да решат еден од најгорливите
проблеми во градот.
Оваа идеја, која никој од надлежните не
сака официјално да ја потврди, но ниту ја демантира, неофицијално веќе
е речиси ставена и на хартија. Од Министерството за транспорт и врски
вчера очигледно во насока за реализација на замисленото, без никакво
образложение, ја повлекоа објавата за продажба на локацијата наменета
за катна гаража кај Судска палата. Од таму не ни одговорија дали тоа
значи дека Владата дефинитивно ја менува политиката на отуѓување на
државните парцели. Потврдуваат дека и двете претпријатија пројавиле
интерес за изградба на катни гаражи но потенцираат дека отуѓувањето на
земјиштата ќе се врши исклучиво согласно законот.
Инаку, токму
парцелата кај Судска палата, како и оние кај Работнички дом, кај
„Технометал Вардар“, потоа кај музејот на холокаустот, како и локациите
на Јужен булевар, во Маџир Маало и една на левиот брег на Вардар под
Кале, ќе се доделат на двете јавни претпријатија. Неофицијално, начелно
е договорено ЈП „Градски паркинг“ да ги изгради катните гаражи кај
„Технометал Вардар“ и кај Цветен пазар, а ЈПССДП онаа кај музејот на
холокаустот и на просторот што ќе се утврди допрва со ДУП, помеѓу
зградата на МЕПСО и „Т-хоум“.
Од ЈПССДП вчера речиси ги
потврдија нашите сознанија. Велат дека со заклучок на Владата веќе се
подготвуваат да ја почнат постапката за добивање на парцелата во
близина на плоштадот „Македонија“.
„Точно е дека државата ќе
ни ја отстапи посочената парцела, која наскоро со измени на планот ќе
биде дефинирана за катна гаража. Инаку, за останатите локации не би
сакал ништо да коментирам“, вели Владимир Бахчовановски, директор на
Јавното станбено претпријатие.
Според него, парите потребни за
изградба на овој и евентуално на другите објекти ќе бидат издвоени
исклучиво од претпријатието кое и ќе стопанисува со катните гаражи.
Панче
Стојановски, директор на ЈП „Градски паркинг“, вчера не сакаше да ги
коментира нашите сознанија. Единствено потенцираше дека смета оти токму
ова претпријатие е субјектот што треба да гради и да стопанисува со
катни гаражи, за да се оформи целосно системот на паркирање во Скопје,
покрај веќе воведеното зонско и затворено паркирање.
„Во секој
случај, доколку државата навистина има намера да ни додели локации, тоа
ќе значи дека таа ќе покаже слух за паркирањето во Скопје, што е еден
од најгорливите проблеми на градот, а истовремено ќе стави крај на
навидум изградените гаражи, односно заинтересирани субјекти кои досега
изградија се', само не катна гаража“, вели Стојановски.
За
шпекулациите и начелното отстапување на државните парцели, од кои дел
ќе му припаднат на Градот преку претпријатието за паркиралишта,
скопскиот градоначалник тврди дека нема никакви сознанија. „Верувајте,
првпат слушам од вас“, тврдеше вчера Трајановски, во чија изборна
програма е наведена и изградба на катни гаражи. Се чини токму
добивањето локации од државата, без никаков надомест, е предуслов за
реализација на неговите предизборни најави, бидејќи, реално, Градот,
односно ЈП „Градски паркинг“, не е финансиски моќен да учествува на
тендер кога евентуално би се отуѓувале парцela http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2E1C134ADA81F54792FADD7D8322E23A
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#675 Posted: 14-Dec-2009 at 23:14 |
Originally posted by гитардемон
А зошто пример не се градат насекаде подземни гаражи со убави паркчиња над нив? |
затоа што катните гаражи кај нас се лесна опција за деловен или трговски објект  , а и сеуште сме заостанати за се да ставаме под зџемја, како паркинзите, што е всушност убаво и насекаде се применува
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#676 Posted: 14-Dec-2009 at 02:53 |
А зошто пример не се градат насекаде подземни гаражи со убави паркчиња над нив?
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#677 Posted: 14-Dec-2009 at 02:09 |
Катни гаражи и монтажни паркинзи ќе го решат паркирањето во Гази Баба

Во населбата Автокоманда е планирана изградба на две катни гаражи
Снежана Калабакова
Општината Гази Баба
планира да го решава паркирањето со изградба на две катни гаражи во
Автокоманда и монтажни паркиралишта на две нивоа во другите населби.
Паркирањето е најголем проблем во Автокоманда и во населбата Ченто кај
зеленото пазарче.
За Автокоманда веќе е донесен ДУП и во него
се предвидува изградба на една катна гаража близу спортската сала меѓу
булевар „Александар Македонски“ и улица „Јани Лукровски“. Втората,
според планот, треба да се гради на улица „Бамбел“ во таканаречениот
Бапчорски двор. Првата ќе биде на приземје и шест ката и капацитет за
304 паркинг-места со вкупна површина од 8.155 квадратни метри.
Градежната парцела е со големина од 2.000 квадратни метри, а
предвидената површина за градба опфаќа 1.165 квадрати. Од Општина Гази
Баба велат дека на оваа локација има привремени објекти во приватна
сопственост.
За втората катна гаража во ДУП е предвидена
градежна парцела од 2.427 квадратни метри, од кои 1.339 квадрати се
предвидени за градба. Објектот ќе има приземје и четири ката, а на
вкупна површина од 6.695 квадратни метри се предвидени 240
паркинг-места. И оваа локација не е чиста и доколку Општината почне да
гради, ќе треба најпрво да ги расчисти имотно-правните проблеми.
Од
Гази Баба велат дека планот е донесен, но Општината засега нема пари за
изградба на катните гаражи. Уште е нејасно кој и кога ќе почне да ги
гради. Велат дека тешко се наоѓаат инвеститори за ваков тип објекти, се
бара концесионер, а можно е да се изградат и со јавно приватно
партнерство. Градоначалникот Тони Трајковски појаснува дека од тие
причини проблемите со паркирањето ќе ги решава со монтажни паркиралишта
на кат, како поевтина варијанта.
„ДУП за Автокоманда е донесен
и доколку се обезбедат средства ќе почне и изградбата на катните
гаражи. Ако се појави инвеститор, што е потешка варијанта, ќе го решиме
тоа и ќе почнат активностите за расчистување на земјиштето.
Сопствениците на куќите на локацијата зад спортската сала ќе ги
обештети инвеститорот на новата станбена зграда што се изгради во
близината, бидејќи тој таму треба да гради паркиралиште. Со реализација
на ДУП-от ќе ги решаваме и привремените објекти, а постапката ќе ја
допрецизираме со Министерството за транспорт и врски“, вели Тони
Трајковски, градоначалник на Гази Баба.
Тој дообјасни дека
паркиралиштата на монтажни конструкции, по примерот на Словенија, можат
да имаат двојно поголем капацитет од обичните. Станува збор за оградени
метални конструкции на кат, кои не чинат многу. Општинските служби веќе
прават пресметки колку би чинела изградбата на едно такво паркиралиште,
кое ургентно би се поставило на пазарчето во населбата Ченто.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=7631B896C48B504FA22269AD5C59C4B8 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#678 Posted: 01-Dec-2009 at 13:43 |
Катна гража врз привремени објекти во АвтокомандаКуќарките
во кои порано биле сместувани
градежни
работници,
а каде што сега живеат триесетина семејства,
можно е да се уриваат, но нивните жители не веруваат дека ваквите планови ќе се
остварат
Гаража
на шест ката, висока 21 метар, е предвидена да се гради на местото каде
што сега се наоѓаат привремени објекти на улицата Јани Лукровски во
населбата Автокоманда. Станува збор за куќарки што порано биле наменети
за престој за работниците што ги граделе околните згради и кои подоцна
останале да живеат во нив, правејќи надградби и доградби. Од општината
Гази Баба велат дека катната гаража е внесена во новиот детален
урбанистички план за населбата, но тие не знаеле кога таа ќе се
изградела или кој ќе ја правел.
Жителите на овие објекти, пак,
кои до пред десетина години беа куќарки со по најмногу две соби, не
веруваат дека таквиот урбанистички план некогаш ќе се реализира.
-
Дваесет години слушаме приказни дека нашите домови ќе се уриваат, а нас
ќе не селат, но досега никој не дошол да помести ниту една тула, а
камоли цела градба. Овие куќи се направени по земјотресот во 1963
година и во нив биле сместени градежни работници. Откако нивната работа
завршила тука, никој не ги урнал привремените објекти, па работниците
заедно со своите семејства од внатрешноста се преселиле овде. Пред
речиси 20 години стигна првата најава за уривање. Тогаш слушавме дека
ќе се прави зграда, а сега и катна гаража. Ниту досега не се случи
нешто, ниту веруваме дека ќе се оствари и овој план. Ова веќе не се
привремени објекти, туку домови во кои луѓето живеат со децении, некои
имаат и по два ката. Тука живееме триесетина семејства - вели Борче,
еден од жителите на овие објекти.
Општинарите од Гази Баба, пак, се категорични дека планот ќе се реализира.
-
Куќите ќе се уриваат и на нивното место ќе се направи гаража на шест
ката со капацитет од 304 возила. Не знаеме кога точно ќе почне да се
реализира овој проект. Нема да има претходни акции за рушење, сето тоа
ќе се направи со самата изградба - рекоа од Гази Баба.
Според
Министерството за транспорт и врски, пак, овие жители не смееле да ги
доградуваат објектите во кои се сместени, бидејќи тие се привремени и
општината требало веднаш да ги регистрира и да ги отстранува
доградбите.
- Законски не се дозволени доградби и надградби на
привремени објекти. Инспекторите од општината треба да извршат контрола
и да го урнат тоа што е додадено на градбите - вели Драган Симоновски,
портпаролот на ова министерство.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1219103765&id=14&prilog=0&setIzdanie=21851 |
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#679 Posted: 24-Nov-2009 at 14:44 |
Aбе им кажал и на овие некој дека споменик и скулптура не е исто? Во Скопје сè уште нема ни еден споменик, сите оние глупости на улица Македонија се скулптури. Значи не дека солам памет, ама не е исто. Поарно што се скулптури, да беа споменици...
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#680 Posted: 23-Nov-2009 at 21:38 |
Исто така,
предвидено е и на сите четири агли да биде поставен по еден споменик,
но сé уште не се знае кои споменици ќе бидат поставени.
извинете за офтопик, ама јас стварно веќе не знам што им е проблемот со спомениците, не виделе споменик никогаш во животот?
|
 |