![]() |
![]() |
![]() |
Македонски народен театар (Стар театар) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3233343536 62> |
Author | |
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Треба во обложувалниците да дозволат обложување во датумиве за Скопје 2014 и останативе објекти кои се градат во Центар изминативе 5 години, барем да заработиме нешто од влечкањата со изградбите на објектите.
![]() |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
Јуни 2012 http://vlada.mk/node/101 Edited by OCB - 12-Nov-2011 at 21:39 |
|
![]() |
|
Superman ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 154 |
![]() ![]() |
На различни телевизии вчера лицитраа со различни датуми - светскиот ден на театарот 27 март, кон средината на 2012, наредната есен, ВГОДИНА... Во отсуство на официјални информации растат шпекулации. Нејсе, еве нови слики од денеска.
![]() И еве од внатре, низ прозор, не знам колку се гледа, ама спуштените плафони од гипс картон ги прават... ![]() |
|
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Точно, токму во тоа и ми беше поентата. Ако денес, 11 ноември 2011, кажеме дека староновиот скопски театар ќе биде пуштен до година или в година, сеедно, тоа може да значи дека би требало да биде пуштен во употреба на 11 ноември 2012. Со датуми можеме да си играме до бескрај, затоа и не им верувам на нашинциве. Прво почнаа со изградбата на староновиот скопски театар, па потоа почнаа и со изградбата на новата зграда на Уставниот суд, државниот архив и археолошкиот музеј, потоа почнаа и со изградбата на Музејот на македонската борба за државност и самостојност и Музејот на ВМРО и жртвите на комунистичкиот режим, за да потоа ја прикажат анимацијата за проектот Скопје 2014 и од тогаш се отиде во 100 пм, си играат со парите како ќе им текне, ги намалуваат финансиските средства за едни објекти во корист на други објекти, наместо да градат еден ист објект истовремено, па откако ќе го изградат да се фокусираат на друг објект и така се до крајот на успешната реализација на проектот Скопје 2014, одлучија сите објекти да ги градат истовремено, поради што направија каша попара и со финансиските средства и со датумите, поради што не им верувам без разлика кој датум ќе го посочат како конкретен датум за пуштање во употреба на одреден објект, односно на одредена институција. Edited by Dexter26 - 11-Nov-2011 at 20:03 |
|
![]() |
|
Superman ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 154 |
![]() ![]() |
Во текстот си стои убаво ВГОДИНА, тоа се 365 дена по 1 јануари, значи најрано за месец и пол а најкасно за 13 и пол месеци и пак ќе си биде точна реченицата
|
|
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Какви месец ипол, па нели 27 март 2012, светскиот ден на театарот, беше одбран за датум за пуштање на театарот во употреба ? Ама убаво велиш, ова е Македонија, земјата на чудата, староновиот скопски театар ќе го отвораа и во 2010 и во 2011, сега велат дека ќе го отвораат во 2012, нема да биде никакво изненадување ако и во 2012 го одложат отворањето за во 2013 и така натаму до бесконечност. Типично македонски. Edited by Dexter26 - 11-Nov-2011 at 19:44 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
в година? почнаа и произволно да си го користат изразов од што многу им се допаѓа на новинариве...
ни кинезите не можат да го довршат театаров за помалку од месец и пол |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Датум: 11.11.2011, 14:55
„Вечната куќа“ на Плевнеш за отворање на Стариот театар ![]() Со драмскиот текст „Вечната куќа“ на Јордан Плевнеш в година ќе биде отворен новоизградениот Стар театар, објави Министерството за култура. На конкурсот што беше распишан пред шест месеци пристигнаа 13 драмски текста, од кои два не ги исполнувале критериумите. Kомисијата што ги оценуваше текстовите ја сочинува: академиците Георги Старделов и Луан Старова, театрологот Јелена Лужина, актерот Петар Темелковски и режисерот Дејан Пројковски. Освен делото на Плевнеш, на конкурсот пристигнале и: „Дионис напред, ние по него“ на Тихомир Стојановски, „Час по анатомија на доктор Тулп“ на Сашо Димовски, „Старо Скопје, ново Скопје“ на Огнен Неделковски, „Утешение грешним“ (анонимен автор), „Звукот на окарината“ на Љупка Силјановска-Ципушева, „Фолк“ на Блаже Миневски, „Метла“ на Ангелина Kостова, „На портата на Македонија“ на Гоце Ристовски, „Владика“ на Тренчо Димитриоски и „Поглед на милениумскиот крст“ на Томислав Алексов). Во согласност со пропозициите конкурсот беше анонимен. - Отворената (постмодерна) авторска постапка, која Плевнеш ја развива во оваа своја драма, потврдува, меѓу другото, дека националната тематика може да се афирмира надвор од вообичаените реторички и емоционални стереотипи, целосно лишена од традиционалниот патос – стои во образложението. Текстот на Плевнеш ќе го преземе МНТ каде што ќе се прави кастинг на кој ќе можат да учествуваат актери од сите национални театри. - Текстот „Вечната куќа“, кој се темели врз апстрактната, а истовремено е длабоко хумана идеја за куќата како идеален дом, наш македонски дом, е многу актуелен и ја обработува темата на постојаното афирмирање на сопствениот идентитет - рече министерката Елизабета Kанческа-Милевска. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9F4551F154CEE44B97274BA4E0509F5F Edited by gjoko - 11-Nov-2011 at 17:57 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
и јас се чудам или ставиле преку опожарениот дел нов слој или работеле многу брзо па не ги сетивме кога ја репарирале кровната конструкција
![]() |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Според фотографиите, дефинитивно имаше сериозни оштетувања на кровната конструкција (еве на оваа фотка иако од незгоден агол, се гледа огромна дупка во самата конструкција), но можеби досега се сменети уништените и оштетените греди, сепак помина цел месец од тогаш. ![]() Edited by Cloverstack - 05-Nov-2011 at 12:38 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
на камерата на Идивиди денес гледав и како да се чини дека преку оштетената кровна конструкција е ставен нов слој на терпапир(хартија премачкана со катран).изгледа нема да ги менуваат гредите,а можеби и не се оштетени
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Изборот на подиведувачи е опција на главниот изведувач, тој е тој кој е договорна страна. Се понатака се деловни односи меѓу главниот и подизведувачи. Ако имаат некои недоразбирања ќе си ги расчистуваат по судови и за тоа не треба да пати изграднбата на објектот. Најоптимално е за главниот изведувач да си ја доврши зградата со сопствени средства, а потоа да си бара обештетување од осигурителната компанија ако полисата опфаќа и ненамерна човечка грешка, или од подизведувачот како оштета.
|
|
![]() |
|
Portal ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
[QUOTE=axel]
Продолжуваат градежните работи на новиот театар чија конструкција во вторникот беше зафатена од пожар.
Наместо чад и огнени јазли, денес слика на работна атмосфера. Оцрнетата градба сепак не дозволува пожарот да се заборави, но работниот тек создава слика дека долгоочекуваниот театар ќе го добиеме наскоро. Работниците се вратија и продолжија со градба, недозволувајќи пожарот да влијае на крајниот рок за завршување на објектот. Пожарот го уништи покривот и ја оцрни градбата, но од надлежните институции велат дека е причинета незначителна материјална штета. Пожарот кој пред два дена дивееше на овој објект беше предизвикан од искра при ракување со инструмент за изведување на градежните работи. Од МВР велат дека допрва следува вештачењето и определување на висината на штетата.
Објектот е целосно осигуран од страна на секој изведувач поединечно, а штетата во целост ќе биде надоместена од нив. http://kurir.mk/republika/skopje/44819-Pozarot-ne-ja-spreci-izgradbata-na-teatarot[/QUOTE]Ne mi e bas poznat osiguritelniot sektor, no mislam deka glavniot izveduvac samo go osiguruva objektot od pozar. Site ostanati se podizveduvaci i dokolku edniot podizveduvac rabotejki ja unişti rabotata na drugiot podizveduvac, dali toa bilo pozar ili pak bilo koj drug nacin ne mi se veruva deka moze da projde osiguruvanjeto!?
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Или можеби пожарот им дошол како поттик за да предизвикаат пласибо ефект, за да поверуваме дека театарот е при крај со изградбата, а во реалност има да изначекаме можеби дури до крај на 2012, ако не и подоцна, додека да биде театарот пуштен во употреба. Настрана моето песимистичко лично мислење, јас ќе бидам меѓу првите најзадоволни кога театарот ќе биде пуштен во употреба и посакувам тоа да биде што е можно порано, но четврта година по ред влечкање е повеќе од доволно за да го поттикне мојот песимизам околу завршувањето на изградбата и пуштањето во употреба на овој објект. |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
од оваа слика на денот на пожарот на театарот,па до денес за само неколку денови е ставена основна фасада на голем дел од објектот.пожарот им дојде како потик за побрза работа
![]() оваа слика е од камерата ама јасно се гледа напредокот(малку е обработив за појасно да се гледа) ![]() |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Продолжуваат градежните работи на новиот театар чија конструкција во вторникот беше зафатена од пожар.Наместо чад и огнени јазли, денес слика на работна атмосфера. Оцрнетата градба сепак не дозволува пожарот да се заборави, но работниот тек создава слика дека долгоочекуваниот театар ќе го добиеме наскоро. Работниците се вратија и продолжија со градба, недозволувајќи пожарот да влијае на крајниот рок за завршување на објектот. Пожарот го уништи покривот и ја оцрни градбата, но од надлежните институции велат дека е причинета незначителна материјална штета. Пожарот кој пред два дена дивееше на овој објект беше предизвикан од искра при ракување со инструмент за изведување на градежните работи. Од МВР велат дека допрва следува вештачењето и определување на висината на штетата. Објектот е целосно осигуран од страна на секој изведувач поединечно, а штетата во целост ќе биде надоместена од нив. Скопје ќе добие нов, модерен и луксузен театар наредната година. Продолжуваат градежните работи на новиот театар чија конструкција во вторникот беше зафатена од пожар.Наместо чад и огнени јазли, денес слика на работна атмосфера. Оцрнетата градба сепак не дозволува пожарот да се заборави, но работниот тек создава слика дека долгоочекуваниот театар ќе го добиеме наскоро. Работниците се вратија и продолжија со градба, недозволувајќи пожарот да влијае на крајниот рок за завршување на објектот. Пожарот го уништи покривот и ја оцрни градбата, но од надлежните институции велат дека е причинета незначителна материјална штета. Пожарот кој пред два дена дивееше на овој објект беше предизвикан од искра при ракување со инструмент за изведување на градежните работи. Од МВР велат дека допрва следува вештачењето и определување на висината на штетата. Објектот е целосно осигуран од страна на секој изведувач поединечно, а штетата во целост ќе биде надоместена од нив. http://kurir.mk/republika/skopje/44819-Pozarot-ne-ja-spreci-izgradbata-na-teatarot |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
знам дека не е во ред да се брза театарот, и мене ме фрустрира беспотребно брзање па правење на грешки, но конкретно кај тој објект премногу е очигледно дека го влечкааат поради најразни причини
ајде еве, ќе речеме дека таков објект им многу споцифики за да може да функционира, но поради тој фактор објектот обично се завлечкува во крајните фази на изведба, а тука ако се сеќавате, уште во најрана фаза за една плоча од карабината (иста процедура како секој објект) се градеше 100 години фактот дека најрано започнатите објекти сеуште не се изградени, укажува на неорганизираност и спонтана изведба на нешто што треба да биде детално испланирано однапред |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Како што веќе беше спомнато претходно, староновиот скопски театар и новата зграда на Македонската Филхармонија се посебни објекти, не се административни објекти како новите седишта на Министерството за Надворешни Работи, Уставниот Суд, Јавното Обвинителство и други објекти кои се градат како дел од проектот Скопје 2014, туку се посебни објекти кои ќе треба да функционираат динамично, на крајот на краиштата, подвижната сцена и другите придружни ефекти бараат посебно внимание, не може да се изградат така брзо како Музејот на Македонската борба за самостојност и државност, на ВМРО и на жртвите на комунистичкиот режим, во кој се ќе биде фиксно, односно ретко ќе се менува нешто, во музеј се оди за да се видат експонати, а експонатите не се менуваат, туку само се одржуваат, а во Филхармонијата и во театарот постојано се гледа нешто ново, токму затоа се посебни објекти. Но дефинитивно театарот е ставен во втор план, а Филхармонијата е ставена дури во трет план, со оглед на фактот дека речиси и да нема некаков напредок кај тој објект, а од друга страна, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска најави дека до крајот на 2011 ќе бидат пуштени во употреба Порта Македонија и новото седиште на Министерството за Надворешни Работи, објекти чија што изградба започна во 2010, речиси 3 години после почетокот на изградбата на староновиот скопски театар, а сепак најавено е дека ќе бидат пуштени во употреба пред крајот на 2011. Ако тоа не е доволен пример за запоставување на едни објекти во полза на забрзувањето на други објекти, тогаш не знам што е. |
|
![]() |
|
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
Јас овој проект го гледам како политички маркетинг бидеќи многу одамна се најавуваше дека театарот ке се гради ,од кога дојдоа на власт го почнаа проектот во 2007и после овој проект има и други што не се многу битни како овој ,пр. Филхармонија, кога ке ги видиш другите објекти се градат со забрзано темпо ,Музејот на ВМРО беше почнат многу подоцна од театарот а тој го завршија и од надвор и од внатре,кога тоа го можат зошто тогаш овој и некои други објекти ги влечат толку долго?
|
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3233343536 62> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |