Author |
Topic Search Topic Options
|
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#661 Posted: 14-Nov-2008 at 21:04 |
ako bev jas vo skopje ce organiziav eden protest .....
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#662 Posted: 14-Nov-2008 at 20:59 |
ne be
|
Дома > Ваш став |
< style="MARGIN-BOTTOM: 0px" =baraj.asp method=get>< name=txtBaraj> < style="FONT-WEIGHT: bold; FONT-SIZE: 10px; FONT-FAMILY: Verdana" =submit value=Барај name=B1> > |
 |
Ако законот не руши, граѓаните можат
[14.11.2008] Директно во срцето на метрополата, на плоштадот. Кејот на Вардар се претвори во градилиште. Лимени паравани, импровизиран мост - монструозна руина. Граѓаните се револтирани, кејот на реката Вардар е уништен. Незаконската узурпација на кејот, со амин на градските власти ќе трае се до крајот на 2010 година. Прстот е вперен кон градоначалничката на Центар, Виолета Аларова, градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, и министерството за транспорт и врски, кое дало согласност за промена на деталниот урбанистички план. Парламентарците меѓусебно се обвинуваат - не сегашната, претходната Влада ја дозволила узурпацијата на малиот ринг.
Дали граѓаните и понатаму да го ризикуваат својот живот и да се движат по импровизираниот мост под кој поминуваат камиони со градежен материјал или лимените паравани да се отстранат и градбата да биде стопирана? |
Напишете кој е вашиот став или претходно прочитајте ги правилата за модерирање.
Ставовите изнесени тука претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на А1 Телевизија.
Забрането е копирање или повикување на ставовите изнесени тука без писмено одобрение од А1 Телевизија. |
КАТАСТРОФА,СО ВАКВИ НЕПРОМИСЛЕНИ ГРАДБИ УСТЕ ПОМАЛКУ КЕ МОЗЕМЕ ДА КАЗЕМЕ ЗА СКОПЈЕ ДЕКА Е МЕТРОПОЛА. BRANKA SPASEVSKA, SKOPJE, MAKEDONIJA |
срамота. скопје е на граѓаните а не на триумф костовски. menduh, skopje, mk |
сите на протести...и сами ако е потребно ке ја остраниме тоа губре со го ставиле таму...убаво е така како сто е...ако костовски е градонацалник не знаци дека цело скопје е негова ливада...срам за градонацалникот artan, skopje, mk |
срам на градонацалникот ова е за срамота...сите на протести и оставка на градонацалникот. merdin, skopje, mk |
сто по брзо толку по добро...организирате протест и сето губре ке го цистиме од плостадот не сме таму да се гради тоа е нај убав дела на скопје nusret, skopje, mk |
целосно ја имате и подрската на албанците сите заедно на плостадот и да го тгнеме сето тоа од таму.. jeton , skopje, makedonia |
па тоа бесе убавината на целиот град пас сега се унистува...македонци сите на протести и није албанците тука сме со вас... adrian , skopje, makedonia |
Под итно на протест и ако треба сами да го ослободиме кејот! Ljupco , Skopje, Makedonija |
јас да сум како скопјаните ке се организирам и ке му напрам лом таму и ке го "ослободам" градот од неправдата.поздрав и подршка од битола NIKOLA NIKOLOVSKI, BITOLA, MAKEDONIJA |
Ова не смее да биде. Градот не смее да дозволи вакво несхто. Тие схто градат да си го носат материјалот надвор и внатре на друг нацин. Нокје преку плосхтад или со хеликоптери или како сакаат. Тоа им е тросхок за градба. И така земјата ја купија за багателни пари. Jeton, Skopje, MK |
Цитирам"Директно во срцето на метрополата" ))Вие на Скопје му викате метропола??Хахаха.По ништо не личи на метропола.И незнам што толку сте се зачудиле,како да не сте свикнале кај нас да се случуваат апсурдни работи. Alexandra, Makedonija |
Катастрофа! Сум бил во неколку главни градови! Ова го нема и во Гана! Катастрофа и срамота! За пари и корупција на што не е спремен Македонецот! Петре, Петрич, Р. Бугарија |
Ова е најлошото нешто што му се случило на градот Скопје, но кога знаеме кој е гардонацалик, и се е можно, почна да работи последните месеци во градот, левата страна не знае ни кај се наоѓа, а кога му беа потребни гласови трчаше нон-стоп накај скопскара чаршија. adrian, skopje, makdeonija |
Што за џабе го бараме кога одговорните воопшто не се замараат со него. marjan stanoeski, skopje, makedonija | | | ova e ako ne se lazam
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#663 Posted: 14-Nov-2008 at 20:17 |
 Погрешен линк
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#664 Posted: 14-Nov-2008 at 20:11 |
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#665 Posted: 14-Nov-2008 at 16:53 |
Originally posted by my Macedonia
ja vidov so kamerata nesto pravat tie so kamionot mozebi kopat??.... |
не се секирај, сеуште го тестираат земјиштето
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#666 Posted: 14-Nov-2008 at 12:52 |
ja vidov so kamerata nesto pravat tie so kamionot mozebi kopat??....
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#667 Posted: 13-Nov-2008 at 13:53 |
Кејот ќе добие подземна сообраќајница |
Автор: А.М.Д. |
|
Наредната
година ќе се гради подземна сообраќајница под кејот „13 Ноември“, која
ќе служи како сообраќаен пристап до новата зграда што се прави на
плоштадот „Македонија“. Фирмата „Дивелоп“, која е инвеститор на
објектот, најавила дека ќе ја направи улицата, а потоа ќе го врати
кејот во првобитната состојба.
Градските
власти вчера соопштија дека инвеститорот или општината Центар имаат рок
до крајот на 2010 година да обезбедат сообраќаен пристап до зградата,
затоа што дотогаш ќе трае важноста на привременото решение со кое е
овозможено камионите и градежните машини да се движат по кејот. За тоа
е направен посебен пристап ограден со метални табли од масите на
кафулињата. Тие додаваат дека сега биле законски обврзани да го издадат
ова сообраќајно решение, кое ги разгневи скопјани, но ако не се направи
подземната улица, зградата ќе остане без пристап.
Според
најавите, ќе се гради улица од хотелот „Холидеј ин“ до плоштадот, за
која се уште сè изработува проектот, а изградбата ќе чини околу 1,5
милион евра. Веќе биле направени испитувања за издржливоста на тлото и
сеизмички анализи за изградбата на сообраќајницата.
Новиот
објект, кој ќе се наоѓа на кејот и ќе биде имитација на зградата на
старата Народна банка, е предвиден со деталниот урбанистички план за
Малиот ринг уште во 1997 година, а општината дозволата за градба ја
издала минатата година. | http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=230&ArticleID=11092 |
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#668 Posted: 13-Nov-2008 at 00:38 |

ГРАДОТ СМЕТА ДЕКА НЕМА СЕКАДЕ ПОТРЕБА ОД НАДОМЕСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЈАВНА ПОВРШИНА?!
Кејот е за пешаци, а не за камиони
Во Градот тврдат дека делот што е ограден е наменет за пешаци и велосипедисти, а сепак сега ќе се користи за лични интереси. Дека тој не е опфатен со елаборатот според кој се наплаќа користење на јавна површина, а сепак ценовник за користење на јавна површина постои и е донесен од Градот
Градските власти и понатаму тврдат дека никој не треба да плати за користење на дел од Кејот 13 Ноември кој што е јавна површина, иако и сами тврдат дека е наменета исклучиво за пешаци и велосипеди. По вчерашниот текст во нашиот весник во кој беше потенцирано дека доколку некој сака да ги користи овие над илјада метри квадратни од кејот кои сега се заградени за потребите на изградба на објектот на плоштадот, би требало да плати најмалку 200 илјади денари месечно на Градот, при што се повикавме на одлуката на Градот донесена во април годинава, оттаму со своја верзија на работите. -Изминатите три години средствата кои се собираат по основ на комуналната такса за поставување урбана опрема на кејот се слеваат исклучиво во касата на Општина Центар. Покрај тоа делот од кејот кој во моментот е затворен, не е опфатен со елаборатот за поставување на урбана опрема на кејот, поради што ниту "претходно", ниту сега не може да се поставуваат маси и столчиња на оваа површина и да се собира комунална такса по основ користење на јавна површина. Односно тоа е дел кој е наменет за "движење на велосипеди и пешаци"..., велат во Градот.
Сепак, сакаме да ги потсетиме градските власти дека кејот е во надлежност на Градот и дека сигурно треба да биде наменет токму за нормално движење на велосипеди и пешаци, а не за движење на камиони, што ќе се случува сега по издавањето дозвола од Градот. Тоа што не бил даден за комерцијални потреби, не значи дека сега не е така. Впрочем, тој е веќе даден во комерцијални потреби. Исто така може да се потсетиме дека и на овој дел не така одамна имаше маси и столчиња, а пешаци и велосипедисти се движеа и помеѓу масите. Од друга страна со одлуката од април годинава угостителите не требаа да плаќат само на Општината за користење на јавна површина на одреден период, туку и на Градот, за што е даден и ценовникот од каде се и направени пресметките.
|
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#669 Posted: 13-Nov-2008 at 00:10 |
Како што се гледа од сликата на кловер и по цел месец немаат мрднато со прст, нормално е човек да си помисли “овие не ги бива за планирање и има да се влечат“ ама затоа пак се доволно паметни да го искористат “берлинскиот ѕид“ за ракламирање, ова дури сега го приметив пазете како се разликува оградата во делот кон плоштадот од другиот дел....
Дали добиле некоја дозвола, не е ни битно важно они си прават како што сакаат, а оштета за градот за користење јавна површина и тоа со нереално долг рок за такво место е нешто непознато за нив, да не збориме за последиците од “берлинскиот ѕид“ за околните бизниси (мада на некој начин заслужуваат кафичите некој вака да ги казни после нивното самоволие со летните тераси) 
Edited by vardar - 13-Nov-2008 at 00:12
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#670 Posted: 12-Nov-2008 at 20:46 |
Никој не ја прифаќа одговорноста за градбата на кејот на Вардар Власта и опозицијата повторно со меѓусебни обвинувања за узурпацијата на кејот 13-ти ноември, која незаконски ја дозволи градоначалникот на Скопје Трифун Костовски.
Ако не се тргнат лимените паравани, СДСМ ќе ги поддржeле граѓаните во протестите против општина Центар и градот Скопје.
„Одговорноста за последиците лежи кај градоначалничката на Центар, Виолета Аларова, градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој дал согласност за овој детален урбанистички план“, изјави Дамјан Манчевски од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ повторно потсетија дека во време на СДСМ е продадено земјиштето на кое се гради, по багателна цена и со непосредна спогодба.
СДСМ била на чело на општина Центар кога прв пат била вметната и маркичката за објектот. Но, во случајов земјиштето не е спорно, туку незаконската одлука на Костовски за узурпација на кејот.
Министерот Јанакиески се огради од одговорност. Тој не издал никаква дозвола за незаконското уништување на шеталиштето.
„Министерството за транспорт и врски нема издадено никаква дозвола за поставување на било какви огради и тараби на кејот на реката Вардар“, рече Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.
Костовски кршејќи ги законите дозволи на инвеститорот да го уништи кејот. Наместо да чека да се изгради подземна сообраќајница по која со камиони би се носел градежниот материјал, тој го претвори кејот во градилиште затворено со лимени паравани се до крајот на 2010-та.
Се уште Костовски не одговорил дали го уништи кејот поради личен профит. Граѓаните веќе реагираат дека параваните веднаш мора да се тргнат. A1 - Сунчица Николоска - 12.11.2008 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#671 Posted: 11-Nov-2008 at 01:57 |
 Да ја евидентираме објавата, содржи интересни информации
ХРОНОЛОГИЈА НА ОБЈЕКТ НА СТАРА НАРОДНА БАНКА НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА
|
|
Објектот на Стара Народна банка, што се гради на
плоштадот Македонија, е предвиден во Деталниот урбанистички план за
централното градско подрачје Мал Ринг уште во 1997 година. Врз основа
на тој план општината Центар во 2007 година на инвеститорот „Дивелоп
груп“ му издала градежна дозвола и решение за локациски услови со
дефиниран сообраќаен пристап. Во локациските услови е предвидено дека
за изградба на објектот треба да се обезбеди сообраќаен пристап по
кејот „13 Ноември“ преку подземна сообраќајница во непосредна близина
на ѕидот на кејот, во делот каде што сега е затворен Кејот. Подземната
сообраќајница е предвидена и со измените на ДУП за централното градско
подрачје Мал Ринг од 2007 година.
Подземната сообраќајница треба да ја изгради или општината Центар или инвеститорот на објектот.
Град Скопје врз основа на решението за локациски услови и издадената
дозвола за градба од страна на Општина Центар е обврзан да му издаде
сообраќајно решение на инвеститорот.
Но, и покрај тоа Град Скопје побара од инвеститорот да достави техничка
документација со геомеханички податоци со проверка на стабилност на
кејски ѕид на река Вардар, кеј 13-ти Ноември, потег Камени мост
–Холидеј Ин, како и согласно стручно мислење за стабилноста на
потпорниот ѕид на кеј 13 Ноември изработен од страна на ИЗИИС.
По доставеното одобрение за градење од општина Центар, сообраќаен
проект за измена на режимот на одвивање на сообраќајот на Кеј 13-ти
Ноември и улицата Моша Пијаде, како и врз основа на добиената
согласност од МВР и по доставената техничка документација со
геомеханички податоци со проверка на стабилност на кејски ѕид на река
Вардар, како и согласно стручното мислење за стабилноста на потпорниот
ѕид на кеј 13 Ноември, изработено од страна на ИЗИИС, Секторот за
сообраќај при Град Скопје издаде решение за утврдување на режим на
сообраќајот од 11.09.2008 година. Условите и режимот на сообраќај имаат
важност до 31.12.2010 година. Во овој рок инвеститорот или општината
Центар треба да ја изградат подземната сообраќајница на делот од кејот
кој што во моментов е ограден.
Таблите со кои се оградува кејот се поставени по барање на Град Скопје
заради безбедноста на граѓаните, со тоа што инвеститорот е задолжен да
обезбеди пешачка врска помеѓу плоштадот и кејот. Со цел да се спречи
уништување на плочките, Град Скопје го обврза инвеститорот да ги
отстрани од делот на кејот каде што ќе минуваат камионите и градежните
машини, а по завршувањето на градежните работи да го врати кејот во
првобитната состојба.
Инвеститорот остави банкарска гаранција со која се обврза дека ќе го
врати кејот во првобитната состојба, а доколку не го стори тоа Град
Скопје ќе ја активира банкарската гаранција. |
|
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2204&mid=24&tabId=1&tabindex=0
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#672 Posted: 11-Nov-2008 at 01:03 |
Сега го читам буквално правдањето на Трифка од неговиот веб, невераоватно, човекот се предвидел и се е легално и ..... Но сега tek сватив дека ова лудило од плехови и гениални решенија на градот ќе го гледаме цели 2 год. - и со букви две години
Секторот за сообраќај при Град Скопје издаде
решение за утврдување на режим на сообраќајот од 11.09.2008 година.
Условите и режимот на сообраќај имаат важност до 31.12.2010 година. |
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#673 Posted: 10-Nov-2008 at 18:31 |
 Јас колку што гледам, на овие „фраери“ буквално сите им се наклонети - и општината и градот и централната власт... И спектарот на партии кои во изминатите години им беа логистика е импресивно широк и говори дека по одредени (погрешни) прашања нашите политички елити сепак исто размислуваат. Фраериве можеме да ги земеме и како пример за релаксирани меѓуетнички односи, со оглед на тоа што Агрон Буџаку беше министерот кој практично им ја подари локацијава, во четири очи нормално. Абе буквално со сите имаат супер разбирање! Реков, очигледно се работи за некои многу „симпатични“ типчиња со силна „моќ на убедување“ - сите лични (во голема мерка криминални) интереси си ги протуркаа максимално, без оглед на јавниот интерес, а сето тоа во држава каде што и чистите како солза проекти наидуваат на безброј пречки.
Edited by Cloverstack - 10-Nov-2008 at 18:33
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#674 Posted: 10-Nov-2008 at 18:12 |
kako sto procitav vo skopje.gov.mk ova e delo na trivka gledam se pravda tamu nesto demek se bilo zakonski
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#675 Posted: 10-Nov-2008 at 18:11 |
 Епа така ни е кога кај нас све е работа на кхм кхм „договор“. Да си имаше прописи, па инвеститорот да беше обврзан во градската каса да плаќа на пример по 10 000 евра дневно за целиот тој простор што го има оградено (што со оглед на големината на просторот и ефектите воопшто не е нереална сума), баш добро ќе се израчунаше кога да загради и колку може најбрзо да заврши со градбата. Ама кога целава работа иде со „добра воља“ на надлежните, што има он да се замара колку време ќе ни го блокира кејот...
Edited by Cloverstack - 10-Nov-2008 at 18:11
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#676 Posted: 10-Nov-2008 at 18:03 |
Немораше да се оградува просторот за да се испитува земјиштето. Овој камионот можеше да дојде тука и предходно.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#677 Posted: 10-Nov-2008 at 17:52 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#678 Posted: 09-Nov-2008 at 14:48 |
Незаконска градежната узурпација во центарот на СкопјеПретворен
ли е кејот на Вардар бесправно во градежна зона? Инвеститорите и
надлежните молчат, но затоа пак се огласија архитектите кои велат дека
има дупки во законот кои им даваат одврзани раце на компаниите што
градат. Недостига правилник што ќе го регулира уредувањето на
градилиштата, затоа многу пати инвеститорите ги злоупотребуваат правата
додека градат објекти, вели архитектот Мирослав Грчев. „Поради
таа законодавна темница, постои една сива зона во којашто градителите,
инвеститорите и државните органи надлежни за спроведување на плановите
и за надзор, сите тие импровизираат. Тука се заради тоа можни сериозни
корупции“, изјави Мирослав Грчев, архитект. Според Законот за
градба, фирмите треба да имаат решени имотно-правни односи за целото
земјиште што го користат за градење. Ова значи дека во случајот со
градбата на кејот на Вардар, фирмите инвеститори треба да го поседуваат
целиот простор што го заградиле, од плоштадот Македонија до хотелот
„Холидеј Ин“. Од општината Центар и градските власти на Скопје
нема одговор дали градителите на плоштадот го купиле целото земјиште
што го затвориле. Коментарот од надлежните е дека се е според
законот и покрај тоа што е прекината е главната пешачка зона, а
граѓаните некое време ќе мора да се откажат и од популарното шеталиште.
„Имаме решенија за коишто може да се рече дека се несреќни и
дека за едно градилиште жртвува премногу градски интерес, премногу
градски вредности на предолго време, на начин којшто граѓаните
практично не го одобруваат“, вели архитектот Грчев. Изградбата на
деловниот објект во центарот на Скопје почна неодамна. Како официјален
инвеститор е назначенa фирмата „Дивелоп груп“. Опозицијата тврдеше дека
оваа компанија, заедно со фирмата „Латис“ се главните носители на овој
проект. Опозицискиот блок посочуваше дека зад овие две фирми
стојат познатите бизнисмени Орце Камчев и Алек Ивановски - Теранова.
Дел од тврдењата беа дека токму за да стартува изградбата на новиот
објект бил сменет и целиот урбанистички план на општина Центар. |
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99906
|
 |
Cibi
Senior Member
Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
|
Quote Reply
#679 Posted: 07-Nov-2008 at 08:39 |
Градбата на објектот би ја оправдал само ако биде идентична со банката кога некогаш постоела на ова место.Поинаква градба на тоа место не би оправдал.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#680 Posted: 06-Nov-2008 at 23:08 |
Скопјани и без кеј и без пари
Кој го
заградил, за свои комерцијални потреби кејот во Скопје. Кој му дал
решение со дозвола која патем треба да трае најмалку 18 месеци.
Најпосле Кејот е јавен заеднички простор кој ни е неопходен на сите.
Колку се платило и кому, кејот да биде без својата основна функција?!
Голем
дел од кејот 13 Ноември, кој претставува јавна површина, од вчера е
ограден и затворен за движење на пешаците. Ова најпрометно шеталиште во
градот, Скопјани нема да можат да го користат во наредните година и
половина, а најверојатно и повеќе, односно онолку колку што според
проектот треба да трае изградбата на осумкатен административно-деловен
објект, кој деновиве интензивно почна да се гради на просторот меѓу
некогашен Метропол" и коритото на Вардар. Кејот 13 Ноември, односно
патеката покрај ѕидот која единствено беше слободна за движење на
пешаци, во овој период ќе стане улица по која ќе се движат камиони и
градежна механизација, која според информациите што ги добивме од
Градот, до март 2010 треба да биде доставуван градежен материјал до
објектот. Иако се работи за јавна површина за која сите граѓани
плаќааат данок, во случајов никој не ги прашал дали може некој да го
користи овој простор и за тоа да не плаќа. А дека не се плаќа,
потврдуваат и во Град Скопје.
-Градот Скопје нема наплатено комунална такса зашто зафатот на кејот
не подлежи под одлуката за наплата на комунални такси за користење на
јавните површини. Инвеститорот има оставено банкарска гаранција дека по
завршувањето на градежните работи ќе ја врати јавната површина во
првобитна состојба. Доколку не го стори тоа, Градот ќе ја активира
банкарската гаранција, велат во Одделението за односи со јавност на
Град Скопје. Истото го потврдуваат и во Секторот за правни работи на
Град Скопје, од каде велат дека во случајов не се работи за изведување
на некоја определена дејност, па по тој основ и да се наплаќа, туку се
работи за обезбедување на пристап до објект за изведување на градежни
работи.
-Во согласност со ДУП под овој дел од Кејот ќе се гради подземна
улица, која ќе биде единствен пристап до објектот, па во случајов се
работи за оградување на градилиште за кое е издадена цела пропратна
документација, велат во Секторот. Според Јован Христовски, раководител
на Секторот за сообраќај на Град Скопје, Градот само издава сообраќајно
решение и тоа на решение за градба кое е веќе издадено од Општина
Центар, а оградата е поставена, како што вели со цел да се заштитат
граѓаните кои седат во кафулињата.
Од Општина Центар, единствено што успеавме да дознаеме е дека за
повеќе информации околу оградување на кејот треба да се обратиме во
Градот".
Објектот
кој во наредните година или две им го зема шеталиштето на скопјани,
според ДУП може да има максимална висина од 29 метри, а се гради на
површина од 1.100 квадратни метри на делот пред некогашен Метропол.
Инвеститор на објектот е скопската фирма Дивелоп груп", претставник на
италијанските газди што го купија некогашен Типо". Тие одобрението за
градба го добиле од Општина Центар на 19 март годинава. Инаку, плацот
на плоштадот Македонија во 2004 година, за само 25 евра за квадрат, го
продаде тогашниот Министер за транспорт и врски, Агрон Буџаку, наводно
на скопскиот бизнисмен Орце Камчев, а се покажа не било така.
http://vecer.com.mk/?ItemID=C4CE9AE8B34A604282F8890805B43695 |
|
 |