![]() |
![]() |
![]() |
Верски објекти (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3233343536 63> |
Author | |
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Стани… Оди и осветли ме… Сите ме газите, а никој не ме отвора…“
Oвие зборови пред повеќе од осум години го разбудиле од сон сега покојниот ѕидар Тихомир Крстовски од село Туденце, општина Јегуновце, и му го осветлиле патот до пространо ритче на 900 метри од неговиот дом. Возбуден од мистериозниот глас, кој му порачал да копа под јасените, Крстовски останал вчудовиден кога на половина метар под трите стебла пронашол камени столпчиња, остатоци од некогашен православен храм ги пренесува неговите кажувања Република. - Стануваше рано затоа што се грижеше за добитокот. Тоа утро, паметам, беше седми февруари, прилегна да одмори некаде пред десет часот. Секогаш спиеше на долниот кат и не знам зошто токму тој ден прилегна на горниот дел во соба во која никогаш не одморал. По некое време стана возбуден, ги зеде лопатата и копачот и замина некаде. Кога се врати, вознемирен и возбуден ни објасни што пронашол – раскажува Илинка Крстовска, сопруга на Тихомир. Соселаните и најблиските му се придружиле на Крстовски во копањето и од под земјата таложена со векови, на ридот викан Бучало Црквиште, по многу години светлината на денот ја здогледал, во тој момент, неидентификуван црковен објект. Но, мистериозната приказна, која предизвикала морници кај жителите на дотогаш мирното и спокојно полошко село, не завршила тука. Три дена по откривањето на долго чуваната тајна закопана во подножјето на Жеден, мистериозниот глас повторно му се јавил на Тихомир на сон. - Легна во истата соба и повторно се разбуди возбуден. Рече, ми се јави истиот глас и ми рече „ти кажав каде сум, но не ти кажав кој сум… јас сум свети Ѓорѓија и така да ме викате…“ Од тој ден натаму, Тихомир постојано одеше на темелите на црквата на ридот. Не беше преголем верник, но не беше ниту неверник. Беше чесен, добар и кроток човек. Ги почитуваше религијата и верата, а по гласот на Ѓорѓија Победоносец и по откривањето на црквата, постојано размислуваше како да го возобнови заборавениот храм и да го послуша аманетот од сонот – објаснува Илинка. Храмот, кој го испитувале сите стручни домашни институции и специјалисти, се претпоставува дека потекнува од рановизантискиот период, меѓу третиот и шестиот век. Се наоѓа на излезот од селото Туденце по еден од старите патишта за Скопје, денес коњска патека. Селаните раскажуваат дека во минатото денешните полошки села биле под вода, а над храмот на свети Ѓорѓија, на патот за главниот град, се наоѓало селото Селиште, кое одамна заминало во историјата. Интересно е што не постои ниту еден пишан, ниту, пак кажан податок за постоењето на мистериозно откриената црква под Жеден. - Проверувавме во историски архив, во музејот во Тетово, како и во црковните книги и архиви и никаде не стои ништо запишано за постоењето на црквата што ја откри татко ми. Уште помистериозно е што никој од селаните во регионот не памети дека барем слушнал приказна за постоење на сличен објект на местото или во подножјето на Жеден – раскажува Душко Крстовски, син на Тихомир. Тој објаснува дека не е случајно што свети Ѓорѓија побарал да биде откриен по толку векови. Според Крстовски, на тој начин е спасен најстариот триконхален храм во Македонија. - Непосредно пред да се случи сонот, екипи на телефонскиот оператор Космофон беа дојдени и го обележуваа местото за поставување базна станица. И тие останаа со замрзнати погледи кога татко ми ја откри црквата. Веднаш ја преместија станицата подолу од местото и дури и донираа пари со кои беше направена конзервацијата на остатоците од темелите. Беа уплашени и ни рекоа „леле луѓе што ќе направевме“. Сите случувања околу оваа приказна на некој начин нѐ вознемирија и нас, па долго време беше одложуван почетокот на градбата, а едно време се преиспитувавме себеси дали воопшто да почнеме, затоа што наидувавме на пречки, кои ни зедоа многу години – раскажува Душко. Повеќе во Република http://republika.mk/?p=108419 |
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Почна изградбата на нов православен храм во БеровоДенеска започна изградбата на нов православен храм посветен на „Свети Гаврил Епископ Велички Светогорец Македонски“ во месноста Црвен брег кај Берово. Камен-темелникот на црквата го положи амбасадорот на Руската федерација во Република Македонија Шчербак Олег Николаевич, а го освети и градбата ја благослови неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македоснки г.г. Стефан. Притоа поглаварот на МПЦ-ОА истакна дека треба да се чуваат и негуваат традициите на македоскиот народ, а особено да се негува традицијата на многудетни семејства, кои ќе бидат идните носители на животот во државата и црквата македонска. Гостите и присустните на настанот од името на градот домаќин ги поздрави градоначалникот на Берово Драги Наџински. На осветувањето на камен-темелникот на црквата присуствуваа илјадници беровчани, голем бврој туристи од земјава и станство, како и претставници на сите монашки сестринства и братства од повеќе манастири на МПЦ-ОА. http://regioni.mk/pocna-izgradbata-na-nov-pravoslaven-hram-vo-berovo/ |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Danndy ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 410 |
![]() ![]() |
Ахахахах! ![]() Па добро, им текнало ондак... Со забрзано темпо ги градат, близу сме до поаскуваната цел. |
|
Traveling.
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
За кога ќе банкротираме, пропаднеме, се поделиме да има каде да се молиш. Друго и така нема што да правиш тогаш.
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
Danndy ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 410 |
![]() ![]() |
Немам ништо против... но, која е потребата од толку нови верски храмови низ Мк? Стварно не можам да разберам, никаде не сум видел (надвор од Балканот) новоизградени цркви...
|
|
Traveling.
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Копаничари од Пробиштип ќе го изработат иконостасот во новата црква во штипско Ново Село
» четврток, 04 јули 2013 15:21 � Мајсторите на тајфата од Пустец привршуваат со градбата на новата црква „Покров на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село. Деновиве се работи на куполата, а веќе се знае кој ќе го изработи иконостасот и иконите, кои ќе бидат поставени во новоизградениот храм. Останува уште да се договори изработката на фреските. -„Иконостасот е порачан и ќе го изработат мајстори - копаничари од Пробиштип, Слободан и Зоран Моневски. Иконите за иконостасот ќе ги цртаат монахињите од манастирот Св. Богородица - Елеуса од Вељуса - вели Добрица Јанев, старешина на црквата Света Богородица. Од Брегалничката епархија се надеваат дека црквата ќе биде осветена оваа година во октомври. Црквата се гради скоро една година, со донација на штипскиот бизнисмен Сашко Миладинов. Се гради од камен, а според архитектонскиот изглед совршено ќе се вклопи во старата архитектура на Ново Село. По цели два века, лани во штипско беа удрени темели на новата црква, на локацијата каде порано се наоѓаше верскиот објект, во кој се собираа верниците на празникот - „Покровита Богородица“. http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/7702-2013-07-04-13-27-35 |
|
![]() |
|
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Коа сме веќе кај соборната ,дали некој знае што се прави на соборната ?
Односно зашто од двете страни покрај главниот влез во црквата беше ископано и направени темели за армирано бетонско платно и сега се армира ? |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Браво за сликава. Мислам дека досега не сум видел фотографија од изградбата на оваа црква.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
За архива
![]() ![]() |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
03.06.2013 - Прилеп после сто години доби нов свет храм - „Св. Константин и Елена“
![]() ![]() |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Напредува конзервацијата на црквата „Свети Никола“ во охридското село Косел
Охрид, 15. мај 2013 (ИНПРЕС) извор: Супер радио фото: Супер радио Конзервацијата на фреско живописот и архитектурата на црквата „Свети Никола“ во село Косел годинава е во шеста фаза, јавува охридското Супер радио. Во првата година од реализацијата на проектот за оваа црква, се заврши со конзервација на архитектурата, а останатите години интензивно и етапно се работи на конзервацијата на вредниот фрескоживопис, информираат од НУ Завод и музеј Охрид. Конзервацијата опфаќа повеќе активности. Сликата од пред почетокот на проектот за нејзина заштита и она што е постигнато до ден денес, е многу различна. Освен интервенцијата на самата црква, уредување имало и на просторот, бидејќи директно влијаел за запуштената состојба. - Претежно се работи во олтарниот простор. Црквата беше целосно распадната и имаше опасност да дојде и до нејзино целосно рушење. Меѓутоа сега состојбата е сосема поинаква, црквата статички се зајакна. Архитектонски комплетно се среди, направено е целосно препокривање, фугирање на отпадните делови, расчистување на околината, на просторот, објаснува директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали - Бунташеска. Исто така, отстранета е земјата, која долги години пристискала на ѕидните маси и полека како да ја затрупувала црквата. Продолжуваат активностите со конзервацијата на фрескоживописот во внатрешноста на црквата. Конзервацијата се изведува под раководство на советник конзерватор Ленче Мојсоска, а на објектот работат конзерватори од Белград. Црквата „Свети Никола“ датира од 15-от век. Во Охрид и околните села има повеќе цркви кои го носат името на светецот Никола, но оваа во селото Косел има специфична архитектура и други карактеристики, по која е препознатлива. Поседува мали димензии и со својот облик е сродна на повеќе рустично ѕидани и грубо малтерисани споменици од 15-от век од околината на Охрид. Токму поради димензиите е особено интересна за посетителите, но и самите жители, кои раскажуваат дека за да се влезе во внатрешноста, верникот треба целосно да се наведне пред портата. Портата, пак, која е оригинално зачувана, е со резе, какво со векови не се произведува. И покрај посебноста на оваа црква, таа многу не е застапена во промотивните материјали за туристичките места во Охрид. Освен познавачите на културните споменици во Македонија, обичните туристи не знаат за неа. - Претежно се интересираат стручните лица кои знаат дека постои црквата. Случајни минувачи не се обратиле до нас како институција да се заинтересираат за црквата. Но ние, како еден од највредните споменици на културата, должни сме да го заштитиме, без разлика дали привлекува туристи, или не, додава директорката Паскали Бунташеска. Верниците во село Косел имаат убави спомени поврзани со оваа црква, а во последните години воопшто не ја користеле за богослужби и други обреди, поради стравот дека може да се сруши, или дека ненамерно ќе се направи некое несакано оштетување. „Света Троица“, „Рожденство Христово“, „Сретението“, „Кршевањето и Воскресението Лазарево“, се само дел од фреските кои се среќаваат во оваа црква. Постојат записи дека фреските ги извел ист уметник кој во 1487/8 година ја украсил внатрешноста на храмот „Свети Димитрија“ кај Бобошево - Бугарија. (Крај) http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=ED5ACA560EEFE643A302D2C579FA103D |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Не најдов нишка за Св.Илија во Аеродром па затоа тука ќе ги постирам сликите од Црквата и помошниот објект (кој сеуште е во фаза на градба но е при крај).
Се извинувам за квалитетот на сликите но апаратот во ноќно време вади лоши слики (особено во неосветлени делови). ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
ИСПОЛНЕТ ЗАВЕТ ВО ПОРЕЧИЕТО
Се разбудил од кома, па отишол да гради црква Манастирот „Христово воскресение“ е прв храм во Македонија посветен на Исус Христос, кој бизнисменот Мире Синадиноски од Прилеп го подигнал на Велигден пред седум години, откако се заветил дека ако го преживеe инфарктот, ќе изгради црква за Синот Божји на запуштеното ритче крај патот Македонски Брод - Самоков. Пред да се накрене во болницата, го донесле од Прилеп со возилото на Брза помош да каже каде да се градат црквата и манастирот. Потоа, ги упатил соработниците да ги купат приватните бавчи каде што ќе го кренат Божјиот дом, како оаза во оаза. Богоградбата е плод на победената битка во животот и за вековен спомен и дар. Манастирската црква на 35 километри од Македонски Брод е градена во староримски стил, според проектот на архитектот Тодор Паскали, авторот на велелепниот храм на охридски Плаошник. Фрескоживописувањето било на семејството Милески. - На Велигден имав тежок инфаркт од кој, според докторите, ретко кој преживува. На третиот ден, се освестив, како што Исус Христос воскреснал и си ветив дека ако останам меѓу живите и ако бидам способен, ќе подигнам манастир што ќе му го посветам на Синот Божји, со чија помош и со големо залагање на докторите уште сум жив - вели Синадиноски. Тој не правел есап колку вложил во комплексот, ама се проценува дека досега вложил не помалку од 150 илјади евра за манастирската црква, за конаците и за уредувањето на околината. Со Божја помош сега продолжува да го дотерува манастирот. Семејството Синадиноски потекнува од Поречието и дел од профитот од фирмите „Пела-транс“ и „Мак-дрво“ потрошило за прекрасните конаци од темел градени со четири апартмани со посебни кујни, тоалети, бања, ТВ и ДВД за да може човек да престојува удобно во прегратките на раскошната природа. Манастирот го посетуваат многу верници и намерници. - На трет ден Велигден е слава со гости и жителите од целата околина. Втора слава е Водокрст на 18 јануари, кога поп ја крштева водата и доаѓаат по двајца од сите села да земат и да ја однесат дома. Третата слава е Спасовден. Се слави и Света Недела - велат роднините на ктиторот, Боге и Ѓурѓа Тодороски, кои се грижат за манастирот и пречекуваат гости цела година. Мире го купил местото, кое било бавчи, за да направи оаза во оаза. - Првин е направен параклисот Света Недела, по желба на сопруга му на Мире, Таца, која оттогаш роди уште едно дете - вели домаќинката Ѓурѓа, која и самата видела себап од просторот по неколкуте преживеани операции. Света Недела и за христијани и за муслимани Пред црквата се наоѓа параклис посветен на Света Недела, а во кој, според верувањата, тече лековита вода, иљач за разни заболувања. Ја пиеле и се миеле и муслимани и православни. - Муслиманите не влегуваат в црква, а ги прават сите адети. Водата е мелем, лековита. И јас имам видено себап. Доаѓаат жени што не можат да родат, без разлика на вера, туку со мака по чаре. Ги има од секаде. Разбравме дека девојче-муслиманче не зборувало до 15 години. Прозборело кога го намачкале со водата - вели Ѓурѓа. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A37CD066CCC1D94D81CF7E18EC76DED9 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
спектакуларно ОТKРИТИЕ
Фреска со гробот на Александар Македонски во Сливничкиот манастир Идентична фреска со светиот Сисое над гробот на војсководецот, каква што има во манастирот во Преспа има и во „Варлам“ на Метеори Идентична фреска, на која е прикажан светецот Сисое над гробот на војсководецот Александар Велики, освен во манастирот „Варлам“ на Метеорите во Грција, постои и во Сливничкиот манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ во Македонија. Ова го откри Ленче Kрстеска, магистер по фрескосликарство и иконографија, која подолг период ги истражува фреските со костурот на Александар Македонски во храмовите на овие простори. - Во Сливничкиот манастир, кој датира од 17 век и изграден на падините на планината Баба над Преспанското Езеро, во јужниот дел на долапот од прозорецот е насликана фреска со светиот преподобен Сисосе Велики. Тој е прикажан со кренати раце и залудувачки гледа над гробот, односно кон костурот на Александар Македонски. Фреската побудува чувства на збунетост и не ве остава рамнодушен, туку, напротив, ве тера да размислувате што зографот сакал да каже - вели Kрстеска. Според преданието за свети Сисое Велики, кој бил од Египет и живеел во првиот век од новата ера, тој во пустината го пронашол гробот на Александар Македонски. Kога го видел се ужасил и рекол: „Kолку голем човек беше, а сепак сега е само прав и пепел“. По ова, го затворил гробот и никому не му го покажал. На фреската на старословенско писмо пишува: „Самата таа глетка, гробу, ме плаши и прави срцето да лее солзи додека размислувам за долгот што ние, сите луѓе, го должиме. Kако воопшто можам да го поднесам? О, смрт! Kој може да те избегне?“ Kрстеска вели дека на западниот влез во црквата во Сливничкиот манастир пишува дека е изградена и живописана во 1607 година во периодот на јеромонахот Никанур. Во нишата, над западната врата, каде што е претставена Богородица со Христос, зачувана е сигнатура на зографот Никола, автор на фреските на црквата. При посетата на Метеорите во Грција, во манастирот „Варлам“ над вратата на влезот ја видела истата фреска на свети Сисое и костурот на Александар Македонски во кој гледа со чудење и со размислување. - Идентична фреска, истата композиција. На натписот на левата страна пишува дека костурот е на Александар Македонски. Според пишаната литература, манастирот „Варлам“ почнале да го градат браќата-калуѓери од Јанина, Нектар и Теофан, во 1518 година. По нивната смрт, манастирот продолжил да цвета. Во манастирот, пак, пишува дека бил дограден во 1535 година. Во апсидата на светилиштето на црквата „Три јерархи“, која е прва изградена на карпата Варлам, соѕидана е плоча со датум 1627 година - вели иконографката. Според Kрстеска, досегашните претпоставки биле дека фреските во „Варлам“ се зографисани во 1566 година од свештеникот Јорго Епископ од Тибе и од неговиот брат Франгос Kателан, водечки претставник на критската школа од кого се најдени многу фрески во манастирот „Големиот Лавра“ на Света Гора. Но, таа не ја исклучува можноста двете фрески на свети Сисое да имаат македонски автор. - Од фотографиите на фреските во Сливничкиот манастир и во „Варлам“ се гледа дека се многу идентични, дури и исти. Се поставува прашањето дали истиот наш зограф Никола ги насликал фреските во двата манастира. Дали се точни годините на градба што постојат во литературата? Важно е тоа што во Сливничкиот манастир имаме сигнатура и потпис од зографот, а во „Варлам“ за тоа нема точни податоци - вели Kрстеска. Жанета Здравковска http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9F63A79B3003574197F7D2B51895B072 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Во Скребатно ќе никнaт конаци и нова кујна
Со верски обичаи, денеска, во Скребатно, непосредно до црквата Св. Богородица, беа поставени темели за изградба на објект во кој ќе биде сместена новата кујна каде ќе се подготвува традиционалниот ручек за празникот посветен на заштитничката. -Една од главните причини за изградба на новиот објект е тоа што недостасуваа огништа за подготовка на ручекот по повод празникот Св. Богородица, односно имаше потреба од изградба на нови. Моментално има 10 огништа за котли од по 150 кг, а со изградбата на новиот објект ќе има 14-15 огништа.-изјави Зоран Германоски – член на црковниот одбор Св. Богородица Скребатно. Објектот чија основа е 160 метри квадратни ќе има два ката. На приземјето ќе биде сместена новата кујна со помошна просторија за подготовка на месото. На кат ќе бидат изградени апартмани-конаци. Потребните средствата за изградба на новиот објект биле собрани по пат на донации на верниците во црквата Св. Богородица. Од Црковнот одбор најавија дека објектот комплетно ќе биде завршен за околу три месеци, односно пред празникот Голема Богородица кој се одбележува на 28-ми август. Покрај изградбата на кујната, Црковниот одбор набави и косилка за трева, за која битолската фирма „Евростил“ во знак на поддршка одобрила попуст од 500 евра. Исто така извршена е набавка и на теренско возило „Нисан Патрол“ со нож за расчистување снег, со цел излетничкото место да биде достапно за посетителите и за време на зима. Скребатно, за прв пат во пишан документ се спомнува во 1583година. Ден денес луѓето кои потекнуваат од овој крај грижливо ја чуваат вековната традицијата и претставува вистински пример како треба се почитува едно свето место. Веќе втора деценија успешно функционира црковен одбор на православниот храм Св. Богородица, кој се менува на две години. Црквата целосно е возобновена пред 7 години на темелите на стариот храм, кој со точност не се знае од кога потекнува, а постојано се уредува и излетничкото место, каде во прекрасниот природен абиент опкружен со извори, изградени се одморалишта, скари, фурни, спортски терени, паркинг простор, поставени се маси и клупи, а хигиената се одржува на исклучително високо ниво. На посетителите на располагање им е целокупниот инвентар, кој само треба да го чуваат, онака како што локалното население го чува овој преубав комплекс во Скребатно. http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=54363 |
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
По 20 години почна да се гради црква во штипската населба Баби
Населбата Баби во Штип неодамна со поддршка на општина Штип доби клуб на пензионери, но уште поважно е што почнаа градежните работи за конструкција на црквата „Свети Кирил и Методиј“. Оваа црква, чии темели беа удрени во деведетите години од минатиот век, по многу проблеми, конечно почна да се гради. Вчера се поставуваа шал-табли за поставување на столбовите, а по обезбедувањето на каменот, ќе следат сите понатамношни фази за конструкција на црквата. Во посета на работниците кои работата на црквата беше и градоначалникот, Илчо Захариев, кој вети понатамошна поддршка за жителите на населбата Баби. Црквата е дамнешна желба на жителите на населбата Баби, така што со овој зафат ќе се реализира мошне важен проект за граѓаните. ![]() ![]() http://regioni.mk/po-20-godini-pocna-da-se-gradi-crkvata-vo-stop/ |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Конкретно во Општина Аеродром заедно со реконструкцијата и доградбата на црквата св.Илија (кај поликлиниката Јане Сандански) се изградени/реконструирани или во градба 6 цркви (без малите црквички кој се поставени кај фонтаните на влезот на Општината и во Ново Лисиче и пред ТЦ Бисер од страна на граѓаните) , да напоменам св.Илија е само реконструирана и дограден е еден дел но црквата беше постоечка што значи дека во градба или изградени се 5, а севкупно (повторно без тие малечките) се 7 цркви.
Црквите кој се изградени или постоечки се: - Св.Илија - Јане Сандански - Св.Петар и Павле (прва црква во општината која е прилично стара) - село Горно Лисиче - црква во парк Јане Сандански - нас.Јане Сандански (лева страна) Цркви во градба: - мислам дека е безимена - Раскрсница Сансет/Мајчин Дом - црква во парк Аеродром (не го знам името, има тема за неа) - нас.Ново Лисиче - црква во Реонски центар (не го знам името, има тема за неа) - Реонски Центар Аеродром - црква на бул.Србија - нас. Јане Сандански (десна страна) Ако има уште некоја јас не сум запознат со нејзиното постоење или градба. Edited by daci92 - 12-Apr-2013 at 19:42 |
|
![]() |
|
Teglarot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 15-Nov-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 569 |
![]() ![]() |
Дали би можел некој да ми каже колку цркви се изградени или се отпочнало со градба во Скопје (Аеродром), изминативе години . . . Или евентуално да има некоја мапа каде се наоѓаат истите ???
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3233343536 63> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |