Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#681 Posted: 23-Nov-2009 at 16:19 |
Се си мислам дека Дневник е попрецизен за локацијата на „втората“ гаража. За капацитетот којзнае кој е попрецизен, ама се работи за разлика од 20 паркинг места, па не е ни битно.
Ќе се градат гаражи до Судската палата и до Парламентот |
|
|
Сопственикот
на „Макоил“, кој на лицитација ги добил
двете локации,
се надева дека сите потребни документи ќе ги собере до март и
ќе почне да
гради |
|
|
|
 |
|
Во
март се очекува да почне да се гради новата подземна гаража на
паркиралиштето зад Собранието на РМ. Мите Јовановски, сопственикот на
компанијата за нафтени деривати „Макоил“, кој местото за изградба на
подземна гаража го добил под закуп на 20 години од Министерството за
транспорт и врски, истакна дека планира посериозно да навлезе во
бизнисот со паркирање. Тој додаде и дека пред неколку месеци на
лицитација добил и земјиште кај Судската палата, каде што е предвидено
да изгради катна гаража.
- Мислам дека бизнисот со паркирањето
ќе стане еден од најисплатливите бизниси во градов затоа што се води
војна за паркинг-место. Сакам што побрзо да ги добијам сите потребни
документи и да почнам со изградба на објектите. Планирам и двете гаражи
да почнам да ги градам во исто време и побрзо да завршам - кажа
Јовавовски.
Подземната гаража што ќе се наоѓа зад Собранието
предвидено е да биде на три нивоа со капацитет од 225 паркинг места.
Влезот во гаражата ќе биде меѓу Собранието и Домот на АРМ. Во
подземниот паркинг нема да има поставено лифтови за возилата затоа што,
според сопственикот, многу побезбедно е возилата да се спуштаат по
свиоци, отколку со лифтови.
Проектот по кој ќе се прави
подземната гаража сé уште не е целосно подготвен, но Јовановски вели
дека сака да се консултира со некои јапонски експерти затоа што во
Јапонија имало најмногу убави гаражи.
- Не се знае кога може
да снема струја или да се случи некаков дефект, затоа се одлучив да не
поставувам лифтови за кои ќе треба да се преземе голема одговорност. А
за проектот не сакам да кажувам нешта што нема да се остварат. Постои
голема можност да ангажирам експерти од Јапонија, кои ќе помогнат во
изработката на проектот - додаде Јовановски.
Земјиштето под
кое ќе се наоѓа гаражата градот ќе треба да го уреди и да го поплочи со
бехатон-плочки, да постави клупи и да насади зеленило. Исто така,
предвидено е и на сите четири агли да биде поставен по еден споменик,
но сé уште не се знае кои споменици ќе бидат поставени.
Катната
гаража, пак, кај Судска палата ќе треба да има место за да се паркираат
250 возила. Во неа планирано е поставување автосалон и автомијачница,
каде што возачите ќе можат да ги средуваат своите автомобили.
Земјиштето
за изградба на подземен паркинг кај Собранието опфаќа 2.432 метри
квадратни, а Јовановски го доби под закуп на електронско наддавање во
четвртокот. Почетната цена на земјиштето била 380 денари за метар
квадратен, а Јовановски понудил 680 денари, со што секоја година тој ќе
треба да и плаќа годишна кирија на државата од околу 27 илјада евра. |
|
|
|
Автор: Александра Денковска, Радмила Заревска | |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11239102872&id=14&prilog=0&setIzdanie=21844
Истовремено ќе добиеме две подземни гаражи

Првата гаража
ќе се гради на просторот помеѓу Собранието и Домот на АРМ, а втората ќе
биде лоцирана до Народната библиотека „Свети Климент Охридски“.
Инвеститор е „Макоил“
Скопје во исто време ќе добие две подземни гаражи. Едната ќе биде на
просторот каде што сега е паркот меѓу зградата на Собранието, Домот на
АРМ и киното „Култура“, а втората ќе се гради до Народната и
универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“. Инвеститор е
„Макоил“, кој на јавни лицитации во Министерството за транспорт и врски
го доби правото на долготраен закуп на парцелите.
И двете гаражи ќе бидат на три нивоа и со ист капацитет - за околу 270 возила.
-
Секое ниво ќе биде со површина од 2.200 до 2.400 квадратни метри,
односно гаражите ќе имаат вкупна површина од 7.200 квадрати. Подготвени
сме да почнеме со изградбата веднаш штом ќе се потпише договорот и ќе
се обезбедат сите потребни документи - вели Мите Јовановски, директор и
сопственик на „Макоил“.
Подземните гаражи ќе се градат осум
месеци и би чинеле по 2,5 до 2,8 милиона евра за една. За изградбата ќе
биде ангажирана некоја од поголемите македонски градежни фирми,
„Бетон“, „Маврово“, „Пелагонија“ или „Илинден“.
- Откако ќе биде
готов проектот, ќе ги повикам градежните фирми и од нивните понуди ќе
ја изберам најповолната - вели Јовановски.
Земјиштето за
подземната гаража зад Собранието е со површина од 2.432 квадратни
метри. „Макоил“, на аукцијата што се одржа во четвртокот во
Министерството за транспорт и врски, го доби земјиштето на долготраен
закуп, на 20 години. Фирмата понуди највисока цена од 680 денари за
квадратен метар, односно вкупно 1.654.440 денари (27.000 евра).
Почетната цена на закупнината изнесуваше 380 денари.
Од
Министерството за транспорт велат дека најповолниот понудувач „Макоил“
е должен во рок од 15 дена од приемот на писменото известување да ги
уплати парите за едногодишна закупнина, во согласност со постигнатата
крајна цена.
- Ако најповолниот понудувач не ги уплати парите
во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено и
нема да се склучи договор за долготраен закуп - велат од Министерството
за транспорт.
Со договорот „Макоил“ ќе биде обврзан во рок од
шест месеци да обезбеди одобрение за градба за предвидениот објект и да
го изгради во рок од две години.
Земјиштето на кое ќе се гради
подземната гаража кај Народната библиотека „Свети Климент Охридски“,
„Макоил“ го купи пред два месеца по цена од 300 евра за квадрат. Тоа е
со површина од 2.200 квадратни метри. За ова парцела веќе е склучен
договорот со Министерството за транспорт и е платена потребната сума.
Анела Петрова |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7D1DF8F436950E4780E168DC640B2D0E
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#682 Posted: 20-Nov-2009 at 01:19 |
До Собранието ќе се гради подземна гаража
Компанијата „Макоил“ ја доби под закуп локацијата што се наоѓа во непосредна близина на Собранието на Македонија, а е наменета за изградба на подземен паркинг.
На вчерашното електронско јавно наддавање во Министерството за транспорт и врски, за земјиштето со површина од 2.432 квадратни метри, „Макоил“ понуди највисока цена од 680 денари за квадрат. Тоа значи дека за закупнина ќе треба да плаќа по 1.654.440 денари годишно. Компанијата е должна во рок од 15 дена откако ќе го прими писменото известување од ресорната комисија, да ги уплати средствата за едногодишна закупнина. Потоа има рок од шест месеци да обезбеди одобрение за градење, а објектот ќе треба да го изгради најмногу за две години.
Подземната гаража ќе се гради под постојниот паркинг и зеленилото меѓу задниот влез во Собранието и страничниот влез на Домот на АРМ, зад зградата на МНР. Земјиштето се издава под долготраен закуп на период од 20 години. Засега не е познато дали подземната гаража ќе биде на едно или на повеќе нивоа. (Б.А.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C18784ADA73F5D4EAF179B7483D53F22
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#683 Posted: 19-Nov-2009 at 21:17 |
Убава вест, но не ми текнува која локација беше ова. Знае некој?
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#684 Posted: 19-Nov-2009 at 20:57 |
„Макоил“ ќе гради подземна гаража во центарот на СкопјеАвтор: Александар Поповски
18:04 | 19 ноември 2009 |
|
Скопје
Компанијата
„Макоил“ победи на аукцијата за користење на државно земјиште на 20
години и ќе гради подземно паркиралиште на површина од 2.432 м2, на
територијата на Општина Центар во Скопје.
Ова е епилогот од јавното наддвање што во четвртокот се одржа во просторите на министерството за транспорт и врски.
Почетната цена на закупнината за предметната градежна парцела на изнесуваше
380 денари по метар квадратен, а со статусот најповолен понудувач се
стекна компанијата „Макоил“, која на наддавањето понуди највисока цена
од 680 денари за метар квадратен .
Вкупната понудена цена изнесува 1.654.440 денари (околу 30.000
евра), кои ќе треба да се уплатат во рок од 15 дена од приемот на
писменото известување. | http://www.makfax.com.mk/#_tools/article/94559/viewМакфакс има навистина подобар сајт сега, а и некако подобри вести.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#685 Posted: 16-Nov-2009 at 14:23 |
Монтажниот паркинг во Капиштец ќе се прави в годинаЖителите на
населбата
порачуваат
дека градоначалникот Тодоровиќ не смее да го заборави ова ветување бидејќи тој во
предизборниот период проектот го најавуваше како приоритетен

„Решение
за паркинг простор на улицата Народен фронт во населбата Капиштец“,
беше натписот на огромен билборд со кој Владимир Тодоровиќ,
градоначалникот на општината Центар, во предизборниот период
привлекуваше гласови во овој дел од градот. Според илустрацијата,
големото монтажно паркиралиште, од едниот до другиот крај на улицата,
треба да го удвои капацитетот на сегашниот простор за оставање на
автомобилите.
Овој проект беше еден од приоритетите во
предизборната кампања на Тодоровиќ, но кога се промовираше буџетот на
општината веќе беше утврден и во него немало доволно пари за да се
направи уште оваа година. Затоа од неговиот кабинет велат дека
решението ќе треба да ја почека својата реализација до наредната
година. Но сé уште не се утврдени деталите за објектот, односно не се
знае колку паркинг-места ќе има тој и дали ќе може да се користи
бесплатно. Од општината велат дека засега не се планира наплата, но не
се исклучува ниту можноста со платформата да стопанисува јавното
претпријатие „Паркинзи на општина Центар“.
- Целта е да
овозможиме повеќе места за локалните жители бидејќи постои голем метеж
од паркирани возила на улицата Народен фронт. Затоа во првите неколку
месеци користењето ќе биде бесплатно. Но, ако таму се паркираат и
возила од други населби и ако повторно се создава хаос, тогаш
општинското претпријатие ќе го преземе раководењето и ќе се воспостави
практиката во која жителите плаќаат минимално за месечни картички, а
другите за секој час - објасни Јовица Ацковски, портпаролот на
општината Центар.
И граѓаните на Капиштец го чекаат овој проект и велат дека нема да го заборават ветувањето од градоначалникот.
-
Дури и ако се плаќа некоја минимална сума, по 200 денари како во
другите места, ќе биде прифатливо за да се спасиме од овој хаос. По
половина час вртиме со автомобилите за да најдеме место, многу често
цел километар оддалечено од влезот на зградата. Паркирањето ни е
најголем проблем во Капиштец, па затоа ова ветување не смее да остане
само на хартија - вели Филип Митровски, жител на населбата.
Општината
наскоро ќе распише конкурс за избор на идејно решение за паркингот,
процедура што би требало да заврши до декември, а потоа ќе почне
техничката изработка на елаборатот.
Капиштец е населба во која
проблемот со паркирање е мошне изразен бидејќи таа е направена на мал
простор, има високи згради со по педесетина станови, два трговски
центри, повеќе супермаркети и други деловни и комерцијални објекти, а
освен улицата Народен фронт и просторот до неа, има само уште неколку
мали паркиралишта, од кои дел се преземени од јавните претпријатија за
паркирање.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11169103991&id=14&prilog=0&setIzdanie=21838 |
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#686 Posted: 14-Nov-2009 at 04:33 |
Куманово ќе гради подземна гаража
КУМАНОВО - Подземна гаража вредна 30 милиони денари ќе се гради во
Куманово, информираа од локалната самоуправа, презентирајќи ја
програмата за уредување градежно земјиште која опфаќа реализација на
повеќе проекти. За капитални инвестиции што ќе се реализираат во 2010
година, Општината ќе одвои околу 300 милиони денари.
„Меѓу
најзначајните објекти е изградба на подземна катна гаража во
централното градско подрачје за која се одвоени 30 милиони денари“,
информира началникот на Секторот за урбанизам, Лидија Ланг Спасовска.
За уредување на сообраќајниците во градот ќе се потрошат 25 милиони
денари. (МИА) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=85D910B1B04D7B4B98CA8798200C56A7
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#687 Posted: 02-Nov-2009 at 21:58 |
Катна со деловен центар (ова ми личи во Капишетец карши Дилајла, мислам дека и Дилајла се гледа на извадоков од ДУП)
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#688 Posted: 02-Nov-2009 at 21:58 |
Катна гаража Парк (ваљда онаа за стадионот)
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#689 Posted: 02-Nov-2009 at 21:57 |
Катна гаража Судска палата
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#690 Posted: 02-Nov-2009 at 21:56 |
Прво... Поплавата на катни гаражи. Катна гаража Беко
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#691 Posted: 02-Nov-2009 at 21:53 |
 како замислил мали ѓокица... повеќето локации се релативно логични (освен безидејното расфрлање со скап квадарат во центарот на градот со некакви катни гаражи), но после сите искуства со пропаднати тендери, со катастарски заврзлами и со нерасчистено правно-имотни односи и дополнително во оваа економската криза сум скептик дека било каков сериозен инвеститор ќе се заинтересира. На сајтот на Министерството за транспорт и врски се потрудиле да направат некакви ПДФки за ова што ќе се случува но 90% линкови им се грешни, на некои фали комплетно фајлот. Како и да е ги извлеков сите освен два и ќе ги постирам во продолжение.
Се продава државно земјиште за изградба на хотели, облакодери02.11.2009 18:47Хотели на крајбрежјето на реката Вардар, деловни центри и катни гаражи во центарот на метрополата, висококатници во населба Аеродром, голф терени. Атрактивни локации за изградба на овие објекти до крајот на годината ќе понуди на продажба Министерството за транспорт и врски. Деновиве објавен е оглас со кој се информираат потенцијалните инвеститори за операцијата продажба на луксузно државно земјиште, по што најдоцна до крајот на декември ќе се оди на втората фаза - закажување на датуми за јавни лицитации. Се нудат вкупно 23 локации на територијата на целата државата, а дел од предвидените проекти како оној за голф терените веќе и се познати за јавноста но останаа нереализирани најчесто поради бирократски бариери. Во транспорт и врски велат дека локациите сега се чисти и подготвени за продажба но не се открива колку пари планира да собере државата. Квадратен метар земјиште ќе се продава по утврдена почетна цена а купувач ќе биде оној што на лицитациите ќе понуди најмногу. Во милионските проекти замислени од страна на владата предвидена е и изградба на деловен центар кај Соборниот храм, катни гаражи кај судската палата, кај јужен булевар спроти дирекцијата на Макпетрол и во строгиот центар на градот кај полициската станица Беко. На кејот на Вардар во близина на скопско Кале се нудат локации за изградба на три хотели еден до друг од висока категорија. Во населбата Аеродром се продава земјиште каде треба да никнат највисоките згради во македонија од по 25 ката. | http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115752
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#692 Posted: 08-Oct-2009 at 07:32 |
Подземна гаража меѓу Собрание и АРМ

Земјиштето е со површина од 2.432 квадратни метри
Подземна гаража во близина на Собранието на Македонија ќе се гради на државно земјиште, кое Министерството за транспорт и врски ќе го даде под закуп на 20 години. Објектот ќе се гради под паркингот и зеленилото лоцирано меѓу задниот влез во Собранието и страничниот влез на Домот на АРМ, зад зградата на МНР. Во Министерството за транспорт вчера не одговорија дали новата подземна гаража ќе биде во функција само на овие институции, или, пак, ќе биде на располагање на скопјани. Во јавната објава за наддавањето не е наведено ниту колку ката под земја ќе се гради објектот.
Земјиштето со вкупна површина од 2.432 квадратни метри ќе биде доделено на јавно наддавање што ќе се одржи на 13 ноември во 13 часот. Локацијата се наоѓа во Малиот ринг и според Деталниот план, изработен од општина Центар, е предвидена за изградба на паркиралиште.
Според условите во објавата, почетната цена на наддавањето е 380 денари за квадрат, што значи дека потенцијалниот закупец за закупнина ќе треба да одвои најмалку 924.160 денари годишно. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се доставуваат до 4 ноември, а наддавањето ќе се одвива на Интернет-страницата aukcija-mtc.gov.mk, информираат од Министерството. Во наддавањето за подземната гаража можат да учествуваат македонски државјани и фирми, како и странски фирми што имаат регистрирано фирма во Македонија. Закупецот, по потпишувањето на договорот за закуп ќе треба да плати годишна закупнина и во рок од шест месеци да обезбеди градежна документација. Подземната гаража треба да биде изградена за две години. (С.Н.)
|
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#693 Posted: 30-Aug-2009 at 12:30 |
 Имаше објава на prilep.gov.mk,но лошото е што не знам каде се наоѓа. Деновиве ќе пробам да разберам,ако е местото што мислам дека е,се наоѓа во строг центар,дел од пазарот.
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#694 Posted: 30-Aug-2009 at 11:25 |
Продадени над 3000 квадрати градежно земјиште во Прилеп

Над
три илјади квадратни метри градежно земјиште во Прилеп се продадени
преку јавно електронско надавање од Министерството за транспорт и
врски.
Од таму информираат дека за најповолен купувач била избрана фирмата
“Дравас инжинеринг“ од Струмица која за плацот од 3.203 метри квадратни
понудила повеќе од 15,5 милиони денари. На продаденото градежно
земјиште според Деталниот урбанистички план на Прилеп е предвидено
изградба на деловно трговски центар со катна гаража. Продажбата е
направена на 27 месецов, а купувачот ќе има 15 дена откако ќе добие
писмено известување да ги уплати парите на сметката на министерството.
Струмичката фирма, според договорот што треба да биде потпишан, ќе
има рок од шест месеци да обезбеди дозвола за градба и уште две години
за да го изгради предвидениот објект. Доколку одредбите од договорот,
купувачот на ги исполни, договорот ќе се раскине. http://netpress.com.mk/vest.asp?id=61059&kategorija=2 |
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#695 Posted: 17-Aug-2009 at 01:08 |
Ќе се гради катна гаража зад Градскиот стадион

Кога ќе има натпревари ќе може да се користат и паркиралиштата во ГТЦ и кај салата „Борис Трајковски“
Сања Наумовска
Паркирањето кај арената „Филип Втори“ ќе се решава со изградба на паркинг и на катна гаража од левата страна на Вардар, но и со употреба на веќе постојните паркинзи во блиската околина. Според плановите на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, предвидено е да се изградат 1.520 паркинг-места во продолжение на улицата „Лазар Личеноски“, што се протега веднаш зад стадионот, на спротивниот брег на реката Вардар. Локациите се предвидени со ДУП „Парк 1“, донесен во 2004 година и ДУП „Парк 2“, кој општина Центар го изгласа годинава. Во текот на следните неколку месеци планирано е да се изработат проектите и да почне изградбата на паркиралиштето.
„Се работи за дел од веќе постојниот паркинг, веднаш до полигонот, што ќе се реконструира, а на дел ќе се направи катна гаража. Планирано е на овој потег, до крајот на 2013 година кога ќе бидат завршени западната и источната трибина, да се изгради уште еден пешачки мост меѓу двата веќе постојни мостови, што се наоѓаат меѓу Забавниот парк и зградата на Царина“, информираат од Јавното претпријатие.
Се верува дека трите мостови на овој дел зад стадионот ќе ги задоволат прописите на Меѓународната фудбалска федерација, но и потребата од брз влез и излез на посетителите на фудбалските натпревари. Во таа насока, со Градот Скопје и општината Центар е договорено проширување на патеката на кејот на Вардар, во широчина од 8 метри, на потегот од пешачкиот мост до вториот влез во северната трибина.
Со оглед на тоа дека по целосното завршување на проектот за реконструкција на Градскиот стадион,(сега арена „Филип Втори“), тој ќе има капацитет од 34.000 гледачи, планираните паркинг-плацови и гаража ни од далеку нема да ги задоволат потребите на објектот. Тоа стана и повеќе од очигледно на последниот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и на Шпанија, кога во потрагата по слободно паркинг-место, по можност и бесплатно, се создаде вистински хаос во Дебар маало и во околината.
Според прописите на ФИФА и на УЕФА, паркинг-просторот во функција на стадионот треба да се наоѓа во радиус од еден до 2,5 километри. Тоа значи дека веќе постојните паркиралишта во ГТЦ, „Холидеј ин“, па и она на салата „Борис Трајковски“ ќе треба да се користат кога има натпревари.
Од ЈПССДП информираат дека паркинг-местата најблиску до стадионот ќе бидат под посебен режим, односно на располагање на ВИП-гостите, репортажните возила и на другите сервисни служби.
„Со тоа ќе се избегне масовна мешаница во пристапните улички до стадионот. Доколку посетител сака да паркира најблиску до објектот, тоа ќе му биде овозможено, но билетот за паркинг-местото сигурно ќе биде неколку пати поскап од самата влезница, како што е секаде во Европа“, велат од Јавното претпријатие.
|
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#696 Posted: 12-May-2009 at 15:34 |
линеа ова е привремено решение кое и баш не е најдобро, тие коли испопаркирани наоколу, како прво се повеќе од привремените гости на тој простор. особено кафаните, додека за тие што живеат таму мислам има доволно паркинг како што реков фали уште една гаража некаде на горниот дел од Васил Ѓорѓов, а друг мислам релевантен момент е дали и колку естетски ова е добро решение, сепак не е до толку затнат просторот таму за да нема некое поартикулирано чаре. се плашам дека ваквата пракса може да продолжи низ цел центар! оваа идеја е добра за под железничка, за некои внатрешни улици, но не и за главните артерии, евентуално некој приватник да закрпи некоја во центар но повторно не по цена да доминира во опкружувањето како да станува збор за некоја индустриска зона...
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#697 Posted: 12-May-2009 at 15:13 |
Соодветни или несоодветни, тие се единственото нешто што ќе го спаси капиштец од хоророт наречен паркирање. За да се изгради катна гаража/подземен паркинг, ниту постојат средства ниту пак постои било каков план и проект па да може во најбрз можен рок да се почне со изградбата. Се слагам со идејата на Општина Центар да се направи монтажен метален паркинг, од проста причина што ситуацијата на „Народен фронт“ е до толку лоша што естетика или скапи долготрајни решенија не доаѓаат во обзир - барем засега. Друго прашање е каде би ја насадиле таа катна гаража, така што би им одговарало на жителите во околните згради онака како што им одговара моменталниот паркинг простор.
Не заборавајте дека проблем со паркинг има по цела должина на улицата, така да замислете колку катни гаражи би требало да се направат, каде би ги сместиле и како ќе ги натерате жителите кои досега си паркирале бесплатно да плаќаат за паркинг простор. Дури и да не бараше ситуацијата толку итна интервенција, за мене ова решение повторно ќе беше најдобро.
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#698 Posted: 12-May-2009 at 01:52 |
 Проширувањето воопшто не го тангира ова, оваа улица е друга. Инаку се слагам, монтажни метални паркинзи се несоодветни за таму. Нека работат на вистинско решавање на проблемот - катни гаражи и подземни гаражи.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#699 Posted: 12-May-2009 at 01:26 |
а каде е проширувањето на булеварот кое го најави Коце? инаку за тоа федер паркинзите мислам дека нашле лошо место небаре станува збор за периферна или мала локација па дај ајде нафрли железо на секој чекор, вакво нешто можат да тераат по внатрешните паркинзи кај зградите или пак нека им направат уште една катна гаража тука кај бараките под завод за рехабилитација во капиштец...
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#700 Posted: 12-May-2009 at 00:58 |
Монтажен паркинг во Капиштец
По должина на улицата Народен фронт, над постојниот паркинг ќе се
изгради платформа што ќе ги прибере возилата што се паркирани на
коловозот

Со двокатен монтажен паркинг по должина на улицата Народен фронт,
Општина Центар планира да го реши големиот проблем со паркирањето во
густо населената населба Капиштец. Градоначалникот на Центар, Владимир
Тодоровиќ вели дека изградбата на монтажниот паркинг нема да биде скапа
инвестиција и многу ќе го олесни животот на граѓаните од овој дел од
градот. Се предвидува да се изгради платформа долга неколку стотици
метри, веднаш покрај коловозот, над постојниот паркинг. Граѓаните што
живеат во високатниците по должина на улицата Народен фронт, велат дека
од напливот на возила не помага ниту оградувањето на паркинзите што им
припаѓаат само на станарите.
- Кога ќе ме прашаат моите пријатели како паркирам кога си одам дома, станувам свесен дека секој ден се соочувам со неверојатна
нервоза. Толку многу сум се привикнал на тоа лудило што и не
забележувам зошто сум нервозен кога ќе влезам дома. На целата улицата е
неверојатен метеж, паркирани се и автомобили и приколки што не се во
возна состојба, има еден куп „туристи“ што паркираат во Капиштец, а
одат пеш до центар. Веќе не е предност да се живее во урбани услови,
оти почнавме да живееме еден врз друг, качени на грб. Да имам избор, со
задоволство би се иселил оттука - вели Јовче Марковски од Капиштец.
Градоначалникот Тодоровиќ најави дека решавањето на проблемот со
паркинг-просторот ќе биде приоритет во неговиот мандат.
- Не се
знае колку возила има по улицата во Капиштец. Толку се начичкани што не
може ниту да се исчисти сметот под нив, а да не зборувам за
загрозеноста во сообраќајот, оти возилата одвај се разминуваат. Сакаме
над постојниот паркинг да направиме уште еден, по цела негова должина.
Тоа ќе биде паркинг на шрафови, што ќе се поставува директно на
асфалтот, без темели. Објектот ќе биде многу сигурен и ќе може да ги
прибере сите возила што сега се паркирани на едната коловозна лента -
вели Тодоровиќ.Тој додава дека цената за користење ќе биде симболична.
-
Јас сум за бесплатен паркинг, но граѓаните секогаш одат да паркираат
таму каде што е бесплатно, па се создава голем метеж. На Општина Центар
не и' е цел да профитира од паркинзите, би се наплаќало симболично,
околу 200 денари месечно, а граѓаните за тие пари ќе имаат гарантирано
место за паркирање - вели Тодоровиќ. Советот на општината Центар пред
неколку години формира и јавно претпријатие за паркирање, па
општинарите се надеваат дека лесно ќе може да се управува со новиот
паркинг.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6ED17FC9A14A214F869A5F31D8F36679 |
|
 |