На
крстосниците во градот од вчера започна менување и поставување на нови
светлосни делови (лантерни) на семафорите, со што Градот планира
долгорочно да заштеди електрична енергија. Според надлежните, со
нивното поставување потрошувачката на електрична енергија ќе биде 10
пати помала. - Освен енергетската ефикасност, новите лед лантерни
обезбедуваат и поголема безбедност во одвивањето на сообраќајот,
бидејќи се изработени според сите европски стандарди за безбедност. А
инвестицијата од 250 илјади еври, колку ќе чини набавката на 1000 вакви
светлосни уреди, ќе се оправда за 3,5 до 4 години, велат во Градот.
Инаку, први ќе бидат заменети старите лантерни од семафорите на
крстосницата на булеварот Александар Македонски, во населбата
Автокоманда. Наредната година градот планира да распише јавна набавка
за инсталирање на уште 300 лантерни, со што сите семафори ќе добијат
нови лантерни.
Vardar ЈП Македонија Пат стопанисува со веќе изградените патишта. А инаку Агенцијата за државни патишта (поранешен фонт за регионални и магистрални) ги гради автопатиштата и потоа ги предава на ЈП Македонија Пат.
Ова припаѓа и тука, него од каде сега оваа агенција за државни патишта ја изгледа нешто сум утнал.... Погоре на истава страница пишува дека ЈП македонија пат ќе менува патокази и други видови вертикална сигнализација и дека имаат искористено само дел од буџетот а сега пак АДП се јавува како надлежен исклучиво за знаците за максимална брзина и ќе немале пари цела година ипол
Дали е можно толку глупо да се поделени работиве или ја нешто не разбрав правилно??????????????????
Originally posted by lslcrew
ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА МАКСИМАЛНО ДОЗВОЛЕНАТА БРЗИНА ЌЕ СЕ ОДЛОЖИ ЗА ГОДИНАИПОЛ Нема пат за 130 км/ч Официјалното образложение за одложување на примената на Законот за безбеност во сообраќајот е дека Агенцијата за државни патишта нема пари за набавка на нова сигнализација
Најмалку уште година и пол на возачите нема да им биде дозволено на автопатиштата низ Македонија да возат со зголемените брзини кои се предвидени во Законот за безбедност на сообраќајот. Новиот Закон е на сила од август годинава, а се него максимално дозволените брзини на автопатиштата од 120 се зголемени на 130 и од 100 на 110 километри на час. Агенцијата за државни патишта пред стапувањето на Законот на сила најави дека има конкретни патни правци на кои веднаш може да се зголемат брзините и дека промената на знаците ќе се направи наскоро. Но, по само неполни три месеци Агенцијата го смени мислењето. Патните правци кои тогаш се споменуваа како подготвени за новите брзини беа Скопје -Петровец, Скопје-Миладиновци и Скопје-Тетово во двете насоки, како и патниот правец М1 Куманово- Демир Капија. “Нема никакви шанси до крајот на годинава да се променат знаците. Во буџетот на Агенцијата немаме пари за новата сигнализиција. Ќе треба да го чекаме новиот буџет. Исто така треба да се изготви техничка документација по која ќе се распише тендер за избор на фирма која ќе ги направи проценките и ќе ја постави сигнализацијата. Избраната фирма ќе работи заедно со консултанти од градежен факултет и преставници од Министерството за транспорт и врски”, велат од Агенцијата. Уште пред да стапи на сила Законот, експерти за Вест изјавија дека зголемувањето на брзините е избрзано и не соодветствува на реалната состојба и условите на патиштата. Тие тогаш побараа објаснување кои се причините за измена на досегашниот закон. Со зголемувањето на максимално дозволената брзина од 120 на 130 км/ч место да се намали бројот на сообраќајките, како што објаснуваат тие, оправдано е да се очекува тој да се зголеми. Изготвувачите на Законот, пак, тврдат дека со зголемувањето на брзините треба да се зголеми пропусната моќ на автопатиштата во Македонија, но и да се намалат сообраќајките кои се предизвикани од возила кои возат бавно по автопатиштата.
Pa ova se patokazi, nema valjda da gi napravat da pokazuvaat na pogreshen pravec.
Ако ги прочиташ постовите погоре, за оваа тема ќе видиш дека на Скопската Обиколница има огромна забуна со новата сигнализација, па верувам Евлушинари на тоа мислеше.
Господата прво треба да сватат дека не е суштината во поставување на лимови, туку дека таа сигнализација треба да биде корисна и практична. Ако продолжат со поставување на нестандардизирана сигнализација или апла погрешна (како на обиколницата каде ги имаат збркано броевите на патиштата), само фрлаат пари во црна дупка. Туку ајде да почекаме да видиме што ќе излезе од овој проект, иако искуството ме учи дека кај нас работите се прават ради форма, а не ради суштината.
ПО ОДГЛАВУВАЊЕТО НА ТЕНДЕРИТЕ, ГОЛЕМО ОБНОВУВАЊЕ НА СИГНАЛИЗАЦИЈАТА На патиштата низ Македонија ќе бидат поставени 900 патокази
На патиштата низ Македонија до крајот на годинава ќе бидат поставени
900 нови патокази и други сообраќајни знаци. ЈП "Македонија пат" го
врши обновувањето на вертикалната сигнализација откако "Вест" објави
дека цела Македонија е ќор-сокак поради уништените патокази. По
објавувањето на информацијата, Јавното претпријатие експресно, за околу
еден месец, успеа да го набави потребниот лим и да го заврши тендерот
за цевките, тендери кои претходно беа заглавени цели осум месеци.
"Знаците се подготвени за поставување. Сега уште треба да се потпише
договорот со фирмата која го доби тендерот за цевките на кои се
поставуваат знаците. Штом ќе завршиме со оваа процедура, веднаш ќе
почнеме со обновувањето на вертикалната сигнализација", велат од ЈП
"Македонија пат".
На сите патни правци низ Македонија недостигаат патокази и други
сообраќајни знаци. На некои места се останати само металните држачи од
знаците, а некаде стојат само парчиња од табли на кои има по две-три
букви или делумна километража.
Во годишната програма Агенцијата за државни патишта издвои вкупно 60
милиони денари за обновување на патоказите и сообраќајните знаци. До
неодамна ЈП "Македонија пат" имаше искористено само еден дел од овие
пари, но за набавка на боја за обележување на лентите.
Clover odamna ima postirano sliki za greskite vo prevod na patokazot za ulicita na svecite Gagarin i Ruzvelt, a jas pritoa bi dodal deka na istiot patokaz prevodot na Zooloskata Gradina-Zoo Garden e pogresen, treba da stoi samo Zoo ili Zoological Garden.
е ова ќе биде смеење, колку што знам најранливи системи во инфраструктурата, ќе биде предизвик да се хакираат, со старите беше потребно 3d интервенција, а сега и од дома ќе може да се запре или пушти некој семафор... знам дека ќе има служби и надзор и заштита, но ова се случува секаде низ светот, па ќе го видиме и кај нас - Hackers target traffic lights или повеселата опција Hackers fake traffic info on car nav systems , затоа треба да се размислува однапред каква служба, кои луѓе, колку remote опрема, а и една јавна дебата за сево ова(бар на експертско ниво) како би се посочиле предностите и можните негативности на овие системи.
Originally posted by lslcrew
На раскрсниците дваесет звучни сигнали за слепитеПо повод Светскиот ден на слепите, Републичкиот совет за безбедност
на сообраќајот на патиштата, на Градот му подари дваесет звучни
сигнали. Тие ќе бидат поставени на фреквентните раскрсници, а за нивно
одржување ќе се грижат градските власти. Со нив ќе се олесни
интеграцијата на слепите лица и ќе се исполнат условите на Европската
Унија за нивна безбедност.
кога сме кај технологијата за сигнализација ќе се навратам малку назад на муабетот за слепите лица, т.е. опрема која потенцијално може да се користи за олеснување на движењето на слепите (само семафори не се доволни). веќе некое време во светот се развиваат нови технологии познати како blind man navigation systems од кои мислам дека по револуционерни се AGS - auditory guidance system и Superbat – A navigation aid for the blind, кои се ехо-локатори (ultrasonic echolocation), што е како насока прв чекор до развивање на вештачки импланти или генетско штимање како би се разбудиле сонарните способности на човекот останува да видиме само кога ќе бидне SF муабетов во малопродажба
еве како ја користат истата оваа ехо-технологија луѓето, но на природен начин, слично како со вештачките ехо-сензори од погоре. оваа технологија ќе биде далеку подобра опција од акустичните семафори кои нормално и понатака ќе се користат, но невозможно е да се постават на сите раскрсници и премини.
ЌЕ СЕ ФОРМИРА ЦЕНТАР ЗА КОНТРОЛА И ЗА УПРАВУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ
... Станува збор за замена на уредите, стари преку 25 години ... Во првите две години опремата ќе се набавува и инсталира, а во наредните две ќе следи тестирањето и примената. - За наредната година треба да се изработи идеен проект.
Е, сега замислете, овие уреди биле стари 25 години, а ние во проектирање и изведба во идеални услови (а знаеме како кај нас нешто се реализита) ќе потрошиме 5 години.
И моето размислување, со ова темпо на технологија, и со нашата ажурност во изведба, што на крај ќе добиеме !?
За ваков центар имам слушнато повеќе години наназад. Неможам сеуште да претпоставам колку синхронизација на сигнализацијата ќе го растерети Скопје.
ЌЕ СЕ ФОРМИРА ЦЕНТАР ЗА КОНТРОЛА И ЗА УПРАВУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ Со снимање на улиците ќе се решава метежот
Секторот
за сообраќај на град Скопје деновиве ќе распише тендер за набавка на
нови 30 контролори, со кои треба да го почне проектот за формирање
центар за контрола и за управување на сообраќајот. Станува збор за
замена на уредите, стари преку 25 години, со кои се вклучуваат и
исклучуваат семафорите. Ќе се набави и постави оптички кабел за мрежно
поврзување на крстосниците, како и таканаречени индуктивни јамки што
претставуваат жици кои ќе ги има на секоја лента од коловозот. Тие ќе
го снимаат сообраќајот на тој начин што ќе ги бројат возилата кои ќе
преминат преку нив. Ова е една од мерките на градскиот сектор, со која
Скопје треба да се справи со метежот во сообраќајот и непроточноста на
возилата. - Компјутерскиот систем го снима сообраќајот и во зависност
од тоа каква е оптовареноста на мрежата, така ќе се координира и
сигнализацијата и ќе се насочува сообраќајот. Контролата ќе ги опфаќа
сообраќајниците на потегот од булеварот Свети Климент Охридски до
Транспортниот центар - велат од Секторот за сообраќај. Реализацијата
на оваа идеја ќе се одвива како дел од проектот за нови транспортни
концепти „Транспауер“. Градските власти велат дека средствата кои ги
добиваат преку него доаѓаат сукцесивно секоја година. Вкупната сума е
320.000 евра, а за отворање на центарот и почетната опрема која ќе се
набави се потребни 230.000 евра. Проектот ќе трае четири години. Во
првите две години опремата ќе се набавува и инсталира, а во наредните
две ќе следи тестирањето и примената. - За наредната година треба да се
изработи идеен проект за центарот во кој би сакале да влезе и
полицијата, а според досегашните разговори со нив, тие се
заинтересирани. Тие би поставиле камери на крстосниците со кои ќе се
контролираат прекршоците во сообраќајот - објаснуваат од Секторот.
Центарот треба да биде сместен во новата автобуска станица кај
Железничката станица и во него, како што велат, ќе работат сообраќајни
инженери со добро познавање на ИТ, а обврска на секој набавувач на
софтверот ќе биде да обезбеди обука на кадарот. За проблемите со
тесните сообраќајни грла во градот тие велат дека ќе ги решаваат со
неколку мерки. Едната е зонското паркирање со што сакаат да влијаат врз
граѓаните да не ги користат возилата за кратки релации и со нив да се
задржуваат во центарот на градот само колку што е неопходно. Втората
мерка се однесува на јавниот превоз. Според нив, идејата е скопјани се
повеќе да се возат со градскиот превоз. - Завршуваме со тендерите за
реализација на автоматската локација на возилата (АВЛ) и за воведување
на смарт-тикетот. Во моментот се разгледуваат понудите и до Нова година
тие мора да профункционираат. Паралелно тече проектот за поставување
електронски табли на кои ќе биде најавата на возниот ред и проектот за
уредување на автобуските стојалишта преку јавно-приватно партнерство -
велат од сообраќајното одделение. Според нивните информации, веќе има
заинтересирани фирми, кои сакаат да остварат профит преку можноста за
рекламирање. Сепак, како што велат, работата е заглавена кај општините,
кои треба да дадат дозвола за локации.
Се вика "Дом за слепи". Ама не функционира со толкава пареа како што некогаш функционирал. Поголем дел од проосториите се дадени под кирија. А таа раскрсница што свири е истата таа што беше проширена за по една лента. Сега има нови семафори, не сум заприметил дали свират.
најлогично би било да бидат на најзафатените крстосници, и логично во близина на училиштето за слепи (ако има такво нешто не знам). сепак не е сложен систем мислам, само звучници се не би требало да се скапи, а добро дело се. не морале да чекаат донација
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
има во солун вакви, и имаат остар и продорен звук, мислам дека се корисни... барем за тукашни услови пошто немаат застави стари 50 години со пробушен ауспух (останала по некоја де) од нив секако и авион нема да се чуе да слета... добра иницијатива сепак.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
По повод Светскиот ден на слепите, Републичкиот совет за безбедност
на сообраќајот на патиштата, на Градот му подари дваесет звучни
сигнали. Тие ќе бидат поставени на фреквентните раскрсници, а за нивно
одржување ќе се грижат градските власти. Со нив ќе се олесни
интеграцијата на слепите лица и ќе се исполнат условите на Европската
Унија за нивна безбедност.
Покрај оваа, Советот изминатиов
период ја организира акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“,
а ја најави и „Поголема безбедност на пешаците и велосипедистите“, кои
се една од најзагрозените категории на учесници во сообраќајот.
Акцијата ќе се спроведува преку сообраќајно-воспитен и пропаганден
материјал и организирани предавања за граѓаните.
За Новите Семафори, градските власти инвестираат половина милион евра. Покрај одбројувачите, ќе имаат и брзинометри и ќе се приспособуваат според густината на сообраќајот
Расипани семафори на главните градски крстосници кои ги збунуваат возачите и сообраќајнинезгодикои се случуваат на пешачки премини, се едни од најапсурдните "сцени" од сообраќајот на главниот град, на кои секој возач лично бил сведок барем еднаш во својот живот. Ваквите случки, не само што предизвикуваат моментален застој на и онака тесните скопски улици и булевари, туку и многу често, во вака предизвиканите сообраќајни незгоди, за жал загинуваат луѓе. За ваквото сообраќајно секојдневие во главниот град многумина ќе речат дека кореспондира со свеста на македонските возачи односно со културата на возење, која е на многу ниско ниво. И да, оваа квалификација не е далеку од вистината, но дали некогаш сме се запрашале кои се причините? Зошто имаме толку лоша сообраќајна култура? Дали е тоа само поради фактот што буквално секој граѓанин денес може да до- бие возачка дозвола и со својата несовесност да ја загрозува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, или пак, влијание врз создавањето на лошата сооб раќајна слика имаат и некои други фактори?
Искуствата на некои земји од регионот, како и на западно-европските земји, покажуваат дека кај нив одамна се поставени правилата на игра во сообраќајот, со цел да се превенираат сообраќајни метежи и незгоди. Таканареченото интелигентно регулирање на сообраќај, кое е применето во европските мегалополиси, е клучот за разрешување на проблемите што ги создава густиот сообраќај. А што значи интелигентно регулирање на сообраќајот? Оваа сентенца подразбира разни форми на сообраќајни шеми потпомогнати од специјални технички уреди, кои се вградуваат во семафорите, или пак се поставуваат над надвозниците на самите коловозни ленти. Зависно од целта што сакаат да ја постигнат, има уреди за следење на брзината на возилата, за мерење на загадувањето на воздухот, за регистрирање на густината на сообраќајот врз основа на чии параметри потоа се дотеруваат термински програми на семафорите, камери за ловење на несовесните возачи, како и други можности. Крајната цел на сите овие напредни решенија е секако контрола на сообраќајот, но и негово планирање и олеснување. Непријатната сообраќајна слика на Скопје, каде секој ден како што се зголемува бројот на жители така се зголемува и бројот на автомобили, укажува дека и кај нас е крајно време нешто да се преземе на овој план. Затоа што главниот град нема повеќе одредени часови во денот во кои може да се рече дека е најголемиот градски метеж, туку едноставно секој час на секоја раскрсница се судруваме со нервозни возачи, остри свирежи од автомобилите, возење по тротоари и ред други неправилности во сообраќајот. Токму поради ова, интелигентното регулирање на сообраќајот е добар пример на кој треба да се угледаат надлежните институции на Скопје, со цел да ја сведат моменталната "сообраќајна џунгла" на еден нормализиран проток на возила.
Пред четири години, еден од првите европски градови кој го воведе концептот на интелигентно регулирање на сообраќајот, беше Лондон. Градските власти на англиската престолнина, одлучија да ги средат лондонските сообраќајни гужви со воведување на иновативни решенија како што е фрекфенциската идентификација и шема на наплаќање за возење низ главниот градски центар. Така, Лондон ги имплементира специјалните уреди на британската компанија Sun Microsystems, кои се базираат на интернет технологии како што е радиофрекфенциската идентификација (RFID), сензорни мрежи и Java card технологиите. Но, покрај ова, зимата 2003 година, Градот Лондон донесе ради одлука, со која имаше за цел во комбинација со иновативната технологија на надгледување на сообраќајот, да ги расчисти пренатрупаните градските улици. Така, врз база на претходно поставена шема на градскиот метеж, возачите во Лондон сега плаќаат и еден вид казна во висина од пет фунти, за сите што со своите автомобили поминуваат низ центарот на градот. Целта на ваквото правило е секако да се воспостави ред во движење на автомобилите низ најфрекфентниот дел на градот, односно да се избегне секое непотребно развозување низ англиската метропола.
И Скопје воведува Интелигентни Семафори Во контекст на сообраќајните проблеми, охрабрувачки звучи информацијата која неодамна беше пласирана во јавноста: Градот Скопје и Јавното претпријатие „Улици и патишта" изминатиов месец сериозно почнаа да ги реализираат долгонајавуваните активности за модернизирање на семафорите, во рамки на проектот за унифицирање на сите семафори низ градот и воспоставување на глобален зелен бран. Првиот чекор во низата вакви активности беше распишувањето на тендерот за набавка на 1.000 нови лантерни семафори, што според проценките на ЈП "Улици и патишта" ќе чини 500.000 евра. Првата фаза од проектот ќе вклучи комплетна обнова на стариот тип на трите светла на семафорите, со лантерни, со цел да се заштеди енергија. Надлежните од Градот објаснуваат дека вградувањето на новата технологија во уредите ќе овозможи јасна видливост на светлата при секакви временски услови и ќе заштедува струја. "Овие лантерни трошат десетпати помалку струја отколку што троши технологијата на постојните семафори. Со оглед на тоа, проценивме дека за четири години само од заштедата на струјата ќе се исплати целата инвестиција", велат од секторот за сообраќај во Град Скопје. Втор чекор кон модернизирањето на семафорите е поставување на обројувачи кои ги покажуваат секундите што преостануваат додека се запали зеленото светло. Ова веќе е направено кај некои од главните крстосници во центарот на Скопје. Прво беа поставени осум нови одбројувачи на раскрсниците меѓу булеварот „Климент Охридски" и улицата „Димитрие Чуповски", како и кај Железнич- ката станица. А на крајот на мај градските власти распишаа нов тендер за набавка на уште 22 нови одбројувачи со кои, како што велат надлежните, ќе бидат покриени сите семафори низ градот. Надлежните посочуват дека приоритет во проектот им е поставувањето на овие тајмери токму во центарот на градот, бидејќи сообраќајот таму е најгуст, а досегашното нивно функционирање на дел од раскрсниците во централното подрачје се покажало како корисно и за возачите и за пешаците. Следната фаза од модернизирањето на семафорите ќе биде поставување на мерачи на брзината со која се движат автомобилите, потоа "камери" над самите семафори за "ловење" на возачите кои возат брзо, како и мерачи за мерење на загадувањето на воздухот што го предизвикуваат возилата. Покрај ова, од Јавното претпријатие "Улици и патишта" на крајот на минатата година најавија дека планираат да ги репрограмираат семафорите на четирите фреквентни раскрсници кои сега не соодветствуваат со сообраќајниот тек и поради што повремено предизвикуваат непотребен метеж. Станува збор за светлосната сигнализација поставена кај „Три бисери", потоа оние кај Момин Поток, на улицата „Џон Кенеди" и семафорите на надвозникот „Естекада". Според анализите на ЈП "Улици и патишта", како и од поплаките на граѓаните, надлежните утврдиле дека работата на семафорите на посочените локации не е усогласена со потребите на сообраќајот, односно неговиот капацитет во определено време од денот. Од ЈП „Улици и патишта" објаснуваат дека постои опција семафорот да се програмира неколку пати во текот на денот. "Согласно направените анализи, утврдивме дека, на пример, во утринските и попладневните часови кога има зголемена фреквенција на сообраќајот, неопходно е црвеното, односно жолтото и зеленото светло да се менуваат почесто, односно во одреден период да траат подолго или пак пократко од сегашното вклучување", велат од јавното претпријатие. Според најавите од градските власти, Јавното претпријатие "Улици и патишта" има обврска во рок од три месеци по набавката на новите семафори, да ги монтира на сите локации низ градот. Ова значи дека најголемиот дел од овие активности за интелигентно регулирање на сообраќајот во Скопје, би требало да завршат до крајот на летото. Останува да видиме кога ќе се реализира идејата за програмирање на семафорите согласно густината на сообраќајот, што би било едно од најнапредните решенија досега, за разбивање на скопскиот метеж. • -
„0 Р Е Л С К 0 Т 0 0 К 0" на ЅIEMENЅ Германскиот производител Ѕiemens во рамки на својот бизнис разви посебен оддел за производство на специјални софтверски решенија и хардверски уреди за интелигентна регулација на сообраќај. Меѓу првите производи на Siemens направени за решавање на сообраќајните проблеми, беше уредот наречен "Еagle Еуе" или "Орелско око", кој германскиот производител го лансира минатата година. Станува збор за специјален нискобуџетен уред кој се состои од камери за надгледување на сообраќајот. Штом еднаш се монтира на дел од патната инфраструктура, дава можности за компјутерско набљудување од различни агли на коловозот, без дополнителен човечки напор. Супериорните софтверски решенија на Ѕiemens, во регулацијата на густиот сообраќај, почна да ги користи американскиат град Балтимор во државата Аталанта. Така пред само еден месец, градската власт на Баптимор ги имплементира и најновите софтверски сообраќајни решенија на германскиот производител. Овој нов систем за управување со сообраќајот поддржува повеќе од 1.200 точки на сообраќајна сигнализација. Поточно, на веќе постоечката патна и сообраќајна инфраструктура поставени се специјални уреди кои го контролираат случувањето на коловозите. Целта е тие уреди да комуницираат со компјутерите во една командна просторија, од каде се менаџира тајмингот на сигнализацијата, се предвидуваат и спречуваат инциденти и незгоди.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum