Author |
Topic Search Topic Options
|
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#701 Posted: 16-Dec-2008 at 17:31 |
За подземна гаража три милиони денари
Изработката на еден урбанистички проект за подземни гаражи планирани на локации во центарот на градот, според податоците наведени во финансиски извештаи, ја чинела Општината Центар приближно колку и изградбата на една водоводна мрежа, фекална мрежа или атмосферска канализација. Повеќе од три милиони денари чини изработката на проект за подземна гаража кај паркот „Жена-борец“, планирана на површина од околу 30.000 квадратни метри, за ист проект со слична површина наменет за плоштадот Македонија се потрошени 2,5 милиони денари, а по половина милион чинат проектите за гаражи кај „Палома бјанка“ и Собранието. Наспроти тоа, за изградба на водоводна мрежа во населбата Крњево, Општината издвоила околу милион денари, за фекална мрежа на улицата Орце Николов околу 1.200.000 денари, а за атмосферска канализација на улицата 29 Ноември речиси два милиона. Извештаите за сработеното во изминатите единаесет месеци, кои се усвоија на последната седница на Советот на Центар, наидоа на неодобрување кај советниците од опозициската СДСМ. Советничката Благородна Крстевска-Мојсовска праша зошто повеќе пари се потрошени за одржување на зеленилото отколку за поправање на улиците. - Зошто во зимските месеци јануари и февруари се потрошени суми од 249.500, односно 270.000 денари за одржување на зеленило? Или за хортикултурно уредување на една локација и набавка на 30 мали и уште толку големи четинари се потрошени 389.000 денари, кога во „Паркови и зеленило“ ќе ви потврдат дека цената на мини-садниците е 270 денари, а на големите садници 600 денари за парче? “ праша советничката Мојсовска од СДСМ. Од општинската администрација никој не одговори со објаснување дека градоначалничката Виолета Аларова е болна и затоа не присуствува на седницата. Спорни за советниците од опозицијата беа и предвидените суми во буџетот за наредната година од околу 21 милион денари за урбана опрема, наспроти само 12 милиони денари за патна инфраструктура. Тие обвинија дека Општината идната година ќе троши повеќе пари за други намени отколку за дупките по кои граѓаните секојдневно газат. Пари ќе се трошат и за изработка на детални урбанистички планови и тоа околу 300.000 евра, исто толку и за изградба на пешачки мост, а стотина илјади евра ќе се наменат и за уривање.
|
| ¨
Edited by Cloverstack - 15-Oct-2010 at 02:54
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#702 Posted: 15-Sep-2008 at 01:15 |
Катните гаражи се „изгубија“ во деловните објекти

Според Градежната инспекција, двата објекта се градат во согласност со издадените одобренија и проекти
Деспина Трајковска
Комерцијално-деловни објекти наместо катни гаражи. Вакви две зданија
најмногу за една година ќе профункционираат во центарот на градот, каде
што хронично недостасуваат паркинг-простори. Од Општина Центар, која ги
издаде дозволите за градба на објектите спроти ТЦ „Рамстор“ и во
Капиштец, уште тогаш информираа дека одобренијата дозволуваат изградба
на катна гаража во комбинација со деловен објект. Притоа, општинарите
не објаснија кој и по чие барање извршил измена на Детаљниот
урбанистички план за да се добие ваквата намена на објектите, односно
би се вцртале постојните маркички.
„Се' е легално и според
планот. Моја работа е да ја надгледувам работата на теренот, а што и
како претходно се случувало, не е моја работа, ниту, пак, ме
интересира“, ни изјави Милан Пижула, главен градежен инспектор во
Општина Центар, според кого градежните работи и на двата објекта се
изведуваат согласно со издаденото одобрение за градба и проектите.
Објектот
до ТЦ „Рамстор“, кој треба да претставува катна гаража, како дел од
проектот за деловен објект на НЛБ Тутунска банка, неодамна во делови
почна да се застаклува. Дали со стакло ќе се затвори целиот објект,
вчера не добивме одговор. Ајдован Адемовски, сопственик на „Сити
плаза“, кој е делумен инвеститор на катната гаража и деловниот објект,
поради отсуство од земјава не беше достапен за коментар. Пред половина
година, тој појаснуваше дека катната гаража ќе биде една од
најсовремените во регионов, целосно затворена и со можност за паркирање
на покривниот дел од објектот. „Единствено тоа ќе остава впечаток дека
станува збор за катна гаража и тоа доколку се гледа од некој повисок
објект“, изјави тогаш Адемовски, категорично отфрлајќи ги шпекулациите
дека наместо катна гаража, таму се гради хотел.
Од изградбата
на втората катна гаража во центарот на градот, спроти централата на
„Жито лукс“ во Капиштец, уште кога се поставуваше камен-темелникот беше
потенцирано дека таа нема да претставува класичен наменски објект за
паркирање. Објектот на површина од 3.500 квадратни метри ќе има
приземје, три ката и потпокрив и ќе биде со капацитет од 500 возила. Во
приземјето ќе има голем супермаркет и 20 локали, чиј инвеститор е
сопственикот на маркети „Тинекс“.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=283D2458F85C17479B22B186AD4C5C24 |
Стварно незнаев каде да ја спикам веста! Се мислам дека имавме една нишка за катна гаражи, општо. Ај пребацете ја, кај што е најлогично да е!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#703 Posted: 25-Aug-2008 at 18:54 |
Инкау еден стар објект измеѓу јужен и МХ-Ј се руши. Мислам дека е тинексот бидејќи од две страни на тинексот се гледаат рушевини. еве овдека само страната од кај рамстор ја евидентирав.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#704 Posted: 25-Jun-2008 at 09:14 |
На овој дел се планираше уште една уличка како онаа пред рамстор. значи треба да легне уште една спојна на Јужен со......како се викаше сега оваа пред рамсторр, Мито ли беше?!Некаде пред цветен треба да биде.
Edited by lslcrew - 25-Jun-2008 at 09:17
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#705 Posted: 25-Jun-2008 at 08:50 |
Originally posted by pbanks
И за ова треба да има издржаност, некаква студија... Немам впечаток дека такво нешто постои или барем тоа не е презентирано на јавноста.
|
Eј па и ти сега, студија за нешто толку важно  Не верувам!
Центарот треба да биде поврзан пред се со добар јавен превоз и треба да се наметне тренд на помало користење на возила низ центарот.
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#706 Posted: 25-Jun-2008 at 08:39 |
Originally posted by vardar
Па нека забегаат.... катни гаражи се повеќе од потребни. Но не треба да се секираме премногу, нашиве инвеститори многу лесно пренаменуваат катна гаража у 70% деловен простор 30% гаража така да..... |
Па не се сложувам. Веројатно таков бил пристапот и кога го граделе 345453те квази трговски центри во Скопје и денеска голем дел од нив се запустени, неискористени и претставуваат ругло. И за ова треба да има издржаност, некаква студија... Немам впечаток дека такво нешто постои или барем тоа не е презентирано на јавноста. На крајот на краиштата не постои начин да најдеш паркинг простор за сите на секоја локација како сме намислиле ние. Центарот треба да биде поврзан пред се со добар јавен превоз и треба да се наметне тренд на помало користење на возила низ центарот.
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#707 Posted: 25-Jun-2008 at 08:34 |
Па нека забегаат.... катни гаражи се повеќе од потребни. Но не треба да се секираме премногу, нашиве инвеститори многу лесно пренаменуваат катна гаража у 70% деловен простор 30% гаража така да.....
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#708 Posted: 25-Jun-2008 at 08:20 |
Имам впечаток дека како и во многу други случаи претходно (средишни жардинерии, павер тротоари, безвезни трговски центри итн), сега забегуваат со катниве гаражи. Па имаат насадено маркици на секој чекор...
Катна гаража на местото на „Тинекс“ и ресторанот „Македонска куќа“

Деновиве беше урната кафеаната „Врти сучи“, веднаш до дисконтот на „Тинекс“
Дисконтот на „Тинекс“ и ресторанот „Македонска куќа“ на Јужен
булевар летово ќе бидат урнати до темел. Таква судбина пред десетина
дена ја снајде и кафената „Врти сучи“. Уривањето на објектите, како што
информираат од Општина Центар, е заради реализација на Детаљниот
урбанистички план, според кој, на потегот кај посочените објекти има
предвидено маркичка за изградба на катна гаража. Земјиштето ќе се
оттуѓи преку јавна лицитација, како што беше случај и со двете соседни
локации во насока на ТЦ „Рамстор“, а кои се дел од истиот ДУП и каде
што се урнаа триесетина привремени објекти. Милан Пижула, главен
градежен инспектор во Општина Центар, вели дека налогот за уривање на
посочените привремени објекти го издало Министерството за транспорт и
врски.
„По барање на Министерството, ние сме должни да го
расчистиме просторот од привремените објекти, за да може земјиштето да
се даде на продажба. Кога ќе се случи тоа, не би можел да кажам.
Единствено знам дека локацијата е наменета за изградба на катна
гаража“, вели Пижула, според кого сопствениците на објектите навреме
биле информирани за уривањето и никој од нив не се побунил.
Инаку,
во овој дел, покрај посочените објекти, планирано е и уривање, односно
дислокација на Цветниот пазар. Иако во изминативе две години во неколку
наврати се најавуваше акција за уривање на единствениот пазар од таков
вид во градов, сепак, до реализација не дојде. „Не знам кога ќе се
урива таму. Јас се' уште немам добиено налог за акција во тој дел.
Единствено знам дека ДУП и таму предвидува изградба на некој објект“,
додава Пижула. (Дс.Т.) | http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=55A69A33699168489F059318B3903B81
|
 |