Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#761 Posted: 21-Aug-2009 at 04:02 |
Градот не вети дека ќе го обнови
дрворедот. |
Зошто?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#762 Posted: 21-Aug-2009 at 03:09 |
Покосен дрворед од тополи
Од Општината велат дека пензионерите од околината барале дрвјата да се исечат зашто им предизвикувале астматични напади

Убав и стар дрворед од 16 тополи вчера беше покосен во Аеродром од пилите на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Од Општината
велат дека имале барање од пензионерите од околните згради да се исечат
дрвата зашто им предизвикувале астматични напади. Според ЈП“ Паркови и
зеленило“ тополите биле стари, а јаките и големи корења ја распукале
улицата Васко Карангелески, која ноќе е неосветлена, па поради тоа и
небезбедна за сообраќај.
Исечените стебла во камиони ги
товареа војници од касарната „Гоце Делчев“.Наспроти пензионерскиот дом
„Јане Сандански“, веднаш до Основното училиште „Љубен Лапе“ вчера имаше
десетици граѓани што ја набљудуваа сечата. Неколкумина пензионери
задоволно следеа и коментираа.
- Вака организирана акција, во
која учествува и војската, не сме виделе од времето на Тито. Ме
потсетува на некогашните работни акции. Со внукот се симнав пред зграда
за да уживам во глетката. Тополите ни прават астматични напади. Пред
неколку месеци еден сосед почина од гушење. Добро е што ги исекоа,
воопшто не жалам - вели Милан Димовиќ, од Аеродром.
Од Општината
потврдуваат дека имале притисок од пензионерите и дека тие морале да
попуштат и да побараат да се исечат тополите, но додаваат дека дел од
тополите биле стари и претставувале опасност при невремиња.Наспроти
пензионерите од Домот, кој се наоѓа во непосредна близина, граѓаните од
околните згради беа револтирани за уништувањето на дрворедот.
-
Прекрасен дрворед уништија за 15 минути. Вакво однесување кон природата
и кон потребите на граѓаните досега не сум видела. Таа мала уличка што
води кон касарната и кон воениот базен, низ сите годишни времиња даваше
идилична слика. Тажно е што никој не не' извести дека ќе се сечи
дрворедот. Моето дете си играше пред зградата кога почнале да ги сечат
дрвата. Просторот не беше обележан, барем со некоја лента да
предупредат за опасноста. Никој не водеше сметка дали има деца или не.
Имаше полиција, но немаше забрана за минување додека траеше сечата на
дрвјата. Ова е некоја каубојска практика. Да знаев дека ќе ги сечат, ќе
барав заедно со моите соседи образложение за тоа, вели Благица
Милошевска, која живее веднаш зад дрворедот.
Лекарите-алерголози
потврдуваат дека тополите предизвикуваат алергии кои се манифестираат
дури и со гушење, одземање на здивот, но дека тие се опасни само 15-ина
дена, додека цветаат, исто колку и другите дрвја и грмушки што
предизвикуваат проблеми за здравјето на луѓето. Алерголозите велат дека
и липите, кои ги има многу во Скопје, предизвикуваат дразнење на
дишните патишта. Тие советуваат граѓаните навреме да реагираат на
цветањето на одредени дрвја и да земаат терапија.
Градот
неодамна исече исто толку голем и стар дрворед на улицата Илинденска
поради атмосферската канализација што треба да се постави на улицата. И
покрај острата реакција на граѓаните, Градот не вети дека ќе го обнови
дрворедот. Во Аеродром наведуваат дека ова не е првпат да се сечат
тополи, но нема да биде ни последен, зашто на нивна територија има уште
тополи.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1DE125064CE12348A83EF978503BF216 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#763 Posted: 22-Jul-2009 at 23:09 |
Продолжува сечата на тополи на „Гологанов“
„Паркови и зеленило“ продолжува со акцијата за сечење на старите
тополи на улицата „Теодосиј Гологанов“. Деновиве исечени се пет дрвја
кои, поради староста, претставуваат опасност за минувачите. Екипите на
„Паркови“ ќе ги искористат дрвјата за обновување на клупите во
Градскиот парк и на Водно, како и за изработка на кошници за отпадоци,
видиковци и огради во парк-шумите „Водно“ и „Гази Баба“.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=C0F8FA2C47B84C4FA043874E783FCC1F |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#764 Posted: 17-Jul-2009 at 17:44 |
Дискусија во врска со исечените дрва на бул. Илинденска на потегот влада-парк овде во нишката за бул. Илинденска: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=58&PID=43058#43058
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#765 Posted: 16-Jul-2009 at 16:38 |
Инаку во врска со тоа во колкава мерка се доволни постоечките бунари во аеродром, погледнете го ова: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=199&PID=14754#14754Ова е од лани. Моментално тревата се држи како-како така, благодарение на постојаните врнежи минатиот период.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#766 Posted: 16-Jul-2009 at 16:35 |
Прекрасна најава... проблем е тоа што ја слушаме по сто и први пат
ГРАДОТ ПОДГОТВУВА ПРОЕКТИ ЗА ЗАШТЕДА НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ
Зеленилото ќе се полива со технолошка вода
Зеленилото
во Скопје наместо со вода за пиење ќе се полева со технолошка вода од
бунари, од кои ќе се црпи и водата за миење на градските улици. Според
најавите на градоначалникот Коце Трајановски, градот ќе добие 60 нови
бунари. - Со ребалансот на градскиот буџет обезбедивме пет милиони
денари за бунарите да почнат да се градат уште годинава. И покрај тоа
што во програмата на градоначалникот беше предвидено тоа да се
реализира до 2010-2011 година, веќе се изработува неопходната
документација за објавување тендер, со што се исполнуваат техничките
предуслови за почеток на проектот “ велат градските власти. Според нив,
изградбата ќе се одвива во неколку фази, а од бунарите ќе се полеваат
зелените површини, додека помал дел ќе се користи за миење улици.
Темпото со кое ќе се градат бунарите ќе зависи од финансиската состојба
на Градот, од постојните гео-хидролошки карактеристики на теренот и
големините на површините за кои ќе се употребува техничката вода. -
Точниот број бунарите што ќе се копаат ќе се знае во наредните години.
Веќе имаме изработена предлог-студија за поголемо искористување на
техничките води на територијата на Скопје “ велат од Градот, од каде
што се оптимисти дека со изградбата на бунарите во голема мера ќе се
намали потрошувачката на вода за пиење, а ќе се заштитат водите на
изворот „Рашче“ и на околните зони. На подрачјето на Скопје засега има
само пет бунари за технолошка вода, кои се наоѓаат во Аеродром. Од ЈП
„Паркови и зеленило“, задолжени за полевање и за одржување на
зеленилото, велат дека тие немаат доволно капацитет затоа што даваат
вода само два до три часа дневно. - Во моментот со технолошка вода се
полеваат зелените површини од 400.000 квадрати во Градскиот парк, каде
што стасува преку канал, од кој се црпи вода од Вардар. А за две
третини од зеленилото во Аеродром се користат новите пет бунари “
информираат од јавното претпријатие. Според податоците од Град Скопје,
во Аеродром има најмногу зелени површини, кои се со големина од еден
милион квадратни метри. Остатокот од јавното градско зеленило изнесува
2,3 милиона квадратни метри. Само општината Гази Баба има изградено три
бунари за технолошка вода, што ја користи за потребите на нејзината
територија. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1758&ArticleID=117879
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#767 Posted: 01-Jun-2009 at 22:45 |
јас мислам дека не треба само да садат дрва, треба да има некој ред, убаво да се испланира каде треба да се засадат според особините на локацијата, треба дрвата убаво да се наредени според функцијата и според изгледот и локацијата, потоа треба редовно да се одржуваат (кастрат, обликуваат, наводнуваат) и т.н. исто битно е да се исечат веќе старите и непотребни дрва (на пример грдите тополи) и на нивно место да се засадат нови и посвежи дрва
што се однесува до целовкупното зеленило низ градот, уште стојам до ставот дека треба насекаде да има чисто зелена трева (онаа, ко тепих уредна) и повеќе видови на цвеќиња и други растенија кои имаат повеќе бои (знам дека се потешки за одржување и дека пократко траат, ама сепак убаво би изгледало на средишното зеленило на булеварите на пример да има такво нешто)
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#768 Posted: 01-Jun-2009 at 02:16 |
да јаворот е вишак во категоријата!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#769 Posted: 01-Jun-2009 at 02:07 |
А зарем јаворот е иглолисно дрво?
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#770 Posted: 01-Jun-2009 at 02:00 |
не е новинарска забуна, текстот е речиси издиктиран од паркови и зеленило. да како основна група е зимзелената вегетација, но истата се дели натака на неколку видови како зимзелена и полузимзелена, сетне субтропска зимзелена и медитеранска зимзелена вегетација истата составена од растенија, грмушки и дрва..
конкретно тука во текстот се однесува на зимзелени дрва кои не се тврдолисни т.е. немаат иглени листови, значи категоризација на подгрупи на зимзелени дрва, саде дендрологија еве неколку линка:
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#771 Posted: 01-Jun-2009 at 01:11 |
 Не е твоја забуната, новинарска е по обичај
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#772 Posted: 01-Jun-2009 at 01:06 |
[offtopic] Нели зимзелени и иглолисни беа иста работа?!  Колку што се сеќавам по ЗПО така ме учеа у школо! Дали јас имам забуна или новинарска ќе да е?! [/offtopic]
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#773 Posted: 31-May-2009 at 16:45 |
пред да замине Трифун запна се да оплемени, но малку закаснето во однос на празниците, па се работеше и во неделите и за празниците! греота за вработените во паркови и зеленило, кои беа ставени пред свршен чин, но најбитно е навреме да се разеленат новите булеварски жардињери во скопје, што се од градот криви што навреме се' не испланирале! капак ние сме немале расад (најверојатно заради државното пошумување) па ајде дајте финансиски поегзотични дрва и грмушки за булеварите неможам никаде да најдам колку чинел цел овој потфат, но чим увозен расад сигурно е солено!
Увозни садници ќе ги красат булеварите и градските улици
Шестотини вида увозни садници деновиве треба да пристигнат во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, со кои треба да бидат озеленети жардиниерите по булеварите и улиците во градот. Од листопадните садници ќе бидат застапени: каламата, јасен и калемен вид јасен, од иглолисните - јавор, туја, туја пликата, туја розенталис, а од зимзелените - ќе има чемпрес, ретиноспора и смрека. Од „Паркови и зеленило“ соопштуваат дека екипи од секторот „Подигање зеленило“ изминатиов период ја подготвија почвата, а при крај се и со поставување на хидрантниот систем за наводнување.
|
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#774 Posted: 27-May-2009 at 18:31 |
интересно она за пелистерот во право си навечер нагло заладува, но во суштина сортава како што вика боби е отпорна и на -10, а и ја заштитува зиме со ќебиња, сепак и Битола тера под -20 зимото, со една разлика што на пелистерот особено нижеполе и трново сињак нема абер да фати додека битола саде кристали на секој чекор в зима!
абе зависи и со што го рани дрвото, ако го тови и со препарати сигурно дека ќикуртули и појаки температури, интересно е што Преспа (иако на голема надморска висина) бар во делот на крајбрежјето заради медитеранскиот бран што ја заплиснува од југ, сега може речеси се да истрпи и банана и киви и калинка, може да се проба и маслина колку за иштав, за палми и да не зборуваме...
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#775 Posted: 27-May-2009 at 17:36 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#776 Posted: 27-May-2009 at 13:21 |
браво за упорноста! нека им биде за пример на охриѓани и ресенчани! но ним повеќе им лежи пластиката ниту лете треба да ја наводнуваш ниту зиме да ја заштитуваш!
но ок имаат и добра причина зошто луѓето не сакаат да свртат бар еден квадрат кон тропикализам, палмите не се автентични дрва, па грев е да се китиме со туѓи перја!  можеби и се во право, бидејќи и навистина ако стан тренд истите ќе бидат расфрлени на секој ќош како што беше примерот со кактусите во скопје, па освен инстант кич друго не ми се верува дека ќе добиеме
инаку ништо ново дека во Македонија успеваат тропски дрва и овоштија, само малку е чудно за битола и како човеков успева да излезе на крај со сињакот в зима !? со скопје битола е еден од најладните и најзагадените градови, капак најзамрзнат град в зиме со тоа сињакот (иње, укит) незнам колку плутено или ленено платно троши човеков за заштита, но сигурно со балсамирањево на палмовово дрво зиме му пее и утешни песни кога ќе подмрзне градот  сега не е лошо да проба и на пелистер да го зафати бар трново или нижеполе, бар таму е посончево а и сињак нефаќа!
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#777 Posted: 27-May-2009 at 10:27 |
РАСЦВЕТА ПАЛМАТА НА БОБИ | Актуелно |
|  |
Деновиве
битолчани кои поминуваат по улицата „Кичевска“, кај Скопската
пиварница, зад црквата Св. Петка, во Битола имаат ретка можност да
видат невообичаена работа. Палма расцветана, како да сме некаде на
Медитеранот. За медитеранскиот шмек на улицата „Кичевска“, најзаслужен
е Бошко Коневски, кој неговите сограѓани повеќе го препознаваат како
Боби од „Макпетрол“. Боби својата „домашна миленичка“ ја гледа како мало дете, лете ја наводнува, ја лади, а зиме ја покрива, ја грее, ја осветлува. Само
ретките минувачи препознаваат дека палмата е вистинска, а не е
пластична, а како што вели Боби палмата била предмет на многу недоверба
во изминатите години, но најповеќе вели дека ќе се сеќава на „кавгата“
меѓу двајца сопружници, кога сопругата не верувала дека палмата е жива.
По расправијата следувал облог и сопругот заработил 500 денари. За својата „миленичка“ палмата Вашингтонија, сопственикот, кој битолчани повеќе го познаваат како Боби од „Макпетрол“, вели: -Палмата
со мојот другар Сашо ја купивме пред седумнаесет години во Грција, и
таа оттогаш е во мојата куќа. Првите неколку години ја чував во саксија
дома, а потоа ја засадив во дворот. Тука е петнаесетина години, а за
првпат расцвета минатата година. Кога ја купив во Грција беше заболена,
а успеав полека-полека да ја „накренам“. Сега е атракција за сите кои
поминуваат тука, а колку што знам таа е предмет на обложување, дали е
пластична или природна. Немав надеж дека ќе цвета, ја купив едноставно
како украсно цвеќе за дома, но ете се случи и тоа, палмата лани
расцвета. За овој вид палма, Боби вели дека издржуваат
температури до минус десет степени, а во постудените зимски денови тој
има посебен начин на чување. -Стеблото го виткам со платно од јута,
природен материјал, а кога фаќа студот ја покривам со специјална
најлонска фолија, а му поставувам и греење, а тоа е сијалица која цело
време свети и му ја дава потребната топлина, со гордост кажува Боби. Деновиве,
односно овој месец додека палмата има цвет, неретко се случува тука да
се најдат младоженци, кои под палмата ги прават своите венчални
фотографии, по венчавањето во црквата Св. Петка. Палмата првите години беше сместена во домот на Боби, и за тоа тој вели: -Лето-зима
имавме пријатно зелено катче во домот, за кое сите се грижевме, но како
што растеше палмата моравме да ја пресадиме од саксија во дворот.
Првите години палмата ја гледавме повеќе, се додека се зацврсти, лето
повеќе ја налевавме со вода, а во зима цело време од почетокот на
зимата, па се до доцна пролет беше завиткана. Сега кога таа е цврсто
двометарско дрво, и е украс не само на мојот двор, туку и на целата
улица, радосен сум дека целата грижа и љубов кон палмата се исплати.
Сега, овој месец ќе уживам, а потоа едвај ќе го чекам наредниот мај, и
новиот цвет на палмата. Боби во својот дом веќе ги одгледува
младите палми кои се излезени од коренот на двометарската палма, а има
и други цвеќиња во дворот, каде што заедно со пријателите ужива во овие
топли денови, со ракија, мезе и ладно пиво. С.Ристевски |
|
 хаха забавно
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#778 Posted: 14-May-2009 at 10:08 |
па конкретно секоја ротација на администрација значи и олабавување на институциите, е сега во колкава мера ова е фактор тоа не би знаел, во секој случај тие тешко излегуваат на крај и во нормални услови со вакви појави, а не па сега...
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#779 Posted: 14-May-2009 at 09:11 |
Originally posted by beTon
сефте администрација, но не е за оправдување, сигурно тргнале опуштено за празниците, и поголем фокус дале на административното усогласување и преземање на надлежностите, но ако за нешто морале да се нафатат веднаш тоа е хигиената и тековното комунално одржување!
|
Веројатно си во право но штелување на администрација конечно не би требало да влијае на болдираниот дел. Клучниот збор е токму тековно. Зарем треба да очекуваме и да ни снема вода да речеме кога ќе се менува власт зошто ете во Рашче кадровски се поткусуруваат? Катастрофа, оние сликине се ужасни, не змија, цел диносаурус може да се скрие таму.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#780 Posted: 14-May-2009 at 01:02 |
еве и реакција, демек не можеле да постигнат, па зар немаат на готовс екипи и план како да се справуваат со вакви ситуации, ова ме потсеќа како готовноста со снегот, мора најпрво да бидат затечени а потоа да се организираат поозбилно... патем не била ситуацијата критична само во аеродром туку во цел град, само што загрижува како аеродромци со 60 сезонски работници не можат да излезат на крај со очекуваново зашумување на зелените површини?
Тревата ги надрасна општините
„Паркови и
зеленило“, заедно со скопските општини што ангажираат сезонски
работници, не можат да постигнат да го искосат зеленилото, кое брзо растеше поради обилните врнежи

Треви високи по еден метар, џбунови, обраснати паркови е актуелната
слика на зеленилото во сите скопски општини. Општ впечаток е дека никој
не се грижи за џунглата околу училиштата, градинките, здравствените
домови...
Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, одговорно
за одржување на зеленилото и тревата по јавните градски површини велат
дека работат и прекувремено и за викенди само да ја искосат тревата,
која брзо расте поради неодамнешните врнежи од дожд.
Граѓаните
реагираат оти состојбата е алармантна во општините каде што има многу
зеленило, особено Аеродром и Карпош, но и во центарот на градот. Тие
негодуваат дека под густата, висока и дивоизрасната трева се собира
смет, разни отпадоци и дека таа растителна џунгла е потенцијална
опасност за децата.
- Сум одбрала да живеам во урбана средина
и сакам таа да е уредена, впрочем за тоа и плаќам. Живеам во Аеродром,
во близина на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, каде што околината
е катастрофална. Змии ќе не' изедат. Среќа што диви косачи ја
поткастрија тревата, па може да се минува по патеките. Ова е страшно.
Никогаш не било вака. Претходниот градоначалник Кирил Тодоровски беше
мајстор барем за хигиената, вели Билјана Ивановска, жителка на
Аеродром.
Во населбата Ново Лисиче на места има трње повисоки
од два метра. Граѓаните велат дека тоа е вистински змијарник и дувло за
кучиња-скитници. „Паркови и зеленило“ поради состојбата со тревниците
дополнителни ангажирале косачи на тревата.
- Деновиве има многу
поволна клима за раст на растенијата, особено на тревата. Нашите екипи
работат со сиот капацитети. Имаме и нови косилки за трева, но, за жал,
не можеме на сите локации да работиме во ист ден и постојано. Деновиве
се' ќе биде доведено под контрола - велат од „Паркови и зеленило“. Во
општина Центар велат дека ангажирале петмина сезонски работници, кои
исто така ќе ги косат и чистат тревниците, но бидејќи тие не можеле да
постигнат, ќе бидат ангажирани уште 50 сезонски работници.
-
Општина Аеродром ангажира повеќе од 60 сезонци, кои го одржуваат
јавното зеленило на целата територија на општината. Општината со
работници и со механизацијата му помага на градското претпријатие во
расчистувањето - велат во одделението за односи со јавноста од
Аеродромот. И Карпош најмил 31 работник да помагаат во косењето
тревници. Општината неодамна купи неколку косилки и трактор за
одржување на зеленилото.
- Во општината Кисела Вода
ангажиравме 15 работници, кои со екипите на ЈП“ Паркови и зеленило“ ја
косат тревата и ги уредуваат парковите. Планираме од општински пари да
купиме косилка за трева, која ќе му ја подариме на јавното претпријатие
„Паркови и зеленило“, вели градоначалникот Марјан Ѓорчев. Дневник - Марија Тасев - 14.05.2009 |
|
 |