Author |
Topic Search Topic Options
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#761 Posted: 03-May-2010 at 10:07 |
НОВИ АКТИВНОСТИ
НА „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“
Се
проширува паркингот спроти последна 23-ка?
Роза Петкова
Купови
истурена земја стојат како депонија од градежен отпад до четирите бели
згради спроти последната станица на автобусот со број 23 веќе неколку
месеци. Жителите реагираат дека неделава биле истурени нови количини
земја и искршен асфалт, па брдото сега е уште поголемо и уште повеќе се
забележува и дава запуштена слика за местото каде што живеат. Кој ја
истурил земјата и од каде е донесена таа станарите засега не знаат затоа
што никој не дошол да ги извести дали е во план да се гради нешто. - На
местото каде што се истоварува земјата се направени косини кои се
симнуваат до улицата Народен фронт и тие треба да бидат зелени површини,
како што беа на почетокот, а не да се полнат со земја и да стојат
запуштени како сега. Никој не ни кажал дали е во план да се шири
паркингот, но сами претпоставуваме дека веројатно тоа е причината -
велат жители од зградите. Тие се жалат и за запуштените тревници кои ги
разделуваат паркиралиштата пред нивните згради затоа што никој од
надлежните власти не се грижи за нив, иако, како што велат, паркинзите
им ги презема „Градски паркинг“, па некој треба да поведе сметка и за
зелените површини. Од Општина Центар велат дека се запознаени со
ситуацијата и дека паркиралиштето ќе се проширува. - Општината има
информации дека се пополнува просторот спроти последната автобуска
станица на 23-ка, се со цел да се прошири веќе постојниот паркинг кај
белите кули. Жителите ќе добијат поголем паркинг-простор и веќе се
работи на терен, според информациите што ги добивме од овластени лица, а
работите ги изведува „Градски паркинг“. Надлежноста за уредување на
тревниците меѓу зградите во населбата Капиштец, пак, ја има „Паркови и
зеленило“. Информирани се службите на јавното претпријатие и се надеваме
дека во најскоро време тревниците ќе бидат хортикултурно уредени -
вели Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар. Од „Градски паркинг“
не одговараат прецизно дали нивната намера е да се проширува
паркиралиштето и велат дека засега само го доуредувале просторот. - На
последна 23-ка се планира да се направи уште една интервенција на
паркингот кај Дом на печатот затоа што таму ќе се сели Цветниот пазар.
Инаку, пред белите згради се санира делот што бил неуреден, а за да се
прошири паркиралиштето, треба да се направи проект - вели Панче
Стојановски, директор на претпријатието.
Ред кај ТЦ
„Мавровка“
„Градски паркинг“ ги обележи местата за зонско
паркирање на потегот од стоковната куќа „Илинден“ до хотелот „Арка“, и
ќе стартува со работа од оваа недела. - Повеќе нема да има диви
рампи на кои се наплатува за паркирање, а сето тоа ќе го изведеме со
голема поддршка од градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити – вели
Стојановски. Тој уверува дека и овде, без исклучок, „Пајак-службата“
постојано ќе биде на терен и ќе ги собира сите непрописно паркирани
возила.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2010&ArticleID=139841
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#762 Posted: 03-May-2010 at 00:30 |
Цело Скопје со зонско паркирање

Иако зонското паркирање не е целосно спроведено во центарот на градот, Јавното претпријатие „Градски паркинг“ го воведува во повеќе населби низ општините. Од денеска треба да профункционира на територијата на општината Чаир, на паркингот пред стоковната куќа „Илинден“, со 94 места, а се подготвуваат и затворени паркинзи кај Театарот на народностите и кај Здравствениот дом „Бит- пазар“. Во завршна фаза е проектот за зонско паркирање кај Трговскиот центар „Лептокарија“ во општина Карпош, а нов затворен паркинг се планира и на улицата Илинденска во Гази Баба.
Станарите што живеат во првите три зони, односно во центарот, за месечен билет за зонското паркирање ќе плаќаат по 200 денари, а оние во третата, бела зона, која ги опфаќа сите општини, ќе плаќаат 100 денари месечно. Стопанските субјекти во белата зона ќе плаќаат 750 денари месечно, а сите останати по 25 денари од час.
станарите на прво место
За директорот на „Градски паркинг“, Панче Стојановски, не е спорно тоа што не го довршија зонското паркирање во центарот, а побрзаа да го приберат кајмакот во општините. Тој се правда дека вакви примери со зонско паркирање подалеку од центарот има во Белград, Нови Сад и во Загреб.
- Зонското паркирање мора да се спроведе во квартови, а не само во еден дел на градот, бидејќи ако се направи само во еден дел, автоматски сите што не се подготвени да платат бегаат на други периферни паркинзи и ги оптоваруваат - објаснува Стојановски.
Сепак, тој признава дека овој проблем е најизразен во центарот на градот, што за него е нормално.
- Овде дневно има голема фреквенција, бидејќи во централното подрачје се сконцентрирани сите институции, кои не ги посетуваат само жителите од Скопје, туку и од другите градови. Тоа предизвикува проблеми во паркирањето. Скопје е голем и распространет град и многу е тешко да кажеме дека треба да се регулира паркирањето само во центарот. На пример, Аеродром има 100.000 жители, има свои институции и трговски центри и има недостиг од паркинг-места - вели Стојановски.
Тој образложи дека некои деловни објекти малку размислувале за соодветен паркинг.
- Голем дел од нив или не поседуваат доволно места или воопшто немаат паркинзи, како ТЦ „Бисер“ и маркетот „Веро“ во Аеродром. Значи, настана узурпирање на паркинг-местата на самите жители од околните згради, кои имаат страшен проблем. По еден час бараат паркинг, особено налето кога угостителските објекти се многу попосетени. Ако некој од жителите со своето возило го напуштил паркинг-просторот за да заврши некоја работа, многу тешко ќе најде слободно место кога ќе се врати. Поради тие појави се создаде потреба да се имплементира зонското паркирање и во другите делови од градот - дециден е Стојановски.
Според него, и веќе обележаните места околу „Бисер“ не се доволни.
- Обележавме 1.270 места, а постојат 1.350 возила. Зборувам само за станбените делови, без да го земам предвид трговскиот центар, кој има огромна потреба од паркирање. Проблемот ќе се реши со проширување на паркингот со 375 места, како и со монтажни катни гаражи - вели Стојановски.
технички проблеми во центарот
Директорот на „Градски паркинг“ вели дека технички проблеми се причината поради која има застојот во продолжувањето на зонското паркирање во целото централно подрачје.
- Проблем се цело Дебар Маало и улиците Ленинова и Рузвелтова. Тоа се тесни и мали улички и многу е тешко да се спроведе зонското паркирање. Се договоривме со Општина Центар за тој дел да се подготви проект за еднонасочен сообраќај. Зонското таму не ќе може да се реализира додека се работи на проширувањето на „Илинденска“ - вели Стојановски.
Како нерешени делови со паркирањето во центарот тој ги посочи уличката што води кон кафе-барот „Тренд“, каде што исто така ќе се воведе зонско паркирање, и кај црквата „Пресвета Богородица“. Се подготвува проект за паркингот пред МВР, а зонско паркирање ќе се воведе и во целиот појас кај Судската палата и спроти Тутунски комбинат. „Градски паркинг“ ќе го контролира паркирањето и на Калето, на барање на тамошните жители.
Директорот не признава дека со претворањето на затворените паркинзи, каде што се плаќаше само за влез, во паркинзи со наплата од час всушност се врши поскапување.
- Не мора да остваруваме од секаде приход. Од 17 затворени паркинзи што ги имаме, повеќето не се доходовни - тврди тој.
Тој признава дека цената од 45 денари од час во првата зона е превисока, но додава дека претпријатието е принудено на таква цена затоа што од секој наплатен билет за паркирање Градот зема 10 денари како комунална такса, а ДДВ изнесува 18 отсто.
- Ако се намали комуналната такса и ДДВ-то, на сите наши паркинзи ќе се плаќа по 10 денари за час. Со таква цена никој нема да има потреба да паркира во зеленило или на други недозволени површини. Во иднина, со целосно имплементирање на зонското паркирање цените ќе паднат - гарантира Стојановски.
|
 |
The Man
Senior Member
Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
|
Quote Reply
#763 Posted: 30-Apr-2010 at 21:45 |
41° 55' 43" N, 21° 31' 20" E
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#764 Posted: 30-Apr-2010 at 21:02 |
@lsl, дали можеш да ставиш координати на локалитетов Три Круши? Доста активности читаме за него, и изгледа жителите на општина Кисела Вода масовно го користат но според сликиве немам претстава каде се наоѓа.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#765 Posted: 30-Apr-2010 at 19:43 |
Општина Кисела Вода започна со изградба на паркинг простор за
локалитетот “Три Круши”. Површината на паркингот ќе биде 1000 метри
квадратни, а е дел од годишната Програма за комунални дејности, со која е
предвидено партерно уредување за голем број локации кои се наметнаа
како приоритет. Културно-уметничкиот и верски комплекс “Три Круши” се
наоѓа над Драчево и претставува рекреативен центар кој е масовно посетен
на дневна база. Истовремено, секое лето на овој комплекс се одржува и
манифестацијата “Културно лето Три Круши”, на која покровител е Општина
Кисела Вода. Со овој потег за изградба на паркинг простор, Општина
Кисела Вода излезе во пресрет на барањата на жителите, кои инсистираа за
ваков импозантен рекреативен комплекс да се изгради и соодветен паркинг
простор. Паралелно, со акцијата за партерно уредување на општината
беа опфатени и останатите населби. Конкретно, се изгради пешачка патека
помеѓу ул. “Полог” и ул. “Зеленгора”, се изгради пешачка патека кај
црквата во Усје, а во тек е изградба на паркинг простор за станбените
згради на ул. “Ѓорѓи Димитров” бр. 48. Средствата за градежните
активности се издвоија од општинската каса.


 http://kiselavoda.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=823 |
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#766 Posted: 29-Apr-2010 at 16:24 |
ЈП "Куманово Паркинг" од средината на летово ќе
започне со наплата на
постоечките четиристотини паркинг места во Куманово. Цената е утврдена
со одлука на Советот на и изнесува триесет денари по
час.
"Наплатата ќе се врши со смс пораки или пак со
греб-картички, кои ќе се продаваат во околните дуќани"- вели директорот
на ЈП "Куманово-Паркинг", Трајче Трајковски.
И во
Куманово како и во останатите градови од државата предвидено е
паркирањето да биде зонско. Надлежните од јавното претпријатие, велат
дека нема да се чека на изградба на катна гаража. Туку ќе се користат
постоечките паркинг места кои се наоѓаат на сообраќајните површини,
коловозни ленти и паркинг простори. Со воведувањето на
еднонасочниот режим на сообраќај, се ослободи паркинг простор во
централното градско подрачје. http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/30-denara-cas-parking-mesto.html
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#767 Posted: 29-Apr-2010 at 01:02 |
По Скопје и Струмица ќе воведува зонско паркирањеПоради порастот на степенот на моторизација и атрактивноста на
некои реони, фактори кои доведоа до недостаток на паркинг простор во
одредени периоди, Општина Струмица иницира изработка на проект за зонско
паркирање. Со цел тој да се реализира без проблеми, општината
ќе одржи јавна дебата за проектот и за проблемите со
паркингот воопшто. Јавната дебата ќе се одржи на 03.05.2010 во
просториите на Домот на АРМ во Струмица.
http://www.build.com.mk/?p=3135
Edited by pbanks - 29-Apr-2010 at 08:29
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#768 Posted: 16-Apr-2010 at 23:34 |
ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ
Лисици за непрописно паркирање
Јавното претпријатие Градски паркинг-Скопје ќе поставува блокатори за тркала - лисици за неплатен паркинг на јавните површини на кои се користи зонскиот систем на работа. Со одлуката што треба да стартува од идниот понеделник (26 април), покрај отстранување на возилото со специјално возило Пајак, вработените во Градски паркинг или комуналните инспектори, ќе можат да побараат и блокирање на тркалата со лисици.
Поставувањето на лисици нема да се наплатува посебно, туку граѓанинот на кого му е прикачен блокатор на тркалото ќе треба да си го плати единствено доплатниот билет кој му е издаден. Казната со блокада на тркалата ќе следи ако сопстевникот на возилото не платил паркинг, го пречекорил дозволеното време за паркирање (два часа во првата односно, четири часа во втората зона) или за непрописно паркирање на место за лица со посебни потреби. На возилата на кои ќе бидат поставени блокатори за тркала, ќе биде прикачена писмена опомена во форма на налепница со која сопственикот на возилото ќе биде повикан истото доброволно да го отстрани.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#769 Posted: 16-Apr-2010 at 17:22 |
Нови пешачки патеки и паркинзи во Кисела Вода16 април 2010, 17:59 Извор: Макфакс
Скопје
Општина Кисела Вода продолжува со акцијата за партерно уредување на
јавните површини на нејзината територија.
Во изминатиот период се изгради паркинг на улицата “Огњан Прица” бр.
7, при што се поставија павер елементи на површина од 370 метри
квадратни. Истовремено се изградија паркинзи на улицата “Локов” бр. 1 и
бр. 3, каде се поставија бехатон плочки на површина од 670 метри
квадратни.
Изградени се пристапни пешачки патеки на улицата “Никола Добровиќ“,
при што беа поставени павер елементи на површина од 330 метри квадратни.
Во моментов, во завршна фаза на изведба е и паркинг на улицата “Ѓорѓи
Димитров” бр. 50, каде се поставуваат бекатон плочки на површина од 680
метри квадратни.
Изведувач на градежните работи е фирмата “Урбан Инвест”, а средствата
се обезбедија од општинската каса./крај/со/см
http://www.makfax.com.mk/#104773;jsessionid=E2A2EAFD57A2613392E6BAF78A71851E
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#770 Posted: 13-Apr-2010 at 03:33 |
Ај сега вака. Има човек кој зема плата, за да крева и спушта рампа, и да зема пари. Македонштина до максимум. Е сега јас сум за да се отстранат бидејќи се прегрди за очи и премногу зборуваат за тоа каква држава сме - а богами и каков народ сме. Арно ама се думам дали:
1. човекот што си игра со рампата цел ден да мрдне од газот и да биде мобилен и да си наплаќа при паркирањето на секое ново возило (значи нема потреба од купување на рампа со што се намалува трошокот за ЈП Паркинзи, треба само апаратче кое веројатно чини исто колку компјутерот во кабината на рампаџијата), а нормално да остане и можноста за плаќање преку СМС.
2. да нема присуство на луѓе вработени во ЈП Паркинзи, туку грепки да се продаваат по трафиките, и нормално кој нема грепка (или не испратил СМС) да си биде санкциониран од сообраќајната полиција.
Ова второто личи понормално, ама знаејќи ја нашата сообраќајна полиција, преглупаво. Инаку поентата на зонско паркирање и плаќање по смс и бла бла сигурно не е да има рампи во строгиот центар на градот. Колку само дебилно изгледаат, а колку го кочат сообраќајот тоа е друга тема.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#771 Posted: 13-Apr-2010 at 01:16 |
„Градски паркинг“ го презеде паркингот на „Технометал“

Ќе важат цените од прва зона, односно 45 денари за еден час
Сања Наумовска
„Градски паркинг“ изминатиот викенд го презема паркиралиштето на „Технометал - Вардар“ во центарот на градот. По неколкугодишно натегање кому треба да му припадне овој фрекфентен паркинг и еден пропаднат обид на поранешниот градоначалник Трифун Костовски да го завладее просторот, неодамна заврши судскиот процес за докажување на правото за стопанисување. Паркингот го доби локалната власт.
Врз основа на пресудата, Градот Скопје од Министерството за транспорт и врски го доби земјиштето на користење на неодредено време. Инаку, земјиштето е во државна сопственост. Паркингот во следните неколку недели ќе биде делумно реконстуиран, со што ќе бидат отворени дополнителни паркинг-места. Ќе важат цените на „Градски паркинг“ од прва зона, односно, 45 денари за еден час паркирање. Вработените од околните фирми за месечна картичка ќе треба да плаќаат по 400 денари, а за возилата на правните субјекти паркирањето ќе чини 4.000 денари месечно.
„Во текот на следните неколку денови ќе биде монтирана нова рампа и ќе се воведе системот на наплата на нашето претпријатие. Сите корисници на паркингот што имаат месечни картички ќе продолжат да ги користат до крајот на април, а од идниот месец ќе треба да склучат договор со нас“, вели директорот на „Градски паркинг“, Панче Стојановски.
Во меѓувреме ќе започне и реконструкцијата на делови од паркиралиштето, кое ќе продолжи да работи без прекини. Ќе се измени влезниот дел за да се обезбеди поголема проточност на возила на улицата „Даме Груев“. Стојановски објаснува дека ќе биде направен џеб во тротоарот, бидејќи моментално возилата што чекаат да влезат на паркингот блокираат една од лентите на улицата. Ќе се ископаат и неколкуте островца и преградни тротоари во рамките на паркингот, со што ќе се добијат околу 10 проценти повеќе паркинг-места. Паркиралиштето ќе биде исцртано и нема да се дозволува влез на повеќе возила отколку што ќе има места за паркирање.
Вториот влез на паркингот, покрај зградите на „Југобанка“ и „Лотарија“ ќе биде направен сервисна улица, во согласност со Деталниот план и таа ќе служи за влез во подземните гаражи на „Технометал“. Ќе биде забрането паркирање на улицата, а ако има доволно простор, може да биде исцртана една странична паркинг лента, која ќе влезе во првата зона на зонското паркирање.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#772 Posted: 12-Apr-2010 at 05:41 |
|
Ѓубрето под Железничка ќе се претвори
во паркинг

Првиот дел од новиот паркинг под Транспортниот центар, веднаш покрај
Поштата, ќе биде завршен за употреба за два месеца. Другиот дел, на
потегот од новиот мост кон кејот на Вардар, ќе се уредува во втората
половина од годинава. Како што информираат градските власти, во иднина
на паркингот ќе се направи и второ монтажно ниво со пристапни рампи. Со
тоа ќе се обезбедат дополнително неколку стотини паркинг-места наменети
првенствено за жителите на околните згради, но и за младите што ги
посетуваат дискотеките и ноќните клубови во околината.
Во
моментов локацијата под Железничката станица се чисти од ѓубрето
собирано со години, а ќе треба да се пополни и огромната дупка што е
полна со вода. Просторот ќе се поплочи со бехатон-коцки и ќе се обележи
како паркиралиште. За градежните работи во буџетот на Градот се одвоени
9,5 милиони денари. Остатокот од паркингот ќе се уредува по завршувањето
на летото, доколку со ребаланс на буџетот се одделат дополнителни 10
милиони денари.
За уредувањето на паркингот Градот Скопје
потпиша договор со Македонски железници, а земјиштето го доби на
неколкудецениско користење. Со новиот паркинг ќе стопанисува градското
јавно претпријатие „Градски паркинг“, што ќе инвестира во монтажната
конструкција. Практично, велат од Градот, ова паркиралиште ќе
функционира како катна гаража, со рампи за качување и за симнување, само
што ќе биде направено од монтажни елементи што се приспособливи и
побрзо се изведуваат. Основната монтажна конструкција, веројатно, ќе има
украсна ограда или, пак, делови ќе се заградат со плексиглас заради
естетика, со оглед на тоа дека станува збор за станбена средина. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BC7EA68F8ED0E944867D70E1A249FA64
Edited by pbanks - 12-Apr-2010 at 08:46
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#773 Posted: 07-Apr-2010 at 18:51 |
Цени што бркаат од
паркинг

Директорот на
„Градски паркинг“ вели дека ако се намали таксата што му ја плаќаат на
Градот и ДДВ-то, може да поевтинат и нивните услуги
Покачените цени за паркирање во центарот на Скопје ги изреволтира
граѓаните, кои сметаат дека поскапувањето е со цел да се покријат
загубите на „Градски паркинг“. Од друга страна, не се задоволни од
квалитетот на услугите што им се нудат, зашто не им се обезбедени ниту
основните безбедносни и хигиенски услови, често има проблеми со рампите,
а кога има снег на паркинзите, се чека самиот да се стопи наместо да
биде исчистен. За разлика од нив, велат, пајакот не запира, работи турбо
дење-ноќе.
Поради високите цени за паркирање скопјани се'
почесто се откажуваат од автомобилите. На работа доаѓаат со автобус или
пеш.
- Ова што се прави со цените за паркирање е лудило. Ние,
вработените во центарот, ги паркираме автомобилите на половина час одење
за да не плаќаме скапи тарифи од 4.000 денари месечно - вели продавачка
која работи на улица Македонија.
Други, пак, велат дека
претпочитаат да се возат со такси само за да не плаќаат скап паркинг.
Велат, така им е поевтино и помирна им е главата.
- Избегнувам да
доаѓам со автомобил на работа зашто ми е скапо. А и кога доаѓам,
паркирам подалеку од строгиот центар. Работното време ми е осум часа, а
се наплаќа по 45 денари од час. Половина плата треба да дадам само за
паркинг - вели Ј.В., вработена во продавница во центарот на градот.
Се
жалат и од фирмите.
- За службени потреби имаме службено возило.
Кога нема пајак го оставаме на тротоарот спроти фирмата. Кога ќе
забележиме дека наидува пајак-возилото, го преместуваме автомобилот на
паркингот - вели А.Б., вработена во туристичка агенција.
Директорот
на „Градски паркинг“, Панче Стојановски, вели дека паркирањето е дури и
нереално евтино.
- Во строгиот центар, каде што е првата зона,
цената е 45 денари од час, односно 4.000 денари месечно и 40.000
годишно, цената е нереална. Со платена месечна карта возилото може да се
остави на паркингот 24 часа. Паркингот се користи најмногу од 7 часот
наутро до 19 часот навечер, тоа се 12 часа. Кога 12 часа ќе се помножат
со 45 денари и со 30 дена во месецот, тогаш за месечната карта би се
добила цена од 16.200 денари, помножено со 12 месеци би се добила цена
од 194.400. Тоа значи дека ако паркингот го користат различни корисници,
ние би профитирале повеќе. Станува збор за строгиот центар на градот и
за ограничени паркинг-места. Оваа цена е стимулативна за да имаме повеќе
возила на паркинзите - објаснува Стојановски.
Директорот
најави дека доколку дојде до намалување на таксата што му ја плаќаат на
Градот на 5 проценти и дојде до намалување на ДДВ-то, тогаш би можело
да се размислува за намалување на цената, и тоа на 10 денари од час во
периодот од 22 часот до 6 часот наутро, што би било особено поволно за
младите, кои остануваат во локалите до раните утрински часови.
-
Освен „Градски паркинг“ и „Улици и патишта“, кои плаќаат по 18 проценти
ДДВ, сите градски претпријатија плаќаат по 5 проценти - вели директорот
на „Градски паркинг“.
Истовремено Градот не успева да ја наплати
таксата од многу „диви паркинзи“ кои го злоупотребуваат јавниот
простор. Тоа, исто така, ги револтира граѓаните и се чувствуваат
ограбени бидејќи често не добиваат ни фискална сметка за услугата, што
потврдува дека поединци или фирми двојно искористуваат, не плаќајќи го
обврските кон државата и Градот.
Анела Петрова
Цената според зоната
Цената
е одредена според зоната во која влегува паркинг-просторот. Колку
паркиралиштето е поблиску до центарот на градот, толку е таа повисока.
Затворените јавни паркиралишта што влегуваат во првата зона наплаќаат по
45 денари за час, во втора зона 35 денари од час, а во третата зона 25
денари од час. Исклучок се паркиралиштата што користат механичка рампа,
кај кои се наплаќаат 40 денари за влез. Цената на картичката за годишна
претплата за користење на сите паркиралишта од затворен тип изнесува
70.000 денари.
|
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=66CFEE0DD7DE7D4C9DD4C0932CBF8C4D
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#774 Posted: 06-Apr-2010 at 12:20 |
Нови паркинзи,
летниковци, клупи и канти за отпадоци ќе се поставуваат пред црквата
„Свети Пантелејмон“, а во нејзината непосредна близина ќе се уредува и
зеленилото |
|
|
|
 |
|
Засега не се знае на колкав простор ќе се прават паркинзите, ниту
колку клупи, канти и летниковци ќе се направат. Финанансирањето на
двата проекта чини повеќе од 4,5 милиони денари, а парите ќе се
обезбедат од општинскиот буџет и од Бирото за регионален развој. Според
пресметките, општината за двата проекта ќе одвои околу 2,1 милиони
денари.
Со реализацијата на овие проекти ќе се обезбеди доволно
простор за паркирање. Црквата „Свети Пантелејмон“ во Горно Нерези е еден
од најпосетените локалитети во општината Карпош. Најголем проблем на
посетителите е тоа што нема доволно паркинг-места, како и тоа што нема
клупи, канти за отпадоци и летниковци. Со реализацијата на двата проекта
ќе се придонесе за збогатување на урбаната опрема, уредување на
просторот околу локалитетот, зголемување на бројот на туристи, како и за
почиста животна средина. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=46101042133&id=14&prilog=0&setIzdanie=21951
|
|
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#775 Posted: 30-Mar-2010 at 01:03 |
Анкета на станарите
ќе го руши паркингот кај последна 23?!
Општина Центар покрај
вечните препирки со јавните градски претпријатија и нивните ингеренции
на нејзина територија од неодамна посака да го земе зонското паркирање
во свои раце
Анкета и јавното мнение на станарите од белите кули на
улицата Народен Фронт во населбата Капиштец ќе решава за судбината на
засега, според Општина Центар, "дивиот" паркинг на последна 23-ка кој од
неодамна почна со стопанисување а е изграден од Јавното претпријатие
"Градски паркинг". За ова расправаше Советот на Општина Центар на
последната седница посветена на советнички прашања упатени од граѓаните
на оваа општина до службите или градоначалникот Владимир Тодоровиќ. На
седницата меѓу другото беше спомнато за хигиената околу контејнерите на
ноќните локали во Општината како и бучавата која постојано го нарушува
мирот на станарите и е неподнослива особено во пролетниот период. На
седницата околу паркингот на последна 23-ка се изјаснија и од Секторот
за урбанизам при Општината Центар каде потврдија дека засега секторот
нема дадено таква согласност за градба бидејќи немаат таква ингеренција. -
Досега немаме добиено никакво барање за градба или поставување на рампа
и куќичка за паркингот пред белите кули на улица Народен Фронт. Исто
така немаме ни добиено никаква поплака од станарите од зградите. Доколку
се соберат потписи или се направи анкета и таа биде во насока да се
тргне паркингот, истиот ќе биде срушен изјавија од Секторот за урбанизам
при општината Центар.
Засега станарите од кулите поделени околу паркингот на Јавното
претпријатие "Градски паркинг". Едни велат дека добро им е со
повластените картички за паркинг, а другите тврдат дека е превисока
цената за месечната претплата и покрај тоа што паркингот е пренатрупан
со туѓи автомобили, на истиот немало место за паркинг на своите.
Инаку ЈП "Паркинзи на Општина Центар" неодамна посака во иднина
доколку се создадат финансии и услови за тоа, во скоро време да го
преземе зонското паркирање на нејзината територија воведено од ЈП
"Градски паркинг" пред повеќе од половина година. Ваквата намера на
општинското претпријатие е иницирана од "револтот" од досега веќе
"запоседнатите" петте општински паркинзи и трите зонски паркиралишта на
улиците "Орце Николов", "Ѓуро Ѓаковиќ" и "Ленинова", од страна на ЈП
"Градски паркинг" кој според нив ќарувал од зонското паркирање на
општинските улици.
Од општинското претпријатие сметаат дека на тој начин ќе биде
исправена грешката што градското претпријатие за паркирање и го нанело
на Општината, бидејќи според нив ЈП "Градски паркинг" ќарувал со
зонското паркирање на општински улици, на што неколкупати досега
укажуваше и Советот на Општина Центар.
http://vecer.com.mk/?ItemID=FDD11CC882631F42819D53D05528F7D8 |
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#776 Posted: 20-Mar-2010 at 07:09 |
Паркинзи профитираат на диво

Без дозволи се паркинзите кај „Холидеј ин“, ГТЦ, Олимпискиот базен, МНТ, „Де кока“, „Мавровка“, кај стоковната куќа „Илинден“, Поликлиника „Бит-пазар“, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Националниот албански театар, кај Работнички универзитет и ССМ
Околу дваесет паркинзи на територијата на Скопје работат на диво и не смеат да имаат рампи, бидејќи немаат дозволи за вршење на дејноста паркирање, издадена од надлежен орган. Ова е дел од информацијата, усвоена на последната седница на Советот на Град Скопје. Тие што немаат дозволи за работа не се ни должни да уплаќаат пари по основа на комунална такса на Градот.
Ваквата состојба трае скоро две години, а градската власт конечно реши да стави ред и да почне да собира по основа на комунална такса. Затоа на субјектите им дала рок од три месеци да соберат документација, во спротивно инспекциите ќе почнат да изрекуваат казни.
Прозваните веќе прибираат или ја комплетираат документацијата. Според градските власти, без дозволи се паркинзите кај „Холидеј ин“, оној на ГТЦ, кај Олимпискиот базен, МНТ, „Де кока“, „Мавровка“, две паркиралишта кај стоковната куќа „Илинден“, две кај Поликлиника „Бит-пазар“, оној кај Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и кај Националниот албански театар. Паркиралиштата кај Работнички универзитет и ССМ ги стопанисуваат Универзитетот и приватна фирма, но без согласност за вршење на дејноста. Од Градот велат дека почната е постапка нив да ги преземе Јавното претпријатие „Градски паркинг“.
- Како резултат на комбинираните активности преземени од надлежните сектори во Град Скопје, поголемиот дел од контактираните субјекти почнаа со комплетирање на потребната документација за добивање дозволи - објаснуваат градските власти.
Според градската власт проблематични се и јавните паркиралишта со кои стопанисува Општина Центар - кај „Трготекстил“, кај Зелен пазар и еден импровизиран паркинг на крак на Партизанска со Димитрие Чуповски. Оттаму уште не им плаќаат комунална такса.
- Градот Скопје има издадено решенија за утврдување на режимот на сообраќај, а со кои стопанисуваат надлежните служби на Општина Центар. Врз основа на добиена негативна согласност од Министерството за внатрешни работи, Градот нема издадено решение за сообраќајно уредување. Наплатата на комуналната такса за користење простор за паркирање ќе почне по добивањето на дозволата за вршење на дејноста паркирање - се вели во Информацијата за состојбата со паркинзите во Скопје.
Две нови пајак-депоа, возила и ЛЦД-телевизор
Во Инвестициската програма за 2010 година, Јавното претпријатие „Градски паркинг“ предвидува набавка на уште три пајак-возила за сума од околу 300.000 евра, но и преземање нови паркиралишта во Скопје во своја сопственост. „Градски паркинг“ од Градот доби согласност да отвори уште две нови депоа - едното за возилата од западниот дел на Скопје, од Рузвелтова до Ѓорче Петров, а другото - за северниот дел од градот, од левата страна на Вардар.
Иако ова претпријатие минатата година ја заврши со загуба, а во исто време доби 300.000 евра помош од Градот, за годинава планира да потроши 30.000 евра за набавка на лесни возила, 15.000 денари за такси-возила, за телефонски апарати и за репрезентативен материјал околу 600.000 денари, а за службени патувања - 300.000 денари. Планирана е набавка на камери за 600.000 денари. Трошоците за фиксна телефонија и интернет се проектирани на околу 35.000 евра, речиси исто како тие за парно и струја.
Интересно е како „Градски паркинг“, иако загубар, во Инвестициската програма има ставка и за давање донации и спонзорства од 100.000 денари, но и набавка на еден ЛЦД-телевизор од 60.000 денари. Од ова јавно претпријатие планираат да учествуваат и на спортски турнири, па за опремата ќе потрошат 60.000 денари.
И ова јавно претпријатие, исто како и „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ ќе вработува хонорарци преку Агенцијата за привремени вработувања. За таа цел намениле да потрошат околу 50.000 евра.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CA23AC6265342B4AB1C82A1A439AE8A7
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#777 Posted: 20-Mar-2010 at 00:01 |
НА ПАРКИНГОТ ПРЕД СОБРАНИЕТО
Владино возило на место за инвалиди
 
На обележаниот простор за инвалиди, на кој е забрането паркирањето на други возила, вчера пред Собранието беше паркиран "фолксваген" со владина легитимација. Легитимацијата беше оставена напред (на фотографијата десно), на маската на возилото, и на неа освен државниот грб, називот Влада на Република Македонија и два печата, не пишуваше на која владина институција и припаѓа. Директорот на Службата за општи и заеднички работи Васе Доневски веднаш провери и ни одговори дека такво возило и регистрација со "СН" воопшто нема во Службата. Сопственоста на автомобилот со службена легитимација вчера остана мистерија. Портпаролката на ГУВР Скопје Лиза Бендевска рече дека сопственоста е доверлив податок. Таа не одговори ни дали дозволата можеби е украдена, а автомобилот е во сопственост на граѓанин. "Како и да е, можете да поднесете пријава за неправилно паркирање, и МВР ќе постапи по неа. Кога ќе го објавите непрописно паркираното возило со регистрацијата, ќе сметаме дека возачот е фатен на дело со сторениот прекршок и казната нема да му избега", рече Бендевска. (Г. Т.)
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#778 Posted: 17-Mar-2010 at 16:00 |
Козара - јавен бесплатен
паркинг |
|
|
Сите што одат
на лекар во некоја од клиниките или пак работат таму, за да не плаќаат
на официјалниот
паркинг
во болниците,
своите возила ги оставаат долж улицата Козара
|
|
|
|
 |
|
Проблемот со паркирање што веќе со години и години наназад ги
мачи скопјани, сé повеќе се влошува. Иако, изминативе неколку години по
брза постапка се отвораат нови паркиралишта, се планира поставување
неколку монтажни катни паркинзи во најзагрозените подрачја во градот,
сепак, скопјани не можат да излезат накрај со овој проблем. И не е јасно
дали бројот на паркинг-места е толку мал или, пак, скопјани имаат
проблем да плаќаат за паркирање. На узурпација на паркинг-местата
најчесто се жалат оние кои живеат во близина на некоја институција или
во центарот на градот. Оставањето на возилата на тротоарите им пречи и
на пешаците, кои поради ова мора да се движат по улица.
Станарите
на улиците Козара, Савска, Кумровец и на сите помали во близина на
клиниките, велат дека пред нивните згради и куќи речиси никогаш нема
место ни за паркирање, ни за минување. Тие раскажуваат дека и
вработените во клиниките и пациентите ги „окупираат“ улиците и тоа на
потегот од Водњанска до Заводот за рехабилитација. А проблемот е
најизразен на улица Козара. Веројатно автомобилите се оставаат тука
затоа што паркирањето во болницата се наплаќа 40 денари од час.
Станарите од Козара, велат дека секојдневно се расправаат со минувачи
кои ги оставаат тука своите возила.
- Кој сака да оди на лекар
се паркира на нашата улица, кој оди на работа, повторно кај нас. На
улицата нема место да се разминат двајца пешаци, а камоли две возила.
Ова е претерано, каде е Пајак-службата да помине оттука и да ги собере
возилата кои се паркираат пред нашите домови. Некогаш колата ни е
паркирана во гаража и не може да излеземе, затоа што некој се паркирал
точно пред нашата врата - се жалат жителите на Козара.
Одговорните
од „Венекс“, фирмата која стопанисува со паркиралиштето во кругот на
клиниките вчера не ни одговорија на прашањето колку паркинг-места има на
тој простор и колку е цената од час. Но според вработените во болниците
има околу стотина места, но тие додаваат дека многу ретко кој се
паркира таму, иако за нив има посебни картички со попуст.
-
Најголемиот проблем е во менталитетот на нашиот народ, јас лично не
доаѓам со возило на работа, но знам колеги кои не сакаат да плаќаат за
тој паркинг. Во градов има доволно паркинг-места, но никој не сака да
плати, а кога подобро ќе се размисли народот нема пари за живот, па тоа
што не сака да плати за паркирање е разбирливо - вели вработен во
Клиничкиот центар.
Од друга страна, пак и онаму каде што се
плаќа месечно за паркирање, место за автомобилот на станарите нема.
На
паркиралиштето на ЈП „Паркинзи на општината Центар“ зад Францускиот
културен центар, станарите во кулите и во блокот од Градскиот ѕид
редовно плаќаат за паркингот. Но одговорните од претпријатието и покрај
тоа што имаат полугодишна или годишна претплата, не им гарантираат
слободно место во секое време од денот. Па, се случува со платен паркинг
да ги оставаат автомобилите на соседните паркиралишта. Сашка Мирчевска,
која живее во кулите до паркингот, ни објасни дека редовно плаќа такса
за две возила, но понекогаш и се случува да нема место за нив.
-
Неколку пати ми се има случено да излезам со едната кола и потоа
половина час да барам каде да се паркирам. Мислам дека директорот на
претпријатието треба да преземе нешто, барем за тие што редовно плаќаат
да се обезбедат слободни места во секое време на денот - се пожали
Мирчевска.
Тодор Делјановски, директорот на претпријатието, пак,
вели дека за 200 денари колку што чини месечната членарина за станарите
од овие згради, не може секогаш да има слободно место. Тој додава дека
најчесто се води сметка паркингот да биде испразнет до 16.30 часот кога
повеќето се враќаат од работа.
- Станарите кои редовно и на
месечно ниво плаќаат паркирање секогаш имаат приоритет, но може да се
случи да нема место, а ние немаме начин како да им чуваме простор дури
да се вратат од работа. Се води сметка попладне паркингот да го расчисти
за да има место за нив - објасни Делјановски. |
|
|
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=317101018238&id=14&prilog=0&setIzdanie=21936
Edited by Cloverstack - 17-Mar-2010 at 16:00
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#779 Posted: 15-Mar-2010 at 22:00 |
Особено е информативен последниот параграф
Паркиралиштата во Скопје работат на
диво

Ниту
една фирма, освен „Градски паркинг“, не му плаќа на Градот комунална
такса
Сања Наумовска
Ниту едно од паркиралиштата во
Скопје, кои не ги стопанисува „Градски паркинг“, немаат дозвола за
работа. По донесувањето на одлуката за јавните паркиралишта од интерес
за Град Скопје во 2008 година, фирмите-стопанисувачи со паркинзи се'
уште собираат документација за да си го легализираат бизнисот.
Засега,
информираат во Градот, само неколку, меѓу кои Клинички центар, Јавното
претпријатие на Општина Центар, „Сити плаза“ и уште неколку ја имаат
комплетирано документацијата и по добивањето на сообраќајната согласност
од Министерството за внатрешни работи, ќе ги добијат дозволите. За сите
други сопственици на паркинзи има рок од околу 3 месеци за да ја
заокружат постапката и да ги легализираат паркиралиштата. Во спротивно,
најавуваат во Градот, инспекцијата ќе излезе на терен, а може да се
спроведе и непопуларната мерка на дислоцирање на рампите и забрана за
работа.
Како што информираше градоначалникот на Скопје Коце
Трајановски на последната седница на Советот, фирмите што се занимаваат
со оваа дејност во иднина ќе мора да му плаќаат на Градот комунална
такса, давачка, која засега ја плаќа само градското Јавно претпријатие
„Градски паркинг“.
„Придобивка од издавањето дозволи за работа
на сите паркиралишта, исто така, ќе биде и добивањето конечен податок,
колку паркинг-места, всушност, има во центарот на Скопје и пошироко“,
велат во Градот.
Според информациите презентирани пред градските
советници, паркингот на „Рамстор“ нема сообраќајна дозвола од МВР поради
метежот што се создава при влез на рампата на улица „Мито
Хаџивасилев-Јасмин“. Паркингот на ГТЦ има некомплетна документација,
бидејќи гаражата се води како подрумски простор, а институциите што
гравитираат околу МНТ бараат паркингот под театарот да го користат за
свои потреби во работно време, а попладне влезот да биде слободен.
Дозвола за работа нема ниту паркингот спроти „Холидеј ин“ на Јавното
претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, чие
одобрение за градба гласи на ГТЦ. За паркингот на „Техноматал“, фирмата и
Градот Скопје правото на владение се' уште го докажуваат во судска
постапка, а трговскиот центар „Беверли хилс“ не доставил никакви
документи за сопственост на паркингот со кој стопанисува. За
паркиралиштата, пак, кај стоковната куќа „Илинден“ и на оние зад
поликлиниката „Бит-пазар“ и спроти неа е непозната фирмата што ги
стопанисува, а земјиштето е во државна сопственост. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7D0ACD2C3549714DBECC66214507047B
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#780 Posted: 12-Mar-2010 at 15:46 |
Во план се подземни и монтажни паркиралишта
Поставување
на две монтажни паркиралишта, изградба на нова катна гаража и
оспособување на подземните гаражи за паркирање, се проекти што ќе се
реализираат на подрачјето на Аеродром во текот на годинава, се со цел
да се ублажи недостигот од паркиралишта во Општината. За таа намена од
општински буџет се обезбедени 700.000 евра, а финансиска поддршка ќе
даде и Град Скопје. Со најавените монтажни паркиралишта ќе
стопанисува ЈП „Градски паркинг“, а, според најавите, едното од нив ќе
се наоѓа во близина на дискотеката „Колосеум“ кај Железничка станица, а
за паркирање ќе се плаќа симболична цена.
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1966&ArticleID=136135 |
|
 |