![]() |
![]() |
![]() |
Паркирање и паркинзи (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 47> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ПЛАТЕНИОТ ПАРКИНГ ВО ВЕЛЕС НЕ Е УКИНАТ, АМА МАЛКУ КОЈ ПЛАЌА ОТИ НЕМА КАЗНИ
Иако платениот паркинг во Велес не е укинат, ниту ставен во мирување, во јануари од паркирањето се собрани само 81 илјади денари додека во февруари 48 илјади. За потсетување, претходно се собирало помеѓу 210 и 250 илјади денари месечно. „Паркингот ниту е во мирување ниту е укинат и само Советот донесува таква одлука. Треба да стои во годишната програм за работа на ЈП Парк, спорт и паркинзи и прилив од средства од платениот паркинг“ – кажа Пандорка Прличкова советник од СДСМ. Најмногу средства од платениот паркинг во градот се собирале од тој пред Основен суд Велес, додека другите помалку, од некои и немало прибрано средства. Таков бил случајот со паркинзите кај Автобуската, кај Стар мост, кај Гимназијата. Минатата година од приход од паркирање биле собрани 1,026 милион денари а расходите биле 1,511 милион денари или загуба од 485 илјади денари. Тогашниот директор Љупчо Иванов тоа го препиша на фактот дека еден паркинг каде што времено се поставени тезгите и градскиот пазар не функционираше, а тој кај Гимназијата и кај Автобуската биле со мала наплата. „За месец јануари оваа година, приходите се со вкупна сума од 81 илјада денари со тоа што бруто платите за вработените во паркинзи чиј договор беше важечки до 14 јануари изнесуваше 131 илјада денари. Во расходниот дел влегува плус и сумата за покривање на броевите од таблетите кои вработените ги користеа. Во февруари наплатени се 48.609 ден. вкупни приходи, 10.231 денари расходи од работењето вклучувајќи провизија, телефон од одржување или чист приход 38.378 денари“, кажа Диме Левков в. д. директор на ЈП Парк, спорт и паркинзи. Договорите со операторите „А1“ и „Телеком“ завршуваат во јуни оваа година. За август и септември, од функционирањето на платениот паркинг беа собрани 481 илјади денари, во октомври 246 илјади, во ноември 214 илјади, во декември 225 илјади. Во Велес, во двете зони на корисниците им се на располагање 11 јавни паркиралишта со 315 паркинг места. Цената на услугата во зона А е 30 денари, во зона Б е 20 денари, за еден час. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/plateniot-parking-vo-veles-ne-e-ukinat-ama-malku-koj-plaka-oti-nema-kazni/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Бизнисменот Етеми доби 330.000 евра за место за паркинг Општина Аеродром на градежната компанија на бизнисменот Фатмир Етеми, ЗСФ-КОМ, му исплатила 20.287.500 денари (330.000 евра) на крајот на февруари, пари за експропријација преку Управата за имотно-правни работи. „Средствата кои Општина Аеродром ги има исплатено на компанијата ЗСФ-КОМ се исплатени по основ на претходно склучен договор од претходната општинска администрација и градоначалникот Златко Марин. Станува збор за склучена спогодба во постапка за експропријација на земјиште пред МФ-УИПР Кисела Вода, за кој Општината имала законска и договорна обврска да го исплати. Освен оваа исплата договорена од градоначалникот Златко Марин, Општина Аеродром повеќе нема никаква обврска да изврши дополнителни плаќања кон компанијата по овој или друг основ“, велат од Општина Аеродром. Нема повеќе детали за кој простор станува збор и за колкава површина се работи, а единствено е познато дека Општина Аеродром ќе прави паркинг-простор за 56 возила зад Ортопедската клиника за деца на локација меѓу домот и веќе постоечкиот зонски паркинг, зад зграда на „ЗСФ-КОМ“. Веста за нов асфалт и обележување на Фејсбук ја најави новиот градоначалник Тимчо Муцунски, откако локални жители на средба со него побарале да им се реши проблемот со паркирање. - Во текот на 2022 година ќе ја почнеме и завршиме постапката за асфалтирање и обележуваме на просторот зад Мајчин Дом и на тој начин ќе обезбедиме нови 56 паркинг места, рече претходно Муцунски. ЗСФ-КОМ купи две парцели на лицитација за три милиони евра. Едната парцела се претвори во зграда. а другата општината ја враќа во сопственост да прави паркинг. Етеми, пак, изјави дека земјиштето го купил во 2017 година на јавна лицитација од деловна банка, откако претходно имало неколку сопственици. https://faktor.mk/biznismenot-etemi-prodade-mesto-za-parking-za-330000-evra |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Сега паркираат отспротива во тревникот спроти ГА 09,цел град да го наредат со столбчиња пак џабе ќе е(од фб) ![]() ![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
На центарци полесно им е да ги паркираат возилата на улица, иако некои од нив имаат гаражи
![]() ![]() Жителите на Центар сè уште се жалат на проблемот со узурпирањето на тротоарите и нерешениот проблем со паркирање, кое е особено изразен во централното градско јадро. Велат дека иако становите и куќите имаат гаражи, тие не се користат. Некои не ги користат поради тоа што едноставно ги мрзи да ги остават во гаражите, па паркираат на улиците и ги узурпираат тротоарите, а со тоа ги доведуваат во опасност пешаците и велосипедистите. Додека други, упатуваат на сериозен проблем дека не се во можност да ги користат гаражите. Јана Белчева од Советот на Општина Центар смета дека нема волја да се реши проблемот со паркирањето. – Ако се градат неупотребливи подземни паркинзи, просторот за безбедно движење на децата ќе им го земаат колите паркирани по тротоари, вели таа Жителите на Центар сè уште се жалат на проблемот со узурпирањето на тротоарите и нерешениот проблем со паркирање кое е особено изразен во централното градско јадро. Велат дека иако становите и куќите имаат гаражи, тие не се користат. Некои не ги користат поради тоа што едноставно ги мрзи да ги остават во гаражите, па паркираат на улиците и ги узурпираат тротоарите, а со тоа ги доведуваат во опасност пешаците и велосипедистите. Додека други упатуваат на сериозен проблем дека не се во можност да ги користат гаражите. – Сите станови и куќи имаат гаражи. Треба да ги користат, но општината не ни дава – децидна е Мартина Мартиновска, која го изложи нивниот проблем што се провлекува повеќе од 15 години. Таа вели дека нејзината и уште неколку куќа се наоѓаат сред пазарчето Буњаковец. Тие имале улица за пристап до дома со автомобил по која можеле да дојдат до гаражата за да се паркираат, но не можат да ја користат бидејќи, како што објасни Мартина, Општина Центар ја продала на Скопски пазар, па за да дојдат до гаражите треба да вртат од спротивната страна. – Во времето на приватизацијата пазарот се прошируваше и од тогашните 243 квадратни метри, станаа 2.000 квадратни метри, па неколку куќи останаа внатре во пазарот. Конкретно, мојата тераса гледа на тезга од пазарчето. Претходниот градоначалник на Општина Центар, пазареше постојано од таа тезга и знаеше за проблемот. Згора на тоа и се продава пристапната улица. Каде го има тоа – прашува Мартиновска и додава дека од Општината Центар им било ветено дека ќе им се врати улицата со експропријација, но еве веќе 15 години тоа не се случило. Тие бараат да се донесе ДУП за Дебар Маало 2, бидејќи постојниот е од 2012 година. Јана Белчева од Советот на Општина Центар смета дека нема волја да се реши проблемот со паркирањето. – Решенија има, дали има волја да се применат? Ако се градат неупотребливи подземни паркинзи, просторот за безбедно движење на децата ќе им го земаат колите паркирани на тротоарите . Бесплатен или евтин паркинг се најпогубни популистички чекори, но бараат силно и гласно мнозинство за да се сменат – смета Белчевска, нагласувајќи дека од Шанса за Центар ќе продолжат да се залагаат за решенија по мерка на човекот! Од Општина Центар тврдат дека работат на решавање на проблемите на граѓаните кои живеат во околината на пазарот Буњаковец. – Градоначалникот Горан Герасимовски имаше и средба со жителите од околните згради, на која присуствуваа и претставници од раководството на Скопски пазар, каде што се дискутираа можни решенија за овој дел од Центар – велат од локалната самоуправа. Воедно, негираат дека пристапната улица е продадена некому и признаваат дека Скопски пазар треба да ги повлече тезгите од тротоарот, додека дел од жителите ги имаат под кирија издадено куќите кои се наоѓаат на самата улица и ги користат пазарџиите. – Општина Центар од жителите бара вклученост кога предлог Деталниот урбанистички план ќе биде во фаза на јавна анкета и трпение додека не се донесе новиот ДУП за делот кај пазарот Буњаковец – порачуваат општинските власти. Од јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ЈП ПОЦ) одговорија дека континуирано преземаат мерки за решавање на проблемите со паркирањето, како што се: воведување на нови паркиралишта, стимулирање на користење на алтернативен превоз, секојдневно санкционирање на неправилното користење на резидентните зони, како и отстранување на непрописно паркирани возила на цела територија на општината. https://www.vecer.press/на-центарци-полесно-им-е-да-ги-паркираа/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ВО ВЕЛЕС НЕ СЕ НАПЛАЌА ПАРКИРАЊЕТО, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ ВЕЛИ ТАКА ЌЕ БИДЕ ДОДЕКА НЕ СЕ ИЗГРАДИ КАТНА ГАРАЖА
Во Општина Велес паркирањето нема да се наплаќа. На паркинзите во Велес веќе ги нема лицата кои наплатуваа бидејќи договорите им се истечени и нема да се продолжат. На 15 јануари им заврши договорот на десетината ангажирани со времено вработување преку ЈП „Парк, спорт и паркинзи“. „Јас зборував дека паркирањето ќе го ставам во мирување, ако станам градоначалник. Сметам дека одлуката за платен паркинг во Велес е избрзана. Но, се бара соодветно решение. Донесените планови се дека ќе се гради подземна катна гаража на три нивоа во центарот на Велес. Додека не се изгради таа катна гаража нема да има платено паркирање на постојните паркинзи“, кажа градоначалникот Марко Колев. Тој потенцира дека максимално се искористени 40-50 паркинг места во центарот на градот, додека паркинзите кај гимназијата и кај Автобуската биле празни како и пет други паркинзи биле неискористени. „Граѓаните со сегашниот систем се доведени во нерамноправна ситуација. Кој сака плаќа, кој не сака не плаќа, бидејќи немаме услови да казнуваме за тие што не плаќаат. Немаме т. н. канџи немаме пајак возило. Времено ангажираните лица беа изложени на временските услови, на студено, на ветер, на дожд, немаше каде да работат, немаа услови“, вели Колев. Тој кажа дека во наредниот период Упрваниот одбор на „Парк спорт и паркинзи“ треба да донесе одлука платениот паркинг да се стави во мирување, а потоа тоа да го прифати и Советот. За првите два месеца, август и септември, од функционирањето на платениот паркинг од наплатата се собрани 481.105 денари. Во Велес, во двете зони на корисниците им се на располагање 11 јавни паркиралишта со 315 паркинг места. Цената за паркирање во зона А беше 30 денари, во зона Б е 20 денари, за еден час. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-veles-ne-se-naplaka-parkiraneto-gradonachalnikot-kolev-veli-taka-ke-bide-dodeka-ne-se-izgradi-katna-garazha/ |
||
![]() |
||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
![]() Денко го погоди проблемот тука, многу голем дела од проблемите ни се наследени од времиња кога паркингот и возилата низ градов не биле проблем реално проблемот е многу покомплициран од „кој не му се свиѓа нека се исели“ и не го зафаќа само централното подрачје мора детално да се гледа проблемот и да се направат планови каде може да има резиданцијални паркинзи и колку возила ќе држат... голем проблем прават станари од градски ѕид, а за градски ѕид има гаражи, ама реално околината на градски ѕид е хаотична со постари станбени објекти и тука лежи проблемот |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Пошто оваа држава уште е роб на елитата од градски ѕид, еве ќе ја искористам приликава да споменам дека деновиве и друго прашање се наметнува како тема, а тоа е дека и парното е субвенционирано за централно градските жители. |
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Незнам тука што е нерезумно.
Логично е приоритет да имаат резидентите, и ако е навистина капацитет 400, а број на возила 700, а притоа нема услови за изградба на дополнителни паркинзи тогаш цената од 250 е наменета за тоа да ги дестимулира возачите да го користат паркингот, а не некој да профитира. За 250 нема толкав обрт на возила за да има профит... Не ја разбирам поентата на прилогот. Некој кој би го гледал, а притоа не живее во околина ќе добие претстава дека тоа е случај секаде во Центар, а всушност е изолиран случај, оправдан. +Која е поентата да се прави прилог за вести за 1 паркинг... Edited by alexsend - 18-Feb-2022 at 21:45 |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Скопје со поскап паркинг од светските метрополи, Кичевски: Имаше идеја да чини 500 денари на час
Паркингот позади Дом на градежници во Центар во Скопје за еден час паркирање чини 250 денари. Директорот на Паркинзи, Центар Васко Кичевски, објаснува зошто овој паркинг е најскап во градот. Идејата произлегла од дискусија со жителите на тој реон, а со цел да се намали бројот на возила кој ќе паркираат таму. Барањето на жителите беше 500 денари час, но мислам дека сосема е неразумна, и сегашнава цена е неразумна ако мене ме прашате, но треба да се има предив дека на простр каде можат да се паркираат има 750 возила на жители и не плаќаат ништо, а самиот постор дозволува 400 возила за паркирање, вели Кичевски. Дневно има од 30 до 50 плаќања на овој паркинг, а транзит времето е 15 минути бесплатно. Овие средства вели Кичевски не се доволни да се подмират трошоците за вработените. 122 милиони денари е вкупниот буџет на Паркинзи на О. Центар за минатата година во што влегуваат приходите од пајак службата и паркинзи. https://mk.tv21.tv/skopje-so-poskap-parking-od-svetskite-metropoli-kichevski-imashe-ideja-da-chini-500-denari-na-chas |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Општина Кисела Вода на местото од дивата депонија кај “Мечкаров” гради паркинг
![]() Општина Кисела Вода денес започна со изградба на паркинг простор за преку 60 возила во населбата Расадник. На место на кое до денес постоеше дива депонија, во близина на бензиската пумпа кај “Мечкаров”, жителите на оваа урбана заедница ќе добијат простор на површина од околу 400 квадратни метри, на кој ќе можат да ги паркираат своите возила. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со директорот на ЈП”Градски Паркинг” Бојан Христовски присуствуваше на почетокот на градежните активности кои треба да финишираат за околу 2 седмици. – Како градоначалник, но и како жител на општина Кисела Вода, свесен сум за недостигот од простор за паркирање и за потребата од изнаоѓање на нови локации каде нашите жители ќе можат да ги оставаат своите возила, без да пречат едни на други. Покрај тоа што сериозно се зафативме сo претворање на дивите депонии во зелени паркови, еден дел од нив, ќе ги уредиме и како паркинзи. Ова беше и главната тема на која денес разговаравме со директорот на ЈП “Градски Паркинг”, Христовски, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски. Директорот Христовски посочи дека на работниот состанок со градоначалникот ги разгледувале сите можности околу изнаоѓање на нови локации за изградба на паркиралишта во општина Кисела Вода, како урбана заедница која постојано се модернизира и расте. Денес со градоначалникот Ѓорѓиевски имавме успешна средба на која се отворија многу теми околу подобрувањето на услугите што ги дава нашето градско претпријатие. Организацијата на сообраќајот во мирување има голема улога во квалитетот на одвивањето на сообраќајот во градот, посебно во урбани средини како што е Кисела Вода. Со денешниот прв заеднички проект, се надевам дека почнуваме со изнаоѓање на квалитетни и трајни решенија за жителите на оваа општина, изјави директорот на ЈП “Градски Паркинг” Христовски. Пред два месеци, Општина Кисела Вода изгради паркинг простор за 60 возила и на улицата “Бранко Заревски” во населбата Драчево. https://vecer.mk/makedonija/opshtina-kisela-voda-na-mestoto |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
од твитер,ул.Пролет спроти ПС Кисела Вода
![]() |
||
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
Зависи кај ќе почнува/завршува. |
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Дефинитивно!
Жичарата треба да ја продолжат, еден од ретките успешни проекти. Успех во смисла на тоа дека сме град без атракции и ова е една од ретките кои може да ги искористиш за викенд. Само и доле не гледам адекватен простор за паркинг... |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
Има начини, само прашањето е кога ќе им текне да ги имплементираат.
|
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|
Или тоа што беше планирано да се направи, жичара од доле до Средно. Нека стават после 15 евра влез кај Панорама, па и тоа делумно ќе враќа инвестиција.
Edited by <Fresno> - 11-Feb-2022 at 14:39 |
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Едноставно е, понуда/побарувачка.
Ако е паркинг 250 ден и се е полно тогаш треба да биде 300. А пајак треба да ги собере сите кои се паркирани на улица. На крај краева не треба ни да ги соберат, нека слика полиција и нека изрече прекршочни. Ќе се среди ситуацијата за 1 викенд. Алтернатива има, бесплатен автобус. Така да нема простор за плачење. |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
![]() Затоа цената на паркингот беше 250 денари од час. |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
ја викам не мора еве скроз да се отстранат возилата, само нека е максимално ограничен бројот на возила што би можеле да влезат, или периодично Водно да е затворено за возила како што пробаа тоа да го направат претходно
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 47> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |