Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#61 Posted: 19-Jun-2009 at 07:52 |
 Што е работава?! Па нели лани се донесе?! Немало најава за некои измени, или па да не е некоја грешка на новинариве пошто во за границите ги имаат напишано границите на цел голем ринг.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#62 Posted: 19-Jun-2009 at 07:47 |
Јавна презентација на ДУП „Голем ринг“
Општина Центар утре ќе одржи јавна презентација и анкета за
Предлог-деталниот урбанистички план „Голем ринг-јужен дел-запад“.
Планот ќе биде изложен во просториите на урбаната заедница „Мирче
Ацев“, 10 работни дена, секој работен ден од 10 до 17 часот. Во овој
рок заинтересираните правни и физички лица од подрачјето опфатено со
планот можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетните
листови.
Како што соопштуваат од Општина Центар, границите на
ДУП се на север по коритото на реката Вардар, на североисток по оската
на булеварите ВМРО и „Даме Груев“, на југоисток по оската на булеварот
„Мито Хаџивасилев- Јасмин“ и на запад по оската на булеварот „Св.
Климент Охридски“.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=0F11F9C3CA98AD45A30F7300F5E1DD03 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#63 Posted: 08-Jun-2009 at 13:07 |
 Според
мене идеално решение сепак би било дислокација на пазарот, но со оглед
на околностите, ми се чини дека концептот изложен во текстот е
веројатно најдобар можен компромис, каде сите интереси (јавни и
приватни), би биле разумно испочитувани.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#64 Posted: 08-Jun-2009 at 03:51 |
Пазар во сендвич меѓу шеталиште и паркинг
Тодоровиќ сака да го измени новиот детален урбанистички план, кој ги негира постоечките тезги, со цел да се овозможи изградба на покриен пазар со подземен паркинг и шеталиште врз него

Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, сака да
издејствува промена на деталниот урбанистички план за дел од
локалитетот Голем ринг и тоа за просторот каде што сега се наоѓа
Зеленото пазарче. Со идеен проект за покриен пазар со шеталиште врз
него, Тодоровиќ ќе се обиде да го реши проблемот што постои околу
уредувањето на овој простор во центарот. Постоечкиот детален план,
донесен пред два месеци, предвидува таму да има парковско зеленило,
согласно Генералниот план, а од АД „Скопски пазар“, кои го поседуваат
земјиштето под пазарчето, велат дека без обештетување според пазарна
цена нема да се повлечат од локацијата. И граѓаните од Урбаната
заедница „Роберт Гајдиќ“ се сомневаат дека ако се дислоцира зеленото
пазарче, наместо парк, може да добијат градилиште.
Градоначалникот Тодоровиќ смета дека со неговата идеја локацијата може да се уреди на начин што ќе им одговара на сите.
-
Сакам, пред се', граѓаните да се задоволни и затоа предлагам проект со
кој пазарот нема да ја менува локацијата, а станарите од околните
згради ќе здивнат од метежот и вревата. Значи, предлагам да се направи
подземен паркинг за муштериите и сопствениците на тезги, приземјето да
се покрие и во него да работи пазарчето, а одозгора да се изгради
шеталиште со клупи, осветление и зеленило. Ќе има и подрумски
магацин за стоката. Сета работа ќе се изведе етапно, со цел да не се
затвори пазарчето, па изградбата би можела да трае подолго. Тогаш
граѓаните ќе имаат чиста ситуација - вели Тодоровиќ.Бидејќи важечкиот
детален план предвидува само парковско зеленило, тој ќе го стави на
ревизија, односно ќе побара измени и дополнувања пред Советот.
-
Се надевам на разбирање и поддршка од советниците. Граѓаните што живеат
во околните згради не се должни секое утро околу 5 часот да се будат
поради вревата на пазарот, а и сегашниот изглед на тезгите не е глетка
како за центар на град - вели Тодоровиќ.
За својата идеја тој ќе
бара и согласност од „Скопски пазар“ бидејќи земјиштето е нивно.
„Скопски пазар“ поседува повеќе од 3.500 квадратни метри од локацијата,
а за другата површина има корисничко право. Пазарот е на површина од
6.000 квадратни метри и обезбедува егзистенција за повеќе од 600
корисници на тезги и на деловен простор.
Во акционерското друштво велат дека соработката со Општина Центар, како и со сите други општини отсекогаш е на високо ниво.
-
На тема Зелен пазар, досега немаме официјален предлог од Општина
Центар, но отворени сме за соработка. Секоја идеја, која е за општо
добро на градот и граѓаните и која не е на штета на нашата компанија, е
добредојдена - велат од „Скопски пазар“.
Без разлика дали ќе се
оствари идејата на Тодоровиќ, од пред два месеци, со донесувањето на
ДУП „Голем ринг - јужен дел - исток“, Зелениот пазар веќе не постои на
хартија. Покрај паркот, урбанистичката документација предвидува да се
организира сообраќајот на сервисните улици и да се догради анексот на
блокот осум.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F07E387A164D5E4C9493850EBEF7559C |
Edited by lslcrew - 08-Jun-2009 at 19:51
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#65 Posted: 12-Feb-2009 at 22:59 |
Зелен пазар е испазарен за градилиште
Граѓаните од
соседството велат дека зад ургентното донесување на урбанистичкиот план
со кој ќе се дислоцира Зелениот пазар се кријат други планови - да никне градилиште

Жителите од Градски ѕид ќе го обжалат на Уставен суд усвојувањето на
новиот Детален урбанистички план за Голем ринг, со што се уништува и
Зелениот пазар.
- Ако треба, и со жив ѕид ќе спречиме да ни
направат градилиште под прозорците, велат станарите од соседството.Од
општината неофицијално коментираат дека граѓаните најмногу негодуваат
оти сите што имале подземни гаражи им ги издале на пазарџиите и дека
револтот произлегува оттаму што тие ќе изгубат добри месечни приходи.
Станарите на околните згради имаат спротивно мислење и велат дека зад
итното донесување на планот, под „превезот“ приоритет на Владата, се
кријат други намери.
- Се сомневаме дека воопшто ќе се гради
парк на местото на Зелен пазар, што би било идеално. Познавајќи го
кадарот во општината Центар, сигурни сме дека се' е лага и дека ќе се
градат други објекти. Проектот набрзина се турка, а тоа ни остава
сомнеж дека има таен план - вели Ѓоре Блажевски, кој живее во Градски
ѕид.
Зелен пазар од пред неколку дена веќе не постои на хартија
со донесувањето на ДУП „Голем ринг - јужен дел - исток“. Од Општина
Центар велат дека со донесувањето на планот се предвидува изградба на
парк и паркинг. Според општинарите, тие немаат обврска да бараат ново
место за преселба на пазарот.
- Не е надлежност, ниту обврска на
општината да го дислоцираме или да бараме ново место за Зелен пазар.
Според ДУП, јасно е предвидено што треба да има на тоа место. Можеби е
добра волја што општината размислува пазарот неофицијално да го смести
на местото кај Цветниот пазар. Но, секако општината нема обврска да го
прави тоа. Досега ниту еден од граѓаните не доставило писмено барање
или молба пазарот да го дислоцираме - вели Ратко Савовски, секретар во
општина Центар.Скопски пазар, кој стопанисува со Зелениот пазар, по
повод дислокацијата испрати соопштение во кое велат дека се надеваат
оти општина Центар предвидува соодветна локација, со која ќе се
надомести евентуалното селење на Зелениот пазар и целокупниот деловен
простор во тој реон.
„Пазарот е на површина од 6 000 квадратни
метри и обезбедува егзистенција за повеќе од 600 корисници на тезги,
како и за голем број корисници на деловен простор. Логичен е заклучокот
дека повеќе од неопходно е да се обезбеди континуитет во работењето за
сите овие луѓе. Скопски пазар има повеќе 3.500 квадратни метри од
актуелната локација, а за другата површина има корисничко право“, се
вели во соопштението.Жителите на овој дел од градот уште лани реагираа
поради планот да се дислоцира Зелениот пазар. Тие сметаат дека
поврзувањето на сообраќајниците во овој дел на градот ќе предизвика
метеж и загадување во нивното маало.
ИНФО-Со жив ѕид против планот
Парк на местото на Зелено пазарче, катна гаража пред Домот на
синдикатите и нови сервисни улички ќе никнат покрај Градскиот ѕид.
Детаљниот урбанистички план „Голем ринг - јужен дел - исток“ го донесоа
советниците од Центар. Жителите што живеат во реонот се подготвени со
жив ѕид да спречат изградба на други објекти и се сомневаат во кадрите
од општината Центар поради досегашните искуства.
Марија Тасев |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3A188BE802C936458CFC5AA8E849A88D
|
 |
anDarko
Senior Member
Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
|
Quote Reply
#66 Posted: 11-Feb-2009 at 13:46 |
е до кога со вакви дебилни резонирања и уште таквите да бидат кочница за развојот на градот - ќе им се нарушел мирот, дрн дрн...ако сакаат мир нека живеат во Карпош, Аеродром!
до кога ќе се дозволува на некакви локални тајфи кои по низа на околности живеат во најстрогиот центар на градот да го попречуваат развојот и средувањето на центалното подрачје!?
поради вакви како овие на времето пропадна комплетната изградба на Палата Македонија (тогаш се побунија исто комшиите со изговор дека тоа наказата од паркче помеѓу Дом на Арм и Улица Македонија бил неопходен за децата да им играат фудбал (во најстрог центар!!) и ете до ден денес остана тоа ругло од грмушки таму, а шансата Улица Македонија да се комплетира со цел венец на згради, со што ќе се добиеше вистинска градска линија пропадна за навек...
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#67 Posted: 11-Feb-2009 at 12:41 |
Жителите најмногу ги загрижува тоа што
сообраќајно ќе се поврзат две еднонасочни улици, Мито Хаџивасилев -
Јасмин кај Цветниот пазар и Даме Груев кај Собранието, па се плашат
дека на новите улици, иако е најавено дека ќе бидат само сервисни, ќе
има густ сообраќај. Според нив, на овој начин ќе им се овозможи на
возачите воопшто да не го користат третиот дел од улицата Македонија,
што е засега единствената директна врска меѓу еднонасочните
сообраќајници. |
А колку се тие луѓе кои би транзитирале на овој правец и колку од нив би преферирале тесни замрсени сервисни улички во однос на улица Македонија? На крајот на краиштата нека се постават 2-3 лежечки полицајци и тоа дополнително ќе се дестимулира било каков интерес... ионака лежечки полицајци се поставуваа каде ќе се стигне, па зошто е проблем да се постават таму каде што навистина има оправданост и логика?
Нашата безбедност ќе биде толку загрозена,
што ќе мораме да се иселиме од ова место. Несфатливо е што се носат
планови со кои едно оформено градско подрачје треба да се претвори во
отворено градилиште - смета Ванчо Муратовски, претседател на Сојузот на
синдикатите на Македонија и жител на овој плански опфат. |
 Баш ти поверував...
Edited by Cloverstack - 11-Feb-2009 at 12:53
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#68 Posted: 11-Feb-2009 at 12:25 |
slikata mi se dopaga
Скопје |
Сообраќајници наместо слепи улички околу Зеленото пазарче |
|
|
|
|
Поврзувањето на слепите улички околу Зеленото пазарче и пробивањето нови сервисни сообраќајници беше главната причина поради која граѓаните што живеат во овој реон беа против усвојувањето на новиот детален урбанистички план за Големиот ринг, јужен дел - исток.
Со планот се предвидува уличката меѓу административните згради на фирмите „Макпетрол“ и „Аутомакедонија“, наспроти Цветниот пазар, да продолжи лево по двете кули и да се пробие меѓу двете згради од Градскиот ѕид зад Собранието на Република Македонија. За да се изведе овој градежен зафат е потребно да се урне една стара зграда, но и да се изгради нов анекс на Градскиот ѕид во кој би биле сместени нејзините станари. Зад објектот на „Макпетрол“ и зградата „хармоника“, пак, треба да се направи уште една сообраќајница, која потоа ќе излегува на булеварот Кочо Рацин, кај вториот влез во пазарчето. Самото пазарче треба да се претвори во зелена површина и дел паркинг, а тоа ќе се заобиколи со нови улици што ќе бидат поврзани со другите што треба да се прават.
Жителите најмногу ги загрижува тоа што сообраќајно ќе се поврзат две еднонасочни улици, Мито Хаџивасилев - Јасмин кај Цветниот пазар и Даме Груев кај Собранието, па се плашат дека на новите улици, иако е најавено дека ќе бидат само сервисни, ќе има густ сообраќај. Според нив, на овој начин ќе им се овозможи на возачите воопшто да не го користат третиот дел од улицата Македонија, што е засега единствената директна врска меѓу еднонасочните сообраќајници.
- Некои згради ќе бидат вистински сообраќајни острови. Од сите страни ќе бидат опколени со улици. Сообраќајот ќе поминува не само до нашите влезови, туку и покрај детско игралиште и пешачки зони. Нашата безбедност ќе биде толку загрозена, што ќе мораме да се иселиме од ова место. Несфатливо е што се носат планови со кои едно оформено градско подрачје треба да се претвори во отворено градилиште - смета Ванчо Муратовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија и жител на овој плански опфат.
И покрај реакциите на жителите, кои собрале 1.500 потписи на петицијата против планот, тој беше усвоен од советот на општината Центар. Беше донесен во забрзана постапка, затоа што бил еден од плановите што Владата ги оценила како приоритетни.
- Новите сообраќајни решенија ќе овозможат пред с? подобро поврзување на жителите во овој дел од центарот. Ниту тие веќе нема да мораат да вртат крукчиња околу блоковите и веднаш ќе можат да излезат на која сообраќајница сакаат. Освен тоа, на овој начин се овозможува и полесен пристап на возилата за интервенции, како противпожарната бригада, брзата помош или полицијата - тврдеа советниците од мнозинството.
Виолета Аларова, градоначалничката на општината Центар, вчера истакна дека главната предност и причината поради која бил изработен новиот план е што со него е направена парцелизација на земјиштето и им е овозможено на граѓаните да станат сопственици на плацовите под зградите во кои што живеат.
|
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#69 Posted: 11-Feb-2009 at 11:52 |
Центарот ќе остане без Зелено пазарче

Заради поврзување на улиците „Даме Груев“ и „М. Х. Јасмин“, треба да се урне станбена зграда
Деспина Трајковска
Парк на местото на Зелено пазарче, катна гаража пред Домот на
синдикатите и нови сервисни улички низ „Градски ѕид“ со кои треба да се
поврзат улиците „Даме Груев“ и „Мито Хаџи Василев-Јасмин“. Ова се
суштинските предвидени работи со Детаљниот урбанистички план „Голем
ринг- јужен дел - исток“, кој го донесоа советниците од Центар и покрај
револтот на жителите што живеат во реонот на предметниот план. Тие на
завчерашната седница не успеаја да издејствуваат да се пролонгира
неговото донесување, ниту, пак, таков идентичен предлог од советникот
Иванчо Вучевски не беше поддржан од мнозинството на Советот.
Засегнатите жители се обидоа да им укажат на советниците дека
предвидениот ДУП ќе им се загрози нормалното живеење. Реагираа дека
планираното поврзување на сообраќајниците ќе придонесе за огромен метеж
и загадување на маалото, а пак за сметка на неговата реализација ќе
треба да се исечат десетици педесетгодишни липи и неопходно ќе биде и
да се урне една зграда. Од „Скопски пазар“, пак, најавија дека дури
денеска официјално ќе реагираат во јавноста во врска со новиот ДУП,
бидејќи тој предвидува дислокација на Зелено пазарче, субјект со кој
стопанисува и се наоѓа на нивно приватно земјиште.
„Сите што
живееме таму, околу 1.500 до 2.000 луѓе, ќе треба да се иселиме за да
се задоволат нечии потреби со кои ќе ни се уништат нашите нормални
услови за живеење. Со новите улици, некои згради ќе станат сообраќајни
острови, а ќе се загрози безбедноста на станарите. Веројатно и со овој
план некој сака да ќари, како да му беа малку осум години. За жал, во
Македонија силата не моли Бога, па и ова ќе помине. Но, нема да
застанеме. Ќе се обратиме до Уставен суд, а како инструмент секогаш ни
останува и живиот ѕид за да спречиме нешто да се гради таму“, рече
претседателот на ССМ, Ванчо Муратовски, пред седницата, кој живее во
„Градски ѕид“. Токму неговото присуство меѓу насобраните жители, како и
на пратеникот од НСДП Горан Мисовски, за некои од советниците значеше
дека собирот на жителите е само навидум да го искажат својот револт
поради планот. Меѓу жителите, дел од советниците „видоа“ политички
маркетинг и жртви на манипулација. Жителите реагираа и дека планот што
е ставен на усвојување не бил истиот со оној што се наоѓал на јавната
анкета, односно претрпел измени.
Соња Шумкова, раководителка
на општинскиот Сектор за урбанизам, објасни дека тоа се должи на
прифатените забелешки на граѓаните.
„Прифативме плочниците над
гаражите да не се претворат во надземни паркинзи, туку да останат
пешачки површини. Подземните паркинзи, пак, само се потврдија, а се
избриша и катната гаража на аголот кај ‘Автомакедонија‘“, дополни
Шумкова.
Инаку, планот предвидува изградба и на анекс на блокот 8 со висина од 18 метри, кој е преземен од стариот план од 2001 година.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6FD5055E54DA674E81D051CA837404D5
Edited by Cloverstack - 11-Feb-2009 at 12:09
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#70 Posted: 11-Feb-2009 at 06:52 |
 Да не направиле некаква збрка новинариве со Крушевска, со оној другиот ДУП што беше до скоро актуелен па да се измешале лончињата?!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#71 Posted: 10-Feb-2009 at 23:31 |
 Нема булевар, се работи за пристапни и сервисни улички. Тоа со булеварот е вообичаен фолклор во вакви ситуации. Како што е веќе спомнато, на некои места кај нас не ни може да пристапи противпожарно возило на пример. Ако се запали некој таков објект не дај боже, тогаш истите што се бунат против уличкиве ќе фрлаат дрва и камења дека на никого не му текнало да направи пристап... Тоа е тоа - деструктивен негативизам и отпор кон се и сешто. Би го дефинирал како дезорјентирано незадоволство. Луѓево ниту можат да го најдат изворот на проблемите, а камо ли правилно да го дефинираат и насочат отпорот. Навистина штета што е така затоа што кај нас не недостасуваат работи против кои навистина треба жестоко да се бориме! Значи не верувам дека општина центар го има стокмено планов одговорно, водејќи се од општиот интерес, но се разбира тоа не значи дека автоматски граѓаните се во право.
Edited by Cloverstack - 10-Feb-2009 at 23:36
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#72 Posted: 10-Feb-2009 at 22:58 |
aj nekoj od vas neka dade nekoja slika za koj bulevar tocno se raboti , posto jas znam nesto nesto no ne mi e jasno od kade ke go izveduvaat toj bulevar, neka nacrta nabrzina mislam koj moze  , oti nekako mi se cini deka epten e tesna taa ulickata sto izleguva od zeleno pazarce za bulevar.
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#73 Posted: 10-Feb-2009 at 22:56 |
 Добро избрани зборови
|
|
 |
ArchiTechTone
Senior Member
Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
|
Quote Reply
#74 Posted: 10-Feb-2009 at 22:17 |
Originally posted by lslcrew
„Леле синко, булевар ќе ми изградат до
зградата, нема да можам да си влезам дома. А соседите ќе ги урнат, ќе
немаат каде да живеат“ | Добро бе луќево што мислат дека уште е турско ропство, дека е уште римска империја, дека е 45-та. Како може уште никој да не сваќа дека земање имот и обештетување имот не е исто. Како така ќе немаат кај да живеат. Што тресе и таа кокошка?!!!! Булеварот и треба да и биде под пророз, пошто сака да живее госпожата у центар, епа живеењето у центар снони и булевар под прозор! Неможе веќе да павиме резервати со мирна селска идила во сред центар! Веќе граќаниве кај мене ја изгубиле поддршката оддамна. А на пат се да ја изгубат и кај други сограќани!
|
Нејќам да бидам вулгарен и навредлив и, но мислам дека општиот став на “граѓаните“ дека строгиот центар на градот треба да има широки пасишта и тараби, го открива потеклото на граѓаните на нашиот град. Стварно не ми е намерата да ширам омраза, и да заговарам против некого, но за мене овој генерален став е на навистина индикативен. Особено ме интересира (вашето мислење) дали општо прифатеното “ќе одам во град“ е резултат на потеклото на населението, или можеби е тоа резултат на иманентно градските својства кои ги открива центарот на градот (малиот ринг). Веројатно е претерано да го мислам второто, но верувам дека тоа помага во интензивното користење на таа фраза....
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#75 Posted: 10-Feb-2009 at 21:46 |
„Леле синко, булевар ќе ми изградат до
зградата, нема да можам да си влезам дома. А соседите ќе ги урнат, ќе
немаат каде да живеат“ |
Добро бе луќево што мислат дека уште е турско ропство, дека е уште римска империја, дека е 45-та. Како може уште никој да не сваќа дека земање имот и обештетување имот не е исто. Како така ќе немаат кај да живеат. Што тресе и таа кокошка?!!!! Булеварот и треба да и биде под пророз, пошто сака да живее госпожата у центар, епа живеењето у центар снони и булевар под прозор! Неможе веќе да павиме резервати со мирна селска идила во сред центар! Веќе граќаниве кај мене ја изгубиле поддршката оддамна. А на пат се да ја изгубат и кај други сограќани!
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#76 Posted: 10-Feb-2009 at 20:35 |
Збогум, Зелено пазарче |
|
|
|
|
По долга и бурна расправа во која беа вклучени и дваесетина жители на центарот, мнозинството советници во општината Центар го усвоија деталниот урбанистички план за Големиот ринг, јужен дел - исток, кој го опфаќа појасот од улицата Македонија спроти хотелот „Бристол“, преку Зеленото пазарче и Градската болница, до зградата на Сојузот на синдикатите.
Со оваа одлука пазарчето престана да постои на хартија. Тоа треба во иднина да се претвори во парк, а сегашните слепи улички во неговата поширока околина да се поврзат меѓусебно и да се овозможи директна врска меѓу еднонасочните сообраќајници Даме Груев зад Собранието и Мито Хаџивасилев Јасмин покрај Старата железничка станица. Треба да се урне една зграда и, наместо неа, да се догради анекс на Градскиот ѕид, во кој ќе се сместат нејзините жители. Предвидена е и една катна гаража, пред зградата на синдикатите.
Жителите на овој дел од центарот уште од минатото лето реагираат на решенијата во планот, пред сè на поврзувањето на сообраќајниците, сметајќи дека тоа ќе придонесе за огромен метеж и загадување во нивното маало, бидејќи требало да се исечат и голем број педесетгодишни липи. На вчерашната седница присуствуваа дваесетина граѓани, меѓу кои претседателот на ССМ Ванчо Муратовски, пратеникот од НСДП Горан Мисовски, универзитетски професори, архитекти и други јавни личности.
- Ние што живееме таму, околу 1.500 до 2.000 луѓе, ќе треба да се иселиме за да се задоволат нечии потреби со кои ќе ни се уништат нашите нормални услови за живот. Со новите улици некои згради ќе станат сообраќајни острови, а безбедноста на станарите ќе се загрози. Веројатно и со овој план некој сака да ќари, како да му беа малку осум години. За жал, во Македонија силата не моли Бога, па и ова ќе помине. Но ние нема да застанеме. Ќе се обратиме до Уставниот суд, а како инструмент секогаш ни останува и живиот ѕид, за да спречиме нешто таму да се гради - рече Муратовски пред седницата.
Неговиот сосед, архитектот Трајко Димитров, додаде дека испратиле забелешки за планот во сите институции, почнувајќи од претседателот и од Владата, до антикорупциската комисија. Тој реагираше на начинот на кој се спровела јавната анкета, бидејќи, како што објасни, се собрале многу повеќе потписи отколку што биле пријавени.
- Законодавецот направил атомизација на граѓаните со тоа што овозможува на јавната анкета секој да поднесе забелешка поединечно. Не е овозможена групна реакција, за навистина да се види волјата на народот - истакна тој.
На седницата, пак, жителите реагираа дека планот што е ставен на усвојување не е истиот што бил на јавната анкета, односно имало измени. Затоа побараа да не се гласа за него.
- Јас не сум стручен и тука сум како граѓанин, а не како пратеник. Но решенијата се глупави. Ќе добиеме трипати поголем сообраќаен метеж со овој план - рече пратеникот Горан Мисовски.
Неговата дискусија постојано ја прекинуваше Владимир Здравев, претседателот на советот, кој му порача да не прави политички маркетинг.
Соња Шумкова, раководителката на општинскиот сектор за урбанизам, рече дека планот има мали измени во однос на тој што бил на јавната анкета, но тоа било бидејќи се прифатиле забелешките на граѓаните, пред сè плочниците над гаражите да не се претворат во надземни паркинзи, туку да останат пешачки површини.
Граѓаните постојано се јавуваа за збор, забележувајќи дека ќе се намали количеството на кислород и ќе се загади околината, а пренесоа изрека и од Индијанците од Америка: „Кога ќе го исечете последното дрво и ќе ја загадите последната река, ќе видите дека не може да се живее од мочуриштата“.
- Граѓаните се очигледно изманипулирани за некој да освои десетина гласа на претстојните избори. Наместо конкретни забелешки, зборуваат за загадување, Индијанци, племиња... Јас триесет години живеев таму и сметам дека со овој план ќе се подобрат условите. Сообраќајните решенија значат подобра комуникација. Полесен влез на противпожарните или на амбулантните возила, ако има потреба. А Градскиот ѕид е усвоен на светски јавен конкурс, па затоа треба да се спроведе. Што се однесува до планот, тој е ист со важечкиот што бил усвоен во 2001 година. Некои советници тука тогаш гласале „за“, а сега реагираат, за да соберат поени - рече претседателот Здравев.
По неговата дискусија планот се усвои со 13 гласа „за“, четири „против“ и еден „воздржан“.
„Леле синко, ќе ми направат булевар до влезот“
И советникот Владимир Бахчовановски, директор на „Македонски шуми“, смета дека граѓаните што реагираат се изманипулирани во политички цели.
- Кога траеше анкетата ми се јави мајка ми и ми рече: „Леле синко, булевар ќе ми изградат до зградата, нема да можам да си влезам дома. А соседите ќе ги урнат, ќе немаат каде да живеат“. Но произлезе дека тоа воопшто не е така и дека со планот се подобруваат условите за живот. Ова беше само маркетинг - рече тој.
Според него, рак-рана на овој простор е токму Зеленото пазарче, а со деталниот план се решава овој голем проблем.
- До 1990-тите проблемот не беше толку голем, бидејќи на пазарчето не се продаваше сè и сешто. А сега секое утро од четири до шест часот таму има кванташки пазар. Доаѓаат камиони што испуштаат штетни издувни гасови, а од кои се продава стоката за на тезгињата. Преку целиот ден, пак, хаосот е огромен, бидејќи на пазарот има од игла до локомотива. Затоа е вистински потег таму да се направи зелена површина. Што се однесува до зеленилото што треба да се сече, пак, сите треба да знаат дека сè си има свој рок, па и тоа треба да се замени, за да не стане опасно - смета Бахчовановски.
Г.Т.
|
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#77 Posted: 10-Feb-2009 at 20:17 |
aah kostovski ce go brisime uste malce, a na alarova sto da im prajme?'
zosto parking a ne katna garaza?? katna garaza e so katovi a parkingot nema katovi
ne znam sto pravaat
mislat samo gluposti
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#78 Posted: 10-Feb-2009 at 19:57 |
 сервисни улички се бе не се булевари, а и плус им објасниле дека ќе им користат, зошто се бунеле? и зошто наместо катна гаража да има паркинг? значи стварно народов е...
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#79 Posted: 10-Feb-2009 at 19:22 |
И ПОКРАЈ ПРОТИВЕЊЕТО НА ЖИТЕЛИТЕ Усвоен планот за дислокација на Зелен пазар Жителите најавија дека ќе го обжалат планот на Уставен суд и нема да дозволат да се изгради нова сообраќајна зона кај Градски sид
|
Жителите од Градски sид вчера не успеаја да ги убедат советниците од Центар да го симнат од дневен ред деталниот урбанистички план "Голем ринг- јужен дел - исток". Тие збунети и револтирани ја напуштија вчерашната седница на Советот каде што планерите од проектантската куќа ИНПУМА се обидоа да им објаснат кои се измените со новиот план. Жителите на овој дел од Центар бараа да се одложи донесувањето на планот за да можат да ја разгледаат неговата финална верзија, бидејќи сметаат дека со изградба на сервисни улички меѓу блоковите на Градски sид и маркичката за анекс на блокот 8 од Градски sид ќе ќе уништи нормалното живеење. Тие се плашат дека со сервисните улици, со кои треба да се поврзат улиците Даме Груев и Мито Хаџи Василев - Јасмин низ Градски sид ќе се создаде нова сообраќајна зона, од која тие ќе бидат директно загрозени. "Ако го усвојат планот, ќе го обжалиме на Уставен суд, а ако треба и со жив sид ќе ги спречиме да направат градилиште од Градски sид", рече Трајко Димитров, жител на Градски sид. Планерката Силвана Ванева од ИНПУМА објасни дека сервисните улици и анексот на блокот осум, кој треба да биде висок 18 метри, е преземен од стариот план од 2001 година и оти со сервисните улички меѓу зградите ќе им овозможи на жителите полесно да излегуваат и да влегуваат со нивните возила. Таа објасни дека на барање на граѓаните, избришана е катната гаража кај "Автомакедонија" и оти место гаража, предвиден е паркинг за 45 возила. На барање на граѓаните на јавната анкета, избришани се и предвидените паркинзи пред зградите. Советот на Центар, и покрај забелешките од жителите, вчера доцна попладне го усвои новиот ДУП "Голем ринг - јужен дел - исток" кој, меѓу другото, предвидува дислокација на Зелен пазар, спротивно на забелешките на жителите. Според планот, просторот на денешниот пазар треба да стане парк. (Е.А.) |
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#80 Posted: 07-Feb-2009 at 14:59 |
Овие луѓево од центар уште не ми се јасни. Еве сега се бунеле тревниците да не станат паркинзи, а од друга страна па се бунат кога немаат паркинг место. Стварно се понашаат како разгалени деца. Во централно градско јадро сакаат да живеат во резерват кој што ќе биде исклучиво нивен простор. Од една страна заслужуваат ова што им го прави центар, а од друга страна па центар воопшто не е во ред што го прави со нетранпарентноста!
|
 |