![]() |
![]() |
![]() |
Скверови (редизајн на површини) - Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 7> |
Author | |
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Лоша координација од градските служби, некој на Шилеговача му кажал дека сквер праат а они паркинг фураат,реално потреба во тој дел...а можда и никој не му ни кажал.
Edited by kiriOK - 03-Apr-2021 at 21:32 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() https://www.facebook.com/groups/883203825068334 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ама има зелено во насловот.
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Нов зелен сквер = арматури и местење бекатони
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СЕ УРЕДУВА НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ВО ТАФТАЛИЏЕ
![]() ![]() На јавната површина пред Веро во Тафталиџе, Град Скопје деновиве почна со уредување нов зелен сквер. Оваа локација во општина Карпош е петтата од вкупно 7-те локации, што Градот Скопје ги уредува во зелени скверови, а граѓаните добиваат нови квалитетени јавни простори за одмор, релаксација и маалски дружења Запуштениот простор во Тафталиџе наскоро ќе стане нова зелена површина со 50 висококвалитетни дрвја, нова урбана опрема (клупи и корпи за отпадоци) и ново осветлување. Ќе бидат поставени и реквизити и опрема за забава и анимирање на најмладите, наменети и за децата со посебни потреби. https://www.facebook.com/p.shilegov |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() ако бранев и ја вакви проектчиња порано, конечно можам да кажам дека ова е фрлање пари во вода и занимавање со нешто тотално небитно ова се партерни зеленила/пешачки патеки измеѓу блокови и се што им треба е редовно да се одржуваат и да се обнови опремата, со патека плус, ваму или таму, кај што гледаш дека кратат луѓе низ земја, па нека е и од бекатон што ќе правиме со даскиве и за што ни се, не ми е јасно... Edited by zabegan - 06-Mar-2021 at 02:23 |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Скопјани добија уште еден нов зелен сквер во населбата Аеродром
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Проектот „КензО“ нуди зелена оаза во центарот на Скопје, реализацијата неизвесна Тим од архитекти составен од д-р Радмила Томовска, д-р Ива Петрунова и Хекуран Мусли, изработија идеен проект „КензО“, за локацијата помеѓу Маџир Маало и Транспортниот Центар. Идејата, според архитектката Ива Петрунова е да се создаде нов зелен социјален и културен простор, но и да се разубави просторот кој веќе триесетина година е едноличен и безживотен. Идејата за идејниот проект „КензО“ дојде за време на долгите карантински денови кога имавме време да направиме нешто убаво за нашиот град, а е поврзано со нашата струка. Го избравме овој простор бидејќи ни изгледаше многу дехуманизиран и запуштен. Мотивирани од тоа што се случува во европските градови, одлучивме да направиме еден зелен проект кој би бил одржлив геоклиматски и би ја подобрил целокупната состојба на локацијата, вели Петрунова. Реализацијата на проектот зависи од надлежните кои треба да го имаат последниот збор за тоа дали и кога би се реализирал проектот „КензО“. Иако станува збор за концепт кој ја акцентира одржливата ревитализација на јавен простор пред архитектонско културно наследство, при тоа создавајќи нов зелен социјален и културен простор, постои опасност никогаш да не се изреализира ако не се случи меѓуинституционална соработка. Моментално течат разговорите со неколку општини, но потребна е поголема институционална синхронизација. Проектот наидува на многу позитивни реакции, но патот од идеја до реализација е многу долг. И да не се претвори во реалност нашиот план, би сакала во таа насока да се прават идните планови, со повеќе зелени простори и места за дружење. Очекувањата се дека со поставување на зелениот појас ќе се намалат високите температури на воздухот кои се карактеристични токму за овој дел од градот, вели Петрунова. Реализацијата на овој проект нема да чини многу бидејќи е правен според новите принципи на тактички урбанизам. Средства се потребни само за средување на партерот и за изработка на челичната конструкција која се обвиткува во зеленило, а проектот би бил готов за само неколку месеци. https://www.slobodenpecat.mk/video-proektot-kenzo-nudi-zelena-oaza-vo-czentarot-na-skopje-realizaczijata-neizvesna/ |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Треба кривично да одговара Марин за уништување на зеленило.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Дијагонално од скверов што го сликав вчера
Од твитер ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Денешни
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Проект: „КензО“ – предлог за нов јавен градски простор во центарот на Скопје
![]() ![]() ![]() Автори: д-р Радмила Томовска; д-р Ива Петрунова, Хекуран Мусли Локација: Просторот пред поштата кај главниот Транспортен центар, Скопје oПроектот КензО е резултат на продлабочени анализи и истражувања на одржливите и биоклиматски стратегии кои се во корелација со подобрувањето на квалитетот на воздухот, намалувањето на температурите во летниот период, како и јакнењето на социјалната кохезија на жителите кои гравитираат кон овој дел од градот. Поточно, ова истражување дискутира за можните начини на примена на биоклиматски урбанистички стратегии за постигнување одржливи урбани решенија и проектирање на јавен простор пред железничката станица во центарот на Скопје. Новиот јавен зелен простор пред проектот на Кензо Танге од 1965 година представува контекстуализирана и еколошки третирана целина. Овој проект е обмислен да биде ново „збирно место„ – точка за средби, со силен модерен став во неговите форми, кој воедно го почитува природниот, историскиот, социјалниот и културниот контекст во кој е сместен. Градовите, објектите и јавните простории мора внимателно да бидат планирани и да соодветствуваат и за граѓаните и севкупната околина. Тоа кај овој проект се постигнува преку аналитичките и проектанските методи применети на локацијата во центарот на градот Скопје. Анализираната локација во моментов е непривлечен, дехуманизиран асфалтен паркинг пред Транспортниот центар. Освен овој паркинг, околу железничката станица и под неа има многу паркинзи и зонско паркирање. Се отвара прашањето: како постојната локација да ја претвориме во зелен, компактен, прооден (без бариери), здрав, социјално енергичен и кохерентен простор што ќе им овозможи висок квалитет на секојдневен живот на граѓаните кои гравитираат во овој дел од градот. Идејата и целта на овој проект наведува дека оваа локација треба да биде проектирана како јавен и впечатлив простор во градот – нов архитектонски симбол на градот, кој во истовреме ќе го велича културното наследство пред кое е сместен. Името на проектот „КензО„ е во чест на архитектот Кензо Танге, кој се смета за еден од основоположниците на новото Скопје во пост земјотресниот период од историјата на овој град. Концепт Главниот елемент представува модуларен цилиндар (челична конструкција) со дијаметар од 8m. Модуларноста го следи нумеричкиот редослед на Фибоначи. Челичните профили во форма на прстени се поврзани со челични жици и формираат цилиндричен тунел покриен со локална природна вегетација – бршлен. Бршленот се смета за издржлива билка која е истовремено многу ефикасна во прочистувањето на воздухот. Оваа јака челична конструкција е издржлива на временските услови, а воедно е и економски прифатлива што ја прави идеална за јавни простори. Урбаната опрема е изработена од челик, дрво, јажиња и гумирани површини. Внатрешниот простор е засенчен и зелен. Отворите што се одземаат од зелениот тунел се во корелација со сончевата инсолација и воздушната циркулација. Во исто време, тие овозможуваат подобра циркулација на пешаците низ локацијата и функционираат како отвори (врати и прозорци). Трансформацијата во антропоморфна и природна средина се смета за совршено решение за подобрување на социјалната кохезија и збогатување на просторот со различни функции што можат да привлечат повеќе граѓани да ја посетат оваа локација во различни периоди од денот. Просторот во ноќниот период е осветлен со помош на енергетски ефикасно осветлување: соларни канделабри, флуросцентни бои кои ја рефлектираат светлината и „паметни„ артифицијални светлечки уреди. На просторот е предвиден и паркинг за велосипеди. Поради големата густина на население во Скопје и загадувањето, можноста за планирање просперитетен и жив град со намалена емисија на јаглерод диоксид, е итна. Градот мора да го зголеми процентот на зелени површини и овој проблем да го смета за свој главен приоритет. Без развој и примена на урбанистички стратегии ориентирани кон одржливо и биоклиматско планирање, овој густ и загаден асфалтен град нема да го достигне својот целосен потенцијал. Цел Целта на проектот е: дизајнирање јавен простор пред објект што претставува културно наследство и е од големо значење за градот, кој истовремено е и зелен, еколошки и биоклиматски простор. Овој простор представува континуум – тунел кој го поврзува животот на минатите, сегашни и идни генерации на овој град. Проектот се обидува да ја спои живоста и антропоморфноста на старите скопски маала како на пример Маџир Маало и фрункционалноста на Транспортниот центар, преку зелен и одржлив јавен простор. Мултифункционалната структура ќе овозможи ревитализација на локацијата преку редизајн на постојниот паркинг и додавање на голем број нови урбанистички содржини. Ревитализација на локациите во градот кои го изгубиле својот сјај со текот на времето со помош на додавање на нови урбани содржини кои го потенцираат контекстот на природата и социјалната кохезија претставува еден од главните принципи на одржлив урбанизам. Густината во центарот на градот расте секој ден со додавање на нов објект на секоја локација што е празна или зелена. Идејата на овој проект е да се врати природата во градот. Биоклиматските принципи, насочени кон прочистување на воздухот и намалување на летните температури со едноставни, ефтини, но внимателно одбрани методи, имаа централна улога во процесот на развивањето и проектирањето на ова решение. Околу 85% од локацијата се трансформира во зелена и водена површина. Водената површина позиционирана во непосредна близина на објектот на поштата делува како огледало што ја потенцира важноста на овој архитектонски споменик, а воедно ја намалува и температурата на воздухот, бучавата и создава пријатна атмосфера. Резултат Спроведените анализи помогнаа во откривање на реалните проблеми присутни на овој конкретен случај. Врз основа на сите анализи, биоклиматските принципи и стратегии се покажаа како најсоодветни за имплементирање на избраната локација. Инкорпорираните биоклиматски и одржливи стратегии можат да го подобрат квалитетот на воздухот, да ги намалат летните температури, да ја ревитализираат избраната локација, да ја подобрат социјалната кохезија и да учествуваат во процесот на редефинирање на градските вредности. Градовите треба да функционираат во хармонија со природата, а не да ја отфрлаат од себе. Градовите се потенцијално еколошки, бидејќи имаат капацитет да станат самоодржливи и да произведуваат енергија наместо само да ја конзумираат и трошат. За да го реализираме овој потенцијал, мора да го развиеме концептот на враќање на природата во градот. Треба да создадеме свест кај младите архитекти, урбанисти и граѓани да размислуваат за намалување на ресурсите и да ги мотивираме да го променат своето однесување. Одржливата урбана ревитализација треба да се сфати како мултидисциплинарен пристап: анализа на сите можни аспекти важни за одредена локација со цел да се постигнат квалитетни решенија кои ќе им служат добро на сегашните и идните генерации што ќе им овозможи да живеат во здрави, еколошки, одржливи и социјално енергични средини. https://marh.mk/proekt-kenzo-nov-javen-gradski-prostor/ |
|
![]() |
|
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
Se sekjavate li kolku bea plukani Ivica Konevski i Stevcho Jakimovski koga gi pravea prvite Squerovi? Gi plukaa poso sonuvaa tie da gi lapaat tenderite a ne zatoa sto im smetase poplocuvanjeto na trevnatite zeleni povrshini. Kvantni Skokovi na site strani!
![]() |
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Дали има потреба секое преостанато зелено острово да се унаказува со разно разни ''содржини'' кои во најголем дел не ги користи никој, шампиони меѓу кои се памп-трак стазите?
Разбирам тендер треба да се лапа, ама ова нема милост... |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Од твитер-близу Палма во Аеродром
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Новиот парк во Аеродром нефункционален и недостапен за многу граѓани
![]() - Ја разбирам идејата на паркот, но дрвената платформа/ патека е НЕСООДВЕТНА за движење на луѓе со намалена мобилност (движење со инвалидска количка), родител со количка за дете, постари жители со помагала за движење, минувач со велосипед итн. Парковите и јавните површини треба да се пристапни за сите категории на луѓе. - Што ви е со дрвените патеки?!?! Ќе се потепаат деца на нив, ќе скапат за три години... Зашто правите глупости бе ???? Зашто??? - Парк од кал. Од кал не се оди. Стамота е ова! Измијте ги патеките од кал, ова е како да сме во некое село. Ова се само дел од коментарите по промовирањето на новиот парк во општината Аеродром. Речиси и да нема позитивен коментар за ова ново дело на локалната самоуправа. Граѓаните се револтирани и за начинот на изведба и за материјалите кои се употребени, кои пак го прават овој парк неупотреблив за многу категории граѓани. Претходно градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, се пофали дека хортикултурно се уредува новиот зелен простор со содржини за сите генерации, лоциран меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Владимир Комаров“. - Заедно со Град Скопје продолжуваме да ги уредуваме запоставените површини. Наскоро ќе подигнеме уште два нови парка: на ул. „Методија Шаторов-Шарло“ и меѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и касарната „Гоце Делчев“. За убав и зелен Аеродром. - објави Марин на социјалните мрежи по што следуваше лавина кометари за овој парк. https://skopjeinfo.mk/noviot-park-vo-aerodrom-nefunkcionalen-i-nedostapen-za-mnogu-gragjani? |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Хортикултурно се уредува новиот зелен простор со содржини за сите генерации, лоциран меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Владимир Комаров“.
![]() ![]() https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Што е конструкцијава?
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Близу Палма во Аеродром
![]() ![]() https://www.facebook.com/MinisterstvoZaBezzhivotnaSredina |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД КАРПОШ 2
На аголот помеѓу булеварот Илинден и улицата Никола Тесла, до гимназијата „Орце Николов“, редизајнирана е зелената површина и целосно е уреден првиот сквер согласно со потребите на граѓаните за одмор, релаксација, дружење и сл. Целиот простор е облагороден со различни видови листопадни и зимзелени садници. Во едниот дел од скверот е оформено детско катче со различни реквизити за игра, а во другиот дел се формирани патеки, поставени се клупи и маси, чешмичка за вода, паркинг за велосипеди и ново осветлување. Покрај редизајнот на зелената површина на оваа локација годинава во тек е редизајн на уште 3 од овие локации, една кај поликлиниката „Идадија“ во општина Центар и две на булеварот Јане Сандански во Аеродром. - Денеска сме на првата од 7-те локации коишто ги реализиравме заедно со УНДП за уредување на микро средини, процес којшто е инклузивен, процес во кој што се вклучени сите структури на граѓани што гравитираат кон јавниот простор што го уредивме. Овде имавме релативно запуштен тревник, а сега можете да видите дека е адаптиран и е едно пристојно место каде што имаме повеќе од 36 нови садници од 6 различни видови. Во процесот на уредување беа вклучени и локалните жители, станува збор за население со претежно мали дечиња, меѓутоа беа вклучени сите возрасни групи во анкетите и овој простор е всушност адаптиран преку Скопје Лаб и УНДП на потребите и желбите на граѓаните - рече Шилегов. Инклузивноста во овој процес подразбираше директно вклучување на граѓаните не само во изборот на локациите, туку и во идентификување на нивните потреби на секоја од овие локации поединечно. Вклучени беа различни возрасни групи на граѓани во процесот преку користење квалитативни и квантитативни методи - онлајн прашалници, теренски интервјуа, опсервација, фотодокументација. Се идентификуваа потребите на граѓаните кои живеат на локациите, гравитираат или поминуваат низ нив. Дополнително се мапираа дневните и ноќните активности и програма, однесувањето на луѓето и природата, физичката микро и макро околина, со цел подобро разбирање на постојниот социо-културен контекст. Како резултат од процесот Скопје Лаб изработи 7 концепт дизајни за 7 различни локации, подоцна разработени во елаборати за изведба, кои се водилка за нивното понатамошно уредување од Градот Скопје и од општините. На промоцијата на новиот зелен сквер во Карпош 2 присуствуваше и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев. ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 7> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |