![]() |
![]() |
![]() |
Treska Residence - Центар |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 8> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
На 18-иот роденден од компанијата објавуваме нов голем проект, започнува со изградба ТРЕСКА
![]() https://www.facebook.com/GoldenArtMKD |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЗГРАДИТЕ ВО „ТРЕСКА“ СЕ ГРАДАТ 24/7, ЏАБЕ УСТАВЕН СУД ОФОРМИ ПРЕДМЕТ
![]() Во кругот на фабриката „Треска“ на големо се гради првата зграда за која е издадена дозвола од Општина Центар и потпишана од градоначалникот Горан Герасимовски. Машини, како што велат за САКАМДАКАЖАМ.МК жители на околните згради чии станови гледаат во „Треска“, работат 24/7. Машини и кранови бучат од рано наутро до доцна вечерта. Веќе е ископана дупката за темелите и наскоро ќе почне бетонирањето. Станува збор за зградата која ќе ја градат фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“, кои пред еден месец платија комуналии во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар. Ќе се гради станбено-деловен објект, со висина од 19,20 метри, на приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина ќе изнесува 6.662 метри квадрати. Со почетокот на изградбата на првата зграда почнува бетонизацијата на последниот слободен простор во центарот на Скопје. Бетонизацијата на овој дел од градот ја нацрта власта на ВМРО-ДПМНЕ, а постапката ја продолжи и реализира власта на СДСМ, со тоа што не направи никакви измени на планот и дозволи да се гради според лош план, кој не овозможува хумано живеење на граѓаните. Уставниот суд на 3 август оформи предмет за измената на Деталниот урбанистички план (ДУП) Буњаковец 2, во чии рамки спаѓа и просторот на поранешната фабрика „Треска“, по поднесената иницијатива од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и од адвокатката Сузана Јошевска. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zgradite-vo-treska-se-gradat-24-7-dhabe-ustaven-sud-oformi-predmet/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПОЧНА ДА СЕ КОПА ДУПКА ЗА ПРВАТА ЗГРАДА ВО „ТРЕСКА“ КОЈА Е ПОСЛЕДНА СЛОБОДНА ПАРЦЕЛА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ
![]() Почнаа градежните работи за изградба на првата зграда во просторот на поранешната фабрика „Треска“. Откако со месеци просторот се расчистуваше, деновиве со багери почна да се копа дупка за првата зграда. Жителите на околните згради за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека од рано утрово градежни машини работат на ископот за поставување на темелите на првата зграда. Станува збор за зградата која ќе ја градат фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“, кои пред еден месец платија комуналии во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар. Ќе се гради станбено-деловен објект, со висина од 19.20 метри, на приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина ќе изнесува 6.662 метри квадрати. Со почетокот на изградбата на првата зграда почнува бетонизацијата на последниот слободен простор во центарот на Скопје. Бетонизацијата на овој дел од градот ја нацрта власта на ВМРО-ДПМНЕ, а постапката ја продолжи и реализира власта на СДСМ, со тоа што не направи никакви измени на планот и дозволи да се гради според лош план, кој не овозможува хумано живеење на граѓаните. По поднесената иницијатива од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и од адвокатката Сузана Јошевска, Уставниот суд на 3 август оформи предмет за измената на Деталниот урбанистички план (ДУП) Буњаковец 2, во чии рамки спаѓа и просторот на попранешната фабрика „Треска. Оспорена е Одлуката бр.07-9331/10 од 10.12.2012 година, за изменување и дополнување ДУП Буњаковец 2, плански период 2011-2016, соопшти Уставниот суд. Во иницијативата се тврди дека оспорената одлука за конкретни измени на ДУП Буњаковец 2 е во спротивност со Генералниот урбанистички план (ГУП), односно дека границата на ДУП-от не е усогласена со опфатот на градската четврт планирана со ГУП, како и дека нумеричките податоци на Деталниот се неусогласени со оние од Генералниот. Подносителите наведуваат дека поради овие околности се прави груба повреда на член 11 став 7 и член 15-б од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Подносителите во иницијативата наведуваат дека донесената одлука за ДУП е во спротивност со владеењето на правото содржано во членот 8 од Уставот, како и дека е во спротивност со членови од Законот за просторно и урбанистичко планирање. „Овие наводи Уставниот суд допрва ќе ги испитува. Предметот е формиран и предаден за работа на тим од судија и советник и се наоѓа во рана фаза, во претходна постапка“, рекоа од Судот на 3 август. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pochna-da-se-kopa-dupka-za-prvata-zgrada-vo-treska-koja-e-posledna-slobodna-partsela-vo-tsentarot-na-skopje/?fbclid=IwAR0W-ecCz-_2XLxmo0q3068WrploOIupIE1RlvAb7jMBE1mEqd3ZT9jtQC8 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Инвеститорите се фалат, Уставен отвори предмет за згради кај „Треска“
![]() Уставниот суд го предаде на тим од советници и судии предметот за земјиштето каде што се наоѓа поранешната фабрика Треска. Иницијаторите бараат да се почитува генералниот урбанистички план, додека некои инвеститори почнаа јавна кампања за идните згради на овој простор. Во ист ден кога е пуштено промотивно видео и фотографии за тоа како ќе изгледа изградбата на нов урбан комплекс кој треба да никне на местото на поранешната фабрика Треска, Уставниот суд отвори предмет за Деталниот урбанистички пан Буњаковец 2 во кој влегува токму ова земјиште со вкупно 15 парцели. Едни од подносителите се и граѓанската иницијатива „Шанса за Центар„ кои изминативе години се спротивставуваа на планот за градење на зградите кај фабриката Треска, кои екс градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ ги нарече „наполитанки“. Во иницијативата до Уставен, поднесена од адвокатката Сузана Јошевска и граѓанската иницијатива Шанса за Центар стои дека ДУП Буњаковец 2 е во спротивност со генералниот урбанистички план. „Во наводите на иницијативата се вели дека границата на ДУП-от не е усогласена со опфатот на градската четврт планирана со ГУП, како и дека нумеричките податоци на ДУП-от се неусогласени со оние од ГУП-от. Подносителите наведуваат дека поради овие околности се прави груба повреда на член 11 став 7 и член 15-б од законот за просторно и урбанистичко планирање“, се вели во иницијативата поднесена до Уставен. Првиот сигнал дека наскоро може да почне изградба на планираниот урбан комплекс згради во кругот на „Треска“ за овие актитивисти беше пожарот кој избувна во април минатата година. Иако надлежните во Општина Центар и МВР објавија дека пожарот е подметнат, сепак немаше разрешница и конкретен виновник. Веднаш по пожарот, се расчисти целиот објект како и опасниот отпад од некогашната фабрика Треска. Теренот е расчистен, а една година потоа, или денеска објавено е видеото со визуелизација на идниот урбан комплекс. Антикорупциската комисија во повеќе наврати алармираше дека на локацијата на поранешната фабрика „Треска“ не смеат да започнат градежни работи, дека не завршат постапките кои што се водат во Јавното обвинителство. Станува збор за простор во центарот на главниот град кој последниве години е во фокусот на интерес на јавноста , токму поради битката што да се гради на оваа атрактивна локација. Шанса за Центар: Само судот може да ја врати законитоста во планирањето Од граѓанската иницијатива Шанса за Центар задоволни се од одлуката на Уставен суд да се оформи предмет за најавената градежна „офанзива“ кај Треска. „Се надеваме на еднакво брзо и ефикасно постапување на Судот имајќи предвид што и инвеститорите забрзано се подготвуваат да почнат со градба. Герасимовски веќе потпиша една дозвола, а од медиумските објави се гледа дека и други инвеститори забрзано собираат милионски суми за да почнат со градба на „наполитанките“ кај „Треска“. Во недостиг на политичка волја да се сопре со спроведувањето на незаконските ДУП-ови кои се косат со Генералниот урбанистички план на Скопје, само судот може да ја врати законитоста во планирањето во Центар“, се вели во реакцијата на Шанса за Центар. Издадена една градежна дозвола, има ли нови барања? На земјиштето на поранешната фабрика „Треска“ има 15 парцели. Како сопственици се јавуваат и три градежни фирми, Ремис од Охрид, Голден Арт и Мега акустик од Скопје. Според податоците од Централниот регистар, сопственици на фирмата Ремис Охрид ДОО се Виктор Илоски и Предраг Виќентијевиќ и ИН-ПУМА Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ДООЕЛ Скопје, а управител Божо Илоски. Токму Предраг Виќентијевиќ, според катастарските податоци, е сопственик на парцели на поранешниот имот на Треска, добиени со денационализација која ја извршила државата. Биснизменот Виктор Илоски во јавноста е познат како еден од сопствениците на познатиот хотел Инекс Олгица, но и како градежен инвеститор во Охрид. Неговото име се јавува и како овластено лице во ИН-ПУМА Институт за урбанизам чие седиште се наоѓа на Булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов број 130, адреса која е на влезот на поранешна „Треска“. Со планот, просторот на „Треска“ е поделен на шест градежни парцели и предвидува на нив да никнат триесетина нови згради. Се дозволува катност од приземје, 4 ката плус поткровје и приземје плус 5 ката и поткровје. Веќе се поднесени 4 барања за градба и 15 за дооформување на парцели. Градежниците бараат да градат на локацијата на Треска според актуелниот Детален урбанистички план донесен во времето на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ го критикуваше планот како лош и нехуман, а зградите што треба да никнат ги нарекуваше наполитанки. Општина Центар има градоначалник од СДСМ или коалицијата трет мандат по ред, но не успеа да го смени планот. Во 2013 година за градоначалник беше избран Андреј Жерновски од ЛДП, кој сега е дел од СДСМ, по него беше Саша Богдановиќ од СДСМ, а од пред две години градоначалник е Горан Герасимовски од СДСМ. Герасимовски вели дека се во преговори со Град Скопје да се донесе нов ДУП само за делот на фабриката Треска, но таа постапка може да трае со години. Дотогаш, градежниците ќе добијат градежни дозволи според сегашниот план. https://www.slobodnaevropa.mk/a/investitorite-se-falat-ustaven-otvori-predmet-za-zgradi-kaj-treska- |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
(Видео) Први снимки како ќе изгледа „Треска“: Планот им е да никнат куп згради со приземје, пет ката и поктровје
Визуелизација со низа згради со приземје, пет ката и поткровје е објавена на „Јутуб“, со цел да се прикаже изгледот на комплексот „Треска“. На видеото доминираат градбите, а покрај нив е прикажано и зеленило. На сите три кадри, се гледаат зградите кои се од активистите симболизираат бетонизација на просторот. Ова е прва скица која се појавува за просторот. Повеќе од порталите посочуваат дека ова ќе биде модерна населба, додека, активистите поднесоа и оспорување до Уставен суд со цел да се запре ова, бидејќи се доверува во прашање хуманизацијата на живеењето. https://skopje1.mk/archives/233532 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
wow ниски згради,односно ѕидој и кокошарници,од то шо го видов преубај,ваква архитектура во свет немат
![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ВИДЕО: Објавена првата визуализација на Треска: Модерен и урбан комплекс со ниски згради на местото на запуштената фабрика
https://libertas.mk/video-ob-avena-prvata-vizualizaci-a-na-treska-moderen-i-urban-kompleks-so-niski-zgradi-na-mestoto-na-zapushtenata-fabrika/ Има видео на линкот |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
„Ремис“ подготви стартни 14 милиони евра за градење кај „Треска“?
Градежната компанија Божо Илоски „Ремис“ од Охрид, која претендира да гради поголем број на станбени објекти во кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје , ја зголеми основната главнина со паричен влог од 14 милиони евра. Промената во Централниот регистар покажува дека има 834.256.336 денари уплатен дел на сметката на „Ремис“. Останува да се види дали „Ремис“ планира да ги користи средствата за уплата на потребните комуналии или пак за инвестициски активности. Еден од содружниците Предраг Виќентијевиќ, кој наедно е и сопственик на поголемиот дел од земјиштето, во телефонскиот контакт кој го остваривме ни рече дека се уште не е ништо испланирано докрај и дека, како што ни рече, тој е само еден од сопствениците на „Ремис“ со помал удел во компанијата. Откако поголем дел од просторот на напуштениот индустриски капацитет беше вратен со денационализација на семејството Виќентијевиќ од Скопје, градежните фирми почнаа да фаќаат позиции на теренот, каде што според деталниот план имаше градежни маркички за 30 згради. Инаку Општина Центар ја издаде првата градежна дозвола за кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје, по што се очекува набрзо да започне и изградбата на првиот објект. - Издадено е едно правосилно Одобрение за градење за правните лица Голден Арт и Мега Акустик, информираат од општината на прашањето на „Фактор“. Фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ претходно ги уплатија комуналиите во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар за изградба на станбено-деловен објект. Инаку станува збор за простор од повеќе од 60 илјади квадратни метри во рамки на ДУП „Буњаковец“. https://faktor.mk/remis-podgotvi-startni-14-milioni-evra-za-gradenje-kaj-treska |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Голден Арт и Мега Акустик добија градежна дозвола за „Треска“
Општина Центар ја издаде првата градежна дозвола за кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје, по што се очекува набрзо да започне и изградбата на првиот објект. - Издадено е едно правосилно Одобрение за градење за правните лица Голден Арт и Мега Акустик, информираат од општината на прашањето на „Фактор“. Фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ претходно ги уплатија комуналиите во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар за изградба на станбено-деловен објект. Ќе се гради објект со висина од 19.20 метри, катноста е приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина изнесува 6.662 метри квадрати. Засега не е издадена градежна дозвола за „Ремис“, кој покрај тоа што е инвеститор, еден од сопствениците на оваа градежна компанија поседува околу 90 отсто од просторот преку денационализација. Инаку станува збор за простор од повеќе од 62 илјади квадратни метри. https://faktor.mk/golden-art-i-mega-akustik-dobija-gradezna-dozvola-za-treska |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
„ШАНСА ЗА ЦЕНТАР“ БАРА УСТАВЕН СУД ДА ГО УКИНЕ ДЕТАЛНИОТ ПЛАН ЗА БУЊАКОВЕЦ И ДА СТОПИРА ГРАДЕЊЕ ВО „ТРЕСКА“
Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и адвокатката Сузана Јошевска поднесоа иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста и законитоста на Деталниот урбанистички план (ДУП) за Буњаковец, во чии рамки спаѓа и просторот на поранешната фабрика „Треска“. Иницијативата е поднесена на 14 јули, за да го спречат неговото понатамошно спроведување што ќе нанесе штета на јавниот интерес. САКАМДАКАЖАМ.МК утрово објави дека комуналиите за првиот станбено-деловен објект во „Треска“ се веќе платени и сега само се чека градоначалникот Горан Герасимовски да го потпише одобрението за градба и на тој постор ќе се почне со градење. „Според законот за урбанистичко планирање, деталните урбанистички планови треба да бидат во согласност со генералните урбанистички планови, а тоа не е случај со планот за Буњаковец. Генералниот урбанистички план (ГУП) има за цел да обезбеди хумани услови за живеење и работа на граѓаните, со почитување на стандардите и нормативите за урбанистичко планирање, со рационално користење на просторот, заштита на животната средина и одржлив развој. Планот за Буњаковец, спротивно, предизвикува ризици за здравјето, безбедноста на локалната заедница и квалитетот на живот. Во ДУП-от за Буњаковец се отсликува практиката на планирање од изминатава деценија, а со главен белег на зголемување на површините за домување и бројот на жители. Истовремено, се намалуваат површините под зеленило, јавните површини и објектите со социјална или образовна намена. Затоа бараме од Уставниот суд да го стави вон сила и да го заштити правото на граѓаните на чиста и здрава животна средина“, велат од „Шанса за Центар“. Планот предвидува изградба на нови објекти на просторот на поранешната фабрика „Треска“, што би значело уништување на просторот и реализирање на т. н. „наполитанки“, нацртани во време на власта на ВМРО-ДПМНЕ. „Претходното раководство на Општината се обиде со институционани механизми како мораториумот и суспензијата да го стопира реализирањето на овој план, а со поддршка на еминентни професионалци од областа се направи урбанистички конкурс за уредување на овој значаен простор. Но, промената на власта во Центар и доаѓањето на градоначалникот Горан Герасимовски ги запре и прекина сите заложби за похумано уредување на овој простор и отвори простор за инвеститорско-профитерските спреги да се стават над јавниот интерес. Жално е што во период кога светот сѐ повеќе се врти кон одржливо искористување на просторот, планирање на градовите за безбедно, спокојно и достоинствено живеење на луѓето, кај нас се прават планови во кои се важни интересите само на малкумина. Најтажно е што и властите развојот на просторот го третираат само како можност за полнење на општинската каса, еднократен приход со кој ќе се ‘преживее’ годината и ќе се покријат неколку проекти, но и непродуктивните трошоци и вработувања. Оваа кусогледост остава несогледлива штета за идните генерации“, велат од „Шанса за Центар“. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shansa-za-tsentar-bara-ustaven-sud-da-go-ukine-detalniot-plan-za-bunakovets-i-da-stopira-gradene-vo-treska/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПЛАТЕНИ КОМУНАЛИИТЕ ЗА ПРВАТА ЗГРАДА ВО „ТРЕСКА“, СЕ ЧЕКА УШТЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОД СДСМ ДА ГО ПОТПИШЕ ОДОБРЕНИЕТО И ПОЧНУВА ГРАДБАТА СПОРЕД ПЛАНОВИТЕ НАЦРТАНИ ОД ВМРО-ДПМНЕ
Летово ќе почне градбата на првата зграда во кругот на поранешната фабрика „Треска“ и со тоа ќе се бетонизира и последниот слободен простор во центарот на Скопје. Фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ веќе уплатиле комуналии во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар за изградба на станбено-деловен објект. Од Општина Центар за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека се платени комуналиите и сега следува изготвување и потпишување на одобрението за градба. „По завршување на постапката и сите законски процедури одобрението за градење ќе стане правосилно. Ќе се гради објект со висина од 19.20 метри, катноста е приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина изнесува 6.662 метри квадрати. Станува збор за стaнбено-деловен објект“, велат од Општина Центар. За изградба на првата зграда која ќе има и деловен објект градителот платиl комуналии 662.674 евра за станбената зграда и 122.785 евра за деловниот објект или вкупно околу 800.000 евра. Од нив 60 отсто се платени на Град Скопје, а останатите на Општина Центар. Во април годинава Општина Центар продаде државно земјиште во кругот на фабриката на фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ и со тоа почна постапката за градење во „Треска“. Тогаш од Општината рекоа дека градителите поседуваат 90.17 проценти од вкупната површина на градежната парцела, а за дооформување се продадени само 9.83 проценти државно земјите од вкупната градежна парцела. Во Општината чекаат на одговор уште 16 барања на градежници за купување на државно земјиште за да можат да ги зголемат парцелите за градба, а поднесени беа 4 барања за издавање градежна дозвола. Со платените комуналии и потписот кој секој момент треба да го стави Герасимовски, се уриваат сите надежи просторот да се уреди според решенијата на конкурсот кој по барање на стручната фела и граѓанските организации го распиша ексградоначалникот Саша Богдановиќ. Герасимовски уште кога дојде на функција изјави дека конкурсот не може да се спроведе бидејќи не може на сопственици на приватни имоти да им се забрани да дооформуваат парцели и да бараат дозволи за градба. Сега Герасимовски кој е кадар на СДСМ ќе потпишува дозволи за згради нацртани од времето на ВМРО-ДПМНЕ кои неговиот претходник ги викаше „наполитанки“. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/plateni-komunaliite-za-prvata-zgrada-vo-treska-se-cheka-ushte-gradonachalnikot-od-sdsm-da-go-potpishe-odobrenieto-i-pochnuva-gradbata-spored-planovite-natsrtani-od-vmro-dpmne/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Се рушат објектите од некогашната фабрика „Треска“
Во кругот на некогашната фабрика „Треска“во Скопје , деновиве интензивно се работи на рушење на поранешните фабрички погони и се подготвува простор за во иднина да се градат нови згради. Изминатава недела најпрво работници ги отстрануваа крововите на фабричките погони, по што дел од објектите беа срушени, а со багери градежниот шут се товари во камиони и се изнесува надвор од фабриката. Рушењето на некогашните фабрички погони е видливо единствено за жителите на околните згради, но не и за минувачите на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Рузвелтова“, бидејќи објектите кои се наоѓаат покрај самите сообраќајници се уште не се срушени. ![]() ![]() https://nezavisen.mk/se-rushat-objektite-od-nekogashnata-fabrika-treska/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПОЧНА РАСПРОДАЖБАТА НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ ВО „ТРЕСКА“, ФИРМИТЕ „ГОЛДЕН АРТ“ И „МЕГА И АКУСТИК“ ДООФОРМИЈА ПАРЦЕЛА ЗА ДА ГРАДАТ ЗГРАДИ
![]() Општина Центар го издаде првото одобрение за купување државно земјиште во поранешната фабрика „Треска“ заради дооформување на градежна парцела за изградба на згради според планот донесен уште од времето кога локалната власт беше на ВМРО-ДПМНЕ до 2013 година. Градоначалникот Горан Герасимовски не сака ниту да ги објави проектите наградени од стручната жири комисија за урбанизирање на просторот. Конкурсот беше распишан од неговиот претходник, сопартиецот од СДСМ Саша Богдановиќ. Нема објаснение зошто ниту едниот, ниту другиот не ги објавија идејните решенија на конкурсот. Од Општина Центар велат дека согласно имотните листови на земјиштето, сопственици и баратели за откуп на државно земјиште заради дооформување на парцела се фирмите „Голден Арт“ и „Мега и Акустик“. „По доставената документација, истите поседуваат 90.17 проценти од вкупната површина на градежната парцела, што значи дека за дооформување имаа само 9.83 проценти од вкупната градежна парцела“, ни одговорија од Општина Центар на прашањето кои градежници купиле државно земјиште во „Треска“. Сега овие градежни фирми се на чекор до добивање одобрение за градба, а со тоа да почне бетонизацијата на последното слободно парче во центарот на Скопје. Во Општината чекаат на одговор уште 16 барања на градежници за купување на државно земјиште за да можат да ги зголемат парцелите за градба. Како што велат од Општина Центар дозвола за градба во „Треска“ уште не е издадена, а поднесени се четири барања. Герасимовски уште кога дојде на функција изјави дека конкурсот не може да се спроведе бидејќи не може на сопственици на приватни имоти да им се забрани да дооформуваат парцели и да бараат дозволи за градба. Со тоа тој ќе потпише дозволи за градба според Деталниот урбанистички план донесен во времето на ВМРО-ДПМНЕ со кој се предвидува изградба на 30-тина згради, кои неговиот претходник Саша Богдановиќ ги викаше „наполитанки“. Фактички – џабе имаше конкурс. Условите во конкурсот бараа авторите да го проектираат овој простор така што приватните сопственици ќе добијат право на градба на згради, а општината ќе го задржи јавното земјиште и на него ќе организира јавен простор како парк и детска градинка. Откако во кругот на старата фабрика „Треска“ на големо почна да се работи на расчистување на просторот за да се гради, од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ минатата недела дена повторно побараа од градоначалникот да го спроведе конкурсот за урбанистичко уредување на „Треска“. „Помина скоро година и 5 месеци откако жири комисијата составена од 9 члена ги објави резултатите од конкурсот за избор на идејно решение за локалитетот на фабриката ‘Треска’. Исто толку време Општината и градоначалникот на Центар одбиваат да ги објават проектите и како што тоа е ред, да ги поканат авторите јавно да ги објаснат своите визии како сметаат дека треба да се уреди последниот голем градежен простор во Центар. Но, ваквите идеи од конкурсот инициран од претходниот градоначалник, сегашниот градоначалник кој за себе вели дека е „транспарентен“ ги смета за незаконски и неспроведливи. До таа мера што не сака ниту да ги објави проектите наградени од стручната жири комисија и со пари од граѓаните од Центар“, велат од „Шанса за Центар“. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pochna-rasprodazhbata-na-drzhavno-zemjishte-vo-treska-firmite-golden-art-i-mega-i-akustik-dooformija-partsela-za-da-gradat-zgradi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЛОКАЦИЈАТА НА „ТРЕСКА“ СЕ СПРЕМА ЗА ЗГРАДИ И НОВА БЕТОНИЗАЦИЈА НА ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ
![]() Со градежна механизација веќе неколку недели се уриваат објекти во кругот на поранешна скопска фабрика „Треска“. Со тоа се расчистува просторот за градење на згради и нова бетонизација на центарот на Скопје. И покрај барањата на стручната јавност да се изработи нов план за просторот, Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски го спроведуваат стариот план, според кој се предвидува да никнат 30-тина нови згради. Се дозволува катност од приземје, 4 ката плус поткровје и приземје плус 5 ката и поткровје. Поранешниот градоначалник на Општина Центар Саша Богдановиќ, велеше дека просторот е лошо испланиран и зградите ги нарекуваше ‘наполитанки‘ бидејќи целосно го бетонизираат просторот без соодветни јавни површини и зеленило, ниту пак е предвидена градинка. Целиот простор е планиран само за згради. Од Општина Центар велат дека за просторот „Треска“ уште не е издадено одобрение за градба, а за дооформување на парцели одобрено е едно барање. „Досега се пристигнати 4 барања за одобренија за градење во текот на 2021 и 2022 година. За дооформување на парцели во ‘Треска’ има поднесено вкупно 17 барања, од кои одобрено е само едно барање“, велат од Општината. Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ пред три дена повторно побараа од градоначалникот Герасимовски да го спроведе конкурсот за „Треска“. „Помина скоро година и 5 месеци откако жири комисијата составена од 9 члена ги објави резултатите од конкурсот за избор на идејно решение за локалитетот на фабриката ‘Треска’. Исто толку време Општината и градоначалникот на Центар одбиваат да ги објават проектите и како што тоа е ред, да ги поканат авторите јавно да ги објаснат своите визии како сметаат дека треба да се уреди последниот голем градежен простор во Центар. Во планот донесен кога на власт беше ВМРО, а кој оваа власт го смета за важечки, просторот е покриен со згради како наполитанки. Условите во конкурсот бараа авторите да го проектираат овој простор на начин што приватните сопственици ќе добијат право на градба на згради, а општината ќе го задржи јавното земјиште и на него ќе организира јавен простор како парк и детска градинка. Но, ваквите идеи од конкурсот инициран од претходниот градоначалник, сегашниот градоначалник кој за себе вели дека е „транспарентен“ ги смета за незаконски и неспроведливи. До таа мера што не сака ниту да ги објави проектите наградени од стручната жири комисија и со пари од граѓаните од Центар“, велат од „Шанска за Центар https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/lokatsijata-na-treska-se-sprema-za-zgradi-i-nova-betonizatsija-na-tsentarot-na-skopje/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() Едно време беа ангажирани екипи на Голден Арт да расчистуваат простор по настанатиот пожар освен нив и Мега Акустик мислам имаа парцели. Мислам сеуште нема издадено одобрение за градба на овој дел но веројатно наскоро ќе почне и тука да се гради. |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Тука е започнато со расчистување на просторот, денес има багери, камиони...
https://tinypic.host/i/5Wd4e Edited by alexsend - 20-Mar-2023 at 17:02 |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Горан Герасимовски: Просторот кај Треска мора да се урбанизира плански, не смее една метропола да престане да се гради
Неизбежно е да се гради. Секој град мора да се модернизира и проширува. Мал е бројот на здруженија кои што бараат целосно да се сопре градаба, што во исто време преставува невозможен процес да се стопира во една метропола како Скопје. Ова меѓудругото го изјави градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски при гостувањето во утринската емисија „Утрински Печат“. Во разговорот во студиото градоначалникот Герасимовски истакна дека општината во пределот на падините на Водно изминатиот период успеала да стопира вкупно 8 парцели за градење кои беа многу говорени во јавноста од страна на граѓаните како спорни. Сепак, според него по пожарот во фабриката Треска и самиот процес на стопирање на процедурите да се превзема било што во делот на издавање на дозволи за расчистување на оние опожарени објекти, просторот ќе мора да се урбанизира плански што е во интерес на граѓаните на главниот град. – Просторот кај Треска мора да се урбанизира и модернизира. Во моментов пробувавме со регулација да го одвоиме просторот од зацртаниот ДУП за поитно негово средување, но сигналите кои ги добиваме од советот на Град Скопје говори дека многу тешко ќе успееме во таа намера. Тоа практично значи дека нема да можеме да го одвиме тој ДУП кај Треска со цел побрзо да ја реализираме оваа наша заложба за негова планска урбанизација без согласноста на градските власти. Со ова морам да констатирам дека неизбежно е дека ќе се гради во тој дел од општината, но прашање на време е кога ќе започне уредување на тој дел од градот – посочи градоначалникот Герасимовски. https://www.slobodenpecat.mk/video-intervju-goran-gerasimovski-prostorot-kaj-treska-mora-da-se-urbanizira-planski-ne-smee-edna-metropola-da-prestane-da-se-gradi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЗА ФАБРИКАТА „ТРЕСКА“ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВОДИ ДВЕ ИСТРАГИ, ОД АНТИКОРУПЦИСКА ВЕЛАТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ГРАДИ ДОДЕКА ТРААТ ПОСТАПКИТЕ
![]() За фабриката „Треска“ каде се расчистува просторот за градење згради Основното јавно обвинителство води две истраги. Првата е за можни незаконитости при денационализација на земјиштето во кругот на фабриката, а втората е истрага за пожарот кој изби на 14 април годинава. За случајот со пожарот вештачењето покажало дека станува збор за човечко невнимание. Како што велат од Обвинителството, јавниот обвинител работи на утврдување на вредноста на настанатата штета за да утврди дали во конкретниот случај се исполнети елементи на кривичното дело – Предизвикување општа опасност. „Доколку се утврди дека се исполнети елементите на кривичното дело, постапката продолжува со откривање на сторител“, велат од Јавното обвинителство. За предметот „можни незаконитости при денационализацијата на фабриката“ сѐ уште се води предистражна постапка во Обвинителството за организиран криминал и корупција. „За овој предмет е дадена наредба за градежно архитектонско – урбанистичко вештачење. По доставување на вештиот наод и мислење од Бирото за судски вештачења, надлежниот обвинител ќе донесе одлука за понатамошниот тек на постапката. Со оглед дека предистражната постапка е тајна, во моментов не можеме да споделиме повеќе детали“, велат од Обвинителството. Општина Центар вчера објави дека се почнува со расчистување на просторот и уривање на објектите и дека за оваа активност добиле дозвола од Обвинителството кое води предмет за пожарот. Градоначалникот Горан Герасимвски вчера се фалеше дека тие всушност со расчистување на просторот го решавале проблемот на граѓаните со депонијата и опасните матријали кои ги има во кругот на фабриката. Вели, погрешна била перцепцијата дека просторот се спрема за градење згради, иако потврди дека се поднесени четири барања за давање градежни дозволи според Деталниот урбанистички план донесен од ВМРО-ДПМНЕ и тие мора да постапуваат по нив. Неговата партија СДСМ го критикуваше планот овој план според кој сега Герасимовски постапува како лош и криминален и не го сменија изминативе 5 години откако се на власт во Центар. Со планот, според кој сега Општина Центар ќе издава дозволи за градба, просторот на „Треска“ е поделен на шест градежни парцели и предвидува на нив да никнат триесетина нови згради. Се дозволува катност од приземје, 4 ката плус поткровје и приземје, 5 ката плус поткровје. Поранешниот градоначалник на Општина Центар Саша Богдановиќ велеше дека просторот е лошо испланиран и зградите ги нарекуваше ‘наполитанки‘ бидејќи целосно го бетонизираат просторот без соодветни јавни површини и зеленило. Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска вели дека на просторот на „Треска“ не треба да има никакви градежни активности додека траат истрагите. „Имајќи предвид дека Деталниот урбанистички план не е во согласност со Генералниот урбанистички план и со тоа тој не е законски, а од друга страна Обвинителството води истрага за тој локалитет, сметам дека е многу ризично издавање решенија за почеток на градба односно не смее да се издаде ниту една дозвола“, вели Ивановска. Во времето на ексградоначалникот Саша Богдановиќ, по неколкугодишна борба на стручната јавност и граѓанските иницијативи беше спроведен конкурс за тоа што да се гради кај „Треска“ и врз основа на тоа да се уреди просторот. Но, кога дојде на функција Герасимовски кажа дека конкурсот не може да се реализира оти имало голем дел приватно земјиште. Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, која има 3 советници во Советот на Општина Центар, велат дека расчистувањето на „Треска“ е нужно, но подеднакво е важно што ќе следи потоа, односно дали ќе се градат згради „наполитанки“ и со нив ќе има само профит за малкумина или уредување на просторот со кој ќе се подигне квалитетот на животот во целото подрачје. „Конкурсот беше можност за урбанистичкото планирање кон покреативни, компетитивни решенија и размислување преку проекти, а не сурово шпекулантско – инвеститорско планирање и градење. Сегашната општинска власт со сите сили сака да ги оспори, па дури и да ги скрие од јавноста овие наградени конкурсни решенија кои требаше да бидат основа за нов ДУП за Треска“, велат од „Шанса за Центар“. https://sdk.mk/index.php/naslovna/za-fabrikata-treska-obvinitelstvoto-vodi-dve-istragi-od-antikoruptsiska-velat-ne-smee-da-se-gradi-dodeka-traat-postapkite/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Почна расчистувањето на теренот на поранешна Треска
https://sitel.com.mk/pochna-raschistuvanjeto-na-terenot-na-poraneshna-treska |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Почна расчистувањето на „Треска“, објектите ќе ги отстрануваат сопствениците
![]() Почна расчистувањето на локацијата кај поранешната фабрика „Треска“. Чистењето ќе се врши плански во неколку фази. Најпрво ќе се отстранува опасниот отпад, азбестниот покрив, ќе се уриваат објектите, па ќе се отстранува кабастиот отпад. На крајот ќе се врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација на просторот, бидејќи, како што кажа денес на прес конференција градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, просторот врие од глувци и змии. Според очекувањата на Герасимовски, просторот би требало да се расчисти за неколку недели. Моменталната состојба на оваа локација, како што рече тој на денешната прес-конференција, освен што претставува извор на зарази за жителите од околината, претставува и нелегална депонија во срцето на општината и Градот Герасимовски посочи дека до почетокот на месецов сите постапки биле во застој, бидејќи се чекала дозвола за почнување на активности од Обвинителството кое постапуваше по утврдување на причините за пожарот кој неодамна избувна во магацин кај „Треска“. До овој момент, како што информира градоначалникот, во општина Центар се пристигнати 36 барања за издавање решение за отстранување на објекти од кои досега одобрени се 13. Отстранувањето на објектите ќе го вршат самите сопственици кои претходно до општината доставиле барање за отстранување на објектите и начинот како ќе бидат истите отстранети. За тоа време сопствениците ќе бидат под надзор од страна на инспекциските служби за животна средина на општината. Отпадот ќе биде депониран во Дрисла каде ќе биде соодветно уништен. – Град Скопје води постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З 11 – локалитети Буњаковец 1 и Буњаковец 2. Носењето на овој план ќе ја олесни процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај „Треска“ со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Ги повикувам и останатите надлежни институции активно да се вклучат за негово поскоро донесување, рече Герасимовски. Прашан дали расчистувањето на овој дел е со цел инвеститорите да градат згради, Герасимовски појасни дека општината прави напори да се донесе нов ДУП, се со цел да се направи подобра урбанизација. – Во моментов има важечки ДУП, имавме три години мораториум чија цел беше да се изменат ДУП-овите, за жал не се успеа, но правиме напори преку регулација да се одвои овој дел и да направиме подобар ДУП. Во моментов има доставено 15 барања за доофурмување на парцели и околу четири барања за градежни дозволи. Додека не ги издадеме сите 36 одобренија за расчистување на објектите ќе се закочи целиот процес. Не зависи од Општината Центар, но сигурен сум дека за брзо време ќе ја направиме измената на ДУП-от, нагласи Герасимовски. Поради тоа што во моментов има важечки ДУП, како што појасни тој, доколку не се донесе нов, тие во меѓувреме мора да го почитуваат Законот и според тој ДУП ќе даваат одобренија за градежни дозволи. Во одговор на прашање каква ќе биде судбината на жителите во бараките на улицата „Рузвелтова“, Герасимовски посочи дека во договор со инвеститорите тие ќе бидат обесштетени. https://nezavisen.mk/pochna-raschistuvanjeto-na-treska-objektite-kje-gi-otstranuvaat-sopstvenicite/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 8> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |