![]() |
![]() |
![]() |
Матка |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456> |
Author | |
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Неочекуван гостин на езеро Матка денеска...
![]() фото: Daniel Atanasovski на линкот има и видео од еленот како плива во езерото https://www.facebook.com/photo.php?v=10203968291383638&set=vb.1113217197&type=2&theater |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Z|evzek ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 423 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
МЕТРОПОЛА Датум: 05.03.2014, 17:32 ИЗБРАН ПРОЕКТАНТ ЗА ВИСЕЧКИОТ МОСТ НА МАТКА Проектот за висечки мост преку езерото Матка, заедно со варијанти за идејни решенија, ќе го работи фирмата „Чакар партнерс“. Град Скопје за проектот ќе плати околу еден милион денари (16.000 евра). Договорот е склучен, а рокот за изработка на основниот проект, со вклучена ревизија и инфраструктура на идниот објект е три месеци. Висечкиот пешачки мост ќе овозможи да се поврзе брегот на вештачкото езеро Матка со пештерите Врело, Kрштална и Убава, кои се наоѓаат од другата страна на езерото. Инаку, до пештерите се стасува само со кајче. Освен мост, на Матка ќе се гради и патека во должина од четири километри. http://dnevnik.mk/?ItemID=340ECA1B25F6774F8FED9350F35AD145 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
овие гi сликав на 13.4 со фул зум(5x)
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Можно е
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Видео за планинарење и алпинизам на Матка
Edited by Џоле - 13-May-2013 at 14:45 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gorco ![]() Senior Member ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
![]() ![]() |
![]() |
|
damjan4o ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Sep-2010 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 358 |
![]() ![]() |
превземено од фејсбук страната: City of Skopje
![]() Edited by damjan4o - 21-Feb-2013 at 15:47 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Фото-репортажа: Пештерите на Матка
29.12.2012 - 13:46:52 Врело, најпознатата од десетината пештери во кањонот Матка, која беше номинирана во изборот за едно од седумте светски чуда, досега е истражувана неколку пати. Според теоријата на научниците се претпоставува дека „Врело“ е длабока 330 метри, односно дека е најдлабока подводна пештера во светот. ![]() Тесниот кањон на долниот тек на реката Треска, сместен 15 километри северозападно од Скопје опфаќа 5.000 хектари од прекрасното езеро Матка, стрмни планински падини, возбудливи пештери и живописни средновековни манастири. Благодарение на својата исклучително добра положба во близина на Скопје, кањонот Матка го привлекува локалното население, но и туристите од целиот свет. Тука се наоѓаат и десет пештери, од кои најкратката е долга 20 метри, а најдолгата е долга 193 метри и ја сметаат за најдолга пештера во Европа. Кањонот Матка го одликуваат и две стрмни карпи кои се високи околу 35 метри и се вистински предизвик за алпинистите. Ендемски видови растенија и животни Матка е седиште на бројни и разновидни билки и животни, меѓу кои некои се и единствени во регионот на Балканот. Во кањонот има 1000 растителни видови, од кои 20 се локални, како и разни видови пеперутки кои не можат да се најдат на друго место во Европа. Исто така, тука живеат и два вида на пајаци и пет вида шкорпии кои се уште не се видени на други места. Сепак, најпознат животински вид во Матка се пеперутките. Според мислењето на експертите, тука се наоѓаат 119 дневни и 140 ноќни видови, од кои многу се ендемски. Во кањонот живеат и лешинари, како и белоглавиот орел, кои се заштитени со закон за да се зачуваат од истребување. Возејќи се со бротче низ кањонот можетеда уживате во величенственото опкружување, во мирисот на билките и црцорењето на бројните птици кои овде живеат. ![]() Пештерска убавина Од десетина пештери во спелеолошкиот парк „Јовица Гроздановски“, Врело е единствената пештера која во моментов функционира како туристичка атракција. Нејзината непосредна близина до езерото Матка ја прави најпогодна за туристичко искористување. Двете пештерски езера и неколкуте убави и големи пештерски галерии, ја прават Врело интересна за посетителите. Вистинската убавина може да се долови однатре, кадешто се сретнуваат прекрасни пештерски украси. На средината на пештерата се наоѓа огромен сталагмит во вид на шишарка. Во моментов до Врело може да се стигне единствено со чамец, тргнувајќи од пред платото на црквата Св. Андреа. Дотаму има шест километри. Пештерата Врелосе наоѓа 50 метри над езерото. Таа е целосно туристички уредена со патеки кои се наменети за движење на посетителите. Пештерата е поделена на три сали, познати како: концертна сала, сала на сталактити и сала на езерата.Салата на сталактитите и концертната сала ги дели импозантниот сталагмит од два метри во облик на шишарка. Во салата на езерата се наоѓаат две езера со смарагдно зелена боја над кои висат бројни сталактити. Најдлабока пештера Од 2012 година Врело важи за петта најдлабока пештера во светот, прва на Балканот и втора во Европа. Се верува дека е многу подлабока од 212 метри, бидејќи на таа длабочина воопшто не се гледал крајот. Имено, меѓународен тим нуркачи и спелеолози го истражуваат подводниот терен веќе неколку години.Врело почнува со хоризонтален дел од 450 метри и завршува во собата позната под името „зона на самракот“. Од тука пештерата се спушта во утробата на планината. На околу 120 метри длабочина тунелот се дели во два правци. Во првиот обид, истражувачите на пештерата стигнале на точка од околу 140 метри, преминувајќи ја така длабочината од 100 метри која претходно ја освоил белгискиот нуркач Марк Вандермулен. Во следните обиди стигнале и до 190 метри длабочина. На таа длабочина се наоѓа платформа од која пештерата продолжува да се спушта. Италијанецот Луиџи Казати, Белгиецот Марк Вандермулен и македонските нуркачи од клубот „Врело“, годинава се обидоа да го урнат рекордот од 212 метри во длабочина, поставен од Казати пред две години. Во своето прво нуркање во 2010 година, во десниот крак од подводната пештера „Врело“, Италијанецот Казати се симна до длабочина од 212 метри и претпоставуваше дека токму оттаму кракот повторно се дели на уште две нови продолженија. Притоа, не забележал дека има крај, што значи дека „Врело“ продолжува и понатаму во длабочина. Истата година, Казати, прво нуркаше во левиот крак, кој лани не беше испитан и дојде до неговиот крај, но утврди дека тој продолжува во хоризонтала. Влезот во Врело се наоѓа на околу 1,5 километар од браната Матка. Исто така, постои надземен дел над влезот во пештерата под назив Сува, во кој се наоѓаат сталактити и сталагмити. ![]() Актуелната длабочина не е дефинирана, но се претпоставува дека е преку 500 метри и со тоа Врело се смета за најдлабока подводна пештера во Европа. Пештерата е номинирана на натпреварот за нови седум светски чуда кадешто стаса до полуфинале. Според Италијанецот Касати, сите пештери се различни, имаат сопствена морфологија, но Врело е една прекрасна, бесконечно длабока и величенствена пештера, една од најубавите, ако не и најубава на Балканот. Иако во Матка има најмалку десет пештери со различни величини, според мислењето на вљубениците во пештери, токму Врело би можела да стане главна туристичка атракција која една мала земја како Македонија би можела да ја понуди. Пештера Убава Покрај Врело, меѓу пештерите во Матка, најпознати се пештерите познати како Убава и Крштална. Според спелеолозите, пештерата Убава е вистинска убавица затоа што изобилува со најразлични видови на спелеолошки украси. ![]() Се наоѓа на 100 метри над пештерата Врело и до неа се стигнува по 30-минутно пешачење по планинарска патека. Пештерата е делумно туристички уредена со тоа што во неа добивате поголемо авантуристичко доживување. По влегувањето во пештерата се движите низ ходник се до централната сала, од која лево и десно се одвојуваат белата сала и црвената сала кои своите имиња ги добиле по прекрасните чисти нијанси, со кои се природно обоени украсите во нив.Имено, двете галерии во пештерата изобилуваат со огромен број на пештерски украси. Особено импресивна е глетката на „шумата“ од сталагмити. Таваницата на пештерата е вистински дожд од сталактити, а посебно воодушевуваат столбовите близнаци кои се високи околу 6 метри и се со бела кристална боја. По ѕидовите на пештерата се среќаваат и неколку драперии и лепези. Под светлата на батериите , во црвената сала се доживуваат импресивни глетки од вистинскиот дожд од сталактити . Во белата сала пак, можат да се видат Близнаците со кристално бела боја. Во оваа сала може да се видат и безброј каскади исполнети со вода. Пештера Крштална Во склоп на спелеолошкиот Парк „Јовица Гроздановски“ се наоѓа и пештерата „Крштална“. Таа се наоѓа на 100 метри над езерото и е со вертикален отвор. „Крштална“ спаѓа меѓу понудите за похрабрите. Имено, за да се влезе во неа потребно е да се спуштите во внатрешноста со помош на јаже или пак со помош на специјални скалички. Единствено во оваа пештера можат да се видат специфичните украси-хелактити, кои растат во спротивност од земјината тежа.Всушност, станува збор за сталактити кои се формирале во спротивност од земјината тежа, односно, се јавуваат во искривена и извиткана форма. ![]() Овој спелеолошки објект е и зимско престојувалиште на колонија лилјаци. Токму поради нив, пештерата Крштална е ставена под посебна заштита. Пештерата завршува со езеро кое е поврзано со надворешното езеро Матка. Посетата на овој објект ќе ви обезбеди вистинска и незаборавна авантура.Првото крштевање, односно првото вертикално спуштање по јаже на секој почетник-спелеолог се прави токму во оваа пештера, по што и го добила името Крштална. http://www.skopjeinfo.mk/gradot/944895372/foto-reportaza-pesterite-na-matka |
|
![]() |
|
Ines ![]() Newbiе ![]() Joined: 02-Oct-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
![]() Edited by Ines - 03-Oct-2012 at 09:05 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |