Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#61 Posted: 12-Jan-2009 at 01:56 |
Originally posted by Vladimir P
Во право си !
 Но и за таа куќа важи истото
|
Добро тука сепак малце се други околности. Се зависи како ќе го уредат цел тој дел, што ќе дојде на местото на бараките на водовод итн. Засега единствен "траен" објект кој го сметам таму е оној на царина. Дефинитивно куќава нема некоја архитектонска вредност но веројатно постојат начини кога ќе се уредува цел тој кварт некако да се вклопи. Дотичната куќа која ја ставив јас на фотографија е веќе друга приказна. Проблемот е што дислокација нема да дочекаме во следните 234234 години. Државата треба да искешира солидна сума за објект со таква квадратура во центарот на Скопје и потоа да го сруши. Ако се водиме од претходните искуства и ги вкалкулираме коефициентот на лакомост и коефициентот на инает можеме комотно да ја помножиме целата идеја за уривање со нула.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#62 Posted: 12-Jan-2009 at 01:33 |
Originally posted by Vladimir P
@ pbanks
Само да не е презимето  |
изгледа се навлеков на смешкава на Владимир.
дефинитивно не е таа што ја посочив јас, таму колку што знам нема ниту базен ниту пак скулптури! а можеби и ги има но ги тргнале но која е логиката да ја оставиле таа куќа таму.
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#63 Posted: 12-Jan-2009 at 00:46 |
Во право си !  Но и за таа куќа важи истото
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#64 Posted: 12-Jan-2009 at 00:34 |
А сигурни ли сте дека тоа е куќата на Личеновски? Да не напраивме мубет во празно? Запазете ги болдираните делови.
Македонија доби музеј на Лазар Личеноски
Иако куќата
на познатиот сликар ќе биде прогласена за музеј, нема да биде формирана
нова институција - музејот „Лазар Личеноски“ ќе биде при Националната галерија на Македонија

Владата го одобри формирањето на новиот музеј „Лазар Личеноски“, што
ќе биде сместен во куќата на познатиот сликар, на кејот на реката
Вардар, под скопското Кале. Договорот со наследниците на
основоположникот на македонското современо сликарство се' уште не е
потпишан, зашто се' уште не се утврдени сите елементи. Според Ивица
Боцевски, портпарол на Владата, предметот е префрлен во Министерството
за култура, каде што треба да се утврдат последните детали.
Иако
куќата ќе биде прогласена за музеј, нема да биде формирана нова
институција - музејот „Лазар Личеноски ќе стане четвртиот обејкт при
Националната галерија на Македонија. Таа институција е надлежна за
Даут-пашин амам, каде што е сместена националната поставка на уметнички
дела, галеријата во Чифте-амам, во Старата скопска чаршија, и за
Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во центарот на Скопје.
Наследниците
на еден од најпознатите македонски уметници неодамна решија куќата што
ја изградил Личеноски во 1960/61 година, полна со слики и други
уметнички дела, да ја подарат на Македонија и да го исполнат аманетот
што им го оставил големиот сликар.
Куќата има приземје, во кое
се наоѓаат просториите за живеење, а на катот се наоѓа пространото
ателје во кое работел Личеноски. Таму е се' оставено како на 10 април
1964 година, кога тој ненадејно починал. Во ателјето, на штафелајот се'
уште е потпрено недовршеното платно. Во ателјето денес има стотина
ликовни дела работени во маслена техника и околу 40 мозаици. На
ѕидовите се закачени десетици портрети, бачила, долапи, на паркетот
една над друга се потпрени многу пејзажи и една од омилените теми за
сликање на Личеноски - пастрмки. Од ателјето се излегува на пространата
тераса. Таму, на ѕидот се наоѓа познатиот мозаик што се гледа и од
другата страна на Вардар.
Личеноски и неговата сопруга Зое
немале деца. Имотот на познатиот сликар го наследија неговите внуци и
поблиските роднини. Еден од нив е Драган Бошњакоски. Тој вели дека од
државата бараат само да инвестира во објектот и да го направи музеј.
Единствениот услов што го поставија беше музејот да го носи името
„Лазар Личеноски“.
- Ова е подарок. Таква беше желбата на покојниот Лазар Личеноски - изјави неодамна Бошњакоски.
Во
куќата треба да се постават алармни системи, да се уреди внатрешноста и
соодветно да се адаптира во музеј. Се' уште не е проценето колку ќе
чини инвестицијата. Според првичната замисла, за јавноста ќе бидат
отворени холот на приземјето, скалите, ателјето и терасата. Другите
простории ќе бидат искористени за администрација. Уметничките дела за
кои нема да има место во постојаната поставка веројатно ќе останат на
наследниците на Личеноски.
Во една од своите белешки, славниот
уметник напишал: „Мојот живот може да се подели, главно, на два дела:
триесет години жилава борба со неиздржливи напори за гол живот и
триесет години неуморна работа на уметноста“.
Роден е во
Галичник, под стрмните падини на Бистра, на 20 март 1901 година.
Детството го поминал во родното село, Призрен и во Тетово. По смртта на
татко му, се школувал во Скопје, Белград и во Париз. Четири години учел
во Уметничкото училиште, завршил наставнички курс и веднаш продолжил на
академскиот. Минал шест години во Белград, во тешки услови за живот. Се
дружел и живеел со своите колеги. Во 1927 година ја отворил првата
самостојна изложба во Скопје. Кога го завршил Уметничкото училиште, му
се отворил простор за уште една мечта - да го види Париз. Две години
минал во светскиот центар на уметноста, каде што излагал со група
југословенски уметници што престојувале во Париз. Повторно се вратил во
Белград. Во 1929 година ја отворил втората самостојна изложба во Скопје
и првпат се претставил во Белград. Во следните пет години живописал
неколку цркви во Македонија. Кон крајот на триесеттите години од
минатиот век бил преокупиран со сликање чочеци, бачила, долапи и
пејзажи. Во 1940 година со оженил со Зое Главина, наставничка по
француски јазик во Скопје. Втората светска војна ја поминале во
Белград. Зое раскажува дека во тоа време Личеноски, преку своите
другари, го помагал Народноослободителното движење во Македонија. На
крајот на 1944 година решил дефинитивно да се врати во Македонија. Во
следните осум години се занимавал со педагошка дејност и учествувал во
формирањето на културно-уметничкиот живот во Скопје и на Уметничката
галерија „Скопје“. Бил професор во Средната художествена школа,
денешното Училиште за применета уметност. Како претставник на првата
меѓувоена основоположничка генерација ликовни уметници, ја подготвил
новата генерација ликовни уметници во Македонија.
Личеноски
долго мечтаел за ателје, но откако се вселил во куќата, живеел кратко.
Боледувал од дијабетес, но бил експлозивен, со немирен дух и малку
внимавал на своето здравје. Зое Личеноски повеќе од четири децении
живеела сама во куќата, да го чува споменот на својата љубов. Таа веќе
десетина месеци живее во дом за стари лица, бидејќи и' е потребна
посебна нега. Идниот месец ќе наполни 90 години. |
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=A82038105A095648900F3A71C51DBE64&arc=1
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#65 Posted: 12-Jan-2009 at 00:12 |
логиката е дека сите возобновени и зачувани куќи галерии се споменици на културата само тоа не е напоменато во текстот, а бидејќи станува збор за атељето и куќата на Личеновски кој е основоположник на Македонското модерно сликарство, не верувам дека ќе се најде некој што ќе донесе таква одлука оваа куќа да се дислоцира некогаш па дури и да има оправдана причина за тоа, освен ако калето не се струполи врз неа!
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#66 Posted: 12-Jan-2009 at 00:07 |
И незнам зошто би била заштитена со закон, не е никакво архитектонско дело или ... Се поставува на тоа место спомен плоча и решена работа. Музеј се прави со сите нишани, за таков уметник, во посебен музејски простор или простории
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#67 Posted: 11-Jan-2009 at 23:40 |
Исправка за конкретниов случај: бетон, најавата за музеј воопшто не ми се допаѓа, но никаде не пишува дека куќата е „заштитена со закон“.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#68 Posted: 11-Jan-2009 at 23:40 |
Искрено не знаев дека ова е негова куќа. Како и да е останувам на ставот а тоа дека државата ќе ја превземе куќата би требало уште повеќе да ја поедностави целата работа. Навистина не гледам логика како тој објект би се вклопил во просторот па макар бил и музеј. Треба да најдат подобро решение.
инаку тоа едноставните куќи градени веднаш по војната треба да се средат односно за се што е во голем ринг или се наоѓа до некој значаен инфраструктурен или културен простор во СК, да има строги препораки за фасадирањето и зеленилото (доколку стопаните немаат интерес да градат нешто ново што е зацртано според новите дупови) јас мислам дека не се проблем толку индивидуалните куќи како горенаведената или оваа 41°59'29.8"N 21°26'41.7"E (наше мало продукција со кубанското знаме на прозор) кај раскрсницата спроти кондураџијата кенан, бидејќи лесно се излегува со нив на крај туку попрво дека проблем се колективните згради како онаа до наше мало 41°59'28.3"N 21°26'39.4"E или онаа каде треба да поминува новата улица Борис Кидрич која треба да излезе кај тутунски 41°59'22.6"N 21°26'44.8"E , и сега колку што имам приметено фасадите на индивидуалниве куќи се средени за разлика од овие нискиве колективни згради кои ај што се распаѓаат од надвор туку се распаѓаат и внатре... исто кондураџијата кенан малку ептен е old school откако од плоштад го преселија кај нова железничка, но тоа се средува лесно или ќе му дадат нова и подобра бутка или нова локација!но добро би било да има до железничка простор кај што можеш да изнајмиш или исполираш кондури! |
Да во право си дефинитивно помалите објекти се помалку или повеќе доведени во ред. Сепак голем дел од нив ни средени не треба веќе да постојат. Стандардна апсурдна ситуација, Дебар Маало и Буњаковец кои беа преполни со такви мали објекти од 2-4 ката кои одговараа на околината и кои беше логично да се очуваат ги уништија а сега вакви поедини објекти насадени во околини каде контекстот неповратно се сменил уште одавна ќе ни бодат очи.
За онаа до Наше Маало што ја спомнуваш мислам дека важи она што го реков општо за населба Пролет. Или треба да се среди целиот кварт како што треба или треба да се наоѓа ново решение. Мислам дека тука утнаа што ја изградија онаа високата станбена (функционерска) зграда од која го сликаме Веро. Таа зграда е комплетно без врска. Исто така не сум сигурен што се точно ќе опфаќа новиот Турски театар кој треба да се прави тука и како ќе одговара со околината.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#69 Posted: 11-Jan-2009 at 23:39 |
Originally posted by beTon
но веќе е заштитена со закон |
Бог да чува, кај нас се што пречи а нема никаква вредност е заштитено  Се прашувам кога ли ќе созрееме доволно за да почнеме да ја оправаваме ситуацијата и на ова поле. Навистина кога веќе еднаш нешто ќе се заштити е десетоструко потешко да се справиш со такво чудо, но ќе мора да се тргне радикално - едноставно има премногу вакви случаи низ градов и ситуацијата долгорочно е неодржлива. Само во меѓувреме ќе имаме доста од тоа село во град или подобро речено селски град.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#70 Posted: 11-Jan-2009 at 23:25 |
па ако падне куќата ќе падне и презимето но веќе е заштитена со закон Куќата на Лазар Личеновски ќе стане музеј - А1 - 15.09.2007 инаку тоа едноставните куќи градени веднаш по војната треба да се средат односно за се што е во голем ринг или се наоѓа до некој значаен инфраструктурен или културен простор во СК, да има строги препораки за фасадирањето и зеленилото (доколку стопаните немаат интерес да градат нешто ново што е зацртано според новите дупови) јас мислам дека не се проблем толку индивидуалните куќи како горенаведената или оваа 41°59'29.8"N 21°26'41.7"E (наше мало продукција со кубанското знаме на прозор) кај раскрсницата спроти кондураџијата кенан, бидејќи лесно се излегува со нив на крај туку попрво дека проблем се колективните згради како онаа до наше мало 41°59'28.3"N 21°26'39.4"E или онаа каде треба да поминува новата улица Борис Кидрич која треба да излезе кај тутунски 41°59'22.6"N 21°26'44.8"E , и сега колку што имам приметено фасадите на индивидуалниве куќи се средени за разлика од овие нискиве колективни згради кои ај што се распаѓаат од надвор туку се распаѓаат и внатре... исто кондураџијата кенан малку ептен е old school откако од плоштад го преселија кај нова железничка, но тоа се средува лесно или ќе му дадат нова и подобра бутка или нова локација!но добро би било да има до железничка простор кај што можеш да изнајмиш или исполираш кондури!
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#71 Posted: 11-Jan-2009 at 19:39 |
@ pbanks Само да не е презимето
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#72 Posted: 11-Jan-2009 at 18:36 |
Уште еден кандидат во близина на транспортен центар
41°59'22.79"N 21°26'47.62"E
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#73 Posted: 11-Jan-2009 at 18:26 |
Ова е уште еден обект што апсолутно мора да се урне еден ден. И на таа локација понатаму не треба да се гради ништо бидејќи е мала а и било кој објект би го попречувал погледот кон тврдината.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#74 Posted: 11-Jan-2009 at 18:13 |
Originally posted by Cloverstack
Крстосницата кај црвен крст од сите четири агли е сардисана со стари грдосии, ама којзнае колку ќе чекаме тоа да се смени 
|
Да ама не би ги рангирал сите исто. Оние ниските блокови карши Димитар Миладинов (Браќа Рибар) школото се пристојни. Не се можеби за во центар но се пристојни. Од страната на Димитар Миладинов е прилично зезната работата и таму треба некој рецепт како оној кој сме го заговарале за кулите во ГТЦ. Овие пак од страната на QBE се апсолутно ругло без никаква вредност.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#75 Posted: 11-Jan-2009 at 18:10 |
Крстосницата кај црвен крст од сите четири агли е сардисана со стари грдосии, ама којзнае колку ќе чекаме тоа да се смени
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#76 Posted: 11-Jan-2009 at 18:03 |
Колку што јас имам информации тие две згради биле изградени привремено после земјотресот но незнам колку е веродостоен муабетов пошто е чаршиски.
Како и да е од авион се гледа дека не се вклопувале во визијата на градските планери со градењето на QBE до нив и дека ги спасила само транзицијата.
Дефинитивно некоја добра деловна зграда на тој простор е многу потребна. Цела 11 Октомври до раскрсницата со ТКС е одавна прилично динамична и полна со фирми и со живот но токму ваквите објекти кои ги има во околината во изобилство на чело со овие два кои ги збориме некако не тераат сите потсвесно да ја повлекуваме границата на центарот на Скопје по должината на бул. Кочо Рацин.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#77 Posted: 11-Jan-2009 at 18:00 |
Originally posted by pbanks
[QUOTE=lslcrew] Кај QBE за почеток би ги корегирали неколкуте станбени блокови во тој дел (оној на раскрсницата со Кочо Рацин каде што е Промес и тој во продолжение веднаш до QBE). И тоа би ги корегирал со хилта.
Мислам дека тоа се две страшно грди згради на многу битни локации.
|
Па тие две згради страшно го заградуваат просторот и не му даваат да се развива. Страи се зградиве којзнае колку време. Незнам колку е цена на квадрат тука, ама се надевам ќе се најде некој што ќе му се исплати да ги бутне и да напраи некој деловен центар. Замислете една соравиа тука или нешто слично?!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#78 Posted: 11-Jan-2009 at 17:58 |
41°58'45.49"N 21°26'39.58"E
Незнам дали сте приметиле, ама ова е куќа у сред маало со згради! У радиот од неколку стотици метри нема друга куќа, само оваа е! Ваљда на времето кога се урбанизирал овој простор сопственикот бил некоја фаца ипол па сега уште никој не го дира. Ај ваљда сега со Првомајска ќе го тргнат од тука, пошто инаку треба од врата да излага на сред тротоар. Лани му ја хилтаа гаражата, сега малку со првомајска ќе го гребнат и полека полека....
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#79 Posted: 11-Jan-2009 at 17:57 |
Originally posted by lslcrew
Па добро си ме сватил, зборам за оние селца расфрлани по цело Скопје. Таман работа работа за оној средениот дел што е позади QBЕ. Тука кај што е амбулантата, тој дел е урбанизиран. Неурбанизираното почнува од автобуската југодрво па накај НБРМ. Ја би корегирал и малку и накај QBE и покрај тоа што е урбанизирано. ВЕРО ваљда ке потегне бран на урбанизација и навака малку према QB.
А за тие куќите што викаш дека се стари. Ја од тие куќи воопшто не ни очекувам да може да се извлече нешто. Којзнае колку се пореметени во статиката, да не збориме колку човечкиот фактор накнадно ги пореметил итн. Ај ваљда ќе има некој имтерес за изградба на овој дел. Тука малку мислам и дека зградите некако го затвараат тој простор и го прават неатрактивен, но подобро да го затвараат пошто така па на ништо нема да личи.
Оставам времето да покаже. Нормално
|
Кај QBE за почеток би ги корегирали неколкуте станбени блокови во тој дел (оној на раскрсницата со Кочо Рацин каде што е Промес и тој во продолжение веднаш до QBE). И тоа би ги корегирал со хилта. Мислам дека тоа се две страшно грди згради на многу битни локации.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#80 Posted: 11-Jan-2009 at 17:55 |
Еве мала историја за тој дел. До земјотресот била една од побитните улици во Скопје. Денеска е останат само дел (почетокот на улицата почнува од број 63 ако не се лажам кај социјално)
НЕПОЗНАТА МАКЕДОНИЈА
"Ленинградска", улица што не претставува никого
"Ленинградска"
е една од улиците кои некогаш започнуваа од кејот "13 Ноември". Веднаш,
по почетокот, таа вртеше малку лево и завршуваше пред "Арифбеговиот"
отворен канал, близу до "Монополот", сега Тутунски комбинат. Името го
доби, по ослободувањето,
"Ленинградска" е една од улиците кои некогаш започнуваа од кејот "13
Ноември". Веднаш, по почетокот, таа вртеше малку лево и завршуваше пред
"Арифбеговиот" отворен канал, близу до "Монополот", сега Тутунски
комбинат. Името го доби, по ослободувањето, како и многу други улици во
Скопје во чест на градот-херој Ленинград. Некои од тие улици како
"Московска", "Сталинградска" и други, по раскинот меѓу Тито и Сталин,
беа преименувани. Така "Московска" стана "Народен фронт", па "Наум
Наумовски- Борче", а "Сталинградска" сосема исчезна и сега е "Ѓуро
Ѓаковиќ", а "Ленинградска" си остана до денес со тоа име. Нејзиниот прв
дел, беше калдрмисан, тесен и кривулест, граден уште во "турско" и со
"бољме" куќи од двете страни. Останатиот дел, кон "Монополот", изграден
по Првата светска војна, беше во права насока, широка и со дрворед. На
"Ленинградска" освен станбени објекти, беше прошарана и со повеќе
општествени. И како ретко која улица, имаше дури четири училишта.
Најстар беше комплексот згради на "Првата машка гимназија" изградена
уште во турскиот период. По ослободувањето го доби името на народниот
херој Цветан Димов. таа беше лоцирана на сегашниот Градски трговски
центар. Имаше огромен двор, озеленет со разгранети липи, а под една
чешма. Зградата во форма на "Г", која излегуваше на "Ленинградска",
имаше богато орнаментирана фасада, во жолта боја, и во неа беа, на
приземје и кат, сместени само училници и кабинети кои за тоа време -
1945 г. беа современи. Другиот објект, во квадратна форма, исто на
приземје и кат, беше за повеќе намени: директорска и наставничка
канцеларија, две сали, различни по димензии и ентериер и повеќе
училници. Салата на приземјето служеше за културно-забавни манифестации
по разни поводи. Имаше сцена, а од спротива балкон и овална
розета-прозорец над него. Од страна имаше и три пространи прозорци кои
богато ја осветлуваа салата и создаваа пријатна атмосфера. Во тогаш
честите приредби, организирани од учениците, учествуваа гимназијалниот
хор, рецитатори, соло-инструменталисти и вокални исполнители со
естетска одбрана содржина.
Горната сала била наменета наменета за конференциски средби, но
најмногу се користеше за проби на хорот. беШе со богато орнаментиран и
естетски збогатен таван, со три огромни, горе полукружно, изведени
прозорци и сето тоа чинеше една колоритна архитектонска хармонија во
духот на виенскиот стил, среде околните пониски ориентални куќи.
Најпријатно во тој салон беше зиме, кога хорот навечер пробаше некоја
руска композиција, а преку прозорците се гледаше како надвор тивко паѓа
снег! Од влезот на зградата кон долната сала, водеа широки скали со
гелендери од орнаментирано ковано железо, а кон катот, тие во ист стил,
беа двојни и го поврзуваа салонот и училниците. Пред гимназијата имаше
широк сквер кој во војната бил раскопан во цик-цак ровови.
Во 1946 година, тројца матуранти, кои беа казнети, го уредија целосно.
"Прва машка" тука работеше до 1948 година потоа се пресели кај
денешната МАНУ. писателот Благоја Иванов по тој повод, има напишано во
својата книга "Од онаа страна на заборавот": "Во еден миг требаше да се
делиме од старата зграда на "Прва машка гимназија" и да поминеме во
новата што веќе се градеше. Со тешко срце се делевме од старите
училници, од големиот двор со чешма од која не течеше вода, од клупите
на кои бевме затекнале, кога дојдовме, многу таинствени пораки од
нашите претходници и на кои ги оставивме нашите знаци на постоење. За и
по нас да трагаат по смислата на нашите пораки оние што ќе седат во
нив. И тоа сега се изгубени пораки како што неповратно се чини
влегувањето во старата зграда на Прва машка"...Гимназијата, потоа,
стана Студентски дом, па Виша педагошка академија и на крајот Четврта
гимназија, подоцна "Раде Јовчевски Корчагин". Интересно е што уште
мирисаше на "Прва машка", а во дворот до чешмата никна една од кулите,
сега во состав на ГТЦ. Од таа гимназија излегоа многу познати и учени
луѓе. Спроти гимназијата беше малата зграда на првото балетско
училиште-расадник на таленти, почнувајќи со "Карпошовките" на чело со
Натка Пенушлиска и нејзините другарки. Први партнери им беа и ученици
од "Прва машка". Чудно, но токму балетското училиште и името на
улицата, асоцираат на градот кој е "престолнина" на класичниот балет -
Ленинград! Стариот дел на улицата завршуваше кај "Уредот", денешна
Градска болница. Таа зграда и по повеќе децении, архитектонски и
функционално е вистинска класика. Крилото што допира на "Ленинградска"
е бања со тушеви, кои ги користеше, некогаш и граѓанството, што денес
не е така.
Веднаш по ослободувањето "Уредот" уште немаше конкретна намена, кусо
време, па во една од просториите на првиот кат, се одржуваа и игранки.
Потоа, тука беше Министерството за труд и Сојузот на синдикатите на
Македонија, чии амблем се наоѓаше на врвот на зградата и ми се чини
дека тоа беше првата социјалистичка "реклама". Оттука па до крајот, на
"Ленинградска" имаше уште неколку интересни објекти: Трговската
академија (подоцна Економски техникум, здание во квадратна форма на
приземје и кат, а во средината пространа сала, наречена "Аула" чии
страни ги красеше колонада од елегантни столбови, а горе пространи
балкони. Зградата имаше имаше и национални архитектонски елементи.
Подоцна беше изграден уште еден кат, што беше причина да ја изгуби
статиката и да настрада во земјотресот. Тука учел и поетот Коле
Неделковски. Спроти неа имаше објект кој служел како интернат на
трговската академија. Во педесетите стана Учителско-домаќинска школа но
по неколку генерации беше укината. Веднаш до неа, на ќошето на
"Ленинградска" и булеварот "Кочо Рацин", но со влез од истиот беше
изградена приземна зграда, во која се смести СОФК ( Сојуз на
организација за физичка култура). Во нејзината просторија, тие години,
се прожектираа, прв пат во Скопје, тродимензионални филмови, за што се
употребуваа и специјални очила. Во јануари 1960 година, тука се одржа и
основачкото собрание на Организацијата на лизгачки спортови, хокеј и
ролшуи. Во првата "Управа" тогаш беше избран и познатиот пејач на
народни песни Никола Бадев, чија ќерка беше мајстор на ролшуи. Еден
ликовен уметник, инспириран веројатно од нејзините изведби имаше
изработено слика во масло, "Девојче на ролшуи". Сликата долго време
беше во канцеларијата на директорот на спортскиот центар"Кале", под
Калето...
Пак од спротива на оваа улица и булеварот "Кочо Рацин", изградена пред
војната, е некогашната зграда, позната кај старите скопјани како "Берза
рада" (Берза на трудот), денешното "Пензиско". Извонреден архитектонски
објект, кој сега има повеќе доправки со што е нарушен нејзиниот
идентитет. На истата страна имаше, некогаш, четири вакувски згради, на
кат, со две идеални половини и два влеза, пространи и естетско успешно
обликувани. За жал, на едната има исто така доправки- доизграден е кат
со железни елементи во вид на мансарда. Нивната хармонија е нарушена и
со тоа што скоро сите имаат по една половина реновирана и една остарена
зашто откако се направени не се одржувале редовно. Пред земјотресот беа
четири. Во продолжение, подоцна се изградени, три згради кои "сакаат"
да личат на вакуфските. Но немаат душа. Сите наброени вредни
општествени објекти, кои и сега постојат, освен, "Трговската
академија", за секој архитект со вкус, би биле добра инспирација. Од
другата, левата страна, на овој дел од "Ленинградска" има повеќе
приватни успешно изведени, пак пред војната, објекти. Тука сега е
карактеристично дека земјотресот оставил длабоки траги. Имено, на една
зграда пред катастрофата е дограден кат, во ист стил, но денес таа
речиси е пуста. Подолу, пак, сопственикот на куќата, која била на кат,
го симнал катот сметајќи дека така спокојно ќе живее, во приземјето.
Крајот на "Ленинградска" сега завршува со една висока зграда, која и го
попречува видикот па личи на ќорсокак. Денес, од "Ленинградска" е
останат само овој дел, од булеварот натаму, другото е прегазено од ГТЦ
и Градски sид. Тоа е биографијата на оваа скопска улица, која носи име
на еден древен град - престолнина. Тој град веќе си го носи првобитното
родено име - Санкт Петербург, а нашата улица сега е само спомен на
времето за покажаното херојство на неговите граѓани. Име и време што
остана само парченце од историјата на тој град и држава. |
Извор: Вест
|
 |