![]() |
![]() |
![]() |
Железници (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 69> |
Author | |
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
![]() Циркуз за без пари си имаме, тоа е нашата чудесна банана држава ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
НАВИСТИНА СМЕ „НАПРЕДНИ“: Локомотива стара 4 децении прегреала и сега нема воз од Скопје до Кичево
Поради прегревање на локомотивата од возот кој е во употреба повеќе од четири деценции, моторниот воз цела седмица не сообраќа на релација Скопје – Кичево. Патници сведочеле дека пред две седмици на нагорнина локомотивата се прегреала и застанала. Од тогаш не функционира. А и како би функционирала кога е стара со децении. Тие кои често патуваат на оваа релација потврдуваат дека им рекле оти топлото време и нагорнината на пругата се причина за прегревање на локомотивата https://faktor.mk/navistina-sme-napredni-lokomotiva-stara-4-decenii-pregreala-i-sega-nema-voz-od-skopje-do-kichevo |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Србија планира брза пруга до македонската граница, што планираме ние?
Европската унија е подготвена да ја поддржи изградбата на пругата меѓу Белград и Северна Македонија, најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по разговорите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Брисел. Брзата пруга која ја планира Србија ќе оди од Белград до Ниш, а од таму на југ се до границата со Северна Македонија. Вучиќ изрази надеж дека договорот ќе биде потпишан наскоро и изјави „Ќе добиеме од 35 до 50 отсто од средствата од фондовите на ЕУ за тој проект. Тоа е дел од Зелената агенда. Тоа за нас е се големи пари, околу 600 до 700 милиони евра за тој проект“. Македонија за изградба на својата железничка инфраструктура на располагање има 55,74 милиони евра од Еверопската банка за обнова и развој за периодот 2021-2023, и дополнителни неповратни грантови од 27 милиони евра, главно за коридорот 8 (источен дел). Ова го покажува објавениот бизнис план за 2021 на МЖ Инфраструктура. Според бизнис-планот на МЖ Инфраструктура, оваа година ќе бидат инвестирани само 18,67 милиони евра, од кои од Европската банка за обнова и развој ќе следуваат 12 милиони евра како кредит, додека како грант 4,05 милиони евра, Остатокот се буџетски средства. Најмногу пари годинава, околу 940 милиони денари, МЖ Инфраструктура ќе потроши на реконструкција на делницата Куманово – Бељаковце и на изградба на делницата Бељаковце – Куманово. На првата делница во должина од 30 километри до сега се инвестирани 1,7 милијарди денари. Двете фази треба да ги продолжи нов изведувач кој треба да биде избран годинава. ![]() Долгорочно, железничката делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, според бизнис-планот, ќе чини 404,7 милиони евра, а засега од ИПА се обезбедени 60,76 милиони евра, се вели во планот. Бизнис планот за 2021 на МЖ Инфраструктура може да го погледнете тука. https://www.porta3.mk/srbija-planira-brza-pruga-do-makedonskata-granica-shto-planirame-nie/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Рампата кај Хиподром подигната веќе една недела, возови си поминуваат
![]() Рампата на железничкиот премин кај Хиподром веќе една недела е подигната. Возачи кои го користат тој пат велат дека рампата не функционира, ама возовите си поминуваат. – Страшна работа. Колку луѓе изеде таа рампа само Господ знае. Во Железници не ни водат евиденција. Точно е и дека немаме сообраќајна култура, ама која култура бараме кога ништо не е одбележано по закон и пропис. После таа неодбележана пруга се влегува во ничија територија каде што ништо не функционира, ниту се финансира. Скопје е до таа пруга – вели Никола Велевски. Александар Нешкоски претпоставува дека рампата е подигната затоа што, според него, можеби е украден дел од кабелот што ги поврзува рампите со станицата. – Ако е до тоа, Железница можеби и не знае дека рампата не работи, а машиновозацот во тој случај не е должен да застане пред рампата. За се си има некои правила и прописи – констатира Нешкоски. Васе Ристовски, пак, коментира дека во Железница знаат за проблемот и затоа машиновозачот полека го движи возот. – Вчера ми се случи од Трубарево кон град и еве денеска од град кон Трубарево. Вцера полека возев и кога видов од левата страна срце ми застана. Пријавив во 192, ми рекоа ќее превземат мерки, но ништо не превземале – вели тој. За една недела, за среќа се нема случено некоја несреќа. ![]() Жители на Илинден исто така објавуваат фотографии дека е подигната и рампата кај Илинден. (С.Бл.) https://www.vecer.press/рампата-кај-хиподром-подигната-веќе-е/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Еве една интересна слика што не се гледа секој ден по македонските пруги. Не се сеќавам во поново време да се користела некогаш железницата кај нас за воени сврхи. Дали може некој да ги препознае ознаките на вагоните? дом станица? можда се евентуално грчки?
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Реформи во железничкиот сектор нема, количеството на превезени стоки лани било намалено [инфографик]
![]() Железници на РСМ-Транспорт лани со своите товарни возови успеала да превезе 1.744.000 тони стока, што е за речиси 100.000 тони помалку во однос на 2019 година. Наспроти неа, со камиони во 2020 година во земјава биле превезени 64.844.000 тони стока со вклучен транзит, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Товарниот патен превоз е во апсолутна доминација, додека железничкиот сообраќај и во 2020 година единствено ги собирал трошките првенствено од транзитот на стоки низ нашата земја, од пристаништата во Грција кон Средна Европа и обратно. Лошата состојба во која се наоѓа товарниот железнички сообраќај не е нималку променета и за време на корона кризата. За разлика од драстичното намалување кај бројот на патници, Железници на РСМ-Транспорт бележи благо намалување на количеството на превезени стоки во 2020 година. Сепак, веќе шест години наназад, товарниот железнички сообраќај бележи под 2 милиони тони стока превезени со возовите, иако во минатото, на пример, во 2008 година, статистиката бележела дека со железницата биле транспортирани над 4,2 милиони тони стоки. За разлика од него, со патниот товарен превоз во 2008 година биле превезени 20 милиони тони стоки, додека лани ова количество е за повеќе од тројно зголемено. Причините за преориентацијата на економијата од железница на камиони се многубројни, а се должат на состојбата во која се наоѓа железничкиот сектор во земјава. Македонија е единствена земја на железничкиот Коридор 10 во која постои монопол од државниот железнички оператор во користењето на железничката инфраструктура, што ги прави товарните возови неконкурентни во споредба со бројните транспортни фирми во патниот превоз. Бројот на локомотиви и товарни вагони во сопственост на Железници на РСМ-Транспорт воедно е и премал за да одговори на потребите на компаниите. Железничкото претпријатие е натрупано со долгови, кои заклучно со крајот на 2020 година пораснале на околу 58 милиони евра. Дополнителни 7,6 милиони евра загуби од работењето се очекуваат во 2021 година, иако Железници на РСМ-Транспорт е обврзана дел од долговите во претстојнава година и да врати. „Мета.мк“ веќе во неколку наврати во изминатиов период пишуваше дека ставањето на проблемот „под тепих“ нема да ја реши агонијата со најголемиот државен загубар во земјава. Самото железничко претпријатие во Бизнис планот за 2021 година наведува дека е заглавено во долгови, кои не му се отпишуваат, каматите растат, а странските железнички компании се закануваат со присилна наплата на неподмирените обврски. Актуелната влада вети дека излезот од ваквата состојба ќе се бара во изработка на нова физибилити студија, со која треба да се определи дали Железници на РСМ-Транспорт ќе се приватизира или реформите ќе се вршат по јавно-приватно партнерство. Сепак, една Студија за бизнис сегментација на Железници на РСМ-Транспорт веќе беше изработена минатото лето, и тоа од страна на италијанската консултантска куќа „Pricewaterhouse Coopers Advisory S.r.l“. Експертите веќе предупредија дека доколку ги отпочнеме преговорите за пристапување со Европската Унија, со отворањето на поглавјето „Транспорт“, можно е ЕУ да побара веднаш да го либерализираме пазарот на железнички услуги, од што пак најголема штета би претрпела токму Железници на РСМ-Транспорт. За Србија веќе имаше вакво барање. Искуствата од другите земји покажуваат дека државата треба да направи јасен план што ќе се случи со заостанатите долгови на државната железница, по што да следи реструктурирање Железници на РСМ-Транспорт на три посебни фирми: една која ќе го развива патничкиот железнички превоз, вклучувајќи го и можниот развој на градско-приградска железница во Скопје, аеродромски воз итн., втора која ќе се натпреварува со приватните фирми во товарниот железнички транспорт и трета, која ќе им понуди на сите компании одржување на возниот парк од локомотиви и вагони на подрачјето на земјава. https://meta.mk/reformi-vo-zheleznichkiot-sektor-nema-kolichestvoto-na-prevezeni-stoki-lani-bilo-namaleno-infografik/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Со долговите што ги има, Железницата може да ни ја „приватизираат“ преку присилна наплата
Долговите што ги има натрупано најголемиот државен загубар во земјава, Железници на РСМ-Транспорт се високи како Монт Еверест. Доколку државните власти, под итно не преземат конкретни мерки за нивна санација, железницата нема да има потреба да се приватизира или да се склучува јавно-приватно партнерство за нејзина трансформација, бидејќи преку присилна наплата на долговите би можело да се реши прашањето за нејзиното идно функционирање. 3.569.771.811 денари, или околу 58 милиони евра, се досегашните неплатени обврски на Железници на РСМ-Транспорт кон разни субјекти во земјава и во странство, се наведува во Бизнис планот за работа за 2021 година на државното железничко акционерско друштво. Сепак, во оваа сума не влегуваат и каматите на долговите, кои растат од година во година со нивното неплаќање. Меѓу она што е доспеано, а неплатено од Железници на РСМ-Транспорт како обврски може да се подели на четири главни дела: долгови кон македонската држава и државни компании (ЕЛЕМ, МЕПСО, Министерство за финансии, ЈП за железничка инфраструктура), долгови кон приватни фирми (Пуцко петрол, ЕФГ Софија, приватни железници), доспеани неплатени обврски кон странски државни железници за периодот 1991-1995 година и доспеани неплатени обврски кон странски железници за периодот 1996-2020 година. Најзагрижувачки се долговите кон Бугарските и Хрватските железници направени во периодот 1991-1995 година, во вредност од 4.520.454 евра и 3.619.518 евра. Па така, по трансформацијата на Хрватските железници на Хрватски железници патнички и Хрватски железници Карго, делот на долгот кој ѝ припаднал на карго компанијата е продаден на CIOS Загреб, при што првичните обврски од над 3,6 милиони евра со камата достигнале фантастични 18.595.278 евра и сумата континуирано расте, а доставено е барање од полномошник на хрватската компанија за наплата на долгот. „За барањето на CIOS Zagreb се запознаени сите надлежни институции и Владата на Северна Република Македонија“, алармираат од Железници на РСМ-Транспорт во објавениот Бизнис план за 2021 година и дополнуваат дека ова барање е предмет на разгледување и за истото се преговара за да се изнајде начин да се реши без загрозување на и онака влошената финансиска состојба. Понатаму, во објавениот документ се наведува дека иако со повеќе странски железници, Железници на РСМ-Транспорт во минатото склучило спогодби за одложено плаќање на обврските настанати во период 1996-2019 година, поради недостигот на средства навремено не ги извршува истите и можно е да се изгубат одобрените ослободувања и да се пристапи кон присилна наплата на побарувањата. „Обврските кон странските железници постојано се зголемуваат и бидејќи плаќања воопшто не вршиме, постојано добиваме опомени кои во секој момент би се актуелизирале и би не довело во опасност од тужење и присилни наплати“, се вели во Бизнис планот за работа за 2021 година. Тие дополнуваат дека опасност од присилна наплата постои и од добавувачите од земјава и од странство, бидејќи железницата не е во можност навремено да ги плаќа долговите и истите постојано се акумулираат. Воедно, Железници на РСМ-Транспорт планира да ја заврши 2021 година со предвидена загуба во работењето во висина од 469.580.000 денари (околу 7,6 милиони евра). „Сметаме дека само со помош од државата би можеле да ја надминеме состојбата во која се наоѓаме и да можеме без тешкотии да го извршуваме нашето работење“, велат од Железници на РСМ-Транспорт, потсетувајќи дека долговите по основ на железнички превоз кон странските железници по поделбата на Македонски железници во 2007 година им припаднале на нив. Од Железници на РСМ-Транспорт во Бизнис планот за 2021 година напоменуваат дека проблем се и набавените четири дизел моторни возови (ДМВ) и два електро моторни возови (ЕМВ) од Кина од претходната влада, но и доцнењето на испораката на четирите електрични локомотиви што беа купени од истиот кинески производител а пристигнаа дури лани. „Квалитетот на испорачаните ДМВ и ЕМВ не е во согласност со понудениот од добавувачот и затоа според одредбите од договорот, треба да не ги платиме 10 отсто од договорената вредност односно да се изнајде заедничко решение и за доцнењето на локомотивите бидејќи набавката е од иста кинеска фирма“, се наведува во документот. Државните власти пак акутниот проблем со Железници на РСМ-Транспорт постојано го ставаат под тепих. Минатото лето конечно беше изработена Студијата за бизнис сегментација на државниот железнички оператор, и тоа од страна на италијанската консултантска куќа „Pricewaterhouse Coopers Advisory S.r.l“. И покрај тоа што беа понудени модели за идно преструктурирање на ова претпријатие, сегашните најави на владата одат во насока на изработка на нова физибилити студија за процесот на приватизација на Железници на РСМ-Транспорт. „Мета.мк“ во три наврати изминатиов месец го праша Министерството за транспорт и врски за тоа што суштинско би се добило од изработката на нова физибилити студија и за други прашања во врска со реформите во железничкиот сектор, но одговор на овие прашања до денешен ден не добивме. Премиерот Зоран Заев изминатава есен најави реформи на државните загубари, кои треба преку приватизација или јавно-приватно партнерство да го надминат проблемот со натрупување загуби во нивното работење, вклучувајќи ги тука и Железници на РСМ-Транспорт. Сепак, конкретни рокови за нивна реализација не беа споменати. Инаку, Извештајот за напредокот на нашата земја за 2020 година на Европската комисија (ЕК) во делот на транспортот е преполн со критики. Железничкиот сектор во земјава треба да биде трансформиран, а Европската комисија забележува на отсуството на одвојување на патничкиот од товарниот железнички сообраќај кај единствената компанија за железнички превоз во земјава – Железници на РСМ-Транспорт. „Мета.мк“ повеќе од една и пол година наназад пишува за неопходните реформи во железничкиот сектор, за кои и експертите се согласни дека колку повеќе се одолговлекуваат од страна на државата, толку повеќе болни може да бидат и за самото железничко претпријатие и за неговите вработени, но и за целото македонско општество. https://meta.mk/so-dolgovite-shto-gi-ima-zhelezniczata-mozhe-da-ni-ja-privatiziraat-preku-prisilna-naplata/ |
|
![]() |
|
Bertu ![]() Newbiе ![]() Joined: 01-Apr-2020 Online Status: Offline Posts: 2 |
![]() ![]() |
Zdravo ima li nesto od ideata za brza pruga od strana na kina?
|
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Така е! Ако одиш Скопје-Куманово, треба уште барем 60-80 ден да потрошиш за такси од железничката станица до градот! Ма и 200 ден да чини автобуската карта, си ја зимам ама како човек за 40 мин сум во центарот на градот, а не во некое темно местенце таму на периферија, глутница чучиња да ме изеде! Нека пропадне, па да ќе продадеме железото, подобри патишта ќе направиме. ![]() |
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Јас ќе ја вратам дискусијата со многу важниот за мене момент во железницата, а тоа е оддалеченоста на сите железнички станици од самите места. Поентата низ западноевропските држави за користењето на железниците е дека тие те симнуваат во строгиот центар, а не на 5 километри од местото.
Еве на пример сакаш да патуваш од Скопје до Неготино. Станицата е толку далеку, да тебе ти треба такси превоз за да дојдеш до самиот град, што цената за превозот веднаш ти е поголема отколку автобус. |
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Всушност, поентата ми беше дека немам против автобускиот превоз како концепт, но железниците се далеку поефикасни доколку се користат како што треба. Затоа, или треба да се регулира автобускиот и такси превозот, при што ем ќе добиеме далеку подобра и побезбедна (годишнината од Ласкарце беше сега ![]() |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Па за да нема празни вагони, треба да нема нелојална конкуренција. Замената на непрофитабилните линии со автобуски линии (кои предложив ги оперира железницата на отсечките од секторите каде нема патници, пример Велес-Кочани или Тетово-Кичево) е решение кое го предлагам додека возовите се празни. Тие и ќе продолжат да бидат празни додека не се приватизира железничкиот сообраќај (а и тогаш прашање е далу ќе се заинтересира некој да влезе во патничкиот сообраќај доколку претходно не се реши автобускиот и дивиот превоз). А чисто малку на тема автобуски превоз, ебати претприемачите во државава кога на никој му нема текнато да воведе нон-стоп линија Битола-Скопје (или па Скопје-Охрид или Скопје-Струмица) како за почеток (моменталните застануваат најмалку во Прилеп и Велес, а понекогаш и во отепани села, а едвај има по еден патник за тие дестинации), а за понатаму некој да воведе и прва класа/бизнис класа со по едно седиште наместо две (кое би било поскапо, што би се исплатело кога автобусот не е 100% полн), или барем со полначи и бесплатно кафе. Значи од едно селце како Лерин до Солун и Атина има директна линија со 0 застанувања, и се стига за 2 часа, а од Битола се патува 3 часа и 40 минути! Јасно ми е дека во тендерите за линии се бара и да бидат опслужени одредени рурални места (а се бара и партиска лојалност), но не станува збор за секое поаѓање. Значи се имам возено во Камбоџа и во Боливија (еееееј какви отепани земји) во автобус со fully flat седиште, со појадок и вечера, и ми се допадна повеќе и од авион. Толку нема некој транзициски профитер желба да направи повеќе пари? Од 7 поаѓања од Битола за Скопје, не може да има едно со директна нон-стоп рута, каде ќе има кафе и подобри седишта за поголеми пари? Не сме до толку отепани, некој би платил 200-300 денари поскапо за подобро искуство (особено ако има да заврши работа во Скопје за 24 часа), и дури не би одел со кола ако автобусот стига за 2 часа и има удобно седиште. Тоа беше и поентата на експресниот воз „Пелагонија експрес“. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
1. „Новите“ возови не работеа скоро цела година.
2. Џабе обновени железнички, ако нема како да стигнеш до железничката. 3. Нема линии. 4. Нема добар временски распоред. 5. Бавен превоз. Може цела анализа да се напише и не, не се виновни дивите превозници. |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Тоа што Македонија има најефтини горива во регионот изгледа е клучниот проблем зашто се случува цел тој нелегален превоз. Да се високи цените би го поскапело дивиот превоз. Ама па сите тие превозници на куп да ги собереш како потрошувачи, не трошат нафта колку една дизелашка што влече празни вагони. Нешто е слично како ситуацијата со греењето во Скопје. Луѓето добиваат субвенционирана цена на струја, а после се чудиме зашто се сиклучувале од парно. Така да, гитар не зафркавај
![]() |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Да се забранат нелегалните меѓуградски минибуси и „такси возила“, и притоа да се воведат многу поригорозни стандарди (и контроли) во меѓуградскиот автобуски превоз, ќе рипне железничкиот и тоа како.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Џабе нови возови и обновени железнички станици, железницата тоне ли тоне.
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() https://twitter.com/meta_agency |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 69> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |