![]() |
![]() |
![]() |
Луна Парк - Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 10> |
Author | |
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
![]() Ова нема врска со победничкото решение од конкурсот. |
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
СТРУМИЧАНИ ЌЕ ГО ГРАДАТ ЛУНА ПАРКОТ ЗА 1,6 МИЛИОНИ ЕВРА
Во меѓувреме е распишан оглас за набавка на реквизити. Проценето е дека тие ќе чинат околу 1,7 милиони евра Деспина Трајковска-Димова По неколкугодишни најави, одлагања, промени во плановите, Град Скопје конечно одлучи кој ќе го гради новиот Луна парк. Минатата недела градските власти потпишаа договор со струмичката фирма „Жикол“. Според објавениот договор, изградбата ќе чини околу 1,6 милиони евра, а во документот е наведено дека изведувачот има обврска да ги заврши градежните зафати во рок од 22 месеци. Во меѓувреме, надлежните распишаа нов тендер за купување на потребните реквизити. Иако пред неколку месеци имаше идентичен оглас, тој не заврши успешно. Во случајов е проценето дека за реквизитите ќе се потрошат околу 1,7 милиони евра. Градот бара да купи два адреналински реквизита, шест парчиња семејни и 18 детски реквизити. По последните случувања, извесно е дека паркот ќе почне да се гради до крајот на годинава, евентуално на почетокот од идната градежна сезона. Готовиот проект предвидува новиот Луна парк да се простира на површина од околу 40.000 квадратни метри. Освен на постојниот простор, за новото забавно катче е предвиден и просторот во насока на каналите и езерцето во Градски парк. Паркот ќе го сочинуваат административни објекти, нови забавни реквизити за возење во согласност со европските стандарди за безбедност, објекти за служење храна и пијалаци, за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг... Проценето е дека новиот Луна парк годишно ќе има 200.000 посетители, најмногу семејства и деца до 15 години. Засега е сигурно дека за новиот парк ќе се трошат пари само од градскиот буџет. Сепак, не е исклучена можноста изведбата на проектот да го помогне и Владата. „Средствата за изградба на забавниот парк ќе се обезбедат од буџетот. Од причини што проценетата вкупна вредност не може да биде обезбедена во текот на една година, изведбата ќе се одвива во фази, при што и финансиските средства за изградбата на паркот се планира да бидат обезбедени од буџетите на Град Скопје во текот на 2016, 2017 и 2018 година“, стоеше во одлуката за изградба на Луна паркот, што неодамна ја донесе Советот на Град Скопје. Инаку, во изминативе речиси пет години, колку што се најавува проектот, беше планирано Градот да најде фирма која ќе го финансира, дизајнира и изгради паркот, а за возврат требаше да добие можност да стопанисува со него 35 години. Но, надлежните се откажаа од тоа, бидејќи немаше заинтересирани и по неколкуте повици. Се потроши време и на измена на првичниот проект, како и на неколку неуспешни тендери, како за изработка на проектот, така и за избор на изведувач. http://utrinski.mk/?ItemID=6718C32700F41A449E470824A0D67200 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Staki ![]() Senior Member ![]() Joined: 11-Oct-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 125 |
![]() ![]() |
Најверојатно во неколку фази ќе ги набавуваат реквизитетите, па затоа сега е толкава сумата. Кога ќе се собере вкупната цена на сите фази ќе видиме колку ќе чини
![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ултра-мега-гига-ектра модерен парк со 1,8 милиони евра? Тешко.
ЗА РЕКВИЗИТИ ЗА ЛУНА-ПАРК 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА Градот планира да потроши речиси два милиони евра за нови реквизити во Луна- паркот. Деновиве Град Скопје распиша оглас за набавка, транспорт и монтажа на реквизити за забавен парк – Скопје. Според огласот, проценетата вредност на договорот без ДДВ е 109.217.850 денари, односно околу 1,8 милиони евра. Главен критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската цена. http://www.utrinski.mk/?ItemID=7B929A4829587B479F9E808217EE141F |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
плус гледаш дека медиумите све убаво и сликовито ти имаат објаснето? па ти замисли си како изгледа... и онака сите викаат дека било подобро да прочиташ книга отколку да гледаш филм |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Политичарите: пишете „ултра модерен“.
Медиумите: Скопје ќе добие „ултра модерен“ Лунапарк. Јавноста: нема поим како ќе изгледа паркот. |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Скопје ќе добие ултра модерен Лунапарк
30/09/2015 | 22:54 Share По завршениот тендер за избор на фирма која ќе го изработува основниот проект за Лунапарк-Скопје и информациите излезени во неколку интернет-портали, победничкиот тим „Лунар“, реши јавно да го сподели својот конкурсен труд, пишува „Азбука на градот.мк“. llunaparkk Според веста, основниот проект го доби фирмата која го изработи второнаградениот труд „Билд урбан“, која во последната информација беше спомната дека ќе работи основен проект – компилација од трите наградени решенија. Конкурсот претставуваше повик за идејно решение, што значи фаза пред идеен проект, со релативно краток временски рок за негова изработка. Тоа овозможи послободен пристап во презентацијата на идејата, за која тимот изработи и насока за брендирање на паркот (постер, лого, карти, летоци), земајќи предвид дека на сето тоа во иднина ќе му следува доработка и прецизирање, објави Република. Административниот објект е поставен аголно во југозападниот дел како најнеатрактивна позиција, изолирајќи ја надворешноста, со цел формирање на фронт, потребен за обликување на пристапно-собирен плоштад на влезот. Оттука движењето се насочува странично кон останатите содржини на паркот, слободно расфрлани низ посторот асоцирајќи на месечевото обликување. Покрај содржините и реквизитите кои се во практика во поголемите забавни паркови, во скопскиот „Луна парк“ предвидуваме едукативен и мултимедијален центар. Во него може да дознаеме повеќе за Месечината, за небесните тела и за астрономијата, да ги следиме активностите во мултифункционалниот простор, интерактивниот простор наменет за холограмски и 3Д-проекции, планетариумот, амфитеатарот за предавања и кино-салата. Во обликувањето на паркот, влијаеја и анимираните филмови поврзани со футуристичкото гледање на иднината, претставувајќи го животот поблиску до небесните тела. Оттука потекнува идејата за набљудувачка кула, која покрај ресторанот, употребена е и за контролен простор во служба на поефикасно функционирање на паркот. Првата активност е воденото поврзување со каналната мрежа во Градскиот Парк. Целта е да се употреби истата за педалински сообраќај и рекреација, која е возможна преку поврзување со крак и подигнување на два моста. Таа траса е битна за да се стигне до големото езеро, поставено во центарот на паркот. Втората активност е поврзана со возот, за кој предлагаме линијата на движење да продолжи низ целата површина на градскиот парк, овозможувајќи разглед и престој во „урбаната шума”. Значајно за овие две активности е тоа што тие еколошки не го загрозуваат паркот ниту уништуваат од постоечкиот флорален фонт, а учествуваат во негова анимација. Педалинките не користат горива, додека трасата на возот се оформува низ слободните површини, не наложувајќи сеча на вертикално зеленило. Ваквиот парк и неговата реализација е возможна во етапи, а притоа останува атрактивен и привлечен за посетители во континуитет во процесот на реализација. Со сигурност може да придонесе за градската забава и за туристичката понуда. http://fox.mk/aktuelno/makedonija/skopje-ke-dobie-ultra-moderen-lunapark/ |
|
![]() |
|
maximus ![]() Newbiе ![]() Joined: 16-Sep-2015 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
фино, но, Ти си кажуваш коректно „јас не сум архитект и предлогот ме бендисува“. Проблемот е во тоа што треба архитекти да оценуваат архитектонски трудови за конкурс, пожелно странски, барем еден бугарин или србин можеме да викнеме. Во тој случај овој труд би бил дисквалификуван. Отприлика исто како конкурс за стан во кој бањата е 40м² а дневната 10м² и нема прозор, ама, важно добро изгледа. Цела среќа што се опаметиле па ќе прават компилација (далеку дека поддржувам крпени работи), всушност се надевам дека второ и трето наградениот личат на нешто. Дајте бе да ги видиме ако има некој.
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Одлична современа презентација. Не сум архитект ама вајда има разлика помеѓу идејно решение, идеен/основен проект и изведбен проект? По таа линија како идеја предлогот многу ме бендисува.
|
|
![]() |
|
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
Kоја е потребата да влезам во некаков си воз зa да го прошетам паркот коj и онака не е нешто преголем по димензии па да ти е потребен некаков си транспорт за да го прошеташ целиот, ниту пак е некоја тешко проодна и тешко пристапна планина па да ти треба било какво превзно средство во воздух или на земја за да можеш да го прошеташ и видиш. Имаш нозе, шетај, тоа ти е доволно за во парк. Идејата за возот е тотална глупост.
Чамците се исто така тотално непотреба идеја без никаква поента. Не мора се' што постои да се стави во некаква си функција на човекот за да има смисла, ако има канали и езерце во паркот не значи дека сега треба да ги направиме пловни и по нив да одат чамци и кајаци, каква глупост. Тие две работи во проектот се еднствена утка и тотално непотребни. На вака фин проект не знам кај им текнале тие две непотреби идеји. Паркот треба да остане парк, а Луна паркот, Луна парк. Edited by HugoGoulding - 18-Sep-2015 at 00:39 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Eve nesto i vo dnevnik:
http://dnevnik.mk/?ItemID=E33B7ACEAD34464E8C312AFE19E5B8D9 Mi se dopaga toa sto arhitetite pozadi svojata idea imaat tematika vrz osnova na koja se pozicionirani zamislenite objekti i atrakcii. Ne razgleduvav vo detali no osobeno mi se dopaga ideata sto granicite na parkot sakat da gi prosirat so vovoce koe ke vozi po celiot park (vakvo nesto ima dosta cesto vo Germanija na primer) isto taka mnogu mi se dopaga toa sto sakat sistemot na kanali i ezera da go vklopat vo parkot so toa sto verojatno po niv bi plovele camci. Kako i de e sednale decata i izrabotile nesto. Dali ni se dopaga ili ne e rabota na vkus no deka vlozile trud i deka imale jasna idea sto i zosto sakaat da dobijat kako rezultat toa nemoze da se porekne. |
|
![]() |
|
maximus ![]() Newbiе ![]() Joined: 16-Sep-2015 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Поправете ме ако грешам, не сум ги видел другите трудови, уште помалку конкурсните услови и не знам. Колку што разбрав биле 4 труда. Значи еден ненаграден. Значи извенете ако грешам, но не знам, па сакам да прашам:
1. Дали е ова конкурс за архитектонско решение? 2. Дали таа огромна административна зграда е задача од конкурсот или предлог на овој труд? Праиме луна парк или министерство? 3. Дали авторите некогаш виделе во живо roller coaster? 4. Дали постои некаква анализа за трошоци за изведба на проектот и дали е тоа дел од конкурсните услови? 5. Дали просторите наменети за реквизити се според реални димензии на реквизитите? 6. Која е намената на кулата? 7. Возот излегува надвор???!! |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Колку и да ви изгледа тоа чудно, јас сепак сметам дека првонаградениот труд претставува едно коректно архитектонско дело кое Скопје ретко го среќава во текот на изминативе денови. Мислам, не мора само да говориме за „Скопје 2014“, туку и за сето она што се изложува на архитектонските изложби на наши автори годиниве.
Како прво, постои целосна отвореност од авторите. Расположени се за разговор во однос на своето дело, а уште поотворени се за да ги изложат своите визуелизации и образложение на трудот. Од ова произлегува дека се оригинални во својата работа и не стои никој позади нив да им кажува како да творат. Како второ, победничкиот архитектонски труд го има сето она што треба да содржи еден квалитетно решение според професионални критериуми. Имате идеја, која е поврзана со околината и просторот, решение кое не го нарушува просторот, не штрчи во зелениот појас, и од идејата се развива целокупната идејна документација. Заокружен процес. Единствено што би можел да имам замерка е што се отвора простор во решението за Луна паркот да се прошири кон зелениот појас во паркот. Знам дека е тоа добронамерно, но треба да се земе во предвид дека политичарите ова можат да го искористат за нивните сулуди и криминални дејанија во паркот. Да речат, еве архитектите ни дадоа зелено светло, сега ние можеме да ја надоградиме таквата идеја. |
|
![]() |
|
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
Решението е одлично, многу ми се допаѓа. Многу ми се допаѓа што архитектите решиле да направат нешто ново и оргинално, модерно и нетипично. Ми се допаѓа што не тргнале со идеа да создадат типичен Луна парк, односно панаѓур.
Е сега, како тоа ова е победнички првонаграден труд, но проектот ќе биде компилација од три труда? Зарем пак ли ќе прават квази-архитектура и ќе лепат стилови и идеји една врз друга. Или ги правиш работите по една идеја, замисла и сопствен унифициран јазик или не ги прави воопшто. Пак ли ќе гледаме импровизации и мешање на стилови и идеји? Доста со овој Франкенштајн пристап кон дизајнот, аман веќе! Инаку, за поздрав и пофалба е што Луна паркот останува во рамките на својата сопствената парцела, вклучувајќи ги тука само дискотеките, киното и бараките, не задирајќи во идентитетот на паркот и не нарушувајќи го постојниот и препознатлив изглед и зелен пејсаж на паркот со сите негови зелените површини, дрва, патеки, клупи итн. Најголем страв и револт ми беше дека ќе почнат и во паркот да сечат дрва, без разлика дали тоа биле 2, 5, 10 или 100, и да бетонираат и оградуваат зелени површини кои и онака се помалку ги има низ градот па сега уште и во паркот да почне да ги снемува што е повеќе од неприфатливо. Edited by HugoGoulding - 17-Sep-2015 at 02:44 |
|
![]() |
|
maximus ![]() Newbiе ![]() Joined: 16-Sep-2015 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
а и рендериве прилично лоши ... има ли некој да го видиме второ и трето наградениот труд
|
|
![]() |
|
maximus ![]() Newbiе ![]() Joined: 16-Sep-2015 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
предлог и тоа лош. овде дизајн и идеја не гледаме. веројатно на време им текнало дека треба на друг да го дадат основниот проект. Е сега ако не знаеме (барем јас не знам) какво решение е втората награда. да не е уште полоша.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() Edited by Џоле - 16-Sep-2015 at 14:07 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Победничкото идејно решение за „Луна парк” /Група автори 2015
Конкурс за избор на идејно решение за изглед на ЛУНА ПАРК -Скопје Освоена награда: 1 Шифра: „ЛУНАР” Година: 2015 Автори: Климент Патчев, Филип Конески, Марјан Димиќ, Борис Јурмовски, Борко Георгиев По завршениот тендер за избор на фирма која ќе го изработува основниот проект за Луна парк-Скопје и информациите излезени во неколку интернет портали, победничкиот тим „Лунар”, реши јавно да го сподели својот конкурсен труд. Според веста, основниот проект го доби фирмата која го изработи второнаградениот труд „Билд Урбан“, која во последната информација беше спомната дека ќе работи основен проект – компилација од трите наградени решенија. Конкурсот претставуваше повик за идејно решение, што значи фаза пред идеен проект, со релативно краток временски рок за негова изработка. Тоа овозможи послободен пристап во презентацијата на идејата, за која тимот изработи и насока за брендирање на паркот (постер, лого, карти, флаери), земајќи в предвид дека на сето тоа во иднина следи доработка и прецизирање. Текстуалното образложение го споделуваме во оригиналната форма, како и панелите приложени на конкурсот. ![]() Голем број на генерации низ годините, пораснале со игра во забавниот парк, длабоко врежан во сеќавањата на граѓаните на Скопје. Луна Парк е место кое сеуште се прераскажува во моменти кога се навраќаме на забавните денови поминати во детството, сеќавања исполнети со возбуда , тема на разговор секогаш исполнета со позитивна енергија . Зборот ЛУНА е коренот на целосната инспирација во ова решение на забавниот парк. Всушност, футуристичкиот поглед прераскажан во минатото е базата од која новото решение е добиено при процесот на размислување. ![]() Во овој проект, главен симбол врз кој се темели неговата изработка е месечината. Сета нејзина симболика и фигура како космички објект е обликовно употребена. Месечината претставува наративно средство, лебдечки сигнал над локацијата во текот на работните часови на забавниот парк. Лоцирана над едукативниот центар, илуминирана, доминира физички над паркот. Нејзината поставеност, го потенцира дополнителното информирање, упатено кон заинтересираната публика. ![]() Месечината овозможува брендирање на забавниот парк, правејќи го комерцијално интересен, лесно вклоплива во графичките помошни средства (лого, мапирање, билети, флаери и постери). ![]() Природниот изглед на Месечината, учествува во обликовното уредување, партерното решение и организација на сите објекти, реквизити и помошни елементи. Притоа се внимава на функционалниот аспект на обликувањето. Забавниот парк е подолго време во запуштена состојба, со дотраени реквизити кои претставуваат безбедносна опасност и со содржина која не ги задоволува потребите на современото општество губејќи го чекорот на времето. Истовремено, поширокиот регион не поседува забавен парк кој е туристички привлечен. Токму ова и регионалната локација на Скопје, не насочи кон смело решение- Забавен парк кој ќе понуди содржини привлечни за сите генерации и посетители на градот. Тоа значи сегменти на забава од лежерен до адреналински тип. ![]() Поради недостатоците на постоечкото решение, на пр. реквизитот „Воз” кој зафаќа половина корисна површина од забавниот парк, дотраени реквизити со мал капацитет, запуштено и дотраено кино, администрација сместена во несоодветен објект, одлучивме да направиме целосно ново решение. Новото решение е поставено слободно во просторот, нагласувајќи ги двете дијагонали „Југоисток-Северозапад” и „Североисток- Југозапад”. Низ првата го усмеруваме движењето, влезот и излезот, додека на втората ги поставуваме вертикалите. Целата површина е дефинирана со смелиот потег на „Лудата Железница„ создавајќи единствена атмосфера во внатрешноста (инспирација- силуета на природен пејзаж), комплетирајќи ја сликата со присуството на светлечката месечина. Конструктивното јадро на roller coaster-от претставува површина со можност за различно обликување (аквадукт, исполнета површина-подлога за проекции и цртежи, интегрирање на функционален простор и др. можности кои се тема на дефинирање во следните фази) ![]() Административниот објект е поставен аголно во Југозападниот дел како најнеатрактивна позиција, изолирајќи ја надворешноста, со цел формирање на фронт, потребен за обликување на пристапно-собирен плоштад на влезот. Од тука движењето се усмерува странично кон останатите содржини на паркот, слободно расфрлани низ посторот асоцирајќи не на месечевото обликување. ![]() ![]() Реквизитите се организирани зависно од тоа дали се од детски, едукативен, фамилијарен или адреналински тип. Користејќи го негативното искуства на возот од досегашното решение со цел ослободување површина за дополнителни содржини, го подигнуваме на столбови. ![]() Покрај содржините и реквизитите кои се во пракса во поголемите забавни паркови, во скопскиот „Луна Парк„ предвидуваме едукативен и мултимедијален центар. Во него може да дознаеме повеќе за Месечината, небесните тела, астрономијата, низ активностите во мултифункционалниот простор, интерактивниот простор наменет за холограмски и 3D проекции, планетариумот, амфитеатарот за предавања, и кино-салата. ![]() ИЗВОР |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Избрано идејно решение за новиот Луна парк во Скопје
Архитектите Климент Патчев, Филип Конески, Борис Јурмовски, Марјан Димиќ и Борко Георгиев ќе ја поделат првата награда од 200.000 денари на Конкурсот за избор на идејно решение за новиот Луна парк во Скопје. Овие автори со понуденото решение за просторот во Градскиот парк се победници помеѓу четирите пристигнати конкурсни трудови од домашни и од странски архитекти. Со втората награда во висина од 100.000 денари се стекнаа Бојан Муличковски, Кели Романалди, Горан Милевски, Душко Кузманов, Драгана Матова и Марко Ицев. ![]() Жири – комисијата формирана од Град Скопје одлучи третата награда во износ од 80.000 денари да му ја додели на архитектот Мишко Самарџиевски. Успешно реализираниот избор значи дека идејата за изградба на Луна парк влегува во нова фаза, во која е неопходно да се изготви основен проект и целокупната преостаната документација. Новиот забавен парк во главниот град е најавено дека ќе се гради со финансиски средства од буџетот на Град Скопје и со помош на владата. Во претстојниот период треба да се соопштат детали околу идниот изглед на паркот, површината што ќе ја зазема, содржините на истиот и вкупниот буџет на проектот. http://www.build.mk/?p=45009 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Градот Скопје со нов архитектонски конкурс за Луна паркот
По неуспешниот завршеток на првиот архитектонски Конкурс, градската власт денеска го распиша вториот по ред повик до архитектонската јавност за доставување идејни решенија за идниот Забавен парк што би се градел во Градскиот парк во Скопје. Од авторите се бара економичност на решението, инвентивност во пристапот на обликувањето, изводливост и одржливост на проектот и целосно почитување на програмските барања. Архитектонските трудови треба да се достават до Градот Скопје најдоцна до 9 јуни. ![]() На авторот што ќе го изготви најуспешното идејно решение е предвидено да му се додели прва награда во вредност од 200.000 денари, втората награда е во висина од 100.000 денари, додека третонаградениот труд ќе се стекне со 80.000 денари. На првичниот Конкурс од декември минатата година пристигнаа две идејни решенија, но градските власти одлучија дека ниту еден од нив не ги исполнува условите и барањата од конкурсната документација. http://www.build.mk/?p=44313 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 10> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |