![]() |
![]() |
![]() |
Јавен автобуски превоз (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3839404142 86> |
Author | |||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
||
Не знаев каде да го напишам ова, ЈСП е поделено само на Лаз и Јутонг теми па еве овде...
![]() ![]() Некој информација како Ван Хол на старо стигнал во ЈСП? ![]() Нешто ново од Yutong, моделот е ZK6770HG, уште без таблици ![]() ![]() ![]() ![]() Sanos S-215 на освежување ![]() ![]() И атракцијата ![]() Сликите ги најдов на autobusi.net, а изворот се возачи на ЈСП ![]() |
|||
![]() |
|||
sanos_a ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 149 |
![]() ![]() |
||
во штип со овие автобуси се врши превоз на работници а не градски превоз, инаку во ред се автобусите
![]() |
|||
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum |
|||
![]() |
|||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
||
Од Штип
1. 2. 3. 4. 5. 6. |
|||
23ka.wordpress.com
|
|||
![]() |
|||
polval ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Feb-2009 Online Status: Offline Posts: 177 |
![]() ![]() |
||
Ова е доказ дека не е се во високата технологија ,особено не во компјутерите. Имам впечаток дека кај нас сеуште на премногу луѓе им прави поголем впечаток ако за некоја работа се употреби придавката „компјутерски“. Кога надлежните ќе сфатат дека она што е важно е суштината а не формата? Постот од Djole88 е доказ за тоа. |
|||
![]() |
|||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
||
Ај нека е овде...
Една од ретките паметни идеи, најверојатно и единствена на Одделението за сообраќај.Да се надеваме дека ќе ја видиме во пракса и дека нема да е само маркетинг. Наскоро линиски превоз до„Железничка“, „Гоце Делчев“ и „Видобишта“ Советниците на последнaта седница ја изгласаа предлог одлуката за измена и дополнување на одлуката за организирање на општински линиски превоз на патници, со која се предвидува воведување на две нови градски кружни линии. ![]() - Планираме да воведеме градски линии со кои ќе се поврзат булеварот „Железничка“, населбата „Гоце Делчев“, дел од населбите Воска и Видобишта со централното градско подрачје, пред се со позначајните институции, вели раководителот на Секторот за собраќај при општина Охрид, Зоран Шикалески. ![]() Освен овие линии, Шикалески најави дека ќе биде воведена и редовна автобуска линија до селото Завој. Согласно законските прописи, се очекува одлуката на советот да биде објавена во службениот гласник на општина Охрид, по што ќе следи и распишување на објава за доделување на овие линии, на која ќе имаат право да се пријават сите заинтересирани превозници. По завршувањето на постапката ќе се додели дозвола и лиценца за вршење на линискиот превоз до наведените населби. ![]() Како што потенцираат од локалната самоуправа, со линискиот превоз засега се опфатени повеќето населени места во околината на Охрид, меѓу кои и Свети Наум, Трпејца, Пештани, Елшани, како и селата Велгошти, Куратица, Свињишта. Т. Кувенџиска 08.08.2012 11:39 Прочитана е : 1027 пати Edited by Тркало - 08-Aug-2012 at 16:43 |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
А што мислите, кој ќе ги добие овие тендери и зошто истите со проблеми се соочуваат? Каде и да се воведоа вакви системи во регионов, се јавија скандали од секаков вид, не знам зошто Скопје би бил исклучок. |
|||
![]() |
|||
Djole88 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
![]() ![]() |
||
Ех во Полска, во град со 200 000 жители да видите само како е среден просто и едноставно превозот. Си имаат трамвај и автобуси и на секоја станица има обични пластифицирани возни редови кои се залепени на автобуската. Исто така си имаат и веб страна со возен ред и во колку часот кој автобус е на која станица. Едноставно, пред да излезеш проверуваш кога ти е автобусот/трамвајот пред зграда и толку. 99% од случаевите се точни на време или со 1-2 мин закаснување, поради семафор или гужва од патници. Ни дисплеи, ни технолигии ни ништо. Само среден сообраќај со добро израчунати протоци на сообраќај и тоа е тоа
|
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
толку ли е комплицирано бе да се опремат самите постојќи со мапи на линиите и основни податоци за возниот ред???
или работава е да се плаќаат плус пари за смс порака, заедно со нивните поскапени карти??? дури и тие дисплеи со кои се фалат дека им се расипале, се тотално бескорисни, освен ако не ве интересира колкава е температурата и колку е часот... |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
||
...процес кој се одложува. Словачката „ЕМ Тест“ тендерот за автоматска локација (и електронска наплата) го доби во септември 2011. Според тендерот, системот требаше досега да биде имплементиран. Во меѓувреме Мишко изјави дека жалбената постапка ќе течела најрано до овој септември(!). Ако му поверуваме на оваа блесава изјава системот ќе биде во функција до јуни 2013. Потоа ќе треба време за софтверското решение за информации преку СМС. Значи ЈСП денес се фали со услуга која наводно ќе се спроведе за 1 година. Како тргнале, можеби треба да постават и банер на нивната веб страна „наскоро џет автобуси“ кои според толковникот на оваа пропаст од компанија ќе значи 2113 година. Во меѓувреме ќе се набавуваат антички поништувачи на билети кои не работат, а патниците ќе се загледуваат кон крајот на улицата надевајќи се дека ветерот, дождот и екстремните температури наскоро ќе ги замени кинеската играчка со дополнителна надеж дека календарот не покажува вторник или петок. |
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
ЈСП НАЈАВУВА НОВА УСЛУГА Не дреми на автобуска, прати СМС за возен ред! Пораката ќе ги содржи времињата на пристигнување на следните три автобуси на постојката каде што чекате ![]() Чекањата на автобуските постојки понекогаш и повеќе од еден час за да се качите на автобусот кој ќе ве однесе до посакуваната локација, наскоро ќе можат лесно да се избегнат. Корисниците на јавниот градски превоз ќе имаат можност преку СМС да го добијат возниот ред. Пораката ќе ги содржи времињата на пристигнување на следните три автобуси на постојката каде што чекате. Новата услуга, која ќе се вика планер на патување, веќе подолго време е во подготовка, а од ЈСП најавуваат дека таа освен што ќе информира за времето на пристигнување на автобусот, ќе нуди можност со бирање на две точки од мапата да се добие бројот на линијата, потребното време за патување и точката на пресретнување доколку треба да се префрлите во друга линија. Со тоа планерот значително би го намалил чекањето и би го олеснил патувањето до одредени градски и приградски населби каде што автобусите се и поретки. Од Јавното претпријатие очекуваат оваа услуга да наиде на позитивен прием кај граѓаните, а засега не се открива колку пари ќе чини СМС-пораката. Сепак, за спроведување на услугата од претпријатието информираат дека прво треба да завршат со имплементација на системот за автоматска локација на возилата. - За да ја воведеме оваа новина, потребно е прво да се реализираат проектите за автоматска локација на возилата и интелигентниот систем за наплата. Во СМС-пораката патникот би го пратил бројот на постојката и бројот на посакуваната линија. А како одговор ќе ги добие следните три пристигнувања на бараниот автобус за таа постојка. Планерот на патување исто така ќе нуди, патникот да избере 2 точки од мапата и да го избере временскиот интервал во кој сака да патува. Резултатот ќе ја кажува постојката на која патникот треба да се качи во автобус на одредена линија, на која треба да се симне, вкупната должина на патување, како и времето што му е потребно за патување. Доколку има можност патувањето да се оствари преку повеќе опции, понудени ќе бидат сите, но првенствено таа која стигнува за најмалку време. Овие новитети ќе го скратат чекањето на минимум и ќе го направат патувањето поедноставно, вели Ана Груевска од Одделението за односи со јавност од ЈСП. И покрај обновата на возниот парк и воведувањето на новите услуги, јавниот градски превоз се уште има низа недостатоци. Патниците велат дека се случува автобусите предвидени во распоредот воопшто да не пристигнат, па да чекаат и по еден час. Проблемите од овој вид може лесно да ги решат дисплеите на автобуските постојки на кои патниците можат да го видат точното време на пристигнување на автобусот. Од пред околу една година и во нашиот град на 10 автобуски постојки беа поставени дисплеи од ваков вид, но повеќето од нив веќе не функционираат. Од ЈСП најавуваат дека дисплеите ќе бидат поправени, а ќе бидат поставени и нови 40 и на останатите постојки во градот. вечер |
|||
![]() |
|||
sanos_a ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 149 |
![]() ![]() |
||
не велам дека сами си ги саботираат автобусите туку има други фактори: неодговорни возачи (гајле ми е што ке биде не сум го јас купувал).....
|
|||
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
|
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
micko_v ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jun-2009 Location: Firenze, Italia Online Status: Offline Posts: 123 |
![]() ![]() |
||
Овде смрди на некоја фабричка грешка во проектирањето на разладниот систем. Малку е веројатно дека се работи за случај. Сигурно Украинците не биле свесни дека автобусиве ќе возат во земја каде просечните температури се плус 5/10 °C
![]() Edited by micko_v - 28-Jul-2012 at 17:20 |
|||
![]() |
|||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
||
http://www.mkd.mk/47649/skopje/se-zapali-avtobus-kaj-jajapasina-dzamija/
Се запали автобус на ЈСП кај Јајапашина џамија во Скопје 28 јул 2012 15:40 После само еден месец се запали уште еден автобус ја ЈСП Скопје. Овојпат кај Бит пазар, до Јајапашина џамија гореше еден од новите украински автобуси. Пред еден месец (26 јуни) гореше автобусот што сообраќаше кон село Сопиште. Претставници на Јавното сообраќајно претријатие тогаш изјавија дека дошло до прегревање на моторот поради големите горештини. Објаснувањето за денешниот пожар го очекуваме. Фотографиите се од пожарот од пред еден месец. ![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
sanos_a ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 149 |
![]() ![]() |
||
овде е проблемот а не во автобусите |
|||
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
никој не го дискутира производствениот квалитет на Украина, туку конкретно овие автобуси и тоа колкав е нивниот квалитет, и не верувам дека дискусијата ќе беше нешто поразлична, ако автобусите биле од ман, неоплан и слично а тоа дека автобусиве не издржуваат во наши услови, дека лошо се склопени и деловите брзо им истрајуваат, а уште поголем факт е дека се во рацете на катастрофално неодговорно претпријатије кое на многу наврати ставало патници и пешаци на опасност Edited by zabegan - 27-Jul-2012 at 18:23 |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
sanos_a ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 149 |
![]() ![]() |
||
кога веќе спомна запалување на автобус да те прашам нешто ако може:
Дали знаеш колку ман, неоплан, мерцедес .... автобуси кои возат исто градски превоз се имаат запалено низ Европа? |
|||
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum |
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
![]() Секој со свој став, ти со твој став, јас со мој став. Чисто колку за информација, јас не сум вработен ниту во ЈСП Скопје, ниту во Влада на Република Македонија, ниту во било која фирма во сопственост на државата или институција која е дел од државната и/или јавната администрација. Знам дека е рано да се зборува за нова обнова на возниот парк на ЈСП Скопје, но тоа што во пракса му се случува на возниот парк на ЈСП Скопје изминативе 2 години повеќе е шминка, отколку обнова, бидејќи украинските единечни нископодни градски автобуси се палат на скопските горештини, еден се запали летото 2011 и засега само еден се има запалено ова лето 2012 и дај Боже да е и последен, додека кинеските двокатни градски автобуси се тотално непрактични за град како Скопје, а ова го говорам како жител на град Скопје и како редовен патник во возилата на ЈСП Скопје. И во целост се согласувам со тебе, дефинитивно нема смисла и тотално нефер и неправедно е јавниот градски превоз во Скопје да ужива субвенции со народни пари од сите граѓани на Република Македонија, а останатите населени места надвор од Скопје да чекаат неодговорно јавно претпријатие како ЈСП Скопје да им фрли коска и тоа 'рѓосана коска, стара неколку децении. Конкретно за двокатните градски автобуси, претпоставувам дека попрактични би биле во населените места надвор од Скопје, а и кога не би биле, општините би можеле да ги изнајмуваат на приватните превозници, па така и општините би профитирале од двокатните градски автобуси и жителите на истите тие општини би уживале удобен, безбеден и современ превоз, под претпоставка дека не им се случува на нив еден автобус да го наполнат до последен милиметар квадратен, како што се случува и во новите единечни нископодни градски автобуси од украински ЛАЗ и во двокатните нископодни градски автобуси од кинески Јутонг во Скопје, правилото со кое се забранува стоење на горниот кат не ужива баш секојдневно почитување и практикување, а дека овие автобуси не се практични за Скопје веќе се уверивме и на дело со двокатниот градски автобус што удри во настрешница, претпоставувам дека во населените места надвор од Скопје шансите за да се случи таков инцидент, кој лесно може од инцидент да прерасне во несреќа со човечки жртви, не дај Боже, се помали отколку во Скопје. Edited by Dexter26 - 26-Jul-2012 at 18:57 |
|||
![]() |
|||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
||
Извини, ама со ова размислување делуваш како вработен во ЈСП или Влада на РМ ![]() Доволно голема грешка беше воопшто земањето двокатни возила, а тек уште неизвозени доволно бараш нови и ‘старите‘ двокатни настрана од Скопје по другите општини како да се граѓани од втор ред...а реално не е ни потребно, освен во неколку места (Битола, Прилеп, Тетово, Куманово и Охрид како обид или уште подобро заеднички градско приградски превоз на општините Охрид и Струга). Само во овие места фирмите од тнр. градски превоз не се државни фирми, а ако веќе постојат или се создадат опции за такво нешто (тешко остварливо, скоро утописки муабет), нека добијат нормални возила.Не е в ред ѓубрето и нефункционалното од Скопје да го добијат ‘сирачиња‘ општини,а со добар дел од нивните даноци ЈСП да е доживотно субвенционирана фирма. Edited by Тркало - 26-Jul-2012 at 16:44 |
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
![]() Било која градска администрација на град Скопје со здрав ум и разум, би нарачала нови единечни и двојни нископодни градски автобуси, би подарила околу 60% до 70% од новите двокатни градски автобуси на останатите општини низ Македонија, а во замена за тоа би ги побарала назад старите канти со цел да ги исече и продаде истите како старо железо. Знам дека е малку прерано за нова обнова на возниот парк на ЈСП Скопје, но ова што му се случува на возниот парк на ЈСП Скопје изминативе 2 години повеќе е шминкање, отколку вистинска обнова, бидејќи една од главните, ако не и најважната причина за секоја обнова на возниот парк на било кое превозно претпријатие, не е исполнета при таканаречената обнова на возниот парк на ЈСП Скопје со нови двокатни градски автобуси, а тоа е - капацитетот на патници во возилата. 50 до 60 двокатни градски автобуси нека останат во возниот парк на ЈСП Скопје, а сите останати двокатни градски автобуси, вклучувајќи ги и тие од последната пратка која треба да пристигне во 2013, нека ги подарат на останатите општини низ Република Македонија, а на нивно место, нека го обноват возниот парк на ЈСП Скопје со 80 до 90 нови двојни нископодни градски автобуси и уште 60 до 70 нови единечни нископодни градски автобуси, така ќе се задоволи потребниот капацитет на патници во возилата на ЈСП Скопје во градот чиј што број на жители расте по неприроден пат, а истовремено ЈСП Скопје ќе има нови, удобни, безбедни и современи возила. Edited by Dexter26 - 26-Jul-2012 at 10:32 |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3839404142 86> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |