Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#781 Posted: 12-Mar-2010 at 15:28 |
До кога со ова лошо управување со Скопје? Паралелни управи, никаква хиерархија, јавни претпријатиа со дуплирани ингеренции, со мешовити дејности. Очајно ни е потребен нов модел за управување со градот.
Сами свои газди на своето?!
ЈП
"Паркинзи на Општина Центар" на последната седница на Советот на
Општината посака во иднина, доколку се создадат финансии и услови за
тоа, да го преземе зонското паркирање на територијата на Општината
Центар воведено од ЈП "Градски паркинг" пред повеќе од половина година.
Ваквата намера на општинското претпријатие е иницирана од револтот
поради запоседнувањето од страна на ЈП "Градски паркинг" на пет
општински паркинзи и три зонски паркиралишта на улиците "Орце Николов",
"Ѓуро Ѓаковиќ" и "Ленинова". Според општинското претпријатие "Градски
паркинг" ќарува од зонското паркирање на нивните улици. Од
претпријатието сметаат дека на тој начин ќе биде поправена штетата што
и ја нанело градското претпријатие за паркирање на Општината.
За плановите на општинското претпријатие за паркирање биле
информирани и градоначалникот Владимир Тодоровиќ, раководството на ЈП
"Градски паркинг" и скопскиот градоначалник, кои неодамна одржале
заедничка средба и постигнале начелен договор за примопредавање на
ингеренциите на паркинзите.
Директорот на ЈП Паркинзи на "Општина Центар", Тоше Делјановски,
истакна дека претпријатието допрва ќе ги направи комплетните анализи за
имплементацијата на зонското паркирање. Тој вели дека моментално
единствено е утврдено дека за воведување на системот ќе им бидат
потребни околу 70.000 евра.
Инаку уште минатата година ЈП "Градски паркинг" покажа добра волја
за остварување на идејата на општинското претпријатие, иако оттаму се
сомневаат дека ЈП Паркинзи на Општина Центар" е финансиски моќно да го
издржи проектот за кој се потребни поголеми средства од оние кои
монентално може да ги собере општинското. http://vecer.com.mk/?ItemID=16A100572705E6428D1AC34382F2344A |
Edited by lslcrew - 12-Mar-2010 at 15:35
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#782 Posted: 09-Mar-2010 at 13:04 |
Тротоарите станаа паркинзи
"Тротоарите се
претесни. Едвај се разминуваме, а камоли да одат повеќе луѓе во група.
Зградата во која живеам има 20 стана, а паркинг за само четири возила,
па принуден сум да паркирам на тротоарот подолу. Страв ми е децата да
ги пратам сами до продавница, зашто треба да одат по улица", се пожали
жител на улицата Огњан Прица
Тротоарите
покрај двете најголеми улици во населбата Кисела Вода се претворени во
паркинзи. Наместо по нив да минуваат пешаци, жителите си ги паркираат
автомобилите, а досега ниту пајак подигнал некое возило ниту, пак,
полицијата казнила некого на овој потег. Проблемот стана поизразен
во последниве две - три години, откако и на двете улици никнаа нови
згради кои буквално се изградени или се градат на самиот коловоз, и
ниту една од нив нема предвидено паркинг-места или подземна гаража. "Тротоарите
се претесни. Едвај се разминуваме, а камоли да одат повеќе луѓе во
група. Зградата во која живеам има 20 стана, а паркинг за само четири
возила, па принуден сум да паркирам на тротоарот подолу. Знам дека е
тоа не е во ред, но каде да ги оставаме колите? Страв ми е децата да ги
пратам сами до продавница, зашто наместо на тротоар, треба да одат по
улица", се пожали жител на улицата Огњан Прица. Од Кисела Вода не го
коментираа проблемот туку само нè известија дека во изминатиот период
на улицата Огњан Прица се направени три нови паркинзи со вкупна
површина од околу 1.600 квадратни метри и сите се поплочени со бекатон
плочки. "Согласно програмата за Комунални дејности за 2010 година,
Општина Кисела Вода постави павер елементи и на други два паркинга.
Станува збор за паркингот на ул. Михаил Чаков, со површина од 310
квадратни метри, како и паркинг на улицата Ѓорѓи Сугаре, со површина од
570 квадратни метри", информира Маријан Спасески, портпарол на
Општината. До крајот на годинава планирана е и изградба на нови
паркинзи уште на улицитете Ѓорѓи Сугаре, Петар Дељан, Ѓорѓи Димитров,
Иван Козаров, Божидар Аџија, Пушкинова, Никола Добровиќ, како и на
сервисните улици. За реализирање на проектот предвидени се шест и пол
милиони денари и динамиката ќе зависи од приливот на средства во
Општината, завршува Спасески. http://vest.com.mk/?ItemID=27F51DC18FD5F449BB5B23675C541308 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#783 Posted: 09-Mar-2010 at 13:03 |
Тротоарите се за автомобилите или за пешаците? |
Дали тротоарите се место каде што треба да се движат пешаците или се паркиралиште за автомобили? |
|
 |
Стандардно,
паркирани автомобили на секој тротоар, но вчера, тие им создаваа
дополнителна главоболка на пешаците. Поради топењето на снегот и водата
по улиците и тротоарите пешаците едвај наоѓаа место за движење. Оние
кои успеаја да најдат слободен простор за движење, страдаа од водата
„наталожена“ во вировите покрај улиците. | http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3910104965&id=14&prilog=0&setIzdanie=21929 |
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#784 Posted: 16-Feb-2010 at 14:09 |
Не сакам да бидам песимист, ама шансите да се исправи нешто, или да се добие компензација се минорни. Подобри шанси имаш ако се буниш кај самиот инвеститор и се обидеш да издејствуваш некој компромис, па макар и не ти бил по мерак сосема, отколку по нашиве институции да истуркаш правда.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#785 Posted: 16-Feb-2010 at 13:37 |
Yarre добредошол!  Сличен ваков проблем го имавме скоро поставено погоре во нишкава. Во овој пост има линк до правилникот за нормативи за проектирање http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=208&PID=55070#55070.
|
 |
yarre
Newbiе
Joined: 16-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#786 Posted: 16-Feb-2010 at 13:28 |
Дали во Македонија постои норматив за паркинг место и норматив за пристапен пат до истото, во подрумски дел од Зграда?
Молам кој знае да ми го посочи нормативот за димензиите на истите.
Јас имам купено стан од формата Линеа од Скопје, каде што во пред договорот стоеше паркинг место без одредени димензии и само цена. По финализацијата на зградата видов дека паркинг местото е со димензија 2,35 х 4,7 метри, што е доволно за паркирање на Тико/Марути, и истотака приодниот пат е многу тесен па мора да се прават повеќе манипулации за да се паркира.
ИМал ли некој ваков педерски случај до сега, и дали постои некакво законско право за решавање на оваа ситуација?
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#787 Posted: 04-Feb-2010 at 20:09 |
А ако ти кажам дека не е шала?  Не само скопјани, се не-битолско, а особено не-македонско сечат. Нормално не само во Битола, низ цела држава. А и во другите држави не се баш нешто подобри. Тргни од Грција, од 100 коли паркирани кај што не треба, само тие две со не-грчка таблица ќе јадат казна.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#788 Posted: 04-Feb-2010 at 19:28 |
Па нема многу Скопски коли низ Битола, доста е еден пајак!  Малку шала не е на одмет!
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#789 Posted: 04-Feb-2010 at 19:14 |
Серенади да, но не и паркирање пред балкони
ЧЕТВРТОК, 04 ФЕВРУАРИ 2010 17:44
Законот за јавна чистота не дозволува паркирање на возила на зелени површини. Кај нас реагираа жители на Улицата Ружа Делчева кои во близина на зградите немаат паркинг простори, но комуналната инспекција објаснува дека овој случај постоеше покрај на таа улица и на тротоарите на Васко Карангелевски поради што беше поведена управна постапка против прекршителите на законот:
,,Откако се открија сторителите следуваше записник, изјава од сторителите и рок за постапување. Мандатните казни за физичко лице изнесуваат 50 евра, за правно лице 1000 до 2000 евра, а за одговорното лице во правното лице 500 до 1000 евра, вели Ариф Мехмедали, советник комунален инспектор
Од комуналната инспекција, велат: Законот е јасен:
,,Според законот за јавна чистота не е дозволено паркирање пред згради каде што има зелена површина, како и во дворови, вели Мехмедали
Каде станарите жители на овие згради можат да ги паркираат возилата?
,,Лицата треба да ги паркираат возилата на места дозволени за паркирање, а во спротивно ќе интервенираат комуналната инспекција и полицијата, вели Мехмедали
Процентот на почитување на законот за јавна чистота е зголемен. Граѓаните избегнувале паркирање на недозволено, како и фрлање отпадоци. Но, за да се стигне до ова ниво биле поднесени повеќе опомени, како и мандатни казни. |
http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=17486:2010-02-04-16-45-31&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#790 Posted: 04-Feb-2010 at 19:08 |
Времено паркирање во Битола
ЧЕТВРТОК, 04 ФЕВРУАРИ 2010 17:45
Или престанете недозволено да паркирате или ќе платите високи казни од ценовникот на пајак службата која работи во рамки на ЈП Колуналец.960 денари изнесува казната доколку во моментот кога ви го подигнуваат возилото се појавите на местото, ако дозволите да го однесат во стопанскиот двор на претпријатието ќе си платите 1600 денари, а пак доколку сообраќајната полиција, заедно со пајак службата, вашиот автомобил го затекне на јавна зелена површина, тогаш казната е 2 200 денари.Бројот на прекршители верувале или не од основањето на службата, односно пет години наназад е константен и се движи во просек околу 500 подигнати автомобили, додека изминативе две години, бројот е двојно зголемен.Претпрјатието и Општината во преговори за решение.
„ Можеби во оваа тековна година да се воведи регулација за времено паркирање како во многу големи градови во светот така обртот на паркирања би се зголемил и општината би имала поголеми приходи.- вели Зоран Соклевски технички директор на ЈП Комуналец.
Скопје овој проблем го регулира со времно паркирање за кое си платите преку мобилен телефон, колку време ќе бидете паркиран, годинава ќе се дознае која од овие мерки ќе се спроведи во Битола.Бројот на прекршители дали е висок поради недостатокот од паркинг простор?
„ Никаде во светот во ниеден град нема паркинг места колку што има моторни возила."- вели Зоран Соклевски технички директор на ЈП Комуналец.
Свеста на граѓаните за паркирање е на ниско ниво поради конфигурацијата на сообрќајниците, но во јавноста кружи информација дека богатите и славните граѓани може да паркираат каде сакаат.
„ Апсолутно тоа не е точно, полицијата има една добра рестриктивна и селективна политика, при подигнувањето на возилата." - вели Зоран Соклевски технички директор на ЈП Комуналец.
Целат на пајак службата била да се намали бројот на прекршители, но како што тргнале работите најверојатно Комуналец ќе треба да си набави пајак возила плус. |
http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=17487&Itemid=106
Каков град е тој со едно пајак возило не знам. Баш имав пријател кој сакаше да купи пајак камион од Германија и да оперира во Битола, т.е. да го изнајмува на Комуналец или било како, му рекоа не ни треба, доволно имаме...
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#791 Posted: 02-Feb-2010 at 15:41 |
По десет автомобили за едно паркинг-местоСо најновите
најави за изградба на осум катни
гаражи,
капацитетите
за паркирање
во централното градско подрачје ќе се зголемат за десет до петнаесет отсто

Јавните паркиралишта во центарот на градот имаат капацитет да примат
помалку од една десетина од вкупно 104.008-те возила што се
регистрирани во Скопје, според податоците со кои располага МВР. Двете
јавни претпријатија за паркинг-услуги имаат одвај пет илјади места, од
кои на „Градски паркинг“ се нешто повеќе од четири илјади, а на
„Паркинзи на општината Центар околу 850. Нема податоци за тоа колкав
вкупен капацитет имаат паркиралиштата со кои располагаат други фирми и
институции, како јавното станбено претпријатие, големите трговски
центри, Клиничкиот центар и други, за кои неодамна се расправаше и во
градскиот совет, бидејќи речиси ниедно немало соодветна дозвола за
работа. Но се претпоставува дека и со нив бројот на местата не стигнува
до десет отсто од регистрираните возила.
Со проектот за изградба на осум катни гаражи, кој беше договорен
завчера меѓу Владата, градот, општината Центар и Јавното претпријатие
за стопанисување станбен и со деловен простор, капацитетите за
паркирање во централното подрачје ќе се зголемат за 30 до 40 отсто.
Оваа инвестиција вредна 25 до 30 милиони евра ќе донесе околу 3.000
нови места. Најголеми ќе бидат двете гаражи што му припаднаа на градот,
таа кај „Лотарија на македонија“ со капацитет за 800 до 900 возила и до
Старата железничка станица, за околу 1.000 возила. На локациите што ги
доби општината, кај Државниот архив до МТВ и кај поранешната зграда на
„Нова Македонија“ ќе може да се направат објекти за паркирање што ќе
имаат по 400 места. На јавното станбено претпријатие му останаа четири
места, двете до Телекомуникацискиот центар и по една кај театарот и кај
Работничкиот универзитет. На нив, според директорот Владимир
Бахчовановски, би можеле да се направат гаражи со вкупен капацитет за
1.300 возила, но ако се направат лифтови, тогаш ќе се добијат уште 500
места.
И досега се нудеа земјишта на приватни фирми и на бизнисмени за да
градат катни гаражи, но интерес имаше само за огласите каде што
маркичките имаа комбинирана намена, најчесто заедно со деловен простор.
Потоа тие градби се претвораа во деловни, трговски или административни
згради, чиј капацитет за јавно паркирање ги задоволува само потребите
на самите нив. Но се поострата борба за слободно паркинг место натера и
некои инвеститори да се пријават на тендери и да градат објекти
исклучиво за паркирање. Еден од нив е Мите Јовановски, сопственикот на
синџирот бензински пумпи „Макоил“, кој победил на две такви лицитации,
па ќе гради подземна гаража на три нивоа за 225 возила под паркчето зад
Собранието и надземна гаража за најмалку 250 возила наспроти Судската
палата.
- Мислам дека изградбата на паркиралишта е добра инвестиција, бидејќи потребите се сé поголеми - смета Јовановски.
Монтажни паркиралишта како можно решение
Иако
сé уште има слободни места каде што може да се градат катни гаражи,
градоначалниците веќе почнаа да размислуваат и за монтажни
паркиралишта, со кои барем двојно може да се зголеми капацитетот на
постојните отворени паркинзи. Владимир Тодоровиќ од Центар уште во
својата предизборна програма предвиде изработка на платформа покрај
улицата Народен фронт, по целата нејзина должина. И Ивица Коневски од
Аеродром најави дека секаде каде што има зонско паркирање во неговата
општина треба да се направат и монтажни паркиралишта. Коце Трајановски
смета дека тоа е идеја што треба да ја разгледаат сите градоначалници.
Монтажни паркиралишта кај нас може да прави фирмата „Факом“, која
изработува предмети од челик. Златко Симоновски, претставник од оваа
фирма, вели дека ќе може да направат десет вида вакви платформи, а тие
ќе може да собираат од 40, па сé до 248 возила, а би се поставувале на
површини од 1.072 до 6.034 квадратни метри. Според Симоновски, ова
решение е многу поевтино и попрактично отколку изградба на трајни
објекти, за што би биле потребни и по две години.
- Монтажните паркинзи може да се постават на секое место каде што има
доволно простор. Најголемата предност им е тоа што ако дојде до промена
на деталниот урбанистички план, тие многу лесно би се демонтирале и би
се наместиле на друга локација, а со тоа ќе се заштедат и време и пари.
До сите градоначалници веќе испративме елаборати за монтажните
паркинзи, па се надеваме дека наскоро ќе почнеме да ги изработуваме -
објаснува Симоновски. http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22101418346&id=14&prilog=0&setIzdanie=21899 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#792 Posted: 29-Jan-2010 at 16:54 |
Не зборам за тие паркинзи приватните, не ни ми паѓа на памет тоа. Зборам за паркинзи кои што се стопанисувани од разни јавни претпријатиа. Имама паркинзи под ЈПССДП, паркинзи под ЈППОЦ, под ЈПП. За тие зборам, за државните. А у тексото горе не се мисли да некои им го одземе паркингот, него се мисли на дозволи за вршење приватни паркинг услуги.
Edited by lslcrew - 29-Jan-2010 at 16:56
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#793 Posted: 29-Jan-2010 at 15:22 |
Тотална глупост е фирмите кои имаат сопствени паркинзи (како Рамстор и други) да го отстапат своето земјиште за ЈПП да стопанисува со него? Ова води кон национализација и никаде во светот го нема.
А дека треба да извадат соодветни дозволи за истото, ок, со тоа се сложувам.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#794 Posted: 28-Jan-2010 at 13:37 |
Што е со што е така испомешано со јавните претпријатија. Ако Скопје има ЈП за паркинг тогаш јп паркинзи на центар и јпссдп не би требало да стопанисуваат со паркинзи. За јпссдп незнам, ама јп паркинзи на центар вероватно се крши и законот за град Скопје. Со неколку одлуки на влада ова може да се искорегира.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#795 Posted: 28-Jan-2010 at 13:34 |
Вкупно 19 јавни паркиралишта работат без дозвола од градотНекои доставиле
комплетна документација
за
да добијат одобрение
за јавно паркирање, за две во тек е постапка да им се издаде таков документ, а
за четири не се знае ниту кој стопанисува
со нив

Јавните
паркиралишта со кои стопанисуваат разни фирми и институции немаат
дозвола за да ја извршуваат таа дејност издадена од надлежен градски
орган, од што произлегува дека легални се само тие што ги раководи
претпријатието „Градски паркинг“. Ова може да се види од информациите
за јавното паркирање што градскиот инспекторат и сообраќајниот сектор
ги доставиле до советот на градот, а за кои советниците треба да
расправаат денеска.
Станува збор за вкупно 19 паркиралишта, од кои четири се на јавното
претпријатие „Паркинзи на општината Центар“, а за исто толку, но во
општината Чаир, не се знае ниту кое лице или фирма ги стопанисува, само
се гледа дека има рампа и дека се наплатува за паркирање. Тука спаѓаат
и паркинзите на големите трговски центри, како ГТЦ, „Мавровка“,
„Беверли хилс“, „Рамстор“ и други, кои исто така досега не обезбедиле
дозвола за да вршат јавно паркирање, односно да имаат право да
наплатуваат за таа услуга.
Во дописот од секторот за сообраќај и од инспекторатот до градскиот
совет се вели дека со одлуката за јавни паркиралишта од декември 2008
година било предвидено како да се уредат односите меѓу градот и другите
фирми или институции што ја вршат оваа дејност сега или ќе го прават
тоа во иднина.
- Согласно тоа, уште во јануари минатата година ги известивме сите што
стопанисуваат со паркинг површини или со објекти наменети за јавна
употреба дека имаат обврска да ја усогласат својата работа со одредбите
од оваа одлука. Поголемиот дел од нив почнаа да ја собираат потребната
документација, но тоа се одвиваше со променлива динамика. Само мал дел
од нив ги доставиле сите документи до нас и за нив трае процедурата да
им се издаде дозвола - велат од овие сектори.
Според табеларниот приказ на паркиралиштата, условите за добивање
дозвола досега ги исполниле фирмата „Венекс“ за паркингот на Клиничкиот
центар, како и „Импексел“ за своето паркиралиште на улицата Огњан
Прица. Паркингот на „Рамстор“ имал само решение за пробен период за
сообраќаен режим, а големото паркиралиште спроти „Холидеј Ин“, чиј
сопственик е Јавното станбено претпријатие, работело според решение од
1977 година, а немало дозвола од надлежните градски органи. Без такво
одобрение е и малото паркиралиште до овој хотел, каде што се наплаќаше
100 денари за влез, подземната гаража на ГТЦ, тоа на „Технометал“,
катната гаража на „Сити плаза“ на бизнисменот Ајдован Адемоски во склоп
на новиот објект на НЛБ Тутунска банка, подземниот паркинг на МНТ и тој
на „Де Кока“ пред стоковната куќа „Илинден“. Паркингот на Олимпискиот
базен, со кој стопанисува Пливачката федерација на Македонија, имал
само решение за сообраќаен режим, но не и дозвола. Инспекторатот и
сообраќајниот сектор не утврдиле кој стопанисува со две поставени рампи
кај стоковната куќа „Илинден“ и по една зад и спроти поликлиниката
„Бит-пазар“. Без одобрение работеле и паркинзите на општината Центар
кај Домот на градежници, кај „Трготекстил“, до „Аутомакедонија“ и во
близината на Зелениот пазар.
Во документот се наведува дека се наброени паркиралиштата на кои
инспекторатот извршил увид, а списокот бил отворен и за дополнувања.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=128101027476&id=14&prilog=0&setIzdanie=21895 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#796 Posted: 28-Jan-2010 at 13:33 |
Преку калови до нова лична карта
Целиот простор е неасфалтиран, нема светло на ниту една страна, има дупки на секој чекор кои постојано се полни со вода
Паркингот
кај зградата на МРТВ каде што се вадат лични исправи е хорор. Целиот
простор е неасфалтиран, нема светло на ниту една страна, полно е со
ѓубре, а дупки, кои постојано се полни со вода, има на секој чекор.
Граѓаните што доаѓаат да извадат нов пасош или лична карта, мораат да
паркираат меѓу кратери, калови и вирови до колена. Се паркира кој каде
ќе стигне, оти нема означени паркинг-места, па на возачите сe им е
дозволено. Тие со коли го блокираат дури и влезот на зградата. Диви
таксисти, пак, си го претвориле влезот кај пасошко во такси-станица, па
од нив не се гледа единствената патека од бекатон плочки, изградена за
да им го олесни пристапот на граѓаните. И просторот околу паркингот е
затрупан со ѓубре и обраснат грмушки. "Ова е за срамота. Па поминаа
неколку години откако во оваа зграда почнаа да се издаваат личните
исправи, и никому не му текнува да го среди паркингот. Па зар со калови
до колена да влегуваме во зградата да вадиме пасоши", велат револтирано
скопјани. Ваквата грда слика на паркингот, според надлежните од ЈП
"Градски паркинг", ќе се реши многу брзо. Оттаму објаснуваат дека за
еден месец на овој дел ќе се воведе зонско паркирање. "Во моментов
чекаме дозвола од Министерството за внатрешни работи за зонско
паркирање. Точно е дека во овој дел владее вистински хаос. За две
недели ќе почнеме да го средуваме паркингот, да го асфалтираме целиот
простор и да обележиме паркинг-места, со што на овој паркинг, заедно со
улицата од кај црквата 'Света Богородица' до пасошко ќе биде воведено
зонско паркирање. Овој дел влегува во третата зона, што значи дека нема
да биде ограничено времето за паркирање, а за еден час се наплатува по
25 денари", вели Панче Стојановски, директор на ЈП "Градски паркинг".
http://vest.com.mk/?ItemID=E7678C816F7F6E4F90A39D0AAAF20403 |
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#797 Posted: 26-Jan-2010 at 12:00 |
Проблем не се станарите на новите згради (за кои колку толку има обезбедено паркинзи во самите згради). Проблем се деловните објекти кои никој од надлежните „не ги гледа“. И така еден кафич, може навечер да донесе и 200 коли во околината на една зграда. И кај ќе паркираат?
Очајно ни требаат катни гаражи во градов.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#798 Posted: 26-Jan-2010 at 11:44 |
Славка Недиќ, Дебарца и Благоја Давков невозможна мисија за паркирање
Навистина имаме голем
проблем, не можеме на своето паркинг-место да си го паркираме
автомобилот. Секој ден сме со истиот проблем, не знаеме каде да бараме
чаре за да се реши овој проблем. Навечер имаме проблем со
кафе-баровите, бидејќи се е блокирано од други автобомили и не дај боже
нешто да се случи, не можеме ниту да излеземе
Жителите
од улиците "Благоја Давков", "Славка Недиќ" и " Дебарца" во Дебар маало
се жалат дека немаат место каде да си ги паркираат својте автомобили.
Тие велат дека некои од нив и покрај тоа што имаат свои паркинг-места
не можат да дојдат на ред да се паркираат, бидејќи секогаш им се
зафатени. - Навистина имаме голем проблем, не можеме на своето
паркинг-место да си го паркираме автомобилот. Секој ден сме со истиот
проблем, не знаеме каде да бараме чаре за да се реши овој проблем.
Навечер имаме проблем со кафе-баровите, бидејќи се е блокирано од други
автобомили и не дај боже нешто да се случи, не можеме ниту да излеземе.
Многу често се случува да ни се скршени ретровизорите. Се надеваме дека
општина Центар ќе се потруди да преземе соодветни мерки и да го реши
овој навистина голем проблем - ни рече една жителка, која секојдневно
се соочува со проблемот за паркирање.
Таа истакна дека во повеќе наврати се случува дури и по неколку
недели контејнерите да бидат неисчистени, бидејќи камионот на Комунална
хигиена не може да помине, бидејќи приодот е блокиран. - И по
неколку недели не се чистат контејнерите, зашто улиците се блокирани од
автомобили, па мораме и смрдеата да ја вдишуваме. Ѓубреџиите некогаш
мораат да поминуваат во најраните часови да го соберат ѓубрето, кога ќе
се расчистат улиците од паркираните коли - додаде таа. Од општина
Центар информираат дека се запознаени со проблемот на жителите во овој
дел на Дебар маало, но велат дека се трудат да им излезат во престрет
секогаш кога можат. - Запознаени сме со проблемот, но сега засега не
е предвидено никакво решение. Секој инвеститор кога гради зграда, пред
се, треба да им обезбеди и сопствено паркинг-место на станарите за да
нема вакви проблеми. Овие проблеми ги има во сите населби, но во иднина
се надеваме дека ќе најдеме некое решение - ни рече Јовица Ацковски,
портпарол на општина Центар.
http://vecer.com.mk/?ItemID=96A791F97334FC449ADEAB5F9F1DA45E |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#799 Posted: 26-Jan-2010 at 11:41 |
Паркирање за пари кај „Б. Трајковски“
Паркирањето на паркингот на салата „Борис Трајковски“ ќе се плаќа,
освен во деновите кога во објектот ќе има организирани спортски или
други настани. Моментно, во тек е поставувањето на инсталацијата на
рампите на влезовите на паркиралиштата, а наплатата се очекува да
започне за два месеца. Цената на паркирањето дополнително ќе биде
утврдена, информираат од ЈП „Борис Трајковски“. (С.Н.)
http://utrinski.com.mk/?ItemID=C497E6CAC9DF954EA59AC871CE1AE1CD |
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#800 Posted: 14-Jan-2010 at 14:12 |
Колку да имаме забелешки, конечно после 2-3 децении нешто се случува по прашањето на паркирање во Скопје - ми се чини дека наскоро ќе имаме резултати, па макар се правеле и грешки!
|
 |