Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#801 Posted: 13-Jan-2010 at 21:35 |
Одговарајќи
на новинарско прашање градоначалникот Коневски рече дека „во Општина
Аеродром има 5 подземни гаражи со вкупен капацитет од 500 до 600
возила |
Повеќе се гаражи, а за капацитетот не знам
Edited by Cloverstack - 13-Jan-2010 at 21:36
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#802 Posted: 13-Jan-2010 at 21:29 |
СЕ ЧИСТАТ ПОДЗЕМНИТЕ ГАРАЖИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ
„Општина
Аеродром во соработка со Град Скопје од денеска ќе преземе активности
за ставање во функција на подземните гаражи во околината на трговскиот
центар „Бисер“, како уште еден придонес во решавањето на проблемот со
недостиг на паркиралишта, што долги години ги тишти не само граѓаните
на Општина Аеродром, туку и на цело Скопје. Ова
на денешната прес-конференција го најави градоначалникот на Општина
Аеродром, Ивица Коневски, на која присуствуваа и градоначалникот на
Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Општина
Аеродром, Виктор Камиловски. Како
што рече градоначалникот Коневски, за реализација на акцијата за
комплетно чистење и целосно осветлување на подземните гаражи ќе бидат
вклучени сезонските работници што ги ангажира Општина Аеродром и
службите задолжени за одржување на осветлувањето, со цел да се зголеми
капацитетот на паркиралиштата и безбедноста во тој дел од општината. На прес-конференцијата беше најавен уште еден проект за подобрување на условите за паркирање во Општина Аеродром. Станува
збор за изработка на современи монтажни паркиралишта, кои ќе бидат
изработени од челична конструкција, со цел значително да се зголеми
капацитетот на паркинг места во Општина Аеродром. „Убедени
сме дека изградбата на монтажните паркиралишта ќе биде дел од решението
на проблемот со недостиг на паркинг места во Општина Аеродром, се
разбира, покрај воведувањето на зонското паркирање и изградбата на
катни гаражи“, изјави градоначалникот Коневски. Тој
додаде дека овие решенија се сметаат за најсоодветни, бидејќи на тој
начин нема да се градат неопходните паркиралишта на нови површини на
сметка на зеленилото, туку како надградба на веќе постојните
паркиралишта. „Со
овој проект, како и со сите претходни активности што заеднички ги
презедовме со Општина Аеродром, сериозно се зафативме со решавање на
овој проблем, затоа што знаеме дека засега голем број граѓани, така што
се надевам дека на крајот ќе дојдеме до решение прифатливо за сите“,
рече градоначалникот Трајановски. Претседателот
на Советот, Камиловски„ пак, изјави дека “Советот на Општина Аеродром
во декември минатата година го донесе Буџетот за 2010 година, со кој се
предвидува 700 илјади евра за решавање на проблемот со паркирањето“. Одговарајќи
на новинарско прашање градоначалникот Коневски рече дека „во Општина
Аеродром има 5 подземни гаражи со вкупен капацитет од 500 до 600
возила, но нема законска можност да се обврзат сопствениците да ги
користат подземните гаражи, но со нивно расчистување и осветлување би
сакале да ги подобриме условите за паркирање и да ги поттикнеме да ги
користат за таа намена“. |
http://aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=1593
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#803 Posted: 13-Jan-2010 at 13:14 |
Не е ова ништо чудно. Мојата зграда е изградена рани деведесетти, па подрумот е неделлив дел од станот и во катастар функционираат како еден имот, а не како два посебни, за разлика од постарите згради каде што и подрумите и гаражите се посебни имоти.
Сега незнам како е точно уредено но вероватно одкупено место во блиска катна гаража ќе се смета за доволен услов да се купи стан без гаража. А од друга страна кој потоа ќе спречи да се шитнат гаражите и да се паркира пак по сокаци.
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#804 Posted: 13-Jan-2010 at 12:58 |
СЕ ТОКМАТ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИСКИ ОДНОСИСо стан мора да се купи и гаража
Наталија Скалова
При купување стан задолжително мора да се купи гаража или паркинг- место. Ова го предвидува дополнувањето на Законот за облигациски односи, што завчера се најде на собраниска комисија, но поради бурните реакции на опозицијата се врати на доработка. Во практика овие измини би значеле значително повисоки цени на становите. - Во центар, на пример, стоквадратен стан чини 120.000 евра, при што гаража од 20 квадратни метри чини 8.000 евра, или седум проценти од вредноста на станот. Сега гаражата ќе биде вкалкулирана во договорот за продажба на стан. Досега ако купуваш стан, купуваш само стан. А сега ќе бидеш обврзан да откупиш или паркинг-место или гаража. Гаражите зјаеја празни бидејќи сите немаа пари да ги откупат, па владееше хаос низ улиците. Сега ќе му се стави крај на тоа - потенцира Сеад Кочан, претседател на Градежната комора при Сојуз на стопански комори. Пресметките покажуваат дека гаражите процентуално многу повеќе ќе влезат во цената на малите станови. Така, ако се купи стан од 30 квадратни метри за 30.000 евра и ако за гаража се дадат 8.000 евра, практично овој износ е речиси 30 отсто од вкупната цена. Измените на законот, според градежниците, се направени на нивна иницијатива. - Градежниците се обврзани да обезбедат барем едно паркинг-место или гаража за секој стан. Ако тие се обврзани да го прават тоа, зошто да им стојат празни гаражите потоа. Вака барем граѓаните ќе бидат обврзани да откупат паркинг-место или гаража - велат градежниците. Досега, како што објаснуваат, еден квадратен метар гаража се продаваше по цена од 50 проценти од вредноста на квадратен метар стан, а паркинг- местото следуваше бесплатно и покрај тоа што се наоѓа на парцела која е откупена од градежникот. Ова значи дека доколку поминат овие измени на Собрание, и овој закон ќе се прави на товар на граѓаните, од кои голем процент се без стан. - Јас не можам да си купам стан со години. Едвај чекам да се поправат состојбите во државата, да паднат каматите за да можам да купам некој помал стан од 35 квадрати, кој би ме чинел максимално 35.000 евра. Ако мора да купам гаража, сигурно ќе треба да дадам уште најмалку 7.500 евра бидејќи гаража под 15 квадрати нема. Од каде ќе ги најдам тие пари - ни рече Магдалена Николова, која вчера одеше во банка во ГТЦ за да си ги плати сметките. Ова дополнително ќе го отежни закрепнувањето на пазарот на недвижности кој минатата година, поради високите цени и камати, западна во голема криза. Цените на недвижностите, како што пресмета „Време“, веќе се повисоки од светските метрополи за најмалку 10 проценти и со ова поскапување на граѓаните повеќе ќе им биде исплатливо да си купат стан во Италија, Франција и Германија отколку тука. Завчера пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го повлекоа на доработка Предлог- законот за дополнување на Законот за облигациски односи, по едночасовна консултација со министерот за правда Михајло Маневски. Од опозицијата најостро го искритикуваа законот велејќи дека е непотребен. - Со закон за просторно планирање новоизградените објекти треба да им обезбедат паркинг-место на станарите, што сега со Законот за облигациски односи ќе мора да се купи - обвини опозицијата.
Во светот поинакви искуства
Во најголемиот дел од земјите во светот гаражите не се задолжителни да се купат кога се купува стан, говорат искуствата. Меѓутоа, во светските метрополи, како Лондон, паркинг-просторот во урбанизираните места е толку скап што самите граѓани одлучуваат дека им е подобро да купат гаража. - Во Англија не е задолжително да се купи гаража, но во урбанизирани места сите имаат гаража. Ако немаат гаража, треба да се паркираат на улица, а тоа ги чини многу - вели наша иселеничка, која десет години живее во Лондон. Во регионот исто така не е задолжително да се откупи паркинг-место или гаража и таму најчесто работите се регулирани со паркинг-зони. - Во Белград не мораш да откупиш гаража или паркинг-место кога купуваш стан. Имаш опција сакаш или не. Никој не те условува. Кога на пример живееш во некое урбанизирано место каде што не можеш да најдеш паркинг-простор граѓаните од една зграда се собираат и бараат од паркинг- сервисот да им даде неколку паркинг-места за граѓаните. Тогаш на тоа место се става рампа и таму се паркираат само жителите од таа зграда - ни објасни новинарка од Белград. Во Хрватска како и во другите држави од регионот искуствата се слични и никаде гаражата не е задолжителна.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1914&ArticleID=131014
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#805 Posted: 12-Jan-2010 at 21:23 |
Изедначени цените за паркирање
 Паркирањето на дел од паркинзите во центарот на градот поскапе, а на некои поевтини. Причина за ова е тоа што Советот на Град
Скопје одлучи да ги изедначи цените на зонското паркирање со оние на
затворените паркинзи. Така, цената на паркинзите во првата зона, која
го опфаќа Малиот ринг, ќе чини 45 денари за час на сите паркинзи. Тука
спаѓаат паркинзите кај телеком, каде што досега паркирањето чинеше 40
денари од час, на „Максим Горки“, каде што досега се плаќаше 50 денари
за еден час, паркингот кај црквата „Свети Димитрија“ и сите затворени
паркинзи со кои стопанисува јавното претпријатие „Градски паркинг“,
како и зонското паркирање.
Во втората зона, која го опфаќа
Големиот ринг, односно поширокото централно подрачје, цената е 35
денари за час. Толку ќе се наплаќа на паркинзите кај Градска болница,
на булеварот Кочо Рацин, кај Железничката станица и кај Олимпискиот
базен. Во третата зона спаѓаат сите останати паркинзи, каде што цената
е 25 денари за еден час.
Панче Стојановски, директор на „Градски
паркинг“, вели дека причината за донесувањето на новиот ценовник, кој е
ист со оној за зонското паркирање, е да се унифицира шаренилото од цени
на определени паркинзи.
- За да ги унифицираме цените, по
примерот на зонското паркирање, градот го поделивме во зони - прва,
втора и трета. Цените се исти како и кај зонското паркирање во овие
зони, со таа разлика што кај затворените паркинзи нема временско
ограничување на паркирањето. На овој начин им се овозможува на
граѓаните што сакаат да се задржат подолго време во строгиот центар да
паркираат без временското ограничување од два часа, кое важи за
зонското паркирање. На затворените паркинзи ќе може да останат колку
што сакаат, за цена од 45 денари од час - вели Стојановски.
Како втора причина за промена на цените тој ја наведува сложената постапка додека паркингот биде ставен во функција.
-
Ни беа потребни три месеци додека да се стави во функција паркингот кај
Тутунски комбинат и тоа на направен паркинг. Потребна е долга
процедура, одобрение од Советот на Град Скопје, а со вака дефинирани
цени по зони, паркинзите функционираат веднаш - тврди Стојановски.
Тој
најави дека, доколку се намали комуналната такса што претпријатието му
ја плаќа на Градот и ако се намали ДДВ, „Градски паркинг“ ќе ги намали
цените за ноќното паркирање на 10 денари за час. „Градски паркинг“ на
Градот Скопје му плаќа комунална такса во износ од по 10 денари од час
паркирање, а данокот на додадената вредност е 18 отсто.
- Ако се
намалат овие давачки, паркирањето ноќе ќе поевтини. Во периодот по 22
часот паркинзите се максимално празни. На тој начин, младите луѓе што
излегуваат во вечерните часови нема да ги узурпираат тротоарите и
зелените површини, туку ќе може прописно да се паркираат по ниска цена
- вели Стојановски. (А.П.) |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B0983C9EE58E0245BBF49803401C6B7C
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#806 Posted: 11-Jan-2010 at 20:07 |
Абе луѓе, го испонападнавте Baze, а јас колку што гледам човекот не е против правење на паркинг, туку единствено го интересира дали покрај паркингот ќе има место и за минимален зелен простор  Инаку Baze, со тие димензии мене работава ми изгледа како mission impossible... Можеби, само можеби, би можело да се изведе нешто крајно симболично, ама сигурен сум дека не целиш на тоа.
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#807 Posted: 11-Jan-2010 at 19:16 |
Од тоа што го разбрав, можам да ти кажам дека не постои никаков начин да го се вметне зелен појас наместо паркингот.
Општината си го поставува тој услов за да ви дозволи да се проширите. Доколку не сакате паркинг, не може да се проширите. Тоа е многу едноставен, јасен, па дури би рекол и правичен концепт. Каде би биле кога сите би граделе а ниедна зграда не би предвидувала паркинзи?
Недостатокот на зеленило е од друга природа, па го заобиколувам овојпат.
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#808 Posted: 10-Jan-2010 at 11:47 |
Многу ти благодарам за правилникот!!! Фала ти многу!!!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#809 Posted: 10-Jan-2010 at 06:17 |
Баже сепак стандарди при урбанистичко планирање се нешто што певеќе ми изгледа како научна дисциплина. Она што е законски, се правилниците за урбанистичко планирање кои би требало во целост да се преточени стандардите што науката (архитектурата) ги поставила. Така да тоа што го бараш го има во правилници за урбанистичко планирање и правилници по кои се издаваат дозволите. Во општина доколку ги побараш би требало да ти дадат такво нешто. И они би требало да се координираат по тие, пошто инаку нели не би им бвиле исправни издадените дозволи. Мислам дека нешто може да се најде и по нет. Еве правилник за урбанистичко планирање. Од член 53 па натака се однесува на паркирање. Во член 57 е точно опишано тоа што ти треба. http://mtc.gov.mk/new_site/images/storija_doc/1353/Pravilnik%20za%20standardi%20i%20normativi%20za%20urb.planiranje%5B1%5D.pdf
Edited by lslcrew - 10-Jan-2010 at 06:28
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#810 Posted: 09-Jan-2010 at 22:32 |
Накратко да, бара и паркинг на сопствена парцела за да може да издаде дозвола за градба идеејниот проект за доградбите и надградбите мора да вклучва и паркинг за 156 возила. Дали знаете кој се стандардите за паркинг плац мислам колку треба да е уличката (нејзината ширина) и кој се димензиите за едно паркинг место? отприлика еден колега ми кажа дека треба само 2 метра за сообраќајницата до секое паркинг место и според некој стандарди но назнам дали се исти со нашите стандарди треба широчината да е 2,75 метри, а должината до 5,5 метри, така да со овие димензии на плац за кој се планира паркинг место тешко да се изведе?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#811 Posted: 09-Jan-2010 at 20:17 |
Па од 0.нешто паркинг места од пред десетици години, сега е скоро 1.5 места по стан. Така да вероватно се повикуваат на ова правило. За дозвола која се издава 2010 неможе да важат и да се издава според прописи од пред пола век.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#812 Posted: 09-Jan-2010 at 14:28 |
Originally posted by Baze
Здраво ме интересира кој се стандардите за едно паркинг место доколку е изведено паралелно паркирање и се разбира вртењето при паркирање на местото се мисли на влезот во местото. Работата е во тоа што општината, од инвеститорот, бара сообраќајни услови т.с. паркирање во рамки на сопствената парцела. Растојанието помеѓу задната страна (западна) на зградата од каде што ми гледа целиот стан (јас сум на приземје), до границата на градежната сопствена парцела е точно 5 метри што значи дека паркингот ке бидо со широчина од 5 метри притоа залепен под мојот прозор (и по цела должина на зградата), претпоставувам без никаква можност за зелен појас помегу паркингот и западната фасада. Значи дали има можнос да се скрати од тие 5 метра за пристојно зеленило а приота пак да се изведе паркинг, за кое чисто се сомневам, (дали е возможно некое решение) или дали постојат некој дупки во законитe а притоа да не се судско-правни спорови на пример да го откупам земјиштето што е по должината на мојот стан (дворот под прозорот во колективно домување за 1evro 1метар) и притoа да не дозволам изведба на паркинг на тој "приватизиран дел". Неможам да стопирам изградба на паркинг затоа што тој е во интерес на целата зграда, несакам да бидам себичен, но и несакам некој да ми се паркира со ауспухот во мојата дневна или спална соба. Ве молам за совет или некоја идеја? Зошто општината бара да се изгради паркинг на парцела од зграда кога зградата е изградена уште пред земјотресот и има вкупно 96 стана а бара вкупно 156 паркинг места, зарем паркингот не треба да си го направи на сопственото општинско земјиште? |
Здраво Баже  Сакаш да кажеш дека општината бара ретроактивно да го решите прашањето за паркинг на зградата за да ви даде дозвола за проширувањето на терасите и доградбата на еден кат?
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#813 Posted: 09-Jan-2010 at 13:25 |
Не не ние не сакаме цела парцела да биде зграда. Мене само ме интересираше дали е можно да се смети пракинг во дел кој е широк 5 метри а притоа и да се направи зелен појас мегу пракингот и зградата за да не се паркираат колите одма под прозор. Јас не сум против паркингот јас барав само дали е можно решение и за зелен појас.Прво општината не дозволува изградба на цела парцела и второ и јас се согласувам паркингот да се изведе на парцелата и секоја зграда да има свој паркинг на парцелата и да нема паркирање по тревниците и тротоарите. IsIcrew не сум толку лош колку што мислиш
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#814 Posted: 09-Jan-2010 at 13:00 |
Баже ја колку што те сватив општината ви бара во рамки на парцелата на зградата да си го решите паркирањето, ама вие нејќете така и сакате целата парцела да биде зградата, а после да се парирате по околни улички и да слушаме по вести како нема место за паркирање?! Освен што мене ова ми изгледа урбано дивјаштво на неколку фронта, немам што повеќе да додадам. Извини ако не сум те разбрал точно.
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#815 Posted: 09-Jan-2010 at 12:37 |
Па се работи за зграда која е изградена пред 1960 година во Аеродром, и сега кога спомнав инвеститор можеш да насетис дека се работи за изградба на "фамозното" проширување на балкони. Значи според дуп-от зградата има добено маркица за надградба од кат и поткровје плус кој оди во сопственост на инвеститорот и доградба на "балкони" читај цели соби по должина на западната и источната фасада од 3 метри широчина. притоа од изградените 3 метри на западната фасада ке останат уште 5 метри во кој ке треба да направи и предвиди паркинг кој ке го фкклучи во идеејниот проект за градба и ке добие решение за локациски услови т.с. дозвола за градба. Општината му бара паркинг на сопствената парцела ако сака да добие дозвола за догрдба и надградба
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#816 Posted: 08-Jan-2010 at 23:42 |
Originally posted by Baze
Здраво ме интересира кој се стандардите за едно паркинг место доколку е изведено паралелно паркирање и се разбира вртењето при паркирање на местото се мисли на влезот во местото. Работата е во тоа што општината, од инвеститорот, бара сообраќајни услови т.с. паркирање во рамки на сопствената парцела. Растојанието помеѓу задната страна (западна) на зградата од каде што ми гледа целиот стан (јас сум на приземје), до границата на градежната сопствена парцела е точно 5 метри што значи дека паркингот ке бидо со широчина од 5 метри притоа залепен под мојот прозор (и по цела должина на зградата), претпоставувам без никаква можност за зелен појас помегу паркингот и западната фасада. Значи дали има можнос да се скрати од тие 5 метра за пристојно зеленило а приота пак да се изведе паркинг, за кое чисто се сомневам, (дали е возможно некое решение) или дали постојат некој дупки во законитe а притоа да не се судско-правни спорови на пример да го откупам земјиштето што е по должината на мојот стан (дворот под прозорот во колективно домување за 1evro 1метар) и притoа да не дозволам изведба на паркинг на тој "приватизиран дел". Неможам да стопирам изградба на паркинг затоа што тој е во интерес на целата зграда, несакам да бидам себичен, но и несакам некој да ми се паркира со ауспухот во мојата дневна или спална соба. Ве молам за совет или некоја идеја? Зошто општината бара да се изгради паркинг на парцела од зграда кога зградата е изградена уште пред земјотресот и има вкупно 96 стана а бара вкупно 156 паркинг места, зарем паркингот не треба да си го направи на сопственото општинско земјиште? |
Не си баш најјасен. дали зградата е веќе изградена? Во тој случај, што е инвеститорот? И зошто него би го интересирало што бара општината? Ако пак се уште објектот е во градба (или нема употребна дозвола), тогаш нема апсолутно никаков начин да го спречиш паркингот - тоа се услови кои инвеститорот (а преку него и купците) точно ги знаеле пред да градат.
Edited by krale - 08-Jan-2010 at 23:45
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#817 Posted: 08-Jan-2010 at 23:24 |
А да ќе заборавев  Среќна нова година и Среќни Празници !!!!!!!!!!!!!!!!
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#818 Posted: 08-Jan-2010 at 23:21 |
Здраво ме интересира кој се стандардите за едно паркинг место доколку е изведено паралелно паркирање и се разбира вртењето при паркирање на местото се мисли на влезот во местото. Работата е во тоа што општината, од инвеститорот, бара сообраќајни услови т.с. паркирање во рамки на сопствената парцела. Растојанието помеѓу задната страна (западна) на зградата од каде што ми гледа целиот стан (јас сум на приземје), до границата на градежната сопствена парцела е точно 5 метри што значи дека паркингот ке бидо со широчина од 5 метри притоа залепен под мојот прозор (и по цела должина на зградата), претпоставувам без никаква можност за зелен појас помегу паркингот и западната фасада. Значи дали има можнос да се скрати од тие 5 метра за пристојно зеленило а приота пак да се изведе паркинг, за кое чисто се сомневам, (дали е возможно некое решение) или дали постојат некој дупки во законитe а притоа да не се судско-правни спорови на пример да го откупам земјиштето што е по должината на мојот стан (дворот под прозорот во колективно домување за 1evro 1метар) и притoа да не дозволам изведба на паркинг на тој "приватизиран дел". Неможам да стопирам изградба на паркинг затоа што тој е во интерес на целата зграда, несакам да бидам себичен, но и несакам некој да ми се паркира со ауспухот во мојата дневна или спална соба. Ве молам за совет или некоја идеја? Зошто општината бара да се изгради паркинг на парцела од зграда кога зградата е изградена уште пред земјотресот и има вкупно 96 стана а бара вкупно 156 паркинг места, зарем паркингот не треба да си го направи на сопственото општинско земјиште?
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#819 Posted: 05-Jan-2010 at 15:08 |
како може сега да постои непрописно паркирање кога се легализира паркирањето по тротоари со зонското паркирање „Така ќе остане доволно простор од ѕидовите на зградите до
автомобилите за движење на пешаците. “ ако градов беше полн со анорексични луѓе
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#820 Posted: 04-Jan-2010 at 22:08 |
„Градски паркинг“ работи само за такси и за плати

Претпријатието за паркирање во деветмесечниот извештај за работа прикажува негативен финансиски резултат за околу 35.000 евра, што, според објаснувањата, се должи на високите тарифи за комуналната такса
Иако пајакот работи со полна пареа низ центарот на Скопје, а многу
јавни површини се претворени во нови паркиралишта со наплата, јавното
претпријатие „Градски паркинг“ во деветмесечниот извештај за работа
прикажува негативен финансиски резултат за околу 35.000 евра.
Членовиве
на Советот на Град Скопје на седниците изразуваа сомневање дека
претпријатието работи непрофитабилно, но сега во заклучокот од
финансискиот извештај загубата е потврдена. Во овој документ се
потенцира дека минусот се должи на обврската за плаќање на комунална
такса кон Градот. Таа од јануари до септември 2009 година изнесува 16,4
милиони денари или околу 260.000 евра, а вкупниот приход на
претпријатието за овој период е 1,1 милион евра.
- Се надеваме
дека проблемот набрзо ќе се реши. Тарифите за комунална такса се
нереални за сите субјекти што се занимаваат со сообраќајна дејност. Ни
се наплатува по 10 денари од час ако паркирањето се наплатува според
времетраењето и 30 денари ако наплатуваме паркирање од влез - вели
директорот на „Градски паркинг“, Панче Стојановски.
Надлежните
сметаат дека позитивен финансиски резултат би постигнале само со измена
на Законот за комуналните такси, односно намалување на таксата за 15
отсто.
- Ако нема измена на тарифите во Законот или ако
надлежните институции не се изјаснат за овој проблем, претпријатието и
понатаму ќе покажува голема загуба како краен финансиски резултат - се
вели во извештајот на „Градски паркинг“.
Според директорот
Стојановски, иницијативата за измена на Законот е во тек веќе три
години, а се одвива преку Заедницата на единици на локална самоуправа
(ЗЕЛС). Тој вели дека Законот е во Министерството за финансии и очекува
позитивен резултат.
Од парите што ќе му останат на претпријатието, најголем дел оди за исплата на платите на 145 вработени.
- Најмалата плата во „Градски паркинг“ изнесува 15.000 денари, а највисоката 45.000 денари - вели Стојановски.
За
да му помогне во надминувањето на финансиските проблеми, градската
власт во февруари годинава одобри 600.000 евра субвенции за
имплементирање на проектот за зонско паркирање. Но, поради двата
ребаланса на градскиот буџет таа сума се намали на 300.000 евра.
Директорот Стојановски вели дека досега добиле само половина од овие пари, а остатокот го очекуваат.
Јорданка Ивановска
Огради пред автомобилите
На реакциите дека „Градски паркинг“ ги остави пешаците во Дебар
Маало без зони за движење, со тоа што ги обележа тротоарите за
паркирање и остварување профит, директорот Стојановски најави брзо
решавање на овој проблем. Според него, размислуваат да ги заштитат
пешаците со оградување на просторот пред возилата на местото каде што
се паркираат. Така ќе остане доволно простор од ѕидовите на зградите до
автомобилите за движење на пешаците.
Таму каде што има
жардиниери, настрешници или други физички пречки, ќе бидат отстранети,
а просторот ќе биде заокружен само за потребите на пешаците. |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=FB7E3C859A71F5459D7A3C35E41ABBE1
Пајак-службата во иднина ќе биде многу поопасна |
|
|
Со
две нови депоа и со уште три специјални возила пајак-службата на
јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе може многу посериозно да го
решава проблемот со непрописното паркирање насекаде низ градот |
|
|
|
 |
|
Панче
Стојановски, директорот на ова претпријатие, најавува дека
новопланираните депоа во општините Чаир и Карпош ќе почнат да се прават
во јуни, а возилата ќе им пристигнат во септември.
- Во новите
депоа ќе се постават по две пајак-возила. На тој начин вработените ќе
може да собираат непрописно паркирани автомобили од својата околина, да
ги носат во депоата и набрзина повторно да се враќаат на теренот.
Сообраќајниот метеж во центарот ни е главен проблем за да постигнеме
поголема ефикасност. Многу често сме заглавени во колони, па додека сме
почнале да чистиме некоја локација, таа за кратко време повторно се
полни и немаме можност да ја истуркаме работата до крај. Располагаме со
шест возила, од кои едно е постојано во дефект. Затоа трите нови ќе ни
бидат навистина добредојдени. Петте што ќе останат во централното депо
кај новата железничка станица ќе ги покриваат општините Центар,
Аеродром и Кисела Вода - вели Стојановски.
Тој додаде и дека
на паркингот кај хотелот „Холидеј Ин“ ќе се постави и нова,
пософистицирана рампа, која ќе ги спречува возилата што работат на
дотур на стока да влегуваат на кејот „13 Ноември“.
- До
средината на јануари ќе се постави нова рампа, која ќе биде со читач и
нема да им дозволува на возилата што вршат дотур да влегуваат на кејот.
Се одлучивме за ваков чекор бидејќи сме свесни колку се оштетува
бехатонот кога врз него ќе помине потешко возило, а од друга страна, и
не е убава глетката за луѓето што се во рестораните или во кафулињата
да гледаат како им поминуваат камиони додека ручаат. Исто така, ќе
воведеме и една новина кај зонското паркирање. Планираме во вечерните
часови, додека работат дискотеките, кафеаните и кафулињата, цената за
паркирање да биде симболична и секој да може да си ја дозволи. Со овие
новини што ни се предвидени да ги реализираме до крајот на 2010 година
мислам дека ќе придонесеме значително да се реши проблемот со
паркирањето во градот - додава Стојановски. |
|
|
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=14101028597&id=14&prilog=0&setIzdanie=21877
|
 |