![]() |
![]() |
![]() |
Старо Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3940414243 56> |
Author | ||
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
|
Хммм... оваа првата слика повеќе ми личи на 1963 отколку на 1912... пред се поради рушевините од земјотресот и очигледно различните униформи (а и цивилните облеки што се гледаат), кои тешко дека се од 1912.
|
||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
||
![]() |
||
leonid23 ![]() Senior Member ![]() ![]() БАНИРАН Joined: 30-Nov-2009 Location: Strumitza Online Status: Offline Posts: 579 |
![]() ![]() |
|
![]() 1912 ![]() Edited by leonid23 - 28-Nov-2010 at 17:34 |
||
![]() |
||
LouReed ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Oct-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 133 |
![]() ![]() |
|
Ova se dobri sliki od plostadot pre prva balkanska vojna, samo sto gi vidov na skyscrapercity.com
Plostad: ![]() Kameni Most Nokje: ![]() |
||
![]() |
||
leonid23 ![]() Senior Member ![]() ![]() БАНИРАН Joined: 30-Nov-2009 Location: Strumitza Online Status: Offline Posts: 579 |
![]() ![]() |
|
Најславните скопски кафеани
Скопската ноќ има своја особена боја, каква што обично ја имаат градовите горди на својата убавина. Кафеаните се преполни преку целата ноќ, во нив се свири, се пее и се игра"...пишува Данило Коцевски Ех, скопските ноќи и кафеани. Се лажете ако мислите дека само денес старо и младо "окапуе" по кафеаните. Не, Скопје како град има долга и богата кафеанска традиција. Еве еден романтичен запис за боемскиот живот од периодот помеѓу двете војни: "Скопската ноќ има своја особена боја, каква што обично ја имаат градовите горди на својата убавина. Кафеаните се преполни преку целата ноќ, во нив се свири, се пее и се игра". Еден хроничар од тоа време, кој се потпишувал како Калиф, ги издвоил следните три најславни кафеани во градот: "Маргер", "Париз" и "Москва". Во нив секогаш имало посебна атмосфера. "Маргер", која е наоѓала на плоштадот, се сметала за најбоемско собиралиште. Доаѓале уметници, студенти, новинари. Книжевни разговори и караници се воделе и "преку маса", што било особено забавно за посетителите. Така нè известува Калиф во своите записи. ![]() Но, не станува збор само за овие кафеани. Во Старата чаршија меаните "љубоморно ја чувале пијаната романтика на Истокот - со чочеци, дајриња и чудно расплаканите ориенталски виолини". Најпознати биле "Јанчев ан", "Маврово", "Фенерли ан". Треба да се споменат и славната "Идадија", "Бристол", потоа "Румба", "Ислахане" (Кермез), кафеаната "Океан". Со "Океан" е поврзан и еден куриозитет. Познатиот сликар Никола Мартиновски го насликал ентериерот на оваа кафеана, која се наоѓала во близина на поранешната Мала станица, со еротски сцени. Подоцна овој објект беше урнат. Во близина на првата Железничка станица во Скопје се наоѓала и кафеаната "Тутанкамон", која го добила името според тогаш откриената Тутанкамонова гробница во Египет. ![]() ![]() Во времето на нашата младост во шеесеттите и седумдесеттите години, не постоеја многу кафеани посетувани од младите. Одевме, главно, во "Пелистер", не во овој денешниов (поранешен "Дал Мет Фу") туку горе, на катот. Срамежливо пред девојките ги испивавме првите вињаци и ги пушевме цигарите "билјана" со необичен, син филтер. Одевме во "Маракана", а кафеаната "Карпош" беше собиралиште на студентите, со незаборавниот џубокс. Надвор од градот, главниот правец беше кон "Чардак", "Четири воденици" или "Сарај". Толку за кафеаните. Диско-клубовите и слаткарниците се скопска приказна што треба посебно да се раскаже. Edited by leonid23 - 12-Oct-2010 at 05:02 |
||
![]() |
||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
|
Ги гледам фотографиите од старо Скопје, и една работа навистина ме нервира. Погледнете како педантно пред 70 години се спроведувале каблите и споредете го хаосот денес, пред се предизвикан од бандерите на кабловските телевизии. |
||
![]() |
||
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Најпознатиот скопски градоначалник
![]() Пишува: Данило Коцевски Постојат повеќе личности во Скопје што се заслужни за неговиот развој, за модерниот урбанистичко-архитектонски лик. Меѓу нив, секако, спаѓаат и градоначалниците (претседателите на Општината), пред и по Втората светска војна. Но ако би требало да се избира најпознатиот или најзаслужниот меѓу најзаслужните, секако би бил избран градоначалникот од периодот меѓу двете војни, инж. архитект Јосиф Михајловиќ. Тоа што неговата легенда трае сe до денес, не е случајно, и се базира врз неговите исклучителни заслуги за градот. Тој бил градоначалник на Скопје во два мандата: од 1929 до 1936 година, и од 1939 до 1941 година, кога починал. Во неговото време Скопје интензивно се гради, ги добива своите модерни урбани белези. Изградени се Железничката станица и Народната банка, Поштата, зградата на денешниот Парламент, водоводот Рашче, хидроцентралата "Матка", направен е геодетски премер и урбанистички план на градот, подигнати се многу станбени објекти. И тоа е само еден дел од она што е направено во неговиот период. Тој е еден од ретките градоначалници кој пред граѓаните постојано држел предавања на теми од архитектурата и новото модерно обликување на градот. ![]() ![]() Во Скопје и денес постои раскошната семејна куќа која Јосиф Михајловиќ ја изградил во 1937 година. Подоцна, тој оваа куќа ја користел како приемна резиденција на градоначалникот, бидејќи просторот бил најсоодветен за таа намена. Во неа било инсталирано првото парно греење во градот. Неговиот внук инж. архитект Драган Томовски, во едно искажување пред петнаесетина години вели дека неговиот вујко Јосиф Михајловиќ куќата самиот ја проектирал. Таа била изградена "од клепан мијачки камен во рустикален стил" од прочуени мијачки мајстори ѕидари. Ентериерот бил најмодерен за тоа време, со компонирана голема фреска со мијачки мотиви од Личеноски. Плакарите биле ![]() Еден од плановите на Михајловиќ била и идејата за Зелен град, која посебно ја препорачувале и ја разработувале англиските урбанисти. Тој сакал да ги пошуми двата острова на Вардар кои постоеле во тоа време - еден спроти Зоолошката градина и Паркот, другиот во близината на тогашниот аеродром. Велел дека на кејовите на Вардар им е потребна побујна вегетација. Повеќето негови идеи Михајловиќ ги реализирал, некои останале само како идеја, но сето она што тој го остварил останува во богатата урбанистичко-архитектонска и духовна традиција на градот. http://vest.com.mk/?ItemID=AB375072C1AB7C48A9C0CDA9B520DCB6 |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
makonix, респект за постот, потполно се сложувам дека секој своите тези треба да ги образложи за да дискусијата има смисла. Воедно и се извинувам ако претходниот пост кон тебе ми беше поостар, тоа е само последица од општата атмосфера на форумот на која очигледно и јас не сум имун, атмосфера која само со вакви конструктивни постови може да се разбие.
Малку подоцна ќе ти одговорам и на поентите од твојот пост ![]() |
||
![]() |
||
Jumbo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Mar-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 140 |
![]() ![]() |
|
Одличен заклучок на makonix.
|
||
![]() |
||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
|
Добра компарација ![]() |
||
build.mk, гради форумска историја
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Е браво за делов. Мала група на луѓе (што архитекти, што заинтересирани) не фермаат функционалност и забегуваат со егото. Па така своите на првиот проект што ќе треба да го проектираат (макар и туѓа семејна куќа) ќе ги истурат сите свои извртени идеи и тоа нема да личи на ништо. Забораваат дека не работат за себе, туку за други луѓе што јасно знаат што сакаат и што им треба и не туку така "простаци без архотектонска свест", како што честа знаат да бидат наречени од оваа мала група луѓе. И една друга работа. Модерните прости форми знаат да изгледаат многу убаво, ама во некои случаеви до толку се сувопарни и ладни и кога тоа ќе се стави на куп и на луќето што живеат и транзитираат во нивна околина таа бездушност на тие објекти ги доведува до потсвесно сами да бараат нешто пошарено и поразиграно и најчесто како нус ефект се појавува нестручки накитување на семејни куќи, на помали објекти што во огромен процент резултира со кич. |
||
![]() |
||
makonix ![]() Senior Member ![]() Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
![]() ![]() |
|
Кога зборувам за развој на еден град треба да ги земеме во предвид потребите на секого, а не само една елита. Секој има право на лично мислење се разбира, ама дај кога давате коментар за нешто додадете и зошто така мислете, за да може да се споредат различните мислења. На пример
Мене ми се допаѓаат старите градби од старо скопје со куполи и слични додатоци, бидејќи имаат текстура и детали, своја приказна и историја, го прават градот интересен од перспектива на обичниот минувач или турист, и го раскинуваат монотониот коцкест изглед на градот, со тоа го прави препознатлив. Овој период е значаен бидејќи населението покушавало да се врати кон европските текови преку архитектура, музика, култура. Се согласувам дека ако овие објекти се нестабилни, да се зарджи барем фасадата од надвор. Практика во странство е да се задржи барем од надвор изгледот, доколку се сака некој спрат повеќе, надградбата треба да го запази стилот. Јас Скопје повеќе го гледам како Копенхаген или Барселона да се развива него ли како Мелбурн или Бостон. Од социјалистичкиот период Поштата е можеби единствениот објект што отскокнува во дизајн, па дури и во светски рамки во тој стил. Од странците што сум ги донел, тој објект обично единствено им остава впечаток од модерната архитектура. Бруталната архитектура е премногу минималистичка за да биде прифатена на ниво на обичниот минувач, поради недостаток на бои, детали, текстура, и создава чуство на изолираност и на ладна атмосфера. Ова не го зборам напамет сум го учел и студирал. Е сега Јас ако се прашувам би сакал повеќе паркови, и многу ми се допаѓаат новите правци во Скандинавија, Австрија, каде градбите внимаваат на екосистемот, се модуларни, со органски дизајн и поразиграни. Добро е што Скопје после земјотресот бил надграден со подобра инфраструктура, али треба да има и некаква рамнотежа. Да се оставеле барем некои делови, фасади со старо градски шмек. Проблемот е дека промената се случила нагло од една тогашна елита, без консултација со Скопјани. Па така денес како резултат имаме елита која го прави спротивното ала 2014. И овој процес бил не само во Скопје, ќе следи низ цела Македонија. Па за само 30 години ја снемува цела старо градска архитектура низ многу градови низ МК. Еве и ќе одоворам на некои прашања упатени кон мене. како се гради стара историја и култура ако таа не постои? Не сум баш сигурен на што целиш. Стара историја и култура не се гради туку се воскреснува, доколку таа историја била потиснувана со години и векови. Тој процес се случува насекаде низ светот. Во Кина срушија цели предградија за да реизградат средновековен град, во Франција се гради замок во 16 век стил повторно, во Барселона градат Годи црква веќе 50 години и ќе трае уште 100 години, во Бугарија по социјализмот се градеа куќи и мини замоци после социјализмот. Сите тие стари стилови не се создадени преку ноќ, туку евлуирале 1000 години. Во последните 100 години со напливот на евтин материјален капитализам имаме експлозија на стилови кои тек треба да го поминат тестот на времето. Општ впечаток е дека бруталната архитектура со мали извонредни исклучоци не успеа да го помине тестот (види на интернет). Јас ценам во Скопје Поштата, МНТ и Транспортниот Центар со реставрација и збогатување на содржината ќе останат како споменици на културата, ама за се друго ќе мора да се адаптира кон новите текови. или зошто не се валоризира старата историја и култура која ја имаме туку се измислува нова? Како може да се води битка за старо скопје освен ако не измислиме времеплов? Една градба како новиот антички музеј (знам звучи апсурдно) е само израз на едно почитување (а можеби и една носталгија кон едно изубено време и уништено од безбројните окупатори врз оваа земја) на една школа која траела со векови. Тоа тие како да кажеш, не треба да компонираме класична музика демек имаме сега техно нов стил. Јас ти ја разберам поентата, има сега нови поефикасни футирстички стилови што се феномални и би сакал една зона во Скопје да биде посветена на тоа. Па да споредиме и да одиме напред во архитектурата. Инаку под битка за старо Скопје мислам на потребата на луѓето преку фасади и слични облици да си го изразат својот европски идентитет и припадност, без да им биде наметнат некој светски стил кој што е релативно непознат. Зошто е Скопје демек модерно? Зошто потребата да се потцени и омаловажи модерниот идентитет на нашиот град? Велам демек, бидејќи едноставно е наметнат од мала група на луѓе љубители на одредене стилови и несушествува со потребата на обичниот граѓанин. Секој архитект треба пред се кога гради треба да го има на ум за кој гради и неговите потреби за естетика и фунционалност, егото на страна. Како дизајнер јас за свои потреби можам што ми душа сака, али кога е за клиент тогаш го имам предвид неговите потреби и интерес. Не потценувам ниту омаловажувам никого, али сум реалист, едноставно на мнозинството не им се допаѓа модернизмот во МК, поради едноставноста, сивата едноставна текстура, и минимализмот. Кога велам мнозинство мислам на илјадниците луѓе кои низ својот живот сум се сретнал. Пред некоја недела правев статистика по гоогле, фликер за најпосетени и најинтерсни градби во МК од страна на странци - на прво е заливот на коските со езерото - тврдината во Охрид со црквите - музејот на тереза во СК со камен мост - турска чаршија во СК - Битола, широк сокак - источна МК манастирите и околината - милениумскиот крст - бикот во Центар Јас сеуште чекам во МК да почне да се гради нешто ултра модерно со модуларни подвижни спратови, органски облик на згради, еколошки. Поздрав до сите овде, не можам многу често да пишувам, али без разлика го ценам секое мислење колу и да е спротивно, само ве молам без лични напади и етикети |
||
![]() |
||
dejan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Australia Online Status: Offline Posts: 672 |
![]() ![]() |
|
![]() (inace jas se soglasuvam so pbanks ![]() |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
да бидам јасен. Јас сум зачувување за објектите независно кој е градителот. Коментарот кој го дадов преходно беше поврзувањето на тие објекти со традициите на луѓето.
Такви квартови имавме, можеби не беа околу плоштадот но Дебар Маало и Буњаковец беа во голема мерка оние старите до 90 година. Барем јас така мислам. Потоа дојде транзицијата. Edited by pbanks - 29-Jul-2010 at 09:05 |
||
![]() |
||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|
![]() Збориме за старо Скопје во оваа нишка, а шмек е израс кој вметнат во нишката за ново-денешно Скопје би одговарал соодветно и тамо. |
||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
ама убавината на градовите и тоа како некој му се допаѓале а на некој не, не треба да се дискутира, секој различно го доживува тоа, мене ми се допаѓаат и куполите и најмодерните решенија, но тоа не е поентата, секогаш треба да се мисли на правилната насока на развивање на градот, со тек на промената на генерациите и промените на потребите на општеството во целост
значи да не се враќаат шмекови, туку да се мисли на сегашноста и иднината, бидејќи тие шмекови им се допаѓаат на одредени луѓе, а други луѓе и други генерации мислат поинаку, и зарем треба да се сопира развитокот на градот поради емоции и поврзаност со минатот? тоа е се случило, Скопје било срушено, дали од земјотрес или од луѓе, сеедно ми е веќе, ама минато е треба да се продолжи, секое враќање е чекор назад, битно е да се биде во тек со сегашноста, па и да се мисли за иднината инаку и мојата фамилија живеела тука пред земјотресот, да не ме стави некој во некоја „група“ ![]() |
||
![]() |
||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|
Точно pbanks, и во контекс на самата нишка, значи се сложуваме дека добро оновен (велам обновен) објект е вредно да се зачува ако е неговата архитектура вредна за тоа (а на форумот се води дискусија ова е од српско, бугарско, турско), е па затоа е можда како ја нерекуваат сентименталноста на старите скопјани, многу вредни објекти се срушени во „обновата на Скопје“ кој никако не требаше, и можеше да се склопи барем еден кварт кој ќе го имаше оној шмек на тоа време ма чие било.
Edited by pbanks - 29-Jul-2010 at 09:05 |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Владимир нека не те тревожи офтопкиов, секако ќе ја тргнам дискусијава во некоја поприкладна нишка од кога ќе се исцрпи.
Исто така не јас сметам за така лоша дискусијава, знам дека форумов е малку повеќе наелектризиран во последно време, но мислам дека во крајна линија не беше кажано ништо лошо погоре, само разменивме некои размислувања. Што се однесува до твоето прашање. Ќе одговорам во мое име. 1. Немам ништо против куполите како такви 2. Немам ништо против вкусно дизајнирани куполи (стари или нови) кои се во склад со целината и околината 3. Имам и те како против дефинирањето на куполата како еденствен и бесценет детал кој одредува дали објектот ќе биде убав или нема да биде убав (појава во последно време) 4. Немам апсолутно ништо против архитектурата на старо Скопје ниту против објектот што го посочи Џамбо 5. Реставрацијата на банката во Струмица се изврши врз оригиналниот постојан објект кој и натаму е вклопен во околината на истиот начин како што бил во времето кога бил изграден. Поаѓајки од таму, тој проект кај мене буди симпатии за разлика од вештачкото садење на "стари" објекти онаму каде не им е местото |
||
![]() |
||
Jumbo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Mar-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 140 |
![]() ![]() |
|
Само јас покушавам да зборам за старо Скопје и апелирав да не се мешаат новиве објекти со куполи со старо Скопје, ама очигледно забегавме со дискусијава.
|
||
![]() |
||
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
|
Претпоставувам бидејќи самиот чин на реставрација бил добар. А самата купола е одамна направена, не е нова. Пбанкс цели кон „новокомпонираните“ згради и куполи.
|
||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3940414243 56> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |