Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#801 Posted: 19-Mar-2009 at 23:12 |
Во контекст на муабетите кои ги вртевме за жолтите пречки и јас само се нашалив за идејата да се извадат.
Но кај нас многу пати беше случај тоа со лежечките полицајци, па како една претпоставка ми е и ова. Сега на потег е полицијата да го регулира сообраќајот. Кога еве гледаме дека не се почитува одлуката третата лента да биде само за јавен транспорт, мене ме чуди како ќе успееме воопшто да монтираме трамвај. Факт е дека монтирањето на трамвајот не треба да го релативизираме токму поради сообрќајната некултура, но...ајде еве ова нека биде тренинг за почитување трета лента па да створиме атмосфера па со трамјаот да не ни дојде ништо ново, па да треба допрва да стекнуваме навика.
Edited by lslcrew - 19-Mar-2009 at 23:13
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#802 Posted: 19-Mar-2009 at 03:43 |
Скица на депо:
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#803 Posted: 14-Mar-2009 at 13:34 |
Антикорупционерите бараат три тендери за трамвајот |
|
|
|
|
Градскиот тендер за трамвајот треба да се поништи бидејќи е неправилен, смета антикорупциската комисија. Според нејзината претседателка Мирјана Димовска, градот со една јавна набавка бара изведувач за изградба на 12-километарска пруга, изработувач на пет шински возила и градител на депо, наместо тоа да го прави со посебни процедури или во фази.
- Како комисија имаме должност да спречиме да не дојде до злоупотреба на законите и сè уште дејствуваме на полето на превенција во овој случај. Ако се отвори тендерот и се потпише договор со некоја компанија, тој ќе се поништи, а градоначалникот Трифун Костовски ќе биде одговорен. Тие што не го почитуваат законот може да добијат прекршочна или кривична пријава. Со ова ги предупредуваме и компаниите што имаат намера да достават свои понуди на тендерот - објасни Димовска.
Членовите на комисијата сметаат дека со тендерот е тенденциозен и се набавуваат вагони без изградено депо, а земјиштето каде што треба да поминува трамвајската траса не е на градот и има имотноправни проблеми. Тие додаваат дека за спроведување ваков капитален проект треба да се почне од основата, односно од земјиштето, а дека во последната фаза би требало да се купуваат вагони и шини.
Од градот велат дека набавката и понатаму останува отворена за сите понудувачи, а на 24 март ќе бидат соопштени сите компании што доставиле комплетна документација.
- Целата постапка за реализација на трамвајот ќе се одвива постапно, а првата фаза од проектот треба да заврши во 2011 година. И во иднина ќе се предвидуваат пари за него. За да добиеме трамвајски возила треба да ги нарачаме најмалку две години однапред, бидејќи се чека ред. Петнаесетина странски фирми веќе покажаа интерес да се пријават и зедоа тендерска документација. Колку од нив доставиле понуди не можеме да соопштиме. Тоа ќе се обелодени на 24 март - велат од градската управа.
Градоначалникот Трифун Костовски смета дека антикорупциската комисија во врска со распишаниот тендер врши агресивен притисок врз него како градоначалник и врз градската управа. Тој најави дека, и покрај сите пречки што му ги создавала комисијата, со сите сили ќе се бори да потпише договор за трамвајот. Костовски смета дека не ги прекршил законите, дека не е потребно советот да донесе одлука за тендерот, бидејќи иако тој бил распишан по 10 јануари, за реализација на проектот биле предвидени пари во буџетот на градот, кој бил усвоен во декември минатата година. За целиот проект градот издвоил 450 милиони денари, а Костовски повеќе пати апелира до членовите на советот да вршат притисок до политичките партии проектот да не биде заборавен откако тој ќе си замине од функцијата. Со проектот се предвидува во првата фаза да се изгради депо меѓу населбата Ново Лисиче и реката Вардар, а возилата оттаму да се движат по булеварите АСНОМ, Србија и Јане Сандански, па покрај Народната банка до хотелот „Холидеј ин“. Потоа ќе треба да завртат лево кон Градската болница, па покрај Олимпискиот базен ќе сообраќаат до Народната банка и по истата траса ќе се вратат до Ново Лисиче.
Советниците од Кисела Вода да не си ги присвојуваат лаптопите
Државната комисија за спречување на корупцијата бара да се запре одлуката според која советниците од општината Кисела Вода за сметка на наводно неисплатени паушали ќе ги задржат службените лаптопи. Оттаму велат дека одлуката била донесена за време на изборниот процес, а дека се подготвува да се стави на дневниот ред и на следната седница.
- Оваа одлука на советниците на општината Кисела Вода треба да се поништи. Ако не се испочитува нашето обраќање, ќе биде одговорен претседателот на советот - истакна Мирјана Димовска, претседателката на антикорупциската комисија.
Зоран Антовски, претседателот на советот на Кисела Вода, вели дека не добиле допис од комисијата и дека точката ќе остане на дневниот ред.
- Градоначалникот Џорџе Арсов до минатата година ги исплатеше паушалите, но годинава не го прави тоа, поради негово лично убедување. Затоа ќе направиме компензација со која нема да го оштетиме буџетот. Минатиот пат се донесе одлука за тоа, но Арсов не ја потпиша. Затоа ќе ја изгласаме повторно и таа ќе стапи во сила - вели Антовски.
Според него, општината ќе биде во ќар од оваа одлука, бидејќи им должи по 30 илјади денари за изминатите три месеци, а советниците ќе си присвојат компјутери, од кои секој вреди по околу 24 илјади.
|
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#804 Posted: 11-Mar-2009 at 12:54 |
za najcevska, protiv zekoli, zekoli gresit
КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ |
Трамвајот има светла иднина |
|
|
|
Автор: Гоце Трпковски |
|
Веќе три години траат подготовките на сегашната градска власт за воведување трамвај како алтернативен јавен превоз, кој меѓу другото е предвиден и во генералниот урбанистички план. Скопјани, но и добар дел локални политичари, беа сомничави за оваа идеја, како нешто што веќе пропадна во доцните 1980-ти и како проект што е далеку од можностите на локалната самоуправа. Сепак градот беше упорен. Ангажира консултанти, правеше студии за процени, ги испитуваше условите и можностите за финансирање. Така, пред крајот на мандатот на оваа градска управа, проектот стигна до фаза за него да биде распишан тендер за избор на изведувач, кој ќе се отвори на 24 март, два дена по првиот круг од изборите, а за почетокот на изградбата да бидат обезбедени осум милиони евра во градскиот буџет. Градоначалникот Трифун Костовски сега брза да потпише договор за да го обврзе својот наследник, кој и да биде, да го продолжи проектот. Но за тоа дојде во остар конфликт со антикорупциската комисија, која смета дека толку голем тендер не смее да се распише пред да поминат изборите. Затоа сега се поставува прашањето каква е иднината на овој проект и дали нечија тригодишна работа ќе пропадне во вода. Костовски може да биде оптимист, сите кандидати го имаат трамвајот во нивните програми, но повеќето ако дојдат на власт ќе ја преиспитаат неговата работа и потоа ќе одлучат дали да ја продолжат или да почнат од почетокот.
Паралелно со ова прашање, се отвори и тоа за обнова на автобускиот превоз. Пред година и пол, на 60-годишнината од постоењето на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Владата вети пари за нови автобуси. Но наместо тоа да стане поле за соработка меѓу градот и Владата, прерасна во остар конфликт меѓу овие две институции. Централната власт одлучи да го враќа стариот дух на Скопје и да купи двокатни автобуси, на што градската управа остро се спротивстави, па сега тие се набавуваат преку Министерството за транспорт и врски. Досега се распишаа неколку тендери, за 50, 100, па за 300 автобуси, а единствениот што се отвори пропадна. Кандидатите се согласни дека сегашните крнтии мора да се заменат, но дел од нив сметаат дека двокатните возила се несоодветно решение.
ПОПОВСКИ: ТРАМВАЈОТ МОРА ДА ПРОДОЛЖИ
Трамвајот претставува одлично решение за проблемите присутни во јавниот превоз во Скопје, смета Душко Поповски, кандидатот од Либералната партија.
- Парите за реализирање на првата фаза се обезбедени во буџетот на градот Скопје, а за да се направат наредните фази се можни повеќе решенија, меѓу кои и да се почне постапка за тендер за јавноприватно партнерство. Овој проект мора да се реализира за граѓаните конечно да добијат јавен превоз што личи на европските стандарди - вели Поповски.
Тој додава дека за да се постигнат европските стандарди во автобускиот превоз е неопходна обновата на возниот парк.
ЕЛЕНОВСКИ: „НЕ“ ЗА ДВОКАТНИТЕ ВОЗИЛА
Изградбата на модерен трамвај е еден од клучните проекти на Лазар Еленовски, кандидатот на СДУ.
- Скопје е град со повеќе од половина милион жители и секаде во Европа градови со таква или со поголема бројка имаат алтернативен јавен превоз. Тоа е брз, квалитетен и еколошки транспорт. Имајќи го предвид темпото на ширење на градот, сакам да понудам решение што ќе ги задоволи потребите на подолг временски период. Што се однесува до автобускиот јавен превоз се залагам за неговата стандардизација и за целосна обнова на возниот парк. Во таа насока не ја поддржувам идејата за двокатни автобуси затоа што сметам дека станува збор за нефункционално решение. Во договор со Владата сигурно би нашле заеднички јазик за ова прашање во интерес на потребите на граѓаните - смета Еленовски.
НАЈЧЕВСКА: КОМБИНАЦИЈА ОД ТРАМВАЈ И ОД ЖЕЛЕЗНИЦА
Мирјана Најчевска, кандидатката на ЛДП, се смета себеси за голем поклоник на трамвајскиот и пошироко на железничкиот сообраќај. Според неа, може да се направи многу добра комбинација меѓу нив и да се обезбеди добар и сигурен превоз за граѓаните на Скопје, но и многу добри врски со поблиските и со подалечните општини.
- Токму заради ова во нашата програма постои дел што зборува за развој на железнички ринг. Но развојот на трамвајот во никој случај не го исклучува подобрувањето на автобускиот превоз. Вистинска мобилност може да се постигне само со постоење на повеќе алтернативи, кои може да се комбинираат. Апсолутно сум против двокатните автобуси како нефункционални, скапи, тешки за одржување и несоодветни за многу категории граѓани: за постарите, за лицата со хендикеп, за родителите со мали деца и за други - објаснува Најчевска.
ПЕТКОВСКИ: ШТО ПОМАЛКУ АВТОМОБИЛИ НА УЛИЦИТЕ
За Тито Петковски, кандидатот на НСДП и на СДСМ, важно е на скопјани да им се обезбеди квалитетен, економичен и ефикасен градски превоз. Тој е убеден дека тогаш граѓаните многу помалку ќе ги користат своите приватни автомобили и на тој начин ќе се намали сообраќајниот хаос.
- Постојано слушам и читам како граѓаните се жалат од јавниот превоз. Автобусите доцнат, често се расипуваат, застануваат среде улица, а сум видел и такви што се преполни и навалени на едната страна. Треба да се заменат поголемиот број стари автобуси, но не со двокатни, кои во светот се користат исклучиво за панорамско разгледување. Потребно е ново снимање на линиите за да се одредат бројот на автобуси и интервалот на нивното минување. Мораме да го намалиме бројот на автомобили. Секој втор автомобил на улиците е празен, во него има само возач - вели Петковски.
Тој дава поддршка за воведувањето трамвај, за кој вели дека е добра инвестиција и од економски и од еколошки аспект.
ТРАЈАНОВСКИ: ТРАМВАЈОТ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕИСПИТА
Трамвајот е дел и од програмата на Коце Трајановски, кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ. Но тој нагласува дека прво треба да се видат правните аспекти за активностите што се спроведуваат во овој период, како и финансиската конструкција.
- Тоа е најголем капитален проект, рамен со регулацијата на коритото на Вардар. Лесно е да се почне на крајот на мандатот, но некој треба да го продолжи. Што ако нема доволно пари? Навистина сегашните активности се однесуваат на половина линија, но тука се најголемите инвестиции, треба да се градат депо и мрежа што подоцна ќе се надградува. Ќе ги разгледаме можностите тој проект да го финансираме со помош на Владата, на Европската Унија и од други извори. Градот со буџет од 50 милиони евра не може да направи трамвај без поддршка на Владата на Република Македонија. Што се однесува до автобусите, го поздравувам тоа што Владата донира 300 двокатни возила. Ние ќе продолжиме да инвестираме во обновата на возниот парк. Каде што ќе нема услови да сообраќаат двокатните возила ќе се користат еднокатни - рече Трајановски.
ЗЕКОЛИ: ТРАМВАЈ ПРВО ОД САРАЈ ДО СИНГЕЛИЌ
Шефкет Зеколи, кандидатот на ДУИ, смета дека трамвајската траса прво треба да се гради од Сарај до Сингелиќ, а потоа, во зависност од рентабилноста на проектот, да се направат линии и од Бутел до Клиничкиот центар, или од центарот до Драчево.
- Тоа е многу добра идеја за растоварување на сообраќајот, обезбедување поквалитетни услуги за јавен транспорт и за зачувување на животната средина. Сепак Скопје не може да се замисли и без градските автобуси и тие што поскоро треба да се заменат со нови и модерни, но не мораат да бидат двокатни - вели Зеколи.
НАГАВЦИ: И ТРАМВАЈ И АВТОБУСИ
Справувањето со сообраќајниот метеж според Аргтим Нагавци, кандидатот од Нова демократија, треба да биде приоритет за идниот градоначалник.
- Трамвајот е едно од решенијата за овој проблем, со оглед на тоа што проектот е во напредна фаза. Но автобусите што сега кружат низ градските улици создаваат многу грда слика за градот, а да не зборуваме за штетните последици по животната средина, кои се резултат на нивната старост и еколошка нестандардизираност. Замената на автобусите треба да се случи што е можно поитно, а паралелно со тоа да почне и изградбата на трамвајот - смета Нагавци
|
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#805 Posted: 03-Mar-2009 at 10:47 |
kako sto rekov , ce vi kazam kako e noviot tramvaj, docnam no .....
1. 
2.bojata kako taa od makedonija (i love it) koga ja gledam sakam vednas da odam vo makedonija
od vnatre
sega trasata ....prvo e ulicata , trasata, i trotoarot/ulica za ducanite
nesto opasno ama mora da bide poradi kolite
drug pat ako sakate mozam da vi pokazam kako e stanicat (so billet automat samo da cepkas kaj ekranot i imas se, elektronska tabla....)
7.5 mil.evra e malku , ako za tolku pari ce ja prajme toa tokas ne e nisto samo ,, aj da ojt tramvajot" moderno nema da bide so tolku pari veruvate....
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#806 Posted: 03-Mar-2009 at 08:33 |
Трамвајот и гасификацијата аманет за новиот градоначалник

Градоначалникот Костовски даде отчет за четиригодишното работење
Изготвувањето физибилити студија за гасификација на Скопје и распишувањето тендер за изградба на првата фаза од трамвајот, се двата најголеми и најзначајни проекти кои градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, му ги остава на својот наследник.
Костовски, на вчерашното, последно во својот мандат, обраќање пред Советот на Градот, истакна дека во својот четиригодишен мандат реал изирал голем број проекти кои денес им го олеснуваат животот на скопјани. Особено е горд што речиси 60 проценти од буџетот го трошел на капитални инвестиции, што е единствен случај меѓу локалните самоуправи. Костовски се пофали со клучката „Континентал“, булеварот „Словенија“, детелинката „Бит- пазар“, кањонот Матка, жардиниерите на булеварите и други проекти. Спомна дека неговата администрација ги заврши улицата „Гологанов-Циборовски“ и мостот кај Транспортниот центар, а инвестираше и во спортската сала „Борис Трајковски“.
Призна дека не успеал да издејствува промена на Законот за Скопје, кој ги создава, според него, сите проблеми во дејствувањето на Градот и општините, ниту пак успеал да го заштити Генералниот урбанистички план од проекти кои не се предвидени во централното градско подрачје. Неуспешен остана и обидот да се отвори канцеларија на Скопје во Брисел.
Костовски ги информираше советниците и јавноста дека е задоволен од подобрената слика во јавните претпријатија, кои од буџетот на Градот минатите години првпат добија субвенции, а информираше и дека во противпожарната бригада беа инвестирани 40 милиони денари за нова лична заштитна опрема. (С.Н.) |
Edited by pbanks - 03-Mar-2009 at 10:49
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#807 Posted: 25-Feb-2009 at 13:27 |
Костовски: Антикорупционерите вршат агресивен притисок против трамвајот |
|
|
|
|
Градоначалникот Трифун Костовски ги смета изјавите на Мирјана Димовска, претседателката на антикорупциската комисија, во врска со распишаниот тендер за трамвајот, како начин да се изврши агресивен и недозволен притисок врз него како градоначалник и врз градската управа. Тој вели дека наместо официјално да одговори на нивните писма со основани заклучоци кои ќе ги донесе комисијата, Димовска продолжувала „неофицијално“ да се заканува само преку медиумите.
- Госпоѓо Димовска, прочитајте ги законите, бидејќи во државата веќе започнаа изборите. Затоа потрудете се за не ја злоупотребувате комисијата и вашата позиција - истакна Костовски. Според него, заканите за добивање прекршочни и кривични пријави овој пат биле надополнети со притисок врз заинтересираните компании и клевети за сомнителен поткуп.
Од Државната комисија за спречување на корупцијата истакнаа дека до крајот на неделата ќе ги изнесат сите законски аргументи според кои набавката на трамвајот ќе мора да биде запрена.
Мирјана Димовска изјави дека комисијата ја разгледала комплетната документација за тендерот за изградба на 12-километарска трамвајска пруга, набавка на пет шински возила и изградба на депо и со тоа го потврдила првичното предупредување до градот за неговото поништување, бидејќи набавката била распишана пред почетокот на изборната кампања, како и без одлука на советот на градот. Таа вели дека комисијата се уште дејствувала на полето на превенција за да не дојде до злоупотреба на законите, како и дека договорите кои се потпишуваат за време на изборните кампањи подлежат на поништување. Според неа, со ова се предупредуваат и компаниите што имаат намера да ги достават своите понуди на тендерот.
Според неофицијални информации, членовите на антикорупциската комисија заклучиле дека тендерот е тенденциозен и е распишан без одлука на советот на градот, дека не може да се набавуваат вагони без изградено депо, како и дека земјиштето не е на градот и има имотно-правни проблеми. Имало и забелешки од членови на комисијата дека од тендерот градоначалникот Трифун Костовски заедно со своите соработници ќе добие 10 отсто маржа.
Костовски смета дека не прекршил ниту еден закон, дека не било потребно советот да донесе одлука за трамвајот, бидејќи иако тој бил распишан по 10 јануари, за него биле обезбедени пари во буџетот на градот, кој бил усвоен во декември минатата година. Тој најави дека тендерската постапка нема намера да ја поништи, дека понудите ќе се отворат на 24 март и ако не се одзема времето ќе биде потпишан и договорот со фирмата која ќе ги изведува работите. Тендерот има прецизна цена и рок на изведба, па затоа Костовски вели дека не очекува жалби и дека македонските фирми ќе можат да се пријават само како подизведувачи. За целиот проект, градот обезбедил 450 милиони денари.
|
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#808 Posted: 25-Feb-2009 at 00:13 |
i ako nemam citano sto st pisuvale pred ova samo ce kazem deka sekoja metrpola ima tranvaj
I sakam i nasata metropola da ima tranvaj
Edited by Cloverstack - 25-Feb-2009 at 00:46
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#809 Posted: 24-Feb-2009 at 20:10 |
од целата процедура градоначалникот Трифун Костовски заедно со своите соработници ќе добие десет отсто маржа. |
а што е ова со маржава, вистина ли е ова за 45 мил. во џебот на Трифун и оние до него и дали знае некој од каде и за што точно ќе оди оваа разлика во џебот на ангажираната администрација?
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#810 Posted: 24-Feb-2009 at 19:50 |
Не би се сложил дека подобро без транвај него автобуси, логиката или-или
Не гледајки го моменталниот план, транвајот е решение, но е капитален потфат. А аутобуси, може да се земаат сукцесивно, и да се подобри возниот парк без некој финансиски возбуди. А исто така и со закон за старост на автобуси (како за коли) може да се подобри возниот парк, и да добиеме современ возен парк.
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#811 Posted: 24-Feb-2009 at 16:42 |
Originally posted by zabegan
без трамвај ако останеме е подобро отколку без автобуси, сепак ги разгледавме опциите за трамвајот и увидовме дека не се од голема корист |
Да се слагам дека онака испланиран трамвај е лошо решение и ќе креира можеби повеќе проблеми отколку што ќе реши. Но по истата логика нема да ми е воопшто жал доколку не добиеме двоспратни автобуси.
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#812 Posted: 24-Feb-2009 at 16:32 |
Originally posted by dimme.von.macedonia
Se si mislam deka ke ostaneme i bez novi avtobusi i bez tramvaj
|
без трамвај ако останеме е подобро отколку без автобуси, сепак ги разгледавме опциите за трамвајот и увидовме дека не се од голема корист
|
 |
dimme.von.macedonia
Groupie
Joined: 30-Jun-2008
Location: Hrvatska
Online Status: Offline
Posts: 78
|
Quote Reply
#813 Posted: 24-Feb-2009 at 15:13 |
Se si mislam deka ke ostaneme i bez novi avtobusi i bez tramvaj
|
The beauty comes from within.
|
 |
dimme.von.macedonia
Groupie
Joined: 30-Jun-2008
Location: Hrvatska
Online Status: Offline
Posts: 78
|
Quote Reply
#814 Posted: 24-Feb-2009 at 15:10 |
Ovie ne se normalni!   sto mrce taa?! '' Договорите што се потпишуваат за време на
изборните кампањи подлежат на поништување'' Znaci, sekoj proekt vo predizborno vreme ako se dogovori, e nelegalen??    Se izvinuvam ako krivo razbrav, megjutoa vo Hrv. takvo nesto do sega ne sum doziveal. Pa, 90 nasto od proektite se dogovara vo predizborno vreme.
|
The beauty comes from within.
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#815 Posted: 24-Feb-2009 at 14:32 |
Скопје
|
Фирмите да се воздржат од пријавување на тендерот за трамвајот |
|
|
|
|
Антикорупциската
комисија минатата недела ја разгледала комплетната документација за
распишаниот тендер за изградба на 12-километарска трамвајска пруга,
набавка на пет шински возила и изградба на депо и со тоа го потврдила
првичното предупредување до градот за тој да се поништи. Од комисијата
велат дека до крајот на неделата ќе ги изнесат сите законски аргументи
според кои набавката за трамвајот ќе мора да биде запрена.
Мирјана
Димовска, претседателката на Државната комисија за спречување
корупција, вели дека барањето да се запре тендерот за трамвајот било
засновано на аргументи, бидејќи тој бил распишан пред почетокот на
изборната кампања.
- Детално ги разгледавме сите документи, а со
тоа уште повеќе се потврди нашиот став да се поништи набавката. Сè уште
сме на полето на превенција за да не дојде до злоупотреба на законските
норми. Би сакале да се испочитува нашето барање, бидејќи во спротивно
би дошло до прекршување на Законот. Оној што го игнорира Законот ќе
подлежи на одговорност. Договорите што се потпишуваат за време на
изборните кампањи подлежат на поништување, а оние што нема да го
испочитуваат Законот може да добијат прекршочна или кривична пријава.
Со ова се предупредуваат и компаниите што имаат намера да ги достават
своите понуди на тендерот - објасни Димовска.
На реакцијата на
Костовски дека нејзиниот мандат е истечен, таа додаде дека додека нема
законски рок во кој треба да се избере нов претседател на комисијата и
дека таа ќе биде на функција сè до конечниот избор. Димовска е
директорка во Македонската телевизија, односно координаторка на
сервисите на МТВ, а според неа, двете функции се независни и не станува
збор за конфликт на интереси.
Според неофицијални информации,
членовите на антикорупциската комисија при разгледувањето на
документите заклучиле дека тендерот е тенденциозен, бидејќи бил
распишан без одлука на советот на градот. Други забелешки биле што не
можела да се спроведе тендерска постапка за набавка на вагони кога сè
уште нема изградено депо, земјиштето не е на градот и има имотноправни
проблеми, како и дека од целата процедура градоначалникот Трифун
Костовски заедно со своите соработници ќе добие десет отсто маржа.
Од
градската управа велат дека сè уште не добиле одговор од
антикорупциската комисија, но истакнуваат дека набавката и понатаму
останува отворена за сите понудувачи.
Градоначалникот Трифун
Костовски на последната прес-конференција најави дека со сите сили ќе
се труди да потпише договор за трамвајот и покрај сите пречки што му ги
создавала комисијата. Тој смета дека не ги прекршил законите, дека не е
потребно советот за донесе одлука за тендерот, бидејќи иако тој бил
распишан по 10 јануари, за реализација на проектот биле предвидени пари
во буџетот на градот, кој бил усвоен во декември минатата година. За
целиот проект, градот издвоил 450 милиони денари, а Костовски повеќе
пати апелирал до членовите на советот да вршат притисок до своите
политички партии за трамвајот да не биде заборавен кога тој ќе си
замине од функција. Со проектот за трамвајот се предвидува изградба на
депо меѓу населбата Ново Лисиче и реката Вардар, а возилата оттаму ќе
се движат по булеварите АСНОМ, Србија и Јане Сандански, па покрај
Народната банка до хотелот „Холидеј ин“. Потоа ќе завртуваат лево кон
Градската болница, па покрај Олимпискиот базен ќе сообраќаат до
Народната банка и по истата траса ќе се вратат до Ново Лисиче.
Р.З.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=2&fCat=1&EditionID=325&top=1&ArticleID=18830
|
|
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#816 Posted: 19-Feb-2009 at 17:22 |
Тоа дека тунелот треба да почне пред транспортен центар (од страната на Аеродром), особено доколку трасата оди по К.Ј.Питу е лично мое видување, токму поради проблемите кај транспортен (тесно грло без можност за проширување, а повеќе гужва).
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#817 Posted: 19-Feb-2009 at 11:14 |
и јас незнам можеби почнаа кришум да ми се протнуваат екстра реченици помеѓу редови абе два три дена табот со информацијава за оградиве ми беше отворен, а во меѓувреме ја читав нишкава од почеток па ги смешав изгледа брзините некаде попат. е сега кога сме веќе кај ова лапсузов, мислам дека ова решение доколку навистина постоело во ГУПот за траса сандански-кавракиров и не е така лошо, со оглед дека се растеретува цел сообраќај околу транспортниот центар, а и се услужуваат и пролет и мичурин како населби, а за она со тунелското решение што го наведуваш малку ми е нејасно од кај го најде во гупот т.е. каде би требало да почне и да заврши тој тунел, јас колку што можам да видам во гупот на овој потег најблиску е предвиден само тунел кај НБМ.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#818 Posted: 19-Feb-2009 at 04:34 |
Бетон ок сето тоа што го кажуваш, ама од каде го ископа Симеон
Кавракиров во текстот што го посочуваш????? Таа улица таму
не е спомната ниту со име, ниту во било каков друг, индиректен контекст.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#819 Posted: 18-Feb-2009 at 22:52 |
незнам колку ова е вистина но ова мислам ќе биде најголемата глупост во целиов проект. но малку ми е сомнително сето ова бидејќи тука во овој текст е наведена и комбинацијата за траса од јане сандански преку симеон кавракиров... но доколку и навистина вака ја тераат работата, ај што засега ќе ја потепаат првата лента по бато, сандански и јосифовски питу, па сега и ваква егзибиција за да го доотепаат докрај сообраќајот на СК. се надевам дека ова било само нечија досетка за повесела новинарска статија но не и размисла на некој проектант или советник за сообраќај во градската куќа.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#820 Posted: 14-Feb-2009 at 22:11 |
Антикорупционерите го кочат трамвајот на Костовски

Градоначалникот смета дека ова е владина сопка на неговиот најкапитален проект
Деспина Трајковска
Сето ова би било смешно да не е жално. Вака накусо вчера градоначалникот Трифун Костовски ги коментираше чекорите што ги презеде Антикорпуциската комисија пред десет дена во врска со случајот “Трамвај“. Со образложение дека незаконски го распишува тендерот за изведувач на шинскиот систем оти државата е во изборен процес, антикорупционерите побараа Костовски да ја стопира јавната набавка. Тој, пак, убеден дека не го прекршил Законот за спречување на корупција, не го исполни барањето. На антикорупционерите завчера им ја испрати целата документација во врска со проектот, одговарајќи им на новото барање Градот да даде отчет за сите досегашни преземени активности. „Тоа е вообичаена постапка што ја преземаме за секој случај. Факт е дека сме во изборен процес и дека вакви капитални јавни набавки не смеат да се спроведуваат“, накусо објасни вчера Мирјана Димовска, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Таа не сакаше да одговори на прозивките од Костовски дека Комисијата со овој случај купува време за нечии политички интереси, дека случајот „Трамвај“ е исполитизиран, ниту пак дека Антикорупциската комисија е продолжена рака на извршната власт и активен субјект на изборните активности. „Не сакам да ги коментирам обвинувањата. Ние не сме исполтизирана институција, само го штитиме законот и парите на граѓаните“, дополни Димовска која најави дека конечната одлука на ДКСК ќе зависи од тоа кога од Градот ќе ја добијат бараната документација, која требаше да биде испратена вчера. Ако се остварат најавите, веќе во вторник антикорупционерите ќе пресечат во врска со случајот и евентуално ќе бидат познати санкциите кои ќе ги трпи Градот Скопје, односно градоначалникот Костовски кој , и покрај укажувањата, не го стопира тендерот.
Тој, согласно со сите рокови, треба да заврши на 24 март по што ќе се одбере најповолниот понудувач и евентуално ќе се разгледуваат доставените жалби. По сите пресметки на градските власти, кои вчера во јавноста ја презентираа документацијата и генезата на настаните во врска со проектот, договорот со најповолниот понудувач би се потпишал во почетокот на април, а градоначалникот во периодот меѓу двата изборни круга би го поставил камен-темелникот.
„Овие прогнози ќе се остварат единствено доколку некој повторно не ни стави сопка како оваа бесцелна и безидејна постапка од антикорупционерите“, прокоментира вчера Костовски, кој во сегашнава ситуација препознава владина сопка на неговиот најкапитален проект. Инаку, на тендерот се бара фирма која ќе го изведе трамвајското депо и првите три километри од шинскиот систем, а се бара и понуда за набавка на пет трамвајски возила. |
Edited by La Linea - 14-Feb-2009 at 22:21
|
 |