![]() |
![]() |
![]() |
Патна мрежа (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4041424344 84> |
Author | ||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
И порано пишував(мислам два пати) дека ова чоече е способно и ќе остави белег зад себе.добро е што е сега во институција која одамна немала успешен директор
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
![]() фото: МИА.мк |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Се обновува патот Маврово- Маврови Анови
12.08.2014 16:42 Започна обновата на патот Маврово – Маврови Анови во должина од 6 километри. Од Јавното претпријатие за државни патишта најавуваат дека работите ќе завршат до февруари следната година... ![]() Оштетениот коловоз, стеснувањата и одроните повеќе нема да бидат проблем за возачите. Започна обновата на регионалниот пат Маврово – Маврови Анови и санацијата на свлечиштето кај Белички канал. Патот е долг шест километри, а со проширувањето просечната широчина ќе изнесува 5,5 метри. „Се работи и на прошурањето и на опцијата за изградба на тротоарски површини во делот каде што имаме концентрација на објекти, односно каде што има населени места. Тоа е во должина од околу 1,5 до 2 километри“, изјави Љупчо Георгиевски – Директор на ЈП за државни патишта. Околу Мавровското езеро има околу 1600 викендички, сместувачки капацитети и компании за кои е потребна соодветна патна инфраструктура. „За нас како општина значи многу бидејќи се решава еден од најгорливите проблеми“, рече Мукрем Мехмеди – Градоначалник на о. Маврово – Ростуше. Возачите се задоволни што конечно се обновува оваа делница. Туристите, пак, велат дека ова ќе придонесе за почести посети на Маврово. „Ако е патот подобар, ќе има подобри услови за туристите. Има голем капацитет за возила. Убаво што се обновува, бидејќи беше многу ископан“, рекоа возачи и туристи. Инвестицијата е 76,5 милиони денари обезбедени со заем од Светска Банка. Од ЈП за државни патишта најавуваат дека обновата ќе трае до февруари следната година. Паралелно се работи на изготвување проект за обнова на целиот регионоален пат околу Мавровското езеро. Подобрувањето на патната инфраструктура, покрај за безбедноста во сообраќајот, за овој регион е важно и за развојот на туризмот. Зоран Јованоски http://www.mrt.com.mk/node/12802 ПС:На оваа делница мене ми се има дупнато гума единствениот пат во изминативе 10 години |
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
ЗА НОВ АСФАЛТЕН ПАТ ВО KОНОПНИЦА 2,3 МИЛИОНА ДЕНАРИ
Општина Kрива Паланка асфалтира уште еден километар локален пат во селото Kонопница каде што изминатиот период се реализираа повеќе проекти за изградба на патната инфраструктура. Вкупната инвестицијата изнесува 2,3 милиона денари, од кои 1,2 милион се обезбедени од Бирото за регионален развој, а другите од Општина Kрива Паланка. Асфалтирањето е извршено во рамките на проектот „Создавање предуслови за рурален развој, развој на туризмот и мобилност во регионот преку реконструкција на патната инфраструктура во село Kонопница“. Проектот е реализиран преку Центарот за развој на Североисточниот плански регион во рамките на програмата за регионален развој за 2014 година на Министерството за локална самоуправа. Селото Kонопница е едно од најгусто населените селски населби, кое се наоѓа во близина на Kрива Паланка, со многубројни млади домаќинства и обновени селски стопанства. За ревитализацијата на оваа населба Општината вложува значајни средства во изградба на неопходната инфраструктура и други развојни проекти. http://dnevnik.mk/?ItemID=53794B2896B7F644B7272285AC9D1EB7 |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Тунелите кај Демир Капија немаат никакво осветлување
![]() фотографија (не баш најдобра) Небојша Гелевски |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
Па со вакво темпо што ги градат патиштата во Источна Македонија би требало за 10 години да се изгради т.е во 2027-ма. Го возев патов пред 2 недели.Тесен и со кривини е само кај Лакавица и Пилав тепе ресторанот.Тоа се све на све 15-тина километри.Останатата делница е добра и со мали корекции и нов асфалт би требало да врши работа.За 2 години би требало да се среди и веќе во 2017-та заедно со автопатот да имаме убаво поврзување на релација Скопје-Струмица. |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Штип Радовиш ќе почне да се гради 2017 и ќе биде експресен пат. Има проекти и за источна Македонија. Мислам дека не треба да се жалиме. Плус Битола-Прилеп-Ресен-Охрид-Струга имаат жители колку комплет цела источна Македонија вклучувајќи го и Штип. Edited by kultuzin - 01-Aug-2014 at 10:47 |
||
![]() |
||
Vasilij ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 339 |
![]() ![]() |
|
Ова скоро сите патишта се во западна македонија, значи со тие 52 милиони евра нема да биде опфатен ниту еден патен правец во источна македонија.Сега со изградбата на автопатот Штип-Скопје и реконструкцијата на Велес- Кадрифаково испаѓа дека само Штип директно би добил многу добро поврзување со централна македонија и главниот град.А што правиме со останатите градови од источна македонија:Штип-Кочани е претесен а има густ сообраќај, Штип - Радовиш е во катастрофална состојба, а правците Струмица-Берово и Пехчево - Делчево плачат за реконструкција...
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Овој патен правец навистина на некој места беше хорор а го користат сите што идат од средна источна и јужна Македонија кон Охрид. Како и оние кои идат од Грција и Бугарија.
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ОХРИД - БИТОЛА ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ РЕКОНСТРУИРА
Патниот правец Охрид - Битола ќе започне да се реконструира. Ова го најави пратеникот од 5 изборна единица Александар Николоски кој нагласува дека реконструкцијата на патната инфраструктура кон Охрид била негова заложба. Денес пратенците во Собранието на Р. Македонија дале зелено светло во процедува да влезе Законот за гаранција на заем кај Светска банка, со кој, меѓу другото, се предвидува изградба на патниот правец од Охрид до Битола, а треба да се реконструираат вкупно 112 км магистрални и регионални патишат во земјава, вели Николоски. „Од кои во првата фаза за една година треба да се гради патниот правец Охрид - Битола, а опфатена е делницатат Битола – Макази – Ресен и Ресен Буково. Вкупата иневстиција е во вредност од 52 милиони евра. Заемот е под исклучително поволни услови со рок на отплата од 23 години до 2037 година, со 6 години грејс период и ниска каматна стапка“, објаснува Николоски. Поврзувaњето со обиколницата околу Охрид и со изградбата на обиколницата околу Ресен се очекува побрзо поврзување на патниот правец кој не трeба да е подолг од 30 до 40 минути, напоменува Николоски. pat„Она што морам да го кажам е дека во рок од 6 месеци од денес да бидат завршени сите процедури и да биде избран изведувач. Тој треба за 1 година да го изгради патот најдоцна до 2015 зимата да имаме комплетно рехабилитиран и реновиран пат од Охрод до Битола. Тоа е децениска заложба меѓу двата града во одлжина од 72 км и во нормални услови Битола треба да е трговски партнер на Охрид, а Охрид да е место за одмор на битолчани“, појаснува пратеникот Николски. Овој патен правец во моментов е во лоша состојба па со неговата изградба, какои со изгардбата на автопатот Охрид – Кичево, се очекува да се потикне локалната економија и да поефиксано да се поврзат охридскиот, струшкиот, ресенскиот и битолскиот регион. http://tvm.mk/vesti/ohrid/18452-patniot-pravec-ohrid-bitola-kje-pochne-da-se-rekonstruira Edited by Џоле - 31-Jul-2014 at 22:30 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
Заем за реконструкција на над 112 километри магистрални и регионални патишта
Собранието, во рамки на 11.седница денеска го донесе Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за рехабилитација на магистралните и регионалните патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта. ![]() Заменик министерот за финансии Ардијан Џеладини истакна дека Предлог-законот е во насока на создавање на квалитетна инфраструктура за подобрување на економските перспективи на земјата и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Владата во соработка со ЈП „Државни патишта“ за рехабилитација на магистралните и регионалните патишта обезбеди заем од Светската банка во износ од 52 милиони евра преку чија реализација ќе се подобри поврзаноста на избрани магистрални и регионални патишта со коридорите 8 и 10 и подобрување на безбедноста на патиштата ширум државата. Џеладини информираше дека првиот дел од проектот е наменет за градежни работи и притоа ќе се реконструираат 112 километри магистрални и регионални делници кои ги предложи јавното претпријатие за државни патишта. Во првата година ќе се рехабилитираат три патишта и тоа Битола-Макази, Ресен-Буково и Бошков Мост - Дебар. Од втората до петата година од проектот ќе се реконструираат патишта во договор со Светската банка по предлог на ЈП „Државни патишта“. Вториот дел се однесува на институционално управување и зајакнување на проектот. Заемот е со рок на исплата од 23 години со грејс период од шест години. Пратеничката Лилјана Кузмановска истакна дека ова е исклучително поволен заем кој е во износ од 52 милиони евра и е со ниска каматна стапка и рок на отплата од 23 години со шест години грејс период. - Многу е важно што ќе бидат реконструирани над 112 километри магистрални и регионални патишта и во исто време да се изврши поправка на свлечишта на земјиштата во одредени делови на државата како и зајакнување на капацитетот на јавното претпријатие за државни патишта, изјави Кузмановска. Како пратеник од Битола изрази задоволство што во правата година од реализација на овој проект ќе се работи на патниот правец Битола - Макази и Битола - Охрид. оа беше зацртано во нашата изборна програма и во програмата на Владата. - Тоа ние како пратеници и Влада го реализираме она што беше потреба и барање и наше ветување во време на изборите, рече пратеничката. Реџаил Исмаили од ДУИ истакна дека неговата пратеничка група ќе го поддржи законот посочувајќи на неговата важност за граѓаните. Посочи на патот Бошков Мост - Дебар, што е од особено значење за граѓаните од тој дел на земјата. Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за рибарство и аквакултура и на Законот за внатрешни работи со архивски броеви 07-2996/1 и 07-2997/1. Претходно со двотретинско мнозинство беше изгласан и новиот состав на Комисијата за верификација на фактите. http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=45332 Edited by jyvation - 31-Jul-2014 at 14:26 |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
СИТЕ СЕ НЕЗАДОВОЛНИ ОД ПОПРАВКАТА НА ПАТОТ КОН СЕЛО ИВАНКОВЦИ
Велес - Локалниот пат до велешкото село Иванковци, во должина од 10 километри, неодамна беше реконструиран, проширен и на него беше поставен нов асфалт. Но, само неколку дена по завршување на градежните работи дел од трасата е неупотреблив и лош за возење. На ова реагираат мештаните, кои се чудат како може патот веднаш да се уништи и се сомневаат во квалитетот на изведбата. „На поправка на патот чекавме цели 20 години, но попусто. Штом изведувачот си замина, на дел од трасата почнаа да се јавуваат пукнатини и оштетувања. Видоа дека ја згрешија работата, па почнаа да го санираат и сега е како крпен, на секои десетина метри е поправан. Згора на тоа остатоците од асфалтот се покрај патот. Изведувачот ниту ги фрли ниту ги отстрани“, вели жител на село Иванковци. Мештаните потенцираат дека се земјоделци, имаат доста механизација и затоа патот треба да биде добро изграден, за да ги издржи тешките машини, а не да се поправа само заради естетика. И од ЈП за државни патишта не се задоволни од изведбата. До нив стигнале информациите од надлежниот надзорен инженер за одредени недостатоци, по што е извршен увид во градежните работи. „Изведбата на патот се работеше според проектна документација и за да се провери зошто е дојдено до оштетување, земени се примероци од асфалтот и од тампонот. Тоа го направија две независни институции, Градежниот факултет и Градежен институт ’Македонија‘. Овие примероци треба да ги утврдат причините за неквалитетната изведба на еден дел од патот. Се очекува во текот на наредната недела да добиеме извештај и препорака од овие институции која ќе вклучува мерки за санација на оштетените делови од патот, по што ќе се издаде налог на изведувачот за санирање на оштетените делови“, велат од ЈП за државни патишта. За реконструкција на овој пат државата оддели 750.000 евра. http://www.utrinski.mk/?ItemID=34D2D51BEE78654AADD764D826FB848F |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
„Гранит“ ќе го реконструира патот Лозово - Кадрифаково
![]() Градежната компанијата „Гранит“ ќе работи на реконструкџија и рехабилитација и на патниот правец Велес - Кадрифаково во делот кој ги поврзува селата Лозово - Сарамзалино - Кадрифаково. Компанијата е избрана за најдобар понудувач на тендерот распишан од Јавното претпријатие за државни патишта. Вредноста на договорените работи изнесува 391.676.123 ден (околу 6, 4 милиони евра). Компанијата има рок работите да ги заврши за 18 месеци. http://duma.mk/ekonomija/11763-2014-07-22-07-29-30 |
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
Осветлена крстосницата кај влезот на Вевчани
Крстосницата кај влезот на Вевчани од денеска е целосно осветлена. Инвестиција од 1,5 милиони денари е на Јавното претпријатие за државни патишта. Осветлувањето е во должина од околу 350 метри и вклучува девет канделабри со висина од по 10 метри... ![]() http://ekonomski.mk/2014/07/18/%D0%BE%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D1%80%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D1%98-%D0%B2%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0/ |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
село Смилево нема ни во пошироката близина на автопатот Кичево Охрид.Има кај Битола,после Д.Хисар
|
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
Владата започнува со проектот за изградба на придружни објекти по автопатите
![]() Владата започнува со реализација на проектот за изградба на 30 придружни објекти по автопатите, магистралните и регионалните патишта низ државата. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција информира дека во првата фаза веќе се утврдени девет локации за изградба на бензински пумпи, мотели и други придружни комерцијални објекти по трите автопатишта кои се градат во државата. Од нив, две се локации по автопатот од Кичево до Охрид во близина на селата Мислешево и Смилево, три се локации на потегот Демир Капија – Смоквица во близина на месноста Миравци и Милетково и четири локации по трасата на новиот автопат Скопје – Штип во близина на Свети Николе, Пеширово и Сопот... http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNewsNewsCategory/134/119769603 |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Се санира свлечиштето на Пелистер
Санирањето на свлечиштето ќе се изведува три месеци ![]() После четири години и повеќе реакции на туроператорите, започнато е санирањето на свлечиштето на рагионалниот пат на Пелистер, веднаш под детското летувалиште, каде што коловозот е небезбеден и опасен за превоз со автобуси. Изведувач на работите е ГП „Гранит“ а во обемниот зафат, се санираат и подземните води што се појавија на оваа делница, јавува телевизијата Алфа. - Работата ќе се изведува три месеци и мислиме за три месеци да го завршиме објектот - вели за телевизијата Благојче Стерјовски, градежен техничар во „Гранит“ и раководител на објектот. http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=37291 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Ако се земе предвид дека со изградбата на автпатската делница Миладиновци - Штип овој патен правец веројатно драстично ќе се растерети мислам дека понудената ширина е сосема доволна.
|
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
Па за тие пари требаше да ни направат 2X3.75m и 2X2.5m.Поширок а и ќе личи барем на експресен пат по сите стандарди.А вака сега постоечкиот само ќе го надградат со по 2.0м од страна и завршена работа.
Ајде кога ќе ми текне каква очајна делница беше и ова ќе биде полна капа ![]() |
||
![]() |
||
Vasilij ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 339 |
![]() ![]() |
|
Доколку овој пат би се категоризирал според критериумите за патишта во европските држави тој сепак не би бил експресен.Експресен пат е пат со по две ленти за движење во еден правец, без лента за застанување или 2Х2, нешто слично на ,,автопатот'' Тетово - Гостивар.Значи експресен би бил кога на средина ќе има двојна неиспрекината линија и ќе има по две еднакви ленти за движење во еден правец.
https://www.google.com/search?q=Ekspress+way&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ei=h8S7U6T9EJPb4QSXqoGQBQ&ved=0CAYQ_AUoAQ&biw=1280&bih=641#q=dual+carriageway&tbm=isch&facrc=_&imgdii=_&imgrc=Rds732u-CfgdQM%253A%3ByNa8Uo6qX3mkVM%3Bhttp%253A%252F%252Fwww.freefoto.com%252Fimages%252F41%252F14%252F41_14_12---Dual-Carriageway_web.jpg%3Bhttp%253A%252F%252Fwww.freefoto.com%252Fpreview%252F41-14-12%252FDual-Carriageway%3B600%3B400 |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4041424344 84> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |