Author |
Topic Search Topic Options
|
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#841 Posted: 23-Aug-2009 at 17:06 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#842 Posted: 05-Aug-2009 at 21:13 |
 Па како да не бидат со заработувачка. Паркинзите им се очајни и освен автоматска рампа и човек за наплата немаат никакви други трошоци. Особено криминален е оној карши Холидеј Ин, кој е неосветлен, неозначен, полн со вдлабнатини и дупки и што уште не. Што добивмае за картата што ја плаќаме освен паркинг? Секако не заштита за колата? Криминал!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#843 Posted: 05-Aug-2009 at 14:37 |
„ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ СО НАЈГОЛЕМА ЗАРАБОТУВАЧКА
Најмногу пари од паркирање
Градското
претпријатие кое заработува од јавните паркиралишта и од собирањето
непрописно паркирани возила и годинава се покажа како најуспешно во
споредба со другите, што може да се види од неговиот финансиски
извештај. „Градски паркинг“ лани има остварено нето-добивка од 2,6
милиона денари, а приходите во однос на минатата година му се зголемиле
за 40 отсто, односно изнесуваат 1,3 милион евра. Претпријатието
стопанисува со 13 паркиралишта, од кои најрентабилно е тоа кај „Т-хоум“
од каде што добива околу 160.000 евра годишно. Потоа по профитабилноста
следуваат „Градска болница“, „Максим Горки“, „Макпетрол“ и „Камени
мост“. Најнеисплатливо, иако со најголем капацитет, е паркиралиштето
кај саем, кое претпријатието го стопанисува само кога се одржуваат
саеми. Поради тоа управата на „Градски паркинг“ решила да не го
продолжи договорот за ова паркиралиште. Исто така, зголемен е и
приходот од месечни и од годишни картички за паркирање, што, според
оценката на претпријатието, се должи на интересот на граѓаните повеќе
да плаќаат на овој начин. Позитивните резултати од работењето на
„Градски паркинг“ ги засенува нивниот долг кон Град Скопје, кој само за
2007 и за 2008 година изнесува повеќе од 500.000 евра. Во извештајот не
стои дали постои долг и за другите години, до 2003 година, од кога
постои претпријатието. Поради долгот, раководителите бараат градот да
ја намали комуналната такса, која изнесува 10 денари за еден час
паркирање. Приоритет на „Градски паркинг“ во идниот период е проектот
„Зонско паркирање“, кој веќе со години го најавува, а никако да почне
да го спроведува. Тука се и изградбата на второ депо за секторот
„Пајак-служба“ и воведување информатичко работење во сите сектори.
Освен тоа што ниту процент од приходот на „Градски паркинг“ не се враќа
во градската каса, во извештајот на „Градски паркинг“ нема ниту збор за
нивните инвестиции во уредување на просторот кој го стопанисуваат.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1775&ArticleID=118927 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#844 Posted: 27-Jul-2009 at 01:27 |
Нема мажи за катни гаражи
Според
анализите, само во центарот недостигаат над 15.000 паркинг-места, а
проекциите велат дека во 2020 година ќе бидат потребни 31. 000 места за паркирање
 Пешаците во Скопје ретко имаат можност да чекорат на тротоар
Недостигот од паркинг-простор во Скопје станува се' поизразен
проблем, а решението се' понедостижно. Градот во неповрат ја губи
шансата да стане пристојно место за живеење, а добива перспектива да се
претвори во средина каде што човек ќе се бори за секоја слободна педа.
Решенијата
со кои властите досега се обидуваа да го решат проблемот се' уште не ги
даваат очекуваните резултати. На граѓаните им е се' потешко да најдат
место за автомобилите, оти ги нема доволно. Катните гаражи никако да
доживеат промоција, а зонското паркирање стана поисториски проект и од
трамвајот.
Од друга страна, џебот на скопјани е се' поплиток,
па паркинзите со наплата се одбегнуваат, оти цените се високи. Така
добиваме нелогична ситуација кога тротоарите се полни со возила, а
коловозите со пешаци. Тоа е толку секојдневна ситуација што веќе никој
не ја смета за ненормална, кога е Скопје во прашање.
Недостасуваат 15.000 паркинг места
Според
анализата во Генералниот урбанистички план од 2002 година, само во
центарот на Скопје недостигаат над 15.000 паркинг-места, според
степенот на моторизираност и бројот на жителите. Според ГУП, во 2002
година во градот имало 5.000 места. Проекциите велат дека во 2020
година ќе бидат потребни 31.000 места за паркирање.
Јавното
претпријатие „Градски паркинг“ стопанисува 15 паркиралишта, со вкупно
2.439 места. Паркирањето се наплатува или од 30 до 50 денари за влез
или до 40 денари за час, во зависност од локацијата. Свое претпријатие
за паркирање има и Општина Центар, која стопанисува неколку паркинзи во
станбени блокови, како кај Зелен пазар или кај Домот на градежниците.
-
Скапо е паркирањето. Проблемот со недостиг од паркинг-простор не може
да се реши само со поставување рампи. Така претпријатијата си прават
само профит. Паркинзите се веќе изградени, а тие вложуваат во
електронски рампи и куќарки, ставаат ценовници и удри по џебот на
граѓаните. Треба да се изградат повеќе места и паркирањето да биде
поевтино - вели скопјанецот Игор М.
Лекот се катните гаражи
Во
ГУП е посочено дека проблемот со недостиг од места за паркирање ќе се
реши со изградба на катни гаражи, евентуално на сметка на партерното
зеленило. Властите се обидуваат да го спроведат решението, но само
навидум, оти реално скопјани се' уште не виделе катна гаража во својот
град. Проблемот е во тоа што инвеститорите што ги купуваат плацовите за
катни гаражи подоцна бараат пренамена на објектите, па наместо места за
автомобили се добиваат деловни центри.
Малкумина знаат дека во
градот веќе е изградена една катна гаража, која делумно функционира. До
„Рамстор“, во состав на објектот на Тутунска банка, е изградена првата
катна гаража, која е современа, застаклена, со голем товарен лифт и
шофер. Гаражата има капацитет од 500 места, но одговорните велат дека
скопјани не сакаат да ја користат.
- Во моментов има само
десетина паркирани возила на подземните два ката. Горните четири не сме
ги пуштиле во употреба оти нема заинтересирани, па газдата нема интерес
да ја отвори целата катна гаража - вели еден од вработените.Ни рече
дека тој и уште еден негов колега се вработени како шофери и имаат
обврска да ги преземаат возилата од граѓаните. Идејата е тие со лифт да
ги пренесуваат возилата до горните катови и подоцна да им ги враќаат на
клиентите. Во овој објект цената за паркирање е 30 денари за првиот час
и по 20 денари за секој нареден.
Наскоро, во септември, ќе
проработи и втората катна гаража, онаа што во Капиштец ја гради
сопственикот на „Тинекс“ и градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ.
Пред почетокот на изградбата на овој објект протестираа жителите на
Капиштец, кои не веруваа дека таму ќе се градат места за автомобили,
туку деловен објект. Но, градоначалникот Тодоровиќ уверува дека во
објектот ќе има 500 места за паркирање.
- Во планот е предвидено
да се изгради деловно-комерцијален објект со катна гаража. Ќе има седум
платформи на катови од по 1000 квадратни метри за паркирање, со вкупно
300 места. Во подрумот има уште близу 100 места, колку и во дворот. На
граѓаните не им изгледа дека таму има катна гаража затоа што таа од
нејзините три страни е затскриена со канцеларии, а со тоа е разубавен
целиот објект - велат од одделението за односи со јавноста во Центар.

се бараат чесни градители
Освен овие две,
нема изгледи дека во скоро време ќе се изгради уште некоја катна гаража
и покрај итната потреба. Министерството за транспорт упорно продава
парцели за оваа намена, но вакви објекти не се градат. Примери има
повеќе, а најнов е оној со гаражата кај „Бисер“ во Аеродром, каде што
фирмата „Илинден“ две години не излегува од темелите на објектот. Оваа
гаража требаше да има капацитет од 200 возила и досега требаше да биде
завршена.
Од Министерството повеќепати се оградиле дека тие не
одлучуваат за пренамената на објектите, туку само го продаваат
земјиштето, а понатаму надлежни се општините. Општините, пак, не
објаснуваат многу зошто се' уште нема катни гаражи, иако нивните
челници уверуваат дека вакви објекти ќе има во повеќе населби. На
територијата на Центар се предвидени 13 катни гаражи, а во Аеродром
уште пет и тоа во населбите Мичурин, Јане Сандански, Острово и
Аеродром.
Министерот за транспорт Миле Јанакиески неодамна
рече дека се во тек постапки за изградба на катни гаражи кај
Работничкиот дом „Кочо Рацин“, на паркингот до ТЦ „Плаза“ и кај „Нова
Македонија“. Маркички за вакви објекти има и зад ТЦ „Буњаковец“, кај
постојниот паркинг и до поликлиниката „Идадија“. Овие парцели се
продадени, но гаражите се' уште не се изградени. Катни гаражи на
хартија постојат и зад хотелот „Бристол“, спроти Соборниот храм „Свети
Климент Охридски“, зад „Даре Џамбаз“ и на други локации.
Од
неодамна се продава и парцелата за катна гаража зад новиот објект на
Универзитетската библиотека, каде што сега има зеленило. Оваа гаража
треба да биде висока 12 метри, со капацитет од 240 места. Зонското паркирање заглави во безвременска зона
Еден од проектите со кој градските власти се убедени дека ќе го
решат проблемот со паркинг-просторот е таканареченото зонско паркирање,
што треба да го спроведе „Градски паркинг“. Според овој проект,
предвидено е автомобилите легално да се оставаат и на коловоз, за
одредена цена, која ќе се плаќа или преку паркомати со картички или
преку мобилен телефон. Идејата ја промовира градоначалникот Ристо
Пенов, кој пред шест години најави дека во Скопје ќе го воведе
загрепскиот модел. Помина неговиот мандат, помина и четиригодишниот
мандат на Трифун Костовски, но од зонското паркирање не се случи ништо.
Отпрвин беше сложено да се направи проектот. Потоа не се знаеше
на кој начин ќе се спроведе јавната набавка. Откако беше одбран
најповолен изведувач, лани во октомври изгледаше дека се' е подготвено
реализацијата да почне. Но, потоа една од фирмите-учеснички се жалеше.
Зимоска пречка беа лошите временски услови. Тогаш градските власти
најавија дека се' ќе почне во мај годинава, па во јуни, а најнов рок им
е декември.
- Постапката за потпишување на договорот со
„Некстсенс“ е во завршна фаза. Се очекува до крајот на оваа година во
целост да профункционира зонското паркирање. Зони што ќе се пуштат во
почеток од проектот се паркинг-просторите: Даме Груев 1, Даме Груев 2 и
тој кај „Бристол“ - велат од Градот.
Проектот предвидува
центарот на градот да биде поделен на три зони, каде што граѓаните ќе
можат да паркираат на постојните паркинзи, но и на самите улици. Ќе има
временско ограничување на паркирањето, во зависност од близината до
централното подрачје. Цените за паркирање, според предлогот, ќе бидат
45 денари од час за првата зона, 35 денари од час во втората и 25
денари од час во третата зона.

Пајакот фаќа по 1.300 автомобили месечно
Додека проблемот со паркирањето станува се' поизразен, на
пајак-службата добро и' оди. Според извештајот за работата за минатата
година, претпријатието „Градски паркинг“, кое стопанисува 15 паркинзи и
пајак-службата, остварило поголем профит од 2007 година. Лани имало
приходи од вкупно околу 1,3 милион евра, а во предминатата година
приходот изнесувал приближно 950 илјади евра.
Пајак-службата
лани го зголемила приходот за околу 8 отсто во споредба со 2007 година,
односно остварила промет од околу 31 милион денари, за 2,5 милиона
повеќе отколку предминатата година. Пајакот најмногу возила собрал во
октомври, а најмалку во август. Ако земеме дека во просек казната за
подигање на возилото е околу 2.000 денари, излегува дека службата лани
подигнала околу 15 илјади возила, односно месечно околу 1.300
автомобили.
Лани за 43 отсто бил зголемен и приливот на пари
од наплатата на паркинзите, што покажува дека скопјани се' повеќе ги
оставаат возилата на паркинг каде што се плаќа. Најголем приход, од 10
милиони денари, јавното претпријатие остварило од паркингот кај
телекомот, кој има 270 паркинг-места.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CDF88BE0756BDC47BF330411B33ADA9E |
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#845 Posted: 24-Jul-2009 at 13:41 |
Originally posted by zabegan
и што ако ги обележаа кога најсекојдневни луѓе си се паркираат таму
|
паркинг местата се сега заградени со ограда и оние мали рампи, како ли се викаа
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#846 Posted: 23-Jul-2009 at 13:23 |
„Паркинзи на општината Центар“ влегува во бизнисот со реклами
Претпријатието отсега ќе може самостојно, без да се консултира со општината, да ги проектира новите паркиралишта и на нив да предвидува места за билборди

Јавното претпријатие „Паркинзи на општината Центар“ ќе почне самостојно, односно без да се консултира со општинските власти, да ги проектира новите паркиралиштата, како и да бара алтернативни начини за да се финансира. Ова се предвидува со одлуката што беше донесена на последната седница на општинскиот совет.
Маргарита Бакев, раководителката на секторите за правни работи и за човечки ресурси во претпријатието, вели дека тие веќе по налог на директорот направиле анализи и утврдиле дека тоа ќе може самостојно да функционира во таа насока, така што ќе издава простор за рекламирање.
- Разговаравме да почнеме да го издаваме неупотребуваниот паркинг-простор за реклами, односно да дозволиме фирми да поставуваат билборди затоа што нашите паркинзи се на атрактивни места и од оваа дејност претпријатието може да има голема заработувачка - објасни Бакев.
Советниците исто така донесоа одлука на претпријатието да му дадат на користење три паркинг-системи за регулирање, регистрирање и евидентирање на наплата на услуги за користење на паркиралишта, а притоа да не бараат никаков надоместок од претпријатието. Цената за набавка на сите основни средства за четирите паркиралишта ќе изнесува речиси десет милиони денари. Откако средствата ќе му бидат дадени на претпријатието, тие сепак ќе останат во сопственост на општината, но тоа самото ќе треба да си ги намирува трошоците за осигурувањето и за поправката.
Одлуката за основање општинско претпријатие за паркинзи е донесена пред неколку години на седница на советот на општината, но тоа сé уште не почнало целосно да функционира. Во последниве неколку месеци се прават последните подготовки за претпријатието да ги исполнува сите задачи
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#847 Posted: 07-Jul-2009 at 12:34 |
МНОГУ ОШТЕТУВАЊА ПРИ КРЕВАЊЕ НА НЕПРАВИЛНО ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА
Пајакот плете мрежа од гребнатини
Елена Мачевска
Гребнатини
на каросеријата и скршени ретровизори се најчестите оштетувања што се
случуваат на автомобилите кога ги крева „Пајак- службата“. Граѓаните
признаваат дека поради недостиг од доволно паркиралишта низ градот, но
и поради прескапото паркинг-место, некогаш свесно ги паркираат возилата
на недозволени површини, ризикувајќи да бидат казнети. Но казната е
едно, велат, а оштетеното возило сосема друга работа, а често се
случува поради невнимателноста при товарање да се случи штета на
автомобилот. Во тој случај покрај сумата што ја плаќаат на ЈП „Градски
паркинг“ и казната што им ја пишува полицијата, мора да издвојат и за
поправка на возилото бидејќи ретко можат на надлежните во
„Пајак-службата“ да им докажат дека тие им го оштетиле автомобилот. -
Поради неправилно паркирање во центарот на градот, службата ми го собра
автомобилот. Кога отидов да си го подигнам, на вратата имаше сериозна
гребнатина, но оттаму не ја признаа вината, туку рекоа дека сигурно од
претходно ми била гребната “ вели скопјанец, кој живее во Ѓорче Петров.
Сепак, има и граѓани кои велат дека поправките на оштетените возилата
им ги покрило јавното претпријатие. Од ЈП „Градски паркинг“, во чијашто
надлежност е „Пајак-службата“, велат дека многу ретко се случува да го
оштетат возилото што го креваат. Според нив, во просек само по пет
возила годишно се оштетуваат при товарење, а за поправката на возилото
доколку е мала штетата плаќа самото претпријатие, а доколку станува
збор за поголема материјална штета, тогаш осигурителната компанија која
претпријатието ја избрало на тендер. - На почетокот на секоја година
распишуваме тендер за избор на осигурителна компанија која ги покрива
трошоците околу поправката на возилата оштетени од наша страна. Сепак,
за помали оштетувања плаќа самото претпријатие “ објаснува Ана
Витановска, портпаролка на ЈП „Градски паркинг“. Таа вели дека
сопствениците на неправилно паркираните возила кои биле отстранети со
„Пајак-службата“, немаат можност за манипулација затоа што, како што
тврди, пред да биде подигнат автомобилот, сообраќаен полицаец или
комунален инспектор прави записник дали има претходно некои оштетувања
или не. Инаку, казната којашто треба да ја плати сопственикот за
кренато возило е 2.000 денари, а ако сопственикот на возилото дојде во
моментот кога возилото се товара и веднаш плати за направениот
прекршок, тогаш цената е 1.200 денари. За подигнато возило од зелена
површина се плаќа 3.500 денари. Во моментот ЈП „Градски паркинг“
располага со шест возила. Според одговорните од Град Скопје, до крајот
на идната година, предвидено е да се набават нови, со што ќе се зголеми
ефикасноста на службата. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1750&ArticleID=117220
|
 |
BlacK
Groupie
Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
|
Quote Reply
#848 Posted: 06-Jul-2009 at 22:50 |
http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=25E4CE650D6C914ABF73EA21F578B70A INTERESNO!!!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#849 Posted: 06-Jul-2009 at 18:37 |
 Стока има секаде, ама полицијата треба да е на терен и да делува
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#850 Posted: 06-Jul-2009 at 17:39 |
и што ако ги обележаа кога најсекојдневни луѓе си се паркираат таму
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#851 Posted: 06-Jul-2009 at 00:48 |
Во општина Аеродром паркинг-места за лицата со хендикеп

Општина Аеродром почна да обележува паркинг-места за инвалидизирани
лица, а интензивно работи и на подготовка на проект за пристапни рампи.
Заменик-министерот
за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, на вчерашната
прес-конференција рече дека Аеродром е прва Општина која почнува ваков
проект и ги повика градоначалниците на другите општини да го следат
примерот. Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, истакна дека се
настојува предизборните ветувања за лицата со хендикеп целосно да бидат
реализирани.
Акцијата за обезбедување места на
паркинг-просторите и проектот за пристапност со кој треба да се
надминат архитектонските пречки ја поздрави и претседателот на „Полио
плус“, Звонко Шаврески. „Добро е што градоначалникот не' повика да се
вклучиме директно во реализацијата на овој проект за да помогнеме каде
и како да се направат тие места“, рече Шаврески, потенцирајќи дека не е
доволно само да се обезбедат паркинг-места за лицата со хендикеп, туку
дека пристапот до нив треба да биде лесен, а возачите да ги почитуваат
обележаните делови.
Во „одбраната“ на местата од несовесните
возачи ќе бидат вклучени подрачните единици на МВР. Покрај казните, на
решавање на проблемот ќе се работи и едукативно со плакати и летоци.
(МИА) http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4E8966EA1B12FF438BD3FE6F0A889AFA
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#852 Posted: 30-Jun-2009 at 11:02 |
За жал се уште реткост кај нас
ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Паркинг-места за инвалиди
Општина
Аеродром почна на паркиралиштата на својата територија да обележува
места за лица со инвалидитет. Веќе се одредени места за паркирање во
населбата Јане Сандански, по што ќе се опфатат и паркинг-просторите кај
ТЦ „Бисер“, во населбите Ново Лисиче, 13 Ноември, како и на целата
територија на општината. Обележувањето го изведува фирмата „Баџак
инженеринг“. Од Општината информираа дека во подготовка е проект за
поставување пристапни рампи кои ќе бидат типизирани и ќе се поставуваат
пред јавните објекти, како и пред дел од станбените единици кај кои се
неопходни. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1744&ArticleID=116745
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#853 Posted: 26-Jun-2009 at 23:46 |
 Не сум знаел дека гаражите мораат законски да бидат оспособени за паркирање. Што правиме со гаражите околу пазарчињата каде што, ај што не се оспособени за паркирање, па уште и харна се чуви во гаражни услови.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#854 Posted: 26-Jun-2009 at 23:45 |
Да се користат подземините гаражи во Аеродром
Општина
Аеродром, апелира до граѓаните кои имаат сопствени паркинг простори во
подземните гаражи, да не ги употребуваат за складишта или магацини,
туку да ги користат за паркирање на возилата.
Инспекциска служба на Општина Аеродром деновиве врши интензивна
контрола и увид на состојбата и на документацијата на сопствениците на
подземните паркинзи.
Според законските прописи, сопствениците имаат обврска да ги
расчистат и да ги оспособат гаражите за паркирање. Лицата што нема да
ја достават потребната документација и нема да ја почитуваат
препораката на Општина Аеродром ќе бидат соодветно санкционирани. http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=7B76C638526F534EA27CE48109FFCBBB |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#855 Posted: 03-Jun-2009 at 10:09 |
СО НОВАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ, НОВИ ПРАВИЛА НА ИГРА
Паркиралиштата ќе се делат со договор
Општина
Центар незаконски наплаќа паркирање кај „Аутомакедонија“, кај „Зелен
пазар“ и зад зградата на „Трготекстил“, тврдат жители од станбениот
блок Градски ѕид. Тие дознале дека градскиот инспекторат до
претпријатието „Паркинзи на општина Центар“ доставил решенија за
уривање на рампите на овие три локации. За граѓаните е спорна
сопственоста на земјиштето на кое се ставени рампите и велат дека не се
почитувани сите законски процедури. - Не може да се узурпира земјиште
кое досега било слободно. Така секој ќе почне да си става рампа каде
што ќе му текне. Ако земјиштето е државно, државата треба да даде
дозвола за да има паркиралиште или не. Згора на тоа, одземаат пристапни
улици и ги затвораат со рампи, а го ограничуваат и пристапот кон
подземните гаражи, кои се наши. Тоа е исто како да имаш куќа и некој ти
го затвори патот до дома - вели еден од жителите. Од јавното
претпријатие ги отфрлаат обвинувањата дека незаконски работеле. - Некој
си земал за право да создава проблеми, па си лепел плакати по зградите
со информациите дека треба да ни ги урнат рампите. Но тоа не е точно,
поради ваквите случаи кај нас веќе дојдоа од МВР да ги прегледаат
документите, но не најдоа ништо спорно, ги имаме сите потребни дозволи
и регистрација за подружницата “ вели Тодор Делјановски, директор на
„Паркинзи на општина Центар“. Тој објаснува дека спорна е само улицата
кај Домот на градежниците, за која уште немаат дозвола, па затоа и не
почнале со работа, иако опремата е поставена. Според него, Градот
воопшто не бил надлежен да ги урива рампите доколку тие се дивоградби,
туку Општината. Како што вели, веќе го известил градоначалникот
Владимир Тодоровиќ за ситуацијата. Градоначалникот ветил дека ќе го
реши проблемот со Градот и дека ќе одржи заедничка средба на која ќе се
распределат паркиралиштата меѓу Градот и Општината. Од Град Скопје
одговараат слично “ проблемот го наследиле кога дошле на власт и ќе
бараат заедничко решение. - Трите јавни паркиралишта се проблеми со кои
се соочија новите градоначалници на град Скопје и на општина Центар.
Веднаш се ставени на дневен ред затоа што се од големо значење за
граѓаните и затоа градоначалниците Трајановски и Тодоровиќ наскоро ќе
излезат со решение “ велат одговорните од Град Скопје. При крајот на
мандатот на Трифун Костовски и на Виолета Аларова, постоеше вистинска
војна за паркинг-просторот во градот. Тогашните власти неколку пати ги
тргаа рампите на паркиралиштата спроти „Алумина“ во Капиштец, кај
„Трготекстил“ и во близина на Домот на градежниците. Образложението од
двете страни беше исто “ опремата не била законски поставена. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1721&ArticleID=115015
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#856 Posted: 30-May-2009 at 02:37 |
20-30 денари скопјани би платиле за паркинг!
Според
искуствата во регионот, посебно Белград и Загреб, каде повеќе од една
деценија балканските метрополи овој проблем со паркинзите во
централното подрачје го имаат решено со катни гаражи, резултатите се
одлични
Изградбата
на катни гаражи, покрај тоа што е одличен бизнис, експертите тврдат
дека вложувањата во вакви објекти од јавен интерес се неопходни за
поголемите градови како Скопје. Во метрополата ги има малку или ги нема
воопшто во споредба со земјите во опкружувањето. Јавната функција на
гаражата, која наложува да им даде услуга што ќе им биде лесно достапна
и по поволна цена треба пред се да биде исплатлива за сопственикот.
Градот Скопје од неодамна има само една катна гаража спроти трговскиот
центар Рамстор и план за уште четири нови вакви зданија од добробит за
учесниците во сообраќајот.
Според искуствата во регионот, посебно Белград и Загреб, каде повеќе
од една деценија балканските метрополи овој проблем со паркинзите во
централното подрачје го имаат решено со катни гаражи, даваат одлични
резултати.
Министерството за транспорт и врски минатата година објави оглас за
долготраен закуп на локации за таа намена кај трговскиот центар Бисер,
Уневерзална Сала, Цветниот Пазар и на левиот кеј на Вардар. Со овие
гаражи, кои најчесто се лоцирани во центарот, и со нивниот просечен
капацитет од 450 паркинг-места, тотално би се задоволила потребата,
како што велат граѓаните, во борбата за едно место повеќе за нивните
автомобили.
Затоа и во метрополите во нашето опкружување гаражите кои најчесто
се градат со нив стопанисува градската власт. Град Скопје
незаинтересиран за било каква инвестиција од ваков карактер. Засега се
остава на приватниот сектор, кој како инвеститор деновиве гради гаражи,
кои подоцна прескапо ги наплаќа нивните услуги.
Стручњаците кои го познаваат овој сектор велат дека многу важно е да
не се дозволи, во интерес на профитирањето, приватниот инвеститор на
гаражата да и додава содржини, како дуќани и деловен простор, од кои би
можел веднаш да почне да заработува. Инвестицијата треба да врати
средства на подолготраен период со тоа би се направило пристапна цена
за сите и полни паркинзи за нив.
Според нив, во Скопје има потреба и од монтажни катни гаражи во
центарот, но не секаде. Тие велат дека и во централното подрачје се
уште има паркинзи кои зјаат празни, додека тротоарите и улиците ни се
блокирани од возила. Но пред се граѓаните прво да се научат и да се
навикнат дека паркирањето во центар на град чини и дека мора да се
плати. Без таа навика катната гаража нема да профункционира.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A158C6E3BB73124B94B907BF59C48C94 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#857 Posted: 19-May-2009 at 20:00 |
„ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ ВЕТУВА РЕД ВО ХАОСОТ СО ПАРКИРАЊЕТО
Со рампа до слободно место
Роза Петкова
„Градски
паркинг“ ќе ги управува паркиралиштата пред четирите бели згради во
населбата Капиштец, лоцирани спроти зградата на „Нова Македонија“, и ќе
им наплатува за паркирањето на станарите и на останатите граѓани. Од
претпријатието велат дека се во завршна фаза и откако ќе изработат
сообраќаен проект за просторот и ќе ги добијат потребните одобренија од
Градот Скопје и од Советот, ќе почнат да работат. Извесен период
„Градски паркинг“ преку соопштенија им ги нудеше своите услуги на
станарите од зградите, а во последниот допис ги објави и цените кои ќе
ги наплатува за паркирање. Така, едно возило месечно ќе ги чини
станарите по 250 денари, а ако имаат две возила ќе треба да платат 500
денари. Понатаму во соопштението стои дека средствата што ќе ги собере
„Градски паркинг“ ќе ги искористи за да ги покрие трошоците за работа,
како плати на вработените, струја и греење, а никаде не се споменува
дека претпријатието ќе инвестира во уредување на просторот, ниту дека
ќе им обезбеди слободно место на станарите. Надлежните дури се
потрудиле да им остават и примерок од барање на жителите од зградите
кое тие би го пополниле и пратиле до Градот, Советот, Секторот за
сообраќај и до „Градски паркинг“ за да се потврди дека иницијативата за
затворање на паркингот доаѓа од граѓаните. - Во преговори сме да го
преземеме паркиралиштето на управување, имаме позитивни сигнали од
станарите. Тие неофицијално прифатија, имаме потписи од претседателите
на сите куќни совети “ објасни Владимир Кроневски од Секторот за јавни
паркиралишта на „Градски паркинг“. Наспроти тоа, повеќето од станарите
не беа информирани дека паркиралиштето ќе им се затвори, ниту дека тие
дале согласност за тоа. Проблем со паркирањето имаат и жителите од
уличката кај кафулето „Пјаца либерта“, каде што Општина Центар пред
повеќе месеци постави наплатни рампи. Опремата за затворање на
паркинг-просторот поставена без дозволи од МВР и Градот беше
отстранувана неколку пати, а општинарите повторно ја враќаа. Иако пред
извесно време надлежните од ЈП „Паркинзи на општина Центар“ велеа дека
ќе добијат дозвола, тоа не се случи, а рампите си останаа. - Работата е
статус кво затоа што треба некои работи да се решат меѓу Градот и
Општината. Дозвола за опремата се уште не добивме ниту од МВР, ниту од
Градот. Во секој случај штом го добиеме одобрението, можеме веднаш да
почнеме со работа, се е поставено, само треба да се извршат
приклучоците “ вели Тодор Делјановски, директор на претпријатието.
Станарите од околните згради тврдат дека од „Паркинзи на општина
Центар“ веќе им ги соопштиле и цените по кои ќе им се наплатува
паркирањето. - Ни рекоа дека ќе понудат цена од 236 денари месечно за
паркирање и дека сигурно ќе има слободни места за станарите, а нема да
пуштаат други да се паркираат. Но ние им кажавме дека земјиштето е наше
и ние си плаќаме за него, па ако немаме каде да се паркираме, ќе се
собереме и ќе им ги скршиме рампите “ вели Светлана, една од станарите
на зградите кај Домот на градежниците. Според жителите, улицата се уште
не се затвора затоа што општинарите кои ги поставија рампите не
оставиле доволно место за да помине пожарникарско или друго поголемо
возило. Од Град Скопје не одговорија зошто не ги отстрануваат рампите
ако тие се непрописно поставени. |
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1709&ArticleID=114143
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#858 Posted: 14-May-2009 at 09:31 |
Се гради нов паркинг во населбата Мичурин

Деновиве почна изградбата на новиот паркинг покрај улицата
„Венијамин Мачуковски“ во населбата Мичурин. Пристапната улица е долга
5,6 метри, додека паркинг-просторот е со широчина од по 5 метри од
двете страни. Градежните работи ги изведува фирмата „Урбан инвест“.
Од
Општина Аеродром апелираат до жителите во околните згради да не ги
паркираат своите возила во близина на градилиштето, со што ќе
придонесат за побрзо и непречено одвивање на градежните работи. |
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=E30211267253564396E2039BB0B65BA2
Edited by La Linea - 14-May-2009 at 09:37
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#859 Posted: 11-May-2009 at 18:15 |
Нормално, она со обиколницата везе нема...
Шлепери ги претвораат улиците во диви паркиралишта
 Градските власти досега не успеаја да изградат посебни паркинзи за шлепери
Шлеперите и
тешките камиони, иако е изградена обиколницата, се' уште јуришаат по
скопските улици. Опасни се за возачите, за пешаците, го
загадуваат воздухот во градот и ги оштетуваат улиците, поради нивната
голема тежина. Дополнителен проблем на граѓаните им предизвикува
навиката на возачите да ги паркираат шлеперите каде што ќе стигнат,
создавајќи притоа диви паркиралишта од местата што се предвидени за
прошетки и рекреација. На улица Љубљанска, во населбата Карпош 4, во
близина на последната автобуската станица на линијата „15“ веќе два
месеца дел од коловозот служи како паркинг за шлепери.
-
Шлеперите се паркирани токму на аголот на „Љубљанска“ и „Илинденска“ и
постојано ја блокираат прегледноста при минување на улицата кон
ресторанот „Имес“. Често се случува улицата да е темна, поради дефект
на уличното осветление, па проблемот воопшто не е за занемарување. Не е
прегледно ниту за пешаците што поминуваат на преминот ниту за возачите
што вртат кон „Илинденска“. Можеби тука живеат возачите на шлеперите,
не знаеме. Знаеме само дека никој не ги казнува и не ги трга, а
безбедноста во сообраќајот е сериозно нарушена - вели Игор М. од
населба Карпош 4.
Паркиралиштата за тешки товарни возила се
вечна скопска тема. Надлежните веќе десетина години ги најавуваат, но
ниедна гарнитура досега не најде пари за да ги изгради. Според
Генералниот урбанистички план на Скопје (ГУП), се предвидува тешките
возила и автобусите да се паркираат на периферијата, односно на
влезовите во градот, и тоа на четири локации - кај Момин Поток, во
Железарница и на Качанички пат. Последната предвидена локација на
булеварот Војводина веќе се користи како паркинг, но со неа стопанисува
приватна фирма. Имаше идеја во изградбата на другите паркинзи за
камиони да се вклучат и Јавното претпријатие „Градски паркинг“ и
приватни фирми, но ништо не излезе од оваа замисла.
Од Град
Скопје велат дека веќе постои строг режим за движењето на тешките
товарни возила. Во централното подрачје не е дозволено да минуваат
камиони што се потешки од 3,5 тони. Оние што се полесни од оваа тежина,
а кои служат за дотур на стока во продавниците, смеат да се паркираат
низ центарот само со специјални одобренија од Секторот за сообраќај на
Град Скопје. Возилата над 5,5 тони можат да возат само до границите со
Малиот ринг, а потешките шлепери од 12 тони смеат да минуваат само по
магистралните патишта, до границите со булеварите 8 септември и Србија.
- Градоначалникот Коце Трајановски му посветува посебно
внимание на ГУП-от на Град Скопје, како основен документ со кој се
регулираат урбанистичкиот, сообраќајниот и економскиот развој на
градот, како и заштитата на животната средина. Стационарниот сообраќај
на тешки товарни возила е дел од таа генерална опсервација на ГУП-от и
ќе се бара решение во зависност од финансиските услови. Ова прашање ќе
биде третирано во наредниот период - изјавија од градското Одделение за
односи со јавност. Од Секторот за внатрешни работи - Скопје велат дека
полицијата редовно ги казнува возачите кои не го почитуваат
сообраќајниот режим.
- Ги казнуваме оние што ги паркираат своите
камиони во центарот на Скопје и оние што носат поголем товар од
дозволеното. Ако граѓаните забележат појава на дивопаркирани тешки
товарни возила што им го блокираат патот или паркингот, слободно може
да се јават кај нас и да пријават. Полицијата постапува по повик на
граѓаните - вели Лиза Бендевска, портпаролка на СВР-Скопје.
Јорданка Ивановска |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4FFCF7776E8C714BB4717204167CD29A
|
 |
Cifra
Groupie
Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
|
Quote Reply
#860 Posted: 06-May-2009 at 22:35 |
ааа значи погрешно сум разбрал
епа треба да се среди тоа со гаражите тие да се оспособат за тоа што им е намена
А за некој што има 2-3 коли а ја продал гаражата воопшто немам разбирање што сега ќе има проблем :р јас да имав гаража не ја продавав па дури и да имав резервирано место на отворен паркинг пред зграда. Чување во гаража е голем плус за колата и плус така држи цена и помирен си од кражби и оштетувања.
Edited by Cifra - 06-May-2009 at 22:49
|
 |