Se plasam po 'zaminuvanjeto' na trifun od gradonacalnickata fotelja, idniot gradonacalnik 'za inaet' da go zaprit proektov za tramvaj.. posto za magareski inaet nasite politicari se broj eden vo svet.
немај гајле на крај на мандат ќе му текне и на него
Se plasam po 'zaminuvanjeto' na trifun od gradonacalnickata fotelja, idniot gradonacalnik 'za inaet' da go zaprit proektov za tramvaj.. posto za magareski inaet nasite politicari se broj eden vo svet.
Завршен проектот за трамвајот, изградбата стартува во март
Проектот од завчера е на ревизија, а Градот го подготвува тендерот за изведувач
По едномесечно задоцнување, градските власти минатата недела го
добија проектот за трамвајот. И тоа не само неговата прва фаза, која се
однесува на депото, туку и вториот дел, кој претставува проектно
решение за изградба на првите три километри од делницата. Комплетниот
проект од завчера го разгледуваат ревизорите од шпанската „Идом
инженерија“. Од Градот објаснуваат дека
македонско-италијанско-бугарскиот конзорциум, кој го работи проектот,
го испочитувал пролонгираниот рок за доставување, истовремено
изработувајќи ја и втората фаза од проектот, којашто на Градот требаше
да му биде доставена за еден месец.
„Сега, покрај за депото,
го добивме и делот за изградба на првите три километри од делницата.
Ревизорите веќе го разгледуваат материјалот и за десетина дена ќе го
дадат своето мислење. Ние истовремено работиме на подготовка на
тендерот за избор на изведувач, кој ќе биде објавен кога Советот ќе
даде зелено светло за изградба на шинскиот систем, одлука што ќе биде
доставена пред советниците на седницата закажана на 28 јануари“, велат
од Градот чии математики укажуваат дека по неколкуте пролонгирани
рокови за старт на проектот на терен, сега се очекува првата лопата да
биде фрлена кон крајот на март.
Трамвајското депо, како прв
чекор во реализација на трамвајскиот систем во Скопје, ќе се гради на
местото на недовршениот автобуски терминал во населбата Ново Лисиче.
Тоа ќе се протега на површина од 13.000 квадратни метри и ќе се гради
фазно. Освен простор за сервисирање и гаражирање на трамваите, во него
ќе биде сместена и контролна соба за сигнализација и нивно управување.
Првата фаза од проектот предвидува и изградба на првата трамвајска
делница во должина од девет километри, која ќе води од Ново Лисиче до
Центар. Во годинашниот буџет Градот има издвоено 7,5 милиони евра за
трамвајскиот систем. (Дс.Т.)
АМААААН! Нека почнат да го градат веќе, на Балканов автомобилот е продолжение на половиот орган за широките маси, така што доколку нема цврста волја од креативци, Скопје и во иднина ќе остане најзапустениот главен град во Европа. Трамвајот да почне со изградба, а оние што си се против може и понатаму да си возат со автомобили!
Еден пример како и во екстремни урбани ситуации се може да функционира
Функционира, ама не баш сјајно. Е сега тоа е навистина екстремна ситуација како што рече... Во Скопје пак може и треба мрежата да ја изведеме за мерак, само надлежните повеќе милуваат да фаќаат кривини и да импровизираат, зошто градење на вистински соодветна инфраструктура бара многу посветеност, работа, а во наши услови и стегање на каишот (но за вистинската цел, се надевам дека конечно ќе го сватиме тоа).
види поентата на урбанава скопјанка (која гледам ги има коментирано на повеќе пати збиднувањата околу гупот) е во тоа што прецизира дека и сега и вака е заглавена ситуацијата а не па кога ќе се трасира трам линија по булеварите.
јасно дека клучка има посочено како решение во гупот за тоа е и пишувано на форумов но заради мелозвучност се изразувам вака како што се изразувам но тоа не би требало да збунува некого со оглед дека самите термини подвозник-надвозник се дел од поимот клучка. сепак морам да бидам искрен и да признаам дека го немам видено дупот за голем ринг, па по некоја инерција мислам дека клучката таква каква што е предвидена во гупот ќе изостане, а ќе добиеме некоја импровизација како онаа кај континентал, но тоа е само заради големите амбиции а малите средства, па затоа и немам проблем долку се импровизира и со некое расштимано решение кое ќе личи на клучка, а се со цел да се премости овој начин закржлавен проток преку класични раскрстувања на булеварите...
незнам дали е сето ова sf но ако сакаме во права смисла да имаме функционални сообраќајни артерии тогаш за тоа чаре се само надвозници и подвозници, во спротивно се ќе си остане по старо, а и како тргнало сега како што ја проектираат трасата за трамвајот ќе биде и бетер.
незнам зошто не направат повторно референдум за идејата за трам, па да бидеме на чисто дали сега граѓаните го смениле мислењето или сеуште се против трамвај во СК
Каква е логиката за референдум по ова прашање кога граѓаните ниту се ниту ќе бидат добро информирани и запознаени околу концептот на тоа што ние упорно го викаме трамвај (и го доживуваме како нешто од 19 век), а всушност треба да биде ЛРТ мрежа. Тоа веројатно се преслика и во главите на градските планери кои наместо модерна мрежа туркаат некаква која подобро прилега на тие времиња. Треба прво темелно да се преиспита концептот, потоа тоа да им биде добро и квалитетно објаснето на граѓаните (особено без политички миродии), а дури потоа референдум би бил оправдан, но сепак веројатно нецелисходен.
има една дорбра поента во подолниов текст на урбаната скопјанка Радмила Заревска, џабе трам џабе двокатни ако не се прејде кон малку посмели зафати како зголемување на проточноста преку надвозници или подвозници по раскрсниците на булеварите бар онаму каде се критичните точки околу центарот, таа ги окарактеризира како подземни улици, што донекаде и за некаде има логика
Не знам од каде побогу доби желба да постираш апсолутно промашено писмо на читателка, старо речиси три години и преполно со паушални изјави и погрешни заклучоци. Од мноштвото ќе го издвојам она дека не ни требал трамвај бидејќи бил ствар на 18-ти век (пази не 19-ти туку 18-ти, за подраматичен ефект!). Меѓу другите глупости ова го издвојувам бидејќи е во врска со претходната поента - мнозинството Скопјани имаат страшни заблуди околу модерните ЛРТ мрежи. Сепак ми остана нејасно кој е концептот за 21-ви век. Од она што го пишала госпоѓата испаѓа дека тоа се автобусите. Толку од нејзиниот кредибилитет, нема потреба да се задржуваме на другите бисери. Единствено што можам да се сложам со нејзе е дека трамвајот сам по себе нема ни најмалку да ги реши проблемите доколку посеопфатно не се реши проблемот на сообраќајната гужва.
Исто така бетон, не знам како успеа нејзината јасна искажана заложба за подземни улици да ја преведеш како заложба за подвозници и надвозници. Околу подвозниците и надвозниците, не сакам таа веќе истрошена дискусија дополнително да ја водам во погрешна нишка. Наместо воопштени и нафрлани тези и заложби кои во пракса не значат ништо, повели нацртај и образложи како би функционирале тие подвозници и надвозници (дополнителни, вон ГУП-от) кои упорно ги рециклираш кај ќе стигнеш, а не сакаш да направиш ни минимално истражување на тема клучки, сообраќајни текови, контрола на сообраќај, сообраќајна инфраструктура, ГУП на Скопје... Значи земи конкретни локации каде вон ГУП-от сакаш да воведеш некакви „креативни“ решенија, и во соодветната нишка претстави ги јасно и прецизно за да може вистински да дискутираме (наместо празни воопштени муабети и фрази), па да видиме дали такви решенија се добри, потребни, а пред се возможни!
пример кузман да продолжи со денивелација кон плоштад уште кај комплек банки(СОК банка) но во принцип вакво нешто како денес што ни е сервирано и во такви услови ќе биде сигурна кочница на сообраќајот помалку или повеќе
Еве добар доказ дека не си го ни погледнал ГУП-от, а сепак си земаш за право да го анализираш. Денивелацијата на трасата под плоштад очигледно ќе почнува токму некаде кај комплексот банки (денешна народна банка), така да не гледам што проблем успеа да најдеш таму. А нема ни никаква „кочница на сообраќајот“, планираната клучка наместо денешната крстосница е максимално широкоградо решение и дај боже да се оствари што побргу и без импровизации.
ова и јас го потенцирав дека доколку се постави трамвајот на првата коловозна лента без да се направи некакво проширување на булеварите, дефинитивно ќе ја доотепаме работата по скопските улици, јасно за центар ќе мора да има некаков режим, но во шпицовите нема да има никаков абер од трамовите. затоа треба цел овој проект да се преиспита односно да се стопира и да се почне проектирање на линија по средината на булеварите, но по се ми изгледа дека вака ќе тера до крај што навистина ќе биде погубно решение
добра поента Диме, ќе додадам само дека ако форсираме трам треба и државата да вмеша прсти, или целосно да се даде под концесија и да се приватизира оваа идеја!
имам некое чувство дека доколку ДПМНЕ ја добие позицијата "градски татко" дека за брзо време и ќе видиме трам низ СК, со оглед дека владата веднаш ќе притекне да кофинансира проект кој долготрајно ќе биде потсетник за нивната агилност, ова и порано го истакнав но во контекст на тоа маркетингшки која инвестиција е подолготрајна, трам или двокатни...
незнам зошто не направат повторно референдум за идејата за трам, па да бидеме на чисто дали сега граѓаните го смениле мислењето или сеуште се против трамвај во СК, има една дорбра поента во подолниов текст на урбаната скопјанка Радмила Заревска, џабе трам џабе двокатни ако не се прејде кон малку посмели зафати како зголемување на проточноста преку надвозници или подвозници по раскрсниците на булеварите бар онаму каде се критичните точки околу центарот, таа ги окарактеризира како подземни улици, што донекаде и за некаде има логика пример кузман да продолжи со денивелација кон плоштад уште кај комплек банки(СОК банка) но во принцип вакво нешто како денес што ни е сервирано и во такви услови ќе биде сигурна кочница на сообраќајот помалку или повеќе
... Јавниот автобуски превоз во градот, според мојата оцена како корисник, сега-засега е релативно добро организиран. Метежот по скопските улици и булевари не го прават градските автобуси, туку бројот на патничките возила, што ја надминува пропусната моќ на градските сообраќајници. Не може, на пример, да се обвинуваат автобусите ако сообраќаат со проблеми поради кратерите на одредени делови од коловозот, каков што е сега случајот со линијата кон Вучидол и други села.
Ако се реши проблемот во градот и во приградските населби со подземни сообраќајници, во голема мера ќе се олесни и ќе се забрза одвивањето на јавниот автобуски превоз.
Што се однесува до Генералниот урбанистички план, убедена сум дека Скопје ќе има вистински развоен документ дури кога средиштето на идниот развој и растеж на градот ќе биде левиот брег на Вардар. ...
ова и јас го потенцирав дека доколку се постави трамвајот на првата коловозна лента без да се направи некакво проширување на булеварите, дефинитивно ќе ја доотепаме работата по скопските улици, јасно за центар ќе мора да има некаков режим, но во шпицовите нема да има никаков абер од трамовите. затоа треба цел овој проект да се преиспита односно да се стопира и да се почне проектирање на линија по средината на булеварите, но по се ми изгледа дека вака ќе тера до крај што навистина ќе биде погубно решение, но евентуално ако замислава на урбанистите на Трифка не помине, некој ќе треба да се прозива зошто непотребно фрлал пари на крај од мандат за проект чија реализација е дискутабилна, сигурно Трифун ќе има оправдување бидејќи во ГУПот било предвидено трасирање на трамвајски линии, па по се изгледа сака да започне процес кој теоретски нема да може да се прекине, но изумува градскиов татко дека живее во СК и дека инаетот тука не е најдобра инвестиција, па макар било тоа и зацементирана позиција, која доколку се почнеше со изградба на депото и навистина ќе беше така, но очигледно математиката не му излегла како што треба па сега мошне е дискутабилно дали воопшто и ќе преживее овој проект во ваква форма и во овие услови!
Tokmu taka, poradi toa sto go imale ushte od porano... ( Mnooogu porano.. ) ne treba da se gradi novas infrastruktura, tračnici i sl. Samo stavaat novi lrt-ovi, a koga bi morale nanovo se da praat, veruvaj mi za 30 godini ne bi go storile toa.. Smetam deka upravo poradi toa sto go ti spomna deka '' денес само го модернизираат и шминкаат '' mozeme mnogu da naucime, zosto da ne gi modernizirame postojeći avtobuski mrezi po Skopje, i sl. A za tramvaj nemoj da misles deka ne sum, prv sum za nego, samo za zal dodeka dojde kaj nas.. ke mine mnogu vreme
во секој случај загреб е поразвиен град од нас, и поорганизиран, и таму немаат проблеми со трамвајот бидејќи си го имаат одамна, денес само го модернизираат и шминкаат
Не само што имаат транваи, него во Загреб има луге кој мислат и спроведуват
Gradskim središtem - besplatno!
S namjerom rasterećenja prometa i smanjenja potreba parkiranja osobnih automobila u užem gradskom središtu, od 1. siječnja 2009. godine omogućen je besplatan tramvajski prijevoz svim građanima na području od Trga bana Josipa Jelačića do udaljenosti od dvije tramvajske postaje u svakom smjeru.
Karte, dakle, neće biti potrebne za vožnju u zoni od središnjeg gradskog trga do Glavnog kolodvora, Britanskog trga, Trga maršala Tita, Vončinine, Grškovićeve i Trga žrtava fašizma.
Odluka o besplatnom prijevozu jedno je od zajedničkih rješenja Grada Zagreba i Zagrebačkog holdinga kojim se popularizira javni gradski prijevoz i namjerava osigurati veća protočnost nužnog automobilskog prometa u centru grada.
Srce me boli koga vidam vakvi nešta Milo mi e deka proekti se realiziraat, ama sekako bi bilo poubavo da se pobrza malku toa. Inaku, ne go digajte zagreb vo visočini, nee tolku top da rečeme Veruvaj na zbor Sekako bi možele da se ugledame, ama tuka sme nekade
ГРАДОТ ДОЦНИ СО НАЈКАПИТАЛНИОТ ПРОЕКТ Првата лопата за трамвајот во април
Работата ја закочиле имотно - правни проблеми со земјиштето за депото во Ново Лисиче
Све испланирал нашиов драг градоначалник, само забравил да види дали може да гради ... Чекам и шпанците кој ги најави за овој месец, што фарса ќе биде, ако дојдат ...
ГРАДОТ ДОЦНИ СО НАЈКАПИТАЛНИОТ ПРОЕКТ Првата лопата за трамвајот во април
Работата ја закочиле имотно - правни проблеми со земјиштето за депото во Ново Лисиче
Изградбата на трамвајското депо и првата делница од пругата од Ново
Лисиче до Центар е одложена по трет пат. Градските власти првично
најавија дека изградбата ќе почне во декември, потоа кажаа дека со
градежните работи ќе почнат во јануари. Сега градоначалникот Трифун
Костовски вели дека првата лопата за депото ќе се фрла кон крајот на
март или почетокот на април.
Годинава нема да има ништо ниту од првиот промотивен трамвај што
градоначалникот Костовски при потпишување на договорот со
македонско-италијанско-бугарскиот конзорциум кој го работи проектот за
трамвајот, најави дека ќе го пушти низ скопските улици во мај. Тој сега
негира дека воопшто кажал такво нешто и вели дека бил погрешно разбран.
"Проектот за изградба на депото и за првата делница за трамвајската
пруга требаше да биде готов до 15 декември, но поради проблеми со
решавање на имотно-правни прашања за земјиштето каде ќе се гради депото
и пругата, изработката на проектот е пролонгирана за 15-ти овој месец.
Потоа ќе распишеме тендер за изведувач, а со оглед на тоа колку трае
тендерската постапка најоптимистично очекување е дека првата лопата за
трамвајското депо ќе се фрли кон крајот на март и почетокот на април.
Во оваа фаза треба да се изградат 12 километри од вкупните 56 километри
трамвајска линија", рече Костовски.
Проектот за изградба на трамвајското депо и првата делница од пругата
го работи конзорциумот составен од скопската фирма "Мак 2000",
италијанските проектантски фирми "Боно Џанкарло" и " Аксиома дизајн" и
бугарската фирма ПБТС-Проект за изградба на транспортни системи.
Трамвајското депо ќе се гради на недовршениот терминал за последна 5-ка
и 15-ка во населбата Ново Лисиче. Трамвајската линија ќе се движи по
крајната десна лента од коловозот во двете насоки и ќе почнува од
депото. Таа ќе се движи по булеварите Видое Смилевски Бато и Јане
Сандански, ќе излезе кај Транспортниот центар, а оттука покрај НБРМ ќе
излезе кај Дрводекор, покрај ГТЦ ќе излезе на булевар 11 Октомври кај
Градска болница. Од тука трамвајот ќе мине покрај Зелено пазарче и кај
Црвен крст линијата ќе се врати назад кон Аеродром.
"Годинава во буџетот одвоивме 7,5 милиони евра за проектот трамвај, но
за целосно довршување ќе бидат потребни околу 120 милиони евра.
Реализацијата на проектот дополнително е отежната со тоа што Владата не
ни дозволи да отвориме канцеларија во Брисел преку која требаше да
конкурираме во ЕУ фондовите за парична помош", рече Костовски.
МНР не дозволува Градот да отвори канцеларија во Брисел преку која, меѓу другото, ќе лобира и за пари за трамвајот
Деспина Трајковска
Владата не дозволила Градот Скопје да отвори свое претставништво во
Брисел преку кое градската власт би остварувала директни контакти за
обезбедување финансиска поддршка за капитални проекти од европските
фондови. Од Министерството за надворешни работи демантираа дека се
против отворање канцеларија на Град Скопје во Брисел. Напротив, рекоа
од МНР, целосно ја поддржуваат иницијативата, но штуро напомнаа дека
„процедурата мора да ги запази сите неопходни модалитети кои треба да
бидат детално дефинирани во соработка со сите надлежни институции во
државата“. Каде е пропустот на градските власти во барањето, од МНР не
потенцираа.
Градоначалникот Трифун Костовски овој чекор на
централната власт го оцени како уште една сопка од страна на Владата за
вистинска децентрализација, а пред се', како тотална изолација на
Градот и ставање рампа за евентуално добивање финансиска помош за
реализација на планираните големи проекти, пред се', за трамвај во
Скопје. Градоначалникот смета дека одлуката е нереална доколку се има
предвид дека државата се стреми за влез во Европската унија.
„Очигледно
’не' решија‘ по кратка постапка и тоа без да ни укажат на конкретни
причини поради кои го одбија нашето барање. Се прашувам, зошто
постапија така ако навистина државата се стреми за влез во Европската
унија. Ова што го направија не е штетно само за нашиот главен град,
кого го турнаа во изолација, туку воопшто и за државата“, изјави
револтирано вчера Костовски, кој смета дека со овој потег Владата ги
урна надежите дека со пари од ЕУ ќе се реализираат големи проекти.
Беше
планирано канцеларијата да почне со лобирање за финансиска помош за
проектот за трамвајот. За таа цел Градот пред повеќе од половина година
ангажираше и надворешен консултант, кој даваше препораки за подготовка
за проектот за да ги исполни критериумите за влез во потесниот круг
пред европските фондови. Со последните случувања се урнати сите надежи
дека со пари од ЕУ ќе се заокружи финансиската конструкција за
реализација на проектот за трамвајот. Засега се обезбедени само 7,5
милиони евра од градскиот буџет, а тие пари се доволни за изведба само
на првата од предвидените три фази.
Костовски потенцираше дека
одлуката за отворање на канцеларијата едногласно добила „виза“ од
градските советници кои биле согласни дека таа ќе придонесе не само за
обезбедување европски пари туку и за остварување контакти со
претставништвата на градовите и регионите во ЕУ. Наедно, градските
власти процениле дека преку Брисел поефикасно би се промовирала
македонската метропола на која би и' било овозможено да лобира за
партнерство пред институциите на Европската унија. Советот на Град
Скопје дури одобри од буџетот да се одвојат 100.000 евра за отворање и
непречено функционирање на канцеларијата.
Инаку, повеќето
земји од регионот имаат отворено вакви канцеларии уште пред една
година, меѓу кои Бугарија и Босна. Сите тие функционираат со цел да
добијат финансиска помош од фондовите на ЕУ за чие трошење можат да
аплицираат институциите, граѓаните, компаниите и здруженијата на
граѓани од матичната земја.
Од Загреб сме оддалечени со децении, да не речам векови, иако имаме горе-долу релативно сличен број на жители. Скопје сеуште се мисли дали му е потребен трамвајот?
Не само што имаат транваи, него во Загреб има луге кој мислат и спроведуват
Gradskim središtem - besplatno!
S
namjerom rasterećenja prometa i smanjenja potreba parkiranja osobnih
automobila u užem gradskom središtu, od 1. siječnja 2009. godine
omogućen je besplatan tramvajski prijevoz svim građanima na području od Trga bana Josipa Jelačića do udaljenosti od dvije tramvajske postaje u svakom smjeru.
Karte, dakle, neće biti potrebne za vožnju u
zoni od središnjeg gradskog trga do Glavnog kolodvora, Britanskog trga,
Trga maršala Tita, Vončinine, Grškovićeve i Trga žrtava fašizma.
Odluka
o besplatnom prijevozu jedno je od zajedničkih rješenja Grada Zagreba i
Zagrebačkog holdinga kojim se popularizira javni gradski prijevoz i
namjerava osigurati veća protočnost nužnog automobilskog prometa u
centru grada.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum