Author |
Topic Search Topic Options
|
gorco
Senior Member
Google Maps: Regional Expert
Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
|
Quote Reply
#841 Posted: 12-Dec-2010 at 11:25 |
Originally posted by гитардемон
Originally posted by Утрински
До Солун со воз се патува и повеќе од шест часа. |
Абе ајде? |
Повеќе од 5-6 часа со вклучена промена на време - нема шанси.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#842 Posted: 12-Dec-2010 at 10:35 |
Zaboraviv  Nekoj mi go prati, pa mislev deka e nova webstranica
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#843 Posted: 12-Dec-2010 at 10:26 |
На Владимир е страната, не е на МЖ.Ја имаме линкувано тука повеќе пати.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#844 Posted: 12-Dec-2010 at 08:46 |
Webstranica na mz Ima mnogu informacii kako kolku vagoni ima motorni garnituri(so sliki)itn. http://mz-transport.uuuq.com/Index.html
|
 |
BOJAN
Senior Member
Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
|
Quote Reply
#845 Posted: 08-Dec-2010 at 21:24 |
Аууу, а баш сакав да си го продолжам младинскиот ISIC! Дали некој знае дали со ISIC картичките ќе важи попустот од 30% за македонските возови? Дали некој знае колку чини оваа легитимација К-13б и дали ќе има некаков попуст и на меѓународните релации? Во секој случај убав потег, а јас чекам одговори ако некој ги има  .
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#846 Posted: 08-Dec-2010 at 18:59 |
А зошто треба легитимација, а не едноставно лична карта? И зошто побогу се купува, а не се издава бесплатно, кога веќе мора да биде посебен документ?
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Danielbtmk
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
|
Quote Reply
#847 Posted: 08-Dec-2010 at 17:58 |
 ---------------------------------------------------------------------------------------------
|
 |
Danielbtmk
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
|
Quote Reply
#848 Posted: 08-Dec-2010 at 17:55 |
Нешто ново кај нас...  п.с. квалитетот на сликата
|
 |
build.mk
Senior Member
Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
|
Quote Reply
#849 Posted: 06-Dec-2010 at 18:08 |
Македонски железници тешко се опоравуваат од кризатаЖелезницата
бележи мал раст во обемот на превезена стока и патници. Во прилог на
ова се показателите на Државниот завод за статистика за третиот
квартал од 2010 година кои говорат за зголемување на обемот на
превезената стока од 5,8% и на превезените патници од 6,8% во однос на
истиот период лани.
Од
податоците на државната статистика може да се согледа дека железницата
не го држи чекорот на зголемен обем на превезена стока и патници со
останатиот вид на транспорт во земјата. Бројот на патници во
воздухопловниот сообраќај е зголемен за 13,3% во однос на истиот период
лани, додека обемот на превезена стока е за 14% зголемен во однос на
третиот квартал од 2009 година. Слична е состојбата и во патниот
сообраќај. Бројот на превезени патници во патничкиот сообраќај е
зголемен за 16,2% во однос на истиот период лани, додека обемот на
превезена стока во товарниот патен превоз е зголемен 15,9% во однос на
третиот квартал од 2009 година.
И во однос на железниците од регионот, Македонски железници поспоро
се опоравува. Српските железници во првите девет месеци од 2010 година
реализирале 2,6 милијарди нетотонски километри, што е за 22% повеќе во
однос на истиот период лани и за дури 13,4% повеќе во однос на планот
за работа, се истакнува со ноемврискиот број на списанието „Пруга“.
Српските железници од товарниот сообраќај заработиле 32,7% повеќе во
однос на вкупниот приход од минатата година. Во Србија бројот на
превезени патници со воз е намален за 10,5% во однос на 2009 година, но
поради зголемената цена на билетите е зголемен и вкупниот приход во
патничкиот сообраќај во првите девет месеци од 2010 година.
И во Хрватска е забележан раст на превезената стока со железница. Во
првите девет месеци од 2010 година се превезени 8,87 милиони тони
стока, што е за 6,6% повеќе во однос на првите девет месеци од 2009
година објавува хрватскиот неделник „Национал“.
Најголемо зголемување на обемот на презена стока со железница е
забележано во Босна и Херцеговина. Агенција за статистика на БиХ објави
дека обемот на превезена стока во вториот квартал од 2010 година е
зголемен за 35,9% во однос на истиот период од 2009 година, додека
бројот на превезени патници е зголемен за 4,9% во однос на вториот
квартал од 2010 година.
Визната либерализација не донесе нови патници
Обемот на превезени патници во меѓународниот железнички сообраќај е
намален за 11,1% во однос на третиот квартал од 2009 година. Со воз кон
некоја од странските дестинации се упатиле само 8.000 патници во
третиот квартал од 2010 година. Ваквото намалување на бројот на патници
е надвор од логиката на нештата, бидејќи токму во 2010 година е укинат
визниот режим за македонските граѓани кои патуваат во државите членки
на ЕУ. Иако во другите видови на транспорт е забележан зголемен обем
на превезени патници во меѓународниот сообраќај, за жал, Македонски
железници не ја искористи оваа можност, посебно во однос на превозот на
патници со меѓународните повластици „Интер раил“ и „Балкан Флексипас“.
Бојан Блажевски
| http://www.build.com.mk/?p=5842
|
 |
Danielbtmk
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
|
Quote Reply
#850 Posted: 05-Dec-2010 at 02:54 |
Поради поплава возовите ќе возат само до Штип
Поради поплава – прелевање на
железничката пруга Велес - Кочани, кај месноста Соколарци возовите ќе
возат само до Штип, соопшти Јовица Трајановски од МЖ Транспорт АД –
Скопје.
Редовниот железнички сообраќај на оваа пруга ќе се воспостави
откако стручните служби на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје ќе дадат
дозвола за сообраќај.
Железничкиот сообраќај пак, на пругата од Скопје кон Кичево и обратно, денеска околу 14 часот е нормализиран.
- Благодарение на брзата интервенција на железничарите, надмината е
вчерашната состојба кога поради преливање на водата кај тетовското село
Порој, мораше да дојде до прекин железничкиот сообраќај кон
Кичево, соопшти Јовица Трајановски од МЖ „Транспорт АД – Скопје“.
Тој додаде дека патничкиот воз 690, кој сообраќа од Скопје до
Кичево, денеска во 16:50 часот ќе тргне од станица „Скопје“ според
важечкиот возен ред.
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/poradi-poplava-vozovite-ke-vozat-samo-do-shtip
|
 |
BOJAN
Senior Member
Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
|
Quote Reply
#851 Posted: 03-Dec-2010 at 10:28 |
Originally posted by Danielbtmk
Зголемена за 15,9 проценти превезената стока во товарниот патен превоз во третиот квартал
Македонскиот железнички превоз во третиот
квартал од годинава опслужил 379.000 патници, во градско-приградскиот
се превезени 13.001.000, а во воздухопловниот превоз 253.365 патници.

Според податоците на Државниот завод за статистика, количеството
на превезена стока во товарниот патен превоз во третиот квартал од
годинава во однос на истиот период лани е зголемено за 15,9 проценти, во
железничкиот за 5,8, а во воздухопловниот е регистрирано зголемување за 14 проценти. извор: http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/zgolemena-za-159-procenti-prevezenata-stoka-vo-tovarniot-paten-prevoz-vo-tretiot-kvar
|
Истите информации ги има и на сајтот на Државниот завод за статистика каде се вели дека има и пораст на железничкиот патнички сообраќај за 6,8% во однос на истот квартал од 2009 година, но истовремено и пораст на превезени патници во патничкиот сообраќај од 16,2% и на авионскиот сообраќај од 13,3%. Добиените резултати воопшто не треба да ја радуваат железницата. Можеби ќе напишам и текст за темава, но треба да го земеме в предвид фактот дека во третиот квартал од 2009 година железничкиот патнички сообраќај беше редуциран, со скратување на дел од линиите, па поради тоа имаме мало зголемување на бројот на патниците, но и на товарниот сообраќај. Сепак, бројките во однос на околните земји воопшто не се оптимистички, а најпоразителни се во поглед на меѓународниот сообраќај, каде што имаме намалување на бројот на патници и покрај визната либерализација.
|
 |
Danielbtmk
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
|
Quote Reply
#852 Posted: 03-Dec-2010 at 00:13 |
Зголемена за 15,9 проценти превезената стока во товарниот патен превоз во третиот квартал
Македонскиот железнички превоз во третиот
квартал од годинава опслужил 379.000 патници, во градско-приградскиот
се превезени 13.001.000, а во воздухопловниот превоз 253.365 патници.

Според податоците на Државниот завод за статистика, количеството
на превезена стока во товарниот патен превоз во третиот квартал од
годинава во однос на истиот период лани е зголемено за 15,9 проценти, во
железничкиот за 5,8, а во воздухопловниот е регистрирано зголемување за 14 проценти. извор: http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/zgolemena-za-159-procenti-prevezenata-stoka-vo-tovarniot-paten-prevoz-vo-tretiot-kvar
|
 |
IN_MOTION
Senior Member
Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 204
|
Quote Reply
#853 Posted: 30-Nov-2010 at 19:52 |
Originally posted by IN_MOTION
Значи ајде вака, знам дека форумот не е за вакви работи, но постирам тука бидејки апликацијата е од тој карактер, значи незнам кој колку е информиран за престојниот АНДРОИД натпревар кој го организира ONE mk , значи малце ме разочара начинот на гласање кој е со испраќање на порака а не со бројот на преземени апликации. Нашата апликација го опфаќа целокупниот транспорт во Република Македонија, што многу се погриживме за тоа (прецизен е до толку што мапирана е секоја железничка станица во МК баш на местото каде што е стојалиштето, исто така и постојките на градските автобуси на ЈСП) и жално е да не влезе во првите 10 апликации. За кој типови на транспорт станува збор погледнете на сликите подолу. 

Опфатено е се, значи доколку има некоја измена во некој распоред Вие на следното пуштање на апликацијата ке добиете "update" на базата со што ке настанат промените без да е потребно повторно преземање на целата апликација. Апликацијата МК Транспорт можете слободно да ја преземете и тестирате од официјалната листа http://one.mk/AndroidViewForm/Default.aspx која е под реден број 6 Ќе бидам премногу благодарен доколку допринесете глас за апликацијата бидејки тоа ке биде добро за сите.
Гласањето е на бројот 144 555 (5 денари порака), во пораката треба да се испрати редниот број на апликацијата, а во овој случај бројот 6 Благодарам.
|
За полесно гласање: 
Edited by IN_MOTION - 30-Nov-2010 at 19:57
|
 |
BOJAN
Senior Member
Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
|
Quote Reply
#854 Posted: 30-Nov-2010 at 11:37 |
Се согласувам со Младен, пред да влезеш во воз знаеш точно каде ќе застане истиот и за колку време треба да пристигне, за разлика од автобусите чии возачи неретко симнуваат и качуваат патници и по селата и застануваат кај ќе им текне.
|
 |
mladen_s
Senior Member
Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
|
Quote Reply
#855 Posted: 30-Nov-2010 at 09:46 |
Без да навлегувам во реалните проблеми, би го рекол само ова: кога патувам со воз, точно знам што ме очекува (освен кога има проблеми, но тоа секаде се случува, особено кога возот треба да помине низ планински предел во зима), а автобуските компании често ги малтретираат патниците на многу неочекувани начини..(независно од годишните времиња)
|
 |
polval
Senior Member
Joined: 18-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 177
|
Quote Reply
#856 Posted: 30-Nov-2010 at 09:41 |
„Седнуваш во автобус на станица и се симнуваш во градот каде што си се
упатил, нема симнувања, трчање по перони, менување вагони, паузи на
секој чекор“ пишува во текстот, возачите на автобуси се познати по тоа што запираат кај ќе им текне и се однесуваат како капо во конц логор спрема патниците. Новинаркава стварно нема појма за што збори. Изгледа дека не е влезена во воз.
Edited by polval - 30-Nov-2010 at 09:49
|
 |
BOJAN
Senior Member
Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
|
Quote Reply
#857 Posted: 29-Nov-2010 at 20:29 |
Колку глупости напишала новинаркава во сериозен весник како Утрински. Ја преувеличала работата, наместо да пишува за реалните проблеми во железницата.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#858 Posted: 29-Nov-2010 at 18:02 |
Originally posted by Утрински
До Солун со воз се патува и повеќе од шест часа. |
Абе ајде?
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#859 Posted: 29-Nov-2010 at 17:45 |
Се клацкаат во воз, немаат пари за автобус
Македонските патници со низок стандард се подготвени за малку пари да патуваат и двојно подолго до иста дестинација
Сања Наумовска
Воз или автобус? Прашање на вкус, желба, комоција или, пак, на цена и брзина. За едни возот е секогаш вистински избор, можност патувањето да биде комотно, удобно, интересно, да се запознаат луѓе, да се убие досадата со разговор или да се протегнат нозете за да се скрати времето. Други, пак, не би ни помислиле да влезат во воз, да се клацкаат со часови, да застануваат на секоја бандера.
За нив автобусот е закон, почист, побрз и поедноставен начин на патување. „Седнуваш во автобус на станица и се симнуваш во градот каде што си се упатил, нема симнувања, трчање по перони, менување вагони, паузи на секој чекор“, се нивните аргументи.
Во Македонија, во возовите има најмногу млади луѓе. Поради веќе спомнатите причини, но многу повеќе и поради попривлечните цени. Ученичкиот и студентскиот стандард е тенок, се штеди на се', па и на превозот. За нив има и посебни ученички и студентски попусти со кои билетот излегува многу поевтин. Губејќи го, полека низ годините, приматот на превозно средство број еден, железницата со ниските цени се обидува да остане конкурентна. Целни групи што добиваат специјални попусти во последниве години се и пензионерите, невработените до 26 години, па дури и новинарите. „Со легитимација, со која се потврдува припадност на овие групи, цената на билетот паѓа речиси двојно од оној за автобус“, велат од нашите железници.
Многумина, на кои финансиите им се проблем, поради попустот се подготвени да патуваат и двојно подолго време до саканата дестинација. Наместо за четири или за пет часа со автобус, до Солун со воз се патува и повеќе од шест часа. До Белград со автобус се доаѓа за шест или седум часа, а со воз за девет или повеќе. Кај подалечните дестинации, како што е Загреб, на пример, клацкањето е уште подолго, до 20 часа, за разлика од автобусот што дотаму стасува за 12 часа. Но, кај поголем број македонски патници и ова не е проблем. Тие се подготвени со своето време да ги компензираат финансиите што и им недостасуваат. Подготвени се да замижат и пред нечистотијата и лошите услови во старите вагони на нашата железница.
Од друга страна, пак, транспортните компании во последниве години многу инвестираа во подигнувањето на квалитетот на услугите во меѓуградскиот автобуски превоз. Од автобусите од типот „кој тоа таму пее“, во кои се возевме со децении, македонските патници денес уживаат во модерни возила со музика, филмови и бесплатен сок. Превозот доби на квалитет и, секако, во брзина, но се зголемија и цените.
Сепак, можноста за избор дали ќе патуваат со воз или со автобус ја немаат сите граѓани. Железнички линии има кон градовите од централниот и од југоисточниот дел од земјата, како и до Кичево на запад. Автобуски линии, пак, има до сите градови низ државата.
„Ако од Скопје до Битола, во еден правец, со автобус се патува за 470 денари, повратниот билет за воз е 335 денари. Математиката е едноставна, ќе висам во воз по четири или повеќе часа, иако со автобус можам и за 2,5 часа да дојдам до Битола“, вели еден студент, кој многу често патува на оваа релација.
Ист е случајот ако патувате и до Гевгелија. На скопската Автобуска станица билетот за еден правец ќе го платите 320 денари, а само стотина метри подалеку, на Железничката станица билетот за воз чини 185 денари. Најголемата разлика е веројатно кај најкусата релација од Скопје до Велес, со автобус се патува за 110 денари, а со воз за 120, но во двата правца. Разлики во цените има и кај меѓународните релации кон Солун, Белград и Загреб. На југ до Солун со воз се патува секој ден за 757 денари. Со автобус, пак, само во понеделник, среда и во петок и тоа за 1.280 денари. За Загреб цената е 3.025 денари, односно 3.150 за автобуски билет. Единствено за Белград билетот за воз е поскап од автобускиот, па цената за воз во еден правец е 1.426 денари, додека автобускиот превоз чини од 1.300 до 1.400 денари.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5E6AEE119F6F6B409CA008183E93614D |
|
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#860 Posted: 27-Nov-2010 at 16:52 |
in motion: Sto deka kje glsasas ili sto nudi ova?kje se smeni navistina nesto?
|
 |