Author |
Topic Search Topic Options
|
gko
Newbiе
Joined: 21-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#861 Posted: 06-May-2009 at 21:10 |
Originally posted by Cifra
каде точно е планирана подземна гаража?
|
Подземните гаражи си постојат од кога се изградени сите тие блокови (спроти лептокарија). Секој стан има по една гаража (со исклучок за тие што ги продале/купиле) во која собира една кола.
Сепак е жално што само десетина гаражи (преку сила) се користат за паркирање. Меѓутоа и да се користат сите за паркирање, не е доволен капацитетот зашто како што кажав, доста семејства имаат повеќе од една кола.
А не се користат зашто верувај неќеш да влезеш доле, особено не навечер или пак ако си член на понежниот пол
|
 |
Cifra
Groupie
Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
|
Quote Reply
#862 Posted: 06-May-2009 at 20:28 |
каде точно е планирана подземна гаража?
|
 |
gko
Newbiе
Joined: 21-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#863 Posted: 06-May-2009 at 20:23 |
ВО ТЕК Е ЗАБРАНА ЗА ПАРКИРАЊЕ ПО ЦЕЛА ПАРТИЗАНСКА
Нема повеќе паркирање на Партизанска. Почнувајќи од излезот на Скопје во Ѓорче Петров, па се до центарот на градот.
Сообраќајната полиција денеска со флаери под брисачите на автомобилите, ги извести граѓаните за забраната. Ова особено се однесува за потегот од Карпош 2 до Ѓорче, каде третата лента се уште се користи за паркирање. Жолтата лента која е наменета за движење на автобусите, а која граѓаните непрописно ја користат како место за паркирање, ќе мора да се користи само за намената. Ќе се казнуваат и автобусите кои ќе возат по другите ленти. Тоа е од МВР. Граѓаните вината ја гледаат во инвеститорите кои градат објекти без паркинзи. Виновни се и фирмите кои по Партизанска ги узурпираат сите станбени паркинзи, но и куќните совети кои ги изнајмуваат мезанинските за деловни простории. Сето ова го создава сообраќајниот хаос на Партизанска.
Сообраќајната полиција го заврши својот дел од работата. На ред се градските власти да го решат проблемот и да изнајдат соодветно решение.
http://sitel.com.mk/?ItemID=A0363ED067C57C49987333F3F7992D0C
|
Не дека не е праведно ова, ама живеам таму и кај ке се паркирам сега?
Ми останува опцијата во подземната гаража, меѓутоа тој план за паркирање е стар 30 години, т.е. една кола од семејство/стан, што не е случај сега. А старците кај мене во маало се итри, и одма ќе ги качат цените на гаражите :D
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#864 Posted: 14-Mar-2009 at 08:40 |
Гаранции се можни само во некои катни гаражи и во некои други
услови, каде што станува збор за поинаков вид услуга, пред се'
комерцијална. |
А каква е побогу услугата на градски паркинг  Не сум упатен во целата работа за тоа дали како и колку треба да се гарантира за возилата што се паркирани на платени паркинзи па нема да филозофорам. Но мислам дека ќе мора да си најдат подобар аргумент од ова.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#865 Posted: 14-Mar-2009 at 01:52 |
„Градски паркинг“ не гарантира безбедност за паркираните возила
Не можеме да ги осигуруваме возилата од штети, тоа е преголем ризик за сумата што ја наплаќаме, велат од ова јавно претпријатие

Никој не гарантира безбедност за возилата што се оставени на паркинзите на Јавното претпријатие „Градски паркинг“. Иако цените за еден час паркирање во центарот на градот не се мали, во нив нема дел наменет за осигурување на автомобилите.
- Го најдов своето возило оштетено, но кога ги прашав вработените на паркингот, тие само креваа рамена - вели скопјанец, кому незгодата му се случила неодамна на паркинг во центарот на градот. Од „Градски паркинг“ се оградуваат од одговорноста за штетите кои може да настанат додека возилото е на паркингот, иако стопанисуваат со 15 паркинзи во градот. Безбедноста на возилата не се гарантира ниту со воведување на зонското паркирање, кое треба да почне од април.
- За 45 денари, колку што со новиот ценовник ќе чини еден час паркирање во строгиот центар на градот, не можеме да ги осигуруваме возилата од штети. Тоа е преголем ризик за сумата што ја наплаќаме. Гаранции се можни само во некои катни гаражи и во некои други услови, каде што станува збор за поинаков вид услуга, пред се' комерцијална. Ние не сме чувари на возилата. Никаде не ни постои такво правило. Овозможуваме само паркирање на возилата, дециден е Панче Стојановски, помошник-директор на „Градски паркинг“. Тој тврди дека и покрај се', во последниве 3,5 години, колку што постои ова јавно претпријатие, не се случила кражба на возило од паркинзите со кои тие стопанисуваат.
- Нашите вработени сепак водат грижа за возилата толку колку што можат. Можеби се случиле околу десетина ситни штети на паркирани возила, што е занемарлив процент. Тоа говори дека возилата се безбедни. Секогаш имаме голем број вработени на паркинзите. Има и доволно простор за паркирање, па нема турканици и нервози што може да предизвикаат поголеми штети, објаснува Стојановски.
Според него, осигурување на возилото на Запад се обезбедува во услови кога се работи во затворени простори, каде што постои видеонадзор, преку кој се контролираат возилата.
- Во таков случај, сопственикот на возилото ги предава клучевите на оние што се надлежни за обезбедување на возилата. Тие го паркираат возилото и гарантираат за него, објаснува Стојановски.
Тој додава дека тоа значи дека не може да дојде некое друго лице без да се легитимира за да ги подигне клучевите од одредено возило. Постоел план „Градски паркинг да направи ВИП-паркинг во Скопје, на локацијата кај ТЦ „Рамстор“, но поради тоа што просторот е заземен, идејата пропаднала. Таа услуга во наши услови би чинела 1.000 денари дневно.
- Таков паркинг му треба итно на градот поради се' поголемата фреквенција на странци, кои сакаат да го остават својот скап автомобил на безбедно место, заклучи Стојановски.
Дневник - Анела Петрова - 10.03.2009 |
незнам колку и незнам како треба да се гарантира безбедноста на градските паркинзи, но бар можат камери да постават. не би било лошо како услуга секој поголем паркинг да има и механичарски сервис и перална, кои можат да бидат и приватни, но паркингот и да профитира од нив бар индиректно нудејќи екстра услуга на кориниците на услугите на градски паркинг.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#866 Posted: 09-Mar-2009 at 02:56 |
Градот врие од бесправно приватизирани паркинзи
Злоупотребата на јавните површини со поставување рампи, блокатори, рекламни паноа се казнува и до 3.000 евра

Јавните
површини се претвораат во приватни паркинзи, велат во Јавното
претпријатие „Градски паркинг“. Тоа дополнително го зголемува сообраќајниот
метеж и проблемот со паркирањето во ситуација на недостиг од легален
паркинг-простор. Според надлежните од ова претпријатие, дури 90 отсто
од поставените блокатори, популарно наречените „шепи“, се наоѓаат во
центарот на градот, односно во реонот на Мал ринг.
- Сите
блокатори, поставени на тротоарите, се противправно наместени и ќе
бидат отстранети. Казните за ваквото узурпирање на јавните површини се
многу високи и се движат до 3.000 евра. Екипи на Градот редовно ги
контролираат јавните градски површини и вршат увид во состојбата. Освен
блокатори, се поставуваат и рампи на тротоарите пред станбените згради
- велат од „Градски паркинг“. Во 2008 година, Градот спроведе
повеќе акции за отстранување на ваквите блокатори и на помалите рампи
со столбови. Беа отстранети 200 блокатори и 20 рампи, најмногу во
центарот на градот. Деновиве најавува нова акција за отстранување на
блокаторите и на рампите во поширокото централно подрачје. Граѓани што
работат, но не живеат во центарот на градот, велат дека честопати се
соочиле со закани од нељубезни сограѓани ако паркираат пред нивната
зграда.
- Живеам во населба Ченто, а работам во близина на
Трговскиот центар „Рамстор“, Покрај тоа што цела вечност патувам со
возилото до центарот на градот, исто толку време ми треба за да најдам
паркинг-место. Не можам да си дозволам да плаќам паркинг, па долго
време паркирав на улицата Теодосиј Голаганов. Но, станарите од околните
згради неколкупати ми ги дупеа гумите и вербално се пресметуваа со мене
затоа што паркирам пред нивните зграда. По извесно време, тие бесправно
поставија рампа на јавна површина. Еве, до денес тие се газди на јавна
површина, а никој од надлежните не интервенира. Ако тие живеат во
Центар, не значи дека се сопственици на јавниот простор, вели Татјана
Димовска.
Од Градот велат дека инспекторите одат на терен и по
пријава на граѓани за да утврдат каде и зошто се узурпирани јавните
површини. Граѓаните, пак, се незадоволни од работата на градските
инспектори и велат дека тие со години ги толерираат бесправните
узурпатори. Од Градот ги советуваат граѓаните кои сакаат да постават
блокатор за резервирање паркинг-место дека треба да поднесат барање до
Секторот за сообракај на Град Скопје. Месечната резервација чини околу
250 евра. За оние што бесправно поставиле блокатор или рампа на јавна
површина, казните ги наплаќаат комуналните инспектори при Град Скопје.
Од Градот објаснуваат дека јавните паркинг-површини вообичаено се
надвор од улични паркиралишта, коловози или тротоари. Се води сметка да
не бидат и на сервисните и пристапни улици до станбените блокови заради
непречено движење на пешаците и велосипедистите.
- Јавно место
за паркирање е дел од површина која е во сопственост на државата или е
во приватна сопственост. Таа треба да е утврдена, организирана и
обележана согласно со Детаљниот урбанистички план (ДУП) и со
сообраќајниот проект како површина за паркирање на моторни возила од
одредена категорија. Јавно паркиралиште може да биде површина која со
ДУП не е наменета за паркирање. Во тој случај, паркиралиштето има
привремен карактер, се' до реализацијата на содржините, утврдени со
планот. Паркирањето на јавните паркиралишта може и не мора да се
наплаќа. Кога станува збор за паркинг-површини во состав на станбените
зони, тие првенствено им служат на станарите, но и на нивните
посетители. Во случај на високо оптоварено јавно паркиралиште, по
барање на жителите можно е да се воведе наплата на ваквите
паркиралишта, со цел да воведе контрола на користење. Ваков е случајот
со јавното паркиралиште „Булевар Кочо Рацин“ каде што жителите на
станбените објекти во непосредна близина поведоа иницијатива паркингот
да го преземе ЈП „Градски паркинг“, велат од Секторот за сообраќај во
Град Скопје.
Градските власти напоменуваат дека наплатата за
паркирање на јавна површина се практикува ако во случај кога јавните
паркиралишта се во непосредна близина на објекти од јавен интерес -
административни, трговски, здравствени или услужни содржини, особено во
централното градско подрачје. Но, додаваат дека во случај кога се
наплаќа за паркинг се воведува контрола да не се пренатрупува со
паркирани возила. По правило, високооптоварените градски подрачја ,
каде што треба да се излезе во пресрет на паркинг-потребите на што
поголем број посетители, наместо паркирањето да биде ексклузивитет само
на оние што први ќе заземат паркинг-место. Ваквите паркинг места, се
нарекуваат јавни, бидејќи кај нив не е ограничен пристапот на можните
корисници. Секој што има потреба од паркинг место и е подготвен да
плати, може да паркира. Автобусите, во принцип, треба да се паркираат
на периферијата, велат од градското одделение за односи со јавноста.
Најскап паркинг „Максим Горки“
Според ценовникот на „Градски паркинг“, најскапо паркиралиште е на
улицата Максим Горки. Таму се плаќа по 50 денари од час, 5.000 денари
за цел месец, а 50.000 денари - за цела година. Може и да се резервира
место за 15.000 денари.
Паркирањето на плоштад Македонија чини
40 денари од час, 3.000 денари месечно, 30.000 годишно и 10.000 денари
за резервирано паркинг-место. По 40 денари за влез се плаќа и на
новоотворените паркиралишта кај хотел „Бристол“ и на улицата Даме
Груев, кои во моментов се со механичка рачна рампа. Кога ќе влезат во
состав на зонското паркирање, ќе се промени и цената за паркирање.
Паркиралишта
со цена од 30 денари за влез има кај зградата на „Кјуби-Македонија“ и
кај АМСМ (500 денари за месец и 5.000 денари годишно), Кај Градска
болница чини 30 денари од час, 2.000 за месец и 20.000 денари за цела
година.

СТАВ „Не паркирај, бушам гуми“ Оваа
позната фраза од пред скопските станбени објекти во последно време е
видоизменета. Сега кој стигне, поединци, куќни совети и фирми и ставаат
столпчиња, рекламчиња, синџирчиња да си присвојат дел од јавните
површини. Што е важно дали другите граѓани се принудени да плаќаат
паркирање од час!
Иако дел од просторот пред зградите е наменет
токму за станарите и за нивните гости, тоа секако не се однесува на
фирмите и институциите што си земаат ексклузивитет на тротоарите.
Градските власти се закануваат со акции и казни, но се' уште не сме
слушнале некој да е казнет. А три илјади евра не се малку. Може да се
наполни градската каса од казните за узурпирани јавни површини.
Денес
никој не се осмелува да оди така лесно против законот, ако нема грб,
политички или партиски, да биде заштитен од евентуални казни. Нека не
не' разубедуваат инспекторите дека граѓаните се виновни, нека се фатат
за работа.Да почнат од себе. И тие имаат резервиран паркинг пред
нивното работно место.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2B6BE6136076074CA5FA338284F0A0CE |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#867 Posted: 26-Feb-2009 at 01:26 |
Овие правила се применуваат само при
проектирањето, но при изведбата на објектот се отстапува од
стандардите, потенцира Никола Велковски, поранешен главен градски
архитект. |
Зарем нема механизам што ќе застане на патот на вакви чудесии??? Точно ли е ова воопшто? Се сведува на тоа дека можеш да си градиш како сакаш, без разлика на тоа по каков проект е добиена дозвола...
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#868 Posted: 26-Feb-2009 at 00:30 |
Гаражите заборавени од инвеститорите
Иако со секој стан задолжително треба да биде обезбеден и паркинг-простор, оваа законска обврска не се почитува од градежниците

Становите во новите згради се продаваат без гаража, велат експертите. Иако Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко
планирање на Министерството за транспорт и врски, предвидува за секој
стан од колективна станбена зграда во централното градско подрачје да
биде обезбедено по едно паркинг-место, тој ретко се почитува од
инвеститорите. Од април треба да почне новиот систем на паркирање, во
кое цената за еден час ќе се одредува според зоната. Во центарот на
градот ќе може да се паркира само еден час, и тоа за 45 денари, а
предвидени се уште и жолта и зелена зона во поширокото централно
подрачје. Со овој систем ќе се оградат многу паркинг-простори во
центарот на Градот каде што досега паркираа станарите на
зградите.Според Алјоша Шопар, раководител на Секторот за планирање и
уредување на просторот, има пропуст во законската регулатива. Тој
објаснува дека инвеститорите на новите згради делумно го почитуваат
Правилникот.
- Уште при самиот технички прием општинските
инспекции треба да водат сметка за тоа дали се запазени нормативите за
објектот што се пушта во употреба. Инвеститорите кај нас гаражите ги
продаваат одделно од станот. Дел од станарите не сакаат да купат гаража
бидејќи законски не се обврзани, па своите возила ги оставаат на
тротоарите. Никој не може да ги натера да купат гаража, вели Шопар.Од
Градот објаснуваат дека прашањето на уредување на паркинг-просторите и
стационарниот сообракај се врши според овој правилник на Министерството
за транспорт и врски, како и според детаљните урбанистички планови што
ги носат општините.
- Секторот за планирање на Град Скопје
внимава при давањето мислење за плановите. Сериозно води сметка за
паркиралиштата како значаен дел од сообраќајниот систем, велат
градските власти.
Правилникот за стандарди и нормативи за
урбанистичко планирање точно дефинира колку паркинг-простор им следува
на станарите од централното градско подрачје. Станбените куќи со
градежна парцела помала од 600 квадратни метри, како и секој стан до 90
квадратни метри - 1,2 паркинг-место, а тие над 90 метри квадратни - 1,5
паркинг-место. За продавници и дуќани од 40 квадратни метри предвидено
е едно паркинг-место.
- Овие правила се применуваат само при
проектирањето, но при изведбата на објектот се отстапува од
стандардите, потенцира Никола Велковски, поранешен главен градски
архитект. Тој објаснува дека во веќе изградените постари објекти,
односно згради, како на пример Градски ѕид, тоа е решено со подземно
гаражирање.
- И тука навреме не било решено прашањето со
обезбедување паркинг-простор. Си можел, но не си морал да купиш гаража.
Оние што купиле не ја користат. Ја издаваат на пазарџии, чуваат
зеленчук или овошје, ја користат како подрум, а автомобилот го чуваат
надвор, потенцира Шопар.Тој истакна дека паркинзите со кои стопанисува
Јавното градско претпријатие „Градски паркинг“ им го решаваат проблемот
на овие граѓани.
- Единствено во сопственост на станарите во
зградите е земјиштето под зградата. Се' останато е државно земјиште и е
предмет на јавен интерес. Друга работа е зошто ДУП поинаку не го решава
проблемот со паркирањето, вели Шопар. Според Панче Стојановски,
помошник-директор во Јавното претпријатие „Градски паркинг“, многу е
алармантно тоа што при градба на станбени згради се предвидува
паркинг-простор само за станарите.
- Дел од нив се пренаменуваат
како деловни простори, кои на почеток воопшто не се пријавуваат, туку
се прикажуваат како мезанин. На тој начин, всушност се јавува проблем
со паркирањето, кое е предвидено само за потребите на една станбена
зграда. Доколку неколку такви простори во зградата се пренаменет, тогаш
настанува хаос. На пример, речиси во сите згради во Кисела Вода се
појавија деловни простори, без притоа да биде обезбеден доволно
паркинг-простор, објаснува Стојановски.
ИНФО-За секој стан по едно паркинг-место
За секој стан од колективна станбена зграда во централното градско
подрачје треба да се обезбеди по едно паркинг-место. По 1,2
паркинг-место е предвидено за оние подалеку од центарот и за станбените
куќи во градежна парцела помала од 600 квадратни метри и за секој стан
до 90 квадратни метри. Становите над 90 квадрати треба да имаат 1,5
паркинг-место. За продавници и дуќани, на 40 квадратни метри простор за
клиенти - 1 паркинг-место. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=13C6DD3883AB734F85D1DF3003481D0A |
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#869 Posted: 04-Feb-2009 at 02:32 |
 Офтопик ама овие смартојте како шо паркират... Алал му вера! Сите паркират паралелно а смартот, епа под 90 степени од паралелното  Друго чаре со овие говедата наши (и тукашни) нема, да не се знаело да се паркира. И да има нови паркинзи, дури нема казни пак ќе има хаос на секој чекор.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
AlexTheGreat
Newbie
Joined: 04-Feb-2009
Location: Македонија
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#870 Posted: 04-Feb-2009 at 01:16 |
Originally posted by lslcrew
Originally posted by AlexTheGreat
фала богу добра вест, инаку најискрено не се надевам на 24 паркинзи па затоа нека изградат барем по 2 во секој од 4 дела, за колку толку да се реши хаосов
|
Добредошол АлексТхеГрејт! Вероватно мислиш на 4 дела, на карпош 1-4?! Незнам од каде бројкава дека треба по 2 за секој дел?! 2 паркинга во толкав опфат не се апсолутно нималку приметливи дека нешто се подобрило. Башка и зависи колкави се паркинзите по капацитет!
|
Добронашол, да на 4 дела мислев, инаку најверојатно би требало да се со помал капацитет штом е толку голема бројката 24, и не 2 туку во секој по 2, ама и да е така во право си нема да бидат ни малку приметливи, или ќе бидат само на одредени улици, оти еве како пример би го зел делот околу стара телевизија во карпош4, тој дел е очаен за паркинг и не е само тој него го земав за пример
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#871 Posted: 04-Feb-2009 at 01:04 |
Originally posted by AlexTheGreat
фала богу добра вест, инаку најискрено не се надевам на 24 паркинзи па затоа нека изградат барем по 2 во секој од 4 дела, за колку толку да се реши хаосов
|
Добредошол АлексТхеГрејт! Вероватно мислиш на 4 дела, на карпош 1-4?! Незнам од каде бројкава дека треба по 2 за секој дел?! 2 паркинга во толкав опфат не се апсолутно нималку приметливи дека нешто се подобрило. Башка и зависи колкави се паркинзите по капацитет!
|
 |
AlexTheGreat
Newbie
Joined: 04-Feb-2009
Location: Македонија
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#872 Posted: 04-Feb-2009 at 00:39 |
фала богу добра вест, инаку најискрено не се надевам на 24 паркинзи па затоа нека изградат барем по 2 во секој од 4 дела, за колку толку да се реши хаосов
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#873 Posted: 04-Feb-2009 at 00:31 |
Нови 24 паркинзи во Карпош
Изградба
на нови 24 паркинзи на целата територија на Општина Карпош со цел да им
го олесни паркирањето на своите жители, најави локалната власт. -Како
дел од акцијата "Да го исчистиме ѓубрето од Карпош" ги чистевме и
осветлувавме подземните гаражи за да можат да се паркираат возилата во
нив и да се заштитат од лошите временски услови, информираат
општинарите.
Исто така со акцијата треба да се ослободат и надземните паркинзи во Карпош. -Ќе
се зголемува и бројот на надземните паркинзи, а чистењето и
осветлувањето на подземните гаражи нема да престане. Сето ова е со цел
да се обезбеди повеќе паркинг-простор во општина Карпош и подобри
услови за нејзините граѓани, ветија тие.
http://vecer.com.mk/?ItemID=A313158C080E7C4DB451E859704756C7 |
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#874 Posted: 26-Jan-2009 at 21:02 |
Во Словенија нема паркинзи со рампи! Освен во катните гаражи каде што се поставени заради разбирливи причини. Иначе во цела Љубљана паркингот е платежен, без никакви рампи, само со self-service автомати. Се користи крајната лента на улиците каде што се обележани парко-места. Ленинградска е одлично име...Се оддава почит на жртвите загинати во Обсадата на Ленинград од 2СВ.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#875 Posted: 25-Jan-2009 at 00:53 |
Рампи за жал мора да се употребуваат во одредени ситуации, но не гледам на тоа како на напредок. Со исклучок на најпроблематичните локации каде што нема друг начин, би преферирал паркингот да биде добро испланиран и димензиониран како би бил бесплатно достапен за сите, без рампи, часовници, СМС-ови и слични срања.
Факт е дека сме назад, но според мое мислење е сосема погрешно рампите да ги земеме како мерило.
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#876 Posted: 25-Jan-2009 at 00:41 |
Во Загреб функционираат сите паркинзи со автомати или рампи. За Словенија да не зборуваме, мислам дека сме децении наназад.
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#877 Posted: 25-Jan-2009 at 00:11 |
Да точно ја детектиравте локацијата и Кловер и Дарко
|
 |
anDarko
Senior Member
Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
|
Quote Reply
#878 Posted: 25-Jan-2009 at 00:05 |
ова е на Улица Ленинградска (кое ужасно име, брука!) до зградата на QBI.
Во куќите кои имаат корист од оваа рампа живеат странци на високи функции во меѓународните организации кои оперираат во Македонија и на Косово...рампава е поставена вака веќе бар две години...и никому ништо...
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#879 Posted: 24-Jan-2009 at 21:57 |
 А барем се работи за слепа уличка која не поврзува ништо освен тие жители таму? Не дека во таков случај е оправдано, туку во спротивно се работи за уште поскандалозна работа! Јас колку што можам да претпоставам се работи за оваа локација 41°59'26.26"N 21°26'11.91"E но не можам на google earth да заклучам какви се сообраќајните врски во околината... Како и да е, не знам во кој закон нашле основ за приватизација на улица во функција на паркинг
Edited by Cloverstack - 24-Jan-2009 at 21:58
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#880 Posted: 24-Jan-2009 at 20:40 |
Еве како со доволно врски се поставува легална приватна рампа која ја блокира целата улица (која е јавна) само за нејзините жители во функција на паркинг
Edited by pbanks - 24-Jan-2009 at 20:40
|
 |