Author |
Topic Search Topic Options
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#881 Posted: 24-Jan-2009 at 01:43 |
Најголемата мана на паркинзите со рампи се тоа што мораш да одиш да чекаш ред да платиш - особено на паркингот пред Холидеј Ин, и да излезеш. Не звучи страшно ама е страшна гњаважа.
Edited by pbanks - 24-Aug-2009 at 17:30
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#882 Posted: 24-Jan-2009 at 01:26 |
Тоа со рампите во центарот на градот може да го има само во Чад, ама ајде да не ги вреѓам и нив понапредни се од нас. Баш ме интересира дали по воведувањето на ваквото паркирање ќе се укинат овие паркинзите со рампи.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#883 Posted: 22-Jan-2009 at 11:25 |
Нови паркинзи кај Зелен пазар и кај „Трготекстил“
Овој и наредниот месец, Јавното претпријатие за јавни паркиралишта и
паркинзи на Општина Центар ќе отвори четири нови паркинзи. Наскоро ќе
биде отворено ново паркиралиште кај продавницата на поранашен
„Трготекстил“ на улицата Мито Хаџивасилев-Јасмин, а на 1 февруари кај
Зелен пазар и кај Домот на градежните работниците. Во средината на
февруари во Центар ќе отворат паркинг кај зградата на „Автомакедонија“.
Паркингот
кај Домот на градежници веќе две години е спорен, бидејќи градските
власти ги обвинуваат од Општината за узурпација на сервисна улица, иако
немаат за тоа никаква законска надлежност. Цените за паркирање допрва
ќе бидат истакнати, но неофицијално ќе се движат од 10 до 50 денари за
час, во зависност од локацијата на паркингот.
Според извештајот
на претпријатието, наредната година 1,2 милион денари од буџетот ќе се
потрошат на паушали на членовите и претседатели на управниот и
надзорниот одбор. Проекцијата на буџетот предвидува претседател на
Управен одбор да зема 8.000, а член 7.000 денари. Членовите на
Надзорниот одбор ќе земаат 5.500, односно 4.500 денари. За плати ќе се
потрошат околу 8,9 милиони, а за тековно работење (униформи,
осветлување, греење, ладење) 1,1 милион денари.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=732CFCD2A3896444BCC7A699457A6B72 |
|
 |
Б.Ѓ.Т
Senior Member
Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
|
Quote Reply
#884 Posted: 02-Dec-2008 at 12:29 |
si igraat ko mali deca,pravi pa rusi i se toa vo krug se vrti,tolku divogradbi ima vo centar na niv do naplatnite rampi na parkinzite im doslo,ama mora da se pokaze deka sepak oni nesto rusat,udri kaj sto mozes,a od drugoto ponastrana.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#885 Posted: 02-Dec-2008 at 11:36 |
Се враќаат рампите спроти фабриката „Треска“ |
|
|
|
|
Јавното
претпријатие „Градски паркинг“ повторно почна да монтира електронски
систем за наплата на паркиралиштето во населбата Капиштец спроти
фабриката „Треска“, откако општината Центар присилно ги отстрани пред
околу две недели со образложение дека биле дивопоставени. Љупчо
Јованов, директорот на претпријатието, вели дека ќе работат со обична
рампа се додека не се договорат со општината како да се реши
ситуацијата со паркиралиштата. Општинарите најавуваат дека ќе ги урнат
сите рампи на нивното подрачје, бидејќи за ниту една од нив не била
обезбедена дозвола. Од градот, пак, одговараат дека за рампи и за
монтажни куќички за наплата воопшто не било потребно одобрение за
градба.
- Рампата што се поставува сега е привремена, само колку
да се знае дека паркиралиштето е наше и дека е легално поставено.
Најдоцна до утре треба да имаме состанок со општината, а за неколку
дена ќе го вратиме истиот електронски систем што беше отстранет, затоа
што не е оштетен - објасни Јованов.
Според некои пресметки, ако
Центар ги урне сите рампи на „Градски паркинг“ на своето подрачје, ќе
направи штета од околу 160 илјади евра. На општинското подрачје има
електронски систем за наплата на паркиралиштата кај плоштадот
„Македонија“, до Градската болница, до Цветниот пазар, на улицата
Максим Горки, спроти АМСМ, кај Домот на печатот, до Старата железничка
станица и паралелно со булеварот Кочо Рацин.
Синдикатите на сите
јавни претпријатија и дадоа рок на општината до утре да ги изнесе
своите планови во врска со паркиралиштата на претпријатието, а во
спротивно најавуваат дека ќе организираат протести пред општинските
простории. |
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=252&ArticleID=12645 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#886 Posted: 01-Dec-2008 at 21:23 |
 Кловер ова ќе го гледаме до април. Па мора да се билда егото пред избори!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#887 Posted: 01-Dec-2008 at 20:16 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#888 Posted: 01-Dec-2008 at 19:05 |
Ќе се уриваат рампи вредни 160 илјади евра |
|
|
|
Автор: Бојана Стојчевска |
|
Градот
и јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе претрпат штета од околу 160
илјади евра ако општината Центар ги реализира своите најави дека ќе ги
отстрани сите рампи од паркинзите на своето подрачје каде што
претпријатието вградило систем за електронска наплата. Оваа акција
почна пред десетина дена со уривањето на рампите на паркиралиштето во
населбата Капиштец спроти фабриката „Треска“ и прекина истиот ден,
поради, како што објаснија од општината, лошите временски услови. Иако
потоа се најавуваа дополнителни преговори меѓу градоначалниците Трифун
Костовски и Виолета Аларова и директорот на „Градски паркинг“ Љупчо
Јованов, сепак општинарите велат дека тоа нема да се случи и дека
наскоро ќе продолжат да ги вадат рампите бидејќи ги сметаат за
нелегално поставени.
ОСУМ РАМПИ ОД ПО 20 ИЛЈАДИ ЕВРА
„Градски
паркинг“ има поставено рампи со електронски систем за наплата на вкупно
осум локации во општината Центар, и тоа на плоштадот „Македонија“, кај
Градската болница, спроти дирекцијата на фирмата „Макпетрол“, до
старата железничка станица, кај Домот на печатот, пред стоковната куќа
„Илинден“, на улицата Максим Горки и паралелно со булеварот Кочо Рацин.
-
Секој од овие системи чини по 1,2 милион денари. Се надеваме дека
општината сепак нема да посегне по имотот на јавните претпријатија и
нема да го уништува, бидејќи тоа би било на штета на сите, пред сè на
граѓаните - истакнува директорот Љупчо Јованов.
Синдикатите на
сите шест јавни градски претпријатија побарале од општината Центар до 3
декември писмено да ги извести за нејзините планови во врска со
паркиралиштата на „Градски паркинг“, затоа што од нивното отстранување
штета би претрпеле и граѓаните и вработените со нивните 150 семејства.
Ако не стигне никаков одговор, тие најавуваат дека на 4 декември ќе
одржат мирен протест пред просториите на општината во периодот од 9 до
12 часот.
УРИВАЊА ПО ПРИНЦИПОТ „НА ТИ ГО, ДАЈ МИ ГО“
Општинарите
уште во 2006 година им испратиле допис на надлежните во претпријатието
во кој ги предупредуваат дека за нивните рампи не е обезбедена
соодветна градежна документација. Врз основа на решенијата што ги
усвоила, таа ги почна уривањата.
Од градот, пак, одговараат дека
уривањата се целосно нелегитимни затоа што рампите и куќарките за
наплата се објекти од петта категорија за кои не била потребна никаква
градежна документација. Тие сметаат дека за паркинзите се обезбедени
сите документи од надлежните институции, меѓу кои и согласности за
сообраќајните решенија од Министерството за внатрешни работи. Отстранувањето
на системот спроти „Треска“ следуваше само два дена откако градските
служби ги тргнаа рампите од паркиралиштето кај зградата на
„Трготекстил“ во центарот, кое ги постави општинското претпријатие
„Паркинзи на општината Центар“. Минатата година, пак, градот ги урна
рампите со кои тоа претпријатие ги постави на улицата Васил Главинов,
која се протега од кафулето „Пјаца либерта“, спроти гимназијата „Јосип
Броз Тито“, до булеварот Партизански одреди.
Ѓорче Петров нема проблем со рампите
Деветтиот
систем за електронска наплата претпријатието „Градски паркинг“ го има
поставено до пазарот во општината Ѓорче Петров. За разлика од Центар,
надлежните од таа општина немаат никаков проблем со рампите, дури
истакнуваат дека се презадоволни од нивното функционирање.
- Сè
си се одвива нормално. Паркингот функционира беспрекорно откога е
поставен. Среќни сме што нема проблем со паркирањето околу пазарот,
паркиралиштето е секогаш полно и многу ретко се оставаат возила на
тротоарите или на улиците - вели Момо Николовски, портпаролот на
општината. |
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=250&ArticleID=12468 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#889 Posted: 23-Nov-2008 at 05:51 |
Интересна споредба!
10+1 најскапи места за паркирање во светот |
|
|
20.11.2008. |
Во
текстот подолу се излистани најскапите места за паркирање во светот. Не
сакате да сте шофер во Лондон, бидејќи и да имате среќа да најдете
место за вашиот автомобил, тогаш прескапо ќе го платите. Слично е и во
Сиднеј и во Њујорк. На 11-то место го ставивме и Скопје. Зошто? Затоа
што пресметавме колкав е процентот што скопјани треба да го потрошат од
својата плата за паркирање и добивме бројка која не убеди дека Скопје е
сигурно, барем за нас едно од местата со најскап паркинг на светот.
1. Лондон Сити, месечен просек: 749,79 фунти
Најскапиот паркинг плац во Лондон е Павилион Роуд во Најтсбриџ. Овде ќе
трба да платите 43,20 фунти за шестчасовен престој. Во Блумсбери се
наплаќа 8 фунти за час. Во Парк Лејн за два часа треба да издвоите 12.
2. Лондон, Вест Енд, месечен просек: 729,71 фунти
Ако имате среќа да најдете место во Сохо, Оксфорд стрит или во близина
на Лајчестер Сквер можеби и ќе се покаете. На Трафалгар Сквер ќе
платите 6 фунти за час, а во повеќето делови на Вест Едн за обичен
утрински шопинг ќе треба да одвоите 25 фунти за паркинг.
3. Сиднеј, месечен просек: 497,80 фунти
Камп приколките на Бонди Бич не се повеќе за хипици, тоа е сега
најскапото место на оваа плажа за паркирање и чини 30 долари за неколку
часа.Корпоративни трустови сега се сопственици на поголемиот дел од
паркинг плацовите во овој град, па така паркингот на Операта на Сиднеј
со капацитет од 1176 места, е вреднуван на 120 мил. долари (51,5
мил.фунти).
4. Хонг Конг, месечен просек: 477,17 фунти
Минатата година ексклузивен апартман беше на продажба во Хонг Конг за
цена од 23,65 милиони долари. Најинтересно е дека во цената се вклучени
и две паркинг места со вредност од 153.000 долари секое посебно.
5. Бризбејн, месечен просек : 380,23 фунти
И покрај тоа што владата се труди да го промовира јавниот превоз во
овој град, сепак повеќето граѓани го користат сопствениот автомобил.
Популацијата на градот е се поголема, па така и градоначалникот е под
притисок да одговори на побарувачката за паркинг, секако, со поскапи
цени.
6. Њујорк, месечен просек : 375,97
Американците ги бие глас дека се посебно приврзани за своите коли, но
треба да сте и посебно лојален на својата кола ако сакате да ја возите
во Менхетен, каде што паркинг место чини 255 000 долари. Моментно во
градот е тренд да се купуваат паркинг места како инвестиција, дури и
ако немате кола. Паркинг местата се очекува да достигнат цена за метар
квадратен висока како и онаа за простор за живеење.
7. Токио, месечен просек: 354,80
Толку е тешко да се најде место за паркирање во градот, што токиските
власти прво бараат да обезбедите доказ дека поседувате паркинг место,
пред воопшто да можете да си купите кола. Интересно, нели?
8. Перт, месечен просек: 331,99
Главниот град на Австралија има бесплатен јавен транспорт, се со цел
дека ќе се намали транспортот со сопствена кола, кој го преферираат
повеќе од 80 % од граѓаните.
9. Стокхолм, месечен просек: 327,12 фунти
Ништо не е евтино во овој шведски град кој е еколошки освестен, па така
ни местата за паркирање на колите кои, нели, загадуваат. Плус, оние
шофери кои го поминуваат центарот на градот плаќаат посебни такси, а и
овде како и на повеќето места има одличен јавен превоз, кој притоа е и
многу евтин.
10. Даблин, месечен просек: 326,44 фунти
Изнајмувањето на деловен простор е најскапо во Европа, па не чуди што и
паркирањето е тука некагде во овој ирски град. Паркинг места се секогаш
преполни и понекогаш дури може да размислите дали да отворите мобилна
канцеларија во нив.
10+1. Скопје, месечен просек: 56 фунти
Сумата ви изгледа смешна, но еве ја пресметката. Просечна плата во
британија изнесува 2732 фунти за месец. Паркинг местото е 25% од
платата за еден Британец. Просечната плата во Македонија е 212 фунти
или 15 300 денари. За паркинг место за 8 часа дневно треба да одвоите
240 денари, ако местото чини 30 денари на час. Месечната карта во
центар се движи од 3000 до 5000 денари. За просек ќе земеме 4000 денари
месечно. Значи месечно издвојуваме повеќе од 26% за да го платиме
своето паркинг место. Заклучокот за тоа каде е најскапо, го оставам на
вас.
|
http://www.broker.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=507&Itemid=27 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#890 Posted: 18-Nov-2008 at 20:18 |
WTF, сега и вака ли ќе се надмудруваат
СООПШТЕНИЕ
|
|
Општина
Центар не можејќи да се справи со реалните проблеми во сферата на
урбанизмот, денеска, посегна по куќарките кои се поставени на
наплатните рампи на јавното претпријатие „Градски Паркинг“.
Денешното отстранување на наплатната куќарка и рампата во населбата
Капиштец е целосно нелегитимен чин. Општината соочена со сопствената
неспособност да ги реализира активностите за организирање
паркинг-сервис, преку општинското јавно претпријатие, од денеска реши
да внесе хаос во сообраќајот пресметувајки се со рампите на градското
претпријатие.
Јавното претпријатие „Градски Паркинг“ апсолутно легално и легитимно ги
стопанисува сите паркиралишта, вклучително и паркиралиштето во
населбата Капиштец.
Паркиралиштето во Капиштец е формирано врз основа на проект и со сите
релевантни сообраќајни решенија, добиени од надлежните органи, како и
со согласност добиена од Министерството за внатрешни работи.
Дозвола за поставување наплатна рампа и куќарка за паркингот во
Капиштец не е потребна зашто наплатната куќарка и рампата не се
објекти, туку опрема во состав на паркиралиштето. Од друга страна, за
петта категорија земјиште, како што е паркинг-простор, согласно Законот
за градежништво, не се неопходни градежни дозволи. 
Градоначалникот Трифун Костовски упати остар протест до Општината
Центар, по повод овој настан, укажувајќи и на градоначалничката Аларова
дека денешниот акт е во спротивност со правото, но и во спротивност со
елементарните придобивки на урбаното живеење, затоа што се отстрануваат
справи кои служат за подобрување на условите за живеење на граѓаните.
Тешко е да се изгради, во вакви услови, а најлесна работа е да се сруши
нешто што е изградено со средствата на граѓаните и во нивен интерес,
како што е случајот денес, констатира градоначалникот Костовски, во
својата реакција.
Организирањето паркинг во Капиштец наиде на големо одобрување од страна
на граѓаните кои живеаат во населбата на кои им се реши долгогодишниот
проблем со паркирањето на нивните возила.
|
|
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2237&mid=24&tabId=1&tabindex=0
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#891 Posted: 18-Nov-2008 at 04:36 |
 Сега веќе е со семафори
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#892 Posted: 18-Nov-2008 at 04:34 |
Инаку тестов посочува на една аномалија на нашите паркинзи. Кај нас само еднаш сум сретнал (во ГТЦ доле) да има редари и да ти го посочуваат правецот кон слободно паркинг место. Се скратува многу нервирање, пари и гужва.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#893 Posted: 18-Nov-2008 at 04:25 |
а и по
цел час чекаат да платат за да излезат |
Да не го претераа овие малце со оваа изјава? Малце повеќе? Не дека се е ок со паркинзите, ама вакви сензационалистички написи по новините сигурно нема да придонесат да мрднеме во вистински правец.
Edited by Cloverstack - 18-Nov-2008 at 04:27
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#894 Posted: 18-Nov-2008 at 04:19 |
Ќе влезеш ама не знаеш кога ќе излезеш
Граѓаните
се жалат дека најчесто за време на викендите по цел час се чека за
излез од паркингот кај хотелот Холидеј ин. Долги чекања за влез и излез
има и пред рампата на паркингот кај Телеком. На паркиралиштата, пак,
нема и кој да им помогне да најдат слободно паркинг место
На
паркингот спроти хотелот "Холидеј ин" во централното градско подрачје,
кој е и еден од најголемите паркиралишта во градот, возачите знаат кога
ќе влезат, но не и кога ќе излезат!? Тие се жалат дека не се почитуваат
означените правци на движење, а во викендите кога има голем број на
возила, нема кој да им помогне да најдат слободно паркинг место, а и по
цел час чекаат да платат за да излезат?! Долги чекања за влез и излез
пред рампа има и на паркингот кај Телеком. Поради близината на
плоштадот, кејот и трговскиот центар, овие паркиралишта се и
најатрактивни за скопските возачи, но истовремено им задаваат и
најголеми главоболки иако билетот за паркирање се пресметува од час.
- Обично во саботите нема место игла каде да пуштиш на паркингот
спроти хотелот Холидеј ин. Поради голем број на возила кои влегуваат и
излегуваа на паркингот дваесет минути чекав пред куќичка за наплата, па
наместо 40 денари, морав да доплатам и за наредниот час, иако се
задржав не по моја вина. Колку што забележав реагираа и другите возачи.
Дури имаше и еден кој изнервиран од чекањето доби желба да ја скрши
рампата, но се премисли кога вработениот му се закани дека ќе плати
5.000 евра, вели една скопјанка револтирана од лежерноста на
вработените на паркингот. Според неа, за нејзинот задржување вината ја
сносат и лицата задолжени за функционирање на паркингот.
- Само ни земаат пари, а не се трудат во моменти кога навистина има
голем број возила, да ги регулираат и да овозможи нивен побрз проток.
Паркинзите не се мали, а за да најдеш слободно место треба да кружиш и
повеќе од десетина минути. Така само го губиш и времето и нервите, а ти
наплатуваат без пардон, велат оние што поради разни причини избрале да
се паркираат на овие локации.
Вчера, за жал, не успеавме да добиеме одговор од надлежните кои
стопанисуваат со овие паркиралишта, ниту пак објаснување дали е можно
да се подобри нивното функционирање, а граѓаните помалку да ги губат
нервите.
http://vecer.com.mk/?ItemID=22B86C1ECDE1734885D7D881B3F5CA72 |
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#895 Posted: 30-Oct-2008 at 21:51 |
Мислам дека можеа да најдат посовремено и поедноставно решение,но сепак е за поздрав воведувањето на ред на главната улица во Прилеп. А и не е скапо 30ден. цел ден Плаќаш  Паркираш
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#896 Posted: 27-Oct-2008 at 01:05 |
пополека погрчените македонци што свраќаат на бурек и шопска во Битола влијаат и на цените во некогашниот главен град на МКД, но и на стилот на животот, уште да повлијаат и на М5 трасата и набрзо ќе имаме Лерински Битолчани и Битолски Леринчани чудно незнам сеуште за специјализиран приватен паркинг во СК а и во МКД, она со хотелите и претпријатијата не ги сметам за специјализирани, сепак се во склоп на некој објект или можеби има нешто во некое предградие џабе и катни гаражи и подземни паркинзи во изградба и најава кога статусот ПРВ е заминат во БТ, браво за битолчани...
Прв приватен автопаркинг во Битола БИТОЛА - Првпат во својата историја Битола доби приватен паркинг според европски стандарди. Концесионер на паркиралиштето што се наоѓа пред спортската сала „Младост“ е фирмата „Торпедо мобил“. „Нашата единствена желба беше да излеземе во пресрет на барањата на битолчани кои долго време очекуваа безбеден и организиран паркинг- простор во градот. Вложивме многу во софистицирана опрема за влез и излез од паркингот. Имаме обучен кадар за управување и реални цени за услугите кои ќе ги понудиме за возачите на автомобили, автобуси и камиони“, изјави Јове Брглевски, иницијатор и менаџер на првиот приватен паркинг во Битола. На дел од просторот и понатаму непречено ќе функционира полигонот за битолските автошколи. (МИА) Утрински - 14.06.2008 |
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#897 Posted: 20-Oct-2008 at 23:55 |
Originally posted by beTon
прилично интересно решение и уште поинтересни навики оваа појава не е нова работа во светот само што треба некој да ја земе во предвид како решение, но бидејќи кај нас реално досега заради срамежливите економиски погледи(никаква надворешна задолженост)кои не дека се лоши, не им даваше на градските татковци да размислуваат повеќе од муабетот крпи ден за ден, па затоа и немаме некој особена динамика во инвестирањето во инфрастуктурата и градежништвото. но еве веќе годинава земавме залет кој пополека може да се претвори во лет.
|
Кратко и јасно. Одличен пост бетон, се сложувам со тебе. Особено ме радува последната реченица „но еве веќе годинава земавме залет кој пополека може да се претвори во лет“

|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#898 Posted: 20-Oct-2008 at 23:40 |
прилично интересно решение и уште поинтересни навики оваа појава не е нова работа во светот само што треба некој да ја земе во предвид како решение, но бидејќи кај нас реално досега заради срамежливите економиски погледи(никаква надворешна задолженост)кои не дека се лоши, не им даваше на градските татковци да размислуваат повеќе од муабетот крпи ден за ден, па затоа и немаме некој особена динамика во инвестирањето во инфрастуктурата и градежништвото. но еве веќе годинава земавме залет кој пополека може да се претвори во лет.
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#899 Posted: 20-Oct-2008 at 22:45 |
Хеј, здраво. Малце може да е надвор од темава ама ке ти објаснам генерално како им е тој проблем решен во Љубљана. Прво на сите 4 приода кон Љубљана од Крањ, Копер, Ново Место и Марибор) има такви П+Р паркиралишта (север, југ, запад и исток). Нив ги поврзуваат две експресни линии на градскиот транспорт (6 и 27). Сите пак тие градски приоди (mestne vpadnice) се меѓусебно поврзани со кружен автопат на кои што не се наплаќа патарина (Avtocestni obroč). Тој е многу близу до градот (не како скопската обиколница) и има 18 излези кон престолнината. Иначе нема никаква наплата за влез во градот или во Центар НО, Љубљана има околу 270 000 жители и дневен прилив на 180 000 возила од други места, што е огромна и неподнослива бројка. Ете зашто практичните словенци решаваат да на возат до самата дестинација туку за П+Р. А во центарот сите парко-места на улиците се резервирани за жителите на зградите, а останатите во паркинг гаражи. И тоа е кажи речи принудно за тие што немаат резервација. На тој начин мислев претходно.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#900 Posted: 20-Oct-2008 at 21:12 |
здраво Андреј, кажи во јавен сообраќај спомна: тие од надвор ги оставаат колите во предградие на Љубљана а после со трам во град... дали ова е заради немање доволно паркинзи во градот или заради плаќање такса доколку сакаш да возиш низ Љубљана а си од надвор т.е. немаш LJ таблици? инаку она што го велиш дека јавните паркинзите се единствена опција, мене не ми држи вода, тие се неопходни но истите целосно нема да го решат проблемот, она каде треба исто да се интервенира е да секоја нова зграда да оди во земја со паркинг колку што е дозволено - 2 спрата, а секој што има две коли на една адреса каде е пријавен дека живее истиот да плаќа и дупло регистрација, а оние со трета кола и трипати повеќе, и на сето тоа добра трам линија и ете и ќе се растерети СК и ќе има паркинг место за сите. за предлогот битпазар паркинг да има одоздола е интересен предлог но само доколку се оди бар 15-20 метри инаку пак ќе се блокира со оглед дека сега од околу пазарот пополека се се претвора во деловен простор.
|
 |