![]() |
![]() |
![]() |
Јавен автобуски превоз (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4546474849 86> |
Author | |||
Suprise ![]() Groupie ![]() Joined: 19-Dec-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
![]() Па по мене.. Мишко требаше да си даде оставка, не откако се испокршија туку откако, не презеде ништо по однос на скршените дувалки, ишкртани автобуси и слично.. покрај камери во автобус. Така да, целиот овој период наваму му е бонус, без кредибилитет. Во случајов кога очигледно бил контактиран од новинаров (што е за поздравување, пошто можело и без тоа да излезе статијава), требало да ја извади стратегијата на маса и да читаме за неа тука. Пр. 2010-2020 Јавен сообраќаен превоз. А не да се напињаме тука и да погодуваме што можеби ќе биде, што можеби не и на база на претпоставки да цениме дали некој добро работи или не зеза. |
|||
![]() |
|||
mladen_s ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
![]() ![]() |
||
![]() Мислам дека никој на форумов не се противи на нови автобуси или било какво превозно средство, само се бара стратегија и рационалност - вака ги анализираме само првичните ефекти. А нормално, ново си е ново. Само што долгорочно капацитетот и тоа како ќе игра улога бидејќи целта би требало да биде што повеќе граѓани да користат јавен превоз. Мое мислење е дека порачката што побрзо треба да се пренамени во зглобни автобуси, па ако треба некој да си даде оставка, еве го Мишко.. ![]() |
|||
![]() |
|||
Suprise ![]() Groupie ![]() Joined: 19-Dec-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
![]() Да, но порано патниците се возеа како компири, а сега како достоинствени граѓани. Претпоставувам некој ќе ми рече што е достоинствено на немање место и бутање пошто наводно немало доволно место за сите. Дали се сите 302 автобуси стигнати? - Ако не се лажам, не се. Дали покрај 302 ќе се користат и некои од старите ама релативно понови? - Најверојатно ако има потреба. Дали ако капацитетот не ги задоволува потребите, треба да се нарачаат дополнителни автобуси (земајќи во предвид нови автобуси + евентуално дел од старите во подобра состојба)? - Најверојатно ако нема друг превоз предвидено. Дали имаме добра анализа за капацитетот во однос на потребите, особено земајќи во предвид фрекфентност во поедини интервали? - Не сум баш сигурен. Се димензионира дополнителен транспорт, трамвај (тролејбус !?). Како би се одразил на моменталниот капацитет, како дополнителен капацитет и дали интервенции како набавка на дополнителни автобуси е баш неопходна? Да не се заборави динамика по години, раст на потребите со раст на бројноста на население и расположив транспортен капацитет. ДАЛИ НАВИСТИНА НЕКОЈ МИСЛИ ДЕКА СО ЕДНА РЕЧЕНИЦА СЕ КАЖАЛ? (пред се мислам на статијава). Се работи за стратегија, за пристап, не за еднократна набавка и толку. Барем би требало, а и така ми личи, тогаш зашто пред да и се пристапи не се направи една посеопфатна анализа. Дали набавката на новите автобуси заради замена на стариот возен парк е лош чекор? - НИ ПОД РАЗНО. Ако капацитетот е единствен услов тогаш не е проблем да ги извадат сите седишта и превозот да се врши исклучиво во стоечка положба. Така и 100.000 ќе превезат. Можат и системи за греење и ладење да отстранат, така уште подобра зделка ќе направиме. Ќе се намалат трошоците, ама ќе скокне незадоволството (некомерцијалниот елемент, но само ако патниците ги прифатат како такви и не се намали користењето, читај Северна Кореја. Ако се намали и се појави револт и незадоволство, па од тука и намалување на користењето, тогаш ќе се одрази и на приходот.) Се подразбира ако и рампата за инвалиди се тргне, кој ќе е како нас. Сума сумарум, враќајќи се вака наназад, ќе се запрашаме зашто воопшто купивме нови. Тогаш значи можевме истите стари со овие (непостоечки) перформанси да ги користиме и нели ќе бевме среќни. Наместо клима уред, имавме автобус со >> без кров во обид << (почнал да се цепи) и тоа без никакви трошоци за демонтажа на истиот. Инаку не е на одмет да се проанализира чинот со пензионерите. Можно е во добар дел да ја саботираат цела операција. Еве едно прашање: Дали кога би се направил секој ден да биде бесплатен за нив, навистина и тогаш би се возеле секој ден Или само проценетиот сегашен обем со евентуално мало зголемување би се поделил уште на 5 дена (неделно вкупно 7 со сегашните 2) со што би се намалила натрупаноста по ден (конкретно на сегашните 2) што не е лошо. Edited by Suprise - 28-Dec-2011 at 14:57 |
|||
![]() |
|||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
||
"новите автобуси имаат капацитет да соберат вкупно 24.160 патници, за разлика од старите, кои во истиот број би собрале 56.400 патници"
Овие математики требаше да се направат уште пред да се нарачат автобусите. Јас верувам дека владата инсистирала на враќање на ретро стилот и двокатните автобуси, но исто така верувам дека никој во ЈСП не си земал за одговорност да излезе со калкулации за капацитетот и исплатливоста на инвестицијата. Јас сеуште стојам на мислењето дека 60 двокатни автобуси се сосема доволно за имиџ на јавното сообраќано претпријатие но останатите автобуси треба да бидат или зглобни или едноделни во зависност од потребата. Како и да е со секоја изјава на Директорот на ЈСП се повеќе ми се зацврстува мислењето дека човекот е едноставно не е способен да ја извршува функцијата која му е доверена. |
|||
![]() |
|||
tomi_z ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Oct-2010 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 196 |
![]() ![]() |
||
Небулози! Ова е неверојатно!!
|
|||
![]() |
|||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
||
Цитирам:
Поплаки има и за автобуската линија „24“, која сообраќа кон Кисела Вода, бидејќи, како што тврдат жителите, автобусот доаѓа на еден час и се прави огромен метеж. Од ЈСП тврдат дека проблемот со овој автобус е од поодамна и негово решение гледаат во изградбата на Првомајска.
Изјава на годината! И не само што не сообраќа 24-ка по Првомајска, туку не сообраќа ни по 11-ти Октомври!
|
|||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|||
![]() |
|||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
||
Новите автобуси потесни, но поискористени
Бројот на патници расте од месец на месец и во ноември бил за осум проценти поголем отколку во октомври ![]() ЈСП капацитетот на возилата го пресметува по бројот на превезени патници Новите автобуси му донесоа зголемен број патници за ЈСП, иако граѓаните реагираат дека двокатните возила се потесни и со помал капацитет. Трендот на пораст на патниците трае веќе неколку месеци и се очекува да продолжи и понатаму, и покрај новите поскапи цени на јавниот превоз. Според податоците на претпријатието, бројот на патници во ноември бил за осум проценти поголем отколку во октомври, додека во октомври имало 11 проценти повеќе патници отколку во септември. Директорот на ЈСП, Мишо Николов, вели дека ситуацијата сега е многу подобра, бидејќи порано не биле сигурни дали возилата ќе излезат на улица затоа што голем дел од нив биле дефектни. - Автобусите секое утро излегуваат на улица, а ни стигнуваат значително помалку поплаки за неизвршен превоз. Подобрената ситуација може да се потврди и затоа што изминатиов период имаме значително зголемен број на патници. Метеж во автобусите се создава само во вторник и во петок, односно во деновите кога за возрасните граѓани е бесплатен превозот. За да го средиме тој проблем заедно со градот правиме анализи на состојбата. Сметам дека наскоро ќе се коригира ваквата ситуација. Како краткорочно решение на проблемот планираме на најфреквентните линии како „2“, „5“, „41“ и „57“ да бидат пуштени дополнителни автобуси, особено во вторник и во петок - објаснува Николов. Од друга страна, математиката, пак, покажува дека новите возила се со помал капацитет од старите. Според нашата анализа*, новите автобуси имаат капацитет да соберат вкупно 24.160 патници, за разлика од старите, кои во истиот број би собрале 56.400 патници. Вкупниот капацитет на ЈСП пред да се набават новите автобуси беше 45.200 патници, а сега собира само половина од поранешната бројка. Директорот Николов потврдува дека новите автобуси имаат помал капацитет на патници, но претпријатието, капацитетот на возилата го пресметува по бројот на превезени патници, а не според тоа колку патници собира во еден автобус. - Иако во старите автобуси имаше место за повеќе патници, ние немавме никаква придобивка од тоа, затоа што тие многу често се расипуваа и се враќаа празни во гаража. Сега имаа помалку место, но сите капацитети се секогаш исполнети. Сметам дека капацитетите на возилата сега се поголеми, затоа што бројот на патниците ни е зголемен, за разлика од порано - нагласува Николов.** И граѓаните се среќни што добиле нови и убави автобуси, иако дел од нив се жалат дека има помалку места за седење и за стоење. Проблемот е најголем во двокатните автобуси, каде во шпицовите може да се забележат патници што стојат на вториот кат, иако тоа е забрането. - Автобусите изгледаат прекрасно, но за да може така да се чувствуваме кога се возиме во нив би требало возилата да доаѓаат во пократок временски период и да не се пуштаат повеќе патници отколку што е дозволената бројка. Иако е забрането стоење во двокатните автобуси, средношколците редовно стојат и не можеме да поминеме од нив, ниту да седнеме, ниту, пак, да се симнеме на првиот кат ако сакаме да излеземе од возилото. Најголем проблем имаме во вторник и во петок - коментираат патници. Поплаки има и за автобуската линија „24“, која сообраќа кон Кисела Вода, бидејќи, како што тврдат жителите, автобусот доаѓа на еден час и се прави огромен метеж. Од ЈСП тврдат дека проблемот со овој автобус е од поодамна и негово решение гледаат во изградбата на Првомајска.*** ![]() http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122611650185&id=14&setIzdanie=22465 * „Нивната“ анализа ја постирав во април. Си играле малку весела математика и заклучокот за капацитетот по пристигнување на сите нарачани автобуси го претставиле како веќе постигната ситуација. Но добро, барем форумов им служи на новинарите. ![]() ** Само ти вози Мишко, на форумов никогаш не ни е доста од твоите шашави изјави ![]() *** „24“ воопшто не вози по Првомајска. |
|||
![]() |
|||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
||
Нормално дека имаат право да бираат, муабетот ми беше дека нестабилната состојба на светската економија, особено во ситуација кога се очекува намалување на побарувачката, ги стимулира компаниите поагресивно да настапуваат на пазари каде што се присутни. Така да ЛАЗ може сака да произведува за Лондон, ама реалноста е да се бори за евентуални нарачки во Скопје.
Што се однесува до тролејбусите, не знам зошто во старт има таква негативна реакција. Мислам дека добро би функционирале во комбинација со ЛРТ и автобусите. На некои долги и широки траси кои засега и немаат потреба од трамвај (Првомајска, Илинденска, Александар Македонски итн.), економични тролејбуси, со ниско ниво на загадување и голем капацитет би биле далеку поефикасни од автобусите, а веројатно и во целост би замениле неколку линии. ![]() Edited by <Fresno> - 19-Dec-2011 at 21:22 |
|||
![]() |
|||
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
||
Јас би рекол само трамвај и тоа 30-50 % од трасата под земја,другите решениа паѓаат во вода,пред да ги купеа автобусиве хммм можевме да ставиме тролејбуси али од кога ги земавме сега веќе не пали да има автобуски превоз + автобуски превоз, едино не правам многу разлика помеѓу тролејбус и градски автобус ,исто име имаат различно се нарекува,а е за ист вид на транспорт,идејата за тролејбус е многу,многу погрешна,ЛРТ трамвајот е едино решени за друг превозен транспорт во Скопје, дури потребни се 2-3 моста на вардар да помине овој трамвај.
|
|||
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
![]() Ај ќе се согласев со тебе околу тоа дека моите коментари се малку претерани, ама да одиш до тоа дека треба ЛАЗ да не моли нас за да купуваме уште превозни средства од него, мислам дека е претерано. ЛАЗ веќе си има полни раце работа, до неодамна произведуваше, а можеби и сеуште произведува автобуси за превоз на посетителите на Европското Првенство во Фудбал 2012, така да, можеби, ама само можеби би се согласил дека се второкласна фирма, но воопшто не се согласувам околу тоа дека не можат да бираат со кого ќе соработуваат, а кого не, одамна ги баталивме социјалистичката диктатура и командната економија и преминавме кон демократско општествено уредување и кон слободна пазарна економија, така да, верувам дека ЛАЗ сепак имаат право и можат да бираат со кого, кога, каде и како ќе соработуваат. Edited by Dexter26 - 19-Dec-2011 at 18:58 |
|||
![]() |
|||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
||
Декстер веќе во секој пост почна да ја споменуваш таа небулоза. Од македонска страна имаше мало каснење, а од нивна исто имаше каснење (мислам на 2 пати) за што да те потсетам си плаќаа и пенали. Така да муабетот кој е сериозен, а кој не е мислам дека во погрешна насока го тераш. И нормално дека ќе бидат задоволни од третманот во Скопје, во време кога секој купувач и пазар е битен, не може второкласна фирма како ЛАЗ да пребира со кој ќе соработува. Напротив, треба да не молат за уште некој автобус да ни продадат или еве како што е случај сега, да не убедуваат за тролејбуси.
|
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
![]() Можеби си во право. Јас сум скептик кога станува збор за скапи бизнис зделки, ако еднаш ме заебе некој потенцијален купувач на производи и/или корисник на услуги така што ќе задоцне со плаќањето или воопшто нема да плати, веднаш би го ставил на црна листа како непожелен и недобредојден купувач/корисник. Па затоа, можеби си во право, можеби украинците се задоволни со третманот на кој наишле во Скопје. |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Не би се сложил со тебе, очигледно е дека украинците се задоволни од третманот што го добиле во Скопје. Не би се допаѓа тоа што инсистираат на тролејбус, можеме да дебатираме за и против различни видови на превозни средства, но воведување на тролејбус во Скопје е најголемата лудост што можеме да ја направиме.
|
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/laz-nudi-sorabotka-za-trolejbusi-i-tramvaj-vo-skopje
ЛАЗ нуди соработка за тролејбуси и трамвај во Скопје
Зошто воопшто се замараат да тераат бизнис со нас, после третманот кој им го пруживме со и околу авансот и плаќањето за новите единечни нископодни градски автобуси кои ги нарачавме од кај нив ? Или уште поинтересно, зошто воопшто се замараат да тераат бизнис со нас, кога повеќе од очигледно е дека некој (О. Камчев ???) ги форсира автобусите од кинески Јутонг за градот Скопје ? Јас лично се надевам дека сето ова ќе останат само обични разговори и ништо повеќе од тоа, подобро воопшто да не тераме бизнис со сериозни компании како украински ЛАЗ, отколку после да се засрамуваме и брукаме со задоцнети плаќања и слични срамови и бруки. |
|||
![]() |
|||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||
Таман работа да немаше....ама да сме Британија! |
|||
![]() |
|||
tomi_z ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Oct-2010 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 196 |
![]() ![]() |
||
Не сме Британија, ама се сложуваме дека да сме, ќе имаше одговорност, така?
Тоа сакав да го чујам ![]() |
|||
![]() |
|||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||
Fresno прилично добро го кажа.
Томи треба на широко да се зборува за проблемот и тоа нашироко во насока да се оствари промена на набавката, а тоа последната реченица е многу погршено извртена. Мешањето на политика во дискусијава настана во истиот момент кога почна дискусија за политичка одговорност, а не за темата која е автобуси. Македонија нема да стане Британија преку ноќ, туку чекор по чекор, а ако првите чекори на поле на одговорност не ги сакаме и дочекуваме на одобрување нема да ги има ни вторите ни натамошните. Кога ќе дојдат, ако дојдат, еднокатните ќе го препокријат во голем дел, можеби не целосно, загубата која е од досегашните двокатни и на макро ниво јсп нема да биде претпријатие со загуба. И има една друга работа што годишно претпријатието зема 2 милиони субвенција од гардскиот буџет, а приватниците работат со постар возен парк и поевтина цена што нема никакво логично објаснување, освен ако се земат пензионерите, средношколците и месечните карти, ама сепак ни од далеку нема простор за оправдување. Edited by lslcrew - 14-Dec-2011 at 00:32 |
|||
![]() |
|||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
||
![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
||
Информацијава не ми се верува дека е точна, иако добро би било да е. А кога веќе зборите за одговорност, веројатно знаете дека за кривична не може да стане збор бидејќи купувањето двокатни автобуси не е забрането во Македонија. Така да претпоставувам дека барате политичка одговорност, а мешање политика на форумов освен што е досадно за читање, мене и ме иритира.
Друга работа е што и да е вистинита информацијава, набавката на овие 66 автобуси може да ја оправдаат со подобрување на имиџот на градов, туристичка атракција итн., што и држи вода, но не го подобрува јавниот превоз. Затоа и навивам да се смени набавката, а за одговорноста си има избори. |
|||
![]() |
|||
tomi_z ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Oct-2010 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 196 |
![]() ![]() |
||
Мувата од капата ја ишкаш?? Мешаш политика апсолутно непотребно. Без разлика кој донел одлука, дали министер од политичка партија, дали директор од ЈСП, дали експерт кој правел студија (камо среќа!), одговорност треба да се понесе. Поготово што беше кажано многу пати зошто не треба двокатни, и по медиуми, и на форумов, и тнедерот ако не се лажам 2-3 пати се правеше - значи имаше време да се реагира! Ама некој одел со глава во ѕид.
Ова да не ти е информација од Центарот за комуникација?? ![]()
Да де, ќутете сега сите, да не се налутат големите и за инат да не ја сменат одлуката. Пссс, тишина. Ведната глава меч не ја сече. ![]() |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4546474849 86> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |