build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Индустриска зона Жабени

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 19-Aug-2011 at 16:15
Ова со млекарите има олем простор, производи како зденка, кајмаци, павлака, маслац, чоколадно млеко, кремсир и такви слични производи речесисе да е увозно од Србија или Босна или па некои подалечни земји. Голем простор има.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 19-Aug-2011 at 14:17

Се отвора уште една млекарница во Битолско

Уште една млекарница ќе се отвори во Битола. Минатата недела во Централниот регистар на Македонија е основана нова компанија со основна дејност преработка на млеко и производство на сирење. Името на новата млекарница е Друштво за призводство на млеко и млечни производи, трговија на мало и големо ИМБ Индустрија за млеко Велковски.

Новата млекарница ќе се гради во индустрискта зона Жабени во Битола. Основниот влог, односно почетната инвестиција за изградба на млекарницата е 7.000 евра, а нејзин основач, според податоците од Централниот регистар, е Друштвото за производство, трговија на големо и мало, угостителство и туризам Технометал Велковска Рада од Битола.

Со млекарницата ќе управува Димитар Велковски.Изминатите неколку месеци млекарница почна да гради и поранешниот директор на ИМБ-Млекара Битола, Живко Радевски, а со производство на млеко и млечни производи планира да почне и земјоделскиот комбинат Пелагонија.

Во Битолскиот регион се и двете најголеми млекарници во македонија, ИМБ и Идеал Шипка.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72488/se_otvora_ushte_edna_mlekarnica_vo_bitolsko.aspx?iId=2314
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 20-Jul-2011 at 20:56

20 July 2011

Покрај десетината останати инвеститори своја инвестиција во индустриската зона “Жабени“ најави и ЗК “Пелагонија“ најголемиот земјоделски комбинат во државата и пошироко

         

ЗК “Пелагонија“ одлучи да гради своја млекарница  и во иднина млечните крави да ги “молзи“ за свој интерес, а не за интерес на други млекарници, кои благодарение на млекото што го даваат  квалитетните млечни крави во сопственост на Комбинатот правеа огромни профити.

Причината за изградба на своја млекарница е што млекарниците кои моментно откупуваат млеко со ниските откупни цени ги доведоа до работ на егзистенцијата  млечните фарми. Токму поради тие причини ЗК “Пелагонија“ беше доведен во дилема дали да ги  затвори фармите со кои стопанисува или пак Комбинатот да изгради своја млекарница.

Вкупната вредност на млекарницата ќе изнесува околу 2 милиони евра, а во првиот момент во оваа млекарница ќе бидат вработени триесетина високостручни кадри.


Back to Top
mcnikola View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 24-Dec-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote mcnikola Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 30-Jun-2011 at 11:15
Конечно нешто видливо да се придвижи во Битола на економски план.Да се надеваме дека до година ке има изградено некоја  фабрика за да се врати моралот кај луѓето зошто освен РЕК Битола кој е најголем вработувач во регионот нема многу перспектива и населението излезот го бара или во Скопје или надвор од државата.
Some days wouldn't be special, if it wasn't for rain
Joy wouldn't feel so good, if it wasn't for pain
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 226
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 29-Jun-2011 at 23:33


Pristapen pat do Zabeni



http://www.youtube.com/watch?v=rQAiWUjGMJk&feature=player_embedded


Edited by JOE - 30-Jun-2011 at 00:03
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 29-Jun-2011 at 18:48

ЗК „Пелагонија“ најавува изградба на млекарница во Жабени

  • Објавено: пред 7 часа |
  • Прочитано: 64 |
  • Печати |
http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/06/29/D3218B5A55BA3F449817C5A7032B6A28.jpg

Земјоделскиот Комбинат „Пелагонија“ од Битола ќе гради млекарница, која, според најавите, ќе биде лоцирана во новата индустриска зона Жабени, објави вчера националното радио Канал 77 со седиште во Штип.


Инвестицијата ќе достигне до најмалку 2 милиони евра. Од друга страна, ЗК „Пелагонија“ е еден од најголемите кооперанти на Битолската млекарница ИМБ.  


- Нашата идеја е оваа млекара на почетокот да биде изградена со капацитет од дневен прием на 50,000 литри. Нашето производство се движи од 23,000 до 25,000 литри. Купивме 12,000 метри квадратни, добивме и имотен лист. Ви тек се активностите околу изработка на елаборат кој ќе покаже каква ќе биде исплатливоста на млекарата која планираме да ја изградиме - потврдува Драги Петровски директор на ЗК “Пелагонија“ од Битола за Канал 77. 


Новата млекарница, според плановите, ќе биде насочена кон преработка на млекото од фармите на комбинатот со намера да се намалат неговите загубите.


Млекарскиот бизнис во земјава се очекува да претпри тектонски измени во следниот период. Сопствениците на Битолската млекарница ИМБ, британскиот инвестициски фонд „Салфорд Капитал“ објави дека има намера да се повлече од Балканот и да ги продаде своите компании, од кои најголем дел се во Србија, но во кои влегува и ИМБ. Допрва ќе се види кава ќе биде иднината на оваа наша најголема млекарница ако таа го изгуби својот најголем кооперант, кој еве, и самиот има намера да отвори своја конкурентска млекарница.


Од друга страна, токму во овој, период на лицитација се нуди објектот на поранешната млекарница „Сведмилк“, и ако се најде купувач за нејзиниот имот, и таа би требало да започне со работа. Прашање е само дали че успее да најде кооперанти, откако претходните ја изгубија довребата и голем дел од нив го продадоа добитокот од кој добиваа млеко и потоа му го продаваа на „Сведмилк.“ Дали сега повторно би се нашле заинтересирани земјоделци, кои би биле спремни повторно да набават добиток и да продаваат млеко на новите газди на млекарата, иако претрпеа големи загуби за претходно даденото и неплатено млеко, останува да се види.

http://www.time.mk/read/215dcbc9c5/a54494328c/index.html
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 08-Jun-2011 at 21:50
Како надополнување на веста од axel

Инвестицијата изнесува 20 милиони евра. Првично ќе отворат места за 400 нови вработувања. Со полн капацитет, фирмата очекува да има над 2.500 вработувања, потврдија деновиве од германската фирма, а ќе произведуваат автомобилски делови.

 Престижната германска фирма “Кромберг и Шуберт“ ги потврди најавите за изградба на фабрика во индустриската  зона  “Жабени“ во Битола. Станува збор за високо рангирана компанија која се занимава со изработка на делови за автомобилската индустрија, чија инвестиција изнесува повеќе милиони евра. 

Во “Кромберг и Шуберт“ пред неколку дена информираа дека уште во февруари годинава, одлучиле да изградат фабрика за производство на автомобилски делови во индустриската зона “Жабени“.                           

Одлуката, како што велат во компанијата, е резултат на долгорочна студија, иницирана во 2008 година во чии рамки била спроведена целосна анализа на Македонија и други земји низ повеќе релевантни деловни фактори. Се предвидува новиот производствен погон да изработува кабелски инсталации за автомобилски производители во Европа.

Инвестицијата во новата фабрика се очекува да изнесува околу 20 милиони евра и иницијално ќе има 400 нови вработувања. Со полн капацитет, фирмата очекува да има над 2.500 вра-ботувања. Моментно, фирмата има купено земјиште во индустриската зона “Жабени“  и ги презема сите активности за планирање и градба во  индустриската зона “Жабени“. Германската фирма очекува блиска соработка со Општината Битола и со локалните градежни фирми. Се очекува фабриката да биде готова и да почне со производство во првата половина на 2012 година.

Во германската компанија велат дека се задоволни од поддршката на Владата, институциите и Општината Битола.

-Нашата анализа и големиот број посети во регионот го потвр-дија деловниот план за оваа инвестиција и ние очекуваме и понатамошна одлична поддршка додека ја градиме фабриката и евентуалниот почеток на производството. Одлуката за инвестирање во Македонија е важен чекор во нашето проширување како дел од стратегијата за меѓународно производство - информираше деновиве, Мартин Пасерн, директор на групацијата “Кромберг и Шуберт“.

Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 226
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 31-May-2011 at 13:43
ОДлична вест.Се надевам дека не е само предизборна 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 31-May-2011 at 10:19
Германска фирма инвестира во Индустриската зона “Жабени“ во Битола

Германската фирма, “Кромберг и Шуберт“ инвестира во фабрика за производство на автомобилски делови во индустриската зона “Жабени“ во Битола.

Инвестицијата во новата фабрика се очекува да изнесува околу 20 милиони евра и иницијално ќе има 400 нови вработувања. Со полн капацитет, фирмата очекува да има над 2.500 вработувања. Моментално, фирмата има купено земјиште и ги презема сите активности за планирање и градба во блиска соработка со општината Битола и локалните градежни фирми. 

Се очекува фабриката да биде готова и да започне со производство на кабловски инсталации за автомобилски производители во Европа во првата половина на 2012 година. 

“Кромберг и Шуберт“ е германска фамилијарна фирма во индустријата на автомобилски добавувачи која има успешна историја повеќе од еден век. Со над десетина илјади вработени низ цел свет фирмата развива и произведува високо технолоши производи, како кабли, кабловски исталации, пластична технологија и мехатроника. 


http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=87112&kategorija=2
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 04-May-2011 at 08:57

Фамозните инвеститори во „Жабени“ добија куќен ред

Советот на Општина Битола изгласа Правилник како треба да се однесуваат фирмите со просторот во зоната

БИТОЛА - Како бисери на ѓердан се нижат инвеститорите во индустриската зона „Жабени“ во Битола. Локалната власт вешто манипулира со бројки, но уште повешто ги крие имињата на фирмите. Вредните инвестиции не биле 12, колку што првично ги најави градоначалникот Владимир Талески, туку 13. Со оваа бројка излезе директорот на зоната, Димче Шеровски, и притоа потврди дека дури 11 од нив веќе ги солемнизирале договорите.

Битолската чаршија зборува, ако власта и натаму продолжи да ги крие имињата на инвеститорите, ќе им отвори работа на обложувалниците. Интересот особено пораснал откако градоначалникот Владимир Талески најави многу голем германски инвеститор во „Жабени“, кој ќе отвори две илјади нови работни места. Надежите се дека најголемиот број вработувања ќе ги донесе инвестицијата на германски гигант, кој, наводно, ќе вложи над 20 милиони евра.

Енигмата кои се домашните, а кои странските фирми што купија плацеви во „Жабени“ ќе потрае барем до почетокот на изборната кампања, велат познавачите на условите. Дотогаш локалната самоуправа од Битола се досети да направи куќен ред за зоната.

Советот на Општина Битола изгласа Правилник како треба да се однесуваат инвеститорите со просторот во зоната во текот на градбата, по завршувањето, како да се организираат комунални дејности. Инвеститорите во иднина треба да добијат амин од Општината за се' што ќе наумат да прават. Тоа е потребно и за поставување кабелска или фиксна телефонија и за ограда околу објектите во зоната.

„Имаме многу инвеститори. Од 13, само двајца не го потпишале договорот за солемнизација, бидејќи немале време. Во ’Жабени’ имаме нови инвеститори за преостанатите парцели. Горд сум на овој капитален проект“, изјави директорот на ЈП „Жабени“, Шеровски.

Но, токму деталната листа на правила што ќе мора да ги почитуваат инвеститорите во „Жабени“, за опозицијата беше нејасна.

„Во еден дел пишува дека ЈП ‘Жабени‘ ја нуди својата стручност и помош и за геомеханичките испитувања на земјиштето. Дали тоа значи дека инвеститорите пред да направат геомеханички испитувања за носивоста на земјиштето и неговата подобност за градба на објекти треба да се советуваат со раководството на Жабени?“, праша Наташа Струмениковска, советничка на СДСМ. Според Златко Ќурчиевски, советник на СДСМ, парадоксално е да се потпишува правилник од двете страни, фирмата и зоната.

Но, за власта, правилата се правила и мора да се почитуваат. „Ова е куќен ред. Јавното претпријатие ќе се занимава со уредување и организирање на просторот, а за тоа мора да има некаков правилник“, смета Златко Милошевски, советник на ВМРО-ДПМНЕ.

Првите градби за „Жабени“ се најавуваат за оваа есен. Во зоната ќе има фабрики за дрвна индустрија, капацитети за преработка на месо и на млеко, за овошје и за зеленчук. Потоа фабрики за текстил. Градоначалникот Талески пресметал дека „Жабени“ ќе отвори нови 2.500 работни места. (А.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5F4F8270EB7E854E8FF5DC505689BA13
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 18-Apr-2011 at 09:39

Австралијци заинтересирани за економската зона „Жабени“

Пратеникот во федералниот парламент на Австралија од Перт, Лук Симкинс, каде што претежно живеат македонски иселеници од битолскиот крај, при посетата на Битола деновиве изрази интерес за инвестирање во индустриската зона „Жабени“.

- Битолчаните во Австралија, кои заедно со останатите Македонци масовно ми ја дадоа поддршката за пратеник, ме замолија да ја посетам Битола за од прва рака да се информирам за поволностите што ги нуди индустриската зона „Жабени“, бидејќи многу се заинтересирани да инвестираат во својот роден крај. Убеден сум дека Македонците кои живеат во Австралија ќе ја продлабочат економската соработка со Битола - изјави Симкинс.

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, го информираше Симкинс за можностите за инвестирање во „Жабени“ и битолската касарна и изрази надеж дека по склучувањето на спогодбата помеѓу австралиската и македонската влада за користење на австралиските пензии во Македонија ќе се вратат во родниот крај

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=47E9F012AE2E324B8A407029B6BCE860
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 01-Apr-2011 at 11:56

Битола распродадена - купувачите државна тајна?

Локалната власт во Битола во март продаде стотици хектари земјиште, но не ги открива фирмите што го купиле

Битола - Предизборен трик или реалност - локалната власт во Битола во март распродаде стотици хектари земјиште на странски и на домашни инвеститори. Но, сепак, власта не открива кои се фирмите од земјата и од странство што решиле да вложат во градот под Пелистер и да ја заживеат со години замрената економија. Имињата на инвеститорите се кријат како да се најстрога државна тајна.

На последниот тендер Министерството за транспорт и врски продаде дури 19 парцели, или околу 25 хектари во индустриската зона „Жабени“. Се распродаде и добар дел од имотот на поранешната битолска касарна. Таму три фирми купиле дури 10 парцели. Во исто време Владата нашла купувач и за имотот покрај граничниот премин Меџитлија на македонско-грчката граница. Странски инвеститор на границата со Грција ќе гради хотели и казина. Таа е истата локација каде што едно од здруженијата на Македонците од егејскиот дел на Македонија најавуваше изградба на споменик посветен на македонскиот егзодус во Грција.

Меѓутоа, за граѓаните, а особено за опозицијата, ваквите убави вести за Битола отвораат место за сомнеж откако локалната власт веќе две недели молчи и не открива кои се инвеститорите, односно кои се фирмите што решиле да ги вложат своите пари во градот.

Битолските либерелдемократи се сомневаат дека распродажбата на Битола е само предизборна приказна, која лесно ќе се заборави по изборите.

„Зошто власта не излезе со имињата на инвеститорите, особено на оние 12 странски и домашни фирми што купиле земјиште во „Жабени“. Дали ова не е предизборен трик што ќе заврши по изборите. Велат дека во „Жабени“ се продадени 19 парцели. Ако секоја парцела во просек е 5.000 квадратни метри, според цената на земјиштето, тоа се вкупно околу 100 илјади евра. Затоа прашуваме дали партијата на власт би можела да им нареди на своите партиски фирми да купат по една парцела со цел да се постигне ефект пред изборите. И дали се точни шпекулациите дека парцелите во „Жабени“ ги купија фирми блиски до власта во Битола“, вели Валентин Груевски, советник на ЛДП во Битола.

Според најавите на локалната власт - германски, италијански и грчки капитал влегува во „Жабени“. Во зоната се планира изградба на фабрики за дрвна индустрија, прехранбена со преработка на месо и млеко, овошје и зеленчук, како и текстилни капацитети.

И за касарната станува збор за две странски фирми и една домашна, кои ќе градат објекти за домување и еден хотел, додека, пак, за комплексот на Меџитлија со сигурност станува збор за странска инвестиција. Сепак, кои се инвеститорите, власта одбива да обелодени.

„Би замолил, додека не ги издадеме одобренијата за градба, да не ги објавуваме фирмите. Едноставно, во овој период треба да ги заштитиме фирмите. Не знам какви се нивните планови. Дали ќе градат веднаш, дали ќе градат во фази или, пак, одеднаш. Тие детали не ги знам, но очекувам по уплатата на парите и договорот со Министерството за транспорт и врски, инвеститорите да дојдат со проект во Општината“, рече градоначалникот Владимир Талески.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E78FF4EC07112048AD7A76F11E228643
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 22-Mar-2011 at 15:57
Продадени 19 парцели од индустриската зона „Жабени“ - Битола

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска на прес-конференција соопшти дека во ЈП Индустриска зона „Жабени“ продадени се 19 парцели со вкупна површина од 25 хектари.


Парцелите ги купиле девет бизнисмени од Македонија и три од странство, односно од Италија, Германија и Грција, кои деновиве ќе потпишат купопродажен договор со Министерството за транспорт и врски и ќе добијат одобрение за градба од општина Битола.

- Фирмите што купија парцели за градба во зоната делуваат во прехранбената индустрија односно производство и преработка на млеко, фирми кои се определиле за складирање и преработка на овошје, како и фирми од дрвната и текстилната индустрија. Нашите првични проценки се дека преку овие фирми ќе се вработат околу 500 лица, посочи градоначалникот Талески.

Битолскиот градоначалник најави продажба на уште десет парцели за кои е заинтересирана голема компанија чии намери се да вложи околу 20 милиони евра во индустриската зона „Жабени“-Битола.


http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/prodadeni-19-parceli-od-industriskata-zona-%E2%80%9Ezabeni%E2%80%9C-bitola
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 07-Mar-2011 at 21:08
Порано многу ме радуваа ваквите најави, ама после доза на тотално неуспешни слободни зони, се надевам дека ова е за сериозно, а не само некоја неостварена желба.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 05-Mar-2011 at 13:35
Бизнисмени од Турција во посета на општина Битола

Битола, 3 март 2011 (МИА) - По иницијатива на здружението „Мустафа Кемал Ататурк“ од Битола, денеска во овој град престојуваа 23 бизнисмени од Турција кои остварија средба со градоначалникот Владимир Талески и разговараа за економскиот потенцијал на локалната самоуправа и можностите што ги нуди индустриската зона „Жабени“.

Битолскиот градоначалник ги претстави сите поволности за градба во зоната „Жабени“, нејзината атрактивна локација која е во непосредна близина на македонско-грчката граница, како и поставената инфраструктура на првите 86 хектари од овој објект.

- На 21 март ќе биде првото отворање на понудите на потенцијалните инвеститори. Интересот е голем, а на тоа претходеа и 17 писма на намери од видни бизнисмени кои сакаат да градат во индустриската зона „Жабени“. Тие што ќе купат простор во зоната до 31 март ќе имаат обврска да го изградат својот објект до крајот на 2012 година и да вработи 20 лица, истакна градоначалникот Владимир Талески.

Бизнисмените од Турција беа предводени од Туна Ејуп Кахвеџи, претседател на Стопанската комора на Македонија-Турција „МАТТО“. Нивното доаѓање во Битола е составен дел на програмата од нивниот престој во државата и саемот на турски производи за широка потрошувачка што се одржува во Скопје.

- Нашите бизнисмени сакаат да инвестираат и да склучат договори за деловна соработка со фирми од Битола. Ние ги познаваме условите за инвестирање и сигурен бизнис во Македонија, како и можностите на индустриската зона „Жабени“ и очекуваме позитивни одлуки посебно за инвестиции во делот на земјоделството и сточарството, посочи претседателот на „МАТТО“, Туна Ејуп Кахвеџи.

На денешната средба меѓу бизнисмените од Турција и градоначалникот Владимир Талески, присуствуваа и стопанственици од Регионалната стопанска комора со седиште во Битола.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=81691937&lId=1&pmId=
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 16-Feb-2011 at 14:09

Кинези и Германци доаѓаат во „Жабени“?

Информации од кабинетот на градоначалникот велат дека десетина компании во зоната сакале да градат кланица, млекарница, погон за сушење и преработка на зеленчук

БИТОЛА - Во зоната „Жабени“ доаѓаат Кинези и Германци? Кинеска компанија најавила посета на Битола во текот на март. Вакви информации се слушаат од кабинетот на градоначалникот Владимир Талески. Наводно, десетина домашни и странски компании во зоната сакале да градат кланица, млекарница, како и погон за сушење и преработка на зеленчук.

Четири години битолчани слушаа приказни за индустриската зона „Жабени“, која според ветувањата на власта, требаше да предизвика економски бум во регионот. Ако и' се верува на власта дека тргнале инвеститори, тогаш сагата „Жабени“ ќе има среќен крај. Но, слушајќи ги критиките на опозицијата, се наметнува прашањето колку им треба да стигнат и каде заглавија тие загреани странски инвеститори што со години се очекуваа во „Жабени“?

Последните настани поврзани со битолската зона повторно ја заинтригираа јавноста, а особено изјавите на градоначалникот Владимир Талески дека „опозицијата е виновна за тоа што во Жабени се' уште нема инвестиции“. Ваквите поплаки Талески ги кажа јавно, на седница на Советот и за тоа доби силен аплауз од политичките противници. На седницата се одлучуваше за идно спојување и делење на парцелите во „Жабени“ во интерес на инвеститорите. Ова стигна на дневен ред, бидејќи Талески веќе примил писмо со намери од извесен германски инвеститор, кој се распрашувал за Жабени.

„Овој период сме на прагот да го финализираме еден од најмоќните проекти во Битола, ‘Жабени‘. Меѓутоа опозицијата цело време се обидува да го маргинализира проектот, да каже дека ова е лага, дека нема ништо од тоа, дека работиме незаконски и дека ова не и' треба на Битола. Искрено да ви кажам, досега имаше неколку заинтересирани инвеститори, кои токму поради дилемите што ги создаваше опозицијата, ги одвраќаа од намерата да инвестираат во општината“, изјави градоначалникот Талески, заблагодарувајќи се за аплаузот од своите политички опоненти.

Последната седница на битолскиот Совет беше под знакот вонредна за да се дебатира околу новите погодности што треба да им ги понуди општината на можните инвеститори во „Жабени“. Опозицијата во тоа препозна само уште еден блеф на власта, и тоа во време кога се навестуваат предвремени избори.

„Дај Боже да дојдат инвеститори во ‘Жабени‘. Ќе направиме се' што треба за да им угодиме на стопанствениците. Ама писмо со намера да инвестира, секој може да прати, па дури и јас. И после да каже пу, пу не важи“, искоментира Кочо Баљари, советник на СДСМ. Неговиот партиски колега Златко Ќурчиевски изрази недовербата дека во зоната ќе дојдат инвеститори. „Не се плашиме дека ‘Жабени‘ ќе профункционира. Господине Талески, се плашиме дека пак лажете. Зошто истата приказна ја верглате четири години? Прво имавме најави за инвеститори од Украина, од Германија, па од Америка. Сега инвеститори ќе носел министерот Веле Самак. Кажете барем една причина зошто сега да ви веруваме“, праша социјалдемократот Ќурчиевски.

Сепак, битолската опозиција и натаму цврсто верува дека „Жабени“ е фатаморгана, бидејќи на земјиштето нема услови за градба. Советникот Ќурчиевски, повикувајќи се на анализите направени од градежниот институт „Македонија“, тврди дека индустриската зона е на локација што плива, а трошоците за изградба на вакво место би биле многу поскапи од вообичаено.

„Почвата во селото Жабени е со релативно слаби геомеханички карактеристики. Постоењето рибник во непосредна околина укажува на езерско-барски седименти, на почва со тиња. Таму има и подземни води, што значи тешко е да се градат објекти без дополнителни градежни материјали. Земјиштето плива во вода“, набројуваше Ќурчиевски.

Министерството за транспорт и врски пред неколку дена распиша тендер за јавно наддавање за градежно земјиште во Жабени. Станува збор за 30 градежни парцели за изградба на објекти со лесна и незагадувачка индустрија, како и две градежни парцели наменети за изградба на објекти за мало стопанство. Сите претходни тендери за Жабени беа промашени. (А.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C57CDC50EB4D3D418C564B0C795A394A
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 14-Feb-2011 at 11:46
Кинези заинтересирани за „Жабени“

Градоначалникот на Битола, Владимир Талевски за „Макфакс“ вели дека постои голем интерес за инвестирање во индустриската зона „Жабени“, чија изградба е во финална фаза.
 
„Имаме интерес од десетина домашни и странски компании кои овде сакаат да градат кланица, млекара и погон за сушење и преработка на зеленчук. И кинеска компанија најави своја посета на зоната во март“, вели Талевски.

Индустриската зона „Жабени“ се протега на 86 хектари. Деталниот-урбанистички план е готов, а завршени се и административните процедури.

„Изградена е и водоводна мрежа, а донесена е техничка вода. Зоната има и телефонија, одводна канализација, а во финална фаза е и нејзината електрификација, во која Владата се вклучи со 90 милиони денари. Веќе функционира помалата трафостаница за 20 хектари, а се работи на поставување и на големата-главна трафостаница„, информира битолскиот градоначалник.

За привлекување на што поголем број на инвеститори општината Битола, освен владината одлука за закупување на државно земјиште за 1 евро од метар квадратен се реши и за ослободување од комуналии.

„Заинтересираните инвеститори кои ќе се пријават до 31 март и кои до следната година ќе го изградат објектот и ќе вработат над 20 вработени, ќе добијат 100 отсто ослободување од комуналиите. Три месеци по овој рок заинтересираните под истите услови ќе добијат 75 отсто, а тие по шест месеци, 50 отсто ослободување за плаќање на комуналии. Во било кое време заинтересираните кои во следниве две години ќе изградат објект и ќе вработат над 300 лица ќе добијат исто така 100 отсто ослободување од комуналии„, вели Талевски.

Министерството за транспорт и врски пред неколку дена распиша тендер за јавно наддавање за градежно земјиште во „Жабени“.

Станува збор за 30 градежни парцели кои се наменети за изградба на објекти за лесна и незагадувачка индустрија, сервиси, стоваришта, како и две градежни парцели, наменети за изградба на објекти за мало стопанство.

http://daily.mk/cluster3/58d0716400c4f02e0a3e82e15d4eb285/595349
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 11-Feb-2011 at 19:11
Објавен тендер за локација во „Жабени“
 
11.02.2011 | 15:33
Извор: Макфакс
Прочитано: 71 пати
Испрати на пријател
Сподели на Facebook
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот
 
Министерството за транспорт и врски распиша тендер за јавно наддавање за градежно земјиште, кое наоѓа во индустриската зона „Жабени“, општина Битола.
 
Станува збор за 30 градежни парцели кои се наменети за изградба на објекти за изградба на објекти наменети за лесна и незагадувачка индустрија, сервиси, стоваришта кои се со површини од 3.326 м2 до 21.460 м2, како и две градежни парцели, наменети за изградба на објекти за мало стопанство, со површини од 895 м2 и 920 м2.

Предвидено е почетната цена за ова јавно наддавање да изнесува 61 денар (евро) од метар квадратен, се појаснува во соопштението

Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават до 15.03.2011 година, а јавното наддавање ќе се одржи на 21.03.2011 година во просториите на министерството.


http://daily.mk/cluster3/7dc361bf93d9a1e91c4bb722a3cce8dc/592814
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 02-Oct-2010 at 13:10
Дали 1 евро за м2 ќе донеси инвестици во Жабени

http://utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/DAD63125B9C587488B80AF2478A844FB.jpg

Цената на земјиштето во Индустриската зона Жабени крај Битола падна на едно евро
за метар квадратен Владината одлука за се намали почетната цена за јавните наддавања за земјиште за изградба на стопански и индустриски објекти ја израдува локалната власт од Битола која веќе неколку години назад никако да привлече инвестиции во зоната крај Жабени.
„Изминатиот период бидејќи индустриската зона Жабени ја нудевме на повеќе саеми, на повеќе места, на повеќе инвеститори, но имаше луѓе кои се интересираа и доаѓаа во општина Битола и се интересираа токму за индустриската зона Жабени. Бидејќи
ваквата одлука не беше донесена се појавија инвеститори кој бараа поволности во
целиот регион,“ изјави градоначалникот на Битола Владимир Талески.
Меѓутоа настрана од зоната Жабени со инвестициони проблеми се соочува целото
битолско стопанство се жалат биснисмените.
Нови капацитети во Битола не се отвораат а и тие штоги имаме , не се на завидно ниво. Ниту оние инвестиции кои што се со грчки капитал не се којзнае што.,, нагласува Ѓорги Кочовски член на УО на регионалната стопанска комора од Битола.
Стопанствениците се согласни дека инвестицитте во градот под Пелистер замреле во
сите полиња на развојот. Несигурната законска регулатива во државата, малиот и
затворен пазар , лошите кредитни услови за развој се најголемите причини за
економската стагнација на овој крај кој е само на 14 километри до Европската унија.
,,Битола се соочува и со инфраструктурни проблеми, кредитни, административни, затоа проблемите треба да се отвораат дел по дел и да се решаваат. Ако работите и
порблемите стојат во едно место тогаш и инвестициите ќе бидата замрени како што се сега.,,вели Никола Трпеновски сопственик на ресторанот и хотелот ,,Капри ,,во Битола. Локалната самоуправа во Битола покрај Жабени на инвеститорите им го нуди и просторот на поранешната битолска касарна.

http://www.kanal77.com.mk



ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 04-Apr-2010 at 22:39
Економија

04.04.2010

Најавена како индустриска зона, како рај за инвестициите, како место каде ќе има голем економски бум, зоната Жабени кај Битола и натаму е пусто место. Од инвестициите, инвеститорите, странските и домашни постројки и натаму ништо...

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=8&item=447


Edited by Cloverstack - 04-Apr-2010 at 23:22

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.181 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.