![]() |
![]() |
![]() |
Хидроелектрани |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 28> |
Author | |
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Macedonia’s ELEM calls tender for construction works at St. Petka dam - TEDDecember 18 (SeeNews) – Macedonian power producer ELEM called a tender for construction works at hydro power plant St. Petka's dam, the European Union’s procurement journal said on Wednesday.http://wire.seenews.com/news/macedonia-s-elem-calls-tender-for-construction-works-at-st-petka-dam-ted-395811 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Што све не ќе измислат заради политички поени
![]() И впрочем акумулацијата Бошков мост ќе се гради на сосема спротивната страна, каде и прашање е дали тој дел припаѓа на националниот парк-јас мислам НЕ. Јас службено многу соработувам со ловџиите,и знам дека рисот е виден на многу места,не само во националниот парк.Виден е на места каде што институциите задолжени за него појма немаат дека е таму |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Доколку постои посоодветна тема за оваа статија, администраторите/модераторите нека го преместат овој пост во таа конкретна тема.
На Интернет страницата кон која води наредниот линк е објавен и видео клип поврзан со конкретната статија. http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=33138 ХЕ „БОШКОВ МОСТ“ ЌЕ ГО УНИШТИ НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК „МАВРОВО“
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Мини хидроцентрала на Крива Река во Крива Паланка
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Уште лани ова време имаше градни работи за зафатот за Луково поле,каде оние каналите озналени со плави линии на погорните слики се минираа со експлозив.каналите иако се направени за системот Мавровски електрани,не беа во функција подолго време.затрупани,скинати,разрушени...
Ова го знам бидејчи јас им ја дадов дозволата за набавка и превоз на експлозивот на фирмата(а тие ми направија проблем,ама ај....0 |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Заврши изградбата на малата хидроцентрала Маврово – Ростуше![]() Фото:МИА Заврши изградбата на мини хидроелектричната централа на Тресонечка река во Општина Маврово Ростуше, инвестиција на компанијата „Хидроенерџи груп“, во вредност од 2,1 милион евра. За изградбата на хидроцентралата, со инсталиран капацитет од 1,8 MW, се испочитувани сите рокови предвидени со договорот и веќе се реализираат првите вработувања, 25 за градежните работи и други вработени за одржување, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини при денешната посета на новиот објект, лоциран во близина на селото Тресонче, кај областа Мака Река во општина Маврово Ростуше. Од вкупниот број потпишани договори за концесија на ниво на држава, моментно се изградени 17 мали хидроелектрични централи со инсталиран капацитет од 12 MW, за кои досега се инвестирани над 20 милиони евра, рече Сарачини. Според него, во изградба се уште 15 мали хидроелектрични централи со инсталиран капацитет од 16 MW и очекувана инвестиција од 27 милиони евра. Половината од нив се очекува да бидат завршени до крајот на годинава, а останатите на почетокот на следната година, што, посочи, ќе значи и поголема енергетска стабилност на земјата. - Ова е добар пример за инвестиција во делот на искосристување на водните ресурси, со кои нашата општина изобилува. Би сакал да апелирам до Mинистерството за економија да се фокусира на искористувањето на водните ресури во нашата општина што е придобивка за локалното население во однос на нивното вработување, рече градоначалникот на општина Маврово Ростуше Мехмеди. Мала хидроелектрична централа, информира, се гради и на Галичка река. Според Кирил Павлески, управител на инвеститорот Хидроенерџи груп, централата на Тресонечка река има инсталиран капацитет од 1.8 MWh и е планирано годишно производство на електрична енергија од 11,7 GWh. Хидроенерџи груп, компанија со 100 проценти домашен капитал, има добиено концесија за изградба на уште две мали ХЕЦ на течението на Песочанска река, Општина Дебрца. http://lider.mk/2013/11/02/zavrsi-izgradbata-na-malata-hidrocentrala-mavrovo-rostuse/ Edited by Danielbtmk - 02-Nov-2013 at 17:48 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Последнава вест ме мотивираше да истражам малку повеќе за Луково Поле и еве некои интересни визуелни материјали на кои наидов: 1 - Фотка од локацијата ![]() 2 - Уште една фотка од локацијата ![]() 3 - Мапа на областа во контекст на проектот ![]() 4 - Визуелизација на локацијата на акумулацијата и цевоводот во однос на Мавровскиот систем ![]() 5 - Топографска мапа ![]() 6 - Детална мапа на проектот ![]() 7 - Попречен пресек на браната ![]() Edited by Cloverstack - 26-Oct-2013 at 23:56 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
http://www.build.mk/?p=29662 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
МЗШВ ке ја репарира прилепската брана
![]() Министерството за земјоделство издвои средства во висина од 1 милион и 500 илјади денари. со цел рехабилитација и санација на браната на прилепското вештачко езеро, која, стара 50 години, и еднствена од својот вид на балканот. Браната на вештачката акумулација, од која се наводнува целокупното земјоделско земјиште во прилепско, ќе биде подложена на неколку зафати, и тоа хидроизолација и антикорозивна заштита, со што би и се продолжил рокот на траење, иако е констатирано дека состојбата и без тоа и е сосема стабилна, безбедна и целосно функционална. http://lokalno.mk/mzshv-ke-ja-reparira-prilepskata-brana/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
elnino ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Mar-2010 Location: kavadarci Online Status: Offline Posts: 129 |
![]() ![]() |
http://www.youtube.com/watch?v=ZpexQbwgwtk
ако чини изградбата 1 милијарда, можеме со долгорочен кредит од еским банката....па и нека ја градат кинези.....а вака не ме бендисува |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Чебрен неможи да работи во пумпен режим ако не се изгради подолнота акомулација.тоа се сврзани садови
|
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Сабота, 19 Октомври 2013 13:18
Владата наскоро ќе го објави 10. тендер за реализација на проектот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште на Црна Река. Јавниот повик ќе биде објавен во домашните и во еден странски весник.- Условите на новиот јавен повик за реализација на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, познат како ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, се на некој начин балансирани помеѓу потребите на државата и барањата на идните концесионери, рече министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми на денешната прес-конференција во Владата. Тој посочи дека во новиот тендер не е предвидена изградбата на ХЕЦ Галиште, но се остава можност да се гради во иднина ако државата одлучи така. МЖСПП, како што истакна, како надлежно за спроведување на јавниот повик со цел да ги забрза активностите за негова реализација предложи Владата да ги измени условите на новиот тендер, а Владата тоа го прифати и на последната седница донесе одлука за започнување на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија и изградба на хидроелектрични централи на Црна Река со подобрени услови. - Новиот тендер предвидува висината на браната на ХЕЦ Чебрен да биде флексибилна помеѓу 182,5 и 192,5 метри со индикативен минимален вкупен инсталиран капацитет од 333 мегавати и можност за поставување на четири агрегати на ХЕЦ Чебрен. Исто така, се предвидува да се овозможи изградба на прибранска хидроцентрала на браната Орлов Камен со која нема да биде оневозможено градењето на ХЕЦ Галиште во иднина. Минималниот процент кој идниот концесионер треба да го понуди за АД ЕЛЕМ во заедничката компанија да не биде под 35 отсто. Кога ХЕЦ Чебрен ќе работи со пумпен режим цената за пренос на електрична енергија која се плаќа на АД МЕПСО да биде фиксна и да важи за целиот концесиски период на ниво од тарифата за 2013 година определена во висина од 4,4 евра по мегават-час, рече Адеми и додаде дека ХЕЦ Тиквеш ќе се отстапи на концесионерот три месеци по потпишувањето на договорот за концесија. Со ваквите измени, како што нагласи, се очекува успешно завршување на тендерот кој ќе биде објавен во домашните и во еден од странските весници. - Постапката за доделување на концесија ќе ја спроведе комисија во која ќе бидат вклучени сите релевантни институции од областа на водите, енергетиката, економијата, транспортот и финансиите, а тендерската документација со предвидените измени ќе ја подготви Интернационалната финансиска корпорација - ИФЦ, нагласи Адеми. http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/134169-Vladata-ke-objavi-nov-tender-za-Cebren-i-Galiste |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Екострујата од Стрежево задоволува еден мал град
Петте хидроцентрали произведуваат над 11 гигават-часа електрична енергија на годишно ниво, која се продава како екоструја по субвенционирана цена Битола - Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола изгради пет мали хидроцентрали искористувајќи ја јачината на водата што се собира во вештачката акумулација, а потоа се пушта за наводнување на Пелагониско Поле и за други корисници. Петте хидроцентрали произведуваат над 11 гигават-часови електрична енергија на годишно ниво, која се продава како екоструја по субвенционирана цена. Експертите велат дека со ова производство може за цела година да се задоволат потребите од струја на гратче колку Ресен, со над 2.000 домаќинства. „Во хидросистемот ’Стрежево‘ максимално е искористен целиот расположлив хидропотенцијал на водите со изградбата на пет мали хидроцентрали во периодот од 1992 до 2012 година. Тие имаат вкупна инсталирана моќност од 3,8 мегавати и може да се добие вкупно годишно производство на струја од 11,3 гигават-часови“, вели д-р Љупчо Бошевски, директорот на ЈП „Стрежево“. Во изминатите 20 години ова јавно претпријатие изгради три прибрански и две деривациски хидроцентрали. Без кредитирање, со акумулација на средствата од сопствените извори се изградени и експлоатирани малите хидроцентрали: ХЕЦ „Стрежево“, ХЕЦ „Биолошки минимум“, ХЕЦ „Филтерница“ и ХЕЦ „Довлеџик“. Последната хидроцентрала „Експлоатациски минимум“ ги опфаќа водите што се праќаат од акумулацијата до стопанските објекти, кои претходно не се користеа и настануваше загуба од 1,4 милиони евра. Оваа ХЕЦ „Експлоатациски минимум“ е прибранска хидроцентрала со инсталирана моќност од 340 киловати. Инаку, според статистиката на претпријатието, поради ефикасното управување со водите е постигната максимална искористеност на хидроенергетскиот потенцијал на системот и рекордно производство на електрична енергија. Така, ако 2003 беше најдобра година со производство од 9,5 милиони киловати на час, во 2010 година е остварено производство од околу 15 милиони, велат од ЈП „Стрежево“. Според државната стратегија за енергетика, Македонија располага со технички потенцијал на хидроенергија за производство на околу 5.500 гигават-часови електрична енергија годишно. Од овој потенцијал досега се изградени хидроелектроцентрали со вкупна инсталирана моќност од 580 мегавати, со просечно производство од околу 1.500 гигават-часови, што претставува 27 отсто од расположливиот потенцијал. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4547B45ADBE57F43B09AF960F6C06EDD |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
elnino ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Mar-2010 Location: kavadarci Online Status: Offline Posts: 129 |
![]() ![]() |
http://www.youtube.com/watch?v=ofOP19Rq73c
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Пробиштип ќе добие 11 мини хидроцентрали
Македонија | Прочитана: 302 пати
Пробиштип со право може да се пофали дека ќе е единствен град на македонскиот исток, а и пошироко со најголем број на мини хидроцентрали. Вкупно 11. ![]() - Денеска го поставивме вториот камен темелник на мини хидроцентрала на реката Ештерец во близина на Пробиштип. Истата ќе е готова до почетокот на Февруари 2014 година. Инвестицијата тежи 1,2 милиони евра, а ќе произведува 1,3 гигават часови. Ќе ја гради компанијата „Елите хидро" кои веќе имаат добиено три концесии за изградба на вакви хидроцентрали, појасни Тони Тоневски – градоначалникот на Пробиштип. Во зависност од конфигурацијата на теренот, изгледот и формата на хидроцентралите нема да го имаат класичниот изглед. -Оваа и останатите мини хидроцентрали ќе бидат градба од таканаречен бочен тип. Тоа значи само преградување на речното корито. Тоа пак значи дека нема трошење на дополнителни пари за градба на тело на брана, и формирање на вештачка акумулација, односно езеро. Со тоа не се нарушува првобитниот изглед на животната средина. Машинската зграда ќе е лоцирана непосредно пред вливот на Ештерска во Злетовска река, и ќе биде со корисна површина од 120 метри квадратни со висина од осум метри, значи мал објект каде ќе е сместена техничката опрема за производство на електрична енергија, објасни Горан Умети - преставник на скопската компанија Елите Хидро, концесионер и изведувач на градежните работи. - Владата досега додели три концесии за градба на мини хидроцентрали за овој реон. Останатите осум ќе ги гради ХС Злетовица, согласно исполнување на планираната втора и трета фаза за конечно комплетирање на системот. Првата фаза тешка 80 милиони долари ја финансираше јапонската Влада. Втората и третата ги финансира Европската банка за обнова и развој. Во доделените 40 милиони евра вклучена е и ставката за градба на спомнатите мини хидроцентрали, чиј старт е закажан за наредната година. Со тоа, овој реон, кој до пред извесно време важеше за еден од насушните делови на Македонија, а на кој живеат над 200 илјади жители во шест општини, за наредниот половина век го симнува овој горлив проблем. Во истовреме, се решава уште еден – редовноста во снабдување на електрична енергија. Освен тоа, проблем ке немаат и земјоделците. Системот обезбедува редовно водоснабдување на 6000 хектари плодна почва http://daily.mk/forward/2284015/probishtip-kje-dobie-11-mini-hidrocentrali |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
А тоа што 90% од дебарчани живеат и работат во земји од ЕУ каде нуклеарната енергија е на прво место не им смета.Само кај нас ни смета се и сешто.
И јаре и паре нема никаде во светот |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Советот на Дебар против проектот „Луково Поле“Советот на општина Дебар со 13 гласови „за“ ги усвои заклучоците предложени од Комисјата за урбанизам, комунални дејности и заштитата на животната средина и природата во врска со енергетскиот проект „Луково Поле“.01.07.2013 19:47:09
![]() Советот на општина Дебар со 13 гласови „за“ ги усвои заклучоците предложени од Комисјата за урбанизам, комунални дејности и заштитата на животната средина и природата во врска со енергетскиот проект „Луково Поле“. Во усвоените заклучоци стои дека Советот на општината, градоначалникот, невладиниот секор и сите граѓани остро реагираат и се категорично против реализиација на „Луково Поле“ со кој се предвидува зафаќање на дел од водата на реката Радика. - Причина за тоа е фактот дека овој проект има негативно вијание врз животната средина и биодиверзитетот на просторот со посебни вредности, прави девијација на природниот тек на водите на реката Радика и реориентација од Дримскиот во Вардарскиот слив, стои во заклучоците. Проектот, како што смета Советот на општина Дебар, нема силни аргументи за оправдување на економскиот интерес во однос на негативните последици и влијанија од неговата реализиација и не дава можност за избор на алтернативни решенија за основната цел - производство на електрична енергија. Заклучоците ќе бидат доставени до владите на Република Македонија, Албанија и Косово, Светска банка, ЕЛЕМ, надлежните министертва и други релевантни иснитуции. На седницата на Советот учествуваа и претставници на граѓански организации според кои со зафаќањето на дополнителни 4 метри кубни вода во секунда од Радика, реката ќе биде целосно уништена. Тоа негетивно ќе влијание не само врз флората и фауната на Радика и Дебарското Езеро, туку воопшто, на економскиот развој, посебно на туризмот во оваа, но и во општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа.http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=59187#.UdHcHtjcDso |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Пуштена во употреба мини централата Ратево-Берово
Берово, 25. мај 2013 (ИНПРЕС) извор: Локално фото: архива Пуштена е во употреба мини хидро-електричната централа Ратево-Берово, поставена 50 метри под круната на Беровско Езеро, од левата страна на Ратевска Река со капацитет на производство од 400 kw. ![]() Изградбата на оваа мини хидроцентрала која траеше 6 месеци, е резултат на јавно приватно партнерство помеѓу Водостопанство „Берово“ – Берово и најповолниот понудувач на објавената јавна набавка, ДСС „Солар“ – Скопје, кој беше инвеститор, пренесува Локално. Предмет на самиот договор вреден 450.000 евра беше изградба на зграда, набавка и поставување на опрема, изградба на далновод до трафостаница на ЕВН Македонија како и адаптирање и пробивање пат до самиот објект. (Крај) http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=FA759477B8577045B2AC129A79A9648E |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
По триесет години, конечно, ќе се гради ХЕЦ „Бошков мост“
До крајот на годинава или во почетокот на идната година, се очекува да почнат градежните работи на изградбата на хидроелектричната централа „Бошков мост“, на Мала Река, во непосредна близина на Дебар. Проектот ХЕЦ „Бошков мост“ беше изработен во далечната 1983 година, и по триесет години неизвесности, конечно сите дилеми и пречки се надминати, изработена е потребната техничка документација, сите фази успешно се минати за оправданоста на инвестицијата, обезбедени се потребните финансиски средства, останува да се добијат понудите од изведувачите и да се одберат најквалитетните изведувачи и изработувачи на опремата. За четири години се планира да заврши изградбата и да се монтира опремата, а со тоа да потечат и првите киловат-часови електрична енергија од ХЕЦ „Бошков мост“. Инвеститорот АД ЕЛЕМ, како што информираше генералниот директор Дејан Бошковски, пред еден месец ги добиле финансиските понуди за набавка на главната електромашинска опрема, а наскоро треба да ги добијат и понудите за двата лоста за изведување на градежните работи. Според утврдената динамика на крајот на третиот квартал од годинава ќе бидат потпишани договорите со изведувачите на градежните работи и во зависност од теренските и подготвителните активности веднаш ќе почнат со изградбата на објектите за централата. Според проектната документација, за ХЕЦ „Бошков мост“ ќе се изгради акумулациска насипно земјена брана во височина од 33 метри, на самото устие на Јадовска Река во Тресонечка Река, под мијачкото село Тресонче. Во новата акумулација ќе се зафаќаат сите потоци на Мала Река. Изградбата на градежните објекти и монтирањето на опремата треба да завршат за четири години. Тоа значи дека во 2018 година од централата ќе потечат и првите киловат-часови електрична енергија. Годишното производство ќе изнесува 117 гигават-часови, а за реализацијата на зафатот ќе бидат вложени 107 милиони евра. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2E572F0B28EA2B4F8DEF268497AAF355 Edited by Џоле - 13-May-2013 at 10:29 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Дел од реконструкцијата на каналите и тунелите од `шарски води` е веќе во поодмината фаза,т.е. делот од каналите кои ќе ги користи Луково поле.изминирани се старите бетонски канали,а на нивно место треба да се градат нови.
Ова беше завршено уште минатата есен,знам бидејќи јас им ја дадов дозволата за набавка и превоз на експлозивот што се користеше за минирање |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 28> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |