![]() |
![]() |
![]() |
Од светот |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 345 |
Author | |
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
петок, 24 август 2012, 21:23
Европа Цената на становите во „градот на духовите“паѓаат за 100000 евра Неодамнешниот феномен „град на духовите“ за кој сведочат Шпанците, се повеќе почна да ја погодува нивната земја. Причина е финансиската криза која ја гуши цела Европа ![]() Еден од тие градови е Сесена, сместен на нешто повеќе од половина час возење од главниот град на Шпанија, Мадрид. Сесена е најголемиот „град на духови“ во оваа медитеранска земја. Пред да почне масовно да се гради, Сесена меѓу агентите со недвижности бил нарекуван шпански Менхетен. Но сега, во Сесена становите се празни и прекинати се сите градежни работи, како што е изградбата на училиште и болница. Инвеститорите требаше да изградат 13000 станови а сега, поради кризата се изграде ни само 5100. Становите веќе се продаваат, а стан кој бил купен за 240000 евра сега најмногу може да се продаде за 130000 евра. Во Сесена сега, може да се најдат и станови кои чинат 400 евра за квадрат или за еден стан во овој град ќе ви требаат помеѓу 54000 и 63000 евра Во градежната експанзија во 2007 година, метар квадратен во Мадрид се продаваше во просек за 4300 евра. http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=8287 |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Ова е интересно и треба да се забележи
Првата вертикална шума Минатата година, светот го опкружи веста за плановите на Стефано Боери за изградбата на необичната "вертикална шума" во Милано, но за разлика од многуте слични урбани фантазии кои никогаш не се остваруваат, овој проект веќе почна да се реализира така што сега сме сведоци за настанокот на првата вертикална урбана шума во светот. Проектот за изградбата на вертикалната шума (на италијански "Bosцo vertiцale"), ќе чини шест милиони евра, а во огромниот повеќекатен објект кој извира, нема да биде сместена само шумата т.е. дрвјата, туку ќе има и луксузни станови. Секој стан има балкон, конструиран за да може да прими околу 900 мали стебла и други растенија, што прави целата фасада на довршената зграда да изгледа како импресивна шума. Според плановите, растенијата во оваа кула треба да завземаат простор од околу 10,000 квадратни метри и ќе имаат повеќекратна намена како што е: филтрирање на загадувањето, апсорпција на честичките на прашина и јаглерод диоксид, подобрување на микроклимата и заштедување на енергија (за време на летото, зградата ќе биде заштитена од сонцето) и намалено слевање на водата низ фасадата. Овој интересен концепт ќе ја зголеми количината на зеленилото во градот, во комбинација со интересната форма на домување што му дава посебен квалитет. Кој не би сакал истовремено да живее и во шумата и во градот, а покрај тоа и да ужива во погледот од 27-от кат? Се уште не е познато дали кога вертикалната шума ќе биде довршена, ќе биде отворена и за посетители или во неа ќе имаат пристап само станарите на зградата. ![]() http://zazabava.com/prvata-vertikalna-shuma |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 345 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |