![]() |
![]() |
![]() |
Ветерници |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 11> |
Author | ||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
|
Прво БРАВО што конечно се реализира оваа идеја во Македонија, иако имаме капаците за многу ветерни паркови низ земјава. Али како човек да не го искритикува следново (искрено претходно не бев заинтересиран како иде финансирањево):
- земаат кредит од 47,9 милиони евра - а у исто време МЕПСО ќе дава 10 милиони за фасада!!!!! Ок, не се исти фирми, ама не дека не може преку државни извори пари од МЕПСО да протечат у ЕЛЕМ и уместо за нерентабилни глупости, тие пари да се инвестираат во вакви проекти. |
||
23ka.wordpress.com
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Паркот на ветерни електрани „Богданци“ е при краj
При крај е изградбата на паркот на ветерни електрани „Богданци“. Во ноември од пристаништето во Солун, преку граничниот премин Богородица, почна транспортот на компонентите на ветерните турбини. Денеска пристигна последниот камион со опрема. Најголем дел од ветерниците веќе се поставени. ![]() На локацијата Ранавец кај Богданци овие денови завршува монтажата на 16-те ветерници. Ветерниот парк се очекува да биде ставен во функција најдоцна до март, најавуваат од АД ЕЛЕМ. ![]() Турбините се производство на Сименс од Данска и се меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја турбина е 2,3 MW, висината на секој столб е 84 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. ![]() Паркот на ветерни електрани почна да се гради минатата година во мај. Проектот „Богданци“ предвидува изградба на 16 ветерни електрани кои се очекува да испорачуваат околу 100 GWh природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинства на 60.000 граѓани на Република Македонија. Со овој проект ќе се зголеми и учеството на обновливите извори во производството на АД ЕЛЕМ. ![]() Во овој проект вреден 55,5 милиони евра, заемот од Владата на Германија преку КФВ банката изнесува 47,9 милиони евра, додека 7,6 милиони евра веќе обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства. ![]() ![]() ![]() ![]() http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/parkot-na-veterni-elektrani-bogdanci-e-pri-kraj-fotogalerija#11 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
![]() 1 ![]() 2 ![]() 3 ![]() 4 ![]() |
||
![]() |
||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
gorco ![]() Senior Member ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
![]() ![]() |
|
Видов денеска на граница Богородица, транспортери, и тоа огромни кои превезуваа делови за ветерница ...
и тоа мислам дека имаше ТИТАН на столбот залепено. Во контекст на оваа вест погоре. |
||
![]() |
||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
|
Првата ветерница пристигна во паркот на ЕЛЕМ во БогданциДенеска и официјално стартува транспортот и монтажата на првата ветерна турбина од ветерниот парк Богданци, инвестиција вредна над 55 милиони евра. Конвојот со 10 камиони натоварени со над 330 тони утрово тргна од солунското пристаниште кон локацијата на новата централа. Во специфичниот транспорт само возилото кое ја пренесува гондолата каде е сместен генераторот тежи 85 тони. Според предвидената динамика неделно на локацијата ранавец ќе бидат качувани по две турбини до комплетирање на сите 16 колку што се предвидени со проектот. Генералниот директорот на електрани македонија, Бошковски за Сител вели дека од овој нов капацитет ќе се обезбедува електрична енергија за 60 илјади граѓани. Ветерниот парк Богданци ќе го зголеми учеството на производството на струја од обновливи извори. Инсталираната моќност ќе изнесува 36,8 мегавати или годишно производството ќе изнесува 100 гигават часови енергија. Засега комплетно се завршени контролната зграда и основите каде ќе се поставуваат турбините. По нивната монтажа се очекува најдоцна до март електраната да биде пуштена во употреба и приклучена на електропртеносната мрежа |
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
добро ова кај смрдлива вода ли е!?
|
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Работава ми постанува дегутантна. Проектот доцни со реализација, а се пуштаат спинови до тој степен што ќе треба да ги пречекаме турбините со ракоплескање на граница. Претеруваат со текстови што значат едно големо ништо!
Во изградбата на ветерници треба да се појави иницијатива од приватни компании, тие треба да го придвижат иницијатива со искористување на ветерот за производство на енергија. Во моментов, нема никаков конкретен проект, ниту пак најава за вакво нешто во блиска иднина. |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
ВО СОЛУНСКОТО ПРИСТАНИШТЕ ПРИСТИГНАА ВЕТЕРНИТЕ ТУРБИНИ
Богданскиот ветер ќе засвети до крајот на годинава! Струјата ќе биде доволна да се снабдат околу 15.000 домаќинства, односно 60.000 граѓани, а минималното годишно производство од 100 гигават-часови од ветерна енергија е приближно 2% од моменталното годишно производство ![]() До крајот на годинава или почетокот на 2014-та, во Македонија ќе потечат првите киловати струја произведени од ветер, бидејќи во Богданци со забрзано темпо се реализира проектот со кој се очекува да никне првиот македонски ветропарк. Предвидено е да има 16 ветерници што ќе произведуваат чиста енергија од обновлив извор, односно ветерот ќе се користи како погонска сила. Во моментов интензивно се работи на подготовка на темелите за поставување на ветерниците. Струјата ќе биде доволна да се снабдат околу 15.000 домаќинства, односно 60.000 граѓани, а минималното годишно производство од 100 гигават-часови од ветерна енергија е приближно 2% од моменталното годишно производство. Како што велат од Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), се работи со полна пареа и доколку се оди според предвидениот план и динамиката на реализација на проектот до крајот на овој месец или почетокот на наредниот ќе се почне со монтажа на ветерните турбини. При крај е и со изградбата на командната зграда, патот и трафостаницата на која ветерниот парк ќе биде приклучен. Ветерните турбини веќе се пристигнати, се наоѓаат во Солунското пристаниште, при што се чека да бидат транспортирани до Богданци. Данско-грчкиот конзорциумот од Siemens Wind од Данска и Siemens AS од Грција треба да му ги испорачаат на ЕЛЕМ турбините на ветер за Паркот на ветерни електрани на локацијата Ранавец, кај Богданци. Конзорциумот има обврска, покрај испораката да ја транспортира и монтира опремата, како и да ја пушти во употреба. Дел од нејзините обврски се и грижата и одржувањето на паркот. Се работи за квалитетни турбини произведени од германски бренд и се најдобри во својата класа, а нивната инсталирана моќност поединечно е 2,3 мегавати. Висината на столбот изнесува 84 метри, дијаметарот на елисата изнесува 93 метри, а вкупната инсталирана моќност ќе достигне 36,8 мегавати. Финансиската конструкција за ветропаркот е 55,5 милиони евра, при што најголемиот дел се обезбедени со кредит од германската КфВ банка од 48 милиони евра и 7,6 милиони евра се обезбедени од сопствени средства, од Државните електрани. За премиерот Никола Груевски, со реализацијата на овој проект се почнува ново поглавје во енергетската стратегија и портфолио на Република Македонија. Тој на поставувањето на камен-темелникот на ветропаркот посочи дека со изградбата на вакви паркови на ветерници, македонското стопанство ќе добие сигурен, обновлив, незагадувачки и долгорочен извор на енергија. Според него, ваквата тенденција е неминовно потребна ако се имаат предвид високите цени на нафтата како енергенс, ограниченоста на природните енергетски суровини и делумно искористениот хидропотенцијал во земјава. Локацијата нуди можност во иднина да се постават дополнителни ветерни турбини кои би го заокружиле проектот со инсталирана моќност до 50 мегавати. Германија произведува 3.247 мегавати струја од ветер Во земјите од ЕУ се повеќе се форсира производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, како што се ветер, сонце и вода. Силата на инсталираните ветерници во земјите од ЕУ достигнува 6.247 мегавати, што може да ги задоволи потребите на 40 милиони Европејци. Ова производство претставува само 2% од инсталираниот енергетски капацитет на овие земји. Годишно во овој сектор се прави обрт од 6,8 милијарди евра, а во него се вработени 95.000 стручни лица. Енергијата на ветерот најмногу се користи во Германија, Данска, Шпанија и Холандија. Во Германија инсталирани се 3.247 мегавати, што е за четири пати поголемо од вкупната инсталирана сила на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Според податоците од Здружението на германската индустрија за производство на опрема за енергетско искористување на ветер (ВДМА Пауер Систем ), Германија заедно со Шпанија остваруваат над половината од европските инсталирани капацитети и произведуваат струја од ветер во износ од 86.076 мегавати. По нив следува тројката: Италија, Франција и Велика Британија. На списокот без капацитети на ветер" се наведени Исланд, Лихтенштајн, Малта и засега Македонија. (В.Ма.) http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C03099F420675241887AC8DE822A93FF |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Ветерниците на Сименс наскоро во Богданци18/07/2013 // Пред 57 минути // ИНФРАСТРУКТУРА // Коментирај ![]() Долгонајавуваниот ветерен парк во Богданци, пионер на државата во производството на струја од ветер, ќе значи само нови 2% од сегашното годишно производство на струја. Инвестицијата се проценува на 55,5 милиони евра. Конзорциумот од Siemens Wind од Данска и Siemens AS од Грција наскоро треба да му ги испорачаат на ЕЛЕМ 16-те турбини на ветер за Паркот на ветерни електрани во Богданци. На локацијата Ранавец, кај Богданци привршува изградбата на командната зграда, трафостаницата на која ќе биде поврзан ветерниот парк. Во моментот се работи и на ископ на темелите каде што треба да се постават овие електрани. Во текот на летото ветерниците треба да пристигнат во земјава, по што ќе почне нивната монтажа, откриваат од ЕЛЕМ за Фактор. “Во моментов, веќе се работи на изведбата на потребната инфаструктура и придружни објекти за ветропаркот преку договор со конзорциумот „Терна Сименс“ за изведба на патна инфраструктура, приклучен далековод , командна зграда и 20/110 киловолтна трафостаница. Согласно динамиката на работа, овој капацитет ќе биде вклучен во електро-енергетскиот систем на Република Македонија до крајот на годинава. Турбините се меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. Монтажата на овие ветерници ќе обезбеди вкупна инсталирана моќност од 36,8 мегавати, со што се заокружува првата фаза во изградбата на овој визионерски енергетски објект“, објаснуваат за Фактор од ЕЛЕМ. Со влог од 55,5 милиони евра – ќе добиеме само нови 2% од сегашното годишно производство на струја?! ОД ЕЛЕМ велат дека дел од парите за реализација на Првиот ветерен парк „Богданци“ се обезбедени преку кредит од германската КфВ банка, потпишан во април, минатата година. За проектот чијашто проценета вредност е 55,5 милиони евра, заемот КФВ Банка е во износ од речиси 48 милиони евра, додека 7,6 милиони евра ќе обезбедиат Државните Електрани, од сопствени средства. Од компанијата оптимистички најавуваат дека ветерниот парк во Богранци ќе продуцира струја доволна да се снабдат околу 15.000 домаќинства или вкупно 60.000 граѓани. Данско-грчкиот конзорциум е должен да ја испорача, транспортира и монтира опремата, да ја пушти во употреба и да се грижи за одржувањето на ветерниот парк. „За својот прв ваков проект, АД ЕЛЕМ си постави за цел минимално годишно производство од 100 гигават/часови од ветерна енергија или приближно 2% од моменталното годишно производство. Пресметувањето врз основа на широко употребуваните турбини со инсталиран капацитет помеѓу 2 и 2,5 мегавати, големината на паркот на ветерни електрани од 50 мегавати е одредена за исполнување на оваа цел. Деталната евалуација на локацијата покажа дека оваа големина на паркот на ветерни електрани ја оптимизира употребата на достапниот простор и ветерните ресурси, а дека токму локацијата „Ранавец“ е најповолна за намената во однос на сите останати локации на кои поставивме мерни станици за движењето на ветерот“, објаснуваат од компанијата. Ветерот е обновлив извор на енергија кој секогаш, има приоритет пред сите останати обновливи извори на енергија , кога е во прашање електроенергетскиот систем. Во случај на ветер, доволно силен за производство на струја, ветерниците имаат приоритет пред хидроцентралите. Енергијата од ветер допрва влегува во електро-енергетскиот систем на Македонија, но е добар доколку се јави потреба за балансирање на енергијата. Државата сака монопол над ветерниците?! Според законските и подзаконските акти, максимално дозволениот инсталиран капацитет за производство на струја од ветар, која ќе се откупува по субвенционирана тарифа, на цела територија на Македонија е 150 мегавати. Оттука, ако се реализира инвестицијата на Електрани на Македонија, за приватен инвеститор ќе остане многу мал простор за инвестирање и откуп на струјата по субвенционирана цена. Глобалната стратегија за развој на енергетиката значи вклучување на алтернативни извори на енергија, кои што се еколошки и економски оправдани. Меѓународните протоколи и обврски за намалување на емисијата на јаглерод диоксид, според Кјото протоколот, и наложуваат и на Македонија да го зголеми еколошкото производство на енергија. До 2020 година, 12% од произведената енергија треба да потекнува од ветер. Државните Електрани во случај на производство на струја од ветер во ноќните часови, ќе ги штедат хидроцентралите, а со тоа ќе чуваат дел од водата за производство на електрична енергија. Првичните најави на ЕЛЕМ беа дека ветерниот парк ќе почне да се гради есента минатата година. Дали државата има точни информации за движењето на ветровите? Изградба на ветерен парк од 100 мегават-часови струја пред две години најавија и од Инвал Македонија, фирма-ќерка на шпанската компанија Инвал, која заедно со јужнокорејските Самсунг хеви индустри и Косеб, требаше да изградат 66 ветерници во Штипско, проект проценет на 180 милиони евра. Но, нивните најави се уште не доживејаа реализација. Кибернетичарот Трпе Груевски вели дека државата малку прави за да привлече инвеститори во ветерниците. Тој објаснува дека Македонија е една од ретките земји кои немаат квалитетна карта за да го покажат движењето на ветровите. “Сите мои иницијативи на овој план досега пропаднаа. Потребно е Македонија на 28 метереолошки станици да инсталира автоматски метеоролошки пунктови на височина од 60 до 100 метри, кои деноноќно, во период од една до три години, ќе ги мерат движењето и интензитетот на ветерот. На основа на овие податоци ќе се знае на која локација, височина и со кој капацитет би се граделе ветерници. Оваа карта ќе им помогне на инвеститорите за вложување во ваков вид енергија. Ова се главните причини зошто до денес нема развој на обновливите извори на енергија“, вели Груевски. http://faktor.mk/archives/59171 |
||
![]() |
||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
|
55 милиони евра инвестиција за околу 100 ГВ/ч годишно произведена енергија. Не е воопшто лошо, од друга страна немора со години да се чека да се изгради брана, акумулација, тунел и сл. Незнам само колкави се трошоците за одржување на овој ветерен парк, кога би се спредил да речеме со Козјак или Св. Петка? Јас мислам дека и тука е поевтин.
Во секој случај се радувам на оваа инвестиција, и целосно ја поддржувам. Неќам ни да правам споредби со спомениците во Скопје и во што разумна држава која е увозно зависна и меѓу најсиромашните во Европа треба да вложува. |
||
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
јас сепак мислам(претпоставувам од тоа што гледам на сликите) дека првиот пат било кога се започнала да се гради инфраструктурата на паркот.гледаме дека има веќе изградено објект,трафостаница, од вестите се виде дека и далекуводното поле се работи....вероватно денес се започнува со поставувањето на самите ветерници бидејќи се најавува релативно краток рок за изградбата
![]() |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Сега ми е јасно зошто по двапати најавуваат започнување на проектот за ветерници „Богданци“ - го чекале премиерот да ја фрли првата лопата
![]() http://brif.mk/makedonija/zapocna-izgradbata-na-veterniot-park-bogdanci/ Edited by Џоле - 18-May-2013 at 18:38 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
И Сител повторно ја објавува истата вест, со кристално истиот наслов, со кристално истата слика и со кристално истиот текст, на денешен ден, сабота, 18 мај 2013. http://www.sitel.com.mk/pochnuva-izgradbata-na-parkot-na-veterni-elektrani-bogdanci Почнува изградбата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“ |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Истата вест ја објавува денес Утрински весник...
Почнува изградбата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“ АД „Електрани на Македонија“ денеска официјално ќе ја почне изградбата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“. Станува збор за прв ваков капцитет во Република Македонија кој ќе обезбеди чиста енергија од обновлив извор користејќи го ветерот како погонска сила. Компанијата потпиша договор со Siemens Wind од Данска во конзорциум со грчки Siemens AS за испорака, транспорт, монтажа, пуштање во работа и одржување на 16 турбини на ветер. Инсталираната моќност на секоја од турбините е 2,3 мега вати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата 93 метри. Монтажата на ветерниците ќе обезбеди вкупна инсталирана моќност од 36.8 мега вати. Локацијата нуди можност во иднината да се постават дополнителни ветерни турбини кои би го заокружиле овој ветерен парк со инсталирана моќност од 50 мега вати. Во моментот се работи на изведбата на потребната инфраструктура и придружните објекти за ветерниот парк преку договор со конзорциумот „Терна Сименс“ за изведба на патната инфраструктура, приклучниот далековод, командната зграда и 20/110 кило волти трафостаница. Дел од средствата за реализацијата на проектот ветерен парк Богданци се обезбедени преку креди од германската КФВ банка потпишан во април минатата година. За проектот чијашто проценета вредност е 55,5 милиони евра, германската КФВ банка обезбеди 32,9 милиони евра, а останатите 22,6 милиони ќе ги обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3AF1AFA1D4154E4E9FA3AE3B621FCC20 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
ФОТО: Почна изградбата на „Ветерниот парк“ во Богданциhttp://sitel.com.mk/foto-pochna-izgradbata-na-veterniot-park-vo-bogdanci?utm_source=daily.mk |
||
![]() |
||
makonix ![]() Senior Member ![]() Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
![]() ![]() |
|
Информацијата е веќе истата со таа по медиумите. Најново е што веќе се преговара со банки за да се финансираи да се заврши проектот за две години
NeSa Energy to Begin Macedonia Wind Farm Construction in July NeSa Energy, a Turkish developer with plans to build a 130-million euro ($173 million) wind farm in Macedonia, will begin work on the venture in July. The 110-megawatt plant will take about two years to finish, Ali Samra, an owner of NeSa, said by e-mail. “We are in touch with some bank and finance groups for financing the project,” he said. “We are working to agree with one of them.” The company signed an agreement to build the 44-turbine project, subject to conditions such as wind-speed verification, with southern Macedonia’s Bogdanci municipality on Jan. 17. The park will receive preferential rates for producing clean power, or a so-called feed-in tariff, Samra said. Macedonia, formerly part of Yugoslavia, plans to get about 21 percent of its energy from renewable sources by 2020 as it seeks to join the European Union. The Balkan nation applied for membership in March 2004 and has been a candidate since 2005. source http://www.bloomberg.com/news/2013-01-24/nesa-energy-to-begin-macedonia-wind-farm-construction-in-july.html |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Турската „НеСа Енерџи“ сака да гради ветерни турбини во БогданциПисмо за намери што ќе ја конкретизира соработката за градење ветерни турбини во општина Богданци денеска потпишаа заинтересираните турски инвеститори од компанијата „НеСа Енерџи“ и градоначалникот Ристо Ичков. „НеСа Енерџи“ се грижи за развој, финансирање, реализација и менаџирање на проекти од областа на обновливите извори енергија во Турција, а има претставништво во Скопје. Доколку се исполнат сите услови за потпишување конечен договор со прифатлива локација и квалитет на ветерот, компанијата е подготвена да изгради 44 ветерни турбини вредни вкупно 130 милиони евра. Потребните анализи на терен ќе се направат веднаш, а општина Богданци ќе ја почне процедурата за донесување на урбанистичко-планската документација. http://faktor.mk/archives/22519 |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
За нишка прашуваш, или каде да ги хостираш? |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
постирај ги тука. целата инфраструктура,пристапен пат ел инфраструктура се е дел од проектит.може и посебна нишка да се издвои за ветерната елекитрана во богданци за поубаво да ја пратиме реализацијата на проектот,сепак тука се администраторите они го имаат последниот збор
![]() |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 11> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |