![]() |
![]() |
![]() |
Проблеми со водоснабдување и водоводи (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 345 |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во екот на пандемија скопско село остана без вода – „Чешмата каде полниме вода е со ешерихија коли“
На 14 километри од главниот град, над 100 куќи во село Кучково во пикот на пандемијата се снабдуваат со вода од селската чешма. https://tv21.tv/mk/vo-ekot-na-pandemija-skopsko-selo-ostana-bez-voda-cheshmata-kade-polnime-voda-e-so-esherihija-koli/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СЕЛСКИТЕ ВОДОВОДИ ВО БИТОЛСКО НЕМААТ ИСПРАВНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ
https://alfa.mk/selskite-vodovodi-vo-bitolsko-nemaat-ispravna-voda-za-piene/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Тетово неколку дена без вода – тетовската водоводна мрежа стара 90 години
https://tv21.tv/mk/tetovo-nekolku-dena-bez-voda-tetovskata-vodovodna-mrezha-stara-90-godini/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДЕЛОВИ ОД ТЕТОВО ВЕЌЕ ТРЕТ ДЕН БЕЗ ВОДА ПО ДВЕТЕ ХАВАРИИ НА МРЕЖАТА СТАРА 90 ГОДИНИ
Делови од Тетово, пред се населбите Блок 70 и Пржова Бавча, веќе трет ден се без вода за пиење поради големиот дефект кој настана на една од главните водоводни цевки во градот. Откако по 12-часовна работа работниците од ЈКП Тетово успеаја да го санираат дефектот на улицата кај полициската станица, од утрово се работи на отстранување на дефектот на истата водоводна цевка, но сега на стотина метри подолу во паркот кај Шарената Џамија. „Дојдени сме до дефектот во паркот на Шарена Џамија каде треба да се промени салонитна цевка во должина од 3 метри со цевка од друг материјал. Со отстранување на дефектот вчера на улица Цветан Димов за 85 проценти се нормализира снабдувањето на градот со вода за пиење. Сега околу 15 % од градот сѐ уште нема вода за пиење и тоа населбите Блок 70, Пржова Бавча, и улиците Браќа Миладинови и Ѓорче Петров. Санирањето на дефектот ќе продолжи во текот на денот“, изјави Љуљзим Шаќири раководител на водотехничката лабораторија на ЈКП Тетово. Поради пукање на една од главните водоводни цевки во градот во средата и четвртокот околу 90% од градот остана без вода за пиење. Водоводната мрежа во Тетово е стара 90 години и на многу места е дотраена и склона на дефекти. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/delovi-od-tetovo-veke-tret-den-bez-voda-po-trite-havarii-na-mrezhata-stara-90-godini/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Нови дефекти причина повторно речиси цело Тетово да нема вода
https://telma.com.mk/2020/08/06/нови-дефекти-причина-повторно-речиси/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
НОВА ХАВАРИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА СТАРА 90 ГОДИНИ ГО ОСТАВИ ЦЕЛО ТЕТОВО БЕЗ ВОДА
![]() По речиси 12 часови непрекината работа, вработените од ЈКП Тетово го отстранија дефектот на водоводната мрежа кој вчера изби на улица Цветан Димов во непосредна близина на полициската станица, но поголемиот дел од тетовци од изутринава повторно немаат вода бидејќи истата водоводна цевка повторно пукна, сега стотина метри подолу во паркот на Шарена Џамија. Екипите на јавното комунално претпријатие се постојано на терен, но не можат да кажат за колку време ќе биде отстранет овој најнов дефект, бидејќи врнежливото време и тешките теренски услови не дозволуваат брзо решавање на проблемот. „Оваа водоводна цевка што вчера пукна, а која е во близината на полициската станица, опслужува со вода за пиење околу 60 проценти од градот. Станува збор за стара салонитна цевка која беше заменета со пластична цевка во долнина од неколку метри. Дожливото време и непристапноста до цевката, бидејќи веднаш до неа поминуваат уште три други водоводни цевки и електрични кабели под висок напон, бараа голема вниматлност при работата и затоа дефектот не можеше брзо да биде отстранет. Мораше да се отстранат 4 и пол метри од салонитната цевка која беше целата распукната. Со работата завршивме околу 1 часот по полноќ, па во текот на ноќта поголемиот дел од градот доби вода за пиење. Меѓутоа, изутринава утврдивме дека има истекување на самата спојка меѓу пластичната и лесонитната цевка. На оваа поправка уште работиме и оваа поправка планираме брзо да ја завршиме. Но, набрзо увидовме дека се појавил уште еден дефект на оваа водоводна цевка, стотина метри подолу во паркот кај Шарена Џамија. Се работи за иста водоводна цевка која досега повеќе пати предизвикувала големи дефекти бидејќи е стара, најверојатно седумдесетина години, дотраена е и неквалитетна односно лесно е кршлива. Поради сето ова се затворени речиси сите ситеми па сѐ додека целосно не се отстранат дефектите, околу 90 проценти од градот е без вода за пиење“, изјави раководителот на водотехничката лабораторија на ЈКП Тетово Љуљзим Шаќири. На 31 јули се навршија 90 години од постоењето на тетовскиот градски водовод. Во делови од градот има стари и дотраени водоводни цевки, а од ЈКП се жалат и на тоа дека водоводениот систем не е целосно обележен. „Во водоводната мрежа се јавуваа губитоци, а ние не можеме сите да ги лоцираме токму поради тоа што немаме целосно обележана водоводна мрежа и тоа ни создава големи потешкотии при одржувањето на мрежата. Исто така, и еден дел старата од водоводна мрежа е со салонитни цевки, кои се стари, дотраени, поставувани без тампонирање и поради тоа се многу лесно кршливи. Но, ова не е случај само за Тетово, така на времето се градела водоводната мрежа и во другите градови“, вели Шаќири. Од ЈКП Тетово велат дека е можно нормализирање на снабдувањето со вода за пиење во попладневни https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nova-havarija-na-vodovodnata-mrezha-go-ostavi-tselo-tetovo-bez-voda/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Без најава и појаснување Неготино среде пандемија оставено без вода!
Веќе неколку дена наназад во Неготино без никаква најава од ЈП Комуналец се исклучува водата за пиење. Рестрикциите започнуваат во вечерните часови, а завршуваат во утринските. Зошто во ек на пандемија, за која здравствените власти редовно апелираат дека хигиената и редовното миење на рацете е клучен фактор за заштита од вирусот, граѓаните се оставени без вода со часови, нема никакво појаснување од надлежните служби. На страницата на ЈК Комуналец последното известување за прекин на водата за пиење датира од седми мај. На официјалната страница на општината пак, во последното известување од страна на ЈП Комуналец е наведено дека поради чистење на каналската мрежа од алги, од 17-ти до 19-ти јули во прекин ќе биде снабдувањето со вода за полевање на дворните површини. За рестрикциите на водата за пиење нема ниту една информација. Одговорот се обидовме да го добиеме на телефонскиот број на ЈП Комуналец, објавен на нивната Фејсбук страница, но никој не одговори на нашите повици. Граѓаните се револтирани поради рестрикциите, но и поради нетранспарентноста од страна на надлежните служби. На социјалните мрежи, на страници посветени на градот го изразуваат своето незадоволство и бараат одговори, но и решение на проблемот. Како потсетување, Неготино околу три децении се соочуваше со секојдневни неколкучасовни и целовечерни рестрикции на водата за пиење. Лани, во месец јули градоначалникот Тони Делков порача дека проблемот со рестрикциите на водата за пиење заминува во историјата, бидејќи во координација со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, од Бојанчиште биле одвоени 20 литри вода во секунда и транспортирани во главниот цевковод на Лукар, а Бојанчиште добило доход на вода од други извори. Бил откриен и дефект во Ваташа, каде се губеле околу 10 литри вода во секунда, и тој проблем бил саниран. И кај спортската сала во Неготино биле откриени и решени неколку дефекти, по што се очекуваше дека градот конечно ќе нема рестрикции, а граѓаните ќе можат да го остварат своето загарантирано право на вода за пиење. Во исчекување на одговор од надлежните служби зошто се сопира водата за пиење во градот, и до кога ќе траат рестрикциите, неготинчани повторно полнат и складираат туби и шишиња со вода. Вики Клинчарова https://fokus.mk/bez-najava-i-pojasnuvane-negotino-srede-pandemija-ostaveno-bez-voda/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Издвојувам една посебна нишка за проблеми со водоснабдување бидејќи за жал во 21 век сеуште голем број градски и приградски населби и градови мака мачат да се снабдат со квалитетна вода за пиење
----------------------------------------------------- За жителите на Раштак нема чиста вода – кал тече од чешмите https://telma.com.mk/2020/07/28/жителите-на-скопски-раштак-пијат-калл/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 345 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |